комуникација Archives - Република https://republika.mk/tema/komunikatsija/ За подобро да се разбереме Thu, 10 Oct 2024 09:38:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png комуникација Archives - Република https://republika.mk/tema/komunikatsija/ 32 32 Седум јасни знаци дека не им се допаѓате на луѓето и дека не можете ништо да сторите во врска со тоа https://republika.mk/zivot/psihologija/sedum-jasni-znatsi-deka-ne-im-se-dopagate-na-lugeto-i-deka-ne-mozhete-nishto-da-storite-vo-vrska-so-toa/ Thu, 10 Oct 2024 10:47:45 +0000 https://republika.mk/?p=825115

Постојат јасни знаци дека одредени луѓе не ве сакаат. Кога некој не ве сака или едноставно му одите на нерви, еве како се однесува…

1. Одбегнува контакт очи в очи
Контактот со очи е една од најосновните форми на човечка комуникација. Го користиме за да изразиме интерес, сочувство или разбирање. Ако некој постојано одбегнува контакт очи в очи со вас, тоа може да укажува на ненаклонетост. Иако срамежливоста и социјалната анксиозност, исто така, може да бидат фактор, ненадејното одбегнување на контакт со очи од страна на вообичаено самоуверена личност е причина за загриженост.

2. Започнува површни разговори
Кога некому му се допаѓате, сака подобро да ве запознае и се интересира за вашиот живот. Но ако разговорите со некоја личност секогаш остануваат на површно ниво, тоа може да биде знак дека таа не е заинтересирана за вас. Во вакви ситуации, темите на разговор обично се ограничени на временските услови или на општи прашања, без обид да се навлезе во лични детали.

3. Има затворен говор на тело
Говорот на телото честопати кажува многу повеќе од зборовите. Вкрстувањето на рацете, одбегнувањето на погледот и желбата да постави физичка бариера меѓу вас се знаци на непријатност или неволност за комуникација. Ако ваквите гестови станат редовни, тоа е јасен сигнал дека личноста не чувствува симпатии кон вас.

4. Ретко започнува комуникација
Кога некој не се интересира за вас, комуникацијата станува еднострана. Ако морате постојано да покренувате комуникација, а другата личност не покажува желба да го одржи контактот, тоа може да биде знак дека не ѝ се допаѓате. Иако понекогаш луѓето си имаат свои причини, ако ова се случува постојано, вреди да размислите за причините.

5. Не се труди да ве разбере
Кога некој не се обидува да ги разбере вашите чувства или ги игнорира вашите мисли, тоа може да биде знак на рамнодушност. Ако не покажува интерес за вашите искуство, ги прекинува или ги отфрла вашите зборови, тоа е јасен сигнал дека не е заинтересиран да гради подлабока врска со вас.

6. Никогаш не е среќен што ве гледа
Ако никогаш не покажува радост кога ќе ве види, тоа е знак дека не му се допаѓате некому. Кога некој навистина ви се допаѓа, средбата со таа личност носи радост. Ако тоа не е обострано, јасно е дека вашиот однос е од поинаква природа.

7. Не го почитува вашето време
Почитувањето на туѓото време е основата на здравите односи. Ако некој постојано доцни, ги откажува средбите во последен момент или ве принудува да го чекате, тоа е знак дека не ве цени ниту вас ниту вашето време.

The post Седум јасни знаци дека не им се допаѓате на луѓето и дека не можете ништо да сторите во врска со тоа appeared first on Република.

