комеморација Archives - Република https://republika.mk/tema/komemoracija/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Nov 2024 13:04:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png комеморација Archives - Република https://republika.mk/tema/komemoracija/ 32 32 Вечна слава на Оливера Николова- величенствена жена писател! https://republika.mk/vesti/kultura/vechna-slava-na-olivera-nikolova-velichenstvena-zhena-pisatel/ Fri, 08 Nov 2024 13:04:24 +0000 https://republika.mk/?p=835547

Оливера Николова е една од ретките колеги и пријатели кои кога ми било најтешко, во првиот момент кога слушнала нешто што било дискриминирачки напад кон мене ми се јави како да ми е мајка, како прв пријател, загрижена, со најубави зборови кои никогаш нема да ги заборавам. Таа имаше навистина душа и свест, која беше хиперсензибилна на човечките страдања и неправди, а од друга страна воопшто не беше заблудена по ежедневните прагматични и други признанија и титули, за што говори нејзиното одбивање на понудата да биде член на МАНУ во релативно нејзини касни години. Тогаш покажа дека тоа и е ирелевантно и остана на ставот да напише што е можно повеќе и што е можно подобри книжевни дела, рече академик Катица Ќулавкова на денешната комеморативна седница посветена на писателката Оливера Николова, при што сподели личен настан, кој како што рече воспоставил длабока нишка меѓу нив две.

Оливера се вгради во своите романи и раскази од првиот до последниот.

Оливера остана надвор на мостот меѓу два света со очи широко отворени кон длабочините на човечката душа, ум, тело, заедница, време и простор. Оливера беше и остана да биде гатачка на загадочното писмо и јазик на човечкото суштество. Читач на љубовта и омразата, на доброто и на злото, испреплетени во неразмрсливи јазли.

60 години живот, целосно посветен на уметноста на јазикот и книжевноста. Исконска посветеност, ненаметлива, достоинствена и самосвесна. Од раскажувач и драматург на детските сништа и мечти, Оливера стана раскажувач и романсиер кој ги промислува авантурите со женствени, феминистички предзнак на жената од жената од нашиве македонски, балкански и европски простори, во минатото и денес, рече академик Ќулавкова.

Мудроста и сензитивноста на раскажувачкиот свет на Оливера Николова допрва ќе биде откриван. Голема пофалба за една величенствена жена писател.

Претседателот на Друштвото на писателите на Македонија, Живко Гроздановски најави едно кусо видео кое присутните може да го проследат, на кое Оливера Николова разговара со дечиња во градинка за детството, пишувањето, раскажувањето.

Оливера Николова се родила во 1934 година во Скопје, но поради професијата на татко и семејството често се селело. На двегодишна возраст од Скопје се преселила во Струга, детството и го одбележала Втората светска војна, но исто така и капењето во Дрим. Подоцна преселбата од Струга во Титов Велес за Оливера значела преселба од детството во младоста. И таму се било во знакот на другарството и книгите. Потоа доаѓаат студиите и понудата за работа во Радио Скопје на возраст од 19 години, а три години подоцна доаѓа и бракот со Цане Андреевски, колегата од редакцијата. Во меѓувреме и се почесто доаѓа пишувањето. Фасцинира нејзиното благородно сфаќање на чинот на пишувањето. Оливера го има дарот да се слее со духот на светот во совремието, да проникне во неговата срж и токму од таа слеаност произлегува и специфичната ангажираност во нејзините дела. Ангажираност во најубава, најненаметлива смисла на зборот, рече Гроздановски заклучувајќи дека Оливера ќе ни недостасува, но се надева не премногу, оти со секое наше ново читање и истражување на нејзиното дело ние ќе бидеме со неа.

Оливера Николова ни остави огромно дело кое го освојува светот и сведочи за нас како култура. „Зоки Поки“ веќе ги освои Јапонија, Скандинавија и поголем дел од Европа, но интересно ќе биде да се следи патот по кој нејините романи ќе бидат откривани и преведувани за да бидат силни амбасадори на нашето битисување и фактор на опстојување како култура.

Оливера Николова (1936-2024) беше писателка чија појава и творештво оставаат неизбришливи траги не само во нашето културно и општествено милје, туку и низ светот, и за чија личност и дело може да се зборува само со восхит и со извонредна благодарност.

Работела како драматург на радио и телевизија. Таа била член на Друштвото на писателите на Македонија од 1963 година.

Попознати нејзини дела за деца се „Зоки Поки“, „Земја во која не се стигнува“ (Награда на РТВ и Струшки вечери,1966), „Пријателите Бон и Бона“ (Награда на РТВ и Струшки вечери,1975), „Мојот звук“ (Награда „Младо поколење“,1978), „Девојките на Марко“, „Љубоболки“, „Шифри на каменот“, „Преминот не е осветлен“, „Светлосна година“, и други.

За специјални постигнувања во современиот израз на литературата за млади, во 1983 година ја добила Змаевата награда, а во 2024 година од Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, е одликувана со Орден за заслуги во културата.

Нејзини дела за возрасни се: Книгите раскази „Ден за летување и Лева комора“; комедијата „Сребреното јаболко“; книгата со драмски текстови под наслов „Сребреното јаболкo“. Романите: „Тесна врата“ (Награда „Стале Попов“,1983), „Домашни задачи“, „Тромбот“, (Награда „Стале Попов“ 1998, којашто ја вратила), „Адамовото ребро“ (Награда ‘Рациново признание’,2000), „Вежби за Ибн Пајко“, „Куклите на Росица“ (награда „Роман на годината“ на Утрински весник, за 2004 год.), „Белиот чад“, „Куќичка“ (2012, номинирана за наградата „Балканика“ 2011), „Кадифената покривка – новелети за жени убијки“ (награда „Стале Попов“ за 2015 г.), „Пешаци по црни полиња“ и „Песот со тажен поглед“ (награда „Роман на годината“ за 2019 год.).

The post Вечна слава на Оливера Николова- величенствена жена писател! appeared first on Република.

]]>

Оливера Николова е една од ретките колеги и пријатели кои кога ми било најтешко, во првиот момент кога слушнала нешто што било дискриминирачки напад кон мене ми се јави како да ми е мајка, како прв пријател, загрижена, со најубави зборови кои никогаш нема да ги заборавам. Таа имаше навистина душа и свест, која беше хиперсензибилна на човечките страдања и неправди, а од друга страна воопшто не беше заблудена по ежедневните прагматични и други признанија и титули, за што говори нејзиното одбивање на понудата да биде член на МАНУ во релативно нејзини касни години. Тогаш покажа дека тоа и е ирелевантно и остана на ставот да напише што е можно повеќе и што е можно подобри книжевни дела, рече академик Катица Ќулавкова на денешната комеморативна седница посветена на писателката Оливера Николова, при што сподели личен настан, кој како што рече воспоставил длабока нишка меѓу нив две. Оливера се вгради во своите романи и раскази од првиот до последниот.
Оливера остана надвор на мостот меѓу два света со очи широко отворени кон длабочините на човечката душа, ум, тело, заедница, време и простор. Оливера беше и остана да биде гатачка на загадочното писмо и јазик на човечкото суштество. Читач на љубовта и омразата, на доброто и на злото, испреплетени во неразмрсливи јазли. 60 години живот, целосно посветен на уметноста на јазикот и книжевноста. Исконска посветеност, ненаметлива, достоинствена и самосвесна. Од раскажувач и драматург на детските сништа и мечти, Оливера стана раскажувач и романсиер кој ги промислува авантурите со женствени, феминистички предзнак на жената од жената од нашиве македонски, балкански и европски простори, во минатото и денес, рече академик Ќулавкова.
Мудроста и сензитивноста на раскажувачкиот свет на Оливера Николова допрва ќе биде откриван. Голема пофалба за една величенствена жена писател. Претседателот на Друштвото на писателите на Македонија, Живко Гроздановски најави едно кусо видео кое присутните може да го проследат, на кое Оливера Николова разговара со дечиња во градинка за детството, пишувањето, раскажувањето.
Оливера Николова се родила во 1934 година во Скопје, но поради професијата на татко и семејството често се селело. На двегодишна возраст од Скопје се преселила во Струга, детството и го одбележала Втората светска војна, но исто така и капењето во Дрим. Подоцна преселбата од Струга во Титов Велес за Оливера значела преселба од детството во младоста. И таму се било во знакот на другарството и книгите. Потоа доаѓаат студиите и понудата за работа во Радио Скопје на возраст од 19 години, а три години подоцна доаѓа и бракот со Цане Андреевски, колегата од редакцијата. Во меѓувреме и се почесто доаѓа пишувањето. Фасцинира нејзиното благородно сфаќање на чинот на пишувањето. Оливера го има дарот да се слее со духот на светот во совремието, да проникне во неговата срж и токму од таа слеаност произлегува и специфичната ангажираност во нејзините дела. Ангажираност во најубава, најненаметлива смисла на зборот, рече Гроздановски заклучувајќи дека Оливера ќе ни недостасува, но се надева не премногу, оти со секое наше ново читање и истражување на нејзиното дело ние ќе бидеме со неа.
Оливера Николова ни остави огромно дело кое го освојува светот и сведочи за нас како култура. „Зоки Поки“ веќе ги освои Јапонија, Скандинавија и поголем дел од Европа, но интересно ќе биде да се следи патот по кој нејините романи ќе бидат откривани и преведувани за да бидат силни амбасадори на нашето битисување и фактор на опстојување како култура. Оливера Николова (1936-2024) беше писателка чија појава и творештво оставаат неизбришливи траги не само во нашето културно и општествено милје, туку и низ светот, и за чија личност и дело може да се зборува само со восхит и со извонредна благодарност. Работела како драматург на радио и телевизија. Таа била член на Друштвото на писателите на Македонија од 1963 година. Попознати нејзини дела за деца се „Зоки Поки“, „Земја во која не се стигнува“ (Награда на РТВ и Струшки вечери,1966), „Пријателите Бон и Бона“ (Награда на РТВ и Струшки вечери,1975), „Мојот звук“ (Награда „Младо поколење“,1978), „Девојките на Марко“, „Љубоболки“, „Шифри на каменот“, „Преминот не е осветлен“, „Светлосна година“, и други. За специјални постигнувања во современиот израз на литературата за млади, во 1983 година ја добила Змаевата награда, а во 2024 година од Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, е одликувана со Орден за заслуги во културата. Нејзини дела за возрасни се: Книгите раскази „Ден за летување и Лева комора“; комедијата „Сребреното јаболко“; книгата со драмски текстови под наслов „Сребреното јаболкo“. Романите: „Тесна врата“ (Награда „Стале Попов“,1983), „Домашни задачи“, „Тромбот“, (Награда „Стале Попов“ 1998, којашто ја вратила), „Адамовото ребро“ (Награда ‘Рациново признание’,2000), „Вежби за Ибн Пајко“, „Куклите на Росица“ (награда „Роман на годината“ на Утрински весник, за 2004 год.), „Белиот чад“, „Куќичка“ (2012, номинирана за наградата „Балканика“ 2011), „Кадифената покривка – новелети за жени убијки“ (награда „Стале Попов“ за 2015 г.), „Пешаци по црни полиња“ и „Песот со тажен поглед“ (награда „Роман на годината“ за 2019 год.).

The post Вечна слава на Оливера Николова- величенствена жена писател! appeared first on Република.

]]>
Комеморација за писателката Оливера Николова https://republika.mk/vesti/kultura/komemoratsija-za-pisatelkata-olivera-nikolova/ Fri, 08 Nov 2024 08:31:37 +0000 https://republika.mk/?p=835364

Во главната сала на Друштвото на писателите на Македонија денеска во 12 часот ќе се одржи комеморација за писателката Оливера Николова (1936-2024).

Нејзината појава и творештво, како што велат од ДПМ, оставаат неизбришливи траги не само во нашето културно и општествено милје, туку и низ светот, и за чија личност и дело може да се зборува само со восхит и со извонредна благодарност.

Оливера Николова е родена во 1936 година, во Скопје. Учела во Струга и Велес, а завршила Филозофски факултет во Скопје. Работела како драматург на радио и телевизија. Таа била член на Друштвото на писателите на Македонија од 1963 година.

Попознати нејзини дела за деца се „Зоки Поки“, „Земја во која не се стигнува“ (Награда на РТВ и Струшки вечери,1966), „Пријателите Бон и Бона“ (Награда на РТВ и Струшки вечери,1975), „Мојот звук“ (Награда „Младо поколење“,1978), „Девојките на Марко“, „Љубоболки“, „Шифри на каменот“, „Преминот не е осветлен“, „Светлосна година“, и други.

За специјални постигнувања во современиот израз на литературата за млади, во 1983 година ја добила Змаевата награда, а во 2024 година од Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, е одликувана со Орден за заслуги во културата.

Нејзини дела за возрасни се: Книгите раскази „Ден за летување и Лева комора“; комедијата „Сребреното јаболко“; книгата со драмски текстови под наслов „Сребреното јаболкo“. Романите: „Тесна врата“ (Награда „Стале Попов“,1983), „Домашни задачи“, „Тромбот“, (Награда „Стале Попов“ 1998, којашто ја вратила), „Адамовото ребро“ (Награда 'Рациново признание',2000), „Вежби за Ибн Пајко“, „Куклите на Росица“ (награда „Роман на годината“ на Утрински весник, за 2004 год.), „Белиот чад“, „Куќичка“ (2012, номинирана за наградата „Балканика“ 2011), „Кадифената покривка - новелети за жени убијки“ (награда „Стале Попов“ за 2015 г.), „Пешаци по црни полиња“ и „Песот со тажен поглед“ (награда „Роман на годината“ за 2019 год.).

The post Комеморација за писателката Оливера Николова appeared first on Република.

В петок комеморација за писателката Оливера Николова во ДПМ https://republika.mk/vesti/kultura/v-petok-komemoratsija-za-pisatelkata-olivera-nikolova-vo-dpm/ Thu, 07 Nov 2024 08:41:44 +0000 https://republika.mk/?p=834995

Утре, 8 ноември, во 12 часот во главната сала на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) ќе се одржи комеморацијата за Оливера Николова, соопштија од ДПМ.

„Друштвото на писателите на Македонија Ве поканува Да присуствувате на комеморацијата за Оливера Николова (1936-2024), нашата писателка чија појава и творештво оставаат неизбришливи траги не само во нашето културно и општествено милје, туку и низ светот, и за чија личност и дело може да се зборува само со восхит и со извонредна благодарност.

Свеченото збогување ќе се одржи утре, 8 ноември (петок) во 12 часот во главната сала на Друштвото на писателите на Македонија, на ул. „Максим Горки“ бр. 18 во Скопје“, извести Друштвото на писателите на Македонија.

The post В петок комеморација за писателката Оливера Николова во ДПМ appeared first on Република.

