компресорска станица Archives - Република https://republika.mk/tema/kompresorska-stanitsa/ За подобро да се разбереме Wed, 18 Sep 2024 09:02:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png компресорска станица Archives - Република https://republika.mk/tema/kompresorska-stanitsa/ 32 32 Компанијата е сериозна и професионална за оваа работа и за четири месеци целиот зафат ќе биде завршен, вели Таравари за избраната фирмата за компресорската станица https://republika.mk/zivot/zdravje/kompanijata-e-seriozna-i-profesionalna-za-ovaa-rabota-i-za-chetiri-mesetsi-tseliot-zafat-ke-bide-zavrshen-veli-taravari-za-izbranata-firmata-za-kompresorskata-stanitsa/ Wed, 18 Sep 2024 09:02:36 +0000 https://republika.mk/?p=817345

Фирмата е сериозна компанија и професионална за оваа работа. Според нив за околу четири месеци, целиот зафат ќе биде завршен, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари за „Винора“, фирма која е одбрана за одржување на омпресорскиот систем на хируршките клиники во Скопје.

Таравари утринава беше во посета на Центарот за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација - Скопје.

Вчера нинистерството за здравство соопшти дека ja одбрало компанија „Винора“ ДООЕЛ од Скопје да го поставува компресорскиот систем на хируршките клиники во Скопје.

Во штурото соопштение кое го испрати Министерството за здравство не пишува за што е избрана оваа фирма, ниту пак е наведено за која сума компанијата ќе ја прави инсталацјата и монтажата на опремата.

Министерството за здравство информира дека е донесена Одлука за избор на најповолна понуда. Договорот ќе биде потпишан во наредниот период, согласно законските рокови. Инсталацијата и монтажата на опремата треба да се изврши во рок од 4 (четири) месеци, сметано од денот на склучување на договорот, согласно објавените услови во тендерската документација и објавениот оглас“, се вели во соопштението од МЗ.

Таравари денеска на новинарско прашање одговори дека очекува целиот зафат да биде готов за четири месеци. Околу постапката за потпишување на договорот и периодот на жалба тој посочи дека договорот е потпишан и процесот се спроведувал по брза постапка.

Не знам дали би се жалел некој што не се пријавил на три повици. И ако се жалат, мислам дека тоа не е добронамерно, рече Таравари.

Околу изборот на лице-менаџер кое би раководело по спојувањето на универзитетските клиники и можноста тоа да биде Игор Николов на новинарско прашање дали е добар избор и колку советници ќе има, министерот појасни дека тој не го споменал како избор и дека било рано за назначување на директор.

Јас не го кажав, ме прашаа дали може да биде еден од кандидатите, но може да има и други кандидати. Ние сè уште сме во процес на реорганизација, тоа ни е поважно, отколку тоа кој ќе биде директор. Кога ќе дојде време за директор, тогаш ќе зборуваме за тоа, истакна Таравари.

По прозивките околу надлежноста за поправка на оградата и потпрониот ѕид, Таравари нагласи дека во тек процедура за утврдување на надлежноста, но искажа подготвеност да се санира и изгради нов.

https://republika.mk/zivot/zdravje/ministerstvoto-za-zdravstvo-ja-odbra-firmata-vinora-za-odrzhuvane-na-kompresorskiot-sistem-na-hirurshkite-kliniki/

The post Компанијата е сериозна и професионална за оваа работа и за четири месеци целиот зафат ќе биде завршен, вели Таравари за избраната фирмата за компресорската станица appeared first on Република.

]]>

Фирмата е сериозна компанија и професионална за оваа работа. Според нив за околу четири месеци, целиот зафат ќе биде завршен, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари за „Винора“, фирма која е одбрана за одржување на омпресорскиот систем на хируршките клиники во Скопје. Таравари утринава беше во посета на Центарот за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација - Скопје. Вчера нинистерството за здравство соопшти дека ja одбрало компанија „Винора“ ДООЕЛ од Скопје да го поставува компресорскиот систем на хируршките клиники во Скопје. Во штурото соопштение кое го испрати Министерството за здравство не пишува за што е избрана оваа фирма, ниту пак е наведено за која сума компанијата ќе ја прави инсталацјата и монтажата на опремата.
Министерството за здравство информира дека е донесена Одлука за избор на најповолна понуда. Договорот ќе биде потпишан во наредниот период, согласно законските рокови. Инсталацијата и монтажата на опремата треба да се изврши во рок од 4 (четири) месеци, сметано од денот на склучување на договорот, согласно објавените услови во тендерската документација и објавениот оглас“, се вели во соопштението од МЗ.
Таравари денеска на новинарско прашање одговори дека очекува целиот зафат да биде готов за четири месеци. Околу постапката за потпишување на договорот и периодот на жалба тој посочи дека договорот е потпишан и процесот се спроведувал по брза постапка.
Не знам дали би се жалел некој што не се пријавил на три повици. И ако се жалат, мислам дека тоа не е добронамерно, рече Таравари.
Околу изборот на лице-менаџер кое би раководело по спојувањето на универзитетските клиники и можноста тоа да биде Игор Николов на новинарско прашање дали е добар избор и колку советници ќе има, министерот појасни дека тој не го споменал како избор и дека било рано за назначување на директор.
Јас не го кажав, ме прашаа дали може да биде еден од кандидатите, но може да има и други кандидати. Ние сè уште сме во процес на реорганизација, тоа ни е поважно, отколку тоа кој ќе биде директор. Кога ќе дојде време за директор, тогаш ќе зборуваме за тоа, истакна Таравари.
По прозивките околу надлежноста за поправка на оградата и потпрониот ѕид, Таравари нагласи дека во тек процедура за утврдување на надлежноста, но искажа подготвеност да се санира и изгради нов. https://republika.mk/zivot/zdravje/ministerstvoto-za-zdravstvo-ja-odbra-firmata-vinora-za-odrzhuvane-na-kompresorskiot-sistem-na-hirurshkite-kliniki/

The post Компанијата е сериозна и професионална за оваа работа и за четири месеци целиот зафат ќе биде завршен, вели Таравари за избраната фирмата за компресорската станица appeared first on Република.

]]>
Една понуда на тендерот за компресорската станица на Клиничкиот центар во Скопје https://republika.mk/zivot/zdravje/edna-ponuda-na-tenderot-za-kompresorskata-stanitsa-na-klinichkiot-tsentar-vo-skopje/ Thu, 12 Sep 2024 12:47:41 +0000 https://republika.mk/?p=815758

Една понуда е пристигната на вториот тендер за компресорската станица на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје што го распиша Министерството за здравство.

По денешното јавно отворање на понудите следува евалуација на единствената доставена понуда. Доколку се исполнети условите од тендерската документација треба да се донесе одлука за избор на најповолна понуда и да се склучи договор за јавна набавка.

Министерството за здравство, согласно објавениот Оглас за јавна набавка на стоки, со предмет на набавка: „Набавка, монтажа и пуштање во работа на станица за компримиран воздух", денеска изврши јавно отворање преку Електронскиот систем за јавни набавки. Ве известуваме дека пристигната е една понуда, за која во наредниот период, во рамки на законските рокови, ќе се изврши евалуација од страна на Комисијата за јавни набавки и надворешните ангажирани стручни лица, по што, доколку истата ги исполнува условите од тендерската документација, ќе биде донесена Одлука за избор на најповолна понуда и ќе се пристапи кон склучување на Договор за јавна набавка, информираат од Министерството за здравство.

Три фирми првично пројавиле интерес за тендерот и ја посетиле локацијата, потврди за МИА минатата недела Стојче Николовски, стручно лице за посета на терен, задолжено од комисијата и раководител на Секторот за техники работи во ЈУ од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи, универзитетски клиники, завод и ургентен центар - Скопје.

Операционите сали на Клинички центар во мај годинава беа затворени поради непријатна миризба. За итни интервенции, пациентите се упатуваа во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и во Градската општа болница „8 Септември”. Беше распишан тендер за набавка на нова компресорска станица, кој пропадна бидејќи не пристигна ниту една понуда, по што следуваше нов тендер.

The post Една понуда на тендерот за компресорската станица на Клиничкиот центар во Скопје appeared first on Република.

]]>

Една понуда е пристигната на вториот тендер за компресорската станица на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје што го распиша Министерството за здравство. По денешното јавно отворање на понудите следува евалуација на единствената доставена понуда. Доколку се исполнети условите од тендерската документација треба да се донесе одлука за избор на најповолна понуда и да се склучи договор за јавна набавка.
Министерството за здравство, согласно објавениот Оглас за јавна набавка на стоки, со предмет на набавка: „Набавка, монтажа и пуштање во работа на станица за компримиран воздух", денеска изврши јавно отворање преку Електронскиот систем за јавни набавки. Ве известуваме дека пристигната е една понуда, за која во наредниот период, во рамки на законските рокови, ќе се изврши евалуација од страна на Комисијата за јавни набавки и надворешните ангажирани стручни лица, по што, доколку истата ги исполнува условите од тендерската документација, ќе биде донесена Одлука за избор на најповолна понуда и ќе се пристапи кон склучување на Договор за јавна набавка, информираат од Министерството за здравство.
Три фирми првично пројавиле интерес за тендерот и ја посетиле локацијата, потврди за МИА минатата недела Стојче Николовски, стручно лице за посета на терен, задолжено од комисијата и раководител на Секторот за техники работи во ЈУ од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи, универзитетски клиники, завод и ургентен центар - Скопје. Операционите сали на Клинички центар во мај годинава беа затворени поради непријатна миризба. За итни интервенции, пациентите се упатуваа во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и во Градската општа болница „8 Септември”. Беше распишан тендер за набавка на нова компресорска станица, кој пропадна бидејќи не пристигна ниту една понуда, по што следуваше нов тендер.

The post Една понуда на тендерот за компресорската станица на Клиничкиот центар во Скопје appeared first on Република.

]]>
Пропадна тендерот за нова компресорска станица на хируршките клиники, не пристигнала ниту една понуда https://republika.mk/zivot/zdravje/propadna-tenderot-za-nova-kompresorska-stanitsa-na-hirurshkite-kliniki-ne-pristignala-nitu-edna-ponuda/ Wed, 17 Jul 2024 06:37:57 +0000 https://republika.mk/?p=797539

Поништена е постапката за набавка, монтажа и пуштање во работа на систем за компримиран воздух за операционите сали на хируршките клиники бидејќи не пристигнала ниту една понуда, информираа за МИА од Јавната установа од областа на здравството за потребите на ЈЗУ УК, завод и ургентен центар – Скопје.

Станува збор за проблемот со компресорите во некои хируршки сали на Клиничкиот центар во Скопје. Претставници на германска фирма беа во посета со цел да извршат испитување.

Согласно роковите определени во Оперативниот план доставен до Владата на Република Македонија, на ден 28.06.2024 година на страната на ЕСЈН беше објавена поедноставена отворена постапка за јавна набавка на работи – набавка, монтажа и пуштање во работа на систем за компримиран воздух, оглас број 10891/2024. Крајниот рок за доставување на понуди беше 15.07.2024 година до 11:00 часот. Проценетата вредност на постапката беше 18.644.068 денари без ДДВ“, појаснуваат оттаму.

Во тендерската документација била предвидена задолжителна посета на локација заради важноста на самата набавка за здравјето и безбедноста на пациентите.

Посета на локација побараа три економски оператори и на истите им беше овозможено посета на локација. За нас од непознати причини, до денот на отворање не е пристигната ниту една понуда, додаваат надлежните.

Тие денеска донеле одлука за поништување на постапката, за што биле информирани Владата и Министерството за здравство. Побарани биле натамошни насоки за постапување.

Во мај, се бараше во што е дефектот и од каде се шири непријатна миризба во некои операциони сали. Определен временски период, пациенти се препраќаа и во ГОБ „8 Септември“ и на Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“.

Министерот за здравство Арбен Таравари на 1 јули изјави дека веќе е објавен тендер за компресорите за хируршките сали на Клиничкиот центар во Скопје, но и дека доколку е потребно ќе се обиде да се најде начин за реновирање и на салите во болницата „8 Септември“.

Полека се наоѓа решение за проблемот со хируршките сали на Клиничкиот центар. Веќе е објавен тендер за компересорите кои не работат. Максимум времето до кога треба да се поправи и да се завршат и да се вратат во функција се надевам дека ќе биде крајот на декември. Во меѓувреме, ние ќе инсистираме доколку може што поскоро да заврши да бидат функционални салите на Хирургија во Клиничкиот центар – изјави министерот на средба со новинарите.

Прашан околу реновирање на хируршките сали на ГОБ „8 Септември“, тој кажа дека таму не бил, но, оти слушнал оти салите не се во добра состојба.

Дефинитивно и во Клинички центар јас кога бев во салите, навистина не изгледаат добри. Во „8 Септември“ не сум бил да ги видам салите, меѓутоа ми кажуваат дека и таму не се во добра состојба. Меѓутоа, морам да се консултирам и со финансии да видиме како стоиме со финансиски средства. Ако добијам дозвола, јас се надевам дека што побргу што можам, не можам да кажам рок сега, бидејќи ми треба да видам што се можностите. На Клинички центар ќе се обидам што побргу и на „8 Септември“ доколку имаме начин некако да се менаџира плаќањето во неколку години ќе инсистирам и таму да завршиме или да започнеме со реновирање – одговори Таравари.

 

The post Пропадна тендерот за нова компресорска станица на хируршките клиники, не пристигнала ниту една понуда appeared first on Република.

]]>

Поништена е постапката за набавка, монтажа и пуштање во работа на систем за компримиран воздух за операционите сали на хируршките клиники бидејќи не пристигнала ниту една понуда, информираа за МИА од Јавната установа од областа на здравството за потребите на ЈЗУ УК, завод и ургентен центар – Скопје. Станува збор за проблемот со компресорите во некои хируршки сали на Клиничкиот центар во Скопје. Претставници на германска фирма беа во посета со цел да извршат испитување.
Согласно роковите определени во Оперативниот план доставен до Владата на Република Македонија, на ден 28.06.2024 година на страната на ЕСЈН беше објавена поедноставена отворена постапка за јавна набавка на работи – набавка, монтажа и пуштање во работа на систем за компримиран воздух, оглас број 10891/2024. Крајниот рок за доставување на понуди беше 15.07.2024 година до 11:00 часот. Проценетата вредност на постапката беше 18.644.068 денари без ДДВ“, појаснуваат оттаму.
Во тендерската документација била предвидена задолжителна посета на локација заради важноста на самата набавка за здравјето и безбедноста на пациентите.
Посета на локација побараа три економски оператори и на истите им беше овозможено посета на локација. За нас од непознати причини, до денот на отворање не е пристигната ниту една понуда, додаваат надлежните.
Тие денеска донеле одлука за поништување на постапката, за што биле информирани Владата и Министерството за здравство. Побарани биле натамошни насоки за постапување. Во мај, се бараше во што е дефектот и од каде се шири непријатна миризба во некои операциони сали. Определен временски период, пациенти се препраќаа и во ГОБ „8 Септември“ и на Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“. Министерот за здравство Арбен Таравари на 1 јули изјави дека веќе е објавен тендер за компресорите за хируршките сали на Клиничкиот центар во Скопје, но и дека доколку е потребно ќе се обиде да се најде начин за реновирање и на салите во болницата „8 Септември“.
Полека се наоѓа решение за проблемот со хируршките сали на Клиничкиот центар. Веќе е објавен тендер за компересорите кои не работат. Максимум времето до кога треба да се поправи и да се завршат и да се вратат во функција се надевам дека ќе биде крајот на декември. Во меѓувреме, ние ќе инсистираме доколку може што поскоро да заврши да бидат функционални салите на Хирургија во Клиничкиот центар – изјави министерот на средба со новинарите.
Прашан околу реновирање на хируршките сали на ГОБ „8 Септември“, тој кажа дека таму не бил, но, оти слушнал оти салите не се во добра состојба.
Дефинитивно и во Клинички центар јас кога бев во салите, навистина не изгледаат добри. Во „8 Септември“ не сум бил да ги видам салите, меѓутоа ми кажуваат дека и таму не се во добра состојба. Меѓутоа, морам да се консултирам и со финансии да видиме како стоиме со финансиски средства. Ако добијам дозвола, јас се надевам дека што побргу што можам, не можам да кажам рок сега, бидејќи ми треба да видам што се можностите. На Клинички центар ќе се обидам што побргу и на „8 Септември“ доколку имаме начин некако да се менаџира плаќањето во неколку години ќе инсистирам и таму да завршиме или да започнеме со реновирање – одговори Таравари.
 

The post Пропадна тендерот за нова компресорска станица на хируршките клиники, не пристигнала ниту една понуда appeared first on Република.

]]>
Министерот за здравство бара од Владата итно да се смени компресорската станица за да проработат хируршките сали https://republika.mk/zivot/zdravje/ministerot-za-zdravstvo-bara-od-vladata-itno-da-se-smeni-kompresorskata-stanitsa-za-da-prorabotat-hirurshkite-sali/ Thu, 30 May 2024 17:25:45 +0000 https://republika.mk/?p=783292

Министерот за здравство Илир Демири денеска испратил допис до Владата во кој бара итно и неодложно да се промени компресорската станица на Клинички центар за да проработат хируршките сали кои 13 дена се затворени.

Демири, како што стои во објавата на социјалните мрежи на Министерството за здравство, побарал и да се средат сите работи околу инсталацијата на новата компресорска станица, како и сите попратни елементи за непречено и континуирано функционирање на хируршкиот блок.

- Напоменувам, се работи за живот на луѓето и се работи за државен интерес. Како министер за здравство замолувам и се надевам дека ќе имаме разбирање за истото, иако сум многу свесен дека се наоѓаме во изборен процес пред формирање на нова влада, но животот на луѓето и државните интереси се поважни од сѐ, вели Демири во дописот до Владата.

Демири во понеделникот на прес-конференција изјави дека хируршките сали на Клинички центар се стари околу 30 години и дека ќе користат надворешни компресори додека не добијат валиден документ за исправност. Според министерот, проблемот со неработењето на хируршките клиники е хаварија во компресорската станица за која се чекаат испитувања од Германија.

Откога не работат хируршките клиники, итните случаи на пациенти се пренесуваат во Општа Градска болница и во Болницата „8 септември“.

The post Министерот за здравство бара од Владата итно да се смени компресорската станица за да проработат хируршките сали appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Илир Демири денеска испратил допис до Владата во кој бара итно и неодложно да се промени компресорската станица на Клинички центар за да проработат хируршките сали кои 13 дена се затворени. Демири, како што стои во објавата на социјалните мрежи на Министерството за здравство, побарал и да се средат сите работи околу инсталацијата на новата компресорска станица, како и сите попратни елементи за непречено и континуирано функционирање на хируршкиот блок.
- Напоменувам, се работи за живот на луѓето и се работи за државен интерес. Како министер за здравство замолувам и се надевам дека ќе имаме разбирање за истото, иако сум многу свесен дека се наоѓаме во изборен процес пред формирање на нова влада, но животот на луѓето и државните интереси се поважни од сѐ, вели Демири во дописот до Владата.
Демири во понеделникот на прес-конференција изјави дека хируршките сали на Клинички центар се стари околу 30 години и дека ќе користат надворешни компресори додека не добијат валиден документ за исправност. Според министерот, проблемот со неработењето на хируршките клиники е хаварија во компресорската станица за која се чекаат испитувања од Германија. Откога не работат хируршките клиники, итните случаи на пациенти се пренесуваат во Општа Градска болница и во Болницата „8 септември“.

The post Министерот за здравство бара од Владата итно да се смени компресорската станица за да проработат хируршките сали appeared first on Република.

]]>