колера Archives - Република https://republika.mk/tema/kolera/ За подобро да се разбереме Sat, 14 Sep 2024 08:55:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png колера Archives - Република https://republika.mk/tema/kolera/ 32 32 Потврден случај на колера во Бугарија https://republika.mk/vesti/balkan/potvrden-sluchaj-na-kolera-vo-bugarija/ Sat, 14 Sep 2024 08:48:52 +0000 https://republika.mk/?p=816268

Во Бугарија е потврдена колера, што е прв ваков случај во последните 103 години.

Пациентот е 23-годишен индиски државјанин кој неодамна допатувал од Њу Делхи, соопшти тамошното Министерство за здравство, пренесува „Новините“.

Според Регионалниот здравствен инспекторат на Софија (РЗИ), заразеното лице почнало да чувствува симптоми на акутна дијареа и по лабораториски тест дијагнозата била потврдена од Националната лабораторија за особено опасни бактериски инфекции при Националниот центар за инфективни и паразитски болести.

Заразениот пациент е во изолација на Одделот за паразитски и заразни болести.

Епидемиолошката истрага потврди дека пациентот не посетувал јавни места или ресторани за време на неговиот престој во Бугарија.

Колерата е многу заразна болест предизвикана од конзумирање на контаминирана храна или вода.

Може да предизвика сериозни гастроинтестинални проблеми, дехидрација и има висока стапка на смртност.

Историски гледано, колерата била широко распространета во Индија, при што реката Ганг била главен извор на инфекција. Болеста се прошири низ целиот свет на почетокот на 20 век, што доведе до неколку пандемии.

Во Бугарија, колерата беше значаен проблем до почетокот на 1920-тите, при што последната голема епидемија се случи помеѓу 1914 и 1918 година, по што следеше еден случај во 1921 година.

The post Потврден случај на колера во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Во Бугарија е потврдена колера, што е прв ваков случај во последните 103 години. Пациентот е 23-годишен индиски државјанин кој неодамна допатувал од Њу Делхи, соопшти тамошното Министерство за здравство, пренесува „Новините“. Според Регионалниот здравствен инспекторат на Софија (РЗИ), заразеното лице почнало да чувствува симптоми на акутна дијареа и по лабораториски тест дијагнозата била потврдена од Националната лабораторија за особено опасни бактериски инфекции при Националниот центар за инфективни и паразитски болести. Заразениот пациент е во изолација на Одделот за паразитски и заразни болести. Епидемиолошката истрага потврди дека пациентот не посетувал јавни места или ресторани за време на неговиот престој во Бугарија. Колерата е многу заразна болест предизвикана од конзумирање на контаминирана храна или вода. Може да предизвика сериозни гастроинтестинални проблеми, дехидрација и има висока стапка на смртност. Историски гледано, колерата била широко распространета во Индија, при што реката Ганг била главен извор на инфекција. Болеста се прошири низ целиот свет на почетокот на 20 век, што доведе до неколку пандемии. Во Бугарија, колерата беше значаен проблем до почетокот на 1920-тите, при што последната голема епидемија се случи помеѓу 1914 и 1918 година, по што следеше еден случај во 1921 година.

The post Потврден случај на колера во Бугарија appeared first on Република.

]]>
Во норвешки крузер избила колера? https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/vo-norveshki-kruzer-izbila-kolera/ Mon, 26 Feb 2024 14:22:06 +0000 https://republika.mk/?p=748588

Островската земја во Индискиот Океан Маврициус не дозволи норвешки крузер да застане во главниот град Порт Луис поради стравување од можна епидемија на колера на бродот.

Најмалку 15 луѓе на бродот се во изолација поради сомнеж дека страдаат од инфективна болест на градите која во тешка форма може да предизвика дехидратација и смрт за неколку часа. Се нарекува и „сина смрт“ бидејќи кожата на пациентот може да стане синкаво сива поради екстремната загуба на течности.

