контрола на летање Archives - Република https://republika.mk/tema/kontrola-na-letanje/ За подобро да се разбереме Tue, 09 Jan 2024 12:11:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png контрола на летање Archives - Република https://republika.mk/tema/kontrola-na-letanje/ 32 32 Пендаровски: Ничиј личен или политички интерес не може да биде над правниот поредок https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-nichij-lichen-ili-politichki-interes-ne-mozhe-da-bide-nad-pravniot-poredok/ Tue, 09 Jan 2024 12:11:29 +0000 https://republika.mk/?p=731128

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими Александар Тасевски, претседател на Струковиот синдикат на контролори на летање и Горан Гавровски, член на синдикалниот одбор.

На средбата претседателот Пендаровски ги поддржа заложбите на синдикатот за одржување на професионалното ниво во функционирањето на М-НАВ АД – Скопје, која што е дел од критичната инфраструктура во државата.

Во оваа насока, претседателот Пендаровски уште еднаш го осуди насилничкото однесување во М-НАВ од страна на вработени во таа институција и други лица кои неовластено влегле во нивните простории и повика на расчистување на случувањата во најкус можен рок, имајќи предвид дека станува збор за потенцијално загрозување на безбедноста во меѓународниот авионски сообраќај.

Истовремено, претседателот Пендаровски го реафирмираше ставот дека ничиј личен или политички интерес не може да биде над правниот поредок и непреченото функционирање на институциите.

The post Пендаровски: Ничиј личен или политички интерес не може да биде над правниот поредок appeared first on Република.

]]>

Бевме свесни дека тоа е состојба на зголемен ризик и побаравме од директорот да биде редуциран интензитетот на сообраќајот, но тој одби со што самиот го загрози авиосообраќајот https://republika.mk/vesti/makedonija/bevme-svesni-deka-toa-e-sostojba-na-zgolemen-rizik-i-pobaravme-od-direktorot-da-bide-redutsiran-intenzitetot-na-soobrakajot-no-toj-odbi-so-shto-samiot-go-zagrozi-aviosoobrakajot/ Tue, 09 Jan 2024 11:40:23 +0000 https://republika.mk/?p=731108

Контролори на летање со долгогодишно работно искуство, кои се сведоци на многу настани во изминативе повеќе од две децении, со кои разговараше Плусинфо, велат дека ова е клучен момент, „да се биде или не“ за оваа чувствителна и важна институција.

Како тоа не била загрозена безбедноста на авиосообраќајот, кога контролорите работеа во таква незивесност и вознемиреност? И кој го констатира тоа – Илир Мехмеди од АЦБ, партиски другар на директорот на М-НАВ? Ние бевме свесни дека тоа е состојба на зголемен ризик и побаравме од директорот да биде редуциран интензитетот на сообраќајот, односно да се намали капацитетот на контролата, што е можно да се направи со пријавуавање до надлежните тела, но директорот одби! Со тоа самиот лично го зголеми ризикот во авиосообраќајот – вели еден од контролорите, кој бил на смена во моментот на инцидентот.

Тие велат дека нападот на партиските насилници под раководство на Беќим Незири од ДУИ, е кулминација во постојаната тортура што оваа партија ја врши во ова јавно претпријатие. Поради високите плати, кои се над 2.000 евра, а за директорските функции достигнуваат и до 6.000 евра бруто, ова претпријатие е најатрактивано за наградување и вдомување партиски кадри, роднини, пријатели…

Целиот текст овде.

The post Бевме свесни дека тоа е состојба на зголемен ризик и побаравме од директорот да биде редуциран интензитетот на сообраќајот, но тој одби со што самиот го загрози авиосообраќајот appeared first on Република.

]]>

Контролори на летање со долгогодишно работно искуство, кои се сведоци на многу настани во изминативе повеќе од две децении, со кои разговараше Плусинфо, велат дека ова е клучен момент, „да се биде или не“ за оваа чувствителна и важна институција.
Како тоа не била загрозена безбедноста на авиосообраќајот, кога контролорите работеа во таква незивесност и вознемиреност? И кој го констатира тоа – Илир Мехмеди од АЦБ, партиски другар на директорот на М-НАВ? Ние бевме свесни дека тоа е состојба на зголемен ризик и побаравме од директорот да биде редуциран интензитетот на сообраќајот, односно да се намали капацитетот на контролата, што е можно да се направи со пријавуавање до надлежните тела, но директорот одби! Со тоа самиот лично го зголеми ризикот во авиосообраќајот – вели еден од контролорите, кој бил на смена во моментот на инцидентот.
Тие велат дека нападот на партиските насилници под раководство на Беќим Незири од ДУИ, е кулминација во постојаната тортура што оваа партија ја врши во ова јавно претпријатие. Поради високите плати, кои се над 2.000 евра, а за директорските функции достигнуваат и до 6.000 евра бруто, ова претпријатие е најатрактивано за наградување и вдомување партиски кадри, роднини, пријатели… Целиот текст овде.

The post Бевме свесни дека тоа е состојба на зголемен ризик и побаравме од директорот да биде редуциран интензитетот на сообраќајот, но тој одби со што самиот го загрози авиосообраќајот appeared first on Република.

]]>
Пилот на „Боинг“: Упадот во контрола на летање е терористички акт https://republika.mk/vesti/makedonija/pilot-na-boing-upadot-vo-kontrola-na-letane-e-teroristichki-akt/ Sat, 06 Jan 2024 21:26:26 +0000 https://republika.mk/?p=730547

Луѓето што работат во контролата на летање, дури и да имаат недоразбирања меѓу себе, не смеат да ги покажуваат додека се на работа, бидејќи работат во стерилна средина која се снима и аудио и визуелно, изјави за Телма Венко Биковски, капетан на „боинг 737“ и инструктор и испитувач.

Никој од надвор не смеел да присуствува во местото каде контролорите ја работеле својата работа – вели пилотот и додава дека тоа би било како куп бактерии и вируси да влезат во операциона сала додека се врши операција врз пациент.

Во моментот кога во М-НАВ се случил упадот, над небото имало 28 летови под нивна контрола.

Тоа е чист терористички акт, каде лица од надвор влегуваат таму каде што не им е местото и ја реметат работата. Доколку во право време не издадете правилна команда додека одговарате за животите на стотици луѓе, може да дојде до несреќа. Во авијацијата постои еден назив кој гласи „стерилитет“. Стерилен кокпит или стерилна соба. Од она што го работам, кога ќе тргнеме во снижување, во пилотската кабина е пропишано да мора да владее стерилна средина, значи не се разговараат приватни работи, туку сме насочени само на тоа што го работиме – додава Биковски.

На прашањето дали овој инцидент може да доведе до последици по довербата во македонската авијација и навигација, тој одговара потврдно.

The post Пилот на „Боинг“: Упадот во контрола на летање е терористички акт appeared first on Република.

Чулев: Во моментот на инцидентот во М-НАВ имало 40 прелети, авион оставен да кружи https://republika.mk/vesti/makedonija/chulev-vo-momentot-na-intsidentot-vo-m-nav-imalo-40-preleti-avion-ostaven-da-kruzhi/ Sat, 06 Jan 2024 11:16:39 +0000 https://republika.mk/?p=730356

Завчера во Македонија се случи настан кој не е виден не само во Европа, туку и во најнеразвиените земји во светот. Група од партиски функционери на владејачката ДУИ, на чело со Беким Незири, инаку инспектор за контрола на летање и близок соработник на директорот на М-НАВ, претседател на огранокот на ДУИ во Чаир и човек кој извршувал високи државни функции, упаднаа во еден од најзаштитените објекти во државата М-НАВ и физички ги нападнаа контролорите на летање, кои во истиот момент извршувале сложени работни задачи од кои зависат илјадници животи, ова денеска преку прес-конференција го истакна Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ.

За време на насилниот упад, биле физички нападнати повеќе лица, а еден од нападнатите бил удрен од позади, по што истиот паднал врз апаратурата, со која се контролираат авионите, кои се во моментот биле над македонското небо. Како што дознаваме, неофицијално, во моментот на насилниот упад, на македонското небо вршеле прелет околу 40 авиони, а 2 авиони, од кој еден бил на сериозна авио компанија, кружеле над Скопје повеќе време и чекале дозвола за слетување. Во текот на денот имало и две слетувања на НАТО воздухоплови на аеродромот во Скопје. Да биде трагедијата уште поголема, во упадот учествувало и самото обезбедување, кое има задача да го штити објектот, но очигледно тоа не се случило, туку овие лица играле улога на поддршка на насилниците. Името на агенцијата за обезбедување е озогласената кичевска фирма 2СС, која има промет од околу 3 милиони евра годишно и е позната по милионските тендери, посебно во институциите, кои ги раководат кадри на ДУИ. Па на листата на институции, кои ги користат нивните услуги се: АЕК, ЈП Државни Патишта, скопската Градската болница „8 Септември“, како и Архелошкиот музеј, Музеј на Македонија, здравствен дом Кичево, Државната лотарија, ТИРЗ Кичево и Струга, Клиниката за гинекологија, Фонд за здравствено осигурување, Општина Центар во делот на училишта и градинки, Клиника за хематологија, скопската Клиника за кардиологија, Управата за заштита на културно наследство, Агроберза, Општина Струга и други. Односно накратко секаде каде ДУИ и СДС се на власт“, вели Чулев.

Тој додава дека дополнително, уште еден бенчмарк исполнет од европскиот фронт СДС-ДУИ, е фактот дека тепачите од М-НАВ беa пуштени без притвор. Скандалозно е што насилниците по извршениот упад во М-НАВ и делењето на шамари и клоци судот ги пушти без притвор, само со мерки за претпазливост. Во тие мерки, во соопштението, не се наведува дека им е забрането да одат повторно во институцијата, каде извршија кривично дело, што значи дека тепачите на ДУИ потмогнати од СДС, можат во секое време да го повторат делото.

Овој страотен настан, според голем дел од експертите е терористички акт, а во најмала рака претставува кривично дело Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај, за кое според Кривичниот законик, превидена е казна затвор од пет до десет години. Извршен е насилен упад во М-НАВ, кој е објект на критична инфраструктура, и било загрозено небото над Македонија, која патем е НАТО членка, а со тоа било загрозено и европското небо и животите на илјадници патници, како домашни, така и странски, кои во тој момент се наоѓале во авионите. МВР, како и секогаш, во овие 7 години, во кои Оливер Спасовски е министер, е само нем набљудувач, се до моментот кога македонската јавност ќе направи огромен притисок, па дури потоа доцна се реагира, а како резултат на тоа 4 лица од групата, се уште се во бегство и не се достапни на органите на прогонот. Затоа оваа неевропска коалиција, ќе одговара европски. Една од првите одлуки по преземањето на институциите и МВР ќе биде одговорност пред законот без исклучок на сите вмешани во овој сериозен меѓународен скандал. Ова ли е европската агенда на ДУИ и СДС? Ова ли е начинот на кој ќе ја внесуваат Македонија во ЕУ? После ваков невиден настан, непознат во Европа и светот, мора да следат оставки веднаш, од врвот па надоле. Одговорност мора и ќе имае! Никогаш не било полошо! Време е да ги поразиме, додава Чулев.

The post Чулев: Во моментот на инцидентот во М-НАВ имало 40 прелети, авион оставен да кружи appeared first on Република.

Ако не направиме нешто самите, „Еуроконтрол“ може да не исклучи од целиот систем и да останеме дупка во Европа https://republika.mk/vesti/ekonomija/ako-ne-napravime-neshto-samite-eurokontrol-mozhe-da-ne-iskluchi-od-tseliot-sistem-i-da-ostaneme-dupka-vo-evropa/ Fri, 05 Jan 2024 13:45:50 +0000 https://republika.mk/?p=730077

Упадот во кулата на Контролата на летање е преседан за кој светот нема слушнато. Ова е до сега единствен случај во светот кога некој упаѓа на аеродром во собата во која работат контролорите на летање, вели за „Слободен печат“ Венко Биковски, капетан на боинг 737, инструктор-испитувач.

Наместо од точка А до точка Б, патникот стигнува на точка Ц, бидејќи банда хулигани упаѓаат и некој не може да си ја работи работата. Аеродромот е државна сопственост, треба војска и полиција да го обезбедува, а не приватно обезбедување. По кој критериум се прима обезбедување кое е приватно? Тешка злоупотреба на надлежностите е направена, вели Биковски за „Слободен печат“

Тој смета дека ќе има реакција и од Еуроконтрол

Веројатно Еуроконтрол ако не направиме сами нешто може да не исклучи од целиот систем и да останеме една дупка во Европа. Ќе дигне раце од нас. Во најблага варијанта ќе донесе свои луѓе кои ќе го работат тоа ако сме им битни во воздушниот простор, вели пилотот.

Целиот текст и видео овде.

The post Ако не направиме нешто самите, „Еуроконтрол“ може да не исклучи од целиот систем и да останеме дупка во Европа appeared first on Република.

Да не испадне сега дека вработените сами се тепале, а овие што упаднале биле државни инспектори, вели Чибишев за упадот во контрола на летање https://republika.mk/vesti/makedonija/da-ne-ispadne-sega-deka-vrabotenite-sami-se-tepale-a-ovie-shto-upadnale-bile-drzhavni-inspektori-veli-chibishev-za-upadot-vo-kontrola-na-letane/ Fri, 05 Jan 2024 11:21:45 +0000 https://republika.mk/?p=729976

Доктор Андон Чибишев се јави со став околу настанот кој од вчера предизвика бурни реакции во јавноста, а тоа е упадот во објектот на контролата за летање.

До каде ја дотеравте државата непрокопсани, со лигавење и со ползење. Никој не ве есапи, ниту ви се плаши. Затоа и бандити, уличари и хулигани си дозволуваат кога ќе им кефне да упаѓаат во институција од висок државен и безбедносен интерес и да ги тепаат вработените кои се одговорни за безбедноста на десетици авиони полни со патници кои ја прелетуваат Македонија.

Сега, се знае, ќе испадне дека вработените сами се тепале, а овие што упаднале биле државни инспектори, вели Чибишев во својата фејсбук објава.

Јавноста е револтирана од овој настан и очекува разрешница околу случајот уште денеска.

The post Да не испадне сега дека вработените сами се тепале, а овие што упаднале биле државни инспектори, вели Чибишев за упадот во контрола на летање appeared first on Република.

]]>

Доктор Андон Чибишев се јави со став околу настанот кој од вчера предизвика бурни реакции во јавноста, а тоа е упадот во објектот на контролата за летање. До каде ја дотеравте државата непрокопсани, со лигавење и со ползење. Никој не ве есапи, ниту ви се плаши. Затоа и бандити, уличари и хулигани си дозволуваат кога ќе им кефне да упаѓаат во институција од висок државен и безбедносен интерес и да ги тепаат вработените кои се одговорни за безбедноста на десетици авиони полни со патници кои ја прелетуваат Македонија. Сега, се знае, ќе испадне дека вработените сами се тепале, а овие што упаднале биле државни инспектори, вели Чибишев во својата фејсбук објава. Јавноста е револтирана од овој настан и очекува разрешница околу случајот уште денеска.

The post Да не испадне сега дека вработените сами се тепале, а овие што упаднале биле државни инспектори, вели Чибишев за упадот во контрола на летање appeared first on Република.

]]>
Партиски војници на ДУИ влегле во зградата на М-НАВ: Дали е доведена во прашање безбедноста во авио сообраќајот? https://republika.mk/vesti/makedonija/banda-partiski-vojnitsi-na-dui-vlegle-vo-zgradata-na-m-nav-dali-e-dovedena-vo-prashane-bezbednosta-vo-avio-soobrakajot/ Thu, 04 Jan 2024 16:01:17 +0000 https://republika.mk/?p=729710

Банда партиски војници на ДУИ влегле во зградата на М-НАВ и нападнале контролори на летање Албанци затоа што дале поддршка на синдикатот против партиските вработувања.Кога Ахмети пее во кабинетот на Груби и си прави журка, во друга државнa институциja баграта на ДУИ дели шлаканици на Албанци зошто се солидаризирале со синдикатот, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vraboten-vo-kontrola-na-letane-tvrdi-nepoznati-litsa-vlegoa-vo-zgradata-i-napadnaa-vraboteni/

Ова е вистинското насилничко и криминално лице на лажните европејци од ДУИ и СДС. Делење тупаници на синдикалци ли е европскиот сојуз на СДС-ДУИ за кој овие две партии се залагаат?

