Конкурс Archives - Република https://republika.mk/tema/konkurs/ За подобро да се разбереме Tue, 29 Oct 2024 12:24:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Конкурс Archives - Република https://republika.mk/tema/konkurs/ 32 32 Распишан конкурсот за најдобра поема „Григор Прличев“ https://republika.mk/vesti/kultura/raspishan-konkursot-za-najdobra-poema-grigor-prlichev/ Tue, 29 Oct 2024 12:24:53 +0000 https://republika.mk/?p=832057

Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид го распиша годинешниот конкурс за најдобра поема што традиционално се објавува во знак на сеќавање на ликот и делото на големиот охридски поет и преродбеник.

Според пропозициите на конкурсот, пријавувањето на авторски трудови ќе трае заклучно со 26 ноември, со досега необјавени поеми на слободно избрана тема.

-Тематската содржина на поемата со која што се конкурира е од слободен карактер, поемата не смее да биде помала од 912 стихови и секој педесетти стих треба да е нумериран. Делото треба да е напишано со големина на фонт минимум 11 (единаесет), испечатено еднострано на А4 формат во 4 (четири) еднакви шифрирани примероци. На конкурсот еден автор може да пријави само едно дело, коавторски дела се неприфатливи. Конкурсот е анонимен, а за најдобрата поема предвидена е и парична награда, се наведува во објавениот конкурс.

За изборот односно наградата одлучува тричлено жири составено од реномирани автори од РСМ.

Сите заинтересирани автори кои сакаат да учествуваат на конкурсот треба да испратат необјавена поема на адреса НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид, ул. „Македонски просветители” бр. 4, 6000 Охрид, со назнака „Пријава за избор на најдобра поема „Григор Прличев за 2021 година”.

Поемите кои нема да пристигнат до определениот рок или нема да ги исполнуваат условите од истиот нема да бидат земени предвид за наградата. Комисијата согласно Правилникот за критериумите и постапката за избор на најдобра поема, ќе ги извести авторите што поднеле уредна апликација за резултатите од изборот.

Наградата на лауреатот ќе му биде доделена во рамки на Манифестацијата „Прличеви беседи“ што секоја година се одржува на почетокот на февруари во знак на одбележување на годишнината од смртта на македонскиот книжевен великан Григор Прличев.

 

The post Распишан конкурсот за најдобра поема „Григор Прличев“ appeared first on Република.

]]>

Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид го распиша годинешниот конкурс за најдобра поема што традиционално се објавува во знак на сеќавање на ликот и делото на големиот охридски поет и преродбеник.

Според пропозициите на конкурсот, пријавувањето на авторски трудови ќе трае заклучно со 26 ноември, со досега необјавени поеми на слободно избрана тема.

-Тематската содржина на поемата со која што се конкурира е од слободен карактер, поемата не смее да биде помала од 912 стихови и секој педесетти стих треба да е нумериран. Делото треба да е напишано со големина на фонт минимум 11 (единаесет), испечатено еднострано на А4 формат во 4 (четири) еднакви шифрирани примероци. На конкурсот еден автор може да пријави само едно дело, коавторски дела се неприфатливи. Конкурсот е анонимен, а за најдобрата поема предвидена е и парична награда, се наведува во објавениот конкурс.

За изборот односно наградата одлучува тричлено жири составено од реномирани автори од РСМ.

Сите заинтересирани автори кои сакаат да учествуваат на конкурсот треба да испратат необјавена поема на адреса НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид, ул. „Македонски просветители” бр. 4, 6000 Охрид, со назнака „Пријава за избор на најдобра поема „Григор Прличев за 2021 година”.

Поемите кои нема да пристигнат до определениот рок или нема да ги исполнуваат условите од истиот нема да бидат земени предвид за наградата. Комисијата согласно Правилникот за критериумите и постапката за избор на најдобра поема, ќе ги извести авторите што поднеле уредна апликација за резултатите од изборот.

Наградата на лауреатот ќе му биде доделена во рамки на Манифестацијата „Прличеви беседи“ што секоја година се одржува на почетокот на февруари во знак на одбележување на годишнината од смртта на македонскиот книжевен великан Григор Прличев.

 

The post Распишан конкурсот за најдобра поема „Григор Прличев“ appeared first on Република.

]]>
МОН ги објави конкурсите за ученички стипендии, електронското аплицирање трае до 15 октомври https://republika.mk/vesti/makedonija/mon-gi-objavi-konkursite-za-uchenichki-stipendii-elektronskoto-aplitsirane-trae-do-15-oktomvri/ Tue, 01 Oct 2024 15:44:49 +0000 https://republika.mk/?p=821481

Министерството за образование и наука информира дека објавени се конкурсите за доделување на стипендии за средношколци за учебната 2024-2025 година и истите можат да се погледнат на следниот линк. Крајниот рок за аплицирање е 15 октомври 2024 година.

Станува збор за вкупно 9 различни категории на стипендии, а условите за стекнување на правото на користење, како и потребните документи се наведени во секој од конкурсите.

МОН обезбедува поддршка за апликантите преку Секторот за ученички и студентски стандард. Личните контакти на сите вработени, вклучително и на вработените во овој сектор, се наведени на следниот линк. Исто така, за дополнителни прашања активна е електронската адреса [email protected]

Министерство за образование и наука

The post МОН ги објави конкурсите за ученички стипендии, електронското аплицирање трае до 15 октомври appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука информира дека објавени се конкурсите за доделување на стипендии за средношколци за учебната 2024-2025 година и истите можат да се погледнат на следниот линк. Крајниот рок за аплицирање е 15 октомври 2024 година. Станува збор за вкупно 9 различни категории на стипендии, а условите за стекнување на правото на користење, како и потребните документи се наведени во секој од конкурсите. МОН обезбедува поддршка за апликантите преку Секторот за ученички и студентски стандард. Личните контакти на сите вработени, вклучително и на вработените во овој сектор, се наведени на следниот линк. Исто така, за дополнителни прашања активна е електронската адреса [email protected] Министерство за образование и наука

The post МОН ги објави конкурсите за ученички стипендии, електронското аплицирање трае до 15 октомври appeared first on Република.

]]>
ДЛУМ распишува конкурс за прием на нови членови https://republika.mk/vesti/kultura/dlum-raspishuva-konkurs-za-priem-na-novi-chlenovi/ Sun, 08 Sep 2024 06:54:12 +0000 https://republika.mk/?p=814248

За прием во членство на ДЛУМ потребно е да ја подготвите следната документација која треба да ја испратите на мејлот на ДЛУМ ([email protected])

1. Диплома за завршен Факултет за ликовни уметности
2. Биографија
3. Да приложите фотографии од најмалку 6 дела испратени на мејл на ДЛУМ
4. Да донесете во просториите на ДЛУМ едно делo, комплетно опремено во галериски формат
5. Да уплатите за Конкурсот за прием во членство на ДЛУМ со приложена копија на уплатницата.

Примач: ДЛУМ-Скопје
Трансакциска сметка: 210 040 911 320 116
НЛБ Банка
Износ: 1.500,00 ден.
Цел на дознака: За прием во членство на ДЛУМ

Делото за конкурсот треба да го донесете во канцеларијата на ДЛУМ, Дом на АРМ, во периодот од 23.09 до 25.09.2024 година од 15:00 до 18:00 часот.

За прием на новите членови ќе одлучува Уметничкиот совет на ДЛУМ. Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени и кандидатите ќе бидат известени на 26.09.2024 година.

The post ДЛУМ распишува конкурс за прием на нови членови appeared first on Република.

]]>

За прием во членство на ДЛУМ потребно е да ја подготвите следната документација која треба да ја испратите на мејлот на ДЛУМ ([email protected]) 1. Диплома за завршен Факултет за ликовни уметности 2. Биографија 3. Да приложите фотографии од најмалку 6 дела испратени на мејл на ДЛУМ 4. Да донесете во просториите на ДЛУМ едно делo, комплетно опремено во галериски формат 5. Да уплатите за Конкурсот за прием во членство на ДЛУМ со приложена копија на уплатницата. Примач: ДЛУМ-Скопје Трансакциска сметка: 210 040 911 320 116 НЛБ Банка Износ: 1.500,00 ден. Цел на дознака: За прием во членство на ДЛУМ Делото за конкурсот треба да го донесете во канцеларијата на ДЛУМ, Дом на АРМ, во периодот од 23.09 до 25.09.2024 година од 15:00 до 18:00 часот. За прием на новите членови ќе одлучува Уметничкиот совет на ДЛУМ. Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени и кандидатите ќе бидат известени на 26.09.2024 година.

