комисија со Бугарија Archives - Република https://republika.mk/tema/komisija-so-bugarija/ За подобро да се разбереме Sun, 04 Dec 2022 11:10:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png комисија со Бугарија Archives - Република https://republika.mk/tema/komisija-so-bugarija/ 32 32 Oсмани тврди дека комисијата со Бугарија не е под политички притисок https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-tvrdi-deka-komisijata-so-bugarija-ne-e-pod-politichki-pritisok/ Sun, 04 Dec 2022 11:10:47 +0000 https://republika.mk/?p=581607

Најодговорно тврдам дека македонско-бугарско историска Комисија не е под политички притисок. Јас сум тука да им помогнам за логистичките услови, но не сакам да навлегувам во нивните теми, за да не се создаде впечаток дека ние влијаеме врз нив, посочи министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој на денешниот брифинг со новинарите на прашање поврзано со коментарите дека Комисијата е под притисок, рече дека најверојатно е под притисок на јавноста, но не директно од него како министер.

– Верувам дека членовите на Комисијата го имаат притисокот од јавноста, меѓутоа не од нас, не од мене како директна страна која има договор со нив. Дури ретко имам и комуникации во последно време, само за да не го чувствуваат тоа како наше влијание. Сум им кажал: ги имате сите можни услови и предуслови за работа, работете по ваше убедување и по ваше размислување, рече Османи.

Тој додаде дека е тука да им помогне во делот на логистичките услови.

-Тука сум да им помогнам да имаат место каде да се сретнат, ја користат обично салата во МНР, кога има да патуваат, таква логистичка поддршка. Им создадовме и секретеријат, луѓе кои они ги предложија за да можат да им помогнат во анализите. Но, дека имаме разговор по однос на темите, верувајте дека јас дознавам од медиумите што е тема на дневен ред на Комисијата, или како било што се разговарало. Јас се разбира, можам да ги викнам да ме информираат, но не сакам да навлезам во темите, за да не се создаде впечаток дека ние тука ги влијаеме на нив, додаде министерот за надворешни работи.

The post Oсмани тврди дека комисијата со Бугарија не е под политички притисок appeared first on Република.

]]>

Најодговорно тврдам дека македонско-бугарско историска Комисија не е под политички притисок. Јас сум тука да им помогнам за логистичките услови, но не сакам да навлегувам во нивните теми, за да не се создаде впечаток дека ние влијаеме врз нив, посочи министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој на денешниот брифинг со новинарите на прашање поврзано со коментарите дека Комисијата е под притисок, рече дека најверојатно е под притисок на јавноста, но не директно од него како министер. – Верувам дека членовите на Комисијата го имаат притисокот од јавноста, меѓутоа не од нас, не од мене како директна страна која има договор со нив. Дури ретко имам и комуникации во последно време, само за да не го чувствуваат тоа како наше влијание. Сум им кажал: ги имате сите можни услови и предуслови за работа, работете по ваше убедување и по ваше размислување, рече Османи. Тој додаде дека е тука да им помогне во делот на логистичките услови.
-Тука сум да им помогнам да имаат место каде да се сретнат, ја користат обично салата во МНР, кога има да патуваат, таква логистичка поддршка. Им создадовме и секретеријат, луѓе кои они ги предложија за да можат да им помогнат во анализите. Но, дека имаме разговор по однос на темите, верувајте дека јас дознавам од медиумите што е тема на дневен ред на Комисијата, или како било што се разговарало. Јас се разбира, можам да ги викнам да ме информираат, но не сакам да навлезам во темите, за да не се создаде впечаток дека ние тука ги влијаеме на нив, додаде министерот за надворешни работи.

The post Oсмани тврди дека комисијата со Бугарија не е под политички притисок appeared first on Република.

]]>
Во Комисијата со Бугарија има само позитивна атмосфера, договор не е на повидок https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-komisijata-so-bugarija-ima-samo-pozitivna-atmosfera-dogovor-ne-e-na-povidok/ Fri, 25 Nov 2022 07:30:10 +0000 https://republika.mk/?p=577998

Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија денеска ги продолжува разговорите во Скопје, кои вчера на првиот ден од состанокот биле фокусирани на учебниците, но не беше донесена никава одлука.

Драги Ѓорѓиев, копретседател во Комисијата, по вчерашната средба изјави дека не е усвоен  конкретен резултат, заклучок или препорака, но оти имале позитивна атмосфера во разговорите на кои дискутирале само за учебниците и биле запазени нашите интереси.

– Имаше материјална расправа и тоа е она што веќе се дискутира во последните три состаноци и утре продолжуваме по тој дневен ред, рече Ѓоргиев.

Заедничката македонско-бугарска Комисија за историски прашања на 15 август годинава усвои и објави препораки кои се однесуваат на подобрување на учебниците по историја за шесто одделение во Македонија и петти клас во Бугарија, како и препораки за заедничко чествување на личности од средниот век – свети Кирил и Методиј, свети. Климент, свети Наум и Цар Самоил.

Тие препораки се усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија, формирана согласно со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

The post Во Комисијата со Бугарија има само позитивна атмосфера, договор не е на повидок appeared first on Република.