Комеморација за писателот Михаил Ренџов в понеделник https://republika.mk/vesti/kultura/komemoratsija-za-pisatelot-mihail-rendhov-v-ponedelnik/ Fri, 18 Oct 2024 07:20:24 +0000 https://republika.mk/?p=828289

НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје, заедно со Друштвото на писателите на Македонија и ПЕН центарот во Македонија, ќе одржат комеморација за писателот- великан Михаил Ренџов (1936-2024). Свеченото збогување ќе се одржи на 21 октомври (понеделник) во 12 часот во Центарот за култура и студии во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Се проштеваме од еден од нашите великани, поетот на светлината и малкузборноста. Михаил Ренџов за навек ги продолжува светлите патеки на македонската литература, по патот на светлината што во македонската литература ја внесе Климент Охридски, и ја продолжи својата поетика низ певот на псалмите издигнувајќи го македонскиот јазик на високиот пиедестал на јазиците. Во својот работен век Ренџов беше поврзан со свети Климент Охридски, зашто библиотеката што го понесе името на овој македонски светитетел и беше негов работен простор цели три децении, а во кој тој промотивно ја внесе македонската, но и светската поезија, соопштија од ДПМ.

Говорници на комеморацијата ќе бидат Јовица Никчевски (директор), д-р Владимир Мартиновски (претседател на ПЕН центарот во Македонија), Гордана Михаилова Бошнакоска (од Друштво на писателите на Македонија) и д-р Марина Мијаковска (НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје).

The post Комеморација за писателот Михаил Ренџов в понеделник appeared first on Република.

В понеделник комеморација во чест на оперската првенка Ирена Кавкалевска https://republika.mk/vesti/kultura/v-ponedelnik-komemoratsija-vo-chest-na-operskata-prvenka-irena-kavkalevska/ Tue, 08 Oct 2024 21:38:13 +0000 https://republika.mk/?p=824357

Во понеделник, 14 октомври, со почеток во 10.30 часот,  на големата сцена на Националната опера и балет, ќе биде одржана комеморацијата во чест на оперската првенка Ирена Кавкалевска, соопшти нејзината матична куќа.

Кавкалевска е добитничка на многу награди, школувана во Македониіа, Софиjа, Грац, Загреб, дебитира на сцената на МОБ во 1996 година со улогата на Мадалена во „Риголето”. Настапувала на многу фестивали и оперски сцени, а незиниот репертоар зборува за успешни креации во „Кармен”, „Аида”, „Набуко”, „Моќта на судбината”, „Сестра Анџелика”, „Лули Цезар во Египет” „Севилскиот берберин”, „Лилјакот”, „Иван Сусаньин”, „Цар Самоил”.

„Уште во првата нејзина појава, Ирена Кавкалевска беше вистинско олицетворение на Кармен, бескрупулозната заводничка. Таа апсолутно пленеше со сценичноста, владееше со целото дејство, очигледно се чувствуваше удобно во улогата што а толкува. Комотна и самоуверена на сцената, мошне маркантно ja долови фаталната женска привлечност” – зборува музичката критика за креацијата на нашата уметница во познатата опера на Жорж Бизе.

Нејзината појава беше особено ретка, како на сцената така и во приватниот живот. Зрачејќи со својата елеганција, нежност и племенитост, остави голема трага во срцата на публиката и колегите. Истовремено, беше и силен борец во сите животни премрежја.

Прераната смрт Ирена Кавкалевска за Македонската опера и балет и воопшто, за севкупниот културен живот, претставува огромна загуба. Таа имаше и можеше да подари уште многу сценски и концертни креации.

The post В понеделник комеморација во чест на оперската првенка Ирена Кавкалевска appeared first on Република.

]]>

Во понеделник, 14 октомври, со почеток во 10.30 часот,  на големата сцена на Националната опера и балет, ќе биде одржана комеморацијата во чест на оперската првенка Ирена Кавкалевска, соопшти нејзината матична куќа.
Кавкалевска е добитничка на многу награди, школувана во Македониіа, Софиjа, Грац, Загреб, дебитира на сцената на МОБ во 1996 година со улогата на Мадалена во „Риголето”. Настапувала на многу фестивали и оперски сцени, а незиниот репертоар зборува за успешни креации во „Кармен”, „Аида”, „Набуко”, „Моќта на судбината”, „Сестра Анџелика”, „Лули Цезар во Египет” „Севилскиот берберин”, „Лилјакот”, „Иван Сусаньин”, „Цар Самоил”. „Уште во првата нејзина појава, Ирена Кавкалевска беше вистинско олицетворение на Кармен, бескрупулозната заводничка. Таа апсолутно пленеше со сценичноста, владееше со целото дејство, очигледно се чувствуваше удобно во улогата што а толкува. Комотна и самоуверена на сцената, мошне маркантно ja долови фаталната женска привлечност” – зборува музичката критика за креацијата на нашата уметница во познатата опера на Жорж Бизе. Нејзината појава беше особено ретка, како на сцената така и во приватниот живот. Зрачејќи со својата елеганција, нежност и племенитост, остави голема трага во срцата на публиката и колегите. Истовремено, беше и силен борец во сите животни премрежја. Прераната смрт Ирена Кавкалевска за Македонската опера и балет и воопшто, за севкупниот културен живот, претставува огромна загуба. Таа имаше и можеше да подари уште многу сценски и концертни креации.

The post В понеделник комеморација во чест на оперската првенка Ирена Кавкалевска appeared first on Република.

]]>
Одбележани 80 години од загинувањето на 17 тетовски партизани во мавровското село Беличица и стрелањето на двајца во Тетово https://republika.mk/vesti/makedonija/odbelezhani-80-godini-od-zaginuvaneto-na-17-tetovski-partizani-vo-mavrovskoto-selo-belichitsa-i-strelaneto-na-dvajtsa-vo-tetovo/ Sat, 21 Sep 2024 11:15:18 +0000 https://republika.mk/?p=818462

Во Тетово денеска беше одбележана 80-годишнината од настаните во 1944 година кога загинале и се убиени 19 тетовски партизани. Седумнаесет од нив се убиени во злосторството во мавровското село Беличица, а двајца партизани Андреа Христоски – Шварц и Младен Симоски – Требош, кои биле заробени два дена подоцна, на 21 септември, се стрелани во дворот од црквата „Свети Никола“ во Тетово.

Одбележувањето денеска се одржа во дворот од црквата „Свети Никола“ во Тетово каде се наоѓа и нивното спомен-обележје, пред кое секоја година се оддава почит на жртвите дадени за ослободување од фашистичката окупација. Денес беше извршена и панихида.

Еве и денеска, на овој ден на Мала Богородица, 21 септември 2024, се собравме како другите минати години, да се потсетиме и да им одададеме почит на Младен Симоски-Требош и Андреа Христовски- Шварц, борци на Третиот Тетовски партизаиски одред, кои на овој датум беа стрелани од страна на балистите на ова место. Сретен Тофилоски, кој имаше девет прострелни рани добиени во село Беличица, беше ослободен од тогашниот командант на балистите со зборовите: „Овој ѓаур куршум не го тепа. Да се однесе на лечење, па да се докрајчи после, посочи во пригодното обраќање и историски час, Јовица Тофиловски.

Тој потсети и на случувањата од 19 септември 1944 година во село Беличица, Гостиварско.

Борците на Третиот тетовски партизански одред, направија се што беше во нивна моќ за да го одбранат селото од фашистичко-балистичкото насилство. И повеќе од тоа. Се жртвуваа себе си. Ги дадоа своите млади животи спротиставувајќи му се на далеку помногубројниот и подобро вооружен непријател повеќе од шестчасовна борба. И покрај тоа тие им нанеле големи загуби. На бојното поле останаа и животите кои ги положија храбрите момчиња. Тројца партизани беа ранети, а четворица заробени. На боиштето еден покрај друг лежеа работник, земјоделец ученик, Македонец, Албанец, Србин, двајца браќа, нивната сестра, неразделни другари од детството и соученици од тетовските училишта, посочи во пригодното обраќање Јовица Тофиловски.

Организаторите од Сојузот на борци на Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија и граѓаните продолжувачи од Тетово со порака, граѓаните повеќе да ги почитуваат жртвите дадени од македонскиот народ во Втората светска  војна.

Иако се бореа и ги дадоа својот живот за слободата на нашата држава, мислам дека во целост не ја исполнивме нивната цел, нивната оставнина да си ја чуваме нашата држава со сите наши нишани што ги имавме. Поготово, во Тетово во нашиот град, немаме никаква соработка со Општината Тетово. За ниедно чествување, за ниеден празник не ни се излезени во пресрет и остава една горчина за сите нас кои сме следбеници на залогот што го оставија починатите. Би сакала младите, учениците, настојуваме како Општинска организација на Сојуз на борци сите празници кои ни се оставени во аманет да ги испочитуваме и сограѓаните наши да бидат присустни во што е можно поголем број, истакна Лилјана Симовска, претседател на тетовската општинска организација на Сојузот на борците.

Во 1944 година животите ги загубија народните херои Тодор Циповски-Мерџан и Ѓоце Сгојчевски-Амбарче, како и Христо Антевски, Александар Здравковски, Трпе Јовановски-Мишка, Александар Јовановски-Журчин, Борче Кочовски, Љубомир Момировски, Пано Симоски, Саво Тасевски, Благоја Тоскоски-Тоска, сите од Тетово. Загинат е и Мурат Бафтијари од Вејце, двајцата браќа и сестра Драгомир, Љубомир и Љубица Стефановиќ, Боро Вулиќ, Владимир Јањиќ, Михаило Рајчевиќ и Андреа Стојановиќ сите од Брвеница. Во Беличица се убиени и 17 жителите, меѓу кои жени и деца.

The post Одбележани 80 години од загинувањето на 17 тетовски партизани во мавровското село Беличица и стрелањето на двајца во Тетово appeared first on Република.

]]>

Во Тетово денеска беше одбележана 80-годишнината од настаните во 1944 година кога загинале и се убиени 19 тетовски партизани. Седумнаесет од нив се убиени во злосторството во мавровското село Беличица, а двајца партизани Андреа Христоски – Шварц и Младен Симоски – Требош, кои биле заробени два дена подоцна, на 21 септември, се стрелани во дворот од црквата „Свети Никола“ во Тетово. Одбележувањето денеска се одржа во дворот од црквата „Свети Никола“ во Тетово каде се наоѓа и нивното спомен-обележје, пред кое секоја година се оддава почит на жртвите дадени за ослободување од фашистичката окупација. Денес беше извршена и панихида.
Еве и денеска, на овој ден на Мала Богородица, 21 септември 2024, се собравме како другите минати години, да се потсетиме и да им одададеме почит на Младен Симоски-Требош и Андреа Христовски- Шварц, борци на Третиот Тетовски партизаиски одред, кои на овој датум беа стрелани од страна на балистите на ова место. Сретен Тофилоски, кој имаше девет прострелни рани добиени во село Беличица, беше ослободен од тогашниот командант на балистите со зборовите: „Овој ѓаур куршум не го тепа. Да се однесе на лечење, па да се докрајчи после, посочи во пригодното обраќање и историски час, Јовица Тофиловски.
Тој потсети и на случувањата од 19 септември 1944 година во село Беличица, Гостиварско.
Борците на Третиот тетовски партизански одред, направија се што беше во нивна моќ за да го одбранат селото од фашистичко-балистичкото насилство. И повеќе од тоа. Се жртвуваа себе си. Ги дадоа своите млади животи спротиставувајќи му се на далеку помногубројниот и подобро вооружен непријател повеќе од шестчасовна борба. И покрај тоа тие им нанеле големи загуби. На бојното поле останаа и животите кои ги положија храбрите момчиња. Тројца партизани беа ранети, а четворица заробени. На боиштето еден покрај друг лежеа работник, земјоделец ученик, Македонец, Албанец, Србин, двајца браќа, нивната сестра, неразделни другари од детството и соученици од тетовските училишта, посочи во пригодното обраќање Јовица Тофиловски.
Организаторите од Сојузот на борци на Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија и граѓаните продолжувачи од Тетово со порака, граѓаните повеќе да ги почитуваат жртвите дадени од македонскиот народ во Втората светска  војна.
Иако се бореа и ги дадоа својот живот за слободата на нашата држава, мислам дека во целост не ја исполнивме нивната цел, нивната оставнина да си ја чуваме нашата држава со сите наши нишани што ги имавме. Поготово, во Тетово во нашиот град, немаме никаква соработка со Општината Тетово. За ниедно чествување, за ниеден празник не ни се излезени во пресрет и остава една горчина за сите нас кои сме следбеници на залогот што го оставија починатите. Би сакала младите, учениците, настојуваме како Општинска организација на Сојуз на борци сите празници кои ни се оставени во аманет да ги испочитуваме и сограѓаните наши да бидат присустни во што е можно поголем број, истакна Лилјана Симовска, претседател на тетовската општинска организација на Сојузот на борците.
Во 1944 година животите ги загубија народните херои Тодор Циповски-Мерџан и Ѓоце Сгојчевски-Амбарче, како и Христо Антевски, Александар Здравковски, Трпе Јовановски-Мишка, Александар Јовановски-Журчин, Борче Кочовски, Љубомир Момировски, Пано Симоски, Саво Тасевски, Благоја Тоскоски-Тоска, сите од Тетово. Загинат е и Мурат Бафтијари од Вејце, двајцата браќа и сестра Драгомир, Љубомир и Љубица Стефановиќ, Боро Вулиќ, Владимир Јањиќ, Михаило Рајчевиќ и Андреа Стојановиќ сите од Брвеница. Во Беличица се убиени и 17 жителите, меѓу кои жени и деца.

The post Одбележани 80 години од загинувањето на 17 тетовски партизани во мавровското село Беличица и стрелањето на двајца во Тетово appeared first on Република.

]]>
Снешка беше единствената глумица која беше погребана без аплауз, ама таму горе колегите ќе ја дочекаат со овации, рече Силвија Стојановска на комеморацијата за Стамеска https://republika.mk/vesti/kultura/sneshka-beshe-edinstvenata-glumitsa-koja-beshe-pogrebana-bez-aplauz-ama-tamu-gore-kolegite-ke-ja-dochekaat-so-ovatsii-reche-silvija-stojanovska-na-komemoratsijata-za-stameska/ Thu, 12 Sep 2024 12:26:57 +0000 https://republika.mk/?p=815714

Снешка беше единствената глумица која беше погребана без аплауз, ама сигурна сум дека таму горе колегите ќе ја дочекаат со овации, рече актерката Силвија Стојановска на комеморацијата за доајенката на македонското глумиште Снежана Стамеска, која се одржа во нејзината матична куќа, Драмски театар во Скопје.

Едвај педесетина актери, режисери, соработници и дел од потесното семејство присустувааа на комеморацијата.

Таа беше театарска кралица, Снеже цветаше на сцената, рече Стојановска во говорот.