The post ДЛУМ распишува конкурс за прием на нови членови appeared first on Република.

]]>
Ликовен и поетски конкурс на тема „Лето во Велес” https://republika.mk/vesti/kultura/likoven-i-poetski-konkurs-na-tema-leto-vo-veles/ Sat, 10 Aug 2024 13:47:17 +0000 https://republika.mk/?p=805212

Општина Велес и манифестацијата Велешко лето распишуваат ликовен и поетски конкурс на тема „Лето во Велес”!

Право на учество имаат деца и млади на возраст до 18 години, кои ќе бидат поделени во три возрасни категории.

 

Достава на ликовни творби: По пошта на ул.Панко Брашнар бр.1, Велес, или во архива на Општина Велес, со назнака: За ликовен конкурс.

Достава на поетски творби: Преку е-пошта на [email protected], со назнака: За поетски конкурс.

 

Потребни податоци: име и презиме на авторот, место, телефонски број и е-адреса.

Рок за достава: 15.08.2024 година.

 

Да ги исполниме топлите летни денови со креативност и да ги наградиме најдобрите!

The post Ликовен и поетски конкурс на тема „Лето во Велес” appeared first on Република.

]]>

Општина Велес и манифестацијата Велешко лето распишуваат ликовен и поетски конкурс на тема „Лето во Велес”! Право на учество имаат деца и млади на возраст до 18 години, кои ќе бидат поделени во три возрасни категории.   Достава на ликовни творби: По пошта на ул.Панко Брашнар бр.1, Велес, или во архива на Општина Велес, со назнака: За ликовен конкурс. Достава на поетски творби: Преку е-пошта на [email protected], со назнака: За поетски конкурс.   Потребни податоци: име и презиме на авторот, место, телефонски број и е-адреса. Рок за достава: 15.08.2024 година.   Да ги исполниме топлите летни денови со креативност и да ги наградиме најдобрите!

The post Ликовен и поетски конкурс на тема „Лето во Велес” appeared first on Република.

]]>
Продолжен рокот за достава на дела за наградата „Мост“ на ДПМ за 2023 година https://republika.mk/vesti/kultura/prodolzhen-rokot-za-dostava-na-dela-za-nagradata-most-na-dpm-za-2023-godina/ Fri, 09 Aug 2024 10:24:32 +0000 https://republika.mk/?p=804910

Друштвото на писателите на Македонија информира дека рокот за достава на дела на конкурсот за наградата „Мост“ на Друштвото на писателите на Македонија за 2023 година, за дела објавени на некој од јазиците на националностите, се продолжува до 1 септември (недела).

Потсетуваме дека согласно Правилникот за доделување на годишните награди на ДПМ, за секоја од наградите потребно е да се достават најмалку 3 дела за да биде конституирана жири-комисија и наградата да се додели.

За наградата „Мост“ можат да конкурираат прозни дела, збирки поезија, книги за деца и млади, како и книги со книжевна критика и есеистика. За учество, потребно е до ДПМ да биде доставено делото испечатено на изворниот јазик, како и превод/препев на дел од делото. Конкретно, треба да се достават најмалку 20 страници од делото (за прозни дела), најмалку 10 песни (за дела напишани во стихови), или најмалку 25% од книгата (за книги за деца и млади). Се предлага преводите да претставуваат смисловни целини (расказ, поглавје, есеј, итн.), да бидат извадени од различни делови/циклуси (доколку делото е поделено на делови/циклуси) и да бидат редактирани на македонски јазик.

За наградата мост можат да конкурираат сите активни членови на ДПМ, кои ги имаат подмирено своите членарини во Друштвото, стои во соопштението.

The post Продолжен рокот за достава на дела за наградата „Мост“ на ДПМ за 2023 година appeared first on Република.

]]>

Друштвото на писателите на Македонија информира дека рокот за достава на дела на конкурсот за наградата „Мост“ на Друштвото на писателите на Македонија за 2023 година, за дела објавени на некој од јазиците на националностите, се продолжува до 1 септември (недела).

Потсетуваме дека согласно Правилникот за доделување на годишните награди на ДПМ, за секоја од наградите потребно е да се достават најмалку 3 дела за да биде конституирана жири-комисија и наградата да се додели.

За наградата „Мост“ можат да конкурираат прозни дела, збирки поезија, книги за деца и млади, како и книги со книжевна критика и есеистика. За учество, потребно е до ДПМ да биде доставено делото испечатено на изворниот јазик, како и превод/препев на дел од делото. Конкретно, треба да се достават најмалку 20 страници од делото (за прозни дела), најмалку 10 песни (за дела напишани во стихови), или најмалку 25% од книгата (за книги за деца и млади). Се предлага преводите да претставуваат смисловни целини (расказ, поглавје, есеј, итн.), да бидат извадени од различни делови/циклуси (доколку делото е поделено на делови/циклуси) и да бидат редактирани на македонски јазик.

За наградата мост можат да конкурираат сите активни членови на ДПМ, кои ги имаат подмирено своите членарини во Друштвото, стои во соопштението.

The post Продолжен рокот за достава на дела за наградата „Мост“ на ДПМ за 2023 година appeared first on Република.

]]>
Расказот „Јоанес Даубманус“ под шифра „Фанатик“ победи на конкурсот „Живко Чинго“, авторот до 9 август треба да се јави за докажување на авторството https://republika.mk/vesti/kultura/raskazot-joanes-daubmanus-pod-shifra-fanatik-pobedi-na-konkursot-zhivko-chingo-avtorot-do-9-avgust-treba-da-se-javi-za-dokazhuvane-na-avtorstvoto/ Wed, 07 Aug 2024 20:58:27 +0000 https://republika.mk/?p=804348

Расказот под наслов „Јоанес Даубманус“ на авторот под шифрата „Фанатик“ е избран за најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“, што традиционално се распишува во чест на охридскиот и македонскиот раскажувач и писател.

Комисијата што ги оценуваше доставените трудови во состав Димитар Пандев, Иван Џепароски и Славе Ѓорѓо Димоски, во конкуренција на 62 раскази го издвои „Јоанес Даубманус“ како пример за постмодернистичка наративна постапка, проткаена со ироничен призвук и сместена во македонски книжевен контекст.

Авторот на наградениот расказ треба најдоцна до 9 август да се јави во Одделението за култура на Општина Охрид, за докажување на авторството со четвртиот примерок, информираат од Општина Охрид.

Наградата на авторот ќе му биде врачена на традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ што ќе се одржи  на 13 август 2024 година во родното цело на Чинго, селото Велгошти.

The post Расказот „Јоанес Даубманус“ под шифра „Фанатик“ победи на конкурсот „Живко Чинго“, авторот до 9 август треба да се јави за докажување на авторството appeared first on Република.

]]>

Расказот под наслов „Јоанес Даубманус“ на авторот под шифрата „Фанатик“ е избран за најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“, што традиционално се распишува во чест на охридскиот и македонскиот раскажувач и писател. Комисијата што ги оценуваше доставените трудови во состав Димитар Пандев, Иван Џепароски и Славе Ѓорѓо Димоски, во конкуренција на 62 раскази го издвои „Јоанес Даубманус“ како пример за постмодернистичка наративна постапка, проткаена со ироничен призвук и сместена во македонски книжевен контекст. Авторот на наградениот расказ треба најдоцна до 9 август да се јави во Одделението за култура на Општина Охрид, за докажување на авторството со четвртиот примерок, информираат од Општина Охрид. Наградата на авторот ќе му биде врачена на традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ што ќе се одржи  на 13 август 2024 година во родното цело на Чинго, селото Велгошти.

The post Расказот „Јоанес Даубманус“ под шифра „Фанатик“ победи на конкурсот „Живко Чинго“, авторот до 9 август треба да се јави за докажување на авторството appeared first on Република.

]]>
КСП Центар – Јадро објавува конкурс за изработка на мурал на фасадата https://republika.mk/vesti/kultura/ksp-tsentar-jadro-objavuva-konkurs-za-izrabotka-na-mural-na-fasadata/ Thu, 25 Jul 2024 09:06:25 +0000 https://republika.mk/?p=800109

КСП Центар – Јадро објавува конкурс за изработка на мурал на фасадата на центарот кој треба да биде реализиран до крајот септември 2024 година.

Зошто мурал?
Со овој отворен конкурс, Центар – Јадро ја продолжува иницијативата за изработка на темпорални мурали кои ќе бидат изработувани на фасадата на центарот преку кои ќе се промовира уметноста во јавен простор а менувањетото на изгледот на фасадата ќе го истакне и промовира отворениот модел на инстиуцијата како простор во којшто постои плуралност на идеи и изрази.

 

Насоки за конкурсот:
КСП ЦЕНТАР – ЈАДРО е прв пример на модел на јавно-цивилно партнерство во земјава преку кој сакаме да покажеме дека се можни и поинакви начини на дејствување, содружништво и поврзување. Оваа институција претставува пример на концепт за создавање професионална креативна заедница. Ваквиот вид установи на нов начин му пристапуваат на просторот и на начинот на неговото управување, користење и програмско осмислување, разноликост и инклузивност.

Тематски конкурост е отворен, а идејните решенија за муралот треба да ги отсликуваат основните начела/цели врз којшто се темели КСП Центар – Јадро.

 

Технички податоци:
На конкурсот право на учество имаат сите уметници кои се државјани или резиденти во Р Македонија. Уметниците можат да се пријават индивидуално или како групи/колективи. КСП Центар – Јадро обезбедува средства за материјали за изработка на муралот како и авторски хонорар. Димензиите на ѕидот се 14х3,5 метри а во прилог ви доставуваме технички цртеж и фотографија од фасадата. Планиран период за изработка на муралот е во периодот од 1 до 26 септември 2024 година.

За изборот ќе одлучува жири-комисија составена од истакнати професионалци од областа на културата.

 

Авторот/ите треба да приложат скици за муралот, краток опис за концептот како и кратка биографија во PDF документ со максимална големина од 5 MB на мејл адресата [email protected], најдоцна до 26 август 2024г. со назнака Конкурс за изработка на мурал и податоци за авторот/ите (име, презиме, телефонски број).

За повеќе информации околу конкурсот заинтерисираните автори можат да не исконтактираат на на мејл адресата: [email protected].

 

The post КСП Центар – Јадро објавува конкурс за изработка на мурал на фасадата appeared first on Република.

]]>

КСП Центар – Јадро објавува конкурс за изработка на мурал на фасадата на центарот кој треба да биде реализиран до крајот септември 2024 година. Зошто мурал? Со овој отворен конкурс, Центар – Јадро ја продолжува иницијативата за изработка на темпорални мурали кои ќе бидат изработувани на фасадата на центарот преку кои ќе се промовира уметноста во јавен простор а менувањетото на изгледот на фасадата ќе го истакне и промовира отворениот модел на инстиуцијата како простор во којшто постои плуралност на идеи и изрази.   Насоки за конкурсот: КСП ЦЕНТАР – ЈАДРО е прв пример на модел на јавно-цивилно партнерство во земјава преку кој сакаме да покажеме дека се можни и поинакви начини на дејствување, содружништво и поврзување. Оваа институција претставува пример на концепт за создавање професионална креативна заедница. Ваквиот вид установи на нов начин му пристапуваат на просторот и на начинот на неговото управување, користење и програмско осмислување, разноликост и инклузивност. Тематски конкурост е отворен, а идејните решенија за муралот треба да ги отсликуваат основните начела/цели врз којшто се темели КСП Центар – Јадро.   Технички податоци: На конкурсот право на учество имаат сите уметници кои се државјани или резиденти во Р Македонија. Уметниците можат да се пријават индивидуално или како групи/колективи. КСП Центар – Јадро обезбедува средства за материјали за изработка на муралот како и авторски хонорар. Димензиите на ѕидот се 14х3,5 метри а во прилог ви доставуваме технички цртеж и фотографија од фасадата. Планиран период за изработка на муралот е во периодот од 1 до 26 септември 2024 година. За изборот ќе одлучува жири-комисија составена од истакнати професионалци од областа на културата.   Авторот/ите треба да приложат скици за муралот, краток опис за концептот како и кратка биографија во PDF документ со максимална големина од 5 MB на мејл адресата [email protected], најдоцна до 26 август 2024г. со назнака Конкурс за изработка на мурал и податоци за авторот/ите (име, презиме, телефонски број). За повеќе информации околу конкурсот заинтерисираните автори можат да не исконтактираат на на мејл адресата: [email protected].  

The post КСП Центар – Јадро објавува конкурс за изработка на мурал на фасадата appeared first on Република.

]]>
Конкурси за стипендии за втор и за трет циклус студии во странство за академската 2024/2025 https://republika.mk/vesti/makedonija/konkursi-za-stipendii-za-vtor-i-za-tret-tsiklus-studii-vo-stranstvo-za-akademskata-2024-2025/ Sat, 20 Jul 2024 12:27:41 +0000 https://republika.mk/?p=798726

Министерството за образование и наука ги објави конкурсите за доделување стипендии за студии од втор и од трет циклус во странство за академската 2024/2025, за кои рокот за пријавување е 15 септември 2024.

Право да конкурираат имаат студенти кои се примени на втор циклус студии (магистерски) или на трет циклус студии (докторски) на еден од првите десет рангирани универзитети од сите области, односно на еден од првите 100 рангирани универзитети на последната објавена Шангајска листа од областите: инженерство и технологиja, архитектура, градежништво, математика, меѓународно јавно и приватно право, економија и бизнис, физика, биологија, хемија, наука за храна, наука за земјиште и води, компјутерски и информациски науки, електротехника, електроника и информациско инженерство, машинство, туризам и генетика.

На корисникот на стипендија му се надоместуваат трошоците за уписнина во висина од најмногу 40.000 американски долари годишно, еден авионски билет на почетокот на студиите, еден авионски билет по завршување на студиите или еден повратен авионски билет, додека месечна стипендија се исплаќа согласно Решението за утврдување на начинот на пресметка на трошоците за месечна стипендија на студенти кои студираат во странство за академската 2024/2025 година (врз основа на Листата на индекси на малопродажни цени за животни трошоци, која е објавена од надлежните органи на Обединетите нации). Секој износ над горенаведената сума за уписнина е на товар на студентот, е наведено во конкурсите.

Во нив се содржани условите за добивање на стипендијата и обврските кои добитникот на стипендијата (за втор или за трет циклус студии) ќе ги има кон државата по завршување на студиите. Наведени се и документите што се потребни за аплицирање и начинот како кандидатите да се пријават додека се отворени конкурсите – до 15 септември 2024.

The post Конкурси за стипендии за втор и за трет циклус студии во странство за академската 2024/2025 appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука ги објави конкурсите за доделување стипендии за студии од втор и од трет циклус во странство за академската 2024/2025, за кои рокот за пријавување е 15 септември 2024. Право да конкурираат имаат студенти кои се примени на втор циклус студии (магистерски) или на трет циклус студии (докторски) на еден од првите десет рангирани универзитети од сите области, односно на еден од првите 100 рангирани универзитети на последната објавена Шангајска листа од областите: инженерство и технологиja, архитектура, градежништво, математика, меѓународно јавно и приватно право, економија и бизнис, физика, биологија, хемија, наука за храна, наука за земјиште и води, компјутерски и информациски науки, електротехника, електроника и информациско инженерство, машинство, туризам и генетика. На корисникот на стипендија му се надоместуваат трошоците за уписнина во висина од најмногу 40.000 американски долари годишно, еден авионски билет на почетокот на студиите, еден авионски билет по завршување на студиите или еден повратен авионски билет, додека месечна стипендија се исплаќа согласно Решението за утврдување на начинот на пресметка на трошоците за месечна стипендија на студенти кои студираат во странство за академската 2024/2025 година (врз основа на Листата на индекси на малопродажни цени за животни трошоци, која е објавена од надлежните органи на Обединетите нации). Секој износ над горенаведената сума за уписнина е на товар на студентот, е наведено во конкурсите. Во нив се содржани условите за добивање на стипендијата и обврските кои добитникот на стипендијата (за втор или за трет циклус студии) ќе ги има кон државата по завршување на студиите. Наведени се и документите што се потребни за аплицирање и начинот како кандидатите да се пријават додека се отворени конкурсите – до 15 септември 2024.

The post Конкурси за стипендии за втор и за трет циклус студии во странство за академската 2024/2025 appeared first on Република.

]]>
На конкурсот за годишни награди на ДПМ за 2023 година пријавени вкупно 35 дела https://republika.mk/vesti/kultura/na-konkursot-za-godishni-nagradi-na-dpm-za-2023-godina-prijaveni-vkupno-35-dela/ Sat, 13 Jul 2024 09:04:38 +0000 https://republika.mk/?p=796315

На конкурсот за годишни награди на ДПМ за 2023 година пријавени се вкупно 35 дела

За наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело во 2023 г. пријавени се 14 дела:

• „Ѕиркачи“ (кратки прози) од Даниела Андоновска-Трајковска, издание на „Ми-Ан“
• „Не кажувам“ (роман) од Петар Андоновски, издание на „Полица“
• „Мина“ (роман) од Игор Анѓелков, издание на „Или-или“
• „Параглајдери меѓу гулабите“ (роман) од Јован Дамјановски, издание на „Дијалог“
• „Единствен матичен број“ (роман) од Лидија Димковска, издание на „Три“
• „Во трка за животот“ (роман) од Петре Димовски, издание на „Дијалог“
• „Увозникот на бели ноќи“ (повест) од Трајче Кацаров, издание на „Матица“
• „Ако се родат некакви чувства“ (роман) од Блаже Миневски, издание на „Матица“
• „Заборав“ (роман) од Томислав Османли, издание на „ВиГ Зеница“
• „Сè уште можам нешто да сторам“ (роман) од Фросина Пармаковска, издание на „Или-или“
• „Полиглот“ (роман) од Игор Станојоски, издание на „Муза“
• „Топлица“ (роман) од Добре Тодоровски, самиздат
• „Вонземјанки“ (раскази) од Влада Урошевиќ, издание на „Или-или“
• „Туѓинци и браќа“ (роман) од Ивица Челиковиќ, издание на „Паблишер“

За наградата „Ацо Шопов“ за најдобра збирка поезија во 2023 г. пријавени се 7 дела:

• „Коњски житија“ од Зоран Анчевски, издание на „Арс ламина“
• „Ден-година“ од Тихомир Јанчовски, самиздат
• „Умоверзум“ од Фима Клетникова, издание на „Макавеј“
• „Други далечини“ од Сашо Огненовски, издание на „ПНВ публикации“
• „За сите времиња“ од Братислав Ташковски, издание на „ПНВ публикации“
• „На врв на јазикот“ од Катица Ќулавкова, издание на „Арс ламина“
• „Поинаков сон“ од Ивица Челиковиќ, издание на „Караманови средби“

За наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади пријавени се 6 дела:

• „На крилјата на самовилското коњче“ од Александра Велинова, издание на „Едука Мак“
• „Луѓето и змејовите“ од Владо Јаневски, издание на „Арс ламина“
• „Палавковците Влатко и Емче“ од Владо Јаневски, издание на „Стрип квадрат“.
• „Бајки на нишалки“ од Ели Маказлиева, издание на „Едука Мак“
• „Рокчето“ од Никола Маџиров, издание на „Арс ламина“
• „Земјата на заборавените сказни“ од Билјана С. Црвенковска, издание на „Чудна шума“

За наградата „Димитар Митрев“ на најдобра книга критика и есеистика пријавени се 8 дела:

• „Од онаа страна на небиднината“ од Иван Антоновски, издание на „Дијалог“
• „Просто и строго - Конески“ од Иван Антоновски, издание на „Матица“
• „Вертикали на македонската книжевност“ од Љубинка Донева, издание на „Восток“
• „Птици во аквариум“ од Лидија Капушевска-Дракулевска и Влада Урошевиќ, издание на „Полица“
• „Аспекти на македонскиот книжевен хронотоп“ од Мирјана Стојановска, издание на Битолски книжевен круг
• „Тажен и прекрасен свет“ од Дејан Трајкоски, издание на „Прозарт“
• „Живот во ролни“ од Горан Тренчовски, самиздат
• „Два опита (Конески и Старделов)“ од Ивица Џепароски, издание на Филозовски факултет

Имајќи ја предвид потребата дел од делото да биде преведен на македонски јазик, УО го продолжи, до крајот на месец јули 2024, рокот за достава на пријави за наградата „Мост“, која се доделува за дела напишани и објавени или двојазично, или на некој од јазиците на националностите.

 

The post На конкурсот за годишни награди на ДПМ за 2023 година пријавени вкупно 35 дела appeared first on Република.

]]>

На конкурсот за годишни награди на ДПМ за 2023 година пријавени се вкупно 35 дела За наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело во 2023 г. пријавени се 14 дела: • „Ѕиркачи“ (кратки прози) од Даниела Андоновска-Трајковска, издание на „Ми-Ан“ • „Не кажувам“ (роман) од Петар Андоновски, издание на „Полица“ • „Мина“ (роман) од Игор Анѓелков, издание на „Или-или“ • „Параглајдери меѓу гулабите“ (роман) од Јован Дамјановски, издание на „Дијалог“ • „Единствен матичен број“ (роман) од Лидија Димковска, издание на „Три“ • „Во трка за животот“ (роман) од Петре Димовски, издание на „Дијалог“ • „Увозникот на бели ноќи“ (повест) од Трајче Кацаров, издание на „Матица“ • „Ако се родат некакви чувства“ (роман) од Блаже Миневски, издание на „Матица“ • „Заборав“ (роман) од Томислав Османли, издание на „ВиГ Зеница“ • „Сè уште можам нешто да сторам“ (роман) од Фросина Пармаковска, издание на „Или-или“ • „Полиглот“ (роман) од Игор Станојоски, издание на „Муза“ • „Топлица“ (роман) од Добре Тодоровски, самиздат • „Вонземјанки“ (раскази) од Влада Урошевиќ, издание на „Или-или“ • „Туѓинци и браќа“ (роман) од Ивица Челиковиќ, издание на „Паблишер“ За наградата „Ацо Шопов“ за најдобра збирка поезија во 2023 г. пријавени се 7 дела: • „Коњски житија“ од Зоран Анчевски, издание на „Арс ламина“ • „Ден-година“ од Тихомир Јанчовски, самиздат • „Умоверзум“ од Фима Клетникова, издание на „Макавеј“ • „Други далечини“ од Сашо Огненовски, издание на „ПНВ публикации“ • „За сите времиња“ од Братислав Ташковски, издание на „ПНВ публикации“ • „На врв на јазикот“ од Катица Ќулавкова, издание на „Арс ламина“ • „Поинаков сон“ од Ивица Челиковиќ, издание на „Караманови средби“ За наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади пријавени се 6 дела: • „На крилјата на самовилското коњче“ од Александра Велинова, издание на „Едука Мак“ • „Луѓето и змејовите“ од Владо Јаневски, издание на „Арс ламина“ • „Палавковците Влатко и Емче“ од Владо Јаневски, издание на „Стрип квадрат“. • „Бајки на нишалки“ од Ели Маказлиева, издание на „Едука Мак“ • „Рокчето“ од Никола Маџиров, издание на „Арс ламина“ • „Земјата на заборавените сказни“ од Билјана С. Црвенковска, издание на „Чудна шума“ За наградата „Димитар Митрев“ на најдобра книга критика и есеистика пријавени се 8 дела: • „Од онаа страна на небиднината“ од Иван Антоновски, издание на „Дијалог“ • „Просто и строго - Конески“ од Иван Антоновски, издание на „Матица“ • „Вертикали на македонската книжевност“ од Љубинка Донева, издание на „Восток“ • „Птици во аквариум“ од Лидија Капушевска-Дракулевска и Влада Урошевиќ, издание на „Полица“ • „Аспекти на македонскиот книжевен хронотоп“ од Мирјана Стојановска, издание на Битолски книжевен круг • „Тажен и прекрасен свет“ од Дејан Трајкоски, издание на „Прозарт“ • „Живот во ролни“ од Горан Тренчовски, самиздат • „Два опита (Конески и Старделов)“ од Ивица Џепароски, издание на Филозовски факултет Имајќи ја предвид потребата дел од делото да биде преведен на македонски јазик, УО го продолжи, до крајот на месец јули 2024, рокот за достава на пријави за наградата „Мост“, која се доделува за дела напишани и објавени или двојазично, или на некој од јазиците на националностите.  

The post На конкурсот за годишни награди на ДПМ за 2023 година пријавени вкупно 35 дела appeared first on Република.

]]>
Запрен е Конкурсот за издавање учебници за деветгодишно основно образование https://republika.mk/vesti/makedonija/zapren-e-konkursot-za-izdavane-uchebnitsi-za-devetgodishno-osnovno-obrazovanie/ Tue, 09 Jul 2024 06:58:10 +0000 https://republika.mk/?p=794765

Запрен е Конкурсот за издавање учебници во деветгодишното основно образование, објавен на 9 април 2024 од Министерството за образование и наука. МОН на својата веб-страница објави дека оваа одлука е согласно заклучокот од седницата на Владата во петокот (5 јули 2024) и од причина што ќе следуваат измени и дополнувања на Концепцијата за основно образование.

Како што наведува МОН во објавата за запирањето на Конкурсот, измените на Концепцијата се „во насока на соодветно изучување на научните дисциплини историја, географија, биологија, хемија и физика како посебни наставни предмети, а кои сега се изучуваат интегрирано во наставните предмети „Историја и општество“ и „Природни науки“ (од шесто до деветто одделение)“.

Истото е со цел учениците потребните знаења, вештини и ставови од овие наставни предмети да ги стекнуваат согласно националните стандарди на крајот од основното образование, како и да се обезбеди меѓународна споредливост на постигањата на учениците на определена возраст во основното образование, наведува МОН.

Во објавата за запирање на Конкурсот кој е објавен пред три месеци, МОН го известува авторот односно авторите кои доставиле ракопис во архивата на Педагошката служба, заклучно со 8 јули 2024 година, дека тој може да се подигне од Педагошката служба најдоцна 15 дена од објавата на ова соопштение.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска во петокот на прес-конференција го соопшти заклучокот на Владата за одложување на имплементацијата на дел од Концепцијата што се однесува на седмо, осмо и деветто одделение во однос на наставните планови и програми, како што рече, „без да бидат засегнати изборните предмети за кои сметаме дека се добро решение во идниот процес на образование кај младите“.

The post Запрен е Конкурсот за издавање учебници за деветгодишно основно образование appeared first on Република.

]]>

Запрен е Конкурсот за издавање учебници во деветгодишното основно образование, објавен на 9 април 2024 од Министерството за образование и наука. МОН на својата веб-страница објави дека оваа одлука е согласно заклучокот од седницата на Владата во петокот (5 јули 2024) и од причина што ќе следуваат измени и дополнувања на Концепцијата за основно образование. Како што наведува МОН во објавата за запирањето на Конкурсот, измените на Концепцијата се „во насока на соодветно изучување на научните дисциплини историја, географија, биологија, хемија и физика како посебни наставни предмети, а кои сега се изучуваат интегрирано во наставните предмети „Историја и општество“ и „Природни науки“ (од шесто до деветто одделение)“.
Истото е со цел учениците потребните знаења, вештини и ставови од овие наставни предмети да ги стекнуваат согласно националните стандарди на крајот од основното образование, како и да се обезбеди меѓународна споредливост на постигањата на учениците на определена возраст во основното образование, наведува МОН.
Во објавата за запирање на Конкурсот кој е објавен пред три месеци, МОН го известува авторот односно авторите кои доставиле ракопис во архивата на Педагошката служба, заклучно со 8 јули 2024 година, дека тој може да се подигне од Педагошката служба најдоцна 15 дена од објавата на ова соопштение. Министерката за образование и наука Весна Јаневска во петокот на прес-конференција го соопшти заклучокот на Владата за одложување на имплементацијата на дел од Концепцијата што се однесува на седмо, осмо и деветто одделение во однос на наставните планови и програми, како што рече, „без да бидат засегнати изборните предмети за кои сметаме дека се добро решение во идниот процес на образование кај младите“.

The post Запрен е Конкурсот за издавање учебници за деветгодишно основно образование appeared first on Република.

]]>
Конкурсот за наградата „Пегаз“ за 2024 година ќе биде отворен до 1 јули https://republika.mk/vesti/kultura/konkursot-za-nagradata-pegaz-za-2024-godina-ke-bide-otvoren-do-1-juli/ Thu, 27 Jun 2024 09:32:06 +0000 https://republika.mk/?p=791215

Шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман во 2024 година, ќе биде отворен до 1 јули (понеделник). На конкурсот, распишан од издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, можат да конкурираат сите необјавени романи напишани на македонски јазик, наменети за возрасни или за деца. Ракописите треба да ги достават самите автори, на електронската пошта [email protected], како ворд или ПДФ-документ.

Ракописите ќе ги оценува тричлена жири-комисија составена од двајца реномирани културни работници и еден претставник од издавачката куќа, чијшто состав ќе биде објавен дополнително. Наградата „Пегаз“ е откупна и се состои од паричен износ од 90.000 денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција.

„Пегаз“ е резултат на идејата за откривање на нови писателски гласови што ќе придонесат за унапредување на книжевниот вид роман во рамките на македонската книжевна продукција. Наградата е востановена во 2019 година и е замислена како продолжение на етаблираната награда „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ за најдобар објавен роман на годината.

Досегашни добитници на наградата „Пегаз“ се романите: „Насон прочитана книга“ од Соња Манџук (2019), „Мртвите знаат најдобро“ од Владо Јаневски и „Лазарка“ од Љупчо Петрески (2020), „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков (2021), „Зелениот дворец“ од Сибо (2022) и „Риба во(н) мрежа“ од Јована Матевска Атанасова (2023). Книгите се дел од едицијата „Пегаз“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Годинашното издание на наградата „Пегаз“ е поддржано од Министерството за култура во рамките на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во областа на културата.

Добитникот на наградата ќе биде прогласен на 2 септември 2024 година.

The post Конкурсот за наградата „Пегаз“ за 2024 година ќе биде отворен до 1 јули appeared first on Република.

]]>

Шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман во 2024 година, ќе биде отворен до 1 јули (понеделник). На конкурсот, распишан од издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, можат да конкурираат сите необјавени романи напишани на македонски јазик, наменети за возрасни или за деца. Ракописите треба да ги достават самите автори, на електронската пошта [email protected], како ворд или ПДФ-документ. Ракописите ќе ги оценува тричлена жири-комисија составена од двајца реномирани културни работници и еден претставник од издавачката куќа, чијшто состав ќе биде објавен дополнително. Наградата „Пегаз“ е откупна и се состои од паричен износ од 90.000 денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција. „Пегаз“ е резултат на идејата за откривање на нови писателски гласови што ќе придонесат за унапредување на книжевниот вид роман во рамките на македонската книжевна продукција. Наградата е востановена во 2019 година и е замислена како продолжение на етаблираната награда „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ за најдобар објавен роман на годината. Досегашни добитници на наградата „Пегаз“ се романите: „Насон прочитана книга“ од Соња Манџук (2019), „Мртвите знаат најдобро“ од Владо Јаневски и „Лазарка“ од Љупчо Петрески (2020), „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков (2021), „Зелениот дворец“ од Сибо (2022) и „Риба во(н) мрежа“ од Јована Матевска Атанасова (2023). Книгите се дел од едицијата „Пегаз“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Годинашното издание на наградата „Пегаз“ е поддржано од Министерството за култура во рамките на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во областа на културата. Добитникот на наградата ќе биде прогласен на 2 септември 2024 година.

The post Конкурсот за наградата „Пегаз“ за 2024 година ќе биде отворен до 1 јули appeared first on Република.

]]>
Кинотеката го објави конкурсот „После дождот“ https://republika.mk/vesti/kultura/kinotekata-go-objavi-konkursot-posle-dozhdot/ Mon, 24 Jun 2024 15:12:01 +0000 https://republika.mk/?p=790364

Кинотека го објави конкурсот „После дождот“ во чест на јубилејот, 30 години од македонскиот и светски класик, филмот „Пред дождот“, наменет за сите млади филмаџии, музичари, графичари, ликовни уметници.

Сними оригинален краток филм (меѓу 30 секунди и 30 минути), во кој ќе користиш барем една реплика од филмот „Пред дождот“. На било кој видео формат. Креирај оригинален плакат за филмот, оригинален ремикс на музиката од филмот или друго уметничко дело инспирирано од филмот, соопштија од Кинотеката.

Како што посочуваат, сработените трудови треба да бидат испратени на „[email protected]“ или кај нив, на адреса „Никола Русински“ број 1.

Од Кинотеката информираат дека селекција од пристигнатите трудови ќе биде презентирана на широка домашна и меѓународна публика, а наградите ќе бидат објавени наскоро.

 

The post Кинотеката го објави конкурсот „После дождот“ appeared first on Република.

]]>

Кинотека го објави конкурсот „После дождот“ во чест на јубилејот, 30 години од македонскиот и светски класик, филмот „Пред дождот“, наменет за сите млади филмаџии, музичари, графичари, ликовни уметници.
Сними оригинален краток филм (меѓу 30 секунди и 30 минути), во кој ќе користиш барем една реплика од филмот „Пред дождот“. На било кој видео формат. Креирај оригинален плакат за филмот, оригинален ремикс на музиката од филмот или друго уметничко дело инспирирано од филмот, соопштија од Кинотеката.
Како што посочуваат, сработените трудови треба да бидат испратени на „[email protected]“ или кај нив, на адреса „Никола Русински“ број 1. Од Кинотеката информираат дека селекција од пристигнатите трудови ќе биде презентирана на широка домашна и меѓународна публика, а наградите ќе бидат објавени наскоро.  

The post Кинотеката го објави конкурсот „После дождот“ appeared first on Република.

]]>
СВП го објави конкурсот за наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга https://republika.mk/vesti/kultura/svp-go-objavi-konkursot-za-nagradata-braka-miladinovtsi-za-najdobra-poetska-kniga/ Fri, 31 May 2024 13:52:09 +0000 https://republika.mk/?p=783587

Поетската манифестиација „Струшки вечери на поезијата“ (СВП) го објави конкурсот за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија, објавена на македонски јазик во периодот од 1 јуни 2023 година до 31 мај 2024 година.

Наградата „Браќа Миладиновци“ се доделува за поетска книга напишана и објавена на македонски јазик (во книжен или електронски облик). На конкурсот може да биде пријавена и книга објавена двојазично, во која што поетското творештво е оригинално создадено на македонски јазик, односно не е превод од друг јазик.

На конкурсот пријави можат да поднесат авторите или нивните издавачи со согласност од авторот.

Конкурсот ќе трае од денот на објавувањето до 25 јуни 2024 година.

 

The post СВП го објави конкурсот за наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга appeared first on Република.

]]>

Поетската манифестиација „Струшки вечери на поезијата“ (СВП) го објави конкурсот за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија, објавена на македонски јазик во периодот од 1 јуни 2023 година до 31 мај 2024 година. Наградата „Браќа Миладиновци“ се доделува за поетска книга напишана и објавена на македонски јазик (во книжен или електронски облик). На конкурсот може да биде пријавена и книга објавена двојазично, во која што поетското творештво е оригинално создадено на македонски јазик, односно не е превод од друг јазик. На конкурсот пријави можат да поднесат авторите или нивните издавачи со согласност од авторот. Конкурсот ќе трае од денот на објавувањето до 25 јуни 2024 година.  

The post СВП го објави конкурсот за наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга appeared first on Република.

]]>
Министерството за култура го објави Конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ https://republika.mk/vesti/kultura/ministerstvoto-za-kultura-go-objavi-konkursot-za-dodeluvane-na-drzhavnata-nagrada-sv-kliment-ohridski/ Fri, 31 May 2024 09:26:57 +0000 https://republika.mk/?p=783454

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ распиша Конкурс за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2024 година, информираат од Министерството за култура.

Со државната награда „Св. Климент Охридски“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност.

Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.

Конкурсот трае од 1 до 30 јуни 2024 година.

Целиот конкурс и пријавата се објавени на веб-страницата на Министерството за култура на следнава врска: Конкурс за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски“ за 2024 година

The post Министерството за култура го објави Конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ appeared first on Република.

]]>

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ распиша Конкурс за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2024 година, информираат од Министерството за култура.

Со државната награда „Св. Климент Охридски“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност.

Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.

Конкурсот трае од 1 до 30 јуни 2024 година.

Целиот конкурс и пријавата се објавени на веб-страницата на Министерството за култура на следнава врска: Конкурс за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски“ за 2024 година

The post Министерството за култура го објави Конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ appeared first on Република.

]]>
Наградата „Антево перо“ ќе се додели по седми пат: Распишан конкурсот за 2024 https://republika.mk/vesti/kultura/nagradata-antevo-pero-ke-se-dodeli-po-sedmi-pat-raspishan-konkursot-za-2024/ Mon, 29 Apr 2024 10:10:43 +0000 https://republika.mk/?p=772140

Меѓународната поетско културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ го распиша конкурсот за доделување на наградата „Антево перо“ востановена во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, Анте Поповски, за 2024 година.

Пропозициите наведени во конкурсот се:

1. Наградата „Антево перо“ за 2024 година се доделува како исклучително македонско поетско признание за необјавена поетска книга (поетски ракопис).

2. Покрај наградата „Антево перо“, се доделуваат и придружни награди, „Антев златник“ и „Антев часовник“. Комисијата го   задржува правото да не ги додели придружните награди.

3. На Конкурсот можат да се јават сите автори кои имаат необјавен поетски ракопис на македонски јазик, без разлика на националноста, возраста, литературниот „стаж“ или државата во која живеат. Со оглед на тоа што покрај наградата „Антево   перо“, на Конкурсот се доделува и наградата „Антев часовник“, Комисијата препорачува творците кои се помлади од 25 години, да наведат дека спаѓаат во оваа категорија на автори. Напоменуваме дека возраста воопшто нема да влијае на Комисијата при распределба на наградите. Доколку Комисијата оцени дека некој од младите автори има збирка која заслужува да ја добие наградата „Антево  перо“, возраста воопшто нема да биде елиминаторен услов.

4. Наградата се состои во непрофитно објавување на поетскиот ракопис, со назнака на името на наградата на корицата од книгата, и со отстапување на комплетниот тираж (300 примероци) на авторот.

5. Книгата ќе биде квалитетно претставена и промовирана со   посебен осврт од наш истакнат литературен творец во рамките   на Mеѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски - Антево перо“.

6. Пристигнатите ракописи ќе ги разгледува тричлена Комисија, во состав: проф.  д-р Весна Мојсова-Чепишевска (универзитетски професор, писател и книжевен критичар), д-р Атина Цветаноска, (книжевен истражувач, книжевен критичар и херменевтичар) и Жорж Поповски (новинар, член на семејството на Анте Поповски). Третиот член, има право на вето на одлуката на Комисијата, доколку смета дека делото кое Комисијата сака да го награди е под достоинството на поетското творештво на Анте Поповски, или го навредува јавниот и естетскиот вкус.

7. Ракописите треба да бидат напишани во Times New Roman, фонт 12 и да бидат испратени во електронски формат pdf или word на електронската адреса: [email protected] заклучно со 05 август 2024 година.

8. Кандидатите можат ракописот да го достават под свое име и презиме, или под шифра. Во вториов случај, авторството го докажуваат со копија од ракописот, по објавувањето на резултатите.

9. Кандидатите не мора да го чекаат последниот рок, затоа што Комисијата ќе ги прегледува ракописите сукцесивно, онака како што пристигнуваат.

10. Комисијата својата одлука ќе ја соопшти кон крајот на август 2024 година.

Наградата „Антево перо“ е востановена во 2018 година за необјавена поетска книга (поетски ракопис) и на конкурсот може да се пријават автори кои имаат необјавен поетски ракопис на македонски јазик. Досегашни добитници се: Славе Ѓорѓо Димоски за „Кумова слама“ (2018), Александра Димитрова за „Дупка“ (2019), Ана Стојаноска за „Потпис: Трепетлика“, Братислав Ташковски за „Небесни разговори“ (2021), Јулијана Младеновска Тешија за „Куќа“ (2022) и Александар Русјаков за „50 испеани приказни“ (2023).

The post Наградата „Антево перо“ ќе се додели по седми пат: Распишан конкурсот за 2024 appeared first on Република.

]]>

Меѓународната поетско културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ го распиша конкурсот за доделување на наградата „Антево перо“ востановена во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, Анте Поповски, за 2024 година. Пропозициите наведени во конкурсот се: 1. Наградата „Антево перо“ за 2024 година се доделува како исклучително македонско поетско признание за необјавена поетска книга (поетски ракопис). 2. Покрај наградата „Антево перо“, се доделуваат и придружни награди, „Антев златник“ и „Антев часовник“. Комисијата го   задржува правото да не ги додели придружните награди. 3. На Конкурсот можат да се јават сите автори кои имаат необјавен поетски ракопис на македонски јазик, без разлика на националноста, возраста, литературниот „стаж“ или државата во која живеат. Со оглед на тоа што покрај наградата „Антево   перо“, на Конкурсот се доделува и наградата „Антев часовник“, Комисијата препорачува творците кои се помлади од 25 години, да наведат дека спаѓаат во оваа категорија на автори. Напоменуваме дека возраста воопшто нема да влијае на Комисијата при распределба на наградите. Доколку Комисијата оцени дека некој од младите автори има збирка која заслужува да ја добие наградата „Антево  перо“, возраста воопшто нема да биде елиминаторен услов. 4. Наградата се состои во непрофитно објавување на поетскиот ракопис, со назнака на името на наградата на корицата од книгата, и со отстапување на комплетниот тираж (300 примероци) на авторот. 5. Книгата ќе биде квалитетно претставена и промовирана со   посебен осврт од наш истакнат литературен творец во рамките   на Mеѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски - Антево перо“. 6. Пристигнатите ракописи ќе ги разгледува тричлена Комисија, во состав: проф.  д-р Весна Мојсова-Чепишевска (универзитетски професор, писател и книжевен критичар), д-р Атина Цветаноска, (книжевен истражувач, книжевен критичар и херменевтичар) и Жорж Поповски (новинар, член на семејството на Анте Поповски). Третиот член, има право на вето на одлуката на Комисијата, доколку смета дека делото кое Комисијата сака да го награди е под достоинството на поетското творештво на Анте Поповски, или го навредува јавниот и естетскиот вкус. 7. Ракописите треба да бидат напишани во Times New Roman, фонт 12 и да бидат испратени во електронски формат pdf или word на електронската адреса: [email protected] заклучно со 05 август 2024 година. 8. Кандидатите можат ракописот да го достават под свое име и презиме, или под шифра. Во вториов случај, авторството го докажуваат со копија од ракописот, по објавувањето на резултатите. 9. Кандидатите не мора да го чекаат последниот рок, затоа што Комисијата ќе ги прегледува ракописите сукцесивно, онака како што пристигнуваат. 10. Комисијата својата одлука ќе ја соопшти кон крајот на август 2024 година. Наградата „Антево перо“ е востановена во 2018 година за необјавена поетска книга (поетски ракопис) и на конкурсот може да се пријават автори кои имаат необјавен поетски ракопис на македонски јазик. Досегашни добитници се: Славе Ѓорѓо Димоски за „Кумова слама“ (2018), Александра Димитрова за „Дупка“ (2019), Ана Стојаноска за „Потпис: Трепетлика“, Братислав Ташковски за „Небесни разговори“ (2021), Јулијана Младеновска Тешија за „Куќа“ (2022) и Александар Русјаков за „50 испеани приказни“ (2023).

The post Наградата „Антево перо“ ќе се додели по седми пат: Распишан конкурсот за 2024 appeared first on Република.

]]>
Распишан е Конкурсот за доделување на државната награда „23 Октомври“ https://republika.mk/vesti/kultura/raspishan-e-konkursot-za-dodeluvane-na-drzhavnata-nagrada-23-oktomvri/ Fri, 29 Mar 2024 11:17:01 +0000 https://republika.mk/?p=760090

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ распиша Конкурс за доделување на државната награда „23 Октомври“ во 2024 година, соопшти Министерството за култура.

Со државната награда „23 Октомври“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Република Македонија.

Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.

Конкурсот трае од 1 до 30 април 2024 година.

Целиот конкурс е објавен на веб-страницата на Министерството за култура на следниов линк: Државна награда „23 Октомври“ – Министерство за Култура (kultura.gov.mk)

The post Распишан е Конкурсот за доделување на државната награда „23 Октомври“ appeared first on Република.

]]>

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ распиша Конкурс за доделување на државната награда „23 Октомври“ во 2024 година, соопшти Министерството за култура. Со државната награда „23 Октомври“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Република Македонија. Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани. Конкурсот трае од 1 до 30 април 2024 година. Целиот конкурс е објавен на веб-страницата на Министерството за култура на следниов линк: Државна награда „23 Октомври“ – Министерство за Култура (kultura.gov.mk)

The post Распишан е Конкурсот за доделување на државната награда „23 Октомври“ appeared first on Република.

]]>
Објавен Конкурсот за запишување во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 https://republika.mk/vesti/makedonija/objaven-konkursot-za-zapishuvane-vo-javnite-sredni-uchilishta-za-uchebnata-2024-2025/ Fri, 29 Mar 2024 08:39:57 +0000 https://republika.mk/?p=760001

Министерството за образование и наука денеска го објави Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година.

Во Конкурсот се наведени слободни места во училиштата во Град Скопје и општините низ државава за гимназиско, стручно и уметничко образование, за Математичко-информатичката гимназија, Спортската академија и за училиштата за настава на ученици со посебни образовни потреби.

Пријавувањето на учениците ќе биде електронско преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку нивните кориснички сметки на Schools.mk.

Во јунскиот уписен рок има две електронски пријавувања – првото ќе биде од 20 јуни до 25 јуни, кога ќе се доставува и потребната документација до училиштата. Конечната ранг-листа од првото пријавување ќе биде на 26 јуни.

Второто електронско пријавување ќе биде на 1 и 2 јули 2024 кога воедно ќе се доставуваат и документите до училиштата, а конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места секое училиште ќе ја објави на 3 јули 2024.

Во августовскиот уписен рок пријавувањето ќе се врши на 21 август 2024.

Во Конкурсот се содржани условите и критериумите за запишување, насоки за спроведување на конкурсот, роковите за запишување со детали за полагање на квалификациските тестирања и за објавување на резултатите.

The post Објавен Конкурсот за запишување во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука денеска го објави Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година. Во Конкурсот се наведени слободни места во училиштата во Град Скопје и општините низ државава за гимназиско, стручно и уметничко образование, за Математичко-информатичката гимназија, Спортската академија и за училиштата за настава на ученици со посебни образовни потреби. Пријавувањето на учениците ќе биде електронско преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку нивните кориснички сметки на Schools.mk. Во јунскиот уписен рок има две електронски пријавувања – првото ќе биде од 20 јуни до 25 јуни, кога ќе се доставува и потребната документација до училиштата. Конечната ранг-листа од првото пријавување ќе биде на 26 јуни. Второто електронско пријавување ќе биде на 1 и 2 јули 2024 кога воедно ќе се доставуваат и документите до училиштата, а конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места секое училиште ќе ја објави на 3 јули 2024. Во августовскиот уписен рок пријавувањето ќе се врши на 21 август 2024. Во Конкурсот се содржани условите и критериумите за запишување, насоки за спроведување на конкурсот, роковите за запишување со детали за полагање на квалификациските тестирања и за објавување на резултатите.

The post Објавен Конкурсот за запишување во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 appeared first on Република.

]]>
Отворен е шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман во 2024 година https://republika.mk/vesti/kultura/otvoren-e-shestiot-konkurs-za-nagradata-pegaz-za-najdobar-neobjaven-roman-vo-2024-godina/ Fri, 01 Mar 2024 08:11:04 +0000 https://republika.mk/?p=749845

Шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, што ја организира издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, е отворен и трае до 1 јули 2024 година. Добитникот на наградата ќе биде прогласен на 2 септември 2024 година.

За наградата „Пегаз“ можат да конкурираат необјавени романи (ракописи), за возрасни или за деца, што ќе ги достават самите автори на електронската пошта [email protected], како ворд или ПДФ-документ.

Ракописите ќе ги оценува тричлена жири-комисија составена од двајца реномирани културни работници и еден претставник од издавачката куќа, чијшто состав ќе биде објавен дополнително.

Наградата „Пегаз“ е откупна и се состои од паричен износ од 90.000 денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција.

„Пегаз“ е производ на идејата за откривање на нови писателски гласови што ќе придонесат за унапредување на книжевниот вид роман во рамките на македонската книжевна продукција. Наградата е востановена во 2019 година и е замислена како продолжение на етаблираната награда „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ за најдобар објавен роман на годината.

Досегашни добитници на наградата „Пегаз“ се романите: „Насон прочитана книга“ од Соња Манџук (2019), „Мртвите знаат најдобро“ од Владо Јаневски и „Лазарка“ од Љупчо Петрески (2020), „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков (2021), „Зелениот дворец“ од Сибо (2022) и „Риба во(н) мрежа“ од Јована Матевска Атанасова (2023), што ќе биде објавен следниот месец.

Годинашното издание на наградата „Пегаз“ е поддржано од Министерството за култура во рамките на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во областа на културата.

 

The post Отворен е шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман во 2024 година appeared first on Република.

]]>

Шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, што ја организира издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, е отворен и трае до 1 јули 2024 година. Добитникот на наградата ќе биде прогласен на 2 септември 2024 година. За наградата „Пегаз“ можат да конкурираат необјавени романи (ракописи), за возрасни или за деца, што ќе ги достават самите автори на електронската пошта [email protected], како ворд или ПДФ-документ. Ракописите ќе ги оценува тричлена жири-комисија составена од двајца реномирани културни работници и еден претставник од издавачката куќа, чијшто состав ќе биде објавен дополнително. Наградата „Пегаз“ е откупна и се состои од паричен износ од 90.000 денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција. „Пегаз“ е производ на идејата за откривање на нови писателски гласови што ќе придонесат за унапредување на книжевниот вид роман во рамките на македонската книжевна продукција. Наградата е востановена во 2019 година и е замислена како продолжение на етаблираната награда „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ за најдобар објавен роман на годината. Досегашни добитници на наградата „Пегаз“ се романите: „Насон прочитана книга“ од Соња Манџук (2019), „Мртвите знаат најдобро“ од Владо Јаневски и „Лазарка“ од Љупчо Петрески (2020), „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков (2021), „Зелениот дворец“ од Сибо (2022) и „Риба во(н) мрежа“ од Јована Матевска Атанасова (2023), што ќе биде објавен следниот месец. Годинашното издание на наградата „Пегаз“ е поддржано од Министерството за култура во рамките на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во областа на културата.  

The post Отворен е шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман во 2024 година appeared first on Република.

]]>
Конкурс за средношколци за решение за постер на тема трансплантација и органодонорство https://republika.mk/zivot/zdravje/konkurs-za-srednoshkoltsi-za-reshenie-za-poster-na-tema-transplantatsija-i-organodonorstvo/ Tue, 13 Feb 2024 08:46:59 +0000 https://republika.mk/?p=743497

Учениците од сите државни средни училишта во земјава имаат можност да ги покажат своите визуелни креативни дела за решение за постер на тема трансплантација и органодонорство и да аплицираат на повикот кој денеска е распишан во рамки на проектот „Поддршка на системот за трансплантација во Република Македонија“.

Проектот е финансиран од ЕУ и се спроведува во соработка со Министерството за здравство, во реализација на Agriconsulting S.A. од Италија и PLANET S.A. од Грција.

Со повикот од средношколците се бара да креираат дигитален изложбен постер, цртеж или друг тип визуелна порака која поттикнува размислување за органодонорството и трансплантацијата.

Секој средношколец може да достави најмногу две креативни дела, а за доставените решенија ќе одлучува петчлено жири.

Како што соопшти тимот за комуникации Поддршка на системот за трансплантација, најдобрите три дела ќе добијат наградни ваучери за електронски уреди, во вредност од 500 евра, 300 евра и 200 евра.

Најдобрите 10 дела ќе бидат претставени на јавна изложба, заедно со професионалните решенија за графички дизајн од вториот повик.

Рокот за пријавување е 4 март 2024. Повеќе информации се достапни на www.transplantacija.mk

Освен што спасува животи, трансплантацијата на органи ги поставува и темелите на етичките принципи во здравството, но и во општеството во целина. Органодонорството не само што спасува животи на пациентите кои немаат друг избор за лекување, туку и ја испитува нашата хуманост. Семејствата на донорите заслужуваат почит и признание за нивниот алтруизам и надежта која ја даваат за подобра иднина на болните, но и на целото општество преку нивниот пример. Токму ова е иницијалната замисла за започнување кампања за подигнување на свесноста за оргнанодонорство, наведуваат организатгорите на повикот. 

The post Конкурс за средношколци за решение за постер на тема трансплантација и органодонорство appeared first on Република.

]]>

Учениците од сите државни средни училишта во земјава имаат можност да ги покажат своите визуелни креативни дела за решение за постер на тема трансплантација и органодонорство и да аплицираат на повикот кој денеска е распишан во рамки на проектот „Поддршка на системот за трансплантација во Република Македонија“. Проектот е финансиран од ЕУ и се спроведува во соработка со Министерството за здравство, во реализација на Agriconsulting S.A. од Италија и PLANET S.A. од Грција. Со повикот од средношколците се бара да креираат дигитален изложбен постер, цртеж или друг тип визуелна порака која поттикнува размислување за органодонорството и трансплантацијата. Секој средношколец може да достави најмногу две креативни дела, а за доставените решенија ќе одлучува петчлено жири. Како што соопшти тимот за комуникации Поддршка на системот за трансплантација, најдобрите три дела ќе добијат наградни ваучери за електронски уреди, во вредност од 500 евра, 300 евра и 200 евра. Најдобрите 10 дела ќе бидат претставени на јавна изложба, заедно со професионалните решенија за графички дизајн од вториот повик. Рокот за пријавување е 4 март 2024. Повеќе информации се достапни на www.transplantacija.mk
Освен што спасува животи, трансплантацијата на органи ги поставува и темелите на етичките принципи во здравството, но и во општеството во целина. Органодонорството не само што спасува животи на пациентите кои немаат друг избор за лекување, туку и ја испитува нашата хуманост. Семејствата на донорите заслужуваат почит и признание за нивниот алтруизам и надежта која ја даваат за подобра иднина на болните, но и на целото општество преку нивниот пример. Токму ова е иницијалната замисла за започнување кампања за подигнување на свесноста за оргнанодонорство, наведуваат организатгорите на повикот. 

The post Конкурс за средношколци за решение за постер на тема трансплантација и органодонорство appeared first on Република.

]]>
На конкурсот за вработување во Драмски се пријавиле 80 актери, 10 се примени https://republika.mk/vesti/kultura/na-konkursot-za-vrabotuvane-vo-dramski-se-prijavile-80-akteri-10-se-primeni/ Mon, 12 Feb 2024 11:58:28 +0000 https://republika.mk/?p=743179

Десет актери се примени во ансамблот на Драмски театар, откако неодамна беше објавен конкурус во оваа национална установа.

На конкурост се пријавиле 80 дипломирани актери, a жири-комисијата ги избра: Лазар Христов, Владимир Петровиќ, Нина Елсезер, Маријан Наумов, Јована Спасиќ, Ања Митиќ, Ивана Павлаковиќ, Дениз Абдула, Томислав Давидовски и Сара Климоска.

Аудицијата се одржала на 22 и на 23 јануари годинава, беше објавено на веб-страницата на Драмски.

 

 

The post На конкурсот за вработување во Драмски се пријавиле 80 актери, 10 се примени appeared first on Република.

]]>

Десет актери се примени во ансамблот на Драмски театар, откако неодамна беше објавен конкурус во оваа национална установа. На конкурост се пријавиле 80 дипломирани актери, a жири-комисијата ги избра: Лазар Христов, Владимир Петровиќ, Нина Елсезер, Маријан Наумов, Јована Спасиќ, Ања Митиќ, Ивана Павлаковиќ, Дениз Абдула, Томислав Давидовски и Сара Климоска. Аудицијата се одржала на 22 и на 23 јануари годинава, беше објавено на веб-страницата на Драмски.    

The post На конкурсот за вработување во Драмски се пријавиле 80 актери, 10 се примени appeared first on Република.

]]>