Коњановски Archives - Република https://republika.mk/tema/konjanovski/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Jun 2023 08:10:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Коњановски Archives - Република https://republika.mk/tema/konjanovski/ 32 32 Коњановски: Губењето на мнозинството во Советот ја скрати програмата за Битолското културно лето, реакциите од уметниците не стивнуваат https://republika.mk/vesti/makedonija/konanovski-gubeneto-na-mnozinstvoto-vo-sovetot-ja-skrati-programata-za-bitolskoto-kulturno-leto-reaktsiite-od-umetnitsite-ne-stivnuvaat/ Fri, 09 Jun 2023 08:10:00 +0000 https://republika.mk/?p=649463

Политичката криза во Битола „засвири“ и во културата, па бројни врвни музички уметници останаа извисени да настапат на Битолското културно лето.

Реакциите на врвни македонски уметници кои останаа без настапи на годинешното Битолско културно лето се разочарани, па дури и гневни. Меѓу нив се пијанистите Марија Вршкова, Петар Макариевски, Иван Трајковски и виолинистот Владимир Костов. Тие во изјави за „Независен“ не го кријат револтот поради вмешувањето на политиката. Иван Трајковски вели дека „политиката да не претставува пречка во ширењето на културата и уметноста“.

Со новото прегрупирање во битолскиот Совет, откако ВМРО-ДПМНЕ остана без мнозинство и новата неформалната коалиција меѓу СДСМ и независните од „Поинаку“ го доведоа градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, во позиција да им се извини на сите уметници кои покажаа интерес да настапат на Битолското културно лето, а нема пари за нивните настапи.

Коњановски тоа го образложува со „недостаток на поддршка од Советот, која ги ограничува и финансиските ресурси кои општината треба да ги издвои и реализира за висококвалитетните музичко-сценски и уметнички настани, како и за дополнителна офф програма, што би значело фестивалска поддршка и за алтернативната сцена и младите уметници од нашиот град“.

Во средата на прес конференција Коњановски разочара истакнати и докажани македонски уметници кои години наназад ги полнеа концертните сали во Битола како дел од Битфест.

Пијанистката Вршкова вели новите случување за Битолското културно лето е обид на одредена група политичари кои сакаат да ја замрат културата во градот на клавирите.

„Изјавата на градоначалникот Коњановски, кај мене, како и кај другите уметници предизвика огромен револт. За град, кој и не случајно е познат како „Град на клавирите“, кој секогаш важел за културен центар и каде настапувале светски имиња, за град во кој публиката е желна за културни случувања, неправедно е да не се одвојат средства за културни настани кои го издигнуваат градот на мапата на значајни културни дестинации. Како уметник кој излегол од Битолското музичко училиште, и токму првите чекори на музичката сцена ги направил во салата на Офицерскиот дом, од особено задоволство ми беше идејата за аплицирање и презентирање на составот ‘30 прсти’ пред битолската публика, особено знаејќи дека се работи за 15-годишен јубилеј на Битолско културно лето. Овој чекор само ја девалвира работата на уметниците на кои единствена желба им е да ја разубават и збогатат културната понуда на градот, наспроти одредена група т.н политичари, кои истата пак сакаат да ја замрат. Битола не го заслужува ова“, реагира Вршкова.

На настапот во Битола и концертот во акустичната сала на обновениот Офицерски дом са радувал и пијанистот Трајковски, роден битолчанец. Но вели дека „неискажаното содејство за програмата од страна на одредени советници, има негативно влијание како на уметниците, така и на градот и битолчани. Апелирам политиката да не претставува пречка во ширењето на културата и уметноста“, апелира Трајковски.

Петар Макариевски, пијанист и професор реагира дека непријатно се изненадени како уметници од одлуката на Општина Битола да бидат изземени сите камерно-солистички проекти од музичко-сценската дејност како настани и манифестации на Битолско културно лето 2023 година.