Таа кажа дека со Снешка била прва братучетка, освен што била и колешка. Се присети на нејзините приказни за Белград и Париз, каде што Стамеска студирала и била на доусовршување.

Снешка не пееше, сметаше дека нема слух. Кога славев 33 години, бев во еден период од животот кога не бев многу среќна. На мојот роденден дојдоа Снешка, мојот покоен сопруг Ненад Стојановски и Сабина Ајрула. Ниту еден од нив не пееше, а мене ми испеаја ‘Среќен роденден’ успеаја да ме расположат“. Таа раскажуваше за парискиот шарм и големата белградска човечка широчина. Од неа првпат чув за багет, францускиот леб, за сендвничите од багет, се присети Стојановска.

Актерот Благој Чоревски говореше за соработката со Стамеска, а директорот на Драмски, Роберт Вељаноски потсети што одговорила Стамеска на прашањето што го прави еден актер, вистински актер?

Тоа што го прави човек: да се оправдаш себе пред себе, а после и пред другите, своите желби, мисли, постапки. Само така ќе излезеш пред сите оние кои различно мислат и сите ќе ги лапнеш. Тоа е занаетот. Нема лажење. Гледај ги, сакај ги луѓето. Има многу чудни приказни на лицата. Сочувај ги во некоја фиока, еден ден ќе ти се најдат.

А ти наша Снешке ќе останеш длабоко во нашата меморија, кажа Вељановски.

За студиите на Театарската академија во Белград, преку телеграма се присети српската легендарна актерка Светлана Бојковиќ.

Уште кога се запознавме си реков дека Снешка е позрела од сите. И не погрешив во тоа. Таа секогаш била постојана, цврста, храбра и што е најважно - талентирана!. Дипломиравме, се вративме секоја во својата земја и после неколку години се сретнавме, си разговаравме како две актерки, како две мајки на ќерки. Пораснавме во една земја, а еве во третото доба сме во различни земји. Навистина ме потресе нејзиното заминување“, вели Бојковиќ во писмото.

Театарскиот режисер Слободан Унковски преку писмо од Виена се збогува со Стамеска, актерка за која вели дека не се дружеле надвор од пробите, но имале огромно разбирање и радост во откривањето на поинаквото и возбудливото.

[caption id="attachment_815754" align="alignnone" width="583"] фото: МИА[/caption]

Кога ќе помислам на Снешка Стамеска, неколку слики ми се појавуваат веднаш. Најнапред ФДУ во Белград каде во есента 1967 таа веќе беше некоја генерација пред мене, ама се знаеше дека ја има, дека е многу талентирана, зафатена и евентуално, многу згодна. Помина некое време пред да ја сретнам во минување, ми дофрли, А и ти си од Скопје, и тоа беше максимум внимание што можеше еден бруцош да го добие од една скоро дипломирана глумица. Подоцна се најдовме обајцата во Драмски, првата заедничка претстава ни беше Ништо по Камерна музика на Артур Копит и бевме дел од новиот бран во театарот..

Последен пат сме работеле заедно во минатиот век, 1992 година, се изненадив кога ги пребројав годините, зошто сеедно и покрај скршените врски, Снешка остана дел од мојот театарски свет. Потоа секој отиде по своите патишта.

Имавме строго професионални односи, но еднаш, во раните утрински часови, ѕвони телефонот. Ми вели еден глас: ‘Ајде, Снешка се пораѓа, треба да ја носиш во болница’. Јас дури се сетам, ми текнува дека неколку недели претходно, разговарајќи за тоа кој ќе ја носи Снешка во болница кога ќе треба да се пораѓа, бидејќи нејзиниот партнер не беше во Скопје, и реков да ми се јави мене. ‘Овие глумците не се озбилни, мене ќе ми се јавиш’, ѝ реков. Тоа беше прв и последен пат да носам глумица на породување“, вели Унковски.

Стамеска беше првенка на Драмски театар Скопје. Дипломирaла на Театарската академија во Белград во 1970. Од нејзиното вработување во 1971 до пензионирањето во 2010 Стамеска беше член на ансамблот на Драмски театар Скопје.

Нејзината исклучително плодната актерска кариера брои над седумдесет улоги во матичниот театар и на други театарски сцени. Реализира и многу значајни телевизиски и филмски улоги.
Стамеска поседуваше богата актерска емоционална палета, стабилен и логичен израз, како и топол, милозвучен, убедлив глас.

Селективна театрографија: Косара (Владимир и Косара, 1971); Злата (Свадба, 1972); Анѓа (Хамлет од Долно Гаштани, 1973); Марија (Војцек, 1973); Арманда (Учени жени, 1973); Рут (Дејството на гама-зраците врз сенишните невени, 1973); Цена (Јане Задрогаз, 1974); Изабелита (Достага на самиот врв на највисоката власт, 1975); Лица (Ослободување на Скопје, 1978); Пандора (Солунски патрдии,1979); Вера (Диво месо, 1979); Вера (Среќна Нова '49, 1985; МНТ); Бабата (Викенд на мртовци, 1985); Зоја (Зојкиниот стан, 1986); Мица (Сили во воздухот, 1988); Мери (Долго патување во ноќта, 1988); Нада (Шуаби ап, 1989); Мајката/ Жената-војник/ Неда/ Кателин (Чернодрински се враќа дома, 1992); Деде Ченс (Дамите од Аламо, 1993); Кејт (Игранка во времето на Лунаса, 1995); Мег (Злостори на срцето, 1995); Сиен (Убиј ме душичке, 1997); Марчелина (Свадбата на Фигаро, 1998); Ана Петровна Војницева (Платонов, 1999); Баба (Војцек, 2002); Бернарда (Домот на Бернарда Алба, 2004); Султана (Лет во место, 2005).

Селективна филмографија: Коктел за четворица (1970); Кукла (1973); Жена од малтер (1979); Двојка (1980); Нели ти реков (1984); Солунски патрдии (1985); Трст виа Скопје (1987); Глас (2000).

Награди: Златен ловоров венец за најдобро актерско остварување на Фестивалот Мали и експериментални сцени (МЕСС) за улогата на Лица во претставата Ослободување на Скопје (Сараево, 1979); Награда за актерско остварување на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ за улогата на Вера во претставата Среќна Нова '49 (Прилеп, 1985); Награда за најдобро актерско остварување на ревијата Екран за улогата на Зоја во претставата „Зојкиниот стан“ (1987); Награда на Фестивалот Стериино позорје за најдобро актерско остварување за улогата на Мица во претставата „Сили во воздухот“ (Нови Сад, 1989); Награда за најдобро актерско остварување на ревијата „Екран“ за улогата на Ана Петровна Војницева во претставата „Платонов“ (2000); Награда „11 Октомври“ (Скопје, 2002); Награда „Климент Охридски“ (Скопје, 2005).

The post Снешка беше единствената глумица која беше погребана без аплауз, ама таму горе колегите ќе ја дочекаат со овации, рече Силвија Стојановска на комеморацијата за Стамеска appeared first on Република.

]]>

Снешка беше единствената глумица која беше погребана без аплауз, ама сигурна сум дека таму горе колегите ќе ја дочекаат со овации, рече актерката Силвија Стојановска на комеморацијата за доајенката на македонското глумиште Снежана Стамеска, која се одржа во нејзината матична куќа, Драмски театар во Скопје. Едвај педесетина актери, режисери, соработници и дел од потесното семејство присустувааа на комеморацијата.
Таа беше театарска кралица, Снеже цветаше на сцената, рече Стојановска во говорот.
Таа кажа дека со Снешка била прва братучетка, освен што била и колешка. Се присети на нејзините приказни за Белград и Париз, каде што Стамеска студирала и била на доусовршување.
Снешка не пееше, сметаше дека нема слух. Кога славев 33 години, бев во еден период од животот кога не бев многу среќна. На мојот роденден дојдоа Снешка, мојот покоен сопруг Ненад Стојановски и Сабина Ајрула. Ниту еден од нив не пееше, а мене ми испеаја ‘Среќен роденден’ успеаја да ме расположат“. Таа раскажуваше за парискиот шарм и големата белградска човечка широчина. Од неа првпат чув за багет, францускиот леб, за сендвничите од багет, се присети Стојановска.
Актерот Благој Чоревски говореше за соработката со Стамеска, а директорот на Драмски, Роберт Вељаноски потсети што одговорила Стамеска на прашањето што го прави еден актер, вистински актер? Тоа што го прави човек: да се оправдаш себе пред себе, а после и пред другите, своите желби, мисли, постапки. Само така ќе излезеш пред сите оние кои различно мислат и сите ќе ги лапнеш. Тоа е занаетот. Нема лажење. Гледај ги, сакај ги луѓето. Има многу чудни приказни на лицата. Сочувај ги во некоја фиока, еден ден ќе ти се најдат.
А ти наша Снешке ќе останеш длабоко во нашата меморија, кажа Вељановски.
За студиите на Театарската академија во Белград, преку телеграма се присети српската легендарна актерка Светлана Бојковиќ.
Уште кога се запознавме си реков дека Снешка е позрела од сите. И не погрешив во тоа. Таа секогаш била постојана, цврста, храбра и што е најважно - талентирана!. Дипломиравме, се вративме секоја во својата земја и после неколку години се сретнавме, си разговаравме како две актерки, како две мајки на ќерки. Пораснавме во една земја, а еве во третото доба сме во различни земји. Навистина ме потресе нејзиното заминување“, вели Бојковиќ во писмото.
Театарскиот режисер Слободан Унковски преку писмо од Виена се збогува со Стамеска, актерка за која вели дека не се дружеле надвор од пробите, но имале огромно разбирање и радост во откривањето на поинаквото и возбудливото. [caption id="attachment_815754" align="alignnone" width="583"] фото: МИА[/caption]
Кога ќе помислам на Снешка Стамеска, неколку слики ми се појавуваат веднаш. Најнапред ФДУ во Белград каде во есента 1967 таа веќе беше некоја генерација пред мене, ама се знаеше дека ја има, дека е многу талентирана, зафатена и евентуално, многу згодна. Помина некое време пред да ја сретнам во минување, ми дофрли, А и ти си од Скопје, и тоа беше максимум внимание што можеше еден бруцош да го добие од една скоро дипломирана глумица. Подоцна се најдовме обајцата во Драмски, првата заедничка претстава ни беше Ништо по Камерна музика на Артур Копит и бевме дел од новиот бран во театарот.. Последен пат сме работеле заедно во минатиот век, 1992 година, се изненадив кога ги пребројав годините, зошто сеедно и покрај скршените врски, Снешка остана дел од мојот театарски свет. Потоа секој отиде по своите патишта. Имавме строго професионални односи, но еднаш, во раните утрински часови, ѕвони телефонот. Ми вели еден глас: ‘Ајде, Снешка се пораѓа, треба да ја носиш во болница’. Јас дури се сетам, ми текнува дека неколку недели претходно, разговарајќи за тоа кој ќе ја носи Снешка во болница кога ќе треба да се пораѓа, бидејќи нејзиниот партнер не беше во Скопје, и реков да ми се јави мене. ‘Овие глумците не се озбилни, мене ќе ми се јавиш’, ѝ реков. Тоа беше прв и последен пат да носам глумица на породување“, вели Унковски.
Стамеска беше првенка на Драмски театар Скопје. Дипломирaла на Театарската академија во Белград во 1970. Од нејзиното вработување во 1971 до пензионирањето во 2010 Стамеска беше член на ансамблот на Драмски театар Скопје. Нејзината исклучително плодната актерска кариера брои над седумдесет улоги во матичниот театар и на други театарски сцени. Реализира и многу значајни телевизиски и филмски улоги. Стамеска поседуваше богата актерска емоционална палета, стабилен и логичен израз, како и топол, милозвучен, убедлив глас. Селективна театрографија: Косара (Владимир и Косара, 1971); Злата (Свадба, 1972); Анѓа (Хамлет од Долно Гаштани, 1973); Марија (Војцек, 1973); Арманда (Учени жени, 1973); Рут (Дејството на гама-зраците врз сенишните невени, 1973); Цена (Јане Задрогаз, 1974); Изабелита (Достага на самиот врв на највисоката власт, 1975); Лица (Ослободување на Скопје, 1978); Пандора (Солунски патрдии,1979); Вера (Диво месо, 1979); Вера (Среќна Нова '49, 1985; МНТ); Бабата (Викенд на мртовци, 1985); Зоја (Зојкиниот стан, 1986); Мица (Сили во воздухот, 1988); Мери (Долго патување во ноќта, 1988); Нада (Шуаби ап, 1989); Мајката/ Жената-војник/ Неда/ Кателин (Чернодрински се враќа дома, 1992); Деде Ченс (Дамите од Аламо, 1993); Кејт (Игранка во времето на Лунаса, 1995); Мег (Злостори на срцето, 1995); Сиен (Убиј ме душичке, 1997); Марчелина (Свадбата на Фигаро, 1998); Ана Петровна Војницева (Платонов, 1999); Баба (Војцек, 2002); Бернарда (Домот на Бернарда Алба, 2004); Султана (Лет во место, 2005). Селективна филмографија: Коктел за четворица (1970); Кукла (1973); Жена од малтер (1979); Двојка (1980); Нели ти реков (1984); Солунски патрдии (1985); Трст виа Скопје (1987); Глас (2000). Награди: Златен ловоров венец за најдобро актерско остварување на Фестивалот Мали и експериментални сцени (МЕСС) за улогата на Лица во претставата Ослободување на Скопје (Сараево, 1979); Награда за актерско остварување на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ за улогата на Вера во претставата Среќна Нова '49 (Прилеп, 1985); Награда за најдобро актерско остварување на ревијата Екран за улогата на Зоја во претставата „Зојкиниот стан“ (1987); Награда на Фестивалот Стериино позорје за најдобро актерско остварување за улогата на Мица во претставата „Сили во воздухот“ (Нови Сад, 1989); Награда за најдобро актерско остварување на ревијата „Екран“ за улогата на Ана Петровна Војницева во претставата „Платонов“ (2000); Награда „11 Октомври“ (Скопје, 2002); Награда „Климент Охридски“ (Скопје, 2005).

The post Снешка беше единствената глумица која беше погребана без аплауз, ама таму горе колегите ќе ја дочекаат со овации, рече Силвија Стојановска на комеморацијата за Стамеска appeared first on Република.

]]>
Комеморација за актерката Снежана Стамеска во Драмски театар https://republika.mk/vesti/kultura/komemoratsija-za-akterkata-snezhana-stameska-vo-dramski-teatar/ Wed, 11 Sep 2024 10:30:18 +0000 https://republika.mk/?p=815306

Комеморација во чест на починатата актерка Снежана Стамеска ќе се оддржи во фоајето на Драмски театар утре, на 12 септември во 12 часот.

Стамеска почина на 8 септември, а беше погребана во понеделникот на Градските гробишта во Бутел пред голем број колеги, почитувачи, роднини и пријатели.

