Конзерваторски центар – Скопје Archives - Република https://republika.mk/tema/konzervatorski-centar-skopje/ За подобро да се разбереме Wed, 21 Feb 2024 14:11:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Конзерваторски центар – Скопје Archives - Република https://republika.mk/tema/konzervatorski-centar-skopje/ 32 32 Ако Јакимовски продолжи како досега на сила да ги турка плановите ќе протестираме 24 часа пред Општина Карпош https://republika.mk/vesti/skopje/ako-jakimovski-prodolzhi-kako-dosega-na-sila-da-gi-turka-planovite-ke-protestirame-24-chasa-pred-opshtina-karposh/ Wed, 21 Feb 2024 14:11:08 +0000 https://republika.mk/?p=746620

Како жители на општина Карпош кои се загрижени за својата и иднината на своите најблиски ја поздравуваме одлуката на Конзерваторскиот центар да го поништи позитивното мислење за изградба на зградата сред болничкиот комплекс кај Воена болница, велат од граѓанската иницијатива „Со срце за Карпош“, додавајќи дека ваквата одлука е во интерес на сите жители на Општина Карпош.

Доста е од насилна бетонизација на нашата општина поради лични бизнис интереси на определени лица. Ја поздравуваме одлуката на Министерството за култура со која се бришат маркици во нашата општина, бидејќи речиси 3 години како Јакимовски е градоначалник се носат скандалозни маркици и одлуки за бетонизација на Карпош. Апелираме Градоначалникот, Стевчо Јакимовски да се заангажира повеќе со работа во својата општина и да внимава какви одобренија за градба издава. Доста ни е од Градоначалник кој наместо да се грижи за своите граѓани и луѓето кои го избрале, се меша во работата и одлуките на други општини. Да си ја гледа работата дома и да не се меша во други општини кај што има свој личен бизнис интерес како што е последниот случај со мешањето во општина Ѓорче Петров. Ние и понатаму ќе бидеме против насилна бетонизација на општина Карпош и секогаш ќе даваме поддршка единствено на одлуки кои се во интерес на граѓаните на нашата општина. Во координација со другите граѓански организации истакнуваме дека доколку Јакимовски продолжи како досега на сила да ги турка плановите ќе протестираме 24 часа пред општина Карпош, порачаа од „Со срце за Карпош“.

The post Ако Јакимовски продолжи како досега на сила да ги турка плановите ќе протестираме 24 часа пред Општина Карпош appeared first on Република.

]]>