Во која друга европска држава има ваков скандал?

Најостро го осудуваме овој вандалски и криминален чин на ДУИ и СДС.И сега ли одговорот за овој скандал на Ковачевски ќе биде прашајте ја надлежната институција или ќе преземе конкретни мерки?Дали со ова е доведен под ризик авио сообраќајот во државата? Додека има летови, во контролата за летови се делат тупаници.Каде е сокриен безличниот министер за транспорт и врски Бочварски? Ќе каже ли ништо?И на Албанците им прекипе од ДУИ.Никогаш не било полошо.Важно е да ги поразиме!

The post Партиски војници на ДУИ влегле во зградата на М-НАВ: Дали е доведена во прашање безбедноста во авио сообраќајот? appeared first on Република.

]]>

Банда партиски војници на ДУИ влегле во зградата на М-НАВ и нападнале контролори на летање Албанци затоа што дале поддршка на синдикатот против партиските вработувања.Кога Ахмети пее во кабинетот на Груби и си прави журка, во друга државнa институциja баграта на ДУИ дели шлаканици на Албанци зошто се солидаризирале со синдикатот, обвини ВМРО-ДПМНЕ. https://republika.mk/vesti/makedonija/vraboten-vo-kontrola-na-letane-tvrdi-nepoznati-litsa-vlegoa-vo-zgradata-i-napadnaa-vraboteni/ Ова е вистинското насилничко и криминално лице на лажните европејци од ДУИ и СДС. Делење тупаници на синдикалци ли е европскиот сојуз на СДС-ДУИ за кој овие две партии се залагаат?
Во која друга европска држава има ваков скандал?
Најостро го осудуваме овој вандалски и криминален чин на ДУИ и СДС.И сега ли одговорот за овој скандал на Ковачевски ќе биде прашајте ја надлежната институција или ќе преземе конкретни мерки?Дали со ова е доведен под ризик авио сообраќајот во државата? Додека има летови, во контролата за летови се делат тупаници.Каде е сокриен безличниот министер за транспорт и врски Бочварски? Ќе каже ли ништо?И на Албанците им прекипе од ДУИ.Никогаш не било полошо.Важно е да ги поразиме!

The post Партиски војници на ДУИ влегле во зградата на М-НАВ: Дали е доведена во прашање безбедноста во авио сообраќајот? appeared first on Република.

]]>
Димитров за М-НАВ: Од исходот на оваа борба зависи дали ќе нè биде https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrov-za-m-nav-od-ishodot-na-ovaa-borba-zavisi-dali-ke-ne-bide/ Thu, 04 Jan 2024 09:35:08 +0000 https://republika.mk/?p=729533

Целосна поддршка за Александар Тасевски и за Синдикатот, iнституција што треба да е составена исклучиво од врвни професионалци е очигледно под континуиран силен напад од партиите за сместување на свои неквалификувани кадри, порача поранешниот министер Никола Димитров, по веста дека претседателот на Синдикатот на контролорите на летање беше повикан во полиција, пријавен од директорите кои „се плашеле за својатабезбедност“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/priveden-pretsedatelot-na-sindikatot-na-kontrola-za-letane-direktorite-na-m-nav-se-chuvstvuvale-zagrozeni-od-nego/

Борбата на Тасевски е борба каде се кршат копјата - дали оваа држава има сѐ уште сила да пружи организиран и силен отпор на клиентелизмот, дали има останато професионалци кои независно од разликите меѓу себе умеат да застанат сложно за да го одбранат дигнитетот - својот личен, на институцијата каде што се и на својата професија. Токму од исходот на оваа борба зависи дали ќе нѐ биде.
Но, овде исто така, прашањето е и дали е вратено времето кога наместо да се фокусира итно да ги решава нештата за кои алармираат гласни синдикални лидери и граѓански активисти, системот ги впрегнува своите алатки за да ги уплаши и замолчи!?
Е затоа пријатели оваа борба нѐ засега сите!, порача Димитров.

The post Димитров за М-НАВ: Од исходот на оваа борба зависи дали ќе нè биде appeared first on Република.

]]>

Целосна поддршка за Александар Тасевски и за Синдикатот, iнституција што треба да е составена исклучиво од врвни професионалци е очигледно под континуиран силен напад од партиите за сместување на свои неквалификувани кадри, порача поранешниот министер Никола Димитров, по веста дека претседателот на Синдикатот на контролорите на летање беше повикан во полиција, пријавен од директорите кои „се плашеле за својатабезбедност“. https://republika.mk/vesti/makedonija/priveden-pretsedatelot-na-sindikatot-na-kontrola-za-letane-direktorite-na-m-nav-se-chuvstvuvale-zagrozeni-od-nego/
Борбата на Тасевски е борба каде се кршат копјата - дали оваа држава има сѐ уште сила да пружи организиран и силен отпор на клиентелизмот, дали има останато професионалци кои независно од разликите меѓу себе умеат да застанат сложно за да го одбранат дигнитетот - својот личен, на институцијата каде што се и на својата професија. Токму од исходот на оваа борба зависи дали ќе нѐ биде. Но, овде исто така, прашањето е и дали е вратено времето кога наместо да се фокусира итно да ги решава нештата за кои алармираат гласни синдикални лидери и граѓански активисти, системот ги впрегнува своите алатки за да ги уплаши и замолчи!? Е затоа пријатели оваа борба нѐ засега сите!, порача Димитров.

The post Димитров за М-НАВ: Од исходот на оваа борба зависи дали ќе нè биде appeared first on Република.

]]>
Приведен претседателот на Синдикатот на контрола за летање, директорите на М-НАВ се чувствувале загрозени од него https://republika.mk/vesti/makedonija/priveden-pretsedatelot-na-sindikatot-na-kontrola-za-letane-direktorite-na-m-nav-se-chuvstvuvale-zagrozeni-od-nego/ Wed, 03 Jan 2024 17:24:57 +0000 https://republika.mk/?p=729398

Претседателот на Синдикатот во контрола на летање, Александар Тасевски денеска бил приведен во полициска станица по пријава од менаџментот на М-НАВ дека им упатувал закани преку „Фејсбук“. Директорот на М-НАВ Фахрудин Хамиди и уште еден од тројцата директори, Хасим Деари, го пријавиле дека чувствуваат загрозеност на безбедноста од него.

Според информации на „Сител“, се работи за статус во кој симболично се асоцирало на одговорност за која подолго време синдикатот јавно го обвинува менаџментот за злоупотреби при вработувања и спроведување на постапките во претпријатието.

Тасевски ја потврди информацијата и најави дека деталите во јавност ќе ги соопшти утре на прес-конференција.

The post Приведен претседателот на Синдикатот на контрола за летање, директорите на М-НАВ се чувствувале загрозени од него appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Синдикатот во контрола на летање, Александар Тасевски денеска бил приведен во полициска станица по пријава од менаџментот на М-НАВ дека им упатувал закани преку „Фејсбук“. Директорот на М-НАВ Фахрудин Хамиди и уште еден од тројцата директори, Хасим Деари, го пријавиле дека чувствуваат загрозеност на безбедноста од него. Според информации на „Сител“, се работи за статус во кој симболично се асоцирало на одговорност за која подолго време синдикатот јавно го обвинува менаџментот за злоупотреби при вработувања и спроведување на постапките во претпријатието. Тасевски ја потврди информацијата и најави дека деталите во јавност ќе ги соопшти утре на прес-конференција.

The post Приведен претседателот на Синдикатот на контрола за летање, директорите на М-НАВ се чувствувале загрозени од него appeared first on Република.

