концепција Archives - Република https://republika.mk/tema/koncepcija/ За подобро да се разбереме Thu, 27 Jun 2024 09:26:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png концепција Archives - Република https://republika.mk/tema/koncepcija/ 32 32 Јаневска: Планираме историја, географија, граѓанско образование повторно да се изучуваат како одделни предмети https://republika.mk/vesti/makedonija/janevska-planirame-istorija-geografija-gragansko-obrazovanie-povtorno-da-se-izuchuvaat-kako-oddelni-predmeti/ Thu, 27 Jun 2024 09:26:26 +0000 https://republika.mk/?p=791212

Тоа што не дава резултати, мора да биде променето. Одредени аспекти на Концепцијата за основно образование ќе претрпат измени, затоа што ниту наставниците, ниту учениците и родителите не се задоволни од имплементацијата и постигнатите ефекти. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на средба со директорот на Бирото за развој на образованието, Абдулфета Фетаи на која се дискутираше за актуелните состојби во образованието и заложбите за нивно подобрување, во интерес на создавање поквалитетни ученички генерации.

Планираме историја, географија, граѓанско образование и други предмети повторно да се изучуваат како одделни предмети, а не како во моментов да бидат фузирани и да се создава конфузија кај наставниците и учениците кои навистина секојдневно се прашуваат по кој предмет имаат час. Материјата мора јасно да биде разграничена, како што е пракса и во најголем дел од земјите во Европа и пошироко“, рече Јаневска.

На средбата се дискутираше и за состојбата со учебниците, особено во основното образование каде недостигаат по голем дел од предметите. Јаневска рече дека се прават напори истите да се обезбедат за сите одделенија пред почетокот на новата учебна година, додека за средното образование тоа ќе се случува етапно во следните неколку години бидејќи ситуацијата е навистина катастрофална.

Соговорниците зборуваа и за употребата и прoблемите при користењето на постојниот е-дневник, како и за придобивките од новиот кој вчера беше промовиран, а ќе се примени откако сите предуслови ќе бидат исполнети, што се очекува да се случи во текот на следната учебна година. Министерката посочи дека во овој преоден период од дигитализацијата на образованието, преку е-анкета ќе се слушне мислењето на наставниците за тоа дали во оваа фаза е потребно целосно укинување на хартиениот дневник или пак од корист би било пополнувањето на модифицирана верзија во која ќе се внесуваат само оценки и изостаноци.

 

The post Јаневска: Планираме историја, географија, граѓанско образование повторно да се изучуваат како одделни предмети appeared first on Република.

]]>

Тоа што не дава резултати, мора да биде променето. Одредени аспекти на Концепцијата за основно образование ќе претрпат измени, затоа што ниту наставниците, ниту учениците и родителите не се задоволни од имплементацијата и постигнатите ефекти. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на средба со директорот на Бирото за развој на образованието, Абдулфета Фетаи на која се дискутираше за актуелните состојби во образованието и заложбите за нивно подобрување, во интерес на создавање поквалитетни ученички генерации.
Планираме историја, географија, граѓанско образование и други предмети повторно да се изучуваат како одделни предмети, а не како во моментов да бидат фузирани и да се создава конфузија кај наставниците и учениците кои навистина секојдневно се прашуваат по кој предмет имаат час. Материјата мора јасно да биде разграничена, како што е пракса и во најголем дел од земјите во Европа и пошироко“, рече Јаневска.
На средбата се дискутираше и за состојбата со учебниците, особено во основното образование каде недостигаат по голем дел од предметите. Јаневска рече дека се прават напори истите да се обезбедат за сите одделенија пред почетокот на новата учебна година, додека за средното образование тоа ќе се случува етапно во следните неколку години бидејќи ситуацијата е навистина катастрофална. Соговорниците зборуваа и за употребата и прoблемите при користењето на постојниот е-дневник, како и за придобивките од новиот кој вчера беше промовиран, а ќе се примени откако сите предуслови ќе бидат исполнети, што се очекува да се случи во текот на следната учебна година. Министерката посочи дека во овој преоден период од дигитализацијата на образованието, преку е-анкета ќе се слушне мислењето на наставниците за тоа дали во оваа фаза е потребно целосно укинување на хартиениот дневник или пак од корист би било пополнувањето на модифицирана верзија во која ќе се внесуваат само оценки и изостаноци.  