Стамеска беше првенка на Драмски театар Скопје и една од ведетите на македонското глумиште. Дипломирла на Театарската академија во Белград во 1970.

Од нејзиното вработување во 1971 до пензионирањето во 2010 Стамеска беше член на ансамблот на Драмски театар Скопје. Низ исклучително плодната актерска кариера одиграла преку седумдесет улоги во матичниот театар и на сцените на неколку други македонски театарски куќи.

Таа реализираше многу значајни телевизиски и филмски улоги. Исклучителната популарност Снежана Стамеска ја стекна во одумдесетите и деведесетите години кога публиката ја засака во улогите на Пандора во Солунски патрдии (1979), Вера во Диво месо (1979), Сина во телевизиската серија Трст виа Скопје (1987), Вера во Среќна Нова '49 (1985), и Паца во Викенд на мртовци (1985).

The post Комеморација за актерката Снежана Стамеска во Драмски театар appeared first on Република.

]]>

Комеморација во чест на починатата актерка Снежана Стамеска ќе се оддржи во фоајето на Драмски театар утре, на 12 септември во 12 часот. Стамеска почина на 8 септември, а беше погребана во понеделникот на Градските гробишта во Бутел пред голем број колеги, почитувачи, роднини и пријатели. Стамеска беше првенка на Драмски театар Скопје и една од ведетите на македонското глумиште. Дипломирла на Театарската академија во Белград во 1970. Од нејзиното вработување во 1971 до пензионирањето во 2010 Стамеска беше член на ансамблот на Драмски театар Скопје. Низ исклучително плодната актерска кариера одиграла преку седумдесет улоги во матичниот театар и на сцените на неколку други македонски театарски куќи. Таа реализираше многу значајни телевизиски и филмски улоги. Исклучителната популарност Снежана Стамеска ја стекна во одумдесетите и деведесетите години кога публиката ја засака во улогите на Пандора во Солунски патрдии (1979), Вера во Диво месо (1979), Сина во телевизиската серија Трст виа Скопје (1987), Вера во Среќна Нова '49 (1985), и Паца во Викенд на мртовци (1985).

The post Комеморација за актерката Снежана Стамеска во Драмски театар appeared first on Република.

]]>
Комеморација за новинарот Саше Димовски https://republika.mk/vesti/makedonija/komemoratsija-za-novinarot-sashe-dimovski/ Fri, 23 Aug 2024 08:00:40 +0000 https://republika.mk/?p=809282

На 27-ми август во 14 часот во Клубот на новинари при ЗНМ ќе се одржи комеморација во чест на колегата Саше Димовски.

Саше Димовски почина на 47-годишна возраст по долги и тешки здравствени компликации.

Тој беше долгогодишен соработник и член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) како и претседател на Советот на честа при ЗНМ.

Димовски работеше како новинар од 1996 година во телевизиите Сител, Канал 5 и 24 Вести. Работеше во неделникот и во дневниот весник „Фокус“ како новинар и уредник.

Соработуваше со повеќе дневни и неделни изданија, локални и регионални тв медиуми.

Основач е на граѓанската организација и онлајн медиумот „Сведок“ од 2015 година.

The post Комеморација за новинарот Саше Димовски appeared first on Република.

]]>

На 27-ми август во 14 часот во Клубот на новинари при ЗНМ ќе се одржи комеморација во чест на колегата Саше Димовски. Саше Димовски почина на 47-годишна возраст по долги и тешки здравствени компликации. Тој беше долгогодишен соработник и член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) како и претседател на Советот на честа при ЗНМ. Димовски работеше како новинар од 1996 година во телевизиите Сител, Канал 5 и 24 Вести. Работеше во неделникот и во дневниот весник „Фокус“ како новинар и уредник. Соработуваше со повеќе дневни и неделни изданија, локални и регионални тв медиуми. Основач е на граѓанската организација и онлајн медиумот „Сведок“ од 2015 година.  

The post Комеморација за новинарот Саше Димовски appeared first on Република.

]]>
Љубчо Георгиевски, претседателката Силјановска, Архиепископот Стефан дојдоа на комеморацијата за Стојан Андов https://republika.mk/vesti/makedonija/lubcho-georgievski-pretsedatelkata-siljanovska-arhiepisopot-stefan-dojdoa-na-komemoratsijata-za-stojan-andov/ Wed, 19 Jun 2024 13:36:13 +0000 https://republika.mk/?p=789078

Со едноминутно молчење во Собранието денеска му беше оддадена почит на првиот собраниски спикер Стојан Андов, кој почина вчера на 89-годишна возраст.

На денешната комеморативна седница во Собранието, претседателката Гордана Сиљановска Давкова нагласи дека замина првиот претседател на Собранието во демократска Македонија, еден стамен столпник на нашата современост кој што даде сериозен придонес во политичкиот, државниот и општествениот развој во последните три децении.

-Првиот демократски избран македонски функционер по осамостојувањето, државник, политичар, економски експерт, дипломат од висок ранг, политиколог, новинар, публицист, писател кој што ја промислување македонската и меѓународната сцена, притоа што за мене е од особена важност, и за културниот идентитет за македонскиот народ, соживотот на сите македонски граѓани без разлика на нивната верска, идеолошка и национална припадност, соработката со соседите и светот врз односи на рамноправна основа, давајќи голем придонес на културата на сеќавањето како предуслов за подобро утре на сите. Не можам, а да не потсетам дека мирното раздружување од Југославија, меѓу останатото, им го должиме и на државниците како Глигоров, Петар Гошев, Стојан Андов, Абдурахман Алити и требаше да помине многу време за да ја видиме нивната вредност. Замина угледен сојузен функционер во поранешната заедничка држава, дипломат кому му се доверуваа најсуштествените задолженија на меѓународен план , кој што беше член на сојузните влади во два мандати, кој што го прекстари светот како задолжен за односи со земјите во развој и со Европската економска заедница, рече претседателката.

Стојан Андов, како што истакна Сиљановска Давкова, ќе биде запаметен по многу политички судири во Југославија, но најмногу оние врзани за стопанската реформа од 1965 година, бидејќи, посочи таа, општо познато е дека првиот претседател Глигоров и Андов биле за либерални реформи во економијата и културата.

Парадоксално е тоа што национализмот може да се потисне со европеизацијата на Балканот, а истиот национализам е овој Бугарскиот што го запира целиот тек поради амбицијата кон Македонија, вели

Андов е роден во 1935 година во Кавадарци, Република Македонија. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје, а магистрирал на Белградскиот универзитет.

https://republika.mk/vesti/makedonija/stojan-andov-beshe-predvodnik-na-razumnosta-i-trpelivosta-so-negoviot-bogat-zhivoten-i-profesionalen-opit-kazha-pretsedatekata-silanovska-davkova-na-komemoratsijata/

На првите повеќепартиски избори 1990 година, беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и стана претседател на Собранието во јануари 1991 година. На вторите повеќепартиски избори 1994 година, повторно беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и за претседател на Собранието - должност што ја извршуваше до март 1996 година.

Беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и на изборите во 1998 година.

Беше кандидат за претседател на Република Македонија на претседателските избори 1999 година. На 30 ноември 2000 година повторно беше избран за претседател на Собранието на Република Македонија, функција што ја извршуваше до октомври 2002.

Основач е на Либералната партија на Македонија и како нејзин претседател ја водеше Либералната партија до спојувањето со поранешната ДП 1997 година, кога стана претседател на Советот на новоформираниот политички субјект. По обновувањето на Либералната партија на Македонија, беше избран за член на нејзиниот Извршен комитет

The post Љубчо Георгиевски, претседателката Силјановска, Архиепископот Стефан дојдоа на комеморацијата за Стојан Андов appeared first on Република.

]]>

Со едноминутно молчење во Собранието денеска му беше оддадена почит на првиот собраниски спикер Стојан Андов, кој почина вчера на 89-годишна возраст. На денешната комеморативна седница во Собранието, претседателката Гордана Сиљановска Давкова нагласи дека замина првиот претседател на Собранието во демократска Македонија, еден стамен столпник на нашата современост кој што даде сериозен придонес во политичкиот, државниот и општествениот развој во последните три децении.
-Првиот демократски избран македонски функционер по осамостојувањето, државник, политичар, економски експерт, дипломат од висок ранг, политиколог, новинар, публицист, писател кој што ја промислување македонската и меѓународната сцена, притоа што за мене е од особена важност, и за културниот идентитет за македонскиот народ, соживотот на сите македонски граѓани без разлика на нивната верска, идеолошка и национална припадност, соработката со соседите и светот врз односи на рамноправна основа, давајќи голем придонес на културата на сеќавањето како предуслов за подобро утре на сите. Не можам, а да не потсетам дека мирното раздружување од Југославија, меѓу останатото, им го должиме и на државниците како Глигоров, Петар Гошев, Стојан Андов, Абдурахман Алити и требаше да помине многу време за да ја видиме нивната вредност. Замина угледен сојузен функционер во поранешната заедничка држава, дипломат кому му се доверуваа најсуштествените задолженија на меѓународен план , кој што беше член на сојузните влади во два мандати, кој што го прекстари светот како задолжен за односи со земјите во развој и со Европската економска заедница, рече претседателката.
Стојан Андов, како што истакна Сиљановска Давкова, ќе биде запаметен по многу политички судири во Југославија, но најмногу оние врзани за стопанската реформа од 1965 година, бидејќи, посочи таа, општо познато е дека првиот претседател Глигоров и Андов биле за либерални реформи во економијата и културата. Парадоксално е тоа што национализмот може да се потисне со европеизацијата на Балканот, а истиот национализам е овој Бугарскиот што го запира целиот тек поради амбицијата кон Македонија, вели Андов е роден во 1935 година во Кавадарци, Република Македонија. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје, а магистрирал на Белградскиот универзитет. https://republika.mk/vesti/makedonija/stojan-andov-beshe-predvodnik-na-razumnosta-i-trpelivosta-so-negoviot-bogat-zhivoten-i-profesionalen-opit-kazha-pretsedatekata-silanovska-davkova-na-komemoratsijata/ На првите повеќепартиски избори 1990 година, беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и стана претседател на Собранието во јануари 1991 година. На вторите повеќепартиски избори 1994 година, повторно беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и за претседател на Собранието - должност што ја извршуваше до март 1996 година. Беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и на изборите во 1998 година. Беше кандидат за претседател на Република Македонија на претседателските избори 1999 година. На 30 ноември 2000 година повторно беше избран за претседател на Собранието на Република Македонија, функција што ја извршуваше до октомври 2002. Основач е на Либералната партија на Македонија и како нејзин претседател ја водеше Либералната партија до спојувањето со поранешната ДП 1997 година, кога стана претседател на Советот на новоформираниот политички субјект. По обновувањето на Либералната партија на Македонија, беше избран за член на нејзиниот Извршен комитет

The post Љубчо Георгиевски, претседателката Силјановска, Архиепископот Стефан дојдоа на комеморацијата за Стојан Андов appeared first on Република.

]]>
Стојан Андов беше предводник на разумноста и трпеливоста со неговиот богат животен и професионален опит, кажа претседателката Сиљановска Давкова на комеморацијата https://republika.mk/vesti/makedonija/stojan-andov-beshe-predvodnik-na-razumnosta-i-trpelivosta-so-negoviot-bogat-zhivoten-i-profesionalen-opit-kazha-pretsedatekata-silanovska-davkova-na-komemoratsijata/ Wed, 19 Jun 2024 13:00:46 +0000 https://republika.mk/?p=789071

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на Комеморативната седница по повод смртта на Стојан Андов, првиот претседател на Собранието на самостојна Република Македонија.

Изразувајќи сочувство по повод смртта на првиот демократски избран македонски функционер по осамостојувањето, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека Андов беше државник, политичар, економски експерт, дипломат од висок ранг, политиколог, новинар, публицист, писател којшто ја промислуваше македонската и меѓународната сцена, притоа што е особено важно и за културниот идентитет на македонскиот народ, соживотот на сите македонски граѓани без разлика на нивната верска, идеолошка и национална припадност, соработката со соседите и светот врз односи на рамноправна основа, давајќи голем придонес на културата на сеќавањето, како предуслов за подобро утре на сите.

Замина првиот претседател на Собранието во демократска Македонија избран на првите повеќепартиски избори, потоа избран уште два пати на истата функција, еден стамен столбник на нашата современост којшто даде сериозен придонес во политичкиот, државниот и општествениот развој во последните три децении, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Претседателката се осврна на идеолошките напади кон Стојан Андов, на неговата улога во југословенското државно и партиско водство, на политичките судири што ги имал во Југославија, како и неговата значајна улога во Стопанската реформа и во затворањето на ФЕНИ.

„Замина, угледен сојузен функционер во поранешната заедничка држава, дипломат кому му се доверуваа најсуштествените задолженија на меѓународен план, којшто беше член на сојузните влади во два мандати, кој што го прокрстари светот, како задолжен за односи со земјите во развој и со Европската економска заедница, претходничката на Европската Унија, којшто во име на сојузната влада го потпиша Договорот за соработка со Европската економска заедница“, нагласи претседателката Сиљановска Давкова.

Таа потсети дека Стојан Андов во деведесеттите години беше либерал, кој сметаше дека нема реформи без либералните вредности, слободите и правата и економските реформи.

Претседателката Сиљановска Давкова го истакна државничкото однесување на Андов на патот кон самостојноста и независноста, кога, како што посочи, имаше многу изблици на емоции и конфликтот беше во воздухот.

Таа рече дека Стојан Андов беше предводник на разумноста и трпеливоста со неговиот богат животен и професионален опит, одмереност, комуникативност и енциклопедиска образованост, како страствен историчар, прагматичен, со чувство за реалноста и најдобар писател меѓу политичарите.

