коњ Archives - Република https://republika.mk/tema/konj/ За подобро да се разбереме Tue, 25 Jul 2023 11:28:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png коњ Archives - Република https://republika.mk/tema/konj/ 32 32 Коњ турна дете што му се приближило, татко му го истепа чуварот https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kon-turna-dete-shto-mu-se-priblizhilo-tatko-mu-go-istepa-chuvarot/ Tue, 25 Jul 2023 11:28:50 +0000 https://republika.mk/?p=665082

Вчера  во 20.30 часот, М.Д.(61) од тетовско Волковија, пријавил дека на работното место чувар на коњи во угостителски објект бил физички нападнат од Л.Т. од Гостивар.

Според пријавеното, причина за нападот било тоа што малолетното дете на Л.Т. се приближило до коњ, кој се исплашил и го турнал на земја.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од СВР Тетово.

The post Коњ турна дете што му се приближило, татко му го истепа чуварот appeared first on Република.

]]>

Вчера  во 20.30 часот, М.Д.(61) од тетовско Волковија, пријавил дека на работното место чувар на коњи во угостителски објект бил физички нападнат од Л.Т. од Гостивар. Според пријавеното, причина за нападот било тоа што малолетното дете на Л.Т. се приближило до коњ, кој се исплашил и го турнал на земја. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од СВР Тетово.

The post Коњ турна дете што му се приближило, татко му го истепа чуварот appeared first on Република.

]]>
Качен на коњ, Кралот Чарлс ја предводеше родененската парада https://republika.mk/zivot/semejstvo/kachen-na-kon-kralot-charls-ja-predvodeshe-rodenenskata-parada/ Sat, 17 Jun 2023 15:59:04 +0000 https://republika.mk/?p=652495

Британскиот крал Чарлс Трети денеска во воена униформа и со капата од мечкина кожа изврши преглед на војниците по повод неговата прва роденденска парада како суверен, при што јаваше коњ, што е првпат за монарх од 1986 година.

Парадата, која се организира секоја година во јуни, го одбележува официјалниот роденден на кралот, кој на 14 ноември ќе наполни 75 години, а потоа приватно ќе го прослави настанот.

Кралот ја напушти Бакингемската палата во лесна поворка под облачно небо нешто по 10:30 часот по локално време. Тој беше придружуван од неговиот брат, принцот Едвард, неговата сестра, принцезата Ана, како и неговиот син, престолонаследникот Вилијам. Сите беа на коњи.

Во кочија ги следеа кралицата Камила, принцезата Кејт и нејзините три деца – Џорџ, Шарлот и Луис.

Традицијата на парадата „Trooping the Color“ датира од времето на владеењето на Џорџ Втори во 1748 година, кој иако е роден на 30 октомври, сакал да го искористи убавото време за да го прослави својот роденден.

Настанот секогаш привлекува голем број граѓани околу Бакингемската палата, каде што се одржува парадата.

Кралицата Елизабета Втора, која почина во септември на 96-годишна возраст, не се појавила на седлото од 1986 година за време на тој симболичен настан.

На свеченоста организирана во центарот на Лондон учествуваат околу 1.400 војници, 400 музичари и 200 коњи.

Кобилата Јуно, именувана по кралицата Камила, ја водеше парадата, а потоа три коњи со тапани – Персеј, Атлас и Аполон.

Коњите кои ги носат тапаните за време на парадите се најискусните животни во британските вооружени сили. Тие имаат чин мајор и се именувани по ликови од грчката митологија.

Оваа церемонија потекнува од подготовките за војната, каде што сите знамиња им биле покажани на војниците за да ги препознаат среде битките.

Првиот баталјон на велшката гарда годинава е во центарот на вниманието, а по прегледот на војниците, кралот, кој како шеф на државата е врховен командант на вооружените сили, ја води поворката до Бакингемската палата.

Заедно со кралицата Камила и другите членови на кралското семејство, кралот потоа ги поздрави граѓаните од балконот на палатата и ја следеше парадата во која беа испукани 41 топовски вод од Грин парк.

Прославата на кралскиот роденден е повод за објавување и доделување одликувања на различни личности.

На листата на почестени годинава се романсиерот Мартин Ејми, кој почина во мај, режисерот Стивен Фрирс, уредничката на магазинот „Вог“ Ен Винтур и 18-годишната студентка Џуниор Фруд, активист за борба против врсничкото насилство.

https://youtu.be/WjgXJLfniHc

The post Качен на коњ, Кралот Чарлс ја предводеше родененската парада appeared first on Република.