]]>

Постојат јасни знаци дека одредени луѓе не ве сакаат. Кога некој не ве сака или едноставно му одите на нерви, еве како се однесува… 1. Одбегнува контакт очи в очи Контактот со очи е една од најосновните форми на човечка комуникација. Го користиме за да изразиме интерес, сочувство или разбирање. Ако некој постојано одбегнува контакт очи в очи со вас, тоа може да укажува на ненаклонетост. Иако срамежливоста и социјалната анксиозност, исто така, може да бидат фактор, ненадејното одбегнување на контакт со очи од страна на вообичаено самоуверена личност е причина за загриженост. 2. Започнува површни разговори Кога некому му се допаѓате, сака подобро да ве запознае и се интересира за вашиот живот. Но ако разговорите со некоја личност секогаш остануваат на површно ниво, тоа може да биде знак дека таа не е заинтересирана за вас. Во вакви ситуации, темите на разговор обично се ограничени на временските услови или на општи прашања, без обид да се навлезе во лични детали. 3. Има затворен говор на тело Говорот на телото честопати кажува многу повеќе од зборовите. Вкрстувањето на рацете, одбегнувањето на погледот и желбата да постави физичка бариера меѓу вас се знаци на непријатност или неволност за комуникација. Ако ваквите гестови станат редовни, тоа е јасен сигнал дека личноста не чувствува симпатии кон вас. 4. Ретко започнува комуникација Кога некој не се интересира за вас, комуникацијата станува еднострана. Ако морате постојано да покренувате комуникација, а другата личност не покажува желба да го одржи контактот, тоа може да биде знак дека не ѝ се допаѓате. Иако понекогаш луѓето си имаат свои причини, ако ова се случува постојано, вреди да размислите за причините. 5. Не се труди да ве разбере Кога некој не се обидува да ги разбере вашите чувства или ги игнорира вашите мисли, тоа може да биде знак на рамнодушност. Ако не покажува интерес за вашите искуство, ги прекинува или ги отфрла вашите зборови, тоа е јасен сигнал дека не е заинтересиран да гради подлабока врска со вас. 6. Никогаш не е среќен што ве гледа Ако никогаш не покажува радост кога ќе ве види, тоа е знак дека не му се допаѓате некому. Кога некој навистина ви се допаѓа, средбата со таа личност носи радост. Ако тоа не е обострано, јасно е дека вашиот однос е од поинаква природа. 7. Не го почитува вашето време Почитувањето на туѓото време е основата на здравите односи. Ако некој постојано доцни, ги откажува средбите во последен момент или ве принудува да го чекате, тоа е знак дека не ве цени ниту вас ниту вашето време.

The post Седум јасни знаци дека не им се допаѓате на луѓето и дека не можете ништо да сторите во врска со тоа appeared first on Република.

]]>
Четири чекори за полеснa комунициja со партнерот за сексот и како да си го подобрите сексуалниот живот https://republika.mk/intima/chetiri-chekori-za-polesna-komunitsija-so-partnerot-za-seksot-i-da-si-go-podobrite-seksualniot-zhivot/ Sat, 22 Apr 2023 19:39:08 +0000 https://republika.mk/?p=633090

Партнерите во една врска можат да зборуваат за речиси се, но кога ќе тема е сексот често се појавува непријатност.

Сепак, за да имате здрава врска, треба да научите отворено да зборувате со партнерот, а следниве совети ќе ви помогнат да го надминете проблемот и да си го подобрите сексуалниот живот.

1. Потсетете се на убавите мигови

Кога решаваме проблеми, честопати се фокусираме на она што не е добро и бараме решение. Обидете се да го свртите фокусот. Сетете се на сите заеднички, страсни моменти. Сетете се на што е можно повеќе детали за тоа што било добро и во коешто сте уживале.

Запрашајте се што ви се допаднало во тој момент, во што бил особено добар вашиот партнер. Ако се сетите на нешто лошо, запишете го на лист и ставете го настрана. Пресудно е да не го доживувате овој разговор како критика.

Следниот чекор е да замислите каков би можел да биде сексот. Препуштете ѝ се на вашата фантазија и избегнувајте да се соочувате со потенцијалните проблеми, така што ќе бидете опуштени и креативни.

Влезете во што е можно повеќе детали. Конечно, размислете како да го добиете тоа што го сакате.

2. Идентификувајте ги своите блокади

Обидете се да се сетите кој прв ви зборувал за секс и како. Каков став имала оваа личност за тоа? Размислете за заклучоците што сте ги донеле како млади. Ако сте жена, какви пораки добивте од мајка ви?

Ова е важно затоа што жените честопати се чувствуваат добро во сопствените тела доколку така се чувствувале и нивните мајки.

Ако сте маж, дали и какви митови за сексот сте слушнале од вашиот татко?

Конечно, зборувајте за сексот во рамките на културата во која живеете, од медиумите и сериите, до книгите и порнографијата.

Какво влијание има културата врз вашиот сексуален живот денес и дали може да објасни некои од вашите несигурности?

3. Што значи сексот за вас?

Луѓето му придаваат различни значења на сексот. За некои тоа е начин на релаксирање и ослободување стресот. За некои тоа е израз на љубов и приврзаност кон партнерот. За некои луѓе, сексот е центарот на нивниот живот, додека за другите тоа е нешто како убав бонус.

Нема точен одговор.

За секоја личност одговорот се менува, во зависност од некои фактори во животот. Проблемот е што повеќето парови сметаат дека нивниот партнер го доживува сексот на ист начин како нив.

За подобро да ги разберете меѓусебните ставови и очекувања од сексот, одговорете на следниве прашања заедно. Само кога ќе одговорите на сите прашања ќе можете да ги споредите одговорите:

Кога размислувате за љубовта, кои три зборови прво ви паѓаат на ум?

Кога размислувате за секс, кои три зборови прво ви паѓаат на ум?

Просечно, во еден месец, колку често сакате да имате секс?

