компјутери Archives - Република https://republika.mk/tema/kompjuteri/ За подобро да се разбереме Fri, 19 Jul 2024 11:29:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png компјутери Archives - Република https://republika.mk/tema/kompjuteri/ 32 32 Андоновски: Не се пријавени проблеми во компјутерските системи на државните институции https://republika.mk/vesti/makedonija/andonovski-ne-se-prijaveni-problemi-vo-kompjuterskite-sistemi-na-drzhavnite-institutsii/ Fri, 19 Jul 2024 11:29:41 +0000 https://republika.mk/?p=798446

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска информираше дека нема пријавено проблеми во компјутерските системи на државните институции, откако за системски падови медиумите јавија дека се случиле низ повеќе земји во светот.

 

Андоновски рече дека добро во ситуацијата е што не станува збор за сајбернапад и дека добиле информации дека станува збор за несоодветност на ресурсите на платформата Мајкрософт.

 

– Тоа е нивното известување, и дека одредени институции коишто биле поврзани на таа платформа преку нивните сервиси, имало некои недостаток и предизвикале некој пад на системот.

Што се однесува до државните институции, во постојана комуникација сме и со министерката за енергетика, но и со другите одговорни лица, не се пријавени до сегашни падови на системите во државните институции.

 

Има некоја информација за приватниот сектор, но мислам дека тоа се изолирани случаи и веќе се надминува.

Дополнителни информации може да имаме во текот на утрешниот ден, но како што ја гледам ситуацијата во моментот, станува изолиран инцидент во Мајкрософт и со него поврзани системи, така што не очекувам да има повеќе проблем во државните институции, истакна Андоновски, кој во тетовско Јегуновце потпиша меморандум за соработка со градоначалникот Димитар Костадиноски, со цел отворање на административна канцеларија за „Една точка за услуги“.

 

Според министерот државата има стратегија за работа во областа на заштита во сајбер просторот.

Се формира работна група со стручни лица кои ќе работат на изработка на стратегијата за сајбер безбедност и изработка на законот за сајбер заштита.

 

– Можам да кажам дека од најголемиот дел од институциите веќе ги одобривме номинациите од сите државни институции засегнати.

Ние ќе го водиме процесот заедно со нашите партнери, меѓународни партнери во НАТО, за изработка на стратегија за сајбер безбедност, закон за сајбер заштита и патоказ протокол како се однесуваме во случај на инциденти кои можат да се појават.

Видите, овој свет е под напад, постојано се развива и постојано трпи напади, но кога имате јасен одговор од страната на државите, проблемите со кои ќе се соочите и последиците со кои ќе се соочите, се секогаш помали но многу е важно да имаме системски пристап и стратешки да се позиционираме за да се заштитиме, изјави Андоновски.

The post Андоновски: Не се пријавени проблеми во компјутерските системи на државните институции appeared first on Република.

]]>

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска информираше дека нема пријавено проблеми во компјутерските системи на државните институции, откако за системски падови медиумите јавија дека се случиле низ повеќе земји во светот.
  Андоновски рече дека добро во ситуацијата е што не станува збор за сајбернапад и дека добиле информации дека станува збор за несоодветност на ресурсите на платформата Мајкрософт.   – Тоа е нивното известување, и дека одредени институции коишто биле поврзани на таа платформа преку нивните сервиси, имало некои недостаток и предизвикале некој пад на системот. Што се однесува до државните институции, во постојана комуникација сме и со министерката за енергетика, но и со другите одговорни лица, не се пријавени до сегашни падови на системите во државните институции.   Има некоја информација за приватниот сектор, но мислам дека тоа се изолирани случаи и веќе се надминува. Дополнителни информации може да имаме во текот на утрешниот ден, но како што ја гледам ситуацијата во моментот, станува изолиран инцидент во Мајкрософт и со него поврзани системи, така што не очекувам да има повеќе проблем во државните институции, истакна Андоновски, кој во тетовско Јегуновце потпиша меморандум за соработка со градоначалникот Димитар Костадиноски, со цел отворање на административна канцеларија за „Една точка за услуги“.   Според министерот државата има стратегија за работа во областа на заштита во сајбер просторот. Се формира работна група со стручни лица кои ќе работат на изработка на стратегијата за сајбер безбедност и изработка на законот за сајбер заштита.   – Можам да кажам дека од најголемиот дел од институциите веќе ги одобривме номинациите од сите државни институции засегнати. Ние ќе го водиме процесот заедно со нашите партнери, меѓународни партнери во НАТО, за изработка на стратегија за сајбер безбедност, закон за сајбер заштита и патоказ протокол како се однесуваме во случај на инциденти кои можат да се појават. Видите, овој свет е под напад, постојано се развива и постојано трпи напади, но кога имате јасен одговор од страната на државите, проблемите со кои ќе се соочите и последиците со кои ќе се соочите, се секогаш помали но многу е важно да имаме системски пристап и стратешки да се позиционираме за да се заштитиме, изјави Андоновски.