The post Стојан Андов беше предводник на разумноста и трпеливоста со неговиот богат животен и професионален опит, кажа претседателката Сиљановска Давкова на комеморацијата appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на Комеморативната седница по повод смртта на Стојан Андов, првиот претседател на Собранието на самостојна Република Македонија. Изразувајќи сочувство по повод смртта на првиот демократски избран македонски функционер по осамостојувањето, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека Андов беше државник, политичар, економски експерт, дипломат од висок ранг, политиколог, новинар, публицист, писател којшто ја промислуваше македонската и меѓународната сцена, притоа што е особено важно и за културниот идентитет на македонскиот народ, соживотот на сите македонски граѓани без разлика на нивната верска, идеолошка и национална припадност, соработката со соседите и светот врз односи на рамноправна основа, давајќи голем придонес на културата на сеќавањето, како предуслов за подобро утре на сите.
Замина првиот претседател на Собранието во демократска Македонија избран на првите повеќепартиски избори, потоа избран уште два пати на истата функција, еден стамен столбник на нашата современост којшто даде сериозен придонес во политичкиот, државниот и општествениот развој во последните три децении, рече претседателката Сиљановска Давкова.
Претседателката се осврна на идеолошките напади кон Стојан Андов, на неговата улога во југословенското државно и партиско водство, на политичките судири што ги имал во Југославија, како и неговата значајна улога во Стопанската реформа и во затворањето на ФЕНИ.
„Замина, угледен сојузен функционер во поранешната заедничка држава, дипломат кому му се доверуваа најсуштествените задолженија на меѓународен план, којшто беше член на сојузните влади во два мандати, кој што го прокрстари светот, како задолжен за односи со земјите во развој и со Европската економска заедница, претходничката на Европската Унија, којшто во име на сојузната влада го потпиша Договорот за соработка со Европската економска заедница“, нагласи претседателката Сиљановска Давкова.
Таа потсети дека Стојан Андов во деведесеттите години беше либерал, кој сметаше дека нема реформи без либералните вредности, слободите и правата и економските реформи. Претседателката Сиљановска Давкова го истакна државничкото однесување на Андов на патот кон самостојноста и независноста, кога, како што посочи, имаше многу изблици на емоции и конфликтот беше во воздухот. Таа рече дека Стојан Андов беше предводник на разумноста и трпеливоста со неговиот богат животен и професионален опит, одмереност, комуникативност и енциклопедиска образованост, како страствен историчар, прагматичен, со чувство за реалноста и најдобар писател меѓу политичарите.  

The post Стојан Андов беше предводник на разумноста и трпеливоста со неговиот богат животен и професионален опит, кажа претседателката Сиљановска Давкова на комеморацијата appeared first on Република.

]]>
Џаро ги собра Влатко Стефановски, Калиопи, Драган Мијалковски, Слаткар, Ранко Буба Мара…на местото каде што ги организирал првите концерти и игранки https://republika.mk/scena/estrada/dharo-gi-sobra-vlatko-stefanovski-kaliopi-dragan-mijalkovski-slatkar-ranko-buba-mara-na-mestoto-kade-shto-gi-organiziral-prvite-kontserti-i-igranki/ Mon, 03 Jun 2024 13:11:26 +0000 https://republika.mk/?p=784412

Во Домот на култура во Ѓорче Петров денеска напладне се одржа комеморација за неодамна починатиот естраден и спортски менаџер Велибор Џаровски – Џаро.

Џаро е мојата младост, моето растење, тој прв ги слушаше моите песни. Денес се навршуваат 40 дена, кога ја испраќаме душата на Џаро во вечноста. Анегдоти има милион. И сите можеме тука многу да раскажуваме, но никој не ги раскажуваше како тој самиот. Токму затоа денес ќе се осврнам на човекот Џаро, бидејќи го знаеме како ваков, онаков, секаков, токму онака како што тој си се претставуваше самиот, отворено, експлицитно. Но, малкумина рекле за него дека е добар човек, Џаро беше многу добар човек, со големо срце. Некој ме праша што за мене Џаро претставува. Џаро е мојата младост, моето растење. Со Ромео пред некој издадовме нов албум за 40 години соработка и сега ми текнува дека јас толку време го познавам Џаро. Можеби и повеќе од тоа. Јас и Ромео ја имавме таа привилегија да бидеме дел од семејството. Најпрво нему му ги давав песните да ги чуе пред да ги објавам. Тој секогаш ми кажуваше најискрено што мисли за тоа. За мене тој е како доктор Џекил и мистер Хајд. Велибор Џаровски е Џекил, а мистер Хајд е Џаро. Затоа што секогаш знаеше на кое место треба да биде едно од тие две. Многу ми недостигаше на оваа последна промоција, но за мене беше голема чест што неговото семејство, особено сопругата Виолета, беше со нас, рече Калиопи.

Настанот симболично се одржа на 40-тиот ден од смртта на Џаровски и токму на местото каде што ги организирал првите концерти и игранки.

Како што во Југославија докажував дека Македонија не е културна провинција, така и Скопје го уверив дека ни Ѓорче Петров не е провинција, рече Џаровски во автобиографската книга „Живот на коцка“ која излезе минатата година.

Идејата на овој начин да се сочува споменот на стариот ѓорчепетровец била на Општина Ѓорче Петров и на градоначалникот Александар Стојковски, кои заедно со семејството ја организираа комеморацијата.

Џаро секогаш придонесуваше за афирмација на Општина Ѓорче Петров и ја споменуваше. Токму затоа посакав еден ваков настан да имаме во чест на Џаро. Да биде како сеќавање на него, а не како комеморација. Затоа што Џаро беше поинаков тип, повесел, секогаш со народот и заслужи барем на еден ваков начин најблиските луѓе, пријателите, соработниците да му оддадат почест и дел од жителите на Општина Ѓорче Петров, рече Стојкоски.

Тој најави и други активности посветени на ликот и делото на Џаро, а на многу случки, доживувања и анегдоти се присетија македонски музички ѕвезди и пријатели на Џаро со кои соработувал и се дружел во текот на менаџерската кариера во која организираше 5.000 концерти во поранешна Југославија.

Џаро го запозав кога бев многу млад музичар, кога почнував да патувам и да свирам. Тој имаше неверојатен осет за успешни проекти. Ни пријде во еден момент и ни рече: ‘Дечки, јас ќе ви правам турнеја низ тогашна Југославија’. Џаро ми беше голема животна и професионална школа. Голем играч со слабоста на луѓето околу него, рече гитаристот Влатко Стефановски за почетоците со „Леб и сол“.

На комеморацијата говореа и водителот Александар Блажевски, Драган Мијалковски, Ранко петровиќ, музичарот Влатко Плевнеш, угостителот и пријател Саша Шотаровски и градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Велибор Џаровски – Џаро на 25 април годинава почина на 75-годишна возраст по кратко боледување.

The post Џаро ги собра Влатко Стефановски, Калиопи, Драган Мијалковски, Слаткар, Ранко Буба Мара…на местото каде што ги организирал првите концерти и игранки appeared first on Република.

]]>

Во Домот на култура во Ѓорче Петров денеска напладне се одржа комеморација за неодамна починатиот естраден и спортски менаџер Велибор Џаровски – Џаро.
Џаро е мојата младост, моето растење, тој прв ги слушаше моите песни. Денес се навршуваат 40 дена, кога ја испраќаме душата на Џаро во вечноста. Анегдоти има милион. И сите можеме тука многу да раскажуваме, но никој не ги раскажуваше како тој самиот. Токму затоа денес ќе се осврнам на човекот Џаро, бидејќи го знаеме како ваков, онаков, секаков, токму онака како што тој си се претставуваше самиот, отворено, експлицитно. Но, малкумина рекле за него дека е добар човек, Џаро беше многу добар човек, со големо срце. Некој ме праша што за мене Џаро претставува. Џаро е мојата младост, моето растење. Со Ромео пред некој издадовме нов албум за 40 години соработка и сега ми текнува дека јас толку време го познавам Џаро. Можеби и повеќе од тоа. Јас и Ромео ја имавме таа привилегија да бидеме дел од семејството. Најпрво нему му ги давав песните да ги чуе пред да ги објавам. Тој секогаш ми кажуваше најискрено што мисли за тоа. За мене тој е како доктор Џекил и мистер Хајд. Велибор Џаровски е Џекил, а мистер Хајд е Џаро. Затоа што секогаш знаеше на кое место треба да биде едно од тие две. Многу ми недостигаше на оваа последна промоција, но за мене беше голема чест што неговото семејство, особено сопругата Виолета, беше со нас, рече Калиопи.
Настанот симболично се одржа на 40-тиот ден од смртта на Џаровски и токму на местото каде што ги организирал првите концерти и игранки.
Како што во Југославија докажував дека Македонија не е културна провинција, така и Скопје го уверив дека ни Ѓорче Петров не е провинција, рече Џаровски во автобиографската книга „Живот на коцка“ која излезе минатата година.
Идејата на овој начин да се сочува споменот на стариот ѓорчепетровец била на Општина Ѓорче Петров и на градоначалникот Александар Стојковски, кои заедно со семејството ја организираа комеморацијата.
Џаро секогаш придонесуваше за афирмација на Општина Ѓорче Петров и ја споменуваше. Токму затоа посакав еден ваков настан да имаме во чест на Џаро. Да биде како сеќавање на него, а не како комеморација. Затоа што Џаро беше поинаков тип, повесел, секогаш со народот и заслужи барем на еден ваков начин најблиските луѓе, пријателите, соработниците да му оддадат почест и дел од жителите на Општина Ѓорче Петров, рече Стојкоски.
Тој најави и други активности посветени на ликот и делото на Џаро, а на многу случки, доживувања и анегдоти се присетија македонски музички ѕвезди и пријатели на Џаро со кои соработувал и се дружел во текот на менаџерската кариера во која организираше 5.000 концерти во поранешна Југославија.
Џаро го запозав кога бев многу млад музичар, кога почнував да патувам и да свирам. Тој имаше неверојатен осет за успешни проекти. Ни пријде во еден момент и ни рече: ‘Дечки, јас ќе ви правам турнеја низ тогашна Југославија’. Џаро ми беше голема животна и професионална школа. Голем играч со слабоста на луѓето околу него, рече гитаристот Влатко Стефановски за почетоците со „Леб и сол“.
На комеморацијата говореа и водителот Александар Блажевски, Драган Мијалковски, Ранко петровиќ, музичарот Влатко Плевнеш, угостителот и пријател Саша Шотаровски и градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски. Велибор Џаровски – Џаро на 25 април годинава почина на 75-годишна возраст по кратко боледување.

The post Џаро ги собра Влатко Стефановски, Калиопи, Драган Мијалковски, Слаткар, Ранко Буба Мара…на местото каде што ги организирал првите концерти и игранки appeared first on Република.

]]>
На местото каде ги организираше првите концерти, музички ѕвезди ќе зборуваат за Џаро на неговата комеморација https://republika.mk/vesti/skopje/na-mestoto-kade-gi-organizirashe-prvite-kontserti-muzichki-zvezdi-ke-zboruvaat-za-dharo-na-negovata-komemoratsija/ Fri, 31 May 2024 07:24:03 +0000 https://republika.mk/?p=783358

В понеделник, на 3 јуни во Домот на култура во Ѓорче Петров од 12 часот, ќе се одржи комеморација за неодамна починатиот естраден и спортски менаџер Велибор Џаровски - Џаро.

Настанот симболично се организира на 40-тиот ден од смртта на Џаровски и токму на местото каде што ги организирал првите концерти и игранки. Ќе зборуваат неколку македонски музички ѕвезди и пријатели на Џаро со кои соработувал и се дружел во текот на менаџерската кариера во која организираше 5.000 концерти во поранешна Југославија.

Како што во Југославија докажував дека Македонија не е културна провинција, така и Скопје го уверив дека ни Ѓорче Петров не е провинција, рече Џаровски во автобиографската книга „Живот на коцка“ која излезе минатата година.

Идејата на овој начин да се сочува споменот на стариот ѓорчепетровец е на Општина Ѓорче Петров и на градоначалникот Александар Стојковски, кои заедно со семејството ја организираат комеморацијата.

The post На местото каде ги организираше првите концерти, музички ѕвезди ќе зборуваат за Џаро на неговата комеморација appeared first on Република.

]]>

В понеделник, на 3 јуни во Домот на култура во Ѓорче Петров од 12 часот, ќе се одржи комеморација за неодамна починатиот естраден и спортски менаџер Велибор Џаровски - Џаро. Настанот симболично се организира на 40-тиот ден од смртта на Џаровски и токму на местото каде што ги организирал првите концерти и игранки. Ќе зборуваат неколку македонски музички ѕвезди и пријатели на Џаро со кои соработувал и се дружел во текот на менаџерската кариера во која организираше 5.000 концерти во поранешна Југославија.
Како што во Југославија докажував дека Македонија не е културна провинција, така и Скопје го уверив дека ни Ѓорче Петров не е провинција, рече Џаровски во автобиографската книга „Живот на коцка“ која излезе минатата година.
Идејата на овој начин да се сочува споменот на стариот ѓорчепетровец е на Општина Ѓорче Петров и на градоначалникот Александар Стојковски, кои заедно со семејството ја организираат комеморацијата.

The post На местото каде ги организираше првите концерти, музички ѕвезди ќе зборуваат за Џаро на неговата комеморација appeared first on Република.

]]>
Да продолжиме да го менуваме светот како тој што го менуваше, рече писателката Билјана Црвенковска на комеморацијата за Мирко Попов https://republika.mk/scena/muzika/da-prodolzhime-da-go-menuvame-svetot-kako-toj-shto-go-menuvashe-reche-pisatelkata-biljana-tsrvenkovska-na-komemoratsijata-za-mirko-popov/ Fri, 05 Apr 2024 14:07:26 +0000 https://republika.mk/?p=762685

Животот на Мирко нема почеток и крај. Во темелите на секоја зграда, во секој клуб, институција, плочник, во секој од малкуте останати скопски паркови стои името на овој човек. Мирко во се што правеше ги менуваше работите. Тој беше голем оптимист, никогаш не се откажуваше и секогаш велеше да не стануваме конформисти. Да продолжиме да го менуваме светот како тој што го менуваше.

Со овие пораки, последен поздрав на денешната комеморација што се одржа во Скопје упатија колеги и пријатели на еден од најпознатите македонски автори и продуценти на електронска музика, Мирко Попов, кој почина минатата недела на 51 година.

Филип Николовски од МКЦ за време на комеморацијата посочи дека животот на Мирко зборува за минатото, тлее овде и сега во сегашноста и останува тука за да ни ја просветли иднината - иднина, за која останува да се надеваме дека ни носи љубов и неизмерна желба за подобар и посреќен живот, кон кој тој целеше.

Со Мирко делевме многу заендички интереси и љубови - Арсенал, Вардар, култура, нашето МКЦ и секако вечната љубов кон градот во кој израснавме. Вечната љубов кон Скопје. Градот во кој започна да твори, да се развива, да напредува, едноставно, да стане подобар. Во темелите на секоја зграда, во секој клуб, институција, плочник, во секој од малкуте останати скопски паркови, стои врежано името на овој човек. Се чини дека тој постигнуваше да стигне секаде. Енергијата која зрачеше од него беше невозможно да не те обземе, да не те прими да се приклучиш во следната мисија која што тој ја замислил, рече Николовски.

Како што потенцираше, Мирко Попов е „Галебот“ од Џонатан Ливингстон на македонската современа култура. Мирко Попов е човекот кој веруваше дека секогаш може подобро и повеќе.

Луѓе кои зад себе оставиле толкаво културно наследство, луѓе од ваков ков, не умираат. Едноставно, тие не можат да умрат. Тој ги остави неговите дела за ние тука да учиме, да се забавуваме, додека тој настапува во живо на некоја небеска локација, пред некоја нова разиграна публика, порача Николовски.

Писателката Билјана Црвенковска појасни дека Мирко беше голем оптимист, кој никогаш не се откажувал и секогаш продолжувал да се бори.