]]>

Британскиот крал Чарлс Трети денеска во воена униформа и со капата од мечкина кожа изврши преглед на војниците по повод неговата прва роденденска парада како суверен, при што јаваше коњ, што е првпат за монарх од 1986 година. Парадата, која се организира секоја година во јуни, го одбележува официјалниот роденден на кралот, кој на 14 ноември ќе наполни 75 години, а потоа приватно ќе го прослави настанот. Кралот ја напушти Бакингемската палата во лесна поворка под облачно небо нешто по 10:30 часот по локално време. Тој беше придружуван од неговиот брат, принцот Едвард, неговата сестра, принцезата Ана, како и неговиот син, престолонаследникот Вилијам. Сите беа на коњи. Во кочија ги следеа кралицата Камила, принцезата Кејт и нејзините три деца – Џорџ, Шарлот и Луис. Традицијата на парадата „Trooping the Color“ датира од времето на владеењето на Џорџ Втори во 1748 година, кој иако е роден на 30 октомври, сакал да го искористи убавото време за да го прослави својот роденден. Настанот секогаш привлекува голем број граѓани околу Бакингемската палата, каде што се одржува парадата. Кралицата Елизабета Втора, која почина во септември на 96-годишна возраст, не се појавила на седлото од 1986 година за време на тој симболичен настан. На свеченоста организирана во центарот на Лондон учествуваат околу 1.400 војници, 400 музичари и 200 коњи. Кобилата Јуно, именувана по кралицата Камила, ја водеше парадата, а потоа три коњи со тапани – Персеј, Атлас и Аполон. Коњите кои ги носат тапаните за време на парадите се најискусните животни во британските вооружени сили. Тие имаат чин мајор и се именувани по ликови од грчката митологија. Оваа церемонија потекнува од подготовките за војната, каде што сите знамиња им биле покажани на војниците за да ги препознаат среде битките. Првиот баталјон на велшката гарда годинава е во центарот на вниманието, а по прегледот на војниците, кралот, кој како шеф на државата е врховен командант на вооружените сили, ја води поворката до Бакингемската палата. Заедно со кралицата Камила и другите членови на кралското семејство, кралот потоа ги поздрави граѓаните од балконот на палатата и ја следеше парадата во која беа испукани 41 топовски вод од Грин парк. Прославата на кралскиот роденден е повод за објавување и доделување одликувања на различни личности. На листата на почестени годинава се романсиерот Мартин Ејми, кој почина во мај, режисерот Стивен Фрирс, уредничката на магазинот „Вог“ Ен Винтур и 18-годишната студентка Џуниор Фруд, активист за борба против врсничкото насилство. https://youtu.be/WjgXJLfniHc

The post Качен на коњ, Кралот Чарлс ја предводеше родененската парада appeared first on Република.

]]>
Украден коњот на Кадиров во Чешка, тој вели: Вреди најмалку 10 милиони долари https://republika.mk/vesti/svet/ukraden-konot-na-kadirov-vo-cheshka-toj-veli-vredi-najmalku-10-milioni-dolari/ Wed, 08 Mar 2023 11:55:45 +0000 https://republika.mk/?p=617304

Чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров изјави дека вредноста на неговиот коњ, кој бил украден во Чешка, е погрешно проценета и додаде дека вреди најмалку десет милиони долари.

Ве молам, не ја намалувајте цената на мојот коњ. Чистокрвниот `Зазу` вреди најмалку десет милиони долари, напиша Кадиров на Телеграм.

Тој се сомнева во информациите дека животното го украле обични крадци на коњи.

Не верувам дека се глупави да украдат коњ што е под санкции и итрин за да не ги најде полицијата, рече Кадиров, додавајќи дека е чудно што толку вреден имот е толку слабо обезбедуван.

Претходно беше објавено дека од шталата во селото Крабчице, на западот на Чешка е украден чистокрвен англиски коњ „Зазу“ чија вредност се проценува на околу 18 илјади долари.

Коњот му припаѓа на лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров и е дел од имотот што Чешка го замрзна од лидерот на Чеченија врз основа на меѓународни санкции, пренесува Спутник.

The post Украден коњот на Кадиров во Чешка, тој вели: Вреди најмалку 10 милиони долари appeared first on Република.