„Од мое лично, но и од име на моите соработници во ‘Пијано трио’, Татјана Петрушевска-Караскаковска, прва обоа при МОБ и Марјан Милошевски, прв фагот при МОБ и вонреден професор на ФМУ, најодговорно изјавуваме дека нашата желба да бидеме дел од овогодинешната програма на Битолско културно лето произлегува од почитта кон музичкиот легат кој градот Битола го има оставено и задолжено севкупното културно наследство во Македонија. Заснувањето на овој тип на културни манифестации катастрофално ќе се одрази во севкупното културно и социјално битисување на еден народ“, вели професорот Макариевски додавајќи дека „сите понатамошни одлуки кои директно се однесуваат во зачувувањето на нематеријалното, како и материјалното културно наследство, многу сериозно ќе бидат разгледувани и носени единствено во интерес на зачувувањето на културниот идентитет на државата“.

Mакедонскиот виолинист и концерт мајстор на Македонската филхармонија Владимир Костов реагира дека со години наназад, Битолското културно лето е најголемиот културен двигател во градот во текот на летниот период и е „најжив“ град во државата, па од тука не разбира зошто се прават опструкции на сметка на културата, затоа што со тоа никој не добива ништо, а губи градот.

Пред два дена градоначалникот Тони Коњановски изјави дека поради тоа што не се зголемени средствата за реализација на сите планирани настани за Битфест Општината ќе го организира во рамките на одобрените финансии.

Фестивалот оваа година ќе започне на 23 јуни со спектакуларен настан на Хераклеја, но програмскиот концепт, главно ќе вклучува традиционални настани и манифестации.

The post Коњановски: Губењето на мнозинството во Советот ја скрати програмата за Битолското културно лето, реакциите од уметниците не стивнуваат appeared first on Република.

]]>

Политичката криза во Битола „засвири“ и во културата, па бројни врвни музички уметници останаа извисени да настапат на Битолското културно лето. Реакциите на врвни македонски уметници кои останаа без настапи на годинешното Битолско културно лето се разочарани, па дури и гневни. Меѓу нив се пијанистите Марија Вршкова, Петар Макариевски, Иван Трајковски и виолинистот Владимир Костов. Тие во изјави за „Независен“ не го кријат револтот поради вмешувањето на политиката. Иван Трајковски вели дека „политиката да не претставува пречка во ширењето на културата и уметноста“. Со новото прегрупирање во битолскиот Совет, откако ВМРО-ДПМНЕ остана без мнозинство и новата неформалната коалиција меѓу СДСМ и независните од „Поинаку“ го доведоа градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, во позиција да им се извини на сите уметници кои покажаа интерес да настапат на Битолското културно лето, а нема пари за нивните настапи. Коњановски тоа го образложува со „недостаток на поддршка од Советот, која ги ограничува и финансиските ресурси кои општината треба да ги издвои и реализира за висококвалитетните музичко-сценски и уметнички настани, како и за дополнителна офф програма, што би значело фестивалска поддршка и за алтернативната сцена и младите уметници од нашиот град“. Во средата на прес конференција Коњановски разочара истакнати и докажани македонски уметници кои години наназад ги полнеа концертните сали во Битола како дел од Битфест. Пијанистката Вршкова вели новите случување за Битолското културно лето е обид на одредена група политичари кои сакаат да ја замрат културата во градот на клавирите.
„Изјавата на градоначалникот Коњановски, кај мене, како и кај другите уметници предизвика огромен револт. За град, кој и не случајно е познат како „Град на клавирите“, кој секогаш важел за културен центар и каде настапувале светски имиња, за град во кој публиката е желна за културни случувања, неправедно е да не се одвојат средства за културни настани кои го издигнуваат градот на мапата на значајни културни дестинации. Како уметник кој излегол од Битолското музичко училиште, и токму првите чекори на музичката сцена ги направил во салата на Офицерскиот дом, од особено задоволство ми беше идејата за аплицирање и презентирање на составот ‘30 прсти’ пред битолската публика, особено знаејќи дека се работи за 15-годишен јубилеј на Битолско културно лето. Овој чекор само ја девалвира работата на уметниците на кои единствена желба им е да ја разубават и збогатат културната понуда на градот, наспроти одредена група т.н политичари, кои истата пак сакаат да ја замрат. Битола не го заслужува ова“, реагира Вршкова.
На настапот во Битола и концертот во акустичната сала на обновениот Офицерски дом са радувал и пијанистот Трајковски, роден битолчанец. Но вели дека „неискажаното содејство за програмата од страна на одредени советници, има негативно влијание како на уметниците, така и на градот и битолчани. Апелирам политиката да не претставува пречка во ширењето на културата и уметноста“, апелира Трајковски. Петар Макариевски, пијанист и професор реагира дека непријатно се изненадени како уметници од одлуката на Општина Битола да бидат изземени сите камерно-солистички проекти од музичко-сценската дејност како настани и манифестации на Битолско културно лето 2023 година.
„Од мое лично, но и од име на моите соработници во ‘Пијано трио’, Татјана Петрушевска-Караскаковска, прва обоа при МОБ и Марјан Милошевски, прв фагот при МОБ и вонреден професор на ФМУ, најодговорно изјавуваме дека нашата желба да бидеме дел од овогодинешната програма на Битолско културно лето произлегува од почитта кон музичкиот легат кој градот Битола го има оставено и задолжено севкупното културно наследство во Македонија. Заснувањето на овој тип на културни манифестации катастрофално ќе се одрази во севкупното културно и социјално битисување на еден народ“, вели професорот Макариевски додавајќи дека „сите понатамошни одлуки кои директно се однесуваат во зачувувањето на нематеријалното, како и материјалното културно наследство, многу сериозно ќе бидат разгледувани и носени единствено во интерес на зачувувањето на културниот идентитет на државата“.
Mакедонскиот виолинист и концерт мајстор на Македонската филхармонија Владимир Костов реагира дека со години наназад, Битолското културно лето е најголемиот културен двигател во градот во текот на летниот период и е „најжив“ град во државата, па од тука не разбира зошто се прават опструкции на сметка на културата, затоа што со тоа никој не добива ништо, а губи градот. Пред два дена градоначалникот Тони Коњановски изјави дека поради тоа што не се зголемени средствата за реализација на сите планирани настани за Битфест Општината ќе го организира во рамките на одобрените финансии. Фестивалот оваа година ќе започне на 23 јуни со спектакуларен настан на Хераклеја, но програмскиот концепт, главно ќе вклучува традиционални настани и манифестации.

