кол оф дјути Archives - Република https://republika.mk/tema/kol-of-djuti/ За подобро да се разбереме Sat, 26 Aug 2023 18:29:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кол оф дјути Archives - Република https://republika.mk/tema/kol-of-djuti/ 32 32 Лара Крофт ќе стане лик во новите видеоигри од серијата „Кол оф дјути“ https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/lara-kroft-ke-stane-lik-vo-novite-videoigri-od-serijata-kol-of-djuti/ Sat, 26 Aug 2023 19:53:27 +0000 https://republika.mk/?p=676143

Видеоигрите „Кол оф дјути“ (Call of Duty) стануваат побогата со уште еден лик во изборот на играчите, а тоа е „ѕвездата“ на „Томб рајдер““ - Лара Крофт.

Познатиот виртуелен лик ќе се појави во игрите „Call of Duty: Warzone“ и „Call of Duty: Modern Warfare II“, придружувајќи им се на ликови од вистинскиот свет, како Ники Минаж, Снуп Дог, Кевин Дурант, „Бојс“ и други. Издавачката куќа „Активижн“ (Activision) не откри подробности за тоа како играчите ќе може да ја купат Лара Крофт, но најверојатно станува збор за пакет со повеќе ликови. Ликот на Минаж, на пример, беше дел од сезонски пакет што чинеше 10 долари.

Исто така, се очекува да се продаваат и предмети и сувенири поврзани со Лара Крофт, па нејзините познати пиштоли треба да бидат дел од првата линија.

Издавачот не дава точно време кога Лара ќе биде достапна за игрите, а наскоро доаѓа надградба за сезона 4, па, познавачите сметаат дека тоа може да биде добра можност да се претстави овој нов лик.

Играта „Call of Duty: Modern Warfare III“ ќе биде објавена во ноември, а последната видеоигра за Лара Крофт беше „Shadow of the Tomb Raider“ од 2018 година. Од друга страна, пак, „Амазон“ подготвува ТВ-серија „Томб рајдер“.

The post Лара Крофт ќе стане лик во новите видеоигри од серијата „Кол оф дјути“ appeared first on Република.

]]>

Видеоигрите „Кол оф дјути“ (Call of Duty) стануваат побогата со уште еден лик во изборот на играчите, а тоа е „ѕвездата“ на „Томб рајдер““ - Лара Крофт. Познатиот виртуелен лик ќе се појави во игрите „Call of Duty: Warzone“ и „Call of Duty: Modern Warfare II“, придружувајќи им се на ликови од вистинскиот свет, како Ники Минаж, Снуп Дог, Кевин Дурант, „Бојс“ и други. Издавачката куќа „Активижн“ (Activision) не откри подробности за тоа како играчите ќе може да ја купат Лара Крофт, но најверојатно станува збор за пакет со повеќе ликови. Ликот на Минаж, на пример, беше дел од сезонски пакет што чинеше 10 долари. Исто така, се очекува да се продаваат и предмети и сувенири поврзани со Лара Крофт, па нејзините познати пиштоли треба да бидат дел од првата линија. Издавачот не дава точно време кога Лара ќе биде достапна за игрите, а наскоро доаѓа надградба за сезона 4, па, познавачите сметаат дека тоа може да биде добра можност да се претстави овој нов лик. Играта „Call of Duty: Modern Warfare III“ ќе биде објавена во ноември, а последната видеоигра за Лара Крофт беше „Shadow of the Tomb Raider“ од 2018 година. Од друга страна, пак, „Амазон“ подготвува ТВ-серија „Томб рајдер“.

The post Лара Крофт ќе стане лик во новите видеоигри од серијата „Кол оф дјути“ appeared first on Република.

]]>
Видеоиграта „Кол оф дјути“ подготвува нова „стапица“ за измамниците и тие што сакаат да играат нечесно https://republika.mk/zivot/tehnologija/videoigrata-kol-of-djuti-podgotvuva-nova-stapitsa-za-izmamnitsite-i-tie-shto-sakaat-da-igraat-nechesno/ Sat, 01 Jul 2023 18:06:12 +0000 https://republika.mk/?p=657217

Компанијата за видеоигри, „Активижн“ (Activision) досега веќе користи повеќе видови борба против играчите-измамници во игрите „Кол оф дјути“ (Call of Duty)... Најновата мерка на програмерите засега се однесува на „Modern Warfare II“ и „Warzone II“ и на играчите кои користат забранети алатки како „Wallhack“ за да дојдат до дополнителни информации и да добијат нефер предност пред другите играчи.

За системите на „Активижн“ да откријат измамник или „сомнителен гејмер“, сега ќе се користи и тн. „халуцинација“ којашто нема да влијае на чесните играчи ​​бидејќи е направена да ги дезориентира само измамниците. Секоја „халуцинација“ ќе биде лажен играч - „имитација“ со цел да го намами измамникот во стапица, па така да го разоткрие.

Измамниците нема да можат да прават разлика меѓу „халуцинацијата“ и вистински играч - „халуцинациите“ ќе ги имаат истите видови скриени податоци што измамниците ги добиваат за легитимните играчи преку недозволените алатки. Тие тн. „халуцинации“, ќе бидат „сместени“ близу сомнителните играчи кои можеби мамат. Тој што ќе падне во стапицата, натаму е цел на безбедносниот систем.

Анти-хакерскиот тим „Рикошет“ го прекина методот „Квиксенд“ (Quicksand) - мерка што го забавуваше, т.е. замрзнуваше измамникот, преземајќи ја така контролата. Сепак, според наводите, можна е надградена верзија на „Квиксенд“.

The post Видеоиграта „Кол оф дјути“ подготвува нова „стапица“ за измамниците и тие што сакаат да играат нечесно appeared first on Република.

]]>

Компанијата за видеоигри, „Активижн“ (Activision) досега веќе користи повеќе видови борба против играчите-измамници во игрите „Кол оф дјути“ (Call of Duty)... Најновата мерка на програмерите засега се однесува на „Modern Warfare II“ и „Warzone II“ и на играчите кои користат забранети алатки како „Wallhack“ за да дојдат до дополнителни информации и да добијат нефер предност пред другите играчи. За системите на „Активижн“ да откријат измамник или „сомнителен гејмер“, сега ќе се користи и тн. „халуцинација“ којашто нема да влијае на чесните играчи ​​бидејќи е направена да ги дезориентира само измамниците. Секоја „халуцинација“ ќе биде лажен играч - „имитација“ со цел да го намами измамникот во стапица, па така да го разоткрие. Измамниците нема да можат да прават разлика меѓу „халуцинацијата“ и вистински играч - „халуцинациите“ ќе ги имаат истите видови скриени податоци што измамниците ги добиваат за легитимните играчи преку недозволените алатки. Тие тн. „халуцинации“, ќе бидат „сместени“ близу сомнителните играчи кои можеби мамат. Тој што ќе падне во стапицата, натаму е цел на безбедносниот систем. Анти-хакерскиот тим „Рикошет“ го прекина методот „Квиксенд“ (Quicksand) - мерка што го забавуваше, т.е. замрзнуваше измамникот, преземајќи ја така контролата. Сепак, според наводите, можна е надградена верзија на „Квиксенд“.

The post Видеоиграта „Кол оф дјути“ подготвува нова „стапица“ за измамниците и тие што сакаат да играат нечесно appeared first on Република.

]]>