]]>

Чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров изјави дека вредноста на неговиот коњ, кој бил украден во Чешка, е погрешно проценета и додаде дека вреди најмалку десет милиони долари.
Ве молам, не ја намалувајте цената на мојот коњ. Чистокрвниот `Зазу` вреди најмалку десет милиони долари, напиша Кадиров на Телеграм.
Тој се сомнева во информациите дека животното го украле обични крадци на коњи.
Не верувам дека се глупави да украдат коњ што е под санкции и итрин за да не ги најде полицијата, рече Кадиров, додавајќи дека е чудно што толку вреден имот е толку слабо обезбедуван.
Претходно беше објавено дека од шталата во селото Крабчице, на западот на Чешка е украден чистокрвен англиски коњ „Зазу“ чија вредност се проценува на околу 18 илјади долари. Коњот му припаѓа на лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров и е дел од имотот што Чешка го замрзна од лидерот на Чеченија врз основа на меѓународни санкции, пренесува Спутник.

The post Украден коњот на Кадиров во Чешка, тој вели: Вреди најмалку 10 милиони долари appeared first on Република.

]]>
Фатени мажите што денеска влечеа и мачеа коњ низ Скопје https://republika.mk/vesti/crna-hronika/fateni-mazhite-shto-deneska-vlechea-i-machea-kon-niz-skopje/ Thu, 02 Mar 2023 19:22:17 +0000 https://republika.mk/?p=615254

Полициски службеници од ЕВР Гази Баба денеска на улицата „Благоја Стефковски“ во Скопје ги лишија од слобода С. С. (24), Р. С. (20) и А.С. (54) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело „мачење на животни“.

Како што информира МВР, делото го сториле вчера околу 13:00 часот на улицата „Коце Металец“ во Скопје каде измачувале коњ.

Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.

The post Фатени мажите што денеска влечеа и мачеа коњ низ Скопје appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од ЕВР Гази Баба денеска на улицата „Благоја Стефковски“ во Скопје ги лишија од слобода С. С. (24), Р. С. (20) и А.С. (54) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело „мачење на животни“. Како што информира МВР, делото го сториле вчера околу 13:00 часот на улицата „Коце Металец“ во Скопје каде измачувале коњ. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.

The post Фатени мажите што денеска влечеа и мачеа коњ низ Скопје appeared first on Република.

]]>
Чудо во Турција: По 21 ден жив и здрав извлечен коњ од под урнатините https://republika.mk/vesti/svet/chudo-vo-turtsija-po-21-den-zhiv-i-zdrav-izvlechen-kon-od-pod-urnatinite/ Wed, 01 Mar 2023 08:32:27 +0000 https://republika.mk/?p=614475

По 21 ден од разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија, вест за чудеснo спасувањe пристигнува од Адијаман. Како што објави турското Министерство за земјоделство и шумарство, од под урнатините на еден објект извлечен е коњ.

Со мала помош, коњот сам се качил на цврста почва и веднаш бил пренесен на ветеринар, кој утврдил дека нема сериозни повреди. Среќниот коњ потоа му бил вратен на сопственикот.

The post Чудо во Турција: По 21 ден жив и здрав извлечен коњ од под урнатините appeared first on Република.

]]>

По 21 ден од разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија, вест за чудеснo спасувањe пристигнува од Адијаман. Како што објави турското Министерство за земјоделство и шумарство, од под урнатините на еден објект извлечен е коњ. Со мала помош, коњот сам се качил на цврста почва и веднаш бил пренесен на ветеринар, кој утврдил дека нема сериозни повреди. Среќниот коњ потоа му бил вратен на сопственикот.

The post Чудо во Турција: По 21 ден жив и здрав извлечен коњ од под урнатините appeared first on Република.

]]>
Коњ го турна хрватскиот претседател Милановиќ, обезбедувањето спречи тој да не падне на земја https://republika.mk/vesti/balkan/konj-go-turna-hrvatskiot-pretsedatel-milanovikj-obezbeduvanjeto-sprechi-toj-da-ne-padne-na-zemja/ Mon, 22 Aug 2022 10:56:27 +0000 https://republika.mk/?p=542814

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, откако врачи награда на победник во трка со коњи во Барбан на полуостровот Истра, доживеа мала непријатност кога коњот се сврти и го поттурна претседателот, но за среќа реагираше неговото обезбедување кое спречи тој да падне наземи.

Претпоследниот викенд во август во Барбан е резервиран за традиционална трка со коњи, која привлекува многубројни гости од тој дел на Истра.

Милановиќ, кој му ја врачи наградата на победникот Петар Бенчиќ, обидувајќи се да се фотографира со неговиот коњ, доживеа мал инцидент, откако коњот го поттурнал претседателот, но за среќа без последици.

Обезбедувањето го задржа Милановиќ откако коњот се сврти кон него и спречи поголем инцидент.

