конвој Archives - Република https://republika.mk/tema/konvoj/ За подобро да се разбереме Sat, 15 Jun 2024 11:10:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png конвој Archives - Република https://republika.mk/tema/konvoj/ 32 32 Едно лице загина откако возило од конвојот на претседателката на Мексико имаше сообраќајна несреќа https://republika.mk/vesti/svet/edno-litse-zagina-otkako-vozilo-od-konvojot-na-pretsedatelkata-na-meksiko-imashe-soobrakajna-nesreka/ Sat, 15 Jun 2024 11:10:19 +0000 https://republika.mk/?p=787814

Едно лице загина, а повеќемина се повредени откако возило од конвојот на новоизбраната претседателка на Мексико, Клаудија Шајнбаум имаше сообраќајна несреќа.

Автомобилот во кој се наоѓаше Шајнбаум не учествуваше во несреќата што се случи во градот Монклова во мексиканска сојузна држава Коауила.

Претседателката на Мексико изрази жалење поради смртта на едно лице.

 

The post Едно лице загина откако возило од конвојот на претседателката на Мексико имаше сообраќајна несреќа appeared first on Република.

]]>

Едно лице загина, а повеќемина се повредени откако возило од конвојот на новоизбраната претседателка на Мексико, Клаудија Шајнбаум имаше сообраќајна несреќа. Автомобилот во кој се наоѓаше Шајнбаум не учествуваше во несреќата што се случи во градот Монклова во мексиканска сојузна држава Коауила. Претседателката на Мексико изрази жалење поради смртта на едно лице.  

The post Едно лице загина откако возило од конвојот на претседателката на Мексико имаше сообраќајна несреќа appeared first on Република.

]]>
Нападнат конвој со палестински цивили во северниот дел на Газа, меѓу загинатите има и деца https://republika.mk/vesti/makedonija/napadnat-konvoj-so-palestinski-tsivili-vo-severniot-del-na-gaza-megu-zaginatite-ima-i-detsa/ Sat, 14 Oct 2023 14:16:17 +0000 https://republika.mk/?p=691215

Во северниот дел на Газа е нападнат конвој со палестински цивили, откако Израел им порача на жителите да ја напуштат областа. Според првите извештаи меѓу убиените има и деца.

Би-Би-Си потврди дека нападот се случил на улицата Салах ал-Дин, една од двете рути за евакуација од северот на Газа кон југ.

Патот беше блокиран цел ден, бидејќи жителите на Газа од север го послушаа израелското предупредување да ја напуштат областа.

Британскиот јавен сервис наведува дека на снимките се гледаат најмалку 12 тела. Главно станува збор за жени и деца, меѓу кои има и деца од две до пет години.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека околу 70 луѓе биле убиени на самото место и го обвини Израел за нападот

The post Нападнат конвој со палестински цивили во северниот дел на Газа, меѓу загинатите има и деца appeared first on Република.

]]>

Во северниот дел на Газа е нападнат конвој со палестински цивили, откако Израел им порача на жителите да ја напуштат областа. Според првите извештаи меѓу убиените има и деца. Би-Би-Си потврди дека нападот се случил на улицата Салах ал-Дин, една од двете рути за евакуација од северот на Газа кон југ. Патот беше блокиран цел ден, бидејќи жителите на Газа од север го послушаа израелското предупредување да ја напуштат областа. Британскиот јавен сервис наведува дека на снимките се гледаат најмалку 12 тела. Главно станува збор за жени и деца, меѓу кои има и деца од две до пет години. Палестинското Министерство за здравство соопшти дека околу 70 луѓе биле убиени на самото место и го обвини Израел за нападот

The post Нападнат конвој со палестински цивили во северниот дел на Газа, меѓу загинатите има и деца appeared first on Република.

]]>
Огромен конвој на Вагнер снимен на пат кон Белорусија https://republika.mk/vesti/svet/ogromen-konvoj-na-vagner-snimen-na-pat-kon-belorusija/ Sun, 09 Jul 2023 09:24:04 +0000 https://republika.mk/?p=659344

Статусот на Вагнер во Русија се уште е прилично нејасен, но судејќи по видеото на социјалните мрежи, се чини дека огромното мнозинство платеници решиле да заминат во Белорусија.

За време на викендот, се појавија снимки од огромен конвој вагнерци кои пристигнуваат од границата на Русија и Белорусија.

Институтот за проучување на војната (ISW) тврди дека Украинците веќе го искористиле овој нејасен статус на Вагнер и постигнале значителен напредок во околината на Бахмут.

The post Огромен конвој на Вагнер снимен на пат кон Белорусија appeared first on Република.