Просечно, во еден месец, колку често мислите дека вашиот партнер сака да има секс?

4. Разговарајте за она што навистина го сакате

Сега сте подготвени да ја направите промената. Последниот чекор е да бидете специфични за тоа што навистина го сакате во сексот.

Честопати зборуваме општо и поаради тоа може да бидеме погрешно разбрани, како да не сме кажале ништо.

Наместо само да кажете дека сакате подолга предигра, кажете поконкретно колку долго, каде и како.

Исто така, наместо да кажете дека сакате партнерот да се труди повеќе, кажете конкретно дека, на пример, сакате да носи заводлива долна облека.

Секој чекор ќе ви помогне да го промените начинот на кој зборувате за сексот. Зборувањето за сексот не е лесно, но во повеќето случаи партнерите доаѓаат со повеќе сличности отколку разлики.

The post Четири чекори за полеснa комунициja со партнерот за сексот и како да си го подобрите сексуалниот живот appeared first on Република.

]]>

Партнерите во една врска можат да зборуваат за речиси се, но кога ќе тема е сексот често се појавува непријатност. Сепак, за да имате здрава врска, треба да научите отворено да зборувате со партнерот, а следниве совети ќе ви помогнат да го надминете проблемот и да си го подобрите сексуалниот живот.

1. Потсетете се на убавите мигови

Кога решаваме проблеми, честопати се фокусираме на она што не е добро и бараме решение. Обидете се да го свртите фокусот. Сетете се на сите заеднички, страсни моменти. Сетете се на што е можно повеќе детали за тоа што било добро и во коешто сте уживале. Запрашајте се што ви се допаднало во тој момент, во што бил особено добар вашиот партнер. Ако се сетите на нешто лошо, запишете го на лист и ставете го настрана. Пресудно е да не го доживувате овој разговор како критика. Следниот чекор е да замислите каков би можел да биде сексот. Препуштете ѝ се на вашата фантазија и избегнувајте да се соочувате со потенцијалните проблеми, така што ќе бидете опуштени и креативни. Влезете во што е можно повеќе детали. Конечно, размислете како да го добиете тоа што го сакате.

2. Идентификувајте ги своите блокади

Обидете се да се сетите кој прв ви зборувал за секс и како. Каков став имала оваа личност за тоа? Размислете за заклучоците што сте ги донеле како млади. Ако сте жена, какви пораки добивте од мајка ви? Ова е важно затоа што жените честопати се чувствуваат добро во сопствените тела доколку така се чувствувале и нивните мајки. Ако сте маж, дали и какви митови за сексот сте слушнале од вашиот татко? Конечно, зборувајте за сексот во рамките на културата во која живеете, од медиумите и сериите, до книгите и порнографијата. Какво влијание има културата врз вашиот сексуален живот денес и дали може да објасни некои од вашите несигурности?

3. Што значи сексот за вас?

Луѓето му придаваат различни значења на сексот. За некои тоа е начин на релаксирање и ослободување стресот. За некои тоа е израз на љубов и приврзаност кон партнерот. За некои луѓе, сексот е центарот на нивниот живот, додека за другите тоа е нешто како убав бонус. Нема точен одговор. За секоја личност одговорот се менува, во зависност од некои фактори во животот. Проблемот е што повеќето парови сметаат дека нивниот партнер го доживува сексот на ист начин како нив. За подобро да ги разберете меѓусебните ставови и очекувања од сексот, одговорете на следниве прашања заедно. Само кога ќе одговорите на сите прашања ќе можете да ги споредите одговорите: Кога размислувате за љубовта, кои три зборови прво ви паѓаат на ум? Кога размислувате за секс, кои три зборови прво ви паѓаат на ум? Просечно, во еден месец, колку често сакате да имате секс? Просечно, во еден месец, колку често мислите дека вашиот партнер сака да има секс?

4. Разговарајте за она што навистина го сакате

Сега сте подготвени да ја направите промената. Последниот чекор е да бидете специфични за тоа што навистина го сакате во сексот. Честопати зборуваме општо и поаради тоа може да бидеме погрешно разбрани, како да не сме кажале ништо. Наместо само да кажете дека сакате подолга предигра, кажете поконкретно колку долго, каде и како. Исто така, наместо да кажете дека сакате партнерот да се труди повеќе, кажете конкретно дека, на пример, сакате да носи заводлива долна облека. Секој чекор ќе ви помогне да го промените начинот на кој зборувате за сексот. Зборувањето за сексот не е лесно, но во повеќето случаи партнерите доаѓаат со повеќе сличности отколку разлики.

The post Четири чекори за полеснa комунициja со партнерот за сексот и како да си го подобрите сексуалниот живот appeared first on Република.

]]>