The post Коњановски: Губењето на мнозинството во Советот ја скрати програмата за Битолското културно лето, реакциите од уметниците не стивнуваат appeared first on Република.

]]>
Коњановски: Битола е почестена што Браќата Милтон и Јанаки Манаки биле дел од историјата на градот https://republika.mk/vesti/kultura/konanovski-bitola-e-pochestena-shto-brakata-milton-i-janaki-manaki-bile-del-od-istorijata-na-gradot/ Sun, 05 Mar 2023 14:18:10 +0000 https://republika.mk/?p=616083

Во организација на Комуната на Власите „Браќа Манаки“ и кино клубот „Студио Милтон Манаки“, на Влашките гробишта во Битола, денес се одржа чествување по повод 59 години од смртта на Милтон Манаки. Во чест на на првиот снимател на Балканот, свежо цвеќе положија градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, претставниции на Советот на општината, како и други делегации – претставници на институции и асоцијации кои го негуваат делото и творештвото на Браќата Манаки.

Се собравме да одадеме достојна почит на еден од великаните на кинематографијата и зачетоците на кинематографијата на Балканот. Битола е почестена што Браќата Милтон и Јанаки Манаки, биле дел од историјата на градот. Затоа, заедно тука се договоривме, идната година, кога се навршуваат 60 години од смртта на Милтон Манаки, подостоинствено да го одбележиме тоа, за што се договоривме да формираме Иницијативен одбор кој ќе се погрижи за одбележувањето, затоа што навистина, на вакви великани, Битола, треба достојно да им се оддолжи“, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, прифаќајќи ја иницијативата на претставниците на Клубот „Милтон Манаки“.

Градоначалникот Коњановски, за идната година, најави повеќе активности, кои ќе се реализираат во чест на Милтон Манаки.