]]>
Откажан штрајкот на контролорите на летање: Имавме опција или целосно да се откажат сите вработувања или да ја „проголтаме“ неисправноста од страна на директорите https://republika.mk/vesti/ekonomija/otkazhan-shtrajkot-na-kontrolorite-na-letane-imavme-optsija-ili-tselosno-da-se-otkazhat-site-vrabotuvana-ili-da-ja-progoltame-neispravnosta-od-strana-na-direktorite/ Thu, 21 Dec 2023 13:39:57 +0000 https://republika.mk/?p=725321

Откажан е штрајкот на контролорите на летање најавен за 25 декември и 31 декември годинава, информира денеска претседателот на Самостојниот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) Александар Тасевски.

На денешниот состанок Синдикатот одлучил сепак да го прифати огласот за вработувања што го оспоруваше поради дел од позициите што ги смета за несуштенски и што беше причина за реактивирање на одлуката за штрајк од октомври годинава.

Заклучивме да го откажаме штрајкот од неколку оперативни причини. Видовме дека со нашата активност доведуваме до тоа изборот на неопходниот оперативен кадар да биде пролонгиран и да не може да се изврши доколку продолжиме да инсистираме на 10 работни денови за конкурсот, а и понатаму стоиме на тоа дека треба да отпаднат тие двајца несуштински кандидати за вработување. Имавме опција или целосно да се откажат сите вработувања или да прифатиме, односно  да ја „проголтаме“ неисправноста од страна на директорите кои веројатно играле на така карта за да немаме шанса за маневрирање, изјави Тасевски.

The post Откажан штрајкот на контролорите на летање: Имавме опција или целосно да се откажат сите вработувања или да ја „проголтаме“ неисправноста од страна на директорите appeared first on Република.

]]>

Откажан е штрајкот на контролорите на летање најавен за 25 декември и 31 декември годинава, информира денеска претседателот на Самостојниот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) Александар Тасевски. На денешниот состанок Синдикатот одлучил сепак да го прифати огласот за вработувања што го оспоруваше поради дел од позициите што ги смета за несуштенски и што беше причина за реактивирање на одлуката за штрајк од октомври годинава.
Заклучивме да го откажаме штрајкот од неколку оперативни причини. Видовме дека со нашата активност доведуваме до тоа изборот на неопходниот оперативен кадар да биде пролонгиран и да не може да се изврши доколку продолжиме да инсистираме на 10 работни денови за конкурсот, а и понатаму стоиме на тоа дека треба да отпаднат тие двајца несуштински кандидати за вработување. Имавме опција или целосно да се откажат сите вработувања или да прифатиме, односно  да ја „проголтаме“ неисправноста од страна на директорите кои веројатно играле на така карта за да немаме шанса за маневрирање, изјави Тасевски.

The post Откажан штрајкот на контролорите на летање: Имавме опција или целосно да се откажат сите вработувања или да ја „проголтаме“ неисправноста од страна на директорите appeared first on Република.

]]>
Синдикатот на контролорите на летање не ја повлекува одлуката за штрајк на 25 декември и Нова година https://republika.mk/vesti/makedonija/sindikatot-na-kontrolorite-na-letane-ne-ja-povlekuva-odlukata-za-shtrajk-na-25-dekemvri-i-nova-godina/ Wed, 20 Dec 2023 13:34:13 +0000 https://republika.mk/?p=724926

Синдикатот на контролорите на летање сè уште не ја повлекува одлуката за штрајк на 25 декември и Нова година, кога нема да има полетувања и слетувања од скопскиот и од охридскиот аеродром, иако Министерството за транспорт и врски побара во интерес на граѓаните да се повлече таа одлука.

Александар Тасевски, претседател на Синдикатот на М-НАВ, вели:

– Засега нема никакви промени во однос на одлуката за штрајк. Се останува според најавеното.

Време за договор и за повлекување на одлуката има до 25 декември, за кога е најавен предупредувачкиот штрајк. Треба само да се исполнат барањата, велат од синдикатот кој го активира штрајкот по објавувањето на два огласа од страна на раководството на М-НАВ.

Синдикатот на контролрите на летање смета дека во овие огласи не се почитувани роковите, а кадарот кој треба да се вработи „не е од суштинските дејности и не е потребен“. Синдикатот тврди дека првиот оглас бил со траење од 10 денови наместо од 10 работни денови, додека вториот за период од 3 дена од кои 2 се сабота и недела.

Огласите се за деловни асистенти и за советник за човечки ресурси, место кое според синдикатот е наменето за поранешен директор во М-НАВ. Подоцна раководството демантираше дека за такво место има оглас.

Доколку не бидат повлечени двата спорни огласи, синдикатот најави дека на 25 декември ќе нема полетувања и слетувања на Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, а во тек на штрајкот за Нова година покрај блокада на авиосообраќајот на двата аеродрома нема да се опслужуваат ниту прелетите.

Од Министерството за транспорт, пак, очекуваат да не се одржи штрајкот, како што побара на последната средба министерот Благој Бочварски од синдикалците на М-НАВ.

– Очекуваме синдикатот да го откаже штрајкот во интерес на граѓаните. Се работи на сите прашања кои се договорени во октомври. Најважно е да се почитува договореното дека синдикатите треба да бидат консултирани при распишување огласи во М-НАВ за вработување на технички кадар и тоа ќе се почитува – велат ресорот.

На вчерашната средба министерот за транспорт побарал Синдикатот да не ја спроведува одлуката за штрајк, бидејќи смета дека административните постапки во М-НАВ не треба да влијаат на нормалното одвивање на авиосообраќајот во земјава.

И од вториот од трите синдикати во М-НАВ велат дека состојбата многу тешко може да се подобри, бидејќи нема подготвеност од раководството да се решат некои проблеми поврзани со партиските вработувања и вработувањето на несоодветен кадар на технички работни места.

Во октомври, кога беше одложен штрајкот на контролорите на летање, синдикатот и раководството се договорија огласите за вработување да не траат само 3 дена, туку минимум 10 дена, за да може да ги видат сите и да се пријават непартиски кандидати со соодветно образование. Вработувања во помошните служби во М-НАВ да нема без знаење и надзор од контролорите на летање, односно од нивниот Синдикат. Беше договорено и да се распише тендер за независна експертска куќа која ќе направи анализа во М-НАВ колку вработувања ѝ се потребни и со какво образование. Прераспоредувањето на новопримените во иднина да биде со знаење на контролорите на летање, за да се престане со вработување на чувари и со по еден ден работен стаж, да се префрлаат во контрола на летање со плус 500 евра плата. Исто така. беше договорено да се обезбедат нормални услови за работа на контролорите.

The post Синдикатот на контролорите на летање не ја повлекува одлуката за штрајк на 25 декември и Нова година appeared first on Република.