]]>

Статусот на Вагнер во Русија се уште е прилично нејасен, но судејќи по видеото на социјалните мрежи, се чини дека огромното мнозинство платеници решиле да заминат во Белорусија. За време на викендот, се појавија снимки од огромен конвој вагнерци кои пристигнуваат од границата на Русија и Белорусија. Институтот за проучување на војната (ISW) тврди дека Украинците веќе го искористиле овој нејасен статус на Вагнер и постигнале значителен напредок во околината на Бахмут.

The post Огромен конвој на Вагнер снимен на пат кон Белорусија appeared first on Република.

]]>
Се очекува нов конвој на ОН за евакуација на цивилите од „Азовстал“ https://republika.mk/vesti/svet/se-ochekuva-nov-konvoj-na-on-za-evakuacija-na-civilite-od-azovstal/ Fri, 06 May 2022 07:13:56 +0000 https://republika.mk/?p=498380

Нов конвој на ОН се очекува денеска да ги евакуира последните цивили од фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол, последното упориште на украинскиот отпор во стратешки важното пристаниште, без гаранција за прекин на борба.

Помошникот на генералниот секретар на Обединетите нации за хуманитарни прашања, Мартин Грифитс, синоќа соопшти дека нов конвој се движи кон градот, кој стана симбол на руската инвазија која започна на 24 февруари.

„Конвојот е на пат кон Азовстал каде што ќе пристигне утре наутро, надевајќи се дека ќе ги собере последните цивили од тој пекол во кој живееја толку многу недели и месеци и ќе ги донесе на безбедно“, рече Грифитс вчера во Варшава.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст потврди дека е дел од операцијата.

Минатиот викенд, околу стотина цивили го напуштија „Азовстал“ во евакуација организирана од ОН и Црвениот крст.

Се уште се контрадикторни информациите за состојбата во челичарницата во Мариупол каде што има и цивили.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа во видео-порака рече дека руските сили продолжуваат да ја напаѓаат фабриката и покрај ветувањето на Русија за тридневен прекин на огнот што требаше да започне во четврток наутро.

Руското бомбардирање продолжува „и цивилите, жените, децата сè уште треба да бидат евакуирани“, рече тој во пораката објавена на неговиот фејсбук-профил. „Замислете го тој пекол! Таму има деца! „Повеќе од два месеци континуирано бомбардирање, смртта е постојано близу“, додаде тој.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера вечерта потврди дека „руската армија се уште е подготвена да обезбеди евакуација на цивилите“ од „Азовстал“, кои би можеле да бидат уште двеста, заробени во комплекс заедно со украински борци.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека руската армија го почитува прекинот на огнот околу фабриката и оти „функционираат“ хуманитарните коридори околу „Азовстал“.

The post Се очекува нов конвој на ОН за евакуација на цивилите од „Азовстал“ appeared first on Република.

]]>

Нов конвој на ОН се очекува денеска да ги евакуира последните цивили од фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол, последното упориште на украинскиот отпор во стратешки важното пристаниште, без гаранција за прекин на борба. Помошникот на генералниот секретар на Обединетите нации за хуманитарни прашања, Мартин Грифитс, синоќа соопшти дека нов конвој се движи кон градот, кој стана симбол на руската инвазија која започна на 24 февруари. „Конвојот е на пат кон Азовстал каде што ќе пристигне утре наутро, надевајќи се дека ќе ги собере последните цивили од тој пекол во кој живееја толку многу недели и месеци и ќе ги донесе на безбедно“, рече Грифитс вчера во Варшава. Меѓународниот комитет на Црвениот крст потврди дека е дел од операцијата. Минатиот викенд, околу стотина цивили го напуштија „Азовстал“ во евакуација организирана од ОН и Црвениот крст. Се уште се контрадикторни информациите за состојбата во челичарницата во Мариупол каде што има и цивили. Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа во видео-порака рече дека руските сили продолжуваат да ја напаѓаат фабриката и покрај ветувањето на Русија за тридневен прекин на огнот што требаше да започне во четврток наутро. Руското бомбардирање продолжува „и цивилите, жените, децата сè уште треба да бидат евакуирани“, рече тој во пораката објавена на неговиот фејсбук-профил. „Замислете го тој пекол! Таму има деца! „Повеќе од два месеци континуирано бомбардирање, смртта е постојано близу“, додаде тој. Рускиот претседател Владимир Путин вчера вечерта потврди дека „руската армија се уште е подготвена да обезбеди евакуација на цивилите“ од „Азовстал“, кои би можеле да бидат уште двеста, заробени во комплекс заедно со украински борци. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека руската армија го почитува прекинот на огнот околу фабриката и оти „функционираат“ хуманитарните коридори околу „Азовстал“.

The post Се очекува нов конвој на ОН за евакуација на цивилите од „Азовстал“ appeared first on Република.

