Комуналец Archives - Република https://republika.mk/tema/komunalec/ За подобро да се разбереме Sun, 12 Mar 2023 19:04:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Комуналец Archives - Република https://republika.mk/tema/komunalec/ 32 32 Штрајкуваат паришките комуналци, градот врие од стаорци https://republika.mk/vesti/svet/shtrajkuvaat-parishkite-komunaltsi-gradot-vrie-od-staortsi/ Sun, 12 Mar 2023 19:03:18 +0000 https://republika.mk/?p=618865

Вработените во општинската служба за чистење и собирање отпад во француската престолнина Париз веќе една недела штрајкуваат незадоволни од најавените реформи на пензискиот систем, а јавноста сè повеќе стравува од таложење ѓубре и масовното појавување стаорци на улиците на Париз.

Во поголемиот дел од Париз веќе воопшто не се собира ѓубре и на улиците се насобрани речиси 5.000 тони отпад, што ги нервира граѓаните, трговците и туристите, но засега нема можност за надминување на кризата, јави телевизијата БФМ.

Коломб Бросел, помошник на градоначалникот на Париз задолжен за чистотата на јавните простори, рече дека „отстранувањето на ѓубрето е нарушено во сите делови на Париз“ и објасни дека приоритет се „безбедносните интервенции, како што се чистење на пазарите и отстранување на вреќи со ѓубре оставени на земја.”

Ан Сури, помошник на градоначалникот на Париз задолжена за јавното здравје, рече дека „нема ризик за јавното здравје“, туку ова е прашање на „удобност и квалитет на живот“.

Сепак, таа предупреди дека „не треба да се дозволи стаорците слободно да шетаат по улиците“ и посочи дека градската управа работи на враќање на стаорците во канализацијата со елиминирање на храната одулиците, како и подготовка на нови акции за истребување во случај на посериозна криза.

Пјер Лисије, регионален советник за јавно здравје, сепак смета дека стаорците претставуваат непосредна „опасност за луѓето“.

Тој потсети дека минатото лето Медицинската академија потсети во својот извештај дека стаорците сè уште се закана за здравјето на луѓето поради многуте инфекции кои се пренесуваат преку егзопаразити, измет, каснувања или гребаници.

The post Штрајкуваат паришките комуналци, градот врие од стаорци appeared first on Република.

]]>

Вработените во општинската служба за чистење и собирање отпад во француската престолнина Париз веќе една недела штрајкуваат незадоволни од најавените реформи на пензискиот систем, а јавноста сè повеќе стравува од таложење ѓубре и масовното појавување стаорци на улиците на Париз. Во поголемиот дел од Париз веќе воопшто не се собира ѓубре и на улиците се насобрани речиси 5.000 тони отпад, што ги нервира граѓаните, трговците и туристите, но засега нема можност за надминување на кризата, јави телевизијата БФМ. Коломб Бросел, помошник на градоначалникот на Париз задолжен за чистотата на јавните простори, рече дека „отстранувањето на ѓубрето е нарушено во сите делови на Париз“ и објасни дека приоритет се „безбедносните интервенции, како што се чистење на пазарите и отстранување на вреќи со ѓубре оставени на земја.” Ан Сури, помошник на градоначалникот на Париз задолжена за јавното здравје, рече дека „нема ризик за јавното здравје“, туку ова е прашање на „удобност и квалитет на живот“. Сепак, таа предупреди дека „не треба да се дозволи стаорците слободно да шетаат по улиците“ и посочи дека градската управа работи на враќање на стаорците во канализацијата со елиминирање на храната одулиците, како и подготовка на нови акции за истребување во случај на посериозна криза. Пјер Лисије, регионален советник за јавно здравје, сепак смета дека стаорците претставуваат непосредна „опасност за луѓето“. Тој потсети дека минатото лето Медицинската академија потсети во својот извештај дека стаорците сè уште се закана за здравјето на луѓето поради многуте инфекции кои се пренесуваат преку егзопаразити, измет, каснувања или гребаници.

The post Штрајкуваат паришките комуналци, градот врие од стаорци appeared first on Република.

]]>
„Комуналец“ од Кочани за струја во октомври треба да плати 6,5 милиони денари https://republika.mk/vesti/ekonomija/komunalec-od-kochani-za-struja-vo-oktomvri-treba-da-plati-6-5-milioni-denari/ Wed, 23 Nov 2022 12:43:10 +0000 https://republika.mk/?p=577327

Шест и пол милиони денари сметка за октомври ќе плати кочанското комунално претпријатие. Дополнително, треба да се обезбедат уште два милиони денари, со кои ќе биде платена првата рата од заостанатиот долг направен минатата година.

По раскинувањето на договорот со економскиот оператор, доставувач на струја , претпријатието беше префрлено на снабдување во краен случај. Овде се калкулира и берзанската цена плус 20% провизија за ЕВН како снабдувач во краен случај, изјави Љупчо Папазов, градоначалник на Кочани.

Од први декември комуналните претпријатија ќе бидат на регулираниот пазар на електрична енергија, што за многу од директорите е задоцнета мерка. Посочуваат, доколку Владата навремено и им го прифатеше ова барање сметките немаше да бидат толку високи и во одредени претпријатија ги надминат и месечните приходи.

Ова значи дека ќе бидеме на регулиран пазар, но повторно по цена повисока од онаа која беше овој период минатата зима. Земајќи ги во предвид претходните сметки и цената на киловат час ќе имаме можност со оваа цена да ги исплаќаме долговите што се натоложија претходната година, изјави Трајче Здравков, директор на ЈП Исар – Штип.

Уште на самиот старт од енергетскта криза здружението АДКОМ побараа комуналните претпријатија да бидат ставени на регулиран пазар за да ја задржат ликвидност, но и да обезбедат плати за своите вработени.

The post „Комуналец“ од Кочани за струја во октомври треба да плати 6,5 милиони денари appeared first on Република.

Вака изгледа Охрид во 5.30 часот наутро https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/vaka-izgleda-ohrid-vo-5-30-chasot-nautro/ Sun, 31 Jul 2022 06:57:56 +0000 https://republika.mk/?p=535229

Млади луѓе кои од како претходно биле по журките низ градот, видно расположени сами си прават забава на „Кеј Макеоднија“, но и разни други младелашки лудории, многу отпад исфрлен по кејот и вработените во ЈП Охридски Комуналец кои го чистат градот.

View this post on Instagram

A post shared by @ohrid.1

извор: Охрид 1

The post Вака изгледа Охрид во 5.30 часот наутро appeared first on Република.

Стевче Јакимовски повторно „ловеше“ неработници на Комуналец (ВИДЕО) https://republika.mk/vesti/skopje/stevche-jakimovski-povtorno-loveshe-nerabotnici-na-komunalec-video/ Thu, 17 Feb 2022 14:45:09 +0000 https://republika.mk/?p=459976

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски на својот Фејсбук профил објави видео во кое прави обиколка низ оваа Општина за да види дали има работници на „Комунална хигиена“ низ неа и нагласува дека нема тој да ја работи нивната работа.

Лично направив кратка обиколка на главните улици во Карпош и го снимив ова видео за да се уверат граѓаните на Карпош како се потценети од страна на ЈП Комунална хигиена- Скопје иако имаат најголем процент на наплата токму од нашите 24 илјади домаќинства кои живеат на територија на Карпош, напиша тој.

Како што вели, не бара неговата работа да ја работи никој, но нема ни тој да ја работи нивната.

The post Стевче Јакимовски повторно „ловеше“ неработници на Комуналец (ВИДЕО) appeared first on Република.