конфискација на дивоградби Archives - Република https://republika.mk/tema/konfiskatsija-na-divogradbi/ За подобро да се разбереме Sat, 27 May 2023 09:48:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png конфискација на дивоградби Archives - Република https://republika.mk/tema/konfiskatsija-na-divogradbi/ 32 32 Герасимовски: Eдна конфискација, па после секој кој се дрзнал да гради дивоградби ќе се помисли https://republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-edna-konfiskatsija-pa-posle-sekoj-koj-se-drznal-da-gradi-divogradbi-ke-se-pomisli/ Sat, 27 May 2023 09:48:51 +0000 https://republika.mk/?p=645142

Со конфискација на еден дивоизграден објект, секој ќе се помисли дали повторно ќе гради така, смета градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Герасимовски градоначалник во Општина Центар во емисијата Трилинг на Телевизија 24 вести зборуваше за предлог Иницијативата за конфискација на нелегално изградени објекти напоменувајќи дека целта на нејзиното носење е да се конфискуваат објекти коишто се изградени на државно земјиште или зелен појас каде што има непознати сторители.

Луѓето се дрзнуваат на се. Со еден добар пример и една конфискација мислам дека секој којшто досега правел дивоградби и се дрзнал да изгради на диво одреден објект мислам дека ќе размисли неколку пати дали да отпочне пак да гради, рече градоначалникот.

Во општина Центар рече Герасимовски има дивоизградени објекти и на државно земјиште и во зелена зона. За онеспособување на два такви поголеми објекти сумите се енормно високи, а за целосно отстранување на урнатините уште три пати повеќе. Онеспособувањето пак, оценува Герасимовски, не е решение затоа што објектите најчесто стануваат засолништа за бездомници.

Ние зборуваме само за да ја оневозможиме функционалноста на објектите за што се соочуваме со големи трошоци за рушење, а тоа се околу 5,5 милиони за две згради да ги оневозможиме да бидат функционални. Уште три пати повеќе ќе чини нивно целосно отстранување од парцелите. Доколку само ги оневозможиме и ги оставиме истите се соочуваме со поголем проблем да во истите се вселат бездомници кои прават дополнителни проблеми на населението во тој реон. Има поголем број на кражби, се палат одредени предмети кои го загадуваат воздухот и слично и поради тие причини и проблеми со кои се соочуваме бараме начин да и покрај рушењето да има начини за конфискација на одредени вакви дивоградби, рече Герасимовски.

Според него, идејата на општината е проблемот да се реши како во околните земји, преку решавање на проблемот како во минатото односно со делумна конфискација. Сите оние средства коишто се трошеле за конфискација, за оневозможување на дивоизградените објекти во некои случаи да бидат конфискувани од страна на државата и да бидат пренаменети за други потреби односно да бидат или пензионерски домови или предадени за социјално загрозени семејства итн, соопшти Општина Центар.

The post Герасимовски: Eдна конфискација, па после секој кој се дрзнал да гради дивоградби ќе се помисли appeared first on Република.

]]>

Со конфискација на еден дивоизграден објект, секој ќе се помисли дали повторно ќе гради така, смета градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски. Герасимовски градоначалник во Општина Центар во емисијата Трилинг на Телевизија 24 вести зборуваше за предлог Иницијативата за конфискација на нелегално изградени објекти напоменувајќи дека целта на нејзиното носење е да се конфискуваат објекти коишто се изградени на државно земјиште или зелен појас каде што има непознати сторители.
Луѓето се дрзнуваат на се. Со еден добар пример и една конфискација мислам дека секој којшто досега правел дивоградби и се дрзнал да изгради на диво одреден објект мислам дека ќе размисли неколку пати дали да отпочне пак да гради, рече градоначалникот.
Во општина Центар рече Герасимовски има дивоизградени објекти и на државно земјиште и во зелена зона. За онеспособување на два такви поголеми објекти сумите се енормно високи, а за целосно отстранување на урнатините уште три пати повеќе. Онеспособувањето пак, оценува Герасимовски, не е решение затоа што објектите најчесто стануваат засолништа за бездомници.
Ние зборуваме само за да ја оневозможиме функционалноста на објектите за што се соочуваме со големи трошоци за рушење, а тоа се околу 5,5 милиони за две згради да ги оневозможиме да бидат функционални. Уште три пати повеќе ќе чини нивно целосно отстранување од парцелите. Доколку само ги оневозможиме и ги оставиме истите се соочуваме со поголем проблем да во истите се вселат бездомници кои прават дополнителни проблеми на населението во тој реон. Има поголем број на кражби, се палат одредени предмети кои го загадуваат воздухот и слично и поради тие причини и проблеми со кои се соочуваме бараме начин да и покрај рушењето да има начини за конфискација на одредени вакви дивоградби, рече Герасимовски.
Според него, идејата на општината е проблемот да се реши како во околните земји, преку решавање на проблемот како во минатото односно со делумна конфискација. Сите оние средства коишто се трошеле за конфискација, за оневозможување на дивоизградените објекти во некои случаи да бидат конфискувани од страна на државата и да бидат пренаменети за други потреби односно да бидат или пензионерски домови или предадени за социјално загрозени семејства итн, соопшти Општина Центар.

The post Герасимовски: Eдна конфискација, па после секој кој се дрзнал да гради дивоградби ќе се помисли appeared first on Република.

]]>
Бочварски за иницијативата за конфискација на Герасимовски: Добра е, но треба да се доработи https://republika.mk/vesti/ekonomija/bochvarski-za-initsijativata-za-konfiskatsija-na-gerasimovski-dobra-e-no-treba-da-se-doraboti/ Tue, 11 Apr 2023 06:21:15 +0000 https://republika.mk/?p=629469

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, оствари средба со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на која му ја презентираше Иницијативата за регулирање, конфискација и ре-употреба на бесправно изградени објекти.

Оваа иницијатива доби целосна поддршка од Управниот одбор на ЗЕЛС, а истата минатата недела му ја претставив и на министерот за правда, Кренар Лога, од каде исто доби недвосмислена поддршка. Наместо да се занимаваме со развој на општината, ние треба да рушиме објекти, за чие рушење општината нема доволно средства. Намерата на оваа иницијатива е да се интервенвира во два закони: Закон за постапување на бесправни објекти и Законот за управување со конфискуван имот.

Градоначалникот Герасимовски на министерот Бочварски му ја претстави и ситуацијата со решавањето на нелегалните објекти во Албанија, особено во крајбрежјето, за што во тој случај е формирано Национално тело – инспекторат, со надлежности за рушење и конфискација на нелегално изградените објекти.

Според министерот Бочварски, клучни се три моменти, односно зајакнување на инспекциските служби, зголемување на казните за бесправно градење како и ангажирањето на приватни правни лица, кои ќе делуваат како надворешни инспектори, под договор со општините.

Одземањето на објектите сметам дека нема целосно да го реши проблемот. Но застанувам позади иницијативата и сметам дека е добро да се отвори широка дискусија на оваа тема. Според мене, иницијативата е добра, но треба да се доработи во одредени делови. Клучно е да се зајакнат инспекциските служби, да се интервенира во Законот за градежно земјиште со зголемување на глобите и ангажирање на надворешни компании кои би им помагале на општинските служби во справувањето со објектите од втора категорија, вели Бочварски, додавајќи дека еднаш мора да се каже „стоп“ на нелегалното градење.

Градоначалникот Герасимовски со министерот Бочварски ја дискутираа и иницијативата 70/30, со која во постоечкиот Закон за градежно земјиште доколку некој поседува 30% од земјиштето, да може да ја дооформи парцелата со останатите 70%.

Направивме предлог иницијатива да се смени таа бројка и доколку имате сопственост 70%, да можете да ги дооформите и останатите 30%. Оваа иницијатива минатата година ја доставив до ЗЕЛС од каде доби едногласна поддршка и веќе е доставена на разгледување во Министерството за транспорт и врски, од каде наскоро очекуваме и конкретен одговор и чекори за понатамошно делување“, порача Герасимовски.

The post Бочварски за иницијативата за конфискација на Герасимовски: Добра е, но треба да се доработи appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, оствари средба со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на која му ја презентираше Иницијативата за регулирање, конфискација и ре-употреба на бесправно изградени објекти. Оваа иницијатива доби целосна поддршка од Управниот одбор на ЗЕЛС, а истата минатата недела му ја претставив и на министерот за правда, Кренар Лога, од каде исто доби недвосмислена поддршка. Наместо да се занимаваме со развој на општината, ние треба да рушиме објекти, за чие рушење општината нема доволно средства. Намерата на оваа иницијатива е да се интервенвира во два закони: Закон за постапување на бесправни објекти и Законот за управување со конфискуван имот. Градоначалникот Герасимовски на министерот Бочварски му ја претстави и ситуацијата со решавањето на нелегалните објекти во Албанија, особено во крајбрежјето, за што во тој случај е формирано Национално тело – инспекторат, со надлежности за рушење и конфискација на нелегално изградените објекти. Според министерот Бочварски, клучни се три моменти, односно зајакнување на инспекциските служби, зголемување на казните за бесправно градење како и ангажирањето на приватни правни лица, кои ќе делуваат како надворешни инспектори, под договор со општините.