]]>
Русија им се заканува на САД: Конвоите со оружје што ги испраќате во Украина од сега ги третираме како цели https://republika.mk/vesti/svet/rusija-im-se-zakanuva-na-sad-konvoite-so-oruzje-shto-gi-isprakjate-vo-ukraina-od-sega-gi-tretirame-kako-celi/ Sat, 12 Mar 2022 15:29:26 +0000 https://republika.mk/?p=471755

Русија ги предупреди САД и Западот за последиците од испраќањето оружје во Украина, јавија светските агенции.

– Соодветните конвои ќе станат легитимни цели за руските вооружени сили, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

– Во Украина не консултации, нема преговарачки процес со САД. Ги предупредивме САД дека оркестрираното испумпување на оружје од голем број земји не е само опасен потег, тоа е акција што ги претвора соодветните конвои во легитимни цели, изјави Рјабков.

Во исто време Си-Ен-Ен, повикувајќи се на РИА Новости, јави дека Рјабков рекол оти Русија е подготвена повторно да соработува со САД за безбедносни прашања и Договорот за намалување на стратешкото оружје (СТАРТ).

– Ако Американците се подготвени за ова, ние, се разбира, ќе можеме да го продолжиме дијалогот и сме решени да го сториме тоа, како и да работиме на СТАРТ, каде што има и одредена пауза, рекол Рјабков.

– Се зависи од Вашингтон, додал тој.

The post Русија им се заканува на САД: Конвоите со оружје што ги испраќате во Украина од сега ги третираме како цели appeared first on Република.

]]>

Русија ги предупреди САД и Западот за последиците од испраќањето оружје во Украина, јавија светските агенции. – Соодветните конвои ќе станат легитимни цели за руските вооружени сили, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков. – Во Украина не консултации, нема преговарачки процес со САД. Ги предупредивме САД дека оркестрираното испумпување на оружје од голем број земји не е само опасен потег, тоа е акција што ги претвора соодветните конвои во легитимни цели, изјави Рјабков. Во исто време Си-Ен-Ен, повикувајќи се на РИА Новости, јави дека Рјабков рекол оти Русија е подготвена повторно да соработува со САД за безбедносни прашања и Договорот за намалување на стратешкото оружје (СТАРТ). – Ако Американците се подготвени за ова, ние, се разбира, ќе можеме да го продолжиме дијалогот и сме решени да го сториме тоа, како и да работиме на СТАРТ, каде што има и одредена пауза, рекол Рјабков. – Се зависи од Вашингтон, додал тој.

The post Русија им се заканува на САД: Конвоите со оружје што ги испраќате во Украина од сега ги третираме како цели appeared first on Република.

]]>
Објавени нови сателитски снимки – рускиот конвој во близина на аеродромот Антонов https://republika.mk/vesti/svet/objaveni-novi-satelitski-snimki-ruskiot-konvoj-vo-blizina-na-aerodromot-antonov/ Wed, 09 Mar 2022 08:07:08 +0000 https://republika.mk/?p=469893

Американската компанија „Maxar Technology“ објави нови сателитски снимки на кои е прикажан руски конвој во близина на аеродромот Антонов.

Тој аеродром се наоѓа недалеку од главниот град на Украина, Киев. На втората објавена фотографија се гледа урнатиот мост во Ирпин, на периферијата на Киев.

Скај њуз објави дека тоа би можело да сугерира дека Русите продолжуваат да вршат притисок врз Киев, откако постигнаа бавен напредок кон главниот град во изминатите две недели.

The post Објавени нови сателитски снимки – рускиот конвој во близина на аеродромот Антонов appeared first on Република.

]]>

Американската компанија „Maxar Technology“ објави нови сателитски снимки на кои е прикажан руски конвој во близина на аеродромот Антонов. Тој аеродром се наоѓа недалеку од главниот град на Украина, Киев. На втората објавена фотографија се гледа урнатиот мост во Ирпин, на периферијата на Киев. Скај њуз објави дека тоа би можело да сугерира дека Русите продолжуваат да вршат притисок врз Киев, откако постигнаа бавен напредок кон главниот град во изминатите две недели.

The post Објавени нови сателитски снимки – рускиот конвој во близина на аеродромот Антонов appeared first on Република.

]]>
Руски конвој долг над 64 километри се приближува кон Киев https://republika.mk/vesti/svet/ruski-konvoj-dolg-nad-64-kilometri-se-priblizuva-kon-kiev/ Tue, 01 Mar 2022 08:19:28 +0000 https://republika.mk/?p=465636

Нови сателитски снимки од Maxar Technologies покажуваат огромен руски воен конвој на пат кон Киев. Конвојот, кој, според Максар, е долг повеќе од 64 километри, се движи кон главниот град на Украина од северозапад.