Делото на Манаки, денес знаеме се чува на две места, дел во Кинотека на Македонија, тоа е филмскиот опус, а додека останатиот, фотографскиот опус се чува во нашиот Архив. Мене ми е многу драго што се презедоа одредени акции околу трајното зачувување на тој фонд, што ќе претставува големо историско и културно богатство, не само за Битола и Македонија, туку и за целиот Балкан. Заслугата на Милтон и Јанаки Манаки е огромна. Заедно твореле и создавалае, а заслугата на Јанаки е дотолку голема што успеал, поголемиот опус од нивното творештво да го зачува, за денес да го имаме ние и да го презентираме пред јавноста. Делото е големо и треба да се почитува и вреднува. Сакам да покренеме иницијатива, за догодина, кога ќе одбележуваме 60 години од неговото упокојување во градот да се направи една поголема манифестација во негова чест, но и во чест на Јанаки, рече Стевче Хаџиантоновски, претседател на Клубот „Студио Милтон Манаки“.

The post Коњановски: Битола е почестена што Браќата Милтон и Јанаки Манаки биле дел од историјата на градот appeared first on Република.

Николоски: Општина Битола годинава со најголем буџет за капитални инвестиции, најмногу средства за инфраструктурата, тоа што им треба на граѓаните https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-opshtina-bitola-godinava-so-najgolem-budhet-za-kapitalni-investitsii-najmnogu-sredstva-za-infrastrukturata-toa-shto-im-treba-na-graganite/ Thu, 02 Feb 2023 14:00:06 +0000 https://republika.mk/?p=603901

Прво да се заблагодарам на присуството, како што кажа градоначалникот денеска сме во работна посета на Битола и навистина има што да се види, рече денеска Александар Николоски по посетата на Битола.

Ова ќе е една година на развој и можам слободно да кажам прва година во која што градоначалникот заедно со Советот, заедно со тимот во Општината, заедно со јавните претпријатија можеше целосно да ја креира согласно неговата програма. Затоа што претходната година нели веќе беше година кога беше донесен и Буџетот од страна на неговите претходници. А, ова е прва година која што целосно ќе биде според Програмата и според приоритетите на Тони Коњановски и неговиот тим.

Можам да кажам дека одлични работи се случуваат во Битола, не затоа што сме во Битола, но дефинитивно Битола ќе е општина која што ќе има најголем Буџет за капитални инвестиции во цела Македонија. Далеку е пред сите останати општини вклучувајќи ги и скопските општини и тоа е за поздравување и за честитки.

Она што е особено значајно е затоа што е во делот на инфраструктура, тоа најмногу им треба на граѓаните. И тоа го забрзува локалниот економски развој затоа што најчесто работат луѓе кои што се од тука, од регионот и на тој начин можат да се вработат луѓе, да приходуваат и да се подобри животниот стандард.

Ја спомена градоначалникот обиколницата на Битола, тука се и останатите инфраструктурни проекти, а во однос на спортскиот комплекс јас го видов Планот, навистина изгледа добро и можам да ветам дека Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе најде начин да се исфинансира затоа што се работи за голем проект кој што ги надминува можностите на Буџетот на Општина Битола. И можам слободно да кажам дека ова ќе е една од заложбите на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Ќе ми дозволите кратко уште една тема да искоментирам затоа што сме во Битола. Кога сме тука секогаш помислуваме на енергетиката, тука е РЕК Битола. Сакам да ги искоментирам последните случувања, а се однесуваат на набавката на гас за потребите и на државата во делот на греење, но и делот на производство на електрична енергија, но и за компаниите.

Се работи за еден огромен скандал. За жал во енергетиката има само скандали. Имено, ЕЛЕМ, односно ЕСМ потпиша договор со сомнителни фирми од Бугарија за набавка  на гас по фиксна цена од 99 евра за мегават час, иако денес доколку ја отворите Купекс како релевантна берза за  цела Југоисточна Европа ќе видите дека цената е 59 евра. Што значи дека само денес разликата е околу 40 евра по мегават час, или преведено во проценти, над 40% е разликата помеѓу тоа по кое набавува државата и се трошат народните пари, и она што е денес цена на берзата.