]]>

Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија денеска ги продолжува разговорите во Скопје, кои вчера на првиот ден од состанокот биле фокусирани на учебниците, но не беше донесена никава одлука. Драги Ѓорѓиев, копретседател во Комисијата, по вчерашната средба изјави дека не е усвоен  конкретен резултат, заклучок или препорака, но оти имале позитивна атмосфера во разговорите на кои дискутирале само за учебниците и биле запазени нашите интереси. – Имаше материјална расправа и тоа е она што веќе се дискутира во последните три состаноци и утре продолжуваме по тој дневен ред, рече Ѓоргиев. Заедничката македонско-бугарска Комисија за историски прашања на 15 август годинава усвои и објави препораки кои се однесуваат на подобрување на учебниците по историја за шесто одделение во Македонија и петти клас во Бугарија, како и препораки за заедничко чествување на личности од средниот век – свети Кирил и Методиј, свети. Климент, свети Наум и Цар Самоил. Тие препораки се усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија, формирана согласно со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

The post Во Комисијата со Бугарија има само позитивна атмосфера, договор не е на повидок appeared first on Република.

]]>
Затоа немало напредок: Претседателот на бугарската комисија се жали што не прифаќаме дека имаме заедничка историја https://republika.mk/vesti/balkan/zatoa-nemalo-napredok-pretsedatelot-na-bugarskata-komisija-se-zali-shto-ne-prifakjame-deka-imame-zaednichka-istorija/ Mon, 31 Jan 2022 09:18:29 +0000 https://republika.mk/?p=451810

Во бугарскиот дел од Мешовитата историска комисија со Македонија нема промени, но договорена е поголема динамика во работата и до средината на мај треба да има три средби, вели копретседателот на Комисијата од бугарска страна, Ангел Димитров за БНТ.

Според Димитров, зачестените средби на Комисијата не се ништо ново, бидејќи бугарската страна секогаш сакала многу повеќе средби за да има резултати.

„На почетокот таа наша желба беше окарактеризирана како политички притисок, но ете, сега има желба и од другата страна. Првата средба ќе биде на крајот на февруари“, вели тој.

Во разговорот тој уште тврди дека нема притисок врз Комисијата.

„Знаеме што да очекуваме и пристапуваме со внимание и реализам, без особени очекувања. Ние сме во Средновековието, уште сме во делот што се учи во основното училиште, сѐ уште не сме стигнале до она што се учи во средно училиште, а работиме 3,5 години. Сето тоа е така бидејќи нашите колеги не сакаат да прифатат дека имаме заедничка историја, а таа почнува во Средниот век. На тоа се должи блокирањето на нормалниот ритам на работата на Комисијата“, изјави Димитров.

Тој уште додава дека настојувал да се отвори разговорот за Гоце Делчев, ама, како што вели, за жал, седницата ќе биде по 150-годишнината од раѓањето на Делчев. Истовремено даде пример за разликите по прашањето за Гоце Делчев.

„Кога зборувавме како да подготвиме еден текст до владите за заедничко чествување, колегите од РСМ тргнуваат од современоста кон минатото, од нивната претстава за Гоце Делчев, вез да се зборува за него во неговото историско време. Тој пристап не е историски. Ние предлагаме прво да се оцени една личност во неговото историско време и оттаму да се дојде до неговото значење за сегашноста“, објаснува Димитров и додава дека не очекува нешто што ќе направи голем пресврт во работата на Комисијата.

The post Затоа немало напредок: Претседателот на бугарската комисија се жали што не прифаќаме дека имаме заедничка историја appeared first on Република.

]]>

Во бугарскиот дел од Мешовитата историска комисија со Македонија нема промени, но договорена е поголема динамика во работата и до средината на мај треба да има три средби, вели копретседателот на Комисијата од бугарска страна, Ангел Димитров за БНТ. Според Димитров, зачестените средби на Комисијата не се ништо ново, бидејќи бугарската страна секогаш сакала многу повеќе средби за да има резултати. „На почетокот таа наша желба беше окарактеризирана како политички притисок, но ете, сега има желба и од другата страна. Првата средба ќе биде на крајот на февруари“, вели тој. Во разговорот тој уште тврди дека нема притисок врз Комисијата.
„Знаеме што да очекуваме и пристапуваме со внимание и реализам, без особени очекувања. Ние сме во Средновековието, уште сме во делот што се учи во основното училиште, сѐ уште не сме стигнале до она што се учи во средно училиште, а работиме 3,5 години. Сето тоа е така бидејќи нашите колеги не сакаат да прифатат дека имаме заедничка историја, а таа почнува во Средниот век. На тоа се должи блокирањето на нормалниот ритам на работата на Комисијата“, изјави Димитров.
Тој уште додава дека настојувал да се отвори разговорот за Гоце Делчев, ама, како што вели, за жал, седницата ќе биде по 150-годишнината од раѓањето на Делчев. Истовремено даде пример за разликите по прашањето за Гоце Делчев. „Кога зборувавме како да подготвиме еден текст до владите за заедничко чествување, колегите од РСМ тргнуваат од современоста кон минатото, од нивната претстава за Гоце Делчев, вез да се зборува за него во неговото историско време. Тој пристап не е историски. Ние предлагаме прво да се оцени една личност во неговото историско време и оттаму да се дојде до неговото значење за сегашноста“, објаснува Димитров и додава дека не очекува нешто што ќе направи голем пресврт во работата на Комисијата.

The post Затоа немало напредок: Претседателот на бугарската комисија се жали што не прифаќаме дека имаме заедничка историја appeared first on Република.

]]>