The post Јаневска: Планираме историја, географија, граѓанско образование повторно да се изучуваат како одделни предмети appeared first on Република.

]]>
Берлинскиoт филмски фестивал ќе се одржи со публика, но со изменет програмски концепт https://republika.mk/scena/film/berlinskiot-filmski-festival-kje-se-odrzi-so-publika-no-so-izmenet-programski-koncept/ Thu, 27 Jan 2022 19:04:25 +0000 https://republika.mk/?p=450389

Берлински филмски фестивал ќе се одржи со присуство на публика, но со изменет програмски концепт, соопштија од раководството на „Берлинале“.

Свесни сме за предизвиците што ги носи непредвидливиот тек на пандемијата. Но свесни сме и дека културата игра фундаментална улога во нашето општество – велат од управата на фестивалот.

Посетителите на фестивалот, како професионалците, така и пошироката јавност, ќе можат да влезат во кината само доколку ги исполнат т.н. 2Г + правила. Тоа значи дека е дозволен влез само за вакцинирани лица или оние што го прележале ковид-19, со дополнително прикажување негативен тест. Засега не е познато дали наместо тестирање, ќе биде прифатена потврда за третата доза од вакцината. За време на престојот во кината ќе биде задолжително носењето маски.
Исто така, претставите за стручната публика, кои претходните години се исполнуваа по принципот на редоследот на пристигнување, сега ќе може да се погледнат само со претходно купена карта.

Капацитетите на кината ќе бидат исполнети само до 50 отсто, одлучи управата на фестивалот, по претходен договор со берлинскиот здравствен комитет. Променет е и концептот, така што самиот натпреварувачки дел ќе трае од 10 до 16 февруари, кога ќе бидат претставени победниците.
Другите фестивалски денови до 20 февруари ќе бидат резервирани за пресек на фестивалската програма и ќе бидат наменети исклучиво за општата, а не за стручната публика. Инаку, победниците се прогласуваат на претпоследниот ден од фестивалот, додека последниот ден е резервиран за пошироката јавност.
Исто така, поради пандемијата, годинава по филмските премиери нема да има ниту приеми ниту традиционални забави. Некои делови од фестивалот, како што се Европскиот филмски саем или програмата Млади таленти, ќе се одржуваат исклучиво онлајн.

The post Берлинскиoт филмски фестивал ќе се одржи со публика, но со изменет програмски концепт appeared first on Република.

]]>

Берлински филмски фестивал ќе се одржи со присуство на публика, но со изменет програмски концепт, соопштија од раководството на „Берлинале“.
Свесни сме за предизвиците што ги носи непредвидливиот тек на пандемијата. Но свесни сме и дека културата игра фундаментална улога во нашето општество – велат од управата на фестивалот.
Посетителите на фестивалот, како професионалците, така и пошироката јавност, ќе можат да влезат во кината само доколку ги исполнат т.н. 2Г + правила. Тоа значи дека е дозволен влез само за вакцинирани лица или оние што го прележале ковид-19, со дополнително прикажување негативен тест. Засега не е познато дали наместо тестирање, ќе биде прифатена потврда за третата доза од вакцината. За време на престојот во кината ќе биде задолжително носењето маски. Исто така, претставите за стручната публика, кои претходните години се исполнуваа по принципот на редоследот на пристигнување, сега ќе може да се погледнат само со претходно купена карта. Капацитетите на кината ќе бидат исполнети само до 50 отсто, одлучи управата на фестивалот, по претходен договор со берлинскиот здравствен комитет. Променет е и концептот, така што самиот натпреварувачки дел ќе трае од 10 до 16 февруари, кога ќе бидат претставени победниците. Другите фестивалски денови до 20 февруари ќе бидат резервирани за пресек на фестивалската програма и ќе бидат наменети исклучиво за општата, а не за стручната публика. Инаку, победниците се прогласуваат на претпоследниот ден од фестивалот, додека последниот ден е резервиран за пошироката јавност. Исто така, поради пандемијата, годинава по филмските премиери нема да има ниту приеми ниту традиционални забави. Некои делови од фестивалот, како што се Европскиот филмски саем или програмата Млади таленти, ќе се одржуваат исклучиво онлајн.

The post Берлинскиoт филмски фестивал ќе се одржи со публика, но со изменет програмски концепт appeared first on Република.

]]>