конкурс за лого Archives - Република https://republika.mk/tema/konkurs-za-logo/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Feb 2024 10:21:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png конкурс за лого Archives - Република https://republika.mk/tema/konkurs-za-logo/ 32 32 Распишан конкурс за лого на манифестацијата „Крива Паланка град на културата“ https://republika.mk/vesti/kultura/raspishan-konkurs-za-logo-na-manifestatsijata-kriva-palanka-grad-na-kulturata/ Thu, 22 Feb 2024 10:21:27 +0000 https://republika.mk/?p=746907

Општина Крива Паланка распиша конкурс за избор на идејно решение за манифестацијата „Крива Паланка град на културата 2024“, кој ќе трае заклучно со 26 февруари. Право на учество имаат сите физички и правни лица, кои можат да конкурираат и со повеќе идејни решенија, за кои задолжително е да се приложи и текст со објаснување на концептот за дизајнот на логото.

Идејното решение на заштитниот знак треба да биде адаптибилно, да биде прикажано во формат А4, да е претставено во три варијанти: црно бела, црно бела негатив и во боја, одделно и заедно со слоганот „Крива Паланка град на културата“. Логото треба да биде и на македонски и на англиски јазик, во моделите на пропишаните спецификации за бои, формат и вид на фајл што е утврден согласно конкурсот, информира службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка.

Логото на манифестацијата треба да содржи визуелни елементи кои ја претставуваат културата или културното наследство, традицијата и официјалните симболи на Општина Крива Паланка и да ја претставува општината како една од водечките општини со богата културна програма, висока грижа за културата и културното наследство и културните установи на локално ниво.

Предвиден е и паричен надомест за авторот, во износ од 12.000 денари.
Авторските права ќе се уредат со договор за откупување на правото на трајно и неограничено користење на авторското дело без никакви обврски спрема авторот освен утврдениот авторски надомест.

Краен рок за доставување на решенијата е 26 февруари 2024 година, понеделник до 12 часот. Пријавите се доставуваат во електронска верзија на следната е-маил адреса: [email protected] со назнака: „За Конкурс за избор на идејно решение за заштитен знак (лого) за КПГК“, со податоци за авторот.

Оценувањето ќе го врши определена комисија, а изборот ќе биде објавен на веб -страницата на Општина Крива Паланка најдоцна во рок од десет дена од денот на завршување на конкурсот.

The post Распишан конкурс за лого на манифестацијата „Крива Паланка град на културата“ appeared first on Република.

]]>

Општина Крива Паланка распиша конкурс за избор на идејно решение за манифестацијата „Крива Паланка град на културата 2024“, кој ќе трае заклучно со 26 февруари. Право на учество имаат сите физички и правни лица, кои можат да конкурираат и со повеќе идејни решенија, за кои задолжително е да се приложи и текст со објаснување на концептот за дизајнот на логото.
Идејното решение на заштитниот знак треба да биде адаптибилно, да биде прикажано во формат А4, да е претставено во три варијанти: црно бела, црно бела негатив и во боја, одделно и заедно со слоганот „Крива Паланка град на културата“. Логото треба да биде и на македонски и на англиски јазик, во моделите на пропишаните спецификации за бои, формат и вид на фајл што е утврден согласно конкурсот, информира службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка.
Логото на манифестацијата треба да содржи визуелни елементи кои ја претставуваат културата или културното наследство, традицијата и официјалните симболи на Општина Крива Паланка и да ја претставува општината како една од водечките општини со богата културна програма, висока грижа за културата и културното наследство и културните установи на локално ниво. Предвиден е и паричен надомест за авторот, во износ од 12.000 денари. Авторските права ќе се уредат со договор за откупување на правото на трајно и неограничено користење на авторското дело без никакви обврски спрема авторот освен утврдениот авторски надомест. Краен рок за доставување на решенијата е 26 февруари 2024 година, понеделник до 12 часот. Пријавите се доставуваат во електронска верзија на следната е-маил адреса: [email protected] со назнака: „За Конкурс за избор на идејно решение за заштитен знак (лого) за КПГК“, со податоци за авторот. Оценувањето ќе го врши определена комисија, а изборот ќе биде објавен на веб -страницата на Општина Крива Паланка најдоцна во рок од десет дена од денот на завршување на конкурсот.

The post Распишан конкурс за лого на манифестацијата „Крива Паланка град на културата“ appeared first on Република.

]]>