Мирко за мене е големиот дел од моето детство и целата моја младост. Мирко се сите книги и стрипови што сме ги читале заедно во средно школо. Мирко е човек кој што влијаеше на мојот музички вкус и на тоа што го слушам јас во целиот мој живот, од кога се запознавме. Мирко е сите журки, сите концерти, сите бендови што сме ги слушале заради него кои ги донел, сите диџеи кои ги донел, сите „афтери“ и сите муабети од утро до мрак и обратно. Мирко е не само Скопје, не е само МКЦ, не е само ПМГ, Мирко за мене е Охрид и сите лета што сме ги поминале заедно во Охрид. Мирко е книгата „Розевата планета“, додаде Црвенковска.

Таа појасни дека Мирко во се што правеше ги менуваше работите. Како што рече, Мирко се што правеше останува како наследство за младите луѓе и генерации кои ќе дојдат и ќе продолжат да се борат.

Да продолжиме да го менуваме светот како тој што го менуваше, рече Црвенковска.

Музичарот Александар Гавровски на комеморацијата рече дека ентузијазмот на Мирко ќе му недостасува на Скопје и на Македонија.

Комеморација на Мирко Попов: Оптимист кој веруваше дека секогаш може подобро и повеќе

Мирко е постар брат на сите млади талентирани музички деца и фанатици како мене. Фасциниран што постоиме, отвора врата кај него дома и ти вика „Еве земи, се што имам јас имаш и ти.“ Мнозинството воопшто не беше свесно за оваа негова топла, човечна страна. Како автор реално беше игнориран од мнозинството, но и од скопската критичка маса која баш не беше свесна дека тој е автор на над сто композиции за ПМГ колектив. Како и да е, мнозинството него едноставно не можеше да го игнорира. Сигурен сум дека ќе недостасува неговата неуморна потрага по новите талентирани деца на кои ќе им отвори врата и ќе им каже „Се што имам јас имаш и ти“, рече Гавровски.

На комеморацијата, Синиша Ефтимов зборувајќи за постигнувањата на Мирко, уште еднаш подвлече дека тој е еден од највлијателните и најуспешните скопски музичари, композитори, текстописци, ди џеј издавачи и продуценти.

Тој потсети дека апетитите на Мирко за промовирање на македонската современа музика земаат замав уште во 1998 година, кога ја формирал ПМГ Рекордингс, дискографска куќа која ја регистрираше и промовираше квалитетната музика на новото време, славејќи ја современата култура и исправајќи историски грешки и неправди нанесени на македонската музика од блиското минато.

Комеморација на Мирко Попов: Оптимист кој веруваше дека секогаш може подобро и повеќе

ПМГ Рекордингс денес е водечка независна дискографска куќа во земјата со над седумдесет изданија. -Мирко Попов како диџеј доби можност да настапува низ регионот на повеќе атрактивни, европски, клубски дестинации и да како ретко кој Македонец во историјата го стави Скопје на европската релевантна музичка мапа, рече Ефтимов.

За време на комеморацијата беа пуштени и видеа снимки од обраќањата на неговите колеги од регионот, кои упатија последен поздрав до Мирко.

Мирко Попов е роден во 1972 година во Скопје. Тој во 2003 година го формираше бендот „ПМГ Колектив“, каде беше автор на музика и текстови и вокалист. Првиот професионален ангажман како диџеј го добил во 1992, а истата година доби простор во култното скопско музичко радио „Канал 103“. Од 2008 до 2010 бил главен и одговорен уредник на „Канал 103“. Има издадено албум и неколку миниизданија и реализирано концерти со водечкиот македонски џез состав „Сетстет“. Од 2020 продуцираше, издаваше и настапуваше и како соло артист под името „Мирко Попов квартет“. Автор е на повеќе книги, а заедно со музичарот Владан Дробицки беше идеен творец на џез фестивалот „Крај Вардарот џез“.

The post Да продолжиме да го менуваме светот како тој што го менуваше, рече писателката Билјана Црвенковска на комеморацијата за Мирко Попов appeared first on Република.

]]>

Животот на Мирко нема почеток и крај. Во темелите на секоја зграда, во секој клуб, институција, плочник, во секој од малкуте останати скопски паркови стои името на овој човек. Мирко во се што правеше ги менуваше работите. Тој беше голем оптимист, никогаш не се откажуваше и секогаш велеше да не стануваме конформисти. Да продолжиме да го менуваме светот како тој што го менуваше. Со овие пораки, последен поздрав на денешната комеморација што се одржа во Скопје упатија колеги и пријатели на еден од најпознатите македонски автори и продуценти на електронска музика, Мирко Попов, кој почина минатата недела на 51 година. Филип Николовски од МКЦ за време на комеморацијата посочи дека животот на Мирко зборува за минатото, тлее овде и сега во сегашноста и останува тука за да ни ја просветли иднината - иднина, за која останува да се надеваме дека ни носи љубов и неизмерна желба за подобар и посреќен живот, кон кој тој целеше.
Со Мирко делевме многу заендички интереси и љубови - Арсенал, Вардар, култура, нашето МКЦ и секако вечната љубов кон градот во кој израснавме. Вечната љубов кон Скопје. Градот во кој започна да твори, да се развива, да напредува, едноставно, да стане подобар. Во темелите на секоја зграда, во секој клуб, институција, плочник, во секој од малкуте останати скопски паркови, стои врежано името на овој човек. Се чини дека тој постигнуваше да стигне секаде. Енергијата која зрачеше од него беше невозможно да не те обземе, да не те прими да се приклучиш во следната мисија која што тој ја замислил, рече Николовски.
Како што потенцираше, Мирко Попов е „Галебот“ од Џонатан Ливингстон на македонската современа култура. Мирко Попов е човекот кој веруваше дека секогаш може подобро и повеќе.
Луѓе кои зад себе оставиле толкаво културно наследство, луѓе од ваков ков, не умираат. Едноставно, тие не можат да умрат. Тој ги остави неговите дела за ние тука да учиме, да се забавуваме, додека тој настапува во живо на некоја небеска локација, пред некоја нова разиграна публика, порача Николовски.
Писателката Билјана Црвенковска појасни дека Мирко беше голем оптимист, кој никогаш не се откажувал и секогаш продолжувал да се бори.
Мирко за мене е големиот дел од моето детство и целата моја младост. Мирко се сите книги и стрипови што сме ги читале заедно во средно школо. Мирко е човек кој што влијаеше на мојот музички вкус и на тоа што го слушам јас во целиот мој живот, од кога се запознавме. Мирко е сите журки, сите концерти, сите бендови што сме ги слушале заради него кои ги донел, сите диџеи кои ги донел, сите „афтери“ и сите муабети од утро до мрак и обратно. Мирко е не само Скопје, не е само МКЦ, не е само ПМГ, Мирко за мене е Охрид и сите лета што сме ги поминале заедно во Охрид. Мирко е книгата „Розевата планета“, додаде Црвенковска.
Таа појасни дека Мирко во се што правеше ги менуваше работите. Како што рече, Мирко се што правеше останува како наследство за младите луѓе и генерации кои ќе дојдат и ќе продолжат да се борат.
Да продолжиме да го менуваме светот како тој што го менуваше, рече Црвенковска.
Музичарот Александар Гавровски на комеморацијата рече дека ентузијазмот на Мирко ќе му недостасува на Скопје и на Македонија. Комеморација на Мирко Попов: Оптимист кој веруваше дека секогаш може подобро и повеќе
Мирко е постар брат на сите млади талентирани музички деца и фанатици како мене. Фасциниран што постоиме, отвора врата кај него дома и ти вика „Еве земи, се што имам јас имаш и ти.“ Мнозинството воопшто не беше свесно за оваа негова топла, човечна страна. Како автор реално беше игнориран од мнозинството, но и од скопската критичка маса која баш не беше свесна дека тој е автор на над сто композиции за ПМГ колектив. Како и да е, мнозинството него едноставно не можеше да го игнорира. Сигурен сум дека ќе недостасува неговата неуморна потрага по новите талентирани деца на кои ќе им отвори врата и ќе им каже „Се што имам јас имаш и ти“, рече Гавровски.
На комеморацијата, Синиша Ефтимов зборувајќи за постигнувањата на Мирко, уште еднаш подвлече дека тој е еден од највлијателните и најуспешните скопски музичари, композитори, текстописци, ди џеј издавачи и продуценти. Тој потсети дека апетитите на Мирко за промовирање на македонската современа музика земаат замав уште во 1998 година, кога ја формирал ПМГ Рекордингс, дискографска куќа која ја регистрираше и промовираше квалитетната музика на новото време, славејќи ја современата култура и исправајќи историски грешки и неправди нанесени на македонската музика од блиското минато. Комеморација на Мирко Попов: Оптимист кој веруваше дека секогаш може подобро и повеќе
ПМГ Рекордингс денес е водечка независна дискографска куќа во земјата со над седумдесет изданија. -Мирко Попов како диџеј доби можност да настапува низ регионот на повеќе атрактивни, европски, клубски дестинации и да како ретко кој Македонец во историјата го стави Скопје на европската релевантна музичка мапа, рече Ефтимов.
За време на комеморацијата беа пуштени и видеа снимки од обраќањата на неговите колеги од регионот, кои упатија последен поздрав до Мирко. Мирко Попов е роден во 1972 година во Скопје. Тој во 2003 година го формираше бендот „ПМГ Колектив“, каде беше автор на музика и текстови и вокалист. Првиот професионален ангажман како диџеј го добил во 1992, а истата година доби простор во култното скопско музичко радио „Канал 103“. Од 2008 до 2010 бил главен и одговорен уредник на „Канал 103“. Има издадено албум и неколку миниизданија и реализирано концерти со водечкиот македонски џез состав „Сетстет“. Од 2020 продуцираше, издаваше и настапуваше и како соло артист под името „Мирко Попов квартет“. Автор е на повеќе книги, а заедно со музичарот Владан Дробицки беше идеен творец на џез фестивалот „Крај Вардарот џез“.

The post Да продолжиме да го менуваме светот како тој што го менуваше, рече писателката Билјана Црвенковска на комеморацијата за Мирко Попов appeared first on Република.

]]>
В петок комеморација за Мирко Попов https://republika.mk/scena/muzika/v-petok-komemoratsija-za-mirko-popov/ Wed, 03 Apr 2024 08:17:55 +0000 https://republika.mk/?p=761585

Во петок во Македонската филхармонија ќе се одржи комеморација за еден од највлијателните и најуспешни скопски музичари, композитори, текстописци, диџеи, издавачи и продуценти - Мирко Попов.

Попов почина на 51-годишна возраст на 24 март по кусо боледување.

The post В петок комеморација за Мирко Попов appeared first on Република.

]]>

Во петок во Македонската филхармонија ќе се одржи комеморација за еден од највлијателните и најуспешни скопски музичари, композитори, текстописци, диџеи, издавачи и продуценти - Мирко Попов. Попов почина на 51-годишна возраст на 24 март по кусо боледување.    

The post В петок комеморација за Мирко Попов appeared first on Република.

]]>
Мето имаше атомска бомба во себе, кога ќе излезеше на сцена го правеше тоа со леснотија, а беше многу тешко, рекоа на комеморацијата за Јовановски https://republika.mk/vesti/kultura/meto-imashe-atomska-bomba-vo-sebe-koga-ke-izlezeshe-na-stsena-go-praveshe-toa-so-lesnotija-a-beshe-mnogu-teshko-rekoa-na-komemoratsijata-za-jovanovski/ Tue, 21 Nov 2023 13:32:42 +0000 https://republika.mk/?p=714746

Со омилената песна „Со маки сум се родила“ во изведба на Вера Милошевска - Јосифовска и со долг аплауз од колегите актери, театарски и филмски режисери, соработници, професори, студенти, беше испратен Мето Јовановски, бардот на македонското глумиште кој почина на 16 ноември на 77-годишна возраст.

На комеморацијата која ја организираше неговиот матичен, Драмски театар по повод неговата смрт присустуваа глумци од театрите од Македонија, соработници, семејството, роднини и пријатели. Драмски театар беше полн, многумина дојдоа да му изразат почит на Јовановски кој вчера беше погребан во Алејата на заслужни граѓани на Градските гробишта Бутел во Скопје.

Мето беше актер, професор, колега, но и обичен човек кој сакаше да го посетува манастирот Св. Јован Бигорски, наизуст ги знаеше евангелијата, човек волк самотник, имаше доверба во малкумина. Ги сакаше своите ќерки, ја сакаше својата брада, без неа не се чувствуваше свој, не сакаше да ја избричи, само малку да ја потшиша. Сакаше да носи шал, капа, карирани кошули, убави чевли и широки палта и капути. Омилена му беше виолетовата боја, го сакаше цвеќето јоргован, му се допаѓаше левиот профил од неговото лицето. Сакаше тишина во ходниците низ театарот, пред почеток на секоја претстава. Пиеше еспресо и кисела вода. Не сакаше да дава интервјуа. Сакаше да патува, со автомобил, сакаше долго да вози. Велеше дека животот може да се носи во една патна кожена торба, Ја сакаше македонската традиционална песна. Омилена му беше „Со маки сум се родила“, рекоа за Јовановски колегите од Драмски во последното испраќање.

Црвениот шал, кожената чанта, качкетот и мантилот на Јовановски беа поставени на една дрвна столица на празната сцена на Драмски. Се редеа фотографии од многубројните претстави на Јовановски, извадоци од филмови, тв-серии кои сведочеа за богатата и исполнета кариера на актерот кој глумаше низ целата поранешна држава, СФР Југославија.

Се викавме Енчо, според една етида која ја правевеме на Факултетот за драмски уметности (ФДУ). Завршивме 1971 година и први септември заедно дојдовме во Драмски театар. И од тој ден, до ден денеска, ние сме тие кои остануваме верни на Драмски. Мето беше актер кој имаше енергија, имаше атомска бомба во себе. Кога ќе излезеше, го правеше тоа со некоја чудна леснотија, а во суштина тоа е многу тешко. Мето ќе остане за мене секогаш Енчо. Живеевме во иста соба, јас, тој, Диме Станкоски-Дебелото, со Ѓорѓи Стојановски. Завршивме, јас, Мето и Диме дојдовме во Драмски, многу после тоа дојдоа во Драмски. Но, Мето беше нешто кое не се опишува со зборови , мора да го почувствуате. Не знам како да го кажам тоа. Јас сум горд што сум бил со него што сум играл со него и што сум учел од него, кажа на комеморацијата актерот Благоја Чоревски.

Во името на филмските работници со Јовановски се збогуваше Владимир Ангелов, директорот на Кинотека на Македонија.

Мето беше човек во време на лажни богови, од месо и крв, но кога ќе застанеше на сцената, кога ќе застанеше пред камерите, а некогаш и зад камерите тогаш стануваше Бог поголем од се и му немаше рамен, рече Ангелов.