]]>

Синдикатот на контролорите на летање сè уште не ја повлекува одлуката за штрајк на 25 декември и Нова година, кога нема да има полетувања и слетувања од скопскиот и од охридскиот аеродром, иако Министерството за транспорт и врски побара во интерес на граѓаните да се повлече таа одлука. Александар Тасевски, претседател на Синдикатот на М-НАВ, вели: – Засега нема никакви промени во однос на одлуката за штрајк. Се останува според најавеното. Време за договор и за повлекување на одлуката има до 25 декември, за кога е најавен предупредувачкиот штрајк. Треба само да се исполнат барањата, велат од синдикатот кој го активира штрајкот по објавувањето на два огласа од страна на раководството на М-НАВ. Синдикатот на контролрите на летање смета дека во овие огласи не се почитувани роковите, а кадарот кој треба да се вработи „не е од суштинските дејности и не е потребен“. Синдикатот тврди дека првиот оглас бил со траење од 10 денови наместо од 10 работни денови, додека вториот за период од 3 дена од кои 2 се сабота и недела. Огласите се за деловни асистенти и за советник за човечки ресурси, место кое според синдикатот е наменето за поранешен директор во М-НАВ. Подоцна раководството демантираше дека за такво место има оглас.
Доколку не бидат повлечени двата спорни огласи, синдикатот најави дека на 25 декември ќе нема полетувања и слетувања на Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, а во тек на штрајкот за Нова година покрај блокада на авиосообраќајот на двата аеродрома нема да се опслужуваат ниту прелетите. Од Министерството за транспорт, пак, очекуваат да не се одржи штрајкот, како што побара на последната средба министерот Благој Бочварски од синдикалците на М-НАВ. – Очекуваме синдикатот да го откаже штрајкот во интерес на граѓаните. Се работи на сите прашања кои се договорени во октомври. Најважно е да се почитува договореното дека синдикатите треба да бидат консултирани при распишување огласи во М-НАВ за вработување на технички кадар и тоа ќе се почитува – велат ресорот. На вчерашната средба министерот за транспорт побарал Синдикатот да не ја спроведува одлуката за штрајк, бидејќи смета дека административните постапки во М-НАВ не треба да влијаат на нормалното одвивање на авиосообраќајот во земјава. И од вториот од трите синдикати во М-НАВ велат дека состојбата многу тешко може да се подобри, бидејќи нема подготвеност од раководството да се решат некои проблеми поврзани со партиските вработувања и вработувањето на несоодветен кадар на технички работни места. Во октомври, кога беше одложен штрајкот на контролорите на летање, синдикатот и раководството се договорија огласите за вработување да не траат само 3 дена, туку минимум 10 дена, за да може да ги видат сите и да се пријават непартиски кандидати со соодветно образование. Вработувања во помошните служби во М-НАВ да нема без знаење и надзор од контролорите на летање, односно од нивниот Синдикат. Беше договорено и да се распише тендер за независна експертска куќа која ќе направи анализа во М-НАВ колку вработувања ѝ се потребни и со какво образование. Прераспоредувањето на новопримените во иднина да биде со знаење на контролорите на летање, за да се престане со вработување на чувари и со по еден ден работен стаж, да се префрлаат во контрола на летање со плус 500 евра плата. Исто така. беше договорено да се обезбедат нормални услови за работа на контролорите.

The post Синдикатот на контролорите на летање не ја повлекува одлуката за штрајк на 25 декември и Нова година appeared first on Република.

]]>
Контролата на летање ќе штрајкува на 25 и 31 декември, ако не бидат повлечени огласите за вработување https://republika.mk/vesti/ekonomija/kontrolata-na-letane-ke-shtrajkuva-na-25-i-31-dekemvri-ako-ne-bidat-povlecheni-oglasite-za-vrabotuvane/ Fri, 15 Dec 2023 14:27:00 +0000 https://republika.mk/?p=723368

Синдикатот на Контрола на летање М-НАВ денеска најави предупредувачки штрајк на 25 декември од 10 до 17 часот и за Нова година, како реакција на објавени огласи за вработувања во М-НА, со критериуми, според претседателот на Синдикатот Александар Тасевски, спротивни на постигнатата спогодба со менаџментот од октомври годинава.

Бидејќи е прекршена спогодбата помеѓу Синдикатот и директорите на М-НАВ за која гарант беше министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, го реактивираме штрајкот на 25 декември од 10 часот до 15 часот, по што ќе се штрајкува и на 31 декември од 00.01 до 1 јануари во 23.59, потврди во изјава за МИА Тасевски.

Доколку не бидат повлечени објавените огласи најавува дека на 25 декември ќе нема полетувања и слетувања на Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, а во тек на штрајкот за Нова година покрај блокада на авиосообраќајот на двата аеродрома нема да се опслужуваат ниту прелетите.

Тој вели дека договореното за роковите за времетретрање на огласите за вработување не се почитува, а кадарот кој сакаат да го вработат, како што рече, не е од суштинските дејности и не е потребен.

Станува збор за деловни асистенти и советник за човечки ресурси, место што според наши сознанија е за еден од поранешните директори во М-НАВ, рече Тасевски.

Тој појасни дека едниот оглас е со траење од 10 дена, наместо 10 работни, а другиот три дена од кои два се сабота и недела.

The post Контролата на летање ќе штрајкува на 25 и 31 декември, ако не бидат повлечени огласите за вработување appeared first on Република.

]]>

Синдикатот на Контрола на летање М-НАВ денеска најави предупредувачки штрајк на 25 декември од 10 до 17 часот и за Нова година, како реакција на објавени огласи за вработувања во М-НА, со критериуми, според претседателот на Синдикатот Александар Тасевски, спротивни на постигнатата спогодба со менаџментот од октомври годинава. Бидејќи е прекршена спогодбата помеѓу Синдикатот и директорите на М-НАВ за која гарант беше министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, го реактивираме штрајкот на 25 декември од 10 часот до 15 часот, по што ќе се штрајкува и на 31 декември од 00.01 до 1 јануари во 23.59, потврди во изјава за МИА Тасевски. Доколку не бидат повлечени објавените огласи најавува дека на 25 декември ќе нема полетувања и слетувања на Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, а во тек на штрајкот за Нова година покрај блокада на авиосообраќајот на двата аеродрома нема да се опслужуваат ниту прелетите. Тој вели дека договореното за роковите за времетретрање на огласите за вработување не се почитува, а кадарот кој сакаат да го вработат, како што рече, не е од суштинските дејности и не е потребен.
Станува збор за деловни асистенти и советник за човечки ресурси, место што според наши сознанија е за еден од поранешните директори во М-НАВ, рече Тасевски.
Тој појасни дека едниот оглас е со траење од 10 дена, наместо 10 работни, а другиот три дена од кои два се сабота и недела.

The post Контролата на летање ќе штрајкува на 25 и 31 декември, ако не бидат повлечени огласите за вработување appeared first on Република.

]]>
Одложен штрајкот на контролата на летање, авионите сепак ќе летаат https://republika.mk/vesti/makedonija/odlozhen-shtrajkot-na-kontrolata-na-letane-avionite-sepak-ke-letaat/ Thu, 12 Oct 2023 06:57:00 +0000 https://republika.mk/?p=690325

По неколкучасовните преговори во Министерството за транспорт и врски кај министерот Благој Бочварски, Синдикатот на контролори на летање и тројцата директори на Македонска навигација (М-Нав) постигнале договор најавениот штрајк на контролорите за 12 октомври, да се стави во мирување.

Сепак, според договорот, сите барања на Синдикатот ќе мора да се остварат до крајот на месецот. Бочварски ветил дека лично ќе го надгледува спроведувањето.

„Продолжуваме со заеднички координации да работиме за целосно реализирање на превземените обврски од двете страни. Се согласивме да работиме на подигање на нивото на транспарентноста за сите прашања, се до изработката на студијата која ќе ги даде идните правци за развој на претпријатието. Со ова ја информираме јавноста дека штрајкот ќе биде одложен, со цел давање на простор за надминување на отворените прашања“, соопштија синоќа од Министерството за транспорт и врски.

The post Одложен штрајкот на контролата на летање, авионите сепак ќе летаат appeared first on Република.

]]>

По неколкучасовните преговори во Министерството за транспорт и врски кај министерот Благој Бочварски, Синдикатот на контролори на летање и тројцата директори на Македонска навигација (М-Нав) постигнале договор најавениот штрајк на контролорите за 12 октомври, да се стави во мирување. Сепак, според договорот, сите барања на Синдикатот ќе мора да се остварат до крајот на месецот. Бочварски ветил дека лично ќе го надгледува спроведувањето. „Продолжуваме со заеднички координации да работиме за целосно реализирање на превземените обврски од двете страни. Се согласивме да работиме на подигање на нивото на транспарентноста за сите прашања, се до изработката на студијата која ќе ги даде идните правци за развој на претпријатието. Со ова ја информираме јавноста дека штрајкот ќе биде одложен, со цел давање на простор за надминување на отворените прашања“, соопштија синоќа од Министерството за транспорт и врски.

The post Одложен штрајкот на контролата на летање, авионите сепак ќе летаат appeared first on Република.

]]>
Синдикат на контролори на летање: Штрајкот не е ставен во мирување, да не се доведуваат во забуна патниците и авиокомпаниите https://republika.mk/vesti/ekonomija/sindikat-na-kontrolori-na-letane-shtrajkot-ne-e-staven-vo-miruvane-da-ne-se-doveduvaat-vo-zabuna-patnitsite-i-aviokompaniite/ Wed, 11 Oct 2023 10:52:15 +0000 https://republika.mk/?p=690129

Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) останува на претходно донесената одлука за реализација на штрајк утре од 11 до 17 часот и не се точни информациите дека штрајкот е ставен во мирување, информира во пишана изјава претседателот на ССКЛ Александар Тасевски.

Во тек штрајкот што ССКЛ го најави поради „непрофесионално однесување од директорите во однос на вработувањата и внатрешните прераспоредувања, несоодветните услови за работа и опрема“ во најавениот термин нема да се опслужуваат воздухоплови на Меѓународниот аеродорм Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Тасевски укажува дека дезинформациите за наводна постигна спогодба поради која се става штрајкот во мирување ќе ги доведат во забуна патниците и авиокомпаниите, како и непотребен хаос при планирањето на летовите.

-Информациите кои беа испратени во текот на вчерашниот ден од страна на УО на М-НАВ, како што известија одредени медиуми, дека се прифатени барањата на ССКЛ и дека е постигната спогодба поради која се става најавениот штрајк за 12.10.2023 година во период од 11ч до 17 часот во мирување се тотална невистинити и дезинформација на јавноста која не само што ги доведува во забуна сите патници кои го планирале своето патување во текот на утрешниот ден, туку ги доведува во забуна и авиокомпаниите, а што дополнително ќе резултира со непотребен хаос поради неможност соодветно да ги испланираат засегнатите летови, наведува Тасевски.

Во УО на М-НАВ, според него, владее разединување од причина што, како што тврди „новите двајца директори кои се поставени во последните два-три месеци и го затекнаа хаосот кој е од поодамна, наспроти претседателот на УО на М-НАВ кој продолжува по стариот пат генерирајќи проблеми и за фирмата но и за новите директори“.

Додека едниве ни ветуваат професионализам и подобрување на состојбата во М-НАВ, претседателот на М-НАВ Фахрудин Хамиди, доставува нови барања за вработување на непотребни лица, во служби во кои веќе има превработеност, а се тоа позади грбот на останатите двајца директори кои на состанокот кој што беше одржан на 09.10.2023 година се изјаснија дека не се запознати со таквите барања за вработување, наведува Тасевски.

Тој и вчера во изјава за МИА рече дека нема промена во одлуката за штрајк и оти по завчерашната средба со УО ветувањата од директорите резултирале со текст кој не соодвестувал со договореното.

Доколку не го променат како договорни обврски кои ги преземаат и се согласуваат да ги реализираат, остануваме на одлуката за штрајк во четврток, рече Тасевски.

Од М-НАВ, пак, рекоа дека останува Синдикатот да ја каже дефинитивната одлука и да го потпише записникот од средбата , бидејќи раководството ги исполнило поставените барања.

Договорено е роковите за пријавување кандидати за вработување да траат миниум 10 работни дена и соодветно да бидат информирани и членовите на синдикалните претставници, како и дека ќе се даде приоритет на неопходни вработувања на оперативниот персонал, како контролири на летање, инженери и техничари. Исто така, договорено е да се зголеми сумата за јавната набавка за консултантски услуги за анализа на систематизација на работните места, а рокот за пријавување да биде 15 работни дена. Исполнети се и барањата за реновирање на просториите на М-НАВ, односно да бидат активно вклучени во активностите, како и да се забрза целиот процес за отпочнување на тендерската постапка за што е издаден налог на вработените од секторот за воздухопловна навигација и Секторот за воздухопловна техника да изготват техничка спецификација. Проблемот со водоснабдувањето веќе е саниран, а преземени се дополнителни мерки за конечно решавање, изјавија за МИА од Секторот за односи со јавност во М-НАВ.

Струковиот синдикат на контролори на летање доби поддршка за штрајкот и од Здружението на контролори на летање.

The post Синдикат на контролори на летање: Штрајкот не е ставен во мирување, да не се доведуваат во забуна патниците и авиокомпаниите appeared first on Република.

]]>

Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) останува на претходно донесената одлука за реализација на штрајк утре од 11 до 17 часот и не се точни информациите дека штрајкот е ставен во мирување, информира во пишана изјава претседателот на ССКЛ Александар Тасевски. Во тек штрајкот што ССКЛ го најави поради „непрофесионално однесување од директорите во однос на вработувањата и внатрешните прераспоредувања, несоодветните услови за работа и опрема“ во најавениот термин нема да се опслужуваат воздухоплови на Меѓународниот аеродорм Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Тасевски укажува дека дезинформациите за наводна постигна спогодба поради која се става штрајкот во мирување ќе ги доведат во забуна патниците и авиокомпаниите, како и непотребен хаос при планирањето на летовите.
-Информациите кои беа испратени во текот на вчерашниот ден од страна на УО на М-НАВ, како што известија одредени медиуми, дека се прифатени барањата на ССКЛ и дека е постигната спогодба поради која се става најавениот штрајк за 12.10.2023 година во период од 11ч до 17 часот во мирување се тотална невистинити и дезинформација на јавноста која не само што ги доведува во забуна сите патници кои го планирале своето патување во текот на утрешниот ден, туку ги доведува во забуна и авиокомпаниите, а што дополнително ќе резултира со непотребен хаос поради неможност соодветно да ги испланираат засегнатите летови, наведува Тасевски.
Во УО на М-НАВ, според него, владее разединување од причина што, како што тврди „новите двајца директори кои се поставени во последните два-три месеци и го затекнаа хаосот кој е од поодамна, наспроти претседателот на УО на М-НАВ кој продолжува по стариот пат генерирајќи проблеми и за фирмата но и за новите директори“.
Додека едниве ни ветуваат професионализам и подобрување на состојбата во М-НАВ, претседателот на М-НАВ Фахрудин Хамиди, доставува нови барања за вработување на непотребни лица, во служби во кои веќе има превработеност, а се тоа позади грбот на останатите двајца директори кои на состанокот кој што беше одржан на 09.10.2023 година се изјаснија дека не се запознати со таквите барања за вработување, наведува Тасевски.
Тој и вчера во изјава за МИА рече дека нема промена во одлуката за штрајк и оти по завчерашната средба со УО ветувањата од директорите резултирале со текст кој не соодвестувал со договореното.
Доколку не го променат како договорни обврски кои ги преземаат и се согласуваат да ги реализираат, остануваме на одлуката за штрајк во четврток, рече Тасевски.
Од М-НАВ, пак, рекоа дека останува Синдикатот да ја каже дефинитивната одлука и да го потпише записникот од средбата , бидејќи раководството ги исполнило поставените барања.
Договорено е роковите за пријавување кандидати за вработување да траат миниум 10 работни дена и соодветно да бидат информирани и членовите на синдикалните претставници, како и дека ќе се даде приоритет на неопходни вработувања на оперативниот персонал, како контролири на летање, инженери и техничари. Исто така, договорено е да се зголеми сумата за јавната набавка за консултантски услуги за анализа на систематизација на работните места, а рокот за пријавување да биде 15 работни дена. Исполнети се и барањата за реновирање на просториите на М-НАВ, односно да бидат активно вклучени во активностите, како и да се забрза целиот процес за отпочнување на тендерската постапка за што е издаден налог на вработените од секторот за воздухопловна навигација и Секторот за воздухопловна техника да изготват техничка спецификација. Проблемот со водоснабдувањето веќе е саниран, а преземени се дополнителни мерки за конечно решавање, изјавија за МИА од Секторот за односи со јавност во М-НАВ.
Струковиот синдикат на контролори на летање доби поддршка за штрајкот и од Здружението на контролори на летање.

The post Синдикат на контролори на летање: Штрајкот не е ставен во мирување, да не се доведуваат во забуна патниците и авиокомпаниите appeared first on Република.

]]>
Ќе штрајкуваат италијанските контролори на летање https://republika.mk/vesti/svet/ke-shtrajkuvaat-italijanskite-kontrolori-na-letane/ Fri, 14 Jul 2023 12:49:45 +0000 https://republika.mk/?p=661363

Италијанските контролори на летање и работниците на земја планираат штрајк за утре, во екот на сезоната на патувања, што значи дека се веројатни доцнења на летовите, јави ДПА.

Многу летови може да бидат засегнати, соопштија денеска италијанските медиуми. Авиокомпаниите ги повикаа патниците да го проверат статусот на нивните летови и да очекуваат можни откажувања и доцнења.

Персоналот на земја кој работи на пријавување на италијанските аеродроми планира утре да штрајкува од 10 до 18 часот (0800-16:00 GMT).

Покрај тоа, пилотите кои работат за Малта Ер, кои управуваат со летовите на Рајанер во Италија, планираат да штрајкуваат од 12 до 16 часот.

Пилотите и стјуардесите кои работат за буџетската авиокомпанија Vueling се повикани на штрајк утре од 10 до 18 часот.

Рајанер објави соопштение во кое се вели дека летовите до и од Италија ќе бидат ограничени или откажани поради штрајковите.

Авиокомпанијата ИТА Ервејс ќе се соочи со откажување на околу 133 летови тој ден.

The post Ќе штрајкуваат италијанските контролори на летање appeared first on Република.

]]>

Италијанските контролори на летање и работниците на земја планираат штрајк за утре, во екот на сезоната на патувања, што значи дека се веројатни доцнења на летовите, јави ДПА. Многу летови може да бидат засегнати, соопштија денеска италијанските медиуми. Авиокомпаниите ги повикаа патниците да го проверат статусот на нивните летови и да очекуваат можни откажувања и доцнења. Персоналот на земја кој работи на пријавување на италијанските аеродроми планира утре да штрајкува од 10 до 18 часот (0800-16:00 GMT). Покрај тоа, пилотите кои работат за Малта Ер, кои управуваат со летовите на Рајанер во Италија, планираат да штрајкуваат од 12 до 16 часот. Пилотите и стјуардесите кои работат за буџетската авиокомпанија Vueling се повикани на штрајк утре од 10 до 18 часот. Рајанер објави соопштение во кое се вели дека летовите до и од Италија ќе бидат ограничени или откажани поради штрајковите. Авиокомпанијата ИТА Ервејс ќе се соочи со откажување на околу 133 летови тој ден.

The post Ќе штрајкуваат италијанските контролори на летање appeared first on Република.

]]>
Димитров: Контролорите за летање ја спасија професијата и безбедноста на македонското небо, да живеат ничиите https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrov-kontrolorite-za-letanje-ja-spasija-profesijata-i-bezbednosta-na-makedonskoto-nebo-da-ziveat-nichiite/ Sat, 12 Nov 2022 18:26:37 +0000 https://republika.mk/?p=573117

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров го коментира обидот да се поништи конкурсот за контролори за летање бидејќи немало доволно партиски „деца“.

Тој смета дека контролорите на летање, професионалци со висок интегритет, спречија обид за партизација во оваа исклучително одговорна и стресна професија.

Ја спасија честа на куќата, на својата професија и безбедноста на летањето низ македонското небо, бидејќи се обединија против злоупотребата на политичката ноќ.
Заслужуваат огромна граѓанска почит и поддршка. Оваа ретка победа на професионализмот врз клиентелизмот нека ни биде инспирација на сите кои веруваме дека Македонија може и мора поинаку.
За срамниот обид да се поништи конкурс бидејќи биле избрани “ничии” кандидати раководството мора да сноси одговорност и да биде разрешено.Да живеат ничиите!

The post Димитров: Контролорите за летање ја спасија професијата и безбедноста на македонското небо, да живеат ничиите appeared first on Република.

]]>

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров го коментира обидот да се поништи конкурсот за контролори за летање бидејќи немало доволно партиски „деца“. Тој смета дека контролорите на летање, професионалци со висок интегритет, спречија обид за партизација во оваа исклучително одговорна и стресна професија.
Ја спасија честа на куќата, на својата професија и безбедноста на летањето низ македонското небо, бидејќи се обединија против злоупотребата на политичката ноќ. Заслужуваат огромна граѓанска почит и поддршка. Оваа ретка победа на професионализмот врз клиентелизмот нека ни биде инспирација на сите кои веруваме дека Македонија може и мора поинаку. За срамниот обид да се поништи конкурс бидејќи биле избрани “ничии” кандидати раководството мора да сноси одговорност и да биде разрешено.Да живеат ничиите!
 
The post Димитров: Контролорите за летање ја спасија професијата и безбедноста на македонското небо, да живеат ничиите appeared first on Република.

]]>
Синовите на директорите Селмани и Крстевски отпаднале во првата селекција, ДУИ бара отчет од данските тестирачи https://republika.mk/vesti/makedonija/sinovite-na-direktorite-selmani-i-krstevski-otpadnale-vo-prvata-selekcija-dui-bara-otchet-od-danskite-testirachi/ Thu, 10 Nov 2022 12:52:48 +0000 https://republika.mk/?p=572315

Продолжува драмата меѓу строгите правила на (некојси таму) Еуроколтрол и желбите на ДУИ. Некојси таму Еуроконтрол и некоиси таму данси тестирачи на контролори за летање одлучиле да му застанат на патот на ДУИ, партијата која за сопствени хирови е на пат да ги застане сите авиони на македонското небо. Со прости зборови, тројцата членови на управниот одбор на МНАВ и директори во агенцијата: Фахрудин Хамиди, Миѓан Селмани и Влатко Крстевски, сакаат да го поништат огласот за контролори на летање, зашто од 270 пријавени, положиле само 8 кандидати, меѓу кои не се нивните, а ни пријавените деца на функционери од ДУИ.

СДК.мк пишува дека контролорите на летање кои се вклучени во процесот на тестирање на кандидатите за школување за идни контролори вчера попладне во канцеларијата на директорот на МНАВ Фахрудин Хамиди оставиле протестна нота и поднеле оставки на местата за надзор на процесот, бидејќи не сакаат да учествуваат во уривање на успешниот оглас, на кој биле избрани најдобрите 8 кандидати за обука во Данска. Станува збор за 12 искусни контролори на летање од повисок ранг во професијата – инструктори, раководители и експерти.

Според претседателот на Синдикатот на контролори на летање Александар Тасевски.директорите Хамиди, Селмани и Крстевски, ги натерале членовите на комисијата да побараат отчет од економскиот оператор од Данска за секој од одбиените 262 кандидати: зошто не поминал, со колку бодови паднал, но и податоци за осумтемина со највисоки оценки – зошто баш тие биле избрани и слично.

Многу деца на функционери од ДУИ, паднале уште за време на претселекцијата. Не го поминале ни првото ниво, a меѓу нив и синовите на Селмани и на Крстевски.

За жал на партиските кадровици во Македонија, за контролор на летање мора да се поминат строгите тестови на Еуроконтрол. Првиот дел од ФЕАС – тестот на Еуроконтрол (сложениот тест има три дела), не го поминал ниту еден од овие 26 вратени кандидати со притисок. По неколку фази на строга селекција и полагање на компјутер пред данскиот оператор и под надзор на нашите искусни контролори на летање, кои сега сакаат да се повлечат од процесот, избрани се најдобрите осум.

Целиот текст ТУКА

The post Синовите на директорите Селмани и Крстевски отпаднале во првата селекција, ДУИ бара отчет од данските тестирачи appeared first on Република.

]]>

Продолжува драмата меѓу строгите правила на (некојси таму) Еуроколтрол и желбите на ДУИ. Некојси таму Еуроконтрол и некоиси таму данси тестирачи на контролори за летање одлучиле да му застанат на патот на ДУИ, партијата која за сопствени хирови е на пат да ги застане сите авиони на македонското небо. Со прости зборови, тројцата членови на управниот одбор на МНАВ и директори во агенцијата: Фахрудин Хамиди, Миѓан Селмани и Влатко Крстевски, сакаат да го поништат огласот за контролори на летање, зашто од 270 пријавени, положиле само 8 кандидати, меѓу кои не се нивните, а ни пријавените деца на функционери од ДУИ. СДК.мк пишува дека контролорите на летање кои се вклучени во процесот на тестирање на кандидатите за школување за идни контролори вчера попладне во канцеларијата на директорот на МНАВ Фахрудин Хамиди оставиле протестна нота и поднеле оставки на местата за надзор на процесот, бидејќи не сакаат да учествуваат во уривање на успешниот оглас, на кој биле избрани најдобрите 8 кандидати за обука во Данска. Станува збор за 12 искусни контролори на летање од повисок ранг во професијата – инструктори, раководители и експерти. Според претседателот на Синдикатот на контролори на летање Александар Тасевски.директорите Хамиди, Селмани и Крстевски, ги натерале членовите на комисијата да побараат отчет од економскиот оператор од Данска за секој од одбиените 262 кандидати: зошто не поминал, со колку бодови паднал, но и податоци за осумтемина со највисоки оценки – зошто баш тие биле избрани и слично. Многу деца на функционери од ДУИ, паднале уште за време на претселекцијата. Не го поминале ни првото ниво, a меѓу нив и синовите на Селмани и на Крстевски. За жал на партиските кадровици во Македонија, за контролор на летање мора да се поминат строгите тестови на Еуроконтрол. Првиот дел од ФЕАС – тестот на Еуроконтрол (сложениот тест има три дела), не го поминал ниту еден од овие 26 вратени кандидати со притисок. По неколку фази на строга селекција и полагање на компјутер пред данскиот оператор и под надзор на нашите искусни контролори на летање, кои сега сакаат да се повлечат од процесот, избрани се најдобрите осум.
Целиот текст ТУКА

The post Синовите на директорите Селмани и Крстевски отпаднале во првата селекција, ДУИ бара отчет од данските тестирачи appeared first on Република.

]]>
Ќе го поништат огласот за контролори на летање, зашто Албанците што положиле не се од ДУИ, а поминале деца што се „ничии“ https://republika.mk/vesti/makedonija/kje-go-ponishtat-oglasot-za-kontrolori-na-letanje-zashto-albancite-shto-polozile-ne-se-od-dui-a-pominale-deca-shto-se-nichii/ Wed, 09 Nov 2022 17:08:00 +0000 https://republika.mk/?p=572028

Тројцата членови на управниот одбор на МНАВ и директори во агенцијата: Фахрудин Хамиди, Миѓан Селмани и Влатко Крстевски, сакаат да го поништат огласот за контролори на летање, зашто од 270 пријавени, положиле само 8 кандидати, меѓу кои не се нивните, а ни пријавените деца на функционери од ДУИ, пишува СДК.МК.

Меѓу најдобрите 8, се и тројца момчиња Албанци, едни од највисокорангираните по поени и тестови. Особено едниот од нив, „згазил“ на тестирањето. Но, тие не се вистинските што требаше да влезат, велат од Синдикатот на контролори на летање.

Тестирањата и селекцијата ги правел тренинг центар од Данска. Но, откако меѓу тие што ги поминале строгите критериуми не се нашле имињата на „нашите“, особено дека најдобрите три Албанци „се ничии“, раководството на МНАВ се посомневал во компетентноста на Данците. Сега тричлениот одбор бара отчет од Данска зошто отпаднале другите кандидати.

Меѓу тие што отпаднале уште во првиот круг се и три деца на два члена на УО: едно на Селмани и две на Крстевски, велат од Синдикатот на контролорите на летање.

Во овој тренинг-центар, патем, се школуваат стотици контролори на летање од Германија, Холандија и од други европски држави. Истиот дански оператор веќе има исшколувано една генерација македонски обласни контролори на летање.

Избраните кандидати требаше да почнат да се школуваат пред 7 дена, но сега процесот е стопиран.

Со барањето отчет на документ, раководството купува на време, бидејќи на 20 ноември истекуваат 90 дена од објавувањето на огласот. Ако не постапат Данците по ова барање, да дадат отчет за сите кандидати – зошто отпаднале, колку бодови освоиле, директорот на Управниот одбор Фахрудин Хамиди вели дека не може да потпише избраните да го почнат школувањето во Данска.

Синдикатот на контролорите на летање и Здружението на контролори на летање кои се усрамени пред лиценцираниот економски оператор од Данска, велат дека тестирањето било под строги правила на Еуроконтрол и дека форсираните деца не успеале ни првата основна скала да ја поминат за понатаму. Загрижени се дека раководството воздухопловната организација ја сфаќа како личен интерес и партиска агенда, а не како професионална и безбедносна институција од која зависат стотици и илјадници животи во сообраќајот на небото над Македонија.

„Не е ова ‘Дурмо турс’ или пожарот во болницата во Тетово за да се забошоти преку судовите. Ова е сериозна и високобезбедносна тема. Ако се случи, не дај боже, авионска несреќа на нашето небо, ќе дојде Еуроконтрол и ќе нè затвори, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК контролорите на летање. Велат: „ги проколнуваме, ставете си кого сакате во администрација, ама не ги пикајте во контролна кула“.

Целиот текст на САКАМДАКАЖАМ.МК

The post Ќе го поништат огласот за контролори на летање, зашто Албанците што положиле не се од ДУИ, а поминале деца што се „ничии“ appeared first on Република.

]]>

Тројцата членови на управниот одбор на МНАВ и директори во агенцијата: Фахрудин Хамиди, Миѓан Селмани и Влатко Крстевски, сакаат да го поништат огласот за контролори на летање, зашто од 270 пријавени, положиле само 8 кандидати, меѓу кои не се нивните, а ни пријавените деца на функционери од ДУИ, пишува СДК.МК. Меѓу најдобрите 8, се и тројца момчиња Албанци, едни од највисокорангираните по поени и тестови. Особено едниот од нив, „згазил“ на тестирањето. Но, тие не се вистинските што требаше да влезат, велат од Синдикатот на контролори на летање. Тестирањата и селекцијата ги правел тренинг центар од Данска. Но, откако меѓу тие што ги поминале строгите критериуми не се нашле имињата на „нашите“, особено дека најдобрите три Албанци „се ничии“, раководството на МНАВ се посомневал во компетентноста на Данците. Сега тричлениот одбор бара отчет од Данска зошто отпаднале другите кандидати. Меѓу тие што отпаднале уште во првиот круг се и три деца на два члена на УО: едно на Селмани и две на Крстевски, велат од Синдикатот на контролорите на летање. Во овој тренинг-центар, патем, се школуваат стотици контролори на летање од Германија, Холандија и од други европски држави. Истиот дански оператор веќе има исшколувано една генерација македонски обласни контролори на летање. Избраните кандидати требаше да почнат да се школуваат пред 7 дена, но сега процесот е стопиран. Со барањето отчет на документ, раководството купува на време, бидејќи на 20 ноември истекуваат 90 дена од објавувањето на огласот. Ако не постапат Данците по ова барање, да дадат отчет за сите кандидати – зошто отпаднале, колку бодови освоиле, директорот на Управниот одбор Фахрудин Хамиди вели дека не може да потпише избраните да го почнат школувањето во Данска. Синдикатот на контролорите на летање и Здружението на контролори на летање кои се усрамени пред лиценцираниот економски оператор од Данска, велат дека тестирањето било под строги правила на Еуроконтрол и дека форсираните деца не успеале ни првата основна скала да ја поминат за понатаму. Загрижени се дека раководството воздухопловната организација ја сфаќа како личен интерес и партиска агенда, а не како професионална и безбедносна институција од која зависат стотици и илјадници животи во сообраќајот на небото над Македонија. „Не е ова ‘Дурмо турс’ или пожарот во болницата во Тетово за да се забошоти преку судовите. Ова е сериозна и високобезбедносна тема. Ако се случи, не дај боже, авионска несреќа на нашето небо, ќе дојде Еуроконтрол и ќе нè затвори, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК контролорите на летање. Велат: „ги проколнуваме, ставете си кого сакате во администрација, ама не ги пикајте во контролна кула“. Целиот текст на САКАМДАКАЖАМ.МК

The post Ќе го поништат огласот за контролори на летање, зашто Албанците што положиле не се од ДУИ, а поминале деца што се „ничии“ appeared first on Република.

]]>