Што значи дека се работи за огромни екстра профити на овие сомнителни компании од Бугарија, што отвора сериозен сомнеж за криминал и корупција. Или се работи за тотална неспособност и не знаење, во што не верувам или се работи за многу добро испланиран криминал и корупција во услови кога се оди со вака повисоки цени или фиксни, а во  услови кога се очекува да паѓа дополнително цената на гасот на светските берзи заради позитивните случувања во тој ден.

Така што би сакал да го повикам овдека целиот менаџмент на ЕЛЕМ, како и владата и министерот за економија Крешник Бектеши, премиерот Димитар Ковчевски да дадат одговор и да понесат одговорност за ова ненаменско трошење на пари коешто во месец јануари достигна над милион евра повеќе од тоа што беше на берза, а за февруари веројатно ќе е 2 до 2,5 пати повеќе од она што е берзанска цена и да дадат одговори каде одат овие средства,

Исто како што до денес не сме добиле одговор како е возможно на скоро секој тендер што го објавува ЕЛЕМ во РЕК Битола да има само по еден понудувач. Се уште не може да откриеме како е можно да нема втора компанија заинтересирана на повиците коишто ги објавува ЕЛЕМ, еве веќе со години, а се однесуваат на работењето на РЕК Битола и како секогаш тие кои се  понудувачи, а е секогаш еден понудувач имаат точно цена онолку колку што е предвидена цена, ништо помалку од тоа, туку точно онолку колку што е предвидена. Дали може да одговорат колку на овој начин се изгубени средства во им е на РЕК Битола, ЕЛЕМ, владата и буџетот и колку на тој начин компаниите и граѓаните плаќаат повисока цена на електрична енергија.

https://www.youtube.com/watch?v=MH01J1FLd8Q

The post Николоски: Општина Битола годинава со најголем буџет за капитални инвестиции, најмногу средства за инфраструктурата, тоа што им треба на граѓаните appeared first on Република.

Симон Трпчески гостин на градоначалникот Тони Коњановски https://republika.mk/vesti/kultura/simon-trpcheski-gostin-na-gradonachalnikot-toni-konjanovski/ Sun, 27 Mar 2022 10:29:33 +0000 https://republika.mk/?p=479244

Македонскиот пијанист од светски ранг Симон Трпчески, беше гостин на градоначалникот Тони Коњановски, со кој разговараа за повеќе музички проекти кои значително би придонесле во збогатувањето на културното живеење во градот.

На средбата се разговараше за идните планови на општината во делот на култура, како и за можностите за идна соработка.

Градоначалникот Коњановски, потенцираше дека Битола има голем потенцијал за културен напредок, а градот мора да продолжи да се развива како град на културата.

Коњановски, заедно со Трпчески го посетија Офицерскиот дом, кој со својата акустичност и програмска понуда, ова лето ќе овозможи повеќе културни настани.

На средбата, присуствуваше и директорката на Културниот и информативен центар, Лили Бошевска, која од неодамна раководи со оваа општинска установа, која во периодот пред нас ќе биде главен поддржувач и иницијатор на бројни настани од областа на културата и уметноста.

The post Симон Трпчески гостин на градоначалникот Тони Коњановски appeared first on Република.

]]>

Македонскиот пијанист од светски ранг Симон Трпчески, беше гостин на градоначалникот Тони Коњановски, со кој разговараа за повеќе музички проекти кои значително би придонесле во збогатувањето на културното живеење во градот. На средбата се разговараше за идните планови на општината во делот на култура, како и за можностите за идна соработка. Градоначалникот Коњановски, потенцираше дека Битола има голем потенцијал за културен напредок, а градот мора да продолжи да се развива како град на културата. Коњановски, заедно со Трпчески го посетија Офицерскиот дом, кој со својата акустичност и програмска понуда, ова лето ќе овозможи повеќе културни настани. На средбата, присуствуваше и директорката на Културниот и информативен центар, Лили Бошевска, која од неодамна раководи со оваа општинска установа, која во периодот пред нас ќе биде главен поддржувач и иницијатор на бројни настани од областа на културата и уметноста.

The post Симон Трпчески гостин на градоначалникот Тони Коњановски appeared first on Република.

]]>
Коњановски ја поддржа иницијативата посмртните останки на Јанаки Манаки од Солун да се донесат во Битола https://republika.mk/vesti/kultura/konjanovski-ja-poddrza-inicijativata-posmrtnite-ostanki-na-janaki-manaki-od-solun-da-se-donesat-vo-bitola/ Mon, 07 Mar 2022 15:15:14 +0000 https://republika.mk/?p=469084

Општина Битола ја поддржа иницијативата на Комуна на Власите „Браќа Манаки“ и Кино клуб „Студио Милтон Манаки“, да бидат донесени посмртаните останки на Јанаки Манаки од Солун во Битола.

Иницијативата беше промовирана на денешното одбележување на 58 – годишнината од смртта на неговиот брат, филмски снимател, Милтон Манаки во Битола.

Разговаравме за иницијативата на комуната и студиото „МИЛТОН МАНАКИ“, во Битола да се донесат посмртните останки на братот на Милтон Манаки, Јанаки, кој е упокоен во Солун. Дојдовме до заедничка идеја, во соработка со Република Грација, односно градоначалникот на Солун да се иницира идејата и доколку е можно таа да се реализира. Ќе се обидеме да го направиме тоа, рече градоначалникот Коњановски.

Според востановената традиција, денеска на Влашките гробишта во Битола, во организација на Комуна на Власите „Браќа Манаки“ и кино клубот „Студио Милтон Манаки“ се одржа чествување по повод годишнина од смртта на Милтон Манаки.

Во чест на првиот филмски снимател на Балканот и неговото големо дело, цвеќе положија градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, претставници на Советот на општината, Културно-информативниот центар, НУ Центар за култура, Меѓународниот Фестивал Камера 300, Кинотеката, Државниот архив, како и претставници на политички партии и дипломатскиот кор.

Претставниците на Кинотеката најавија дека филмски снимки на браќата Манаки наскоро ќе бидат емитувани во Љубљана, во словенечката Кинотека, а се прават напори за нивно прикажување и на фестивал во Турција.

The post Коњановски ја поддржа иницијативата посмртните останки на Јанаки Манаки од Солун да се донесат во Битола appeared first on Република.

]]>

Општина Битола ја поддржа иницијативата на Комуна на Власите „Браќа Манаки“ и Кино клуб „Студио Милтон Манаки“, да бидат донесени посмртаните останки на Јанаки Манаки од Солун во Битола. Иницијативата беше промовирана на денешното одбележување на 58 – годишнината од смртта на неговиот брат, филмски снимател, Милтон Манаки во Битола.
Разговаравме за иницијативата на комуната и студиото „МИЛТОН МАНАКИ“, во Битола да се донесат посмртните останки на братот на Милтон Манаки, Јанаки, кој е упокоен во Солун. Дојдовме до заедничка идеја, во соработка со Република Грација, односно градоначалникот на Солун да се иницира идејата и доколку е можно таа да се реализира. Ќе се обидеме да го направиме тоа, рече градоначалникот Коњановски.
Според востановената традиција, денеска на Влашките гробишта во Битола, во организација на Комуна на Власите „Браќа Манаки“ и кино клубот „Студио Милтон Манаки“ се одржа чествување по повод годишнина од смртта на Милтон Манаки. Во чест на првиот филмски снимател на Балканот и неговото големо дело, цвеќе положија градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, претставници на Советот на општината, Културно-информативниот центар, НУ Центар за култура, Меѓународниот Фестивал Камера 300, Кинотеката, Државниот архив, како и претставници на политички партии и дипломатскиот кор. Претставниците на Кинотеката најавија дека филмски снимки на браќата Манаки наскоро ќе бидат емитувани во Љубљана, во словенечката Кинотека, а се прават напори за нивно прикажување и на фестивал во Турција.