Во продолжение погледнете го видеото:

The post Коњ го турна хрватскиот претседател Милановиќ, обезбедувањето спречи тој да не падне на земја appeared first on Република.

]]>

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, откако врачи награда на победник во трка со коњи во Барбан на полуостровот Истра, доживеа мала непријатност кога коњот се сврти и го поттурна претседателот, но за среќа реагираше неговото обезбедување кое спречи тој да падне наземи. Претпоследниот викенд во август во Барбан е резервиран за традиционална трка со коњи, која привлекува многубројни гости од тој дел на Истра. Милановиќ, кој му ја врачи наградата на победникот Петар Бенчиќ, обидувајќи се да се фотографира со неговиот коњ, доживеа мал инцидент, откако коњот го поттурнал претседателот, но за среќа без последици. Обезбедувањето го задржа Милановиќ откако коњот се сврти кон него и спречи поголем инцидент. Во продолжение погледнете го видеото:

The post Коњ го турна хрватскиот претседател Милановиќ, обезбедувањето спречи тој да не падне на земја appeared first on Република.

]]>
Коњот кој преседе на тераса во зграда во Дебар Маало згрижен во ЗОО Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/konjot-koj-presede-na-terasa-vo-zgrada-vo-debar-maalo-zgrizen-vo-zoo-skopje/ Mon, 23 May 2022 07:01:44 +0000 https://republika.mk/?p=505700

Необичен настан во Дебар Маало.

Непознато лице оставило коњ во објект во текот на целиот ден. Станари кои живеат во околината на објектот го забележале животното и настанот го пријавиле во МВР, по што на терен излегол и инспектор од АХВ.

Експресна реакција имаше и директорот на скопската Зоолошка градина, Кристијан Стаменов, кој соопшти дека животното ќе биде соодветно згрижено од ЗОО Скопје и ќе му биде пружен хуман третман.

The post Коњот кој преседе на тераса во зграда во Дебар Маало згрижен во ЗОО Скопје appeared first on Република.

]]>

Необичен настан во Дебар Маало. Непознато лице оставило коњ во објект во текот на целиот ден. Станари кои живеат во околината на објектот го забележале животното и настанот го пријавиле во МВР, по што на терен излегол и инспектор од АХВ. Експресна реакција имаше и директорот на скопската Зоолошка градина, Кристијан Стаменов, кој соопшти дека животното ќе биде соодветно згрижено од ЗОО Скопје и ќе му биде пружен хуман третман.

The post Коњот кој преседе на тераса во зграда во Дебар Маало згрижен во ЗОО Скопје appeared first on Република.

]]>
Шарлот Казираги, принцезата од Монако јаваше коњ на отворањето на ревијата на Шанел во Париз https://republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/sharlot-kaziragi-princezata-od-monako-javashe-konj-na-otvoranjeto-na-revijata-na-shanel-vo-pariz/ Wed, 26 Jan 2022 14:51:52 +0000 https://republika.mk/?p=449872

На Модната недела во Париз, во текот на модната ревија на луксузниот бренд Шанел, со спектакуларно влегување се појави внуката на Грејс Кели, принцезата Шарлот Казираги од Монако.

Принцезата, која е амбасадорка на брендот, буквално со јавање коњ влезе на ревијата, носејќи препознатливо сако од твид на Шанел и црни пантолони.

Креативната директорка Вирџинија Вијард ја базираше колекцијата на беспрекорна елеганција и твид, но исто така присутни беа свила и сатен.

The post Шарлот Казираги, принцезата од Монако јаваше коњ на отворањето на ревијата на Шанел во Париз appeared first on Република.

]]>

На Модната недела во Париз, во текот на модната ревија на луксузниот бренд Шанел, со спектакуларно влегување се појави внуката на Грејс Кели, принцезата Шарлот Казираги од Монако. Принцезата, која е амбасадорка на брендот, буквално со јавање коњ влезе на ревијата, носејќи препознатливо сако од твид на Шанел и црни пантолони. Креативната директорка Вирџинија Вијард ја базираше колекцијата на беспрекорна елеганција и твид, но исто така присутни беа свила и сатен.

The post Шарлот Казираги, принцезата од Монако јаваше коњ на отворањето на ревијата на Шанел во Париз appeared first on Република.

]]>
Галопирање низ Кичево https://republika.mk/tvitovi/galopiranje-niz-kichevo/ Thu, 13 Jan 2022 13:47:23 +0000 https://republika.mk/?p=444178

The post Галопирање низ Кичево appeared first on Република.

]]>

The post Галопирање низ Кичево appeared first on Република.

]]>