The post Андоновски: Не се пријавени проблеми во компјутерските системи на државните институции appeared first on Република.

]]>
Малолетници краделе компјутерски делови од училиште https://republika.mk/vesti/crna-hronika/maloletnitsi-kradele-kompjuterski-delovi-od-uchilishte/ Mon, 20 Nov 2023 18:05:05 +0000 https://republika.mk/?p=714517

Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола, по преземени оперативни мерки во СВР Битола, денеска повикале на разговор четворица малолетници, сите од битолското село Долно Оризари, во присуство на нивните родители.

Како што соопшти МВР, тие се сомничат дека извршиле „тешка кражба" на делови од компјутери од подрачното училиште „Даме Груев", во село Долно Оризари.

Малолетниците во целост го признале кривичното дело, предметите се пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира Министерството за внатрешни работи.

Во текот на денов, исто така, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола во населба Баир во Битола го пронашле патничкото моторно возило марка „југо" со битолски регистарски ознаки, кое од Ј.Ј.(82) од Битола било пријавено за украдено. Возилото е вратено на сопственикот.

The post Малолетници краделе компјутерски делови од училиште appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола, по преземени оперативни мерки во СВР Битола, денеска повикале на разговор четворица малолетници, сите од битолското село Долно Оризари, во присуство на нивните родители. Како што соопшти МВР, тие се сомничат дека извршиле „тешка кражба" на делови од компјутери од подрачното училиште „Даме Груев", во село Долно Оризари.
Малолетниците во целост го признале кривичното дело, предметите се пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира Министерството за внатрешни работи.
Во текот на денов, исто така, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола во населба Баир во Битола го пронашле патничкото моторно возило марка „југо" со битолски регистарски ознаки, кое од Ј.Ј.(82) од Битола било пријавено за украдено. Возилото е вратено на сопственикот.

The post Малолетници краделе компјутерски делови од училиште appeared first on Република.

]]>
Млади македонски информатичари се закитија со сребрен и бронзен медал на Балканска олимпијада https://republika.mk/vesti/makedonija/mladi-makedonski-informatichari-se-zakitija-so-srebren-i-bronzen-medal-na-balkanska-olimpijada/ Sat, 08 Oct 2022 09:33:36 +0000 https://republika.mk/?p=557782

Македонски средношколци - информатичари на 29. Балканска олимпијада по информатика БОИ 2022 што се одржува од 3 до 8 октомври во Букурешт, Романија, за програмирање се закитија со сребрен и бронзен медал.

Сребрениот медал за Македонија го освои Благојче Павлески од Прилеп, додека бронзениот медал го освои Тео Китановски од Скопје.

Дополнително, на паралелно организираниот РМИ-интернационален турнир кој вклучи 168 натпреварувачи од тимови од 16 различни земји Благојче Павлески беше награден со златен медал, а Тео Китановски со бронзен.

Учениците Благојче Павлески, Тео Китановски, Петар Ковачовски и Адриан Михајловски, беа предводени од лидерите Емил Станков и Мартин Динев од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

По една година пауза и една година онлајн натпреварување, годинава БОИ се одржува регуларно, а главен организатор е Здружението за извонредност и изведба во информатиката (Society of Excellence and Performance in Informatics), заедно со Министерството за образование на Република Романија.

На натпреварот официјално учествуваа вкупно 42 од најдобрите средношколци во областа на компјутерските науки, избрани преку годишните национални натпревари во програмирање на следните балкански земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Грција, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија и Турција. Како претставници на земји-гости на БОИ, во неофицијална конкуренција учествуваа и ученици од Италија, Унгарија, Украина и Швајцарија.

Претседателот на Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), Миле Јованов изјави дека успесите не доаѓаат сами од себе.

Ова што го постигнуваме е благодарение на личното залагање и труд на секој од нашите учесници, како и на неколкуте професори од ЗИМ со кои го вложуваме нашето слободно време и знаење за да може да ги насочиме нашите ученици. Среќен сум што со повеќегодишна упорна работа успеавме да го издигнеме квалитетот на македонските претставници на престижните интернационални натпреварувања на ниво да се рамо до рамо со најдобрите репрезентации, особено земајќи ја предвид големината на нашата земја. Препознавањето на успехот и на личниот ангажман изгледа е полесно во странство, па веројатно затоа, по два мандата, повторно бев избран за претседател на Балканската олимпијада по информатика за нов тригодишен мандат – вели Јованов, пренесува МИА.

 

The post Млади македонски информатичари се закитија со сребрен и бронзен медал на Балканска олимпијада appeared first on Република.

]]>

Македонски средношколци - информатичари на 29. Балканска олимпијада по информатика БОИ 2022 што се одржува од 3 до 8 октомври во Букурешт, Романија, за програмирање се закитија со сребрен и бронзен медал. Сребрениот медал за Македонија го освои Благојче Павлески од Прилеп, додека бронзениот медал го освои Тео Китановски од Скопје. Дополнително, на паралелно организираниот РМИ-интернационален турнир кој вклучи 168 натпреварувачи од тимови од 16 различни земји Благојче Павлески беше награден со златен медал, а Тео Китановски со бронзен. Учениците Благојче Павлески, Тео Китановски, Петар Ковачовски и Адриан Михајловски, беа предводени од лидерите Емил Станков и Мартин Динев од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). По една година пауза и една година онлајн натпреварување, годинава БОИ се одржува регуларно, а главен организатор е Здружението за извонредност и изведба во информатиката (Society of Excellence and Performance in Informatics), заедно со Министерството за образование на Република Романија. На натпреварот официјално учествуваа вкупно 42 од најдобрите средношколци во областа на компјутерските науки, избрани преку годишните национални натпревари во програмирање на следните балкански земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Грција, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија и Турција. Како претставници на земји-гости на БОИ, во неофицијална конкуренција учествуваа и ученици од Италија, Унгарија, Украина и Швајцарија. Претседателот на Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), Миле Јованов изјави дека успесите не доаѓаат сами од себе.
Ова што го постигнуваме е благодарение на личното залагање и труд на секој од нашите учесници, како и на неколкуте професори од ЗИМ со кои го вложуваме нашето слободно време и знаење за да може да ги насочиме нашите ученици. Среќен сум што со повеќегодишна упорна работа успеавме да го издигнеме квалитетот на македонските претставници на престижните интернационални натпреварувања на ниво да се рамо до рамо со најдобрите репрезентации, особено земајќи ја предвид големината на нашата земја. Препознавањето на успехот и на личниот ангажман изгледа е полесно во странство, па веројатно затоа, по два мандата, повторно бев избран за претседател на Балканската олимпијада по информатика за нов тригодишен мандат – вели Јованов, пренесува МИА.
 

The post Млади македонски информатичари се закитија со сребрен и бронзен медал на Балканска олимпијада appeared first on Република.

]]>
Руската православна црква осмисли молитва за луѓе опседнати со компјутери https://republika.mk/vesti/svet/ruskata-pravoslavna-crkva-osmisli-molitva-za-lugje-opsednati-so-kompjuteri/ Tue, 18 Jan 2022 09:09:15 +0000 https://republika.mk/?p=446198

Руската православна црква (РПЦ) осмисли 39 нови молитви, вклучително и онаа за луѓе кои се „опседнати со страста кон компјутери“.

Иницијативата беше поднесена кон крајот на минатата година до Синодско-литургиската комисија – врховниот управен орган на РПЦ. Меѓу повеќето предлози се молитви за успешни операции, полагање испит, почнување со студии, па дури и за барање работа. Доколку комисијата ги одобри предлозите, молитвите ќе станат дел од литургиските практики, а оние кои одат во црква ќе можат да ги побараат тие молитви.

Покрај тоа, меѓу новите молитви е и молитвата за луѓе кои се „опседнати со страста кон компјутерите“. Таа важи и за гејмерите. Ова доаѓа во време кога зависноста од видеоигри е официјално призната како опасно здравствено нарушување во Русија.

И Светската здравствена организација ја прогласи оваа зависност за нарушување на менталното здравје во 2018 година. Сепак, според СЗО, зависноста може да се дијагностицира само од квалификуван медицински персонал, а симптомите мора да бидат присутни најмалку една година и мора да имаат негативно влијание врз семејството, училиштето, работата, социјалните вештини и другите сегменти од животот.

The post Руската православна црква осмисли молитва за луѓе опседнати со компјутери appeared first on Република.

]]>

Руската православна црква (РПЦ) осмисли 39 нови молитви, вклучително и онаа за луѓе кои се „опседнати со страста кон компјутери“. Иницијативата беше поднесена кон крајот на минатата година до Синодско-литургиската комисија – врховниот управен орган на РПЦ. Меѓу повеќето предлози се молитви за успешни операции, полагање испит, почнување со студии, па дури и за барање работа. Доколку комисијата ги одобри предлозите, молитвите ќе станат дел од литургиските практики, а оние кои одат во црква ќе можат да ги побараат тие молитви. Покрај тоа, меѓу новите молитви е и молитвата за луѓе кои се „опседнати со страста кон компјутерите“. Таа важи и за гејмерите. Ова доаѓа во време кога зависноста од видеоигри е официјално призната како опасно здравствено нарушување во Русија. И Светската здравствена организација ја прогласи оваа зависност за нарушување на менталното здравје во 2018 година. Сепак, според СЗО, зависноста може да се дијагностицира само од квалификуван медицински персонал, а симптомите мора да бидат присутни најмалку една година и мора да имаат негативно влијание врз семејството, училиштето, работата, социјалните вештини и другите сегменти од животот.

The post Руската православна црква осмисли молитва за луѓе опседнати со компјутери appeared first on Република.

]]>