Милица Стојанова, доајенката на македонскиот театар, преку писмо кое беше прочитано се збогува со Јовановски.

Мето, мојот колега и мојот тивок пријател, со кој сме поминале бесконечно многу саати, денови, години во разговор и во професионално и интимно споделување на животните бездни. Со него човек беше на чисто – кога сакаше некого или нешто, беше јасно. Кога беше критичен и незадоволен – исто така беше јасно. Тој беше непотчинет дух, и не ги сакаше подаништвото и потчинетоста, ниту во професијата ниту во животот, напиша Стојанова.

Актерот Јовица Михајловски преку порака откри каков актер и партнер на сцената бил Јовановски.

Ме прашуваат, Имаш ли некоја анегдота за или со Мето? Имам, им велам. Анегдотата за Мето е тоа што за или со него нема анегдота. Тој беше монашки посветен на својата професија. Ја делевме гримиорната. Со Мето можеше да се разговара пред претстава во точно определено време. Четириесет и пет минути пред почеток на претставата тој завршуваше со секаков разговор и постануваше ликот кој треба да го толкува на сцена. Влегуваше во друг универзум, на ликот што го толкува. Имаше непријатни моменти, кога некој ќе се обидеше да му го наруши просторот во кој е навлезен. Реагираше не како Мето, туку како ликот кој го толкува. Неговата професионална посветеност често беше зачудувачка, за многумина, посебно за тие кој театарот го разбираат како простор за евтина себепромоција. Мето беше еден од најголемите македонски актери. Чест ми е што соработував со него, напиша во пораката испратена до семејството.

Светски познатиот режисер Паоло Маџели, во пораката што ја прочита актерката Катерина Коцевска се присетува како се запознале со Јовановски, за дружбите и претставите во Скопје и во Сплит, за средбите со Горан Стефановски и Слободан Унковски.

Кршливи сме, драги мој Мето, тоа е тоа. И тоа е неправедно. Затоа што прекрасните актери не би требало никогаш да умрат. Разбираш? Со љубов/Те сакам, Паоло, напиша Маџели за Јовановски.

Со Јовановски се збогуваа и Илија Суботиќ, директор на Црногорско народно позориште, каде што нашиот актер имаше статус на почесен член, потоа босанскиот актер Емир Хаџихафисбеговиќ, режисерот Бранислав Миќуновиќ кој ја работеше последната претстава на Јованоски „My name is Goran Stefanovski“, Гоце Ристовски кој говореше за неговата работа како професор, Јордан Плевнеш, режисерот Дејан Пројковски, актерот Крсте Јовановски.

Телеграми на сочувство до семејството испратија: Претседателот на Република Стево Пендаровски, Премиерот Димитар Ковачевски, Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, Министерката за одбрана Славјанка Петровска, Националните установи Македонскиот Народен Театар, Театарот за деца и младинци, Албански театар, Народен театар Битола, Факултетот за драмски уметности како и голем број на негови театарски и филмски колеги и соработници.

На матичната сцена во Драмски Јовановски оствари 37 улоги од кои повеќето се носечки, насловни, овенчани со награди и важни места во македонската театарска историја: Јане Задрогаз во „Јане Задрогаз“; Хамлет во „Хамлет“; Стенли Ковалски во „Трамвај наречен желба“; Симон во „Диво месо“; Еригон во „Еригон“; Бранко Митиќ во „Карамазови“; Цибра во „Тетовирани души“; Робеспјер во „Смртта на Дантон“; Франц во „Стапица“; Актерот во „Розенкранц и Гилденстерн се мртви“; Војницки во „Вујко Вања“; Жан Дантес во „Европа“; Татко во „Мачка на вжештен лимен покрив“; Мартин во „Коза или која е Силвија“.

Работи и како гостин во Македонскиот народен театар, каде ја остварува наградената улога на Порфириј Петрович во „Злосторство и казна“, како и во театарите во Куманово, Велес, Струмица, Сплит, Сараево, Подгорица. Се занимава и со театарска режија и со педагошка работа како професор на Интернационален Универзитет ЕУРОПА ПРИМА.

Во 2001 станува почесен член на Црногорско драмско позориште, Подгорица каде игра во две претстави: „Малограѓани“ и „Урнебесна трагедија“

Пред филмската камера првпат застанува во 1971 година во македонскиот филм „Македонскиот дел од пеколот“, искуство по кое бележи импозантен број од 97 снимени наслови – играни, краткометражни и ТВ филмови, ТВ серии, како и неутврден број на рекламни, музички спотови и друг тип на сниман и емитуван материјал. Станува нашироко популарен и цитиран како Дамјан од „Колнети сме Ирина“; Коста во „Најдолгиот пат“; Марко во „Тумба, тумба дивина“; Драгослав од „Среќна нова 1949“; Осамениот од „Опстанок“; Режисерот во „Засега без добар наслов“; Штуц од „Трст виа Скопје“; Илко од „Тетовирање“; др. Сашо од „Пред дождот“; Лем Никодински во „Големата вода“; Димче во „Село гори, баба се чешла“; Рабин во „Трето полувреме“, Професорот од „Бистра вода“ и многу други.

За својата плодна работа, Мето Јовановски се закити со бројни награди: 7 пати е лауерат на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, како и Награда за животно дело; 5 пати на „Екранова награда“ за најдобар актер; носител на 2 Златни венци на МЕСС Сараево; Награда за најдобро актерско остварување„Ристо Шишков“, Струмица; Награда за најдобро актерско остварување на Јоаким Фест, Крагуевац; 2 Гран-при награди на филмскиот фестивал во Ниш; 4 награди Милтон Манаки; Награда „Св. Кирил и Методиј“; 3 републички признанија 11 Октомври; Награда од град Скопје 13 Ноември; Награда за животно дело „Петре Прличко“ и други

The post Мето имаше атомска бомба во себе, кога ќе излезеше на сцена го правеше тоа со леснотија, а беше многу тешко, рекоа на комеморацијата за Јовановски appeared first on Република.

]]>

Со омилената песна „Со маки сум се родила“ во изведба на Вера Милошевска - Јосифовска и со долг аплауз од колегите актери, театарски и филмски режисери, соработници, професори, студенти, беше испратен Мето Јовановски, бардот на македонското глумиште кој почина на 16 ноември на 77-годишна возраст. На комеморацијата која ја организираше неговиот матичен, Драмски театар по повод неговата смрт присустуваа глумци од театрите од Македонија, соработници, семејството, роднини и пријатели. Драмски театар беше полн, многумина дојдоа да му изразат почит на Јовановски кој вчера беше погребан во Алејата на заслужни граѓани на Градските гробишта Бутел во Скопје.
Мето беше актер, професор, колега, но и обичен човек кој сакаше да го посетува манастирот Св. Јован Бигорски, наизуст ги знаеше евангелијата, човек волк самотник, имаше доверба во малкумина. Ги сакаше своите ќерки, ја сакаше својата брада, без неа не се чувствуваше свој, не сакаше да ја избричи, само малку да ја потшиша. Сакаше да носи шал, капа, карирани кошули, убави чевли и широки палта и капути. Омилена му беше виолетовата боја, го сакаше цвеќето јоргован, му се допаѓаше левиот профил од неговото лицето. Сакаше тишина во ходниците низ театарот, пред почеток на секоја претстава. Пиеше еспресо и кисела вода. Не сакаше да дава интервјуа. Сакаше да патува, со автомобил, сакаше долго да вози. Велеше дека животот може да се носи во една патна кожена торба, Ја сакаше македонската традиционална песна. Омилена му беше „Со маки сум се родила“, рекоа за Јовановски колегите од Драмски во последното испраќање.
Црвениот шал, кожената чанта, качкетот и мантилот на Јовановски беа поставени на една дрвна столица на празната сцена на Драмски. Се редеа фотографии од многубројните претстави на Јовановски, извадоци од филмови, тв-серии кои сведочеа за богатата и исполнета кариера на актерот кој глумаше низ целата поранешна држава, СФР Југославија.
Се викавме Енчо, според една етида која ја правевеме на Факултетот за драмски уметности (ФДУ). Завршивме 1971 година и први септември заедно дојдовме во Драмски театар. И од тој ден, до ден денеска, ние сме тие кои остануваме верни на Драмски. Мето беше актер кој имаше енергија, имаше атомска бомба во себе. Кога ќе излезеше, го правеше тоа со некоја чудна леснотија, а во суштина тоа е многу тешко. Мето ќе остане за мене секогаш Енчо. Живеевме во иста соба, јас, тој, Диме Станкоски-Дебелото, со Ѓорѓи Стојановски. Завршивме, јас, Мето и Диме дојдовме во Драмски, многу после тоа дојдоа во Драмски. Но, Мето беше нешто кое не се опишува со зборови , мора да го почувствуате. Не знам како да го кажам тоа. Јас сум горд што сум бил со него што сум играл со него и што сум учел од него, кажа на комеморацијата актерот Благоја Чоревски.
Во името на филмските работници со Јовановски се збогуваше Владимир Ангелов, директорот на Кинотека на Македонија.
Мето беше човек во време на лажни богови, од месо и крв, но кога ќе застанеше на сцената, кога ќе застанеше пред камерите, а некогаш и зад камерите тогаш стануваше Бог поголем од се и му немаше рамен, рече Ангелов.
Милица Стојанова, доајенката на македонскиот театар, преку писмо кое беше прочитано се збогува со Јовановски.
Мето, мојот колега и мојот тивок пријател, со кој сме поминале бесконечно многу саати, денови, години во разговор и во професионално и интимно споделување на животните бездни. Со него човек беше на чисто – кога сакаше некого или нешто, беше јасно. Кога беше критичен и незадоволен – исто така беше јасно. Тој беше непотчинет дух, и не ги сакаше подаништвото и потчинетоста, ниту во професијата ниту во животот, напиша Стојанова.
Актерот Јовица Михајловски преку порака откри каков актер и партнер на сцената бил Јовановски.
Ме прашуваат, Имаш ли некоја анегдота за или со Мето? Имам, им велам. Анегдотата за Мето е тоа што за или со него нема анегдота. Тој беше монашки посветен на својата професија. Ја делевме гримиорната. Со Мето можеше да се разговара пред претстава во точно определено време. Четириесет и пет минути пред почеток на претставата тој завршуваше со секаков разговор и постануваше ликот кој треба да го толкува на сцена. Влегуваше во друг универзум, на ликот што го толкува. Имаше непријатни моменти, кога некој ќе се обидеше да му го наруши просторот во кој е навлезен. Реагираше не како Мето, туку како ликот кој го толкува. Неговата професионална посветеност често беше зачудувачка, за многумина, посебно за тие кој театарот го разбираат како простор за евтина себепромоција. Мето беше еден од најголемите македонски актери. Чест ми е што соработував со него, напиша во пораката испратена до семејството.
Светски познатиот режисер Паоло Маџели, во пораката што ја прочита актерката Катерина Коцевска се присетува како се запознале со Јовановски, за дружбите и претставите во Скопје и во Сплит, за средбите со Горан Стефановски и Слободан Унковски.
Кршливи сме, драги мој Мето, тоа е тоа. И тоа е неправедно. Затоа што прекрасните актери не би требало никогаш да умрат. Разбираш? Со љубов/Те сакам, Паоло, напиша Маџели за Јовановски.
Со Јовановски се збогуваа и Илија Суботиќ, директор на Црногорско народно позориште, каде што нашиот актер имаше статус на почесен член, потоа босанскиот актер Емир Хаџихафисбеговиќ, режисерот Бранислав Миќуновиќ кој ја работеше последната претстава на Јованоски „My name is Goran Stefanovski“, Гоце Ристовски кој говореше за неговата работа како професор, Јордан Плевнеш, режисерот Дејан Пројковски, актерот Крсте Јовановски. Телеграми на сочувство до семејството испратија: Претседателот на Република Стево Пендаровски, Премиерот Димитар Ковачевски, Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, Министерката за одбрана Славјанка Петровска, Националните установи Македонскиот Народен Театар, Театарот за деца и младинци, Албански театар, Народен театар Битола, Факултетот за драмски уметности како и голем број на негови театарски и филмски колеги и соработници. На матичната сцена во Драмски Јовановски оствари 37 улоги од кои повеќето се носечки, насловни, овенчани со награди и важни места во македонската театарска историја: Јане Задрогаз во „Јане Задрогаз“; Хамлет во „Хамлет“; Стенли Ковалски во „Трамвај наречен желба“; Симон во „Диво месо“; Еригон во „Еригон“; Бранко Митиќ во „Карамазови“; Цибра во „Тетовирани души“; Робеспјер во „Смртта на Дантон“; Франц во „Стапица“; Актерот во „Розенкранц и Гилденстерн се мртви“; Војницки во „Вујко Вања“; Жан Дантес во „Европа“; Татко во „Мачка на вжештен лимен покрив“; Мартин во „Коза или која е Силвија“. Работи и како гостин во Македонскиот народен театар, каде ја остварува наградената улога на Порфириј Петрович во „Злосторство и казна“, како и во театарите во Куманово, Велес, Струмица, Сплит, Сараево, Подгорица. Се занимава и со театарска режија и со педагошка работа како професор на Интернационален Универзитет ЕУРОПА ПРИМА. Во 2001 станува почесен член на Црногорско драмско позориште, Подгорица каде игра во две претстави: „Малограѓани“ и „Урнебесна трагедија“ Пред филмската камера првпат застанува во 1971 година во македонскиот филм „Македонскиот дел од пеколот“, искуство по кое бележи импозантен број од 97 снимени наслови – играни, краткометражни и ТВ филмови, ТВ серии, како и неутврден број на рекламни, музички спотови и друг тип на сниман и емитуван материјал. Станува нашироко популарен и цитиран како Дамјан од „Колнети сме Ирина“; Коста во „Најдолгиот пат“; Марко во „Тумба, тумба дивина“; Драгослав од „Среќна нова 1949“; Осамениот од „Опстанок“; Режисерот во „Засега без добар наслов“; Штуц од „Трст виа Скопје“; Илко од „Тетовирање“; др. Сашо од „Пред дождот“; Лем Никодински во „Големата вода“; Димче во „Село гори, баба се чешла“; Рабин во „Трето полувреме“, Професорот од „Бистра вода“ и многу други. За својата плодна работа, Мето Јовановски се закити со бројни награди: 7 пати е лауерат на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, како и Награда за животно дело; 5 пати на „Екранова награда“ за најдобар актер; носител на 2 Златни венци на МЕСС Сараево; Награда за најдобро актерско остварување„Ристо Шишков“, Струмица; Награда за најдобро актерско остварување на Јоаким Фест, Крагуевац; 2 Гран-при награди на филмскиот фестивал во Ниш; 4 награди Милтон Манаки; Награда „Св. Кирил и Методиј“; 3 републички признанија 11 Октомври; Награда од град Скопје 13 Ноември; Награда за животно дело „Петре Прличко“ и други

The post Мето имаше атомска бомба во себе, кога ќе излезеше на сцена го правеше тоа со леснотија, а беше многу тешко, рекоа на комеморацијата за Јовановски appeared first on Република.