Властите на Маврициус рекоа дека донеле одлука да го блокираат бродот „Зора“ за да се избегнат можни здравствени ризици. Вчера биле земени примероци за тестирање, а резултатите треба да бидат познати утре.

Според претставник на „Норвежн крус лајн холдингс“, за време на патувањето во Јужна Африка патниците развиле симптоми на лесен стомачен вирус. Еден патник од Холандија изјавил дека капетанот им рекол дека можеби на бродот избила колера.

Последните неколку месеци во Јужна Африка владее колера, а Замбија е најтешко погодена во тој регион. Од јануари 2023 година, најмалку 188.000 луѓе се заразени со колера во 7 јужноафрикански земји, според податоците на Обединетите нации. Повеќе од 3.000 луѓе починале.

На бродот има 2.184 патници и 1.026 членови на екипажот.

The post Во норвешки крузер избила колера? appeared first on Република.

]]>

Островската земја во Индискиот Океан Маврициус не дозволи норвешки крузер да застане во главниот град Порт Луис поради стравување од можна епидемија на колера на бродот. Најмалку 15 луѓе на бродот се во изолација поради сомнеж дека страдаат од инфективна болест на градите која во тешка форма може да предизвика дехидратација и смрт за неколку часа. Се нарекува и „сина смрт“ бидејќи кожата на пациентот може да стане синкаво сива поради екстремната загуба на течности. Властите на Маврициус рекоа дека донеле одлука да го блокираат бродот „Зора“ за да се избегнат можни здравствени ризици. Вчера биле земени примероци за тестирање, а резултатите треба да бидат познати утре. Според претставник на „Норвежн крус лајн холдингс“, за време на патувањето во Јужна Африка патниците развиле симптоми на лесен стомачен вирус. Еден патник од Холандија изјавил дека капетанот им рекол дека можеби на бродот избила колера. Последните неколку месеци во Јужна Африка владее колера, а Замбија е најтешко погодена во тој регион. Од јануари 2023 година, најмалку 188.000 луѓе се заразени со колера во 7 јужноафрикански земји, според податоците на Обединетите нации. Повеќе од 3.000 луѓе починале. На бродот има 2.184 патници и 1.026 членови на екипажот.

The post Во норвешки крузер избила колера? appeared first on Република.

]]>
Повеќе од 3.000 патници на норвешки брод ставени во карантин поради сомнежи за колера https://republika.mk/vesti/svet/poveke-od-3-000-patnitsi-na-norveshki-brod-staveni-vo-karantin-poradi-somnezhi-za-kolera/ Mon, 26 Feb 2024 08:42:50 +0000 https://republika.mk/?p=748332

Повеќе од 3.000 луѓе се блокирани на брод за крстарење во близина на источноафриканскиот остров Маурициус поради сомневање за појава на колера, пренесува „Телма“.

По серијата гастроинтестинални заболувања на бродот „Норвиџн доун“, властите во Маурициус одбија да му дозволат на бродот да се закотви во пристаништето на главниот град Порт Луис во неделата, откако францускиот остров Ла Реунион веќе го врати бродот.

Јужна Африка моментално ја доживува една од најлошите епидемии на колера во последните години.

Повеќето од 2.184 патници требаше да го започнат своето патување кон дома уште вчера. Во исто време, 2.279 нови патници првично требаше да се качат во Порт Луис, соопшти пристанишната управа. На бродот има и 1.026 членови на екипажот.

Вработените во Министерството за здравство вчера зеле примероци од околу 15 лица на бродот. Резултатите од истрагата се очекуваат утре.

Според властите, најмалку 14 патници и еден член на екипажот боледуваат од дијареја и повраќање. Тие се изолирани во нивните соби.

Американската компанија „Норвиџн круз лајн“ соопшти дека мал број патници на „Норвиџн доун“ имале благи симптоми на стомачно заболување на дванаесетдневното патување од Јужна Африка.