Си-Ен-Ен пишува дека конвојот, кој вклучува стотици тенкови, ракетна артилерија, оклопни и логистички возила, пристигнал од Белорусија, каде Русија ги акумулирала своите сили неколку недели пред инвазијата на Украина.

Претходно се шпекулираше дека конвојот е долг околу 27 километри, но сега се покажа дека станува збор за многу подолг воен конвој.

Должината на конвојот сведочи за количеството воена сила што Русите ја собраа во обид да го заземат Киев, но и за белоруската поддршка во инвазијата на Украина.

The post Руски конвој долг над 64 километри се приближува кон Киев appeared first on Република.

]]>

Нови сателитски снимки од Maxar Technologies покажуваат огромен руски воен конвој на пат кон Киев. Конвојот, кој, според Максар, е долг повеќе од 64 километри, се движи кон главниот град на Украина од северозапад. Си-Ен-Ен пишува дека конвојот, кој вклучува стотици тенкови, ракетна артилерија, оклопни и логистички возила, пристигнал од Белорусија, каде Русија ги акумулирала своите сили неколку недели пред инвазијата на Украина. Претходно се шпекулираше дека конвојот е долг околу 27 километри, но сега се покажа дека станува збор за многу подолг воен конвој. Должината на конвојот сведочи за количеството воена сила што Русите ја собраа во обид да го заземат Киев, но и за белоруската поддршка во инвазијата на Украина.

The post Руски конвој долг над 64 километри се приближува кон Киев appeared first on Република.

]]>
„Конвојот на слободата” и покрај забраната се движи кон Брисел https://republika.mk/vesti/svet/konvojot-na-slobodata-i-pokraj-zabranata-se-dvizi-kon-brisel/ Mon, 14 Feb 2022 09:52:25 +0000 https://republika.mk/?p=458240

„Конвојот на слобода”, канадскиот протест против антиковид мерките, се движи кон седиштето на ЕУ и покрај забраната на белгиските власти, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Федералната полиција на Белгија преку Твитер ги предупреди граѓаните денеска да не доаѓаат во Брисел со автомобил бидејќи се забранети сите протести со моторни возила.

„Конвојот на слободата” што потекнува од Канада, каде со недели се парализирани клучни инфраструктури, се сели во Европа. После Париз, возачите на камиони и други моторни возила се решени да демонстрираат и во Брисел, седиштето на институциите на Европската Унија.

Според информациите објавени во белгиските медиуми, европските демонстранти од „Конвојот на слободата” синоќа од францускиот град Лил одлучиле да се насочат кон Белгија и Брисел во текот на ова утро и повикуваат да им се придружат сите лица кои се противат на рестрикциите поврзани за пандемијата.

Бидејќи белгиските власти ја забранија оваа демонстрација, полицијата најави засилени контроли на сите моторни возила во Брисел денеска. Медиумите забележале поставени барикади за протести во повеќе делови од градот уште вчеравечер.

„Конвојот на слободата” во Канада доведе до итни мерки од страна на властите и парализа на главниот град.

Полицијата во Брисел најави дека првично ќе им се приближи на демонстрантите за да ги информира дека протестот не е дозволен.

Протестот вчера помина и низ Париз каде тензијата била максимална.

The post „Конвојот на слободата” и покрај забраната се движи кон Брисел appeared first on Република.

]]>

„Конвојот на слобода”, канадскиот протест против антиковид мерките, се движи кон седиштето на ЕУ и покрај забраната на белгиските власти, јавува дописничката на МИА од Брисел. Федералната полиција на Белгија преку Твитер ги предупреди граѓаните денеска да не доаѓаат во Брисел со автомобил бидејќи се забранети сите протести со моторни возила. „Конвојот на слободата” што потекнува од Канада, каде со недели се парализирани клучни инфраструктури, се сели во Европа. После Париз, возачите на камиони и други моторни возила се решени да демонстрираат и во Брисел, седиштето на институциите на Европската Унија. Според информациите објавени во белгиските медиуми, европските демонстранти од „Конвојот на слободата” синоќа од францускиот град Лил одлучиле да се насочат кон Белгија и Брисел во текот на ова утро и повикуваат да им се придружат сите лица кои се противат на рестрикциите поврзани за пандемијата. Бидејќи белгиските власти ја забранија оваа демонстрација, полицијата најави засилени контроли на сите моторни возила во Брисел денеска. Медиумите забележале поставени барикади за протести во повеќе делови од градот уште вчеравечер. „Конвојот на слободата” во Канада доведе до итни мерки од страна на властите и парализа на главниот град. Полицијата во Брисел најави дека првично ќе им се приближи на демонстрантите за да ги информира дека протестот не е дозволен. Протестот вчера помина и низ Париз каде тензијата била максимална.

The post „Конвојот на слободата” и покрај забраната се движи кон Брисел appeared first on Република.

]]>