]]>
Комеморација за Мето Јовановски во Драмски театар https://republika.mk/vesti/kultura/komemoratsija-za-meto-jovanovski-vo-dramski-teatar/ Tue, 21 Nov 2023 07:39:31 +0000 https://republika.mk/?p=714598

Драмски театар од Скопје организира комеморацијата за актерот Мето Јовановски денеска во 11 часот. Јовановски, доаејен на македонското глумиште почина на 16 ноември, на 77-годишна возраст.

Јовановски беше член на ансамблот на Драмскиот театар од 1971 година, веднаш штом дипломирал на Театарската академија во Софија.

Неговата актерка кариера започнала на сцената на Народниот театар во Штип, каде настапувал уште пред да се запише на студиите. Оттогаш, за многу кратко време, Јовановски се истакнал како еден од водечките драмски уметници во Македонија.

Јовановски за своите театарски, филмски и телевизиски улоги ги има добиено државни награди „Свети Климент Охридски“, „11 Октомври“ и „13 Ноември“. Тој е добитник и на наградите „Златна клапа“ во Белград, четирикратен лауреат на наградата „Милтон Манаки“, наградата „Петре Прличко“, наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“, како и награда за животно дело на осмиот Балкан панорама филм фестивал во Измир 2022.

The post Комеморација за Мето Јовановски во Драмски театар appeared first on Република.

]]>

Драмски театар од Скопје организира комеморацијата за актерот Мето Јовановски денеска во 11 часот. Јовановски, доаејен на македонското глумиште почина на 16 ноември, на 77-годишна возраст. Јовановски беше член на ансамблот на Драмскиот театар од 1971 година, веднаш штом дипломирал на Театарската академија во Софија. Неговата актерка кариера започнала на сцената на Народниот театар во Штип, каде настапувал уште пред да се запише на студиите. Оттогаш, за многу кратко време, Јовановски се истакнал како еден од водечките драмски уметници во Македонија. Јовановски за своите театарски, филмски и телевизиски улоги ги има добиено државни награди „Свети Климент Охридски“, „11 Октомври“ и „13 Ноември“. Тој е добитник и на наградите „Златна клапа“ во Белград, четирикратен лауреат на наградата „Милтон Манаки“, наградата „Петре Прличко“, наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“, како и награда за животно дело на осмиот Балкан панорама филм фестивал во Измир 2022.    

The post Комеморација за Мето Јовановски во Драмски театар appeared first on Република.

]]>
Драмски театар во вторник ќе одржи комеморација за Мето Јовановски https://republika.mk/vesti/kultura/dramski-teatar-vo-vtornik-ke-odrzhi-komemoratsija-za-meto-jovanovski/ Fri, 17 Nov 2023 12:33:16 +0000 https://republika.mk/?p=702523

Драмски театар Скопје соопшти дека комеморацијата за актерот Мето Јовановски ќе се одржи во вторник на 21 ноември во 11 часот на големата сцена на театарот.

Посмртните останки на Мето Јовановски ќе бидат изложени во капелата на гробиштата Бутел во понеделник на 20ти ноември во 11 часот.

Јовановски почина на 16 ноември, на 77-годишна возраст.

Македонскиот театарски, филмски и телевизиски актер Мето Јовановски целиот работен стаж го помина како член на ансамблот на Драмски театар Скопје. Од дипломирањето во 1971 година кога застана на сцената на Драмски со претставата ‘Што виде собарот’, во себе ја носеше истата жар за професијата. Мето замина во легендите само дваесет дена откако на 26 октомври бравурозно ја изигра својата последна претстава на ‘My name is Goran Stefanovski’ “, велат од неговата матична куќа, Драмски.

Јовановски беше роден во 1946 година во с. Панчарево, Пехчевско. Во 1971 година завршил Театарска академија во Софија, Бугарија и истата година се вработил во Драмскиот театар во Скопје. Неговата глумечка кариера започнала на сцената на Народниот театар во Штип, каде настапувал уште пред да се запише на студиите. Оттогаш, за многу кратко време, Јовановски се истакнал како еден од водечките драмски уметници во Македонија. Работеше и како професор по актерска игра на Универзитетот за аудиовизуелни метности во Скопје

Играше во над 60-тина филмски и телевизиски наслови: „Најдолгиот пат“, „Македонскиот дел од пеколот“, „Црвениот коњ“, „Пред дождот“, „Тетовирање“, „Време води“, „Пресуда“, „Оловната бригада“, а кои го добил највисоките државни награди „Свети Климент Охридски“, „11 Октомври“ и „13 Ноември“.

The post Драмски театар во вторник ќе одржи комеморација за Мето Јовановски appeared first on Република.

]]>

Драмски театар Скопје соопшти дека комеморацијата за актерот Мето Јовановски ќе се одржи во вторник на 21 ноември во 11 часот на големата сцена на театарот. Посмртните останки на Мето Јовановски ќе бидат изложени во капелата на гробиштата Бутел во понеделник на 20ти ноември во 11 часот. Јовановски почина на 16 ноември, на 77-годишна возраст.
Македонскиот театарски, филмски и телевизиски актер Мето Јовановски целиот работен стаж го помина како член на ансамблот на Драмски театар Скопје. Од дипломирањето во 1971 година кога застана на сцената на Драмски со претставата ‘Што виде собарот’, во себе ја носеше истата жар за професијата. Мето замина во легендите само дваесет дена откако на 26 октомври бравурозно ја изигра својата последна претстава на ‘My name is Goran Stefanovski’ “, велат од неговата матична куќа, Драмски.
Јовановски беше роден во 1946 година во с. Панчарево, Пехчевско. Во 1971 година завршил Театарска академија во Софија, Бугарија и истата година се вработил во Драмскиот театар во Скопје. Неговата глумечка кариера започнала на сцената на Народниот театар во Штип, каде настапувал уште пред да се запише на студиите. Оттогаш, за многу кратко време, Јовановски се истакнал како еден од водечките драмски уметници во Македонија. Работеше и како професор по актерска игра на Универзитетот за аудиовизуелни метности во Скопје Играше во над 60-тина филмски и телевизиски наслови: „Најдолгиот пат“, „Македонскиот дел од пеколот“, „Црвениот коњ“, „Пред дождот“, „Тетовирање“, „Време води“, „Пресуда“, „Оловната бригада“, а кои го добил највисоките државни награди „Свети Климент Охридски“, „11 Октомври“ и „13 Ноември“.

The post Драмски театар во вторник ќе одржи комеморација за Мето Јовановски appeared first on Република.

]]>
Илјадници луѓе на последното испраќање на Боби Чарлтон https://republika.mk/sport/fudbal/iljadnitsi-luge-na-poslednoto-isprakane-na-bobi-charlton/ Mon, 13 Nov 2023 21:33:45 +0000 https://republika.mk/?p=701240

Неколку илјади луѓе се собраа на улиците на Манчестер за да му оддадат последна почит на еден од најдобрите фудбалери во историјата на англиската репрезентација и на Манчестер јунајтед, сер Боби Чарлтон (87), кој почина на 21 октомври.

Чарлтон за Јунјатед одигра 758 натпревари на кои постигна 249 голови, освојувајќи го Купот на европските шампиони во 1968 година, како и три англиски титули. Во дресот на Гордиот Албион одигра 103 натпревари и постигна 49 голови, освојувајќи ја светската титула во 1968.

На комеморацијата, која ја предводеа принцот Вилијам и легендарниот тренер на Манчестер јунајтед, сер Алекс Фергусон, присуствуваа 1.000 поканети, а последното испраќање на Чарлтон ќе биде во потесниот круг на семејството.

Погребната поворка мина покрај стадионот „Олд Трафорд“ и споменикот на „Големата тројка“ посветен на Чарлтон, Денис Лоу и Џорџ Бест.

Покрај фудбалот, животот на Боби Чарлтон го одбележа и авионската несреќа од февруари 1958 година, кога експедицијата на Манчестер јунаатед се враќање од натпреварот против Црвена ѕвезда во Белград во Купот на европските шампиони.

Од 44-та патници во авионската несреќа на самото место загинаа 21 лице, а двајца починаа подоцна во болница. Загинаа осум фудбалери на Јунјатед, двајца тренери и клупскиот секретар, осум новинари, двајца симпатизери на клубот и двајца членово на екипажот. Чарлтон беше меѓу оние кои ја преживеаја несреќата.

Спортската кариера ја заврши во 1978 година, обидувајќи се неколку пати во тренерската работа, а за цело време беше член на раководството на Јунјатед.

The post Илјадници луѓе на последното испраќање на Боби Чарлтон appeared first on Република.

]]>

Неколку илјади луѓе се собраа на улиците на Манчестер за да му оддадат последна почит на еден од најдобрите фудбалери во историјата на англиската репрезентација и на Манчестер јунајтед, сер Боби Чарлтон (87), кој почина на 21 октомври. Чарлтон за Јунјатед одигра 758 натпревари на кои постигна 249 голови, освојувајќи го Купот на европските шампиони во 1968 година, како и три англиски титули. Во дресот на Гордиот Албион одигра 103 натпревари и постигна 49 голови, освојувајќи ја светската титула во 1968. На комеморацијата, која ја предводеа принцот Вилијам и легендарниот тренер на Манчестер јунајтед, сер Алекс Фергусон, присуствуваа 1.000 поканети, а последното испраќање на Чарлтон ќе биде во потесниот круг на семејството. Погребната поворка мина покрај стадионот „Олд Трафорд“ и споменикот на „Големата тројка“ посветен на Чарлтон, Денис Лоу и Џорџ Бест. Покрај фудбалот, животот на Боби Чарлтон го одбележа и авионската несреќа од февруари 1958 година, кога експедицијата на Манчестер јунаатед се враќање од натпреварот против Црвена ѕвезда во Белград во Купот на европските шампиони. Од 44-та патници во авионската несреќа на самото место загинаа 21 лице, а двајца починаа подоцна во болница. Загинаа осум фудбалери на Јунјатед, двајца тренери и клупскиот секретар, осум новинари, двајца симпатизери на клубот и двајца членово на екипажот. Чарлтон беше меѓу оние кои ја преживеаја несреќата. Спортската кариера ја заврши во 1978 година, обидувајќи се неколку пати во тренерската работа, а за цело време беше член на раководството на Јунјатед.

The post Илјадници луѓе на последното испраќање на Боби Чарлтон appeared first on Република.

]]>
Холандската мигрантска партија Денк ја бојкотираше комеморацијата за жртвите од нападите на Хамас во Израел https://republika.mk/vesti/svet/holandskata-migrantska-partija-denk-ja-bojkotirashe-komemoratsijata-za-zhrtvite-od-napadite-na-hamas-vo-izrael/ Thu, 12 Oct 2023 07:39:12 +0000 https://republika.mk/?p=690349

Двајцата пратеници на холандската партија Еднаквост (Денк), која ги застапува интересите на мигрантите од Турција и Блискиот Исток што живеат во Холандија, ја бојкотираа комеморацијата за жртвите од терористичките напади на Хамас во Израел, што се одржа во Парламентот во Хаг.

Во официјалното соопштение на партијата за ваквата постапка се наведува дека нејзините пратеници го сториле тоа затоа што со комеморацијата не биле опфатени и палестинските жртви од возвратните израелски напади врз Појасот Газа, иако испратиле формално барање за тоа до претседателката на Парламентот, Вера Бергкамп.

Конфликтот е поширок само од израелските жртви. Имаше загинати и во Газа, нели? Зарем тие мајки не се сметаат? Зарем тие жени не се сметаат?, изјави претставник на Денк за холандскиот весник „Телеграф“.

Партијата претходно ја критикуваше и одлуката на Владата за истакнување на израелското знаме на холандските владини институции, оценувајќи дека таа „не придонесува за деескалација“ на состојбите на Блискиот Исток. Лидерот на Денк, Стефан ван Барле дури побара од холандскиот премиер Марк Руте да ја оквалификува како воено злосторство одлуката на Израел за прекин на испораката на вода, струја и храна за Појасот Газа, но шефот на Владата го одби ваквото барање.

Инаку, покрај двајцата пратеници на Денк, Тунахан Кузу и Селчук Озтурк, на комеморацијата не присуствуваше ниту нивната поранешна сопартијка Силвана Симонс, која сега е единствената пратеничка на партијата Заедно (БИЈ1), која ги застапува интересите на Холанѓаните со африканско потекло. Лидерот на БИЈ1, Едсон Олф викендов предизвика бурни реакции во јавноста откако ги обвини Холандија и ЕУ за актуелните случувања на Блискиот Исток, поради нивната долгогодишна поддршка за Израел.

The post Холандската мигрантска партија Денк ја бојкотираше комеморацијата за жртвите од нападите на Хамас во Израел appeared first on Република.

]]>

Двајцата пратеници на холандската партија Еднаквост (Денк), која ги застапува интересите на мигрантите од Турција и Блискиот Исток што живеат во Холандија, ја бојкотираа комеморацијата за жртвите од терористичките напади на Хамас во Израел, што се одржа во Парламентот во Хаг. Во официјалното соопштение на партијата за ваквата постапка се наведува дека нејзините пратеници го сториле тоа затоа што со комеморацијата не биле опфатени и палестинските жртви од возвратните израелски напади врз Појасот Газа, иако испратиле формално барање за тоа до претседателката на Парламентот, Вера Бергкамп. Конфликтот е поширок само од израелските жртви. Имаше загинати и во Газа, нели? Зарем тие мајки не се сметаат? Зарем тие жени не се сметаат?, изјави претставник на Денк за холандскиот весник „Телеграф“. Партијата претходно ја критикуваше и одлуката на Владата за истакнување на израелското знаме на холандските владини институции, оценувајќи дека таа „не придонесува за деескалација“ на состојбите на Блискиот Исток. Лидерот на Денк, Стефан ван Барле дури побара од холандскиот премиер Марк Руте да ја оквалификува како воено злосторство одлуката на Израел за прекин на испораката на вода, струја и храна за Појасот Газа, но шефот на Владата го одби ваквото барање. Инаку, покрај двајцата пратеници на Денк, Тунахан Кузу и Селчук Озтурк, на комеморацијата не присуствуваше ниту нивната поранешна сопартијка Силвана Симонс, која сега е единствената пратеничка на партијата Заедно (БИЈ1), која ги застапува интересите на Холанѓаните со африканско потекло. Лидерот на БИЈ1, Едсон Олф викендов предизвика бурни реакции во јавноста откако ги обвини Холандија и ЕУ за актуелните случувања на Блискиот Исток, поради нивната долгогодишна поддршка за Израел.

The post Холандската мигрантска партија Денк ја бојкотираше комеморацијата за жртвите од нападите на Хамас во Израел appeared first on Република.

]]>