Кокино Archives - Република https://republika.mk/tema/kokino/ За подобро да се разбереме Sat, 18 May 2024 08:42:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кокино Archives - Република https://republika.mk/tema/kokino/ 32 32 Бесплатен влез за Кокино и Меморијалниот центар АСНОМ по повод Меѓународниот ден на музеите https://republika.mk/vesti/kultura/besplaten-vlez-za-kokino-i-memorijalniot-tsentar-asnom-po-povod-megunarodniot-den-na-muzeite/ Sat, 18 May 2024 08:42:32 +0000 https://republika.mk/?p=779417

Национланта установа Музеј Куманово, по повод 18 Мај - Меѓународниот ден на музеите организира бесплатен влез на локалитетите Кокино и меморијален центар АСНОМ и повеќе активности за најмладите.

Надлежните ги повикаа граѓаните да ги посетат локалитетите.

Годинашново мото за Меѓународниот ден на музеите е „Музеите за едукација и истражување“ и не се однесува само за најмладата публика, туку за сите, вклучително и возрасните кои во секојдневната динамика се чини дека се помалку имаат време да го перципираат и истражат културното наследство околу себе. Затоа ги повикувам сите љубители на културата денеска да ги посетат Меморијалниот центар АСНОМ во село Пелинце и архео-астролошкиот локалитет Кокино, вели директорката на установата, Марија Миљуш Божурска.

НУ Музеј Куманово, претходните денови во знак на меѓународниот ден организираше неколку активности со акцент на едукација за најмладите. Вчера, беше организирана промоција на македонско-англиска едукативна читанка за деца насловена „Асномска музејска читанка“, која ја обработува темата за првото заседание на АСНОМ и процесите на формирање на модерната држава. Децата учествуваа на етнолошка работилница во лапидариумот на музејот, цртаа и од глина изработуваа етнолошки предмети мотивирани од она што може да се види на постојаната етнолошка поставка.

Во просториите на постојаната музејска поставка беше одржана работилница под наслов „Археолог на еден ден“ која имаше за цел да ги едуцира најмалите што е археологија, какво е нејзиното значење и кои се убавините на оваа професија, а кој е финансиран и поддржан од Министерството за култура.

18 Мај е Меѓународен ден на музеите којшто се одбележува уште од далечната 1977 година. Вообичаено низ годините музеите ширум светот на овој ден организираат различни активности преку којшто го афирмираат овој ден и го слават културното наследство. Годинава мотото под кое се одбележува 18-ти мај е „Музеи за едукација и истражување“ и активностите се поддржани од Министерството за култура.

The post Бесплатен влез за Кокино и Меморијалниот центар АСНОМ по повод Меѓународниот ден на музеите appeared first on Република.

]]>

Национланта установа Музеј Куманово, по повод 18 Мај - Меѓународниот ден на музеите организира бесплатен влез на локалитетите Кