контејнери Archives - Република https://republika.mk/tema/kontejneri/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Oct 2024 14:25:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png контејнери Archives - Република https://republika.mk/tema/kontejneri/ 32 32 Касами со камери ќе ги лови сите кои фрлаат ѓубре надвор од контејнерите https://republika.mk/zivot/servisi/kasami-so-kameri-ke-gi-lovi-site-koi-frlaat-gubre-nadvor-od-kontejnerite/ Wed, 09 Oct 2024 16:50:31 +0000 https://republika.mk/?p=824761

Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, денеска имаш средба со претставници на компанијата Заубермахер на која биле дискутирани конкретни чекори за зачувување на животната средина и одржување на чистотата во градот. Се најавува дека секое прекршување ќе биде санкционирано со законски мерки согласно законот за јавна чистота.

-Во рамките на оваа соработка, ќе бидат поставени камери за мониторинг на сите клучни точки во градот, со цел следење и надзор на состојбата. Општина Тетово апелира до сите граѓани да ги почитуваат правилата и да не фрлаат отпадоци на несоодветни места. Секое прекршување ќе биде санкционирано со законски мерки согласно законот за јавна чистота. Да се ангажираме сите за чист град и здрава животна средина без отпадоци, се вели во изјавата на Касами, која ја пренесува Канцеларија за комуникации и односи со јавноста при Општина Тетово

Во соопштението, Општина Тетово упатува и молба до граѓаните кои имаат инертен отпад што не може да се фрли во контејнери да се обратат до Јавното комунално претпријатие (ЈКП), кое ќе се погрижи за транспорт на отпадот од нивните домови.

The post Касами со камери ќе ги лови сите кои фрлаат ѓубре надвор од контејнерите appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот Митески: Не сакам да верувам дека „Комунална хигена“ намерно не ги чисти контејнерите во Општина Аеродром https://republika.mk/vesti/skopje/gradonachalnikot-miteski-ne-sakam-da-veruvam-deka-komunalna-higena-namerno-ne-gi-chisti-kontejnerite-vo-opshtina-aerodrom/ Mon, 29 Jul 2024 07:02:36 +0000 https://republika.mk/?p=801087

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески признава дека неговата општина има проблем со нечистотијата но оти не сака да верува дека „Комунална хигена“ намерно не ги празни контејнерите и просторот околу нив.

[caption id="attachment_801080" align="alignnone" width="636"] фото Фејсбук[/caption]

Митески вели дека интензивно работат на овој проблем.

Најголемите депонии што се создаваат е просторот околу контејнерите. Контејнерите во Град Скопје се надлежност на Комунална хигена и општинаа нема соодветна механизација да го собира и да го носи во депонијата Дрисла. Поради таа причина почнуваме нов проект за собирање кабаст отпад со сопствена механизација. Ќе поставиме контејнери на повеќе локации. Почнуваме од понеделник и акцијата ќе трае во август и септември. На овој начин, се надеваме, ќе ги намалиме овие мини депонии-објави Митески во интервјуто за „Република“.

 Градоначалникот не сака да верува дека „Комунална хигена“ намерно не ги чисти контејнерите низ општина Аеродром.

[caption id="attachment_801082" align="alignnone" width="640"] фото Фејсбук[/caption]

Општината како да е заборавена од Комунална хигена и нивните работници скоро и не можеме да ги видиме низ општината. Контејнерите не се празнат согласно динамиката. Се чисти еднаш на две недели и поради тоа се создава онаа неубава слика. Апелирам тоа да го прават почесто.

https://www.youtube.com/watch?v=ZtHpdctdgUk

https://republika.mk/vesti/skopje/miteski-ke-konkurirame-za-golem-broj-proekti-so-parite-nameneti-za-opshtinite-od-zaemot-od-ungarija/

The post Градоначалникот Митески: Не сакам да верувам дека „Комунална хигена“ намерно не ги чисти контејнерите во Општина Аеродром appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески признава дека неговата општина има проблем со нечистотијата но оти не сака да верува дека „Комунална хигена“ намерно не ги празни контејнерите и просторот околу нив. [caption id="attachment_801080" align="alignnone" width="636"] фото Фејсбук[/caption]   Митески вели дека интензивно работат на овој проблем.
Најголемите депонии што се создаваат е просторот околу контејнерите. Контејнерите во Град Скопје се надлежност на Комунална хигена и општинаа нема соодветна механизација да го собира и да го носи во депонијата Дрисла. Поради таа причина почнуваме нов проект за собирање кабаст отпад со сопствена механизација. Ќе поставиме контејнери на повеќе локации. Почнуваме од понеделник и акцијата ќе трае во август и септември. На овој начин, се надеваме, ќе ги намалиме овие мини депонии-објави Митески во интервјуто за „Република“.
 Градоначалникот не сака да верува дека „Комунална хигена“ намерно не ги чисти контејнерите низ општина Аеродром. [caption id="attachment_801082" align="alignnone" width="640"] фото Фејсбук[/caption]
Општината како да е заборавена од Комунална хигена и нивните работници скоро и не можеме да ги видиме низ општината. Контејнерите не се празнат согласно динамиката. Се чисти еднаш на две недели и поради тоа се создава онаа неубава слика. Апелирам тоа да го прават почесто.
  https://www.youtube.com/watch?v=ZtHpdctdgUk https://republika.mk/vesti/skopje/miteski-ke-konkurirame-za-golem-broj-proekti-so-parite-nameneti-za-opshtinite-od-zaemot-od-ungarija/

The post Градоначалникот Митески: Не сакам да верувам дека „Комунална хигена“ намерно не ги чисти контејнерите во Општина Аеродром appeared first on Република.

]]>
ЈП Комунална хигиена контра градоначалникот на Аеродром: Контејнерите во наша надлежност се редовно и целосно исчистени https://republika.mk/vesti/skopje/jp-komunalna-higiena-kontra-gradonachalnikot-na-aerodrom-kontejnerite-vo-nasha-nadlezhnost-se-redovno-i-tselosno-ischisteni/ Sun, 28 Jan 2024 10:08:47 +0000 https://republika.mk/?p=737691

Во врска со неодамнешното Соопштение на градоначалникот на општината Аеродром поврзано со собирањето и транспортот на комуналниот отпад во општината, од ЈП Комунална хигиена-Скопје реагираат дека „неспособноста на градоначалникот на општина Аеродром е само негова, без разлика колку се обидува да ја префрли на туѓа адреса“.

Контејнерите кои се надлежност на Комунална хигиена Скопје се целосно исчистени, редовно и без отстапки.

За жал, општинската служба поради неспособното раководство на општината Аеродром е нефункционална, се вели во реакцијата на претпријатието.

The post ЈП Комунална хигиена контра градоначалникот на Аеродром: Контејнерите во наша надлежност се редовно и целосно исчистени appeared first on Република.

]]>

Во врска со неодамнешното Соопштение на градоначалникот на општината Аеродром поврзано со собирањето и транспортот на комуналниот отпад во општината, од ЈП Комунална хигиена-Скопје реагираат дека „неспособноста на градоначалникот на општина Аеродром е само негова, без разлика колку се обидува да ја префрли на туѓа адреса“.
Контејнерите кои се надлежност на Комунална хигиена Скопје се целосно исчистени, редовно и без отстапки.   За жал, општинската служба поради неспособното раководство на општината Аеродром е нефункционална, се вели во реакцијата на претпријатието.
 
The post ЈП Комунална хигиена контра градоначалникот на Аеродром: Контејнерите во наша надлежност се редовно и целосно исчистени appeared first on Република.

]]>
Од продажбата на пластични кеси собрани речиси два милиони евра, ќе се набават над 7 000 контејнери https://republika.mk/vesti/ekonomija/od-prodazhbata-na-plastichni-kesi-sobrani-rechisi-dva-milioni-evra-ke-se-nabavat-nad-7-000-kontejneri/ Sun, 10 Sep 2023 06:54:45 +0000 https://republika.mk/?p=680444

Од 1 декември 2021 година употребата на пластични кеси за еднократна употреба на пазарот во земјава е забранета, а во маркетите и на пазарите дозволени се само биоразградливи кеси кои се наплаќаат по 15 денари. Согласно Законот за управување со пакување и отпад од пакување, средствата од продажбата на кеси се собираат во посебен фонд на Министерството за животна средина и просторно планирање, а до крајот на 2022 година по овој основ се собрани речиси два милиони евра.

Законот предвидува средствата собрани во овој фонд да се искористат за еколошки проекти, а од МЖСПП за МИА велат дека собраните средства од наплата на пластични кеси се распределуваат согласно донесена Програма и истите ќе се искористат за набавка на садови за собирање отпад - контејнери и еден дел за кампања за подигање на јавната свест за потребата од селекција и можностите за рециклирање.

Од МЖСПП посочуваат дека целта на мерката не е да се наплаќаат кесите, туку да се демотивираат граѓаните за нивна употреба и дека податоците што ги имаат укажуваат на виден ефект во таа насока.

Податоците и собраната сума укажуваат на виден ефект, особено во големите ланци на маркети, особено што во некои целосно се заменети со еколошки торби за транспорт на купената стока. Целта на мерката не е да се наплаќаат кесите туку да се демотивираат граѓаните за нивна употреба. И овде имаме примена на принципот загадувачот плаќа, а собраните средства се враќаат во проекти за намалување на отпадот и воспоставување на системот на регионално управување со отпад, велат од МЖСПП за МИА.

Целосната забрана за употреба на пластични и оксо-биоразградливи кеси на пазарите во земјава првично требаше да стапи на сила од 1 јуни годинава, но пред овој рок од МЖСПП информираа дека таа ќе стапи на сила од 1 јуни 2024 година.

На прашањето од МИА зошто се одложи целосната забрана за пуштање во промет на пластични кеси од МЖСПП, велат дека „вакви мерки мора да го имаат предвид и социјалниот момент и влијанието врз производителите кои мора да се приспособат на новите законски обврски“.

Согласно годишната Програмата за распределба на собраните средства за 2023, донесена во февруари годинава, 105 милиони денари ќе бидат наменети за изградба на инфраструктурни објекти за собирање, преработка, рециклирање и отстранување на отпад од поширок јавен интерес, а останатите 15 милиони денари за реализирање на проект за едукација и подигнување на јавната свест на граѓаните и субјектите за постапување со посебните текови на отпад.

Така 105 милиони денари ќе се користат за набавка на 7 190 контејнери за собирање на отпад од хартија, тетрапак, пластика и метал, за сите општини во Република Македонија. Јавната набавка на контејнерите ја објавува и спроведува МЖСПП, по што тие ќе бидат поделени на општините.

Доделувањето на бројот на контејнерите се врши врз основа на бројот на жителите во општините и тоа за општина до 5000 жители се доделуваат 13 контејнери, за општина од 5001 до 15000 жители се доделуваат 40 контејнери, за општина од 15001 до 23000 жители се доделуваат 60 контејнери, за општина од 23001 до 40000 жители се доделуваат 104 контејнери и за општина над 40000 жители се доделуваат 260 контејнери. Согласно податоците од Пописот 2021 година низ 80 општини треба да бидат поделени 7 169 контејнери.

Согласно Законот за управување со пакување и отпад од пакување од 1 декември 2021 година се забранува пуштање на пластични кеси за носење на стоки за еднократна употреба на пазарот во Република Македонија.

Според појаснувањето објавено од МЖСПП, дозволено е пуштање на пазарот на територијата на државата само на биоразградливи кеси за носење на стоки што се произведени согласно пропишаните стандарди за биоразградливост објавени во Правилникот за стандардите за биоразградливост што треба да ги исполнуваат кесите за носење на стоки, начинот на пуштање на пазар на биоразградливи кеси од страна на трговците, како и формата и содржината на образецот за водење на евиденција („Сл весник на РСМ“ 265/2021).

Овие одредби се однесуваат за пластични кеси за носење на стоки за кои се наплаќа надоместок од 15 денари и се задолжително биоразградливи. Ова се кесите што секојдневно се даваат на каса (на местото на продажба) при купување во мини маркети, супермаркети, гранапи, пиљарници, мали продавници за секојдневни намирници, пекарници, киосци, киосци за брза храна, зелени пазари, бензински станици со минимаркети.

- Под биоразградливи се подразбира дека до 1 јуни 2023 може да се пласираат оксо-биоразградливи кеси (МКС 1009) кои беа од 2013 година задолжителни. По 1 јуни 2024 задолжително се пласираат кеси кои се изработени од материјал кој може да се разгради (како и секој органски материјал од вода, јаглерод диоксид и биомаса - стандардМКС EN ISO 17556: 2020), појаснуваат од МЖСПП.

Многу лесните пластични кеси за носење на стоки се целосно забранети. Тоа се кесите чијашто дебелина е пониска од 15 микрони, односно оние кои се користеа за пакување/размерување на овошје и зеленчук на пример.

Исклучок од овие забрани се пластичните кеси за ѓубре и кесите кои се подебели од 50 микрони и може да се користат повеќе пати.

Пластични кеси за носење на стоки за кои не се однесува надоместокот од 15 денари и стандардите за биоразградливост се оние кои се даваат на потрошувачите на каса (на местото на продажба) во продавници каде се продаваат стоки што не се за секојдневна општа употреба како книги, облека, обувки, алати, електрична и електронска опрема, продавници за покуќнина, занаетчиски дуќани, за сувенири, уметнички галерии, за козметички производи, аптеки (земјоделски, за медицински помагала и сл.). Овие кеси се препорачува да бидат подебели (над 50 микрони) како би можеле да се употребуваат повеќекратно и да се отстранат во контејнерите за пластика (жолт контејнер) од каде би се однеле на рециклажа во локалните компании за рециклирање и кај самите производители на пластични кеси кои повторно од нив би направиле нови кеси. Кесите за ѓубре не претставуваат кеси за носење на стоки и не се опфатени со овие мерки, се вели во појаснувањето од МЖСПП.

The post Од продажбата на пластични кеси собрани речиси два милиони евра, ќе се набават над 7 000 контејнери appeared first on Република.

]]>

Од 1 декември 2021 година употребата на пластични кеси за еднократна употреба на пазарот во земјава е забранета, а во маркетите и на пазарите дозволени се само биоразградливи кеси кои се наплаќаат по 15 денари. Согласно Законот за управување со пакување и отпад од пакување, средствата од продажбата на кеси се собираат во посебен фонд на Министерството за животна средина и просторно планирање, а до крајот на 2022 година по овој основ се собрани речиси два милиони евра. Законот предвидува средствата собрани во овој фонд да се искористат за еколошки проекти, а од МЖСПП за МИА велат дека собраните средства од наплата на пластични кеси се распределуваат согласно донесена Програма и истите ќе се искористат за набавка на садови за собирање отпад - контејнери и еден дел за кампања за подигање на јавната свест за потребата од селекција и можностите за рециклирање. Од МЖСПП посочуваат дека целта на мерката не е да се наплаќаат кесите, туку да се демотивираат граѓаните за нивна употреба и дека податоците што ги имаат укажуваат на виден ефект во таа насока.
Податоците и собраната сума укажуваат на виден ефект, особено во големите ланци на маркети, особено што во некои целосно се заменети со еколошки торби за транспорт на купената стока. Целта на мерката не е да се наплаќаат кесите туку да се демотивираат граѓаните за нивна употреба. И овде имаме примена на принципот загадувачот плаќа, а собраните средства се враќаат во проекти за намалување на отпадот и воспоставување на системот на регионално управување со отпад, велат од МЖСПП за МИА.
Целосната забрана за употреба на пластични и оксо-биоразградливи кеси на пазарите во земјава првично требаше да стапи на сила од 1 јуни годинава, но пред овој рок од МЖСПП информираа дека таа ќе стапи на сила од 1 јуни 2024 година. На прашањето од МИА зошто се одложи целосната забрана за пуштање во промет на пластични кеси од МЖСПП, велат дека „вакви мерки мора да го имаат предвид и социјалниот момент и влијанието врз производителите кои мора да се приспособат на новите законски обврски“. Согласно годишната Програмата за распределба на собраните средства за 2023, донесена во февруари годинава, 105 милиони денари ќе бидат наменети за изградба на инфраструктурни објекти за собирање, преработка, рециклирање и отстранување на отпад од поширок јавен интерес, а останатите 15 милиони денари за реализирање на проект за едукација и подигнување на јавната свест на граѓаните и субјектите за постапување со посебните текови на отпад. Така 105 милиони денари ќе се користат за набавка на 7 190 контејнери за собирање на отпад од хартија, тетрапак, пластика и метал, за сите општини во Република Македонија. Јавната набавка на контејнерите ја објавува и спроведува МЖСПП, по што тие ќе бидат поделени на општините. Доделувањето на бројот на контејнерите се врши врз основа на бројот на жителите во општините и тоа за општина до 5000 жители се доделуваат 13 контејнери, за општина од 5001 до 15000 жители се доделуваат 40 контејнери, за општина од 15001 до 23000 жители се доделуваат 60 контејнери, за општина од 23001 до 40000 жители се доделуваат 104 контејнери и за општина над 40000 жители се доделуваат 260 контејнери. Согласно податоците од Пописот 2021 година низ 80 општини треба да бидат поделени 7 169 контејнери. Согласно Законот за управување со пакување и отпад од пакување од 1 декември 2021 година се забранува пуштање на пластични кеси за носење на стоки за еднократна употреба на пазарот во Република Македонија. Според појаснувањето објавено од МЖСПП, дозволено е пуштање на пазарот на територијата на државата само на биоразградливи кеси за носење на стоки што се произведени согласно пропишаните стандарди за биоразградливост објавени во Правилникот за стандардите за биоразградливост што треба да ги исполнуваат кесите за носење на стоки, начинот на пуштање на пазар на биоразградливи кеси од страна на трговците, како и формата и содржината на образецот за водење на евиденција („Сл весник на РСМ“ 265/2021). Овие одредби се однесуваат за пластични кеси за носење на стоки за кои се наплаќа надоместок од 15 денари и се задолжително биоразградливи. Ова се кесите што секојдневно се даваат на каса (на местото на продажба) при купување во мини маркети, супермаркети, гранапи, пиљарници, мали продавници за секојдневни намирници, пекарници, киосци, киосци за брза храна, зелени пазари, бензински станици со минимаркети. - Под биоразградливи се подразбира дека до 1 јуни 2023 може да се пласираат оксо-биоразградливи кеси (МКС 1009) кои беа од 2013 година задолжителни. По 1 јуни 2024 задолжително се пласираат кеси кои се изработени од материјал кој може да се разгради (како и секој органски материјал од вода, јаглерод диоксид и биомаса - стандардМКС EN ISO 17556: 2020), појаснуваат од МЖСПП. Многу лесните пластични кеси за носење на стоки се целосно забранети. Тоа се кесите чијашто дебелина е пониска од 15 микрони, односно оние кои се користеа за пакување/размерување на овошје и зеленчук на пример. Исклучок од овие забрани се пластичните кеси за ѓубре и кесите кои се подебели од 50 микрони и може да се користат повеќе пати. Пластични кеси за носење на стоки за кои не се однесува надоместокот од 15 денари и стандардите за биоразградливост се оние кои се даваат на потрошувачите на каса (на местото на продажба) во продавници каде се продаваат стоки што не се за секојдневна општа употреба како книги, облека, обувки, алати, електрична и електронска опрема, продавници за покуќнина, занаетчиски дуќани, за сувенири, уметнички галерии, за козметички производи, аптеки (земјоделски, за медицински помагала и сл.). Овие кеси се препорачува да бидат подебели (над 50 микрони) како би можеле да се употребуваат повеќекратно и да се отстранат во контејнерите за пластика (жолт контејнер) од каде би се однеле на рециклажа во локалните компании за рециклирање и кај самите производители на пластични кеси кои повторно од нив би направиле нови кеси. Кесите за ѓубре не претставуваат кеси за носење на стоки и не се опфатени со овие мерки, се вели во појаснувањето од МЖСПП.  

The post Од продажбата на пластични кеси собрани речиси два милиони евра, ќе се набават над 7 000 контејнери appeared first on Република.

]]>
Комуналец конечно почна да ги плакне контејнерите низ Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/komunalets-konechno-pochna-da-gi-plakne-kontejnerite-niz-skopje/ Thu, 20 Jul 2023 09:37:47 +0000 https://republika.mk/?p=663438

Во текот на вчерашната ноќ, ЈП Комунална хигиена-Скопје започна акција за миење и дезинфекција на сите садови наменети за одлагање на отпадот поставени на територијата на градот Скопје, соопштија од претпреијатието.

Објаснуваат дека активностите се реализираат со специјални комунални возила со вап-надградба за миење под притисок и дека екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведуваат и комплетно миење на џебовите на микролокациите каде што се поставени садовите, а воедно, сите контејнери и микролокации се дезинфицираат со употреба на специјално средство за дезинфекција.

Активностите започнаа во општините Карпош и Ѓорче Петров, а ќе продолжат да се одвиваат во сите останати скопски општини во текот на престојните десетина дена, велат од Комуналец.

Додаваат дека ЈП Комунална хигиена-Скопје реализира и машинско миење на булеварите и поголемите улици во сите скопски општини со автоцистерни според стандардната динамика, утврдена со Оперативниот план за одржување на јавната чистота на подрачјето на Градот Скопје.

Машинското миење се одвива во доцните ноќни часови, кога фреквенцијата на возила и пешаци на улиците е значително намалена, со цел да не се попречува одвивањето на сообраќајот, односно движењето на пешаците, објаснуваат од претпријатието.

The post Комуналец конечно почна да ги плакне контејнерите низ Скопје appeared first on Република.

]]>

Во текот на вчерашната ноќ, ЈП Комунална хигиена-Скопје започна акција за миење и дезинфекција на сите садови наменети за одлагање на отпадот поставени на територијата на градот Скопје, соопштија од претпреијатието. Објаснуваат дека активностите се реализираат со специјални комунални возила со вап-надградба за миење под притисок и дека екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведуваат и комплетно миење на џебовите на микролокациите каде што се поставени садовите, а воедно, сите контејнери и микролокации се дезинфицираат со употреба на специјално средство за дезинфекција.
Активностите започнаа во општините Карпош и Ѓорче Петров, а ќе продолжат да се одвиваат во сите останати скопски општини во текот на престојните десетина дена, велат од Комуналец.
Додаваат дека ЈП Комунална хигиена-Скопје реализира и машинско миење на булеварите и поголемите улици во сите скопски општини со автоцистерни според стандардната динамика, утврдена со Оперативниот план за одржување на јавната чистота на подрачјето на Градот Скопје.
Машинското миење се одвива во доцните ноќни часови, кога фреквенцијата на возила и пешаци на улиците е значително намалена, со цел да не се попречува одвивањето на сообраќајот, односно движењето на пешаците, објаснуваат од претпријатието.
 
The post Комуналец конечно почна да ги плакне контејнерите низ Скопје appeared first on Република.

]]>
Штип ќе ја подобрува хигиената со нови контејнери и канти за отпад https://republika.mk/vesti/makedonija/shtip-ke-ja-podobruva-higienata-so-novi-kontejneri-i-kanti-za-otpad/ Wed, 14 Jun 2023 14:48:59 +0000 https://republika.mk/?p=651406

Штипското комунално претпријатие „Исар“ –Штип прави анализа уште колку контејнери и канти за отпад се потребни низ населбите, со цел да се подобри комуналната хигиена на подрачјето на Општина Штип.

Директорот на ЈП „Исар“- Штип, Кирил Зајков, истакна дека ќе се прави анализа за реалната потреба на веќепоставените, можноста за дислокација на контејнери или дополнување на бројот на корпи. Тој посочува дека во претходното тримесечје се поставени нови корпи и тоа како пракса ќе продолжи и во следниот период.

Ќе направиме и анализа за реалната потреба од веќе поставените контејнери на соодветните локации. Дали може да се зголеми бројот на одредени локации или да се постави дислокација од некои места каде ние би констатирале дека нема потреба од два, на пример, па едниот да го пренасочиме на друга локација, сѐ со цел да удоволиме на барањата на граѓаните, вели Зајков.

Штипски „Исар“ изминатиот период продаде стотина канти за домаќинствата, кои ги обезбеди по цена од 1.050 денари и за истиот износ ги продава и на граѓаните. Граѓаните кои редовно плаќаат вода може да добијат канта на пет месечни рати и да ја исплаќаат заедно со сметката за вода, а останатите треба да ја платат во готово.

Јавното претпријатие ги набавува кантите, ги проследува врз основа на барање и договор на граѓаните, нудиме отплата на рати, колку е набавен кантата, толку и е продадена, односно по 1050 денари. Во претходното тромесечие се продадени 100 канти. Очекуваме во текот на следните две седмици да добиеме уште нови 100 канти. Апелираме до граѓаните, сите оние кои имаат интерес, да се обратат во ЈП „Исар“, како би склучиле договор и кантите да бидат доставени, вели Зајков.

На годишно ниво домаќинствата набавуваат околу 1.000 канти, а годинава Јавното претпријатие набави вкупно 1.540.

The post Штип ќе ја подобрува хигиената со нови контејнери и канти за отпад appeared first on Република.

]]>

Штипското комунално претпријатие „Исар“ –Штип прави анализа уште колку контејнери и канти за отпад се потребни низ населбите, со цел да се подобри комуналната хигиена на подрачјето на Општина Штип. Директорот на ЈП „Исар“- Штип, Кирил Зајков, истакна дека ќе се прави анализа за реалната потреба на веќепоставените, можноста за дислокација на контејнери или дополнување на бројот на корпи. Тој посочува дека во претходното тримесечје се поставени нови корпи и тоа како пракса ќе продолжи и во следниот период.
Ќе направиме и анализа за реалната потреба од веќе поставените контејнери на соодветните локации. Дали може да се зголеми бројот на одредени локации или да се постави дислокација од некои места каде ние би констатирале дека нема потреба од два, на пример, па едниот да го пренасочиме на друга локација, сѐ со цел да удоволиме на барањата на граѓаните, вели Зајков.
Штипски „Исар“ изминатиот период продаде стотина канти за домаќинствата, кои ги обезбеди по цена од 1.050 денари и за истиот износ ги продава и на граѓаните. Граѓаните кои редовно плаќаат вода може да добијат канта на пет месечни рати и да ја исплаќаат заедно со сметката за вода, а останатите треба да ја платат во готово.
Јавното претпријатие ги набавува кантите, ги проследува врз основа на барање и договор на граѓаните, нудиме отплата на рати, колку е набавен кантата, толку и е продадена, односно по 1050 денари. Во претходното тромесечие се продадени 100 канти. Очекуваме во текот на следните две седмици да добиеме уште нови 100 канти. Апелираме до граѓаните, сите оние кои имаат интерес, да се обратат во ЈП „Исар“, како би склучиле договор и кантите да бидат доставени, вели Зајков.
На годишно ниво домаќинствата набавуваат околу 1.000 канти, а годинава Јавното претпријатие набави вкупно 1.540.

The post Штип ќе ја подобрува хигиената со нови контејнери и канти за отпад appeared first on Република.

]]>
Нови 12 контејнери за електронски и електричен отпад поставени низ Аеродром https://republika.mk/vesti/skopje/novi-12-kontejneri-za-elektronski-i-elektrichen-otpad-postaveni-niz-aerodrom/ Thu, 11 May 2023 11:32:58 +0000 https://republika.mk/?p=639690

Во соработка и партнерство со „Нула отпад“, Аеродром станува првата општина која воспоставува организиран систем за собирање на електронски отпад, а граѓаните и компаниите добиваат локации на кои ќе можат да ги одложат помалите електрични и електронски уреди од своите домови.

- Со овие нови контејнери кои се поставени на 12 локации низ општината, правиме значаен исчекор за промоција на одржливоста и заштита на животната средина. Овој систем, ќе придонесе за намалување на опасниот отпад на улиците, дивите депонии кои се создаваат покрај контејнерите и ќе влијае на подигнување на јавната свест, напиша градоначалникот Муцунски на својот Фејсбук профил.

- Грижата за здравата и чиста животна средина е наш приоритет, а со промовирање одржливи практики и поттикнување на одговорно отстранување на електронскиот отпад, заеднички придонесуваме да се намали влијанието на овој растечки проблем, но и да продолжи заедничката грижа за почиста животна средина, велат од општина Аеродром.

The post Нови 12 контејнери за електронски и електричен отпад поставени низ Аеродром appeared first on Република.

]]>

Во соработка и партнерство со „Нула отпад“, Аеродром станува првата општина која воспоставува организиран систем за собирање на електронски отпад, а граѓаните и компаниите добиваат локации на кои ќе можат да ги одложат помалите електрични и електронски уреди од своите домови. - Со овие нови контејнери кои се поставени на 12 локации низ општината, правиме значаен исчекор за промоција на одржливоста и заштита на животната средина. Овој систем, ќе придонесе за намалување на опасниот отпад на улиците, дивите депонии кои се создаваат покрај контејнерите и ќе влијае на подигнување на јавната свест, напиша градоначалникот Муцунски на својот Фејсбук профил. - Грижата за здравата и чиста животна средина е наш приоритет, а со промовирање одржливи практики и поттикнување на одговорно отстранување на електронскиот отпад, заеднички придонесуваме да се намали влијанието на овој растечки проблем, но и да продолжи заедничката грижа за почиста животна средина, велат од општина Аеродром.  

The post Нови 12 контејнери за електронски и електричен отпад поставени низ Аеродром appeared first on Република.

]]>
Уништени два контејнера при сообраќајка на булеварот „Партизански одреди“ https://republika.mk/vesti/skopje/unishteni-dva-kontejnera-pri-soobrakajka-na-bulevarot-partizanski-odredi/ Tue, 25 Apr 2023 09:10:02 +0000 https://republika.mk/?p=633814

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје информира дека вчера, при сообраќајна несреќа на булеварот „Партизански одреди“, во близина на Универзалната сала, биле комплетно уништени два пластични контејнера со зафатнина од 3,2 кубни метри.

По добиената дојава дека е случена сообраќајна незгода, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје веднаш излегоа на терен при што е констатирано дека двата контејнера лоцирани на булеварот „Партизански одреди“ бр. 49 се целосно уништени и неупотребливи. Во најкус можен рок, садовите беа заменети со нови, со цел да не се наруши динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад на оваа локација, изјави в.д. директорката на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Косана Николиќ Мазнева.

Во текот на изминатите неколку дена, забележано е опожарување на два пластични контејнера со зафатнина од 1,1 кубен метар, лоцирани на булеварот АСНОМ, во општината Аеродром, како и на улицата „Владимир Полежиновски“, во општината Центар.

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје извршија замена на опожарените контејнери и на посочените локации се поставени нови садови наменети за одлагање на комуналниот отпад, соопштуваат од претпријатието.

The post Уништени два контејнера при сообраќајка на булеварот „Партизански одреди“ appeared first on Република.

Контејнерите од Мундијалот патуваат за Турција https://republika.mk/vesti/svet/kontejnerite-od-mundijalot-patuvaat-za-turtsija/ Wed, 15 Feb 2023 08:10:28 +0000 https://republika.mk/?p=609148

Катарскиот Фонд за развој најави дека преку донација ќе им помогне на преживеаните во погодените подрачја од катастрофалниот земјотрес во Турција да најдат привремено засолниште во 10.000 монтажни објекти, што беа користени за време на Светското првенство во фудбал.

Околу 1,4 милиони фудбалски навивачи беа сместени во монтажни куќи за време на Мундијалот, што се одржа во Катар од 20 ноември до 18 декември.

Првата серија од 350 објекти се испорачани во неделата“, соопшти денеска катарскиот Фонд за развој.

Десетици илјади згради се уништени или тешко оштетни во катастрофалниот земјотрес што минатиот понеделник ги погоди југот на Турција и северот на Сирија, оставајќи милиони луѓе без покрив над главата.

Бројот на загинати надмина 37.000.

The post Контејнерите од Мундијалот патуваат за Турција appeared first on Република.

]]>

Катарскиот Фонд за развој најави дека преку донација ќе им помогне на преживеаните во погодените подрачја од катастрофалниот земјотрес во Турција да најдат привремено засолниште во 10.000 монтажни објекти, што беа користени за време на Светското првенство во фудбал. Околу 1,4 милиони фудбалски навивачи беа сместени во монтажни куќи за време на Мундијалот, што се одржа во Катар од 20 ноември до 18 декември. Првата серија од 350 објекти се испорачани во неделата“, соопшти денеска катарскиот Фонд за развој. Десетици илјади згради се уништени или тешко оштетни во катастрофалниот земјотрес што минатиот понеделник ги погоди југот на Турција и северот на Сирија, оставајќи милиони луѓе без покрив над главата. Бројот на загинати надмина 37.000.

The post Контејнерите од Мундијалот патуваат за Турција appeared first on Република.

]]>
До крајот годинава Кина ќе има девет од 20-те најголеми контејнерски пристаништа во светот https://republika.mk/vesti/svet/do-krajot-godinava-kina-kje-ima-devet-od-20-te-najgolemi-kontejnerski-pristanishta-vo-svetot/ Wed, 27 Jul 2022 11:39:57 +0000 https://republika.mk/?p=533702

До крајот на оваа година се очекува дека Кина ќе има девет од 20-те најголеми пристаништа за контејнери во светот. Ваков е прогнозниот извештај објавен од Кинеската академија на науките (CAS).

Во прогнозата се вели дека меѓу 20-те најголеми пристаништа, пристаништето во Шангај ќе има најголем пропусен капацитет во 2022 година, при што се додава дека повеќето пристаништа за контејнери во Кина имаат зголемена побарувачка за транспортни услуги, вклучително и пристаништата Нингбо-Жоушан, во Кингдао и Тијанџин.

Многу фактори влијаат на транспортниот волумен на контејнерите. Во споредба со регресивната анализа и економетриските модели, истражувачите ги разгледаа глобалните пристаништа како целина, земајќи ја предвид глобалната економија, трговските ситуации и развојот на бродската индустрија - вели Ванг Шујанг, директор на Центарот за прогнозирање на науки при Кинеската академија на науките.

Иако глобалната индустрија за транспорт со контејнери забави во 2022 година, транспортот со контејнери во Кина останува основа за стабилен глобален развој - вели Ксие Ганг, професор на Кинеската академија на науките.

The post До крајот годинава Кина ќе има девет од 20-те најголеми контејнерски пристаништа во светот appeared first on Република.

]]>

До крајот на оваа година се очекува дека Кина ќе има девет од 20-те најголеми пристаништа за контејнери во светот. Ваков е прогнозниот извештај објавен од Кинеската академија на науките (CAS). Во прогнозата се вели дека меѓу 20-те најголеми пристаништа, пристаништето во Шангај ќе има најголем пропусен капацитет во 2022 година, при што се додава дека повеќето пристаништа за контејнери во Кина имаат зголемена побарувачка за транспортни услуги, вклучително и пристаништата Нингбо-Жоушан, во Кингдао и Тијанџин.