The post Повеќе од 3.000 патници на норвешки брод ставени во карантин поради сомнежи за колера appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 3.000 луѓе се блокирани на брод за крстарење во близина на источноафриканскиот остров Маурициус поради сомневање за појава на колера, пренесува „Телма“. По серијата гастроинтестинални заболувања на бродот „Норвиџн доун“, властите во Маурициус одбија да му дозволат на бродот да се закотви во пристаништето на главниот град Порт Луис во неделата, откако францускиот остров Ла Реунион веќе го врати бродот. Јужна Африка моментално ја доживува една од најлошите епидемии на колера во последните години. Повеќето од 2.184 патници требаше да го започнат своето патување кон дома уште вчера. Во исто време, 2.279 нови патници првично требаше да се качат во Порт Луис, соопшти пристанишната управа. На бродот има и 1.026 членови на екипажот. Вработените во Министерството за здравство вчера зеле примероци од околу 15 лица на бродот. Резултатите од истрагата се очекуваат утре. Според властите, најмалку 14 патници и еден член на екипажот боледуваат од дијареја и повраќање. Тие се изолирани во нивните соби. Американската компанија „Норвиџн круз лајн“ соопшти дека мал број патници на „Норвиџн доун“ имале благи симптоми на стомачно заболување на дванаесетдневното патување од Јужна Африка.

The post Повеќе од 3.000 патници на норвешки брод ставени во карантин поради сомнежи за колера appeared first on Република.

]]>
Најмалку 23 лица починаа од колера во источна Етиопија https://republika.mk/vesti/svet/najmalku-23-litsa-pochinaa-od-kolera-vo-istochna-etiopija/ Thu, 30 Nov 2023 15:15:59 +0000 https://republika.mk/?p=718075

Најмалку 23 лица починаа од колера за време на епидемијата што ги погоди поплавените области во источна Етиопија, соопшти денеска хуманитарната организација „Спасете ги децата“ (Save the Children), пренесува Би-Би-Си.

Во текот на изминатите две недели, во регионот Сомали, кој е најтешко погоден од неодамнешните поплави предизвикани од поројните дождови, потврдени се повеќе од 770 случаи на колера, информираа од организацијата.

Поројните дождови ја погодија областа каде живеат повеќе од 1,5 милиони луѓе, а се проценува дека повеќе од 600.000 луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови.

Повеќе од 90 области во Етиопија пријавиле случаи на колера, при што од хуманитарната организација предупредуваат дека ситуацијата може да се влоши бидејќи се очекуваат пообилни врнежи во најмалку три региони.

Дождовите што ја погодија Етиопија, како и соседните Сомалија и Кенија, беа предизвикани од временскиот феномен Ел Нињо.

 

The post Најмалку 23 лица починаа од колера во источна Етиопија appeared first on Република.

]]>

Најмалку 23 лица починаа од колера за време на епидемијата што ги погоди поплавените области во источна Етиопија, соопшти денеска хуманитарната организација „Спасете ги децата“ (Save the Children), пренесува Би-Би-Си. Во текот на изминатите две недели, во регионот Сомали, кој е најтешко погоден од неодамнешните поплави предизвикани од поројните дождови, потврдени се повеќе од 770 случаи на колера, информираа од организацијата. Поројните дождови ја погодија областа каде живеат повеќе од 1,5 милиони луѓе, а се проценува дека повеќе од 600.000 луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови. Повеќе од 90 области во Етиопија пријавиле случаи на колера, при што од хуманитарната организација предупредуваат дека ситуацијата може да се влоши бидејќи се очекуваат пообилни врнежи во најмалку три региони. Дождовите што ја погодија Етиопија, како и соседните Сомалија и Кенија, беа предизвикани од временскиот феномен Ел Нињо.  

The post Најмалку 23 лица починаа од колера во источна Етиопија appeared first on Република.

]]>
Во Хараре има епидемија на колера, прогласена е вонредна состојба https://republika.mk/vesti/svet/vo-harare-ima-epidemija-na-kolera-proglasena-e-vonredna-sostojba/ Fri, 17 Nov 2023 11:55:08 +0000 https://republika.mk/?p=702508

Зимбабве прогласи вонредна состојба во главниот град на земјата, Хараре, поради епидемија на колера, објави градоначалникот, Иан Маконе, пренесува Би-Би-Си.

Поради епидемијата досега починаа десетици луѓе, додека повеќе од 7.000 се заразени. Властите сега бараат помош за да се спречи ширењето и да се обезбеди безбедна вода, велејќи дека помошта што моментално се добива е несоодветна.

Според Меѓународниот Црвен крст, болниците се справуваат со големиот број заразени по избувнувањето на епидемијата. Во него се укажува за недостиг на здравствени работници за справување со случаите, како и недостиг на материјали за да се запре ширењето на болеста.

Министерството за здравство на Зимбабве вчера соопшти дека во земјата се регистрирани 7.398 случаи, 50 починале, а 109 лица се примени на болничко лекување.

The post Во Хараре има епидемија на колера, прогласена е вонредна состојба appeared first on Република.

]]>

Зимбабве прогласи вонредна состојба во главниот град на земјата, Хараре, поради епидемија на колера, објави градоначалникот, Иан Маконе, пренесува Би-Би-Си. Поради епидемијата досега починаа десетици луѓе, додека повеќе од 7.000 се заразени. Властите сега бараат помош за да се спречи ширењето и да се обезбеди безбедна вода, велејќи дека помошта што моментално се добива е несоодветна. Според Меѓународниот Црвен крст, болниците се справуваат со големиот број заразени по избувнувањето на епидемијата. Во него се укажува за недостиг на здравствени работници за справување со случаите, како и недостиг на материјали за да се запре ширењето на болеста. Министерството за здравство на Зимбабве вчера соопшти дека во земјата се регистрирани 7.398 случаи, 50 починале, а 109 лица се примени на болничко лекување.

The post Во Хараре има епидемија на колера, прогласена е вонредна состојба appeared first on Република.

]]>
Eпидемија на колера во Судан, регистриран е 21 смртен случај https://republika.mk/vesti/svet/epidemija-na-kolera-vo-sudan-registriran-e-21-smrten-sluchaj/ Wed, 27 Sep 2023 13:45:51 +0000 https://republika.mk/?p=685687

Судан пријави епидемија на колера, со 18 смртни случаи од оваа болест во источната држава Гедареф и три смртни случаи во главниот град Картум.

Во Картум, 13 лица се хоспитализирани, со што вкупниот број на сомнителни случаи на цревна инфекција со бактеријата Вибрио се искачи на 265.

Првите сомнителни случаи на колера се регистрирани во селото Катер, државата Гедареф, каде што бројот на сомнителни случаи на колера достигна 265, се вели во соопштението на суданското Министерство за здравство.

Суданскиот синдикат на лекари вчера издаде предупредување за ширење на денга треска, колера, сипаници и маларија во земјата.

Невладиниот медицински синдикат ги повика „регионалните и меѓународните здравствени организации и телата на Обединетите нации да пружат помош“.

Широкото ширење на денга треска и колера, а пред тоа и сипаници и маларија, ја потврдуваат кревкоста на здравствениот систем во земјите кои не се погодени од војна, наведува Синдикатот.

Според Светската здравствена организација, епидемии на колера и денга треска се забележани во источен Судан, каде илјадници луѓе пребегнаа поради борбите меѓу армијата и Силите за брза поддршка.

Поради вооружениот судир, повеќе од 3.000 луѓе ги загубија животите, десетици илјади се повредени, а повеќе од пет милиони луѓе се раселени, а најголемиот дел од насилството е концентрирано околу главниот град.

The post Eпидемија на колера во Судан, регистриран е 21 смртен случај appeared first on Република.

]]>

Судан пријави епидемија на колера, со 18 смртни случаи од оваа болест во источната држава Гедареф и три смртни случаи во главниот град Картум. Во Картум, 13 лица се хоспитализирани, со што вкупниот број на сомнителни случаи на цревна инфекција со бактеријата Вибрио се искачи на 265. Првите сомнителни случаи на колера се регистрирани во селото Катер, државата Гедареф, каде што бројот на сомнителни случаи на колера достигна 265, се вели во соопштението на суданското Министерство за здравство. Суданскиот синдикат на лекари вчера издаде предупредување за ширење на денга треска, колера, сипаници и маларија во земјата. Невладиниот медицински синдикат ги повика „регионалните и меѓународните здравствени организации и телата на Обединетите нации да пружат помош“. Широкото ширење на денга треска и колера, а пред тоа и сипаници и маларија, ја потврдуваат кревкоста на здравствениот систем во земјите кои не се погодени од војна, наведува Синдикатот. Според Светската здравствена организација, епидемии на колера и денга треска се забележани во источен Судан, каде илјадници луѓе пребегнаа поради борбите меѓу армијата и Силите за брза поддршка. Поради вооружениот судир, повеќе од 3.000 луѓе ги загубија животите, десетици илјади се повредени, а повеќе од пет милиони луѓе се раселени, а најголемиот дел од насилството е концентрирано околу главниот град.

The post Eпидемија на колера во Судан, регистриран е 21 смртен случај appeared first on Република.

]]>
Најголема епидемија на колера во последните две децении во Малави, починати 750 лица https://republika.mk/vesti/svet/najgolema-epidemija-na-kolera-vo-poslednite-dve-detsenii-vo-malavi-pochinati-750-litsa/ Fri, 13 Jan 2023 08:16:48 +0000 https://republika.mk/?p=596418

Најголемата епидемија на колера што го погоди Малави во последните две децении однесе 750 животи, рече министерката за здравство на земјата, додека шефот на Светската здравствена организација ја опиша оваа југоисточна африканска земја како една од најтешко погодените во услови на тековни глобални епидемии кои се „пораспространети и посмртоносни од нормалните“.

Министерката за здравство на Малави, Хумбизе Кандодо Чипонда нареди затворање на многу фирми на кои им недостига чиста вода, тоалети и хигиенски објекти за отстранување отпад и најави ограничувања за продажба на готова храна.

„Продолжуваме да бележиме зголемен број случаи низ целата земја, и покрај знаците за намалена трансмисија и смртни случаи во неколку области“, се вели во соопштението на Чипонда, која повика на почитување на санитарните и хигиенските мерки.

Чипонда во средата рече дека 17 лица починале од 589 нови случаи „во последните 24 часа“.

Таа додаде дека во Малави се регистрирани 22.759 случаи од почетокот на епидемијата во март минатата година.

The post Најголема епидемија на колера во последните две децении во Малави, починати 750 лица appeared first on Република.

]]>

Најголемата епидемија на колера што го погоди Малави во последните две децении однесе 750 животи, рече министерката за здравство на земјата, додека шефот на Светската здравствена организација ја опиша оваа југоисточна африканска земја како една од најтешко погодените во услови на тековни глобални епидемии кои се „пораспространети и посмртоносни од нормалните“. Министерката за здравство на Малави, Хумбизе Кандодо Чипонда нареди затворање на многу фирми на кои им недостига чиста вода, тоалети и хигиенски објекти за отстранување отпад и најави ограничувања за продажба на готова храна. „Продолжуваме да бележиме зголемен број случаи низ целата земја, и покрај знаците за намалена трансмисија и смртни случаи во неколку области“, се вели во соопштението на Чипонда, која повика на почитување на санитарните и хигиенските мерки. Чипонда во средата рече дека 17 лица починале од 589 нови случаи „во последните 24 часа“. Таа додаде дека во Малави се регистрирани 22.759 случаи од почетокот на епидемијата во март минатата година.

The post Најголема епидемија на колера во последните две децении во Малави, починати 750 лица appeared first on Република.

]]>
Во Сирија се појави колера од загадена вода https://republika.mk/vesti/svet/vo-sirija-se-pojavi-kolera-od-zagadena-voda/ Mon, 12 Sep 2022 21:59:57 +0000 https://republika.mk/?p=550129

Болниците во Дамаск се ставени во состојба на готовност откако беа регистрирани повеќе од 20 случаи на колера, а најмалку пет лица починаа, соопштија денеска здравствените власти.

Се претпоставува дека луѓето се заразиле затоа што пиеле загадена вода и со неа полевале растенија кои подоцна ги јаделе.

Дел од населението во Сирија нема пристап до чиста вода за пиење поради уништената инфраструктура во војната која во земјата трае од 2011 година.

Канцеларијата на СЗО во Дамаск не ги коментираше информациите.

Сириското Министерство за здравство соопшти дека водата, како и овошјето и зеленчукот се тестираат во сите провинции, пренесе државната новинска агенција САНА

The post Во Сирија се појави колера од загадена вода appeared first on Република.

]]>

Болниците во Дамаск се ставени во состојба на готовност откако беа регистрирани повеќе од 20 случаи на колера, а најмалку пет лица починаа, соопштија денеска здравствените власти. Се претпоставува дека луѓето се заразиле затоа што пиеле загадена вода и со неа полевале растенија кои подоцна ги јаделе. Дел од населението во Сирија нема пристап до чиста вода за пиење поради уништената инфраструктура во војната која во земјата трае од 2011 година. Канцеларијата на СЗО во Дамаск не ги коментираше информациите. Сириското Министерство за здравство соопшти дека водата, како и овошјето и зеленчукот се тестираат во сите провинции, пренесе државната новинска агенција САНА

The post Во Сирија се појави колера од загадена вода appeared first on Република.

]]>
Прв случај на колера во Шпанија по повеќе од 40 години https://republika.mk/vesti/svet/prv-sluchaj-na-kolera-vo-shpanija-po-povekje-od-40-godini/ Thu, 23 Jun 2022 08:14:35 +0000 https://republika.mk/?p=518740

Шпанија го регистрира првиот локален случај на колера по повеќе од четири децении, соопштија регионалните здравствени власти, истакнувајќи дека заразеното лице веќе оздравело, а во меѓувреме не е пријавен друг случај.

Една пациентка била хоспитализиран во приватна здравствена установа во Мадрид и по лекувањето е пуштена - изјави портпаролот на здравствените власти во Мадрид, без да наведе датуми или други детали, пренесува „Ројтерс“.

Според здравствените власти во регионот, таа се заразила откако пиела вода од имот во Толедо, 75 километри јужно од главниот град во регионот Кастиља-Ла Манча, а имотот оттогаш е затворен од безбедносни причини.

Во извештајот се потсетува дека колерата е акутна дијареална инфекција предизвикана од бактеријата Vibrio cholerae и може да биде смртоносна доколку не се лекува, а најмногу се шири со контаминирана храна и вода.

Последната голема епидемија на локално пренесена колера во Шпанија беше во 1979 година, кога беа пријавени 267 случаи, главно во Барселона и Малага, а оттогаш здравствените власти регистрираат само по неколку увезени случаи секоја година.

„Ројтерс“ наведува дека повремени зголемувања на болеста не се невообичаени, особено во земјите во развој или воените зони каде што често не е достапен третман.

Според Светската здравствена организација, секоја година во светот се пријавуваат меѓу 1,3 и четири милиони случаи на колера.

The post Прв случај на колера во Шпанија по повеќе од 40 години appeared first on Република.

]]>

Шпанија го регистрира првиот локален случај на колера по повеќе од четири децении, соопштија регионалните здравствени власти, истакнувајќи дека заразеното лице веќе оздравело, а во меѓувреме не е пријавен друг случај.
Една пациентка била хоспитализиран во приватна здравствена установа во Мадрид и по лекувањето е пуштена - изјави портпаролот на здравствените власти во Мадрид, без да наведе датуми или други детали, пренесува „Ројтерс“.
Според здравствените власти во регионот, таа се заразила откако пиела вода од имот во Толедо, 75 километри јужно од главниот град во регионот Кастиља-Ла Манча, а имотот оттогаш е затворен од безбедносни причини. Во извештајот се потсетува дека колерата е акутна дијареална инфекција предизвикана од бактеријата Vibrio cholerae и може да биде смртоносна доколку не се лекува, а најмногу се шири со контаминирана храна и вода. Последната голема епидемија на локално пренесена колера во Шпанија беше во 1979 година, кога беа пријавени 267 случаи, главно во Барселона и Малага, а оттогаш здравствените власти регистрираат само по неколку увезени случаи секоја година. „Ројтерс“ наведува дека повремени зголемувања на болеста не се невообичаени, особено во земјите во развој или воените зони каде што често не е достапен третман. Според Светската здравствена организација, секоја година во светот се пријавуваат меѓу 1,3 и четири милиони случаи на колера.

The post Прв случај на колера во Шпанија по повеќе од 40 години appeared first on Република.

]]>
Во Мариупол избувна епидемија на колера и дизентерија https://republika.mk/vesti/svet/vo-mariupol-izbuvna-epidemija-na-kolera-i-dizenterija/ Sat, 11 Jun 2022 07:30:06 +0000 https://republika.mk/?p=513752

Во Мариупол избувна епидемија на колера и дизентерија, изјави градоначалникот Вадим Бојченко и предупреди дека илјадници луѓе би можеле да заболат од колера и други смртоносни болести додека има тела на улица, а летото носи потопло време.

Бојченко тврди дека бунарите се загадени со телата на загинатите за време на неколкунеделното руско бомбардирање и опсада и оти руските сили бавно ги собираат телата.

Има епидемија на дизентерија и колера, рече Бојченко, додавајќи дека проценката на украинските лекари е дека со избивањето на инфекцијата ќе умрат уште илјадници граѓани на Мариупол.

Тој ги повика Обединетите нации и Меѓународниот комитет на Црвениот крст да формираат хуманитарен коридор кој ќе им помогне на граѓаните да го напуштат градот.

The post Во Мариупол избувна епидемија на колера и дизентерија appeared first on Република.

]]>

Во Мариупол избувна епидемија на колера и дизентерија, изјави градоначалникот Вадим Бојченко и предупреди дека илјадници луѓе би можеле да заболат од колера и други смртоносни болести додека има тела на улица, а летото носи потопло време. Бојченко тврди дека бунарите се загадени со телата на загинатите за време на неколкунеделното руско бомбардирање и опсада и оти руските сили бавно ги собираат телата.
Има епидемија на дизентерија и колера, рече Бојченко, додавајќи дека проценката на украинските лекари е дека со избивањето на инфекцијата ќе умрат уште илјадници граѓани на Мариупол.
Тој ги повика Обединетите нации и Меѓународниот комитет на Црвениот крст да формираат хуманитарен коридор кој ќе им помогне на граѓаните да го напуштат градот.

The post Во Мариупол избувна епидемија на колера и дизентерија appeared first on Република.

]]>
На Мариупол му се заканува голема епидемија на колера, предупредуваат британските служби https://republika.mk/vesti/svet/na-mariupol-mu-se-zakanuva-golema-epidemija-na-kolera-predupreduvaat-britanskite-sluzbi/ Fri, 10 Jun 2022 09:32:37 +0000 https://republika.mk/?p=513476

Вториот човек на украинската воена разузнавачка служба, Вадим Скибицки, откри дека Украина моментално губи на првите линии и е целосно зависна од пристигнувањето на оружје од Запад.

Тој вели дека ја потрошиле речиси целата своја артилериска муниција и сега користат ракети на НАТО. Но, ситуацијата се влошува, додава тој, бидејќи на Европа и снемува оружје.

Иднината сега ќе се решава на фронтот, а ние губиме во контекст на артилерија. Сега се зависи од тоа што ќе добиеме од Запад. Украина има едно парче артилерија за 10 до 15 руски, рече тој.

Британското разузнавање, пак, утринава објави дека Русија се бори да обезбеди основни јавни услуги за населението на териториите што ги зазема. Проблеми има и со водоснабдувањето како и со телефонските и интернет услугите.

Во Керсон има критичен недостиг на лекови, додека на Мариупол му се заканува голема епидемија на колера. Првите случаи беа изолирани минатиот месец.

Медицинските служби во Мариупол веројатно веќе се блиску до колапс. Епидемијата на колера дополнително ќе влоши ситуација, велат од британското Министерство за одбрана, пренесува Би-Би-Си.

Ризикот од колера во Мариупол го потврди и пребегнатиот заменик-градоначалник Серхи Орлов. Стотици илјади луѓе останаа во градот.

Апсолутно е можно епидемијата да се прошири во овие услови. Санитарниот систем е нефункционален, се е полно со трупови под урнатините, а медицинската нега практично не постои. Русија продолжува да ги блокира сите обиди за добивање хуманитарна помош. Тука нема хуманитарна организација, Црвен крст, ОН или СЗО. Значи, нашите граѓани добиваат мала хуманитарна помош од руските окупатори, но според нашите проценки таа е премалку, тоа е една десетина од потребната количина храна и вода, рече тој.

The post На Мариупол му се заканува голема епидемија на колера, предупредуваат британските служби appeared first on Република.

]]>

Вториот човек на украинската воена разузнавачка служба, Вадим Скибицки, откри дека Украина моментално губи на првите линии и е целосно зависна од пристигнувањето на оружје од Запад. Тој вели дека ја потрошиле речиси целата своја артилериска муниција и сега користат ракети на НАТО. Но, ситуацијата се влошува, додава тој, бидејќи на Европа и снемува оружје.
Иднината сега ќе се решава на фронтот, а ние губиме во контекст на артилерија. Сега се зависи од тоа што ќе добиеме од Запад. Украина има едно парче артилерија за 10 до 15 руски, рече тој.
Британското разузнавање, пак, утринава објави дека Русија се бори да обезбеди основни јавни услуги за населението на териториите што ги зазема. Проблеми има и со водоснабдувањето како и со телефонските и интернет услугите. Во Керсон има критичен недостиг на лекови, додека на Мариупол му се заканува голема епидемија на колера. Првите случаи беа изолирани минатиот месец.
Медицинските служби во Мариупол веројатно веќе се блиску до колапс. Епидемијата на колера дополнително ќе влоши ситуација, велат од британското Министерство за одбрана, пренесува Би-Би-Си.
Ризикот од колера во Мариупол го потврди и пребегнатиот заменик-градоначалник Серхи Орлов. Стотици илјади луѓе останаа во градот.
Апсолутно е можно епидемијата да се прошири во овие услови. Санитарниот систем е нефункционален, се е полно со трупови под урнатините, а медицинската нега практично не постои. Русија продолжува да ги блокира сите обиди за добивање хуманитарна помош. Тука нема хуманитарна организација, Црвен крст, ОН или СЗО. Значи, нашите граѓани добиваат мала хуманитарна помош од руските окупатори, но според нашите проценки таа е премалку, тоа е една десетина од потребната количина храна и вода, рече тој.

The post На Мариупол му се заканува голема епидемија на колера, предупредуваат британските служби appeared first on Република.

]]>