концерт Archives - Република https://republika.mk/tema/koncert/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 12:43:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png концерт Archives - Република https://republika.mk/tema/koncert/ 32 32 Авторски концерт на Владимир Николов и Националниот џез оркестар во Велес https://republika.mk/scena/muzika/avtorski-kontsert-na-vladimir-nikolov-i-natsionalniot-dhez-orkestar-vo-veles-3/ Thu, 21 Nov 2024 12:42:30 +0000 https://republika.mk/?p=838114

На 23-ти ноември во 20:00 часот, во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот” во Велес ќе се одржи авторски концерт на македонскиот композитор и диригент Владимир Николов. На концертот ќе бидат изведени одбрани композиции од неговиот богат творечки опус, меѓу нив и неколку светски и македонски премиери. Ова е воедно и прв негов целовечерен авторски концерт со овој оркестар.

Владимир Николов е композитор чие творештво опфаќа широк спектар на изразни средства и жанри, користејќи ги искуствата во класичната музика и џезот како точка на поаѓање. Веќе подолго време е "зад сцената" во улога на аранжер во светски оркестарски проекти, но често настапува и како диригент со реномирани солисти и ансамбли.

Како редовен аранжер на еден од најдобрите ревиски оркестри во светот - Метропол Оркест, соработувал со врвни имиња како Џон Клејтон, Ренди Брекер, Винс Мендоза, Џулс Бакли и Џејкоб Колиер. Како автор и бенд лидер има издадено три студиски албума со ансамблот Николов-Ивановиќ Ундектет. Угледниот магазин JazzTimes овој ансамбл го оценува како „извонреден, еден од моментално најкреативните големи џез ансамбли во Европа”, а Downbeat музиката на овој ансамбл ја оценува како „ритмички сложенa, хармонски евокативнa, беспрекорно аранжиранa”.

Овие квалитети прострујуваат и во неговата музика за Биг Бенд оркестар која соединува различни стилови во еден органски сублимат. За своите композиции и аранжмани за Биг Бенд е добитник на бројни награди и признанија. Авторскиот концерт насловен „Crossover Stories” вклучува композиции од различни периоди во минатите 22 години авторска дејност.

The post Авторски концерт на Владимир Николов и Националниот џез оркестар во Велес appeared first on Република.

]]>

На 23-ти ноември во 20:00 часот, во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот” во Велес ќе се одржи авторски концерт на македонскиот композитор и диригент Владимир Николов. На концертот ќе бидат изведени одбрани композиции од неговиот богат творечки опус, меѓу нив и неколку светски и македонски премиери. Ова е воедно и прв негов целовечерен авторски концерт со овој оркестар. Владимир Николов е композитор чие творештво опфаќа широк спектар на изразни средства и жанри, користејќи ги искуствата во класичната музика и џезот како точка на поаѓање. Веќе подолго време е "зад сцената" во улога на аранжер во светски оркестарски проекти, но често настапува и како диригент со реномирани солисти и ансамбли. Како редовен аранжер на еден од најдобрите ревиски оркестри во светот - Метропол Оркест, соработувал со врвни имиња како Џон Клејтон, Ренди Брекер, Винс Мендоза, Џулс Бакли и Џејкоб Колиер. Како автор и бенд лидер има издадено три студиски албума со ансамблот Николов-Ивановиќ Ундектет. Угледниот магазин JazzTimes овој ансамбл го оценува како „извонреден, еден од моментално најкреативните големи џез ансамбли во Европа”, а Downbeat музиката на овој ансамбл ја оценува како „ритмички сложенa, хармонски евокативнa, беспрекорно аранжиранa”. Овие квалитети прострујуваат и во неговата музика за Биг Бенд оркестар која соединува различни стилови во еден органски сублимат. За своите композиции и аранжмани за Биг Бенд е добитник на бројни награди и признанија. Авторскиот концерт насловен „Crossover Stories” вклучува композиции од различни периоди во минатите 22 години авторска дејност.

The post Авторски концерт на Владимир Николов и Националниот џез оркестар во Велес appeared first on Република.

]]>
Концерт „Балканско патување“ – Пламенка Трајковска – гудачки квартет https://republika.mk/vesti/kultura/kontsert-balkansko-patuvane-plamenka-trajkovska-gudachki-kvartet/ Tue, 19 Nov 2024 07:30:28 +0000 https://republika.mk/?p=839407

Во рамките на фестивалот „Есенски музички свечености“, Пламенка Трајковска – гудачки квартет, ќе одржи концерт со наслов „Балканско патување“. Концертот ќе се реализира на 21 ноември (четврток) со почеток во 20.00 часот во Музеј на македонската борба.

Во гудачкиот квартет ќе учествуваат следните музичарки: Пламенка Трајковска на виолина, Милена Гиевска Андоновска на виолина, Љубица Бошкоска на виола и Александра Јаневска на виолончело. Аранжманите за гудачки квартет ги подготви Пламенка Трајковска.

Концертот „Балканско патување“ претставува музички истражувачки проект, во кој се откриваат заедничките музички корени на балканските простори, богатата балканска музичка ризница и одделните мелодиски и ритмички елементи, кои се блиски на регионот а за кои одделните народи сметаат дека се нивни автентични. Овие заеднички елементи се користени како основа за создавање на нови композиции со гудачки квартет.

Во новите композиции струјат неколку доминанти елементи и тоа: влијанијата на класичната музика и сосема класичниот инструментариум на гудачкиот квартет,заедничките мелодиски и ритмички линии од сите региони на Балканот, и аранжмански пристап кој има за цел да ги отслика музичките прелевања од регион во регион. Сите овие елементи се вткаени во нови музички слики кои имаат само еден наслов – балканска композиција.

Концертот „Балканско патување“ е покана и предизвик за слушателот преку интерпретација на балканските музички слики со гудачки квартет да се нурне во музичката ризница наречена Балканска музика и преку неа да ја доживее историјата, културата и емоцијата на балканските народи.

Пламенка Трајковска и членовите на гудачкиот квартет имаат реализирано повеќе проекти во кои обработуваат теми на светското музичко наследство. До сега Пламенка има направено аранжмани за македонски фолклорни теми во класичен и кросовер стил и тоа: Ој девојче, Шумат кај шумат шумите, Елено ќерко, Ај да бегаме мори Васе , Ламенто вело и други.

Пламенка Трајковска досега има настапено на речиси сите позначајни сцени и фестивали кај нас и има реализирано концерти во Хрватска, Србија, Бугарија, Грција, Франција, Танзанија и Турција.

Концертот се реализира со поддршка на Министерството за култура, Дирекција за култура и уметност, Скопје, Музеј на Македонската борба и Здружение Пламенка Трајковска – МКС, Скопје.

 

The post Концерт „Балканско патување“ – Пламенка Трајковска – гудачки квартет appeared first on Република.

]]>

Во рамките на фестивалот „Есенски музички свечености“, Пламенка Трајковска – гудачки квартет, ќе одржи концерт со наслов „Балканско патување“. Концертот ќе се реализира на 21 ноември (четврток) со почеток во 20.00 часот во Музеј на македонската борба. Во гудачкиот квартет ќе учествуваат следните музичарки: Пламенка Трајковска на виолина, Милена Гиевска Андоновска на виолина, Љубица Бошкоска на виола и Александра Јаневска на виолончело. Аранжманите за гудачки квартет ги подготви Пламенка Трајковска. Концертот „Балканско патување“ претставува музички истражувачки проект, во кој се откриваат заедничките музички корени на балканските простори, богатата балканска музичка ризница и одделните мелодиски и ритмички елементи, кои се блиски на регионот а за кои одделните народи сметаат дека се нивни автентични. Овие заеднички елементи се користени како основа за создавање на нови композиции со гудачки квартет. Во новите композиции струјат неколку доминанти елементи и тоа: влијанијата на класичната музика и сосема класичниот инструментариум на гудачкиот квартет,заедничките мелодиски и ритмички линии од сите региони на Балканот, и аранжмански пристап кој има за цел да ги отслика музичките прелевања од регион во регион. Сите овие елементи се вткаени во нови музички слики кои имаат само еден наслов – балканска композиција. Концертот „Балканско патување“ е покана и предизвик за слушателот преку интерпретација на балканските музички слики со гудачки квартет да се нурне во музичката ризница наречена Балканска музика и преку неа да ја доживее историјата, културата и емоцијата на балканските народи. Пламенка Трајковска и членовите на гудачкиот квартет имаат реализирано повеќе проекти во кои обработуваат теми на светското музичко наследство. До сега Пламенка има направено аранжмани за македонски фолклорни теми во класичен и кросовер стил и тоа: Ој девојче, Шумат кај шумат шумите, Елено ќерко, Ај да бегаме мори Васе , Ламенто вело и други. Пламенка Трајковска досега има настапено на речиси сите позначајни сцени и фестивали кај нас и има реализирано концерти во Хрватска, Србија, Бугарија, Грција, Франција, Танзанија и Турција. Концертот се реализира со поддршка на Министерството за култура, Дирекција за култура и уметност, Скопје, Музеј на Македонската борба и Здружение Пламенка Трајковска – МКС, Скопје.  

The post Концерт „Балканско патување“ – Пламенка Трајковска – гудачки квартет appeared first on Република.

]]>
Концерт на пост-панк/ноиз бендот „Psychedelic Trips To Death“ во Котур https://republika.mk/scena/muzika/kontsert-na-post-pank-noiz-bendot-psychedelic-trips-to-death-vo-kotur/ Mon, 18 Nov 2024 12:26:45 +0000 https://republika.mk/?p=839169

В среда,на 20 ноември, од 21 часот во „Котур“ ќе се одржи концерт на Psychedelic Trips Тo Death од Солун и Will Discuss од Скопје.

Psychedelic Trips Тo Death се енергичен пост-панк/ноиз бенд кој доаѓа од Солун. Формирани се во 2010 година и се едни од предводниците на солунската алтернативна сцена. Нивниот мрачен и дистописки звук вградува елементи на психоделичен рок, индастриал и експериментална електроника. Со беспрекорна напнатост, од метрономските пулсации на воведните тактови, преку заканувачките вокали до цврстите бас линии, тие создаваат френетични и параноични звучни пејзажи кои влегуваат под кожата.

Како локална поддршка ќе настапат Will Discuss од Скопје. Се работи за отворен колаборативен проект на Тодор Караколев (електроника, вокал), овојпат заедно со Кристијан Савиќ (гитара). Во спонтана музичка (де)компресија тие создаваат психоделична музика за танц. Нивниот деби албум излегува наскоро во издание на Стотројка.

The post Концерт на пост-панк/ноиз бендот „Psychedelic Trips To Death“ во Котур appeared first on Република.

]]>

В среда,на 20 ноември, од 21 часот во „Котур“ ќе се одржи концерт на Psychedelic Trips Тo Death од Солун и Will Discuss од Скопје. Psychedelic Trips Тo Death се енергичен пост-панк/ноиз бенд кој доаѓа од Солун. Формирани се во 2010 година и се едни од предводниците на солунската алтернативна сцена. Нивниот мрачен и дистописки звук вградува елементи на психоделичен рок, индастриал и експериментална електроника. Со беспрекорна напнатост, од метрономските пулсации на воведните тактови, преку заканувачките вокали до цврстите бас линии, тие создаваат френетични и параноични звучни пејзажи кои влегуваат под кожата. Како локална поддршка ќе настапат Will Discuss од Скопје. Се работи за отворен колаборативен проект на Тодор Караколев (електроника, вокал), овојпат заедно со Кристијан Савиќ (гитара). Во спонтана музичка (де)компресија тие создаваат психоделична музика за танц. Нивниот деби албум излегува наскоро во издание на Стотројка.

The post Концерт на пост-панк/ноиз бендот „Psychedelic Trips To Death“ во Котур appeared first on Република.

]]>
Голем славенички концерт на „Меморија“ вечерва во арената „Борис Трајковски“ https://republika.mk/scena/muzika/golem-slavenichki-kontsert-na-memorija-vecherva-vo-arenata-boris-trajkovski/ Sat, 16 Nov 2024 11:20:37 +0000 https://republika.mk/?p=838448

До големиот славенички концерт на „Меморија“ се бројат часови. Бендот е како никогаш досега подготвен заедно со својата публика, в сабота на 16 ноември во арената „Борис Трајковски“ со незаборавен концертен спектакл да ги прослави свите 40 години постоење.

Репертоарот познат, хитовите оддамна се подготвени за пеење во еден глас, баладите исто така за да ги разбудат емоциите и да ја одведат публиката на прошетка по сеќавањата за старите добри времиња, новите песни подеднакво стокмени за да се вклопат во целиот аудио-визуелен концертен мозаик кои „Меморија “ и го подготвува на  својата публика, која таа вечер ќе биде пред сцената во арената, која пак претендира да прерасне во театар на соништата…

Покрај сопствениот репертоар подготвија и изненадувања со специјални музички гости кои ќе бидат со членовите на „Меморија“ во одредени моменти заедно на сцената.

Овој пат „понежниот пол“ од музичкиот свет ќе го има главниот збор. Со микрофонот или инструментот в рака кога се во прашање бонус настапите вткаени во музичкиот концепт на концертот,  дамите како Ружица Брчиоска и „Ареа“, Дани Димитровска, Андријана Јаневска, Сара Мејс, Александра, Илиева, Тијанче Илова... засилени со едно машко име – Бранко Ѓоргиев, ќе бидат оние кои со својата вокална или инструментална изведба ќе ја обојат атмосферата и целиот амбиент. Секако тука е и Филип Николоски, младо момче од Прилеп кое се движи со помош на количка, но многу ја сака музиката, свири на синтисајзер, пее и настапува, па ќе настапи и со групата „Меморија“.

Меѓу сите нив и последниот гостин кој што членовите на бендот го чуваат до крај во тајност, со сиот респект на оние кои  се објавени и споменати,  е вистинска музичка ѕвезда. Во прашање е  едно големо, можеби во моментов и најголемото наше музичко име со интернационална кариера, на чии маестрални изведби се поклонува публиката ширум светот.

The post Голем славенички концерт на „Меморија“ вечерва во арената „Борис Трајковски“ appeared first on Република.

]]>

До големиот славенички концерт на „Меморија“ се бројат часови. Бендот е како никогаш досега подготвен заедно со својата публика, в сабота на 16 ноември во арената „Борис Трајковски“ со незаборавен концертен спектакл да ги прослави свите 40 години постоење. Репертоарот познат, хитовите оддамна се подготвени за пеење во еден глас, баладите исто така за да ги разбудат емоциите и да ја одведат публиката на прошетка по сеќавањата за старите добри времиња, новите песни подеднакво стокмени за да се вклопат во целиот аудио-визуелен концертен мозаик кои „Меморија “ и го подготвува на  својата публика, која таа вечер ќе биде пред сцената во арената, која пак претендира да прерасне во театар на соништата… Покрај сопствениот репертоар подготвија и изненадувања со специјални музички гости кои ќе бидат со членовите на „Меморија“ во одредени моменти заедно на сцената. Овој пат „понежниот пол“ од музичкиот свет ќе го има главниот збор. Со микрофонот или инструментот в рака кога се во прашање бонус настапите вткаени во музичкиот концепт на концертот,  дамите како Ружица Брчиоска и „Ареа“, Дани Димитровска, Андријана Јаневска, Сара Мејс, Александра, Илиева, Тијанче Илова... засилени со едно машко име – Бранко Ѓоргиев, ќе бидат оние кои со својата вокална или инструментална изведба ќе ја обојат атмосферата и целиот амбиент. Секако тука е и Филип Николоски, младо момче од Прилеп кое се движи со помош на количка, но многу ја сака музиката, свири на синтисајзер, пее и настапува, па ќе настапи и со групата „Меморија“. Меѓу сите нив и последниот гостин кој што членовите на бендот го чуваат до крај во тајност, со сиот респект на оние кои  се објавени и споменати,  е вистинска музичка ѕвезда. Во прашање е  едно големо, можеби во моментов и најголемото наше музичко име со интернационална кариера, на чии маестрални изведби се поклонува публиката ширум светот.

The post Голем славенички концерт на „Меморија“ вечерва во арената „Борис Трајковски“ appeared first on Република.

]]>
Концерт на Роберт Бонфиљо – Паганини на усна хармоника со Филхармонија https://republika.mk/vesti/kultura/kontsert-na-robert-bonfilo-paganini-na-usna-harmonika-so-filharmonija/ Thu, 14 Nov 2024 08:55:54 +0000 https://republika.mk/?p=837469

Оркестарот на Македонската филхармонија вечер со почеток во 20 часот ќе го одржи концертот насловен „Наостри ги сетилата“ на кој како солист на усна хармоника ќе настапи Роберт Бонфиљо од САД, а диригент е Борјан Цанев.

На програмата се дела „Музичка жртва“ од Стојче Тошевски, Концертот за усна хармоника и оркестар од Х. Вила –Лобос и „Болеро“ и „Шпанска рапсодија“ од Морис Равел.

Роберт Бонфиљо е познат по епитетот „Паганини на усната хармоника“. „Лос Анџелес Тајмс“ го нарече така и со право овој виртуоз на усна хармоника ја воодушевува публиката ширум светот: Карнеги хол, Холивуд боул, Гевандхаус, Центарот Кенеди, Бостонската симфониска сала, Линколн центарот…, со неговата способност да изведува концерти на хармоника од сферата на класиката, но и да блеска со блуз, наведуваат меѓу другото од Филхармонија во пресрет на вечерашниот концерт.

 

The post Концерт на Роберт Бонфиљо – Паганини на усна хармоника со Филхармонија appeared first on Република.

]]>

Оркестарот на Македонската филхармонија вечер со почеток во 20 часот ќе го одржи концертот насловен „Наостри ги сетилата“ на кој како солист на усна хармоника ќе настапи Роберт Бонфиљо од САД, а диригент е Борјан Цанев. На програмата се дела „Музичка жртва“ од Стојче Тошевски, Концертот за усна хармоника и оркестар од Х. Вила –Лобос и „Болеро“ и „Шпанска рапсодија“ од Морис Равел. Роберт Бонфиљо е познат по епитетот „Паганини на усната хармоника“. „Лос Анџелес Тајмс“ го нарече така и со право овој виртуоз на усна хармоника ја воодушевува публиката ширум светот: Карнеги хол, Холивуд боул, Гевандхаус, Центарот Кенеди, Бостонската симфониска сала, Линколн центарот…, со неговата способност да изведува концерти на хармоника од сферата на класиката, но и да блеска со блуз, наведуваат меѓу другото од Филхармонија во пресрет на вечерашниот концерт.  

The post Концерт на Роберт Бонфиљо – Паганини на усна хармоника со Филхармонија appeared first on Република.

]]>
Марија Шерифовиќ и македонската публика – молитва на совршениот дует! https://republika.mk/scena/muzika/marija-sherifovik-i-makedonskata-publika-molitva-na-sovrsheniot-duet/ Mon, 11 Nov 2024 20:31:43 +0000 https://republika.mk/?p=836485

Марија Шерифовиќ често знае да каже дека најважно нешто при секој настап и е интеракцијата и блискоста со публиката, а судејќи според атмосферата во којашто помина нејзиниот концерт во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, може да се каже дека македонската публика и тоа како ги надмина и нејзините најголеми надежи.

Со еуфоријата којашто бликаше од секое ќоше на салата, фановите се потрудија со цело срце и сета своја енергија да бидат вклучени во настапот и да ги споделат позитивните емоции со својата музичка миленичка.

Такво нешто сакаше и бараше и самата Шерифовиќ, која на почетокот на концертот ја повика публиката да и биде партнер во песната „Пола сунца“ и да ја има улогата на Матија Цвек, кој пее во тандем со неа во оваа нумера, а за која, Марија кажа дека, според неа, тоа е совршен дует.

Присутните во салата сосема добро одговорија на предизвикот, но тоа не беше врвот на нивното директно учество во концертот.

Моментот од кој Шерифовиќ остана целосно без текст се случи при изведбата на „Молитва“, кога публиката спонтано, со звукот на првите акорди, во еден глас почна да ги пее стиховите со таков жар, што Марија на бината подзастана во позитивен шок и едноставно, сосема и ја препушти изведбата без таа да испушти глас.

Од тој момент натаму, се поднаруши предвиденото сценарио што Шерифовиќ го имаше планирано за концертот, па така, се најде простор и за таа да повика неколку припаднички од понежниот пол, кои од публиката дури и се придружија на Шерифовиќ и на сцената.

До завршувањето на музичкото дружење имаше време и за прекрасно ѕвездено небо и бројни бурни аплаузи кои взаемно си ги поделија публиката и бендот.

На крајот, кога сакаше да им се заблагодари на фановите за прекрасната вечер, Шерифовиќ практично остана без зборови, нешто за што таа кажа дека ретко и се случува. Но, тоа што сепак, Марија го истакна за македонската публика е дека е најдобрата пред којашто настапила.

А, кога Марија Шерифовиќ ќе каже нешто, без оглед дали добро или лошо, тие што барем малку ја познаваат, знаат дека навистина го мисли кажаното.

Веројатно и затоа, концертот на Марија Шерифовиќ во Скопје покажа дека таа и македонската публика се совршен музички пар.

The post Марија Шерифовиќ и македонската публика – молитва на совршениот дует! appeared first on Република.

]]>

Марија Шерифовиќ често знае да каже дека најважно нешто при секој настап и е интеракцијата и блискоста со публиката, а судејќи според атмосферата во којашто помина нејзиниот концерт во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, може да се каже дека македонската публика и тоа како ги надмина и нејзините најголеми надежи. Со еуфоријата којашто бликаше од секое ќоше на салата, фановите се потрудија со цело срце и сета своја енергија да бидат вклучени во настапот и да ги споделат позитивните емоции со својата музичка миленичка. Такво нешто сакаше и бараше и самата Шерифовиќ, која на почетокот на концертот ја повика публиката да и биде партнер во песната „Пола сунца“ и да ја има улогата на Матија Цвек, кој пее во тандем со неа во оваа нумера, а за која, Марија кажа дека, според неа, тоа е совршен дует. Присутните во салата сосема добро одговорија на предизвикот, но тоа не беше врвот на нивното директно учество во концертот. Моментот од кој Шерифовиќ остана целосно без текст се случи при изведбата на „Молитва“, кога публиката спонтано, со звукот на првите акорди, во еден глас почна да ги пее стиховите со таков жар, што Марија на бината подзастана во позитивен шок и едноставно, сосема и ја препушти изведбата без таа да испушти глас. Од тој момент натаму, се поднаруши предвиденото сценарио што Шерифовиќ го имаше планирано за концертот, па така, се најде простор и за таа да повика неколку припаднички од понежниот пол, кои од публиката дури и се придружија на Шерифовиќ и на сцената. До завршувањето на музичкото дружење имаше време и за прекрасно ѕвездено небо и бројни бурни аплаузи кои взаемно си ги поделија публиката и бендот. На крајот, кога сакаше да им се заблагодари на фановите за прекрасната вечер, Шерифовиќ практично остана без зборови, нешто за што таа кажа дека ретко и се случува. Но, тоа што сепак, Марија го истакна за македонската публика е дека е најдобрата пред којашто настапила. А, кога Марија Шерифовиќ ќе каже нешто, без оглед дали добро или лошо, тие што барем малку ја познаваат, знаат дека навистина го мисли кажаното. Веројатно и затоа, концертот на Марија Шерифовиќ во Скопје покажа дека таа и македонската публика се совршен музички пар.

The post Марија Шерифовиќ и македонската публика – молитва на совршениот дует! appeared first on Република.

]]>
„Новогодишна музичка идила со Симон и пријателите“ на 20 декември во арена „Борис Трајковски“ https://republika.mk/vesti/kultura/novogodishna-muzichka-idila-so-simon-i-prijatelite-na-20-dekemvri-vo-arena-boris-trajkovski/ Mon, 04 Nov 2024 09:59:47 +0000 https://republika.mk/?p=833919

Македонскиот пијанист Симон Трпчески на 20 декември во арената „Борис Трајковски“ ќе одржи новогодишен концерт насловен „Новогодишна музичка идила со Симон и пријателите“.

Концертот е во организација на „Прагма продукција“, а Трпчески ќе настапи заедно со неговите пријатели, врвни македонски уметници.

Ова нема да биде класичен концерт, туку ќе биде новогодишен спектакл, каде што за првпат, Симон Трпчески ќе свири и популарни новогодишни песни, како што тоа го прават и најголемите музички ѕвезди. Но, овојпат тој ќе оди чекор понатаму, па заедно со него, на сцената ќе му се придружат врвни пејачи кои дополнително ќе ја зајакнат атмосферата, најавија организаторите.

Како што посочуваат, на програмата ќе биде „Оревокршачка“, но и омилените арии и популарните дуети, па сѐ до валцерите и бисерите од класичната музика и виртуозни предизвици.

Секој дел од програмата е вистински виртуозен предизвик, но Трпчески и неговите пријатели се подготвени да го исполнат со леснотија и страст, како што само тие знаат. Зборувајќи за новата средба со македонската публика, Симон Трпчески вели дека секогаш кога настапува на сцените низ светот дава сѐ од себе, но потенцира дека емоцијата е посилна кога се свири дома. Вистинска реткост е да се слуша Симон во Скопје, бидејќи неговите концертни активности траат во текот на целата година и се одвиваат на сите континенти низ светот, се вели во соопштението.

Трпчески редовно соработува со познати диригенти, а меѓу нив се издвојуваат имиња како Шарл Дитоа, Сер Лорин Мазел, Василиј Петренко, Владимир Ашкенази, Густав Дудамел итн. Настапува со најголемите странски оркестри, како Њујоршката филхармонија, Кралската филхармонија од Лондон, симфонискиот оркестар на Сан Франциско… Многу музички критичари го споредуваат со најдобрите пијанисти на денешницата, истакнувајќи дека Трпчески не само што ја поседува техниката, туку и длабока, уникатна музикалност што му овозможува да ги спои традицијата и современиот израз на извонреден начин.

Оваа новогодишна вечер е за сите – за оние кои го сакаат класичниот звук, но и за оние кои едноставно сакаат да уживаат во празничен концерт кој носи радост и инспирација. Во пријатната атмосфера на декемвриската ноќ, арената ќе биде вистинско уметничко прибежиште. Затоа, подгответе се за незаборавна вечер, споделете ја со своите најблиски и дозволете си да бидете дел од оваа ноќ, каде што Симон Трпчески и неговите пријатели ќе запишат уште една незаборавна страница во македонската музичка приказна, посочуваат организаторите.

 

The post „Новогодишна музичка идила со Симон и пријателите“ на 20 декември во арена „Борис Трајковски“ appeared first on Република.

]]>

Македонскиот пијанист Симон Трпчески на 20 декември во арената „Борис Трајковски“ ќе одржи новогодишен концерт насловен „Новогодишна музичка идила со Симон и пријателите“. Концертот е во организација на „Прагма продукција“, а Трпчески ќе настапи заедно со неговите пријатели, врвни македонски уметници.
Ова нема да биде класичен концерт, туку ќе биде новогодишен спектакл, каде што за првпат, Симон Трпчески ќе свири и популарни новогодишни песни, како што тоа го прават и најголемите музички ѕвезди. Но, овојпат тој ќе оди чекор понатаму, па заедно со него, на сцената ќе му се придружат врвни пејачи кои дополнително ќе ја зајакнат атмосферата, најавија организаторите.
Како што посочуваат, на програмата ќе биде „Оревокршачка“, но и омилените арии и популарните дуети, па сѐ до валцерите и бисерите од класичната музика и виртуозни предизвици.
Секој дел од програмата е вистински виртуозен предизвик, но Трпчески и неговите пријатели се подготвени да го исполнат со леснотија и страст, како што само тие знаат. Зборувајќи за новата средба со македонската публика, Симон Трпчески вели дека секогаш кога настапува на сцените низ светот дава сѐ од себе, но потенцира дека емоцијата е посилна кога се свири дома. Вистинска реткост е да се слуша Симон во Скопје, бидејќи неговите концертни активности траат во текот на целата година и се одвиваат на сите континенти низ светот, се вели во соопштението.
Трпчески редовно соработува со познати диригенти, а меѓу нив се издвојуваат имиња како Шарл Дитоа, Сер Лорин Мазел, Василиј Петренко, Владимир Ашкенази, Густав Дудамел итн. Настапува со најголемите странски оркестри, како Њујоршката филхармонија, Кралската филхармонија од Лондон, симфонискиот оркестар на Сан Франциско… Многу музички критичари го споредуваат со најдобрите пијанисти на денешницата, истакнувајќи дека Трпчески не само што ја поседува техниката, туку и длабока, уникатна музикалност што му овозможува да ги спои традицијата и современиот израз на извонреден начин.
Оваа новогодишна вечер е за сите – за оние кои го сакаат класичниот звук, но и за оние кои едноставно сакаат да уживаат во празничен концерт кој носи радост и инспирација. Во пријатната атмосфера на декемвриската ноќ, арената ќе биде вистинско уметничко прибежиште. Затоа, подгответе се за незаборавна вечер, споделете ја со своите најблиски и дозволете си да бидете дел од оваа ноќ, каде што Симон Трпчески и неговите пријатели ќе запишат уште една незаборавна страница во македонската музичка приказна, посочуваат организаторите.
 

The post „Новогодишна музичка идила со Симон и пријателите“ на 20 декември во арена „Борис Трајковски“ appeared first on Република.

]]>
Koнцерт на пијано дуото Мимоза Ќека и Јована Трајчева во Салон 19,19 https://republika.mk/vesti/kultura/kontsert-na-pijano-duoto-mimoza-keka-i-jovana-trajcheva-vo-salon-19-19/ Wed, 30 Oct 2024 16:21:53 +0000 https://republika.mk/?p=832521

Во сабота во Салон 19:19, во 19:19часот ќе се одржи Koнцерт – Пијано дуо на Мимоза Ќека и Јована Трајчева.

Мимоза Ќека и Јована Трајчева заедно настапуваат од 2018 година. Тие остваруваат успешни проекти како хуманитарниот концерт „Есенска бајка“ за СОС Детско Село, концертните турнеи „Пијанистички звуци“ и серијалот „Празнична рапсодија“ во Филхармонија. Во 2023 година настапија со концерт за две пијана „ФИДАН“ како дел од сезоната на Македонската филхармонија.

Мимоза Ќека е македонска пијанистка со меѓународна кариера, посветена на класичната музика, предавањето и музичкото истражување. Нејзиниот репертоар вклучува дела од барок до современа музика, а во 2022 година го издала својот соло албум „Non-Fungible“ со дела од Бах, Скрјабин и Барбер. Во 2021 година Мимоза ја одбранила својата докторска дисертација на тема „Употребата на дигиталните технологии во квантитативната анализа на пијанистичката изведба“, истражувајќи нови методи за анализа на музичките изведби што претставува значаен придонес во музичката наука. Студирала под водство на маестра Лилја Зилберштајн, со која го стекнала магистерскиот степен. Низ годините, таа настапувала на престижни фестивали како Охридско лето, Siena Summer Festival, Франкофонски Фестивал Солеј, Златна Лира, Денови на македонска музика, Есенски музички свечености, а под диригентската палка на Саша Николовски Ѓумар го има изведено Концертот за пијано и оркестар бр. 2 од К. Сен Санс. Концертирала и во градови ширум светот, меѓу кои Париз, Рим, Бристол, Милано, Прага, Трст, Сиена, Скопје, Њујорк и Истанбул. Нејзиното учество во проектот TEME и усовршувањето на Академијата „Киџана“ во Сиена, Италија, дополнително ја збогатиле нејзината кариера.

Јована Трајчева започнала со музичко образование на седумгодишна возраст во класата на проф. Кармен Костова, а го завршила во класата на реномираниот руски педагог проф. Људмила Романова во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. Во 2015 година дипломирала на Факултетот за музичка уметност во класата на проф. Нина Костова, а во 2017 година го стекнала магистерскиот степен по музичка интерпретација со истата професорка. Јована успешно настапува на фестивали како Скопско лето, Денови на македонска музика, Musica Viva и Есенски Музички Свечености, а остварува и солистички концерти во македонските градови Скопје, Охрид и Тетово. Особено значаен е нејзиниот рецитал во црквата „Св. Софија“ во Охрид во 2017 година. Надвор од Македонија, Јована настапува во Рим, Ибица, Милано и во Cite des Arts во Париз, а има соработувано и со Македонската филхармонија под диригентската палка на Ле Фи Фи. Од 2015 година, Јована е активно вклучена во педагогијата, работејќи како професорка по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“

 

The post Koнцерт на пијано дуото Мимоза Ќека и Јована Трајчева во Салон 19,19 appeared first on Република.

]]>

Во сабота во Салон 19:19, во 19:19часот ќе се одржи Koнцерт – Пијано дуо на Мимоза Ќека и Јована Трајчева.

Мимоза Ќека и Јована Трајчева заедно настапуваат од 2018 година. Тие остваруваат успешни проекти како хуманитарниот концерт „Есенска бајка“ за СОС Детско Село, концертните турнеи „Пијанистички звуци“ и серијалот „Празнична рапсодија“ во Филхармонија. Во 2023 година настапија со концерт за две пијана „ФИДАН“ како дел од сезоната на Македонската филхармонија.

Мимоза Ќека е македонска пијанистка со меѓународна кариера, посветена на класичната музика, предавањето и музичкото истражување. Нејзиниот репертоар вклучува дела од барок до современа музика, а во 2022 година го издала својот соло албум „Non-Fungible“ со дела од Бах, Скрјабин и Барбер. Во 2021 година Мимоза ја одбранила својата докторска дисертација на тема „Употребата на дигиталните технологии во квантитативната анализа на пијанистичката изведба“, истражувајќи нови методи за анализа на музичките изведби што претставува значаен придонес во музичката наука. Студирала под водство на маестра Лилја Зилберштајн, со која го стекнала магистерскиот степен. Низ годините, таа настапувала на престижни фестивали како Охридско лето, Siena Summer Festival, Франкофонски Фестивал Солеј, Златна Лира, Денови на македонска музика, Есенски музички свечености, а под диригентската палка на Саша Николовски Ѓумар го има изведено Концертот за пијано и оркестар бр. 2 од К. Сен Санс. Концертирала и во градови ширум светот, меѓу кои Париз, Рим, Бристол, Милано, Прага, Трст, Сиена, Скопје, Њујорк и Истанбул. Нејзиното учество во проектот TEME и усовршувањето на Академијата „Киџана“ во Сиена, Италија, дополнително ја збогатиле нејзината кариера.

Јована Трајчева започнала со музичко образование на седумгодишна возраст во класата на проф. Кармен Костова, а го завршила во класата на реномираниот руски педагог проф. Људмила Романова во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. Во 2015 година дипломирала на Факултетот за музичка уметност во класата на проф. Нина Костова, а во 2017 година го стекнала магистерскиот степен по музичка интерпретација со истата професорка. Јована успешно настапува на фестивали како Скопско лето, Денови на македонска музика, Musica Viva и Есенски Музички Свечености, а остварува и солистички концерти во македонските градови Скопје, Охрид и Тетово. Особено значаен е нејзиниот рецитал во црквата „Св. Софија“ во Охрид во 2017 година. Надвор од Македонија, Јована настапува во Рим, Ибица, Милано и во Cite des Arts во Париз, а има соработувано и со Македонската филхармонија под диригентската палка на Ле Фи Фи. Од 2015 година, Јована е активно вклучена во педагогијата, работејќи како професорка по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“

 

The post Koнцерт на пијано дуото Мимоза Ќека и Јована Трајчева во Салон 19,19 appeared first on Република.

]]>
Трпчески уште еднаш ја крена на нозе европската публика: Секогаш сакам да презентирам нешто наше, поради тоа што сум горд на она што го имаме како ризница, богатство, фолклорно, како земја, како Македонија https://republika.mk/vesti/kultura/trpcheski-ushte-ednash-ja-krena-na-noze-evropskata-publika-sekogash-sakam-da-prezentiram-neshto-nashe-poradi-toa-shto-sum-gord-na-ona-shto-go-imame-kako-riznitsa-bogatstvo-folklorno-kako-zemja-kako-ma/ Mon, 28 Oct 2024 13:37:09 +0000 https://republika.mk/?p=831182

Еминентниот македонски пијанист, маестро Симон Трпчески, уште еднаш ја крена европската публика на нозе, овој пат со концерт во свечената сала на Музичката академија „Франц Лист“ во Будимпешта, каде што настапи со Симфонискиот оркестар на Унгарското радио и под диригентската палка на италијанскиот диригент Рикардо Фрица. Присутната публика имаше можност да ужива во неговата виртуозна изведба на Концертот за пијано и оркестар број 2 од Јоханес Брамс во првиот дел од вечерта. Според Трпчески, се работи за едно од најсложените дела во творештвото на Брамс.

„Се чувствувам прекрасно. Имав чест да го изведувам токму во градот каде што беше и светската премиера на ова дело. Будимпешта толку многу зрачи со уметност, да не кажам со музика од секој агол, но и воопшто, Унгарија е една земја со богати култура и историја“, рече Трпчески.

Тој за првпат настапи со Оркестарот на Унгарското радио, и тоа на покана од диригентот Рикардо Фрица од Италија, со кого веќе има настапувано заедно.

„Трпчески не е само пијанист, тој е, пред сè, мој пријател, се знаеме многу години и настапувавме заедно. Многу е лесно за мене да соработувам со него, бидејќи имаме иста страст кон музиката, имаме совршена музичка комуникација. Се надевам, ќе имаме уште многу заеднички концерти“, истакна диригентот.

Концерт-мајсторот на Оркестарот на Унгарското радио, воедно и прв унгарски уметник награден со „Еми“, исто така имаше пофални зборови за македонскиот музичар: „Трпчески свиреше одлично, неговата изведба е виртуозна. Го претстави на вистински начин делото на Брамс. Со пијанистот имаме план за македонско-унгарска соработка во иднина, како концерт на камерна музика“.

На крајот од својот настап, Трпчески ѝ подари на публиката македонска композиција.

„Изведов дел од ‘Македонисимо’, поточно ‘Пиперково оро’. Секогаш сакам да презентирам нешто наше, поради тоа што сум горд на она што го имаме како ризница, богатство, фолклорно, како земја, како Македонија. На концертот во Будимпешта публиката имаше можност да слушне унгарска народна музика преку ‘Концертот’ на Брамс, така што направив една поврзаност и изведов и македонска композиција“.

На концертот присуствуваа и неколкумина Македонци, меѓу кои и Ивица Боцевски, специјален претставник на Владата при унгарското Претседателство со Советот на Европската Унија.

„Во официјално својство, веќе на трет континент го слушам, дел сум од неговата публика, никогаш не пропушта кога прави бис, да ме поздрави, особено кога ги изведува македонските композиции. Повторно, и овој пат, го добив најнезаслужениот аплауз кога ме претстави како амбасадор од неговата татковина и кога ми го посвети ‘Пиперково оро’. Се сеќавам кога ме поздрави пред преполната сала на Државниот оркестар од Сао Паоло со делото од Шуплевски ‘Не си го продавај, Кољо, чифлигот’“, изјави Боцевски, за кого Трпчески е најголем македонски културен амбасадор.

„Тој е и најдобар доказ што пропушта Европа поради недовршената македонска и општо, балканска европска интеграција. Целиот талент, целата креативност, ум, труд и професионалност на секој Балканец е нераскинлив дел од европската цивилизација, култура, економија и придонесува кон зголемување на европската конкурентност во трката кон врвот во 21 век. Унгарците одамна го знаат тоа и затоа срдечно ја поддржуваат нашата европска интеграција, а и се однесуваат кон нас како веќе да сме земја членка. Беше гордост да се проследат петте биса што му ги даде унгарската публика на Симон, а и потоа да се ужива во друштвото на најдобрите унгарски и европски уметници, кои беа дојдени да го проследат концертот“, додаде тој.

Трпчески истакна дека особено му е мило што овој концерт се одржа токму во време на претседавањето на Унгарија со Европската Унија.

„Ова е една убава културна соработка помеѓу Македонија и Унгарија и ќе придонесе за развивање на понатамошните односи“.

Македонскиот пијанист доби пофални зборови од многубројната публика, врвни музичари и познавачи на музичката уметност. Меѓу нив и Франческа Испан, која е основач на камерниот оркестар „Солти“, составен од млади дипломирани музичари од Музичката академија. Таа воедно беше и пријателка со македонскиот композитор Властимир Николовски.

Турнејата на Трпчески продолжува во Белград, и тоа со два концерта во една вечер, па во Солун, Нови Сад и во Сараево.

The post Трпчески уште еднаш ја крена на нозе европската публика: Секогаш сакам да презентирам нешто наше, поради тоа што сум горд на она што го имаме како ризница, богатство, фолклорно, како земја, како Македонија appeared first on Република.

]]>

Еминентниот македонски пијанист, маестро Симон Трпчески, уште еднаш ја крена европската публика на нозе, овој пат со концерт во свечената сала на Музичката академија „Франц Лист“ во Будимпешта, каде што настапи со Симфонискиот оркестар на Унгарското радио и под диригентската палка на италијанскиот диригент Рикардо Фрица. Присутната публика имаше можност да ужива во неговата виртуозна изведба на Концертот за пијано и оркестар број 2 од Јоханес Брамс во првиот дел од вечерта. Според Трпчески, се работи за едно од најсложените дела во творештвото на Брамс. „Се чувствувам прекрасно. Имав чест да го изведувам токму во градот каде што беше и светската премиера на ова дело. Будимпешта толку многу зрачи со уметност, да не кажам со музика од секој агол, но и воопшто, Унгарија е една земја со богати култура и историја“, рече Трпчески. Тој за првпат настапи со Оркестарот на Унгарското радио, и тоа на покана од диригентот Рикардо Фрица од Италија, со кого веќе има настапувано заедно. „Трпчески не е само пијанист, тој е, пред сè, мој пријател, се знаеме многу години и настапувавме заедно. Многу е лесно за мене да соработувам со него, бидејќи имаме иста страст кон музиката, имаме совршена музичка комуникација. Се надевам, ќе имаме уште многу заеднички концерти“, истакна диригентот. Концерт-мајсторот на Оркестарот на Унгарското радио, воедно и прв унгарски уметник награден со „Еми“, исто така имаше пофални зборови за македонскиот музичар: „Трпчески свиреше одлично, неговата изведба е виртуозна. Го претстави на вистински начин делото на Брамс. Со пијанистот имаме план за македонско-унгарска соработка во иднина, како концерт на камерна музика“. На крајот од својот настап, Трпчески ѝ подари на публиката македонска композиција. „Изведов дел од ‘Македонисимо’, поточно ‘Пиперково оро’. Секогаш сакам да презентирам нешто наше, поради тоа што сум горд на она што го имаме како ризница, богатство, фолклорно, како земја, како Македонија. На концертот во Будимпешта публиката имаше можност да слушне унгарска народна музика преку ‘Концертот’ на Брамс, така што направив една поврзаност и изведов и македонска композиција“. На концертот присуствуваа и неколкумина Македонци, меѓу кои и Ивица Боцевски, специјален претставник на Владата при унгарското Претседателство со Советот на Европската Унија. „Во официјално својство, веќе на трет континент го слушам, дел сум од неговата публика, никогаш не пропушта кога прави бис, да ме поздрави, особено кога ги изведува македонските композиции. Повторно, и овој пат, го добив најнезаслужениот аплауз кога ме претстави како амбасадор од неговата татковина и кога ми го посвети ‘Пиперково оро’. Се сеќавам кога ме поздрави пред преполната сала на Државниот оркестар од Сао Паоло со делото од Шуплевски ‘Не си го продавај, Кољо, чифлигот’“, изјави Боцевски, за кого Трпчески е најголем македонски културен амбасадор. „Тој е и најдобар доказ што пропушта Европа поради недовршената македонска и општо, балканска европска интеграција. Целиот талент, целата креативност, ум, труд и професионалност на секој Балканец е нераскинлив дел од европската цивилизација, култура, економија и придонесува кон зголемување на европската конкурентност во трката кон врвот во 21 век. Унгарците одамна го знаат тоа и затоа срдечно ја поддржуваат нашата европска интеграција, а и се однесуваат кон нас како веќе да сме земја членка. Беше гордост да се проследат петте биса што му ги даде унгарската публика на Симон, а и потоа да се ужива во друштвото на најдобрите унгарски и европски уметници, кои беа дојдени да го проследат концертот“, додаде тој. Трпчески истакна дека особено му е мило што овој концерт се одржа токму во време на претседавањето на Унгарија со Европската Унија. „Ова е една убава културна соработка помеѓу Македонија и Унгарија и ќе придонесе за развивање на понатамошните односи“. Македонскиот пијанист доби пофални зборови од многубројната публика, врвни музичари и познавачи на музичката уметност. Меѓу нив и Франческа Испан, која е основач на камерниот оркестар „Солти“, составен од млади дипломирани музичари од Музичката академија. Таа воедно беше и пријателка со македонскиот композитор Властимир Николовски. Турнејата на Трпчески продолжува во Белград, и тоа со два концерта во една вечер, па во Солун, Нови Сад и во Сараево.

The post Трпчески уште еднаш ја крена на нозе европската публика: Секогаш сакам да презентирам нешто наше, поради тоа што сум горд на она што го имаме како ризница, богатство, фолклорно, како земја, како Македонија appeared first on Република.

]]>
Концерт „Пијанизам хероизам“ со Петер Лаул и маестро Конрад ван Алфен во четврток во Филхармонија https://republika.mk/vesti/kultura/kontsert-pijanizam-heroizam-so-peter-laul-i-maestro-konrad-van-alfen-vo-chetvrtok-vo-filharmonija/ Mon, 28 Oct 2024 12:38:26 +0000 https://republika.mk/?p=831708

Концертот на Македонска филхармонија насловен како „Пијанизам хероизам“ ќе се одржи во четврток, 31 октомври, со почеток во 20 часот. Рускиот пијанист Петер Лаул ќе настапи како солист, а диригент е маестро Конрад ван Алфен од Холандија.

На програмата се Поема за симфониски оркестар „Древниот ѕид“ од Томислав Зографски, Концертот за пијано и оркестар број 2 во Еф-дур од Дмитри Шостакович и Симфонијата број 6 во Де-дур од Антонин Дворжак.

„Конрад ван Алфен е ‘инспиративен диригент што прави нештата да се случуваат’, ќе напише критиката за холандскиот маестро, којшто е чест диригент со Филхармонија на РСМ, а пред една година беше и почесен гостин диригент со нашиот оркестар. Овој етаблиран холандски/јужноафрикански диригент се стекна со својата популарност и кај оркестрите и кај публиката, благодарение на посебниот начин на кој тој ги води пробите и изведбите“, истакнуваат од Филхармонија за диригентот на концертот.

Додека пак, оттаму посочуваат дека пијанистот Петер Лаул е еден од најнаградуваните руски пијанисти, кој соработувал со диригенти како Шостакович, Гергиев, Касадесус… Меѓудругите, во 2003 му беше доделена и почесна награда „За достигнувања во културата“ од Министерството за култура на Руската Федерација. Неговите настапи се многубројни. Редовно соработува со оркестри како Филхармонијата на Санкт Петербург, Оркестарот на Маринискиот театар, Московскиот симфониски оркестар и други.

Петер Лаул посебно внимание посветува на камерната музика и во таа смисла, негови редовни партнери се уметници како Иља Гринголц, Максим Венгеров, Виктор Третјаков, Алена Баева, Сергеј Левитин, Давид Гримал, Марк Копеј… Зад себе има и многубројни снимки за врвни издавачки куќи, од кои се истакнуваат оние со делата на Скрјабин (2006), целосните трија и сонати за виолончело од Брамс (2007, 2008), целосните сонати и трија за виолина од Шуман (2010) и целосните дела за виолина од Стравински (2016). Од 2002 година предава пијано на Конзерваториумот во Санкт Петербург“, додаваат од Македонска Филхармонија.

 

The post Концерт „Пијанизам хероизам“ со Петер Лаул и маестро Конрад ван Алфен во четврток во Филхармонија appeared first on Република.

]]>

Концертот на Македонска филхармонија насловен како „Пијанизам хероизам“ ќе се одржи во четврток, 31 октомври, со почеток во 20 часот. Рускиот пијанист Петер Лаул ќе настапи како солист, а диригент е маестро Конрад ван Алфен од Холандија.

На програмата се Поема за симфониски оркестар „Древниот ѕид“ од Томислав Зографски, Концертот за пијано и оркестар број 2 во Еф-дур од Дмитри Шостакович и Симфонијата број 6 во Де-дур од Антонин Дворжак.

„Конрад ван Алфен е ‘инспиративен диригент што прави нештата да се случуваат’, ќе напише критиката за холандскиот маестро, којшто е чест диригент со Филхармонија на РСМ, а пред една година беше и почесен гостин диригент со нашиот оркестар. Овој етаблиран холандски/јужноафрикански диригент се стекна со својата популарност и кај оркестрите и кај публиката, благодарение на посебниот начин на кој тој ги води пробите и изведбите“, истакнуваат од Филхармонија за диригентот на концертот.

Додека пак, оттаму посочуваат дека пијанистот Петер Лаул е еден од најнаградуваните руски пијанисти, кој соработувал со диригенти како Шостакович, Гергиев, Касадесус… Меѓудругите, во 2003 му беше доделена и почесна награда „За достигнувања во културата“ од Министерството за култура на Руската Федерација. Неговите настапи се многубројни. Редовно соработува со оркестри како Филхармонијата на Санкт Петербург, Оркестарот на Маринискиот театар, Московскиот симфониски оркестар и други.

Петер Лаул посебно внимание посветува на камерната музика и во таа смисла, негови редовни партнери се уметници како Иља Гринголц, Максим Венгеров, Виктор Третјаков, Алена Баева, Сергеј Левитин, Давид Гримал, Марк Копеј… Зад себе има и многубројни снимки за врвни издавачки куќи, од кои се истакнуваат оние со делата на Скрјабин (2006), целосните трија и сонати за виолончело од Брамс (2007, 2008), целосните сонати и трија за виолина од Шуман (2010) и целосните дела за виолина од Стравински (2016). Од 2002 година предава пијано на Конзерваториумот во Санкт Петербург“, додаваат од Македонска Филхармонија.

 

The post Концерт „Пијанизам хероизам“ со Петер Лаул и маестро Конрад ван Алфен во четврток во Филхармонија appeared first on Република.

]]>
Марија Шерифовиќ: Сакам публиката да ми е што поблиску до бината за ги споделиме емоциите https://republika.mk/scena/muzika/marija-sherifovik-sakam-publikata-da-mi-e-shto-poblisku-do-binata-za-gi-spodelime-emotsiite/ Thu, 24 Oct 2024 12:13:54 +0000 https://republika.mk/?p=830559

На концерт во Скопје, последен пат настапив пред шест години, во 2018 година, но многу добро се сеќавам на тој ден, знам точно и како бев облечена. Тој ден воопшто не ми се пееше, бев многу нервозна, што се вели не ми се живееше. Но, кога излегов на сцената, кога ја видов и слушнав публиката и со каков жар ме пречекува, можеби малку и се исплашив. Кога ја видов сета таа љубов и енергија, сфатив дека немам право да не дадам се од себе за да возвратам на најдобар начин. На крајот, тоа беше концерт на кој целата сала пееше во еден глас и кој ми остана во сеќавање и се надевам дека повторно ќе ги имаме истите позитивни емоции“.

Со вакви зборови, балканската музичка ѕвезда, Марија Шерифовиќ, го најави својот концерт во Скопје, што ќе се одржи на 2 ноември во салата Борис Трајковски.

­Шерифовиќ истакна дека блискоста со публиката и е многу важна и затоа и за скопскиот концерт ќе инсистира партерот да биде што поблиску до бината, за да може да има директен контакт со фановите.

Со својот бенд и со целиот продукциски тим имаме за цел со нашиот настап на луѓето да им ја поправиме душата, да им го оправиме срцето, да предизвикаме чувство дека ова им бил еден од најдобрите концерти во животот. Затоа, контактот со публиката ми е најважен. Сакам публиката да биде до мене, до бината и се трудам на секој концерт да запаметам барем по еден лик, една насмевка, за коишто ќе можам да раскажувам кога ќе остарам“, порача Шерифовиќ.

Концертот во Скопје, за Шерифовиќ е дел од турнејата „Доаѓа љубов“ (Долази љубав), во која се вклучени 30 градови и е планирано да трае до март.

Како што кажа Шерифовиќ, иако репертоарот за турнејата е одреден, се обидува на концертите да вметне по некоја песна специјално за публиката пред којашто настапува, па така ќе биде и во Скопје.

The post Марија Шерифовиќ: Сакам публиката да ми е што поблиску до бината за ги споделиме емоциите appeared first on Република.

]]>

На концерт во Скопје, последен пат настапив пред шест години, во 2018 година, но многу добро се сеќавам на тој ден, знам точно и како бев облечена. Тој ден воопшто не ми се пееше, бев многу нервозна, што се вели не ми се живееше. Но, кога излегов на сцената, кога ја видов и слушнав публиката и со каков жар ме пречекува, можеби малку и се исплашив. Кога ја видов сета таа љубов и енергија, сфатив дека немам право да не дадам се од себе за да возвратам на најдобар начин. На крајот, тоа беше концерт на кој целата сала пееше во еден глас и кој ми остана во сеќавање и се надевам дека повторно ќе ги имаме истите позитивни емоции“.
Со вакви зборови, балканската музичка ѕвезда, Марија Шерифовиќ, го најави својот концерт во Скопје, што ќе се одржи на 2 ноември во салата Борис Трајковски. ­Шерифовиќ истакна дека блискоста со публиката и е многу важна и затоа и за скопскиот концерт ќе инсистира партерот да биде што поблиску до бината, за да може да има директен контакт со фановите.
Со својот бенд и со целиот продукциски тим имаме за цел со нашиот настап на луѓето да им ја поправиме душата, да им го оправиме срцето, да предизвикаме чувство дека ова им бил еден од најдобрите концерти во животот. Затоа, контактот со публиката ми е најважен. Сакам публиката да биде до мене, до бината и се трудам на секој концерт да запаметам барем по еден лик, една насмевка, за коишто ќе можам да раскажувам кога ќе остарам“, порача Шерифовиќ.
Концертот во Скопје, за Шерифовиќ е дел од турнејата „Доаѓа љубов“ (Долази љубав), во која се вклучени 30 градови и е планирано да трае до март. Како што кажа Шерифовиќ, иако репертоарот за турнејата е одреден, се обидува на концертите да вметне по некоја песна специјално за публиката пред којашто настапува, па така ќе биде и во Скопје.

The post Марија Шерифовиќ: Сакам публиката да ми е што поблиску до бината за ги споделиме емоциите appeared first on Република.

]]>
Жељко Бебек доживеа несреќа на настап во Виена: Се струполи на сцената среде концерт https://republika.mk/scena/estrada/zhelko-bebek-dozhivea-nesreka-na-nastap-vo-viena-se-strupoli-na-stsenata-srede-kontsert/ Tue, 22 Oct 2024 08:23:36 +0000 https://republika.mk/?p=829638

Пејачот Жељко Бебек неодамна доживеа несреќа на настап во Виена, кога се струполи на сцената среде концерт. Снимката од падот стана вирална на социјалните мрежи, а јавноста беше вознемирена поради тоа.

Имено, за време на изведбата на една песна тој паднал како покосен, по што ползел околу бината и се обидел да стане.

Но обидот бил неуспешен по што Бебек морал да побара помош од својата екипа.

https://www.youtube.com/watch?v=2Dbsi_LiuXE

The post Жељко Бебек доживеа несреќа на настап во Виена: Се струполи на сцената среде концерт appeared first on Република.

]]>

Пејачот Жељко Бебек неодамна доживеа несреќа на настап во Виена, кога се струполи на сцената среде концерт. Снимката од падот стана вирална на социјалните мрежи, а јавноста беше вознемирена поради тоа. Имено, за време на изведбата на една песна тој паднал како покосен, по што ползел околу бината и се обидел да стане. Но обидот бил неуспешен по што Бебек морал да побара помош од својата екипа. https://www.youtube.com/watch?v=2Dbsi_LiuXE

The post Жељко Бебек доживеа несреќа на настап во Виена: Се струполи на сцената среде концерт appeared first on Република.

]]>
Концерти на Скопскиот дувачки квинтет во Австрија и Словенија https://republika.mk/vesti/kultura/kontserti-na-skopskiot-duvachki-kvintet-vo-avstrija-i-slovenija/ Mon, 21 Oct 2024 08:00:00 +0000 https://republika.mk/?p=829277

Скопскиот дувачки квинтет денеска ќе настапи во Виена во познатата катедрала Св. Ана (Annakirche) во центарот на градот Виена, а утре со концерт ќе се претсти во Мурска Собота (Словенија).

На концертите во Австрија и во Словенија, Скопскиот дувачки квинтет ќе се претстави со дела од светската литература за ваков камерен состав како и дела од македонски автори.

Концертите се реализираат со поддршка од Министерството за култура, како и македонската амбасада во Виена и македонскиот почесен конзулат во Словенија.

Скопскиот дувачки квинтет е еден од најстарите камерни состави во Македонија кој опстојува повеќе од 40 години и во кој сега настапува третата генерација на истакнати музичари и тоа: Марија Јакимовска - флејта, Васил Атанасов - обоа, Ристо Ѓоревски - кларинет, Орце Ицковски - фагот и Александар Гошев - хорна.

Во 2019 година Скопскиот дувачки квинтет ја доби наградата „Златна лира" - највисоко признание кое го доделува Сојузот на музички уметници на Македонија (СМУМ) за животно дело и врвни уметнички достигнувања.

The post Концерти на Скопскиот дувачки квинтет во Австрија и Словенија appeared first on Република.

]]>

Скопскиот дувачки квинтет денеска ќе настапи во Виена во познатата катедрала Св. Ана (Annakirche) во центарот на градот Виена, а утре со концерт ќе се претсти во Мурска Собота (Словенија). На концертите во Австрија и во Словенија, Скопскиот дувачки квинтет ќе се претстави со дела од светската литература за ваков камерен состав како и дела од македонски автори. Концертите се реализираат со поддршка од Министерството за култура, како и македонската амбасада во Виена и македонскиот почесен конзулат во Словенија. Скопскиот дувачки квинтет е еден од најстарите камерни состави во Македонија кој опстојува повеќе од 40 години и во кој сега настапува третата генерација на истакнати музичари и тоа: Марија Јакимовска - флејта, Васил Атанасов - обоа, Ристо Ѓоревски - кларинет, Орце Ицковски - фагот и Александар Гошев - хорна. Во 2019 година Скопскиот дувачки квинтет ја доби наградата „Златна лира" - највисоко признание кое го доделува Сојузот на музички уметници на Македонија (СМУМ) за животно дело и врвни уметнички достигнувања.

The post Концерти на Скопскиот дувачки квинтет во Австрија и Словенија appeared first on Република.

]]>
Концерт на „Квинтето“ во Македонскиот културен центар во Истанбул https://republika.mk/vesti/kultura/kontsert-na-kvinteto-vo-makedonskiot-kulturen-tsentar-vo-istanbul/ Wed, 16 Oct 2024 09:04:29 +0000 https://republika.mk/?p=827477

Македонскиот културен центар во Истанбул вечер (16 октомври) во 19:00 часот ќе биде домаќин на македонската група музичари „Квинтето“ (Quinteto) чии оригинални композиции комбинираат различни музички жанрови.

„Квинтето“ се издвојува на музичката сцена по својата еклектична мешавина на стилови – од етно и џез до рок и кабаре.

Она што го прави нивниот звук уникатен е комбинацијата од инструменти како обоа, кларинет и виола во спој со електрична бас-гитара, тапани и кахон. Нивната музика е збогатена со карактеристичните македонски нерамноделни ритми кои го спојуваат традиционалното со модерното“, информираат од КИЦ – Истанбул.

The post Концерт на „Квинтето“ во Македонскиот културен центар во Истанбул appeared first on Република.

]]>

Македонскиот културен центар во Истанбул вечер (16 октомври) во 19:00 часот ќе биде домаќин на македонската група музичари „Квинтето“ (Quinteto) чии оригинални композиции комбинираат различни музички жанрови. „Квинтето“ се издвојува на музичката сцена по својата еклектична мешавина на стилови – од етно и џез до рок и кабаре.
Она што го прави нивниот звук уникатен е комбинацијата од инструменти како обоа, кларинет и виола во спој со електрична бас-гитара, тапани и кахон. Нивната музика е збогатена со карактеристичните македонски нерамноделни ритми кои го спојуваат традиционалното со модерното“, информираат од КИЦ – Истанбул.

The post Концерт на „Квинтето“ во Македонскиот културен центар во Истанбул appeared first on Република.

]]>
Македонската дива Калиопи најави јубилеен спектакуларен концерт в сабота во „Борис Трајковски“ https://republika.mk/scena/muzika/makedonskata-diva-kaliopi-najavi-jubileen-spektakularen-kontsert-v-sabota-vo-boris-trajkovski/ Mon, 14 Oct 2024 15:59:39 +0000 https://republika.mk/?p=826742

Македонската поп ѕвезда Калиопи за в сабота најави јубилеен спектакл во салата „Борис Трајковски“ со којшто ќе одбележи 40 години на сцената. Нејзиниот концерт во Скопје доаѓа по речиси седум години, а како гости ги најави Слаткаристика, Жељко Самарџиќ и Ромео Грил.

Таа денеска на прес-конференција, во поинаков вид, на кој беше послужен и појадок, кажа дека концертот ќе биде тричасовен спектакл на која ќе ја даде целата своја енергија на публиката, бидејќи, како што кажа, тој флуид и и е најважен.

Не сум мегаломан, не ми е битен просторот, мене отсекогаш ми била битна публиката. Дали се 100, илјада, 200.000 луѓе во публика, за мене концертот има еднаква важност. Но, го гледам ова в сабота како една арена што ќе биде исполнета со луѓе и емоции и мислам дека ќе прашти од емоции и љубов. Имам малку, не страв, туку респект кон целото случување, затоа што се надевам дека нема да согорам во тие емоции и ќе можам да ви се дадам онака како што ви се давам со години, рече Калиопи.

Калиопи исто така кажа дека имала специјален режим на исхрана како подготовка за овој концерт, при што ја практикувала липосукциската диета и ослабела осум килограми.

Летово Калиопи одржа концерти во летово на Хераклеа во Битола и на Антички театар во Охрид. Концертот во Скопје ќе се одржи во „Борис Трајковски“ в сабота, на 19 октомври, за прв пат во оваа сала, во организација на „Прагма продукција“, со што ги заокружува настапите во земјава и продолжува во регионот.

 

The post Македонската дива Калиопи најави јубилеен спектакуларен концерт в сабота во „Борис Трајковски“ appeared first on Република.

]]>

Македонската поп ѕвезда Калиопи за в сабота најави јубилеен спектакл во салата „Борис Трајковски“ со којшто ќе одбележи 40 години на сцената. Нејзиниот концерт во Скопје доаѓа по речиси седум години, а како гости ги најави Слаткаристика, Жељко Самарџиќ и Ромео Грил. Таа денеска на прес-конференција, во поинаков вид, на кој беше послужен и појадок, кажа дека концертот ќе биде тричасовен спектакл на која ќе ја даде целата своја енергија на публиката, бидејќи, како што кажа, тој флуид и и е најважен.
Не сум мегаломан, не ми е битен просторот, мене отсекогаш ми била битна публиката. Дали се 100, илјада, 200.000 луѓе во публика, за мене концертот има еднаква важност. Но, го гледам ова в сабота како една арена што ќе биде исполнета со луѓе и емоции и мислам дека ќе прашти од емоции и љубов. Имам малку, не страв, туку респект кон целото случување, затоа што се надевам дека нема да согорам во тие емоции и ќе можам да ви се дадам онака како што ви се давам со години, рече Калиопи.
Калиопи исто така кажа дека имала специјален режим на исхрана како подготовка за овој концерт, при што ја практикувала липосукциската диета и ослабела осум килограми. Летово Калиопи одржа концерти во летово на Хераклеа во Битола и на Антички театар во Охрид. Концертот во Скопје ќе се одржи во „Борис Трајковски“ в сабота, на 19 октомври, за прв пат во оваа сала, во организација на „Прагма продукција“, со што ги заокружува настапите во земјава и продолжува во регионот.  

The post Македонската дива Калиопи најави јубилеен спектакуларен концерт в сабота во „Борис Трајковски“ appeared first on Република.

]]>
Концерт на Пајак пред СЦ „Борис Трајковски“ https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/kontsert-na-pajak-pred-sts-boris-trajkovski/ Fri, 11 Oct 2024 12:31:14 +0000 https://republika.mk/?p=825540

Сите љубители на танцот и музиката, може да си го заземат своето место пред Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ во Скопје каде што концерт ќе има младата музичка ѕвезда Пајак. Бастапот кој ќе започне во 18 часот и влезот ќе биде бесплатен. Настап ќе има и Диџеј Боно.

Пулсот на Скопје продолжува да чука со IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show 2024. Овогодинешното издание на шампионатот кое првпат се одржува во Македонија и на кое се претставуваат 35 држави со вкупно 5000 танчери се смета за најголемото и најоригиналното издание досега.

Со судии кои се вистински ѕвезди во светот на танцот, со дел од најдобрите светски танчери, шампионатот приредува вистинско шоу каде жестоката конкуренција во различни стилови, ги поместува границите на танцот. Шампионатот е во организација на клубот „Брејк а Лег“ и ќе трае до 17 октомври.

Утре, ќе имаме можност да сведочиме и на официјалното отворање на настанот каде сите држави ќе имаат ревијален дел со ПАРАДАТА НА НАЦИИ и за која влезот од 17:30 часот ќе биде бесплатен за сите љубители на танцот. Веднаш потоа, ќе следува еден од најинтересните делови на шампионатот со категоријата „Формации-Возрасни“.

The post Концерт на Пајак пред СЦ „Борис Трајковски“ appeared first on Република.

]]>

Сите љубители на танцот и музиката, може да си го заземат своето место пред Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ во Скопје каде што концерт ќе има младата музичка ѕвезда Пајак. Бастапот кој ќе започне во 18 часот и влезот ќе биде бесплатен. Настап ќе има и Диџеј Боно. Пулсот на Скопје продолжува да чука со IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show 2024. Овогодинешното издание на шампионатот кое првпат се одржува во Македонија и на кое се претставуваат 35 држави со вкупно 5000 танчери се смета за најголемото и најоригиналното издание досега. Со судии кои се вистински ѕвезди во светот на танцот, со дел од најдобрите светски танчери, шампионатот приредува вистинско шоу каде жестоката конкуренција во различни стилови, ги поместува границите на танцот. Шампионатот е во организација на клубот „Брејк а Лег“ и ќе трае до 17 октомври. Утре, ќе имаме можност да сведочиме и на официјалното отворање на настанот каде сите држави ќе имаат ревијален дел со ПАРАДАТА НА НАЦИИ и за која влезот од 17:30 часот ќе биде бесплатен за сите љубители на танцот. Веднаш потоа, ќе следува еден од најинтересните делови на шампионатот со категоријата „Формации-Возрасни“.

The post Концерт на Пајак пред СЦ „Борис Трајковски“ appeared first on Република.

]]>
Концерт на џез составот „Светлост“ во Лабораториум https://republika.mk/scena/muzika/kontsert-na-dhez-sostavot-svetlost-vo-laboratorium/ Wed, 09 Oct 2024 07:50:49 +0000 https://republika.mk/?p=824448

Извонредниот џез состав Светлост, чии уникатен музички јазик вткаен во активно творештво и концертирање е евидентен и во нивниот последен музички албум „Everything Was As It Had Been A Minute Ago“ издаден оваа година за PMGJazz, вечер во 21:30 часот, ќе одржи концерт во Лабораториум.

Публиката ќе има можност да ги слушне во живо „Светлост“ во состав: Нинослав Спировски – кларинет, саксофон, Кристијан Новковски – тапани и Дени Омерагиќ – бас, електроника. Бендот постои без малку 10 години, а настапот ќе биде еден од ретките клупски концерти во Скопје и следи само четири месеци од објвата на новиот албум

Влезот за концертот е слободен.

Светлост се неидиоматско/импровизаторско трио од Скопје, составени од Кристијан Новковски (тапани), Нинослав Спировски (кларинет, сопран саксофон и тенор саксофон) и Дени Омерагиќ (бас, синтисајзери и електроника). Препознатливи по спонтаниот уметнички израз и над-жанровската естетика, Светлост се наметнува како еден од најзначајните чинители на современата креативна сцена.

Во краток период од октомври 2019 до април 2020 издаваат три критички признаени албуми Odron Ritual Orchestra, Jazz (to the working class) и Six Years за PMG Jazz. Работејќи низ раниот период на ковид пандемијата во нестандардни услови, кулминацијата на нивниот прв творечки период е концертот на 39.Скопски џез фестивал, заокружен со A Wave Returns To The Ocean, како нивното четврто издание.

На почетокот на оваа 2024 година, се прегрупираат со избистрен фокус, и го создаваат досега најдлабокиот уметнички материјал, под името „Everything Was As It Had Been A Minute Ago“ инспириран од моменти на лична загуба, чувства на неприпаѓање, губење на верба во можноста за општествена еднаквост, сочувство со жртвите на новите војни, и Давидовска борба против Голијатската капиталистичка машина.

Албумот е достапен на Bandcamp платформата на PMGJаzz.

 

The post Концерт на џез составот „Светлост“ во Лабораториум appeared first on Република.

]]>

Извонредниот џез состав Светлост, чии уникатен музички јазик вткаен во активно творештво и концертирање е евидентен и во нивниот последен музички албум „Everything Was As It Had Been A Minute Ago“ издаден оваа година за PMGJazz, вечер во 21:30 часот, ќе одржи концерт во Лабораториум. Публиката ќе има можност да ги слушне во живо „Светлост“ во состав: Нинослав Спировски – кларинет, саксофон, Кристијан Новковски – тапани и Дени Омерагиќ – бас, електроника. Бендот постои без малку 10 години, а настапот ќе биде еден од ретките клупски концерти во Скопје и следи само четири месеци од објвата на новиот албум Влезот за концертот е слободен. Светлост се неидиоматско/импровизаторско трио од Скопје, составени од Кристијан Новковски (тапани), Нинослав Спировски (кларинет, сопран саксофон и тенор саксофон) и Дени Омерагиќ (бас, синтисајзери и електроника). Препознатливи по спонтаниот уметнички израз и над-жанровската естетика, Светлост се наметнува како еден од најзначајните чинители на современата креативна сцена. Во краток период од октомври 2019 до април 2020 издаваат три критички признаени албуми Odron Ritual Orchestra, Jazz (to the working class) и Six Years за PMG Jazz. Работејќи низ раниот период на ковид пандемијата во нестандардни услови, кулминацијата на нивниот прв творечки период е концертот на 39.Скопски џез фестивал, заокружен со A Wave Returns To The Ocean, како нивното четврто издание. На почетокот на оваа 2024 година, се прегрупираат со избистрен фокус, и го создаваат досега најдлабокиот уметнички материјал, под името „Everything Was As It Had Been A Minute Ago“ инспириран од моменти на лична загуба, чувства на неприпаѓање, губење на верба во можноста за општествена еднаквост, сочувство со жртвите на новите војни, и Давидовска борба против Голијатската капиталистичка машина. Албумот е достапен на Bandcamp платформата на PMGJаzz.  

The post Концерт на џез составот „Светлост“ во Лабораториум appeared first on Република.

]]>
Публиката во „Ehrbar Saal“ во Виена воодушевена со извици „Браво“ и долги аплаузи го поздрави настапот на Камерниот оркестар на Националната опера и балет https://republika.mk/vesti/kultura/publikata-vo-ehrbar-saal-vo-viena-voodushevena-so-izvitsi-bravo-i-dolgi-aplauzi-go-pozdravi-nastapot-na-kamerniot-orkestar-na-natsionalnata-opera-i-balet/ Tue, 08 Oct 2024 22:29:43 +0000 https://republika.mk/?p=824360

Виена - Познатата „Ehrbar Saal“ во Виена синоќа исполнета до последното место и со извици „Браво“ и долги аплаузи публиката го поздрави настапот на Камерниот оркестар на Националната опера и балет.

Редот за билети беше голем уште пред почетокот на концертот, а настапот беше проследен и од локални медиумски куќи.

Концертот го следеше и министерот за култура, Зоран Љутков, македонскиот амбасадор во Австрија, Освит Росоклија, како и амбасадорот на ОБСЕ, Пајо Авировиќ, како и претставници на дипломатскиот кор во земјата и љубители и почитувачи на македонската култура.

Под диригентската палка на италијанскиот маестро Џанлука Мартиненги, пред виенската публика беа изведени композиции од Пучини, Бритен, Цанев, Аврамовски, Имери и Шуплевски.

Специјална гостинка на вечерта беше истакнатата пијанистка Горјана Стојановска, чиј виртуозен настап ја збогати уникатна можност да се слушне македонската музика на едно од најпрестижните места во Виена, продолжувајќи ја традицијата на меѓукултурната размена и промоција на македонската уметност во светот.

The post Публиката во „Ehrbar Saal“ во Виена воодушевена со извици „Браво“ и долги аплаузи го поздрави настапот на Камерниот оркестар на Националната опера и балет appeared first on Република.

]]>

Виена - Познатата „Ehrbar Saal“ во Виена синоќа исполнета до последното место и со извици „Браво“ и долги аплаузи публиката го поздрави настапот на Камерниот оркестар на Националната опера и балет. Редот за билети беше голем уште пред почетокот на концертот, а настапот беше проследен и од локални медиумски куќи. Концертот го следеше и министерот за култура, Зоран Љутков, македонскиот амбасадор во Австрија, Освит Росоклија, како и амбасадорот на ОБСЕ, Пајо Авировиќ, како и претставници на дипломатскиот кор во земјата и љубители и почитувачи на македонската култура. Под диригентската палка на италијанскиот маестро Џанлука Мартиненги, пред виенската публика беа изведени композиции од Пучини, Бритен, Цанев, Аврамовски, Имери и Шуплевски. Специјална гостинка на вечерта беше истакнатата пијанистка Горјана Стојановска, чиј виртуозен настап ја збогати уникатна можност да се слушне македонската музика на едно од најпрестижните места во Виена, продолжувајќи ја традицијата на меѓукултурната размена и промоција на македонската уметност во светот.

The post Публиката во „Ehrbar Saal“ во Виена воодушевена со извици „Браво“ и долги аплаузи го поздрави настапот на Камерниот оркестар на Националната опера и балет appeared first on Република.

]]>
Концерт на Националниот џез оркестар со студенти од ФМУ и Џез академијата во Штип https://republika.mk/scena/muzika/kontsert-na-natsionalniot-dhez-orkestar-so-studenti-od-fmu-i-dhez-akademijata-vo-shtip/ Mon, 07 Oct 2024 13:27:48 +0000 https://republika.mk/?p=823866

Во вторник, на 8 октомври, во 20 часот во Македонскиот народен театар (МНТ), на големата сцена ќе се одржи концерт на Националниот Џез оркестар со студенти од Факултетот за музичка уметност (ФМУ) и Џез академијата во Штип.

Од националниот џез оркестар најавуваат уникатен настан кој ќе претставува спој на искуството на професионалните музичари и талентот на студентите од Факултетот за музичка уметност во Скопје и Џез академијата во Штип.

Концертот ќе понуди динамична програма, исполнета со разнородни џез композиции и иновативни аранжмани. Ова вечер ќе биде одлична можност, јавноста да ужива во креативноста и свежината на новите таленти, како и да ги поддржи во нивниот музички развој, велат од НЏО.

The post Концерт на Националниот џез оркестар со студенти од ФМУ и Џез академијата во Штип appeared first on Република.

]]>

Во вторник, на 8 октомври, во 20 часот во Македонскиот народен театар (МНТ), на големата сцена ќе се одржи концерт на Националниот Џез оркестар со студенти од Факултетот за музичка уметност (ФМУ) и Џез академијата во Штип. Од националниот џез оркестар најавуваат уникатен настан кој ќе претставува спој на искуството на професионалните музичари и талентот на студентите од Факултетот за музичка уметност во Скопје и Џез академијата во Штип.
Концертот ќе понуди динамична програма, исполнета со разнородни џез композиции и иновативни аранжмани. Ова вечер ќе биде одлична можност, јавноста да ужива во креативноста и свежината на новите таленти, како и да ги поддржи во нивниот музички развој, велат од НЏО.

The post Концерт на Националниот џез оркестар со студенти од ФМУ и Џез академијата во Штип appeared first on Република.

]]>
Концерт на ансамбл „Македонија“ во Прилеп https://republika.mk/vesti/kultura/kontsert-na-ansambl-makedonija-vo-prilep/ Mon, 07 Oct 2024 10:57:15 +0000 https://republika.mk/?p=823763

Во вторник, на 8 октомври, од 19.30 часот во големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“ целовечерн концерт ќе одржи универзитетскиот ансамбл Македонија. Концертот е дел од годишната програма на Центарот за 2024 година, поддржана од Министерството за култура и туризам.

Ансамблот „Македонија“ претставува репрезент на македонската традиционална култура при Музичката Академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип. Единствен во државата, од ваков тип, ансамблот работи со кадар - професионалци кои се едуцираат низ споменатите институции. Со него раководат врвни професионалци и стручен кадар од областа на традиционална игра, традиционалните инструменти и пеење. Репертоарот на Ансамблот Македонија е категоризиран според орските и музичките стилски карактеристики обработувајќи сценски адаптации од сите играорни подрачја во Македонија: Западно; Југозападно; Јужно; Источно и Северно играорно подрачје. Орскиот репертоар или традиционалното играње се презентира преку обредната и соборската традиција како на пример:

Главно обележје на орскиот и музичкиот репертоар се сценско-уметнички сегменти од традиционалната културата како на Македонците, така и на останатите етноси во Македонија.

Ансмблот Македонија, е оформен 2012 година, и во краткиот временски период на активно творење реализираше голема турнеја во Јапонија во 2013 година турнеји и гостувања во Холандија, Бугарија, Германија, Србија, Турција, Полска, Литванија како и голем број на концерти во повеќе градови во Македонија. Во изминатите седум години ансамблот има реализирано повеќе од 500 концертни активности низ Македонија и светот.

The post Концерт на ансамбл „Македонија“ во Прилеп appeared first on Република.

]]>

Во вторник, на 8 октомври, од 19.30 часот во големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“ целовечерн концерт ќе одржи универзитетскиот ансамбл Македонија. Концертот е дел од годишната програма на Центарот за 2024 година, поддржана од Министерството за култура и туризам. Ансамблот „Македонија“ претставува репрезент на македонската традиционална култура при Музичката Академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип. Единствен во државата, од ваков тип, ансамблот работи со кадар - професионалци кои се едуцираат низ споменатите институции. Со него раководат врвни професионалци и стручен кадар од областа на традиционална игра, традиционалните инструменти и пеење. Репертоарот на Ансамблот Македонија е категоризиран според орските и музичките стилски карактеристики обработувајќи сценски адаптации од сите играорни подрачја во Македонија: Западно; Југозападно; Јужно; Источно и Северно играорно подрачје. Орскиот репертоар или традиционалното играње се презентира преку обредната и соборската традиција како на пример: Главно обележје на орскиот и музичкиот репертоар се сценско-уметнички сегменти од традиционалната културата како на Македонците, така и на останатите етноси во Македонија. Ансмблот Македонија, е оформен 2012 година, и во краткиот временски период на активно творење реализираше голема турнеја во Јапонија во 2013 година турнеји и гостувања во Холандија, Бугарија, Германија, Србија, Турција, Полска, Литванија како и голем број на концерти во повеќе градови во Македонија. Во изминатите седум години ансамблот има реализирано повеќе од 500 концертни активности низ Македонија и светот.

The post Концерт на ансамбл „Македонија“ во Прилеп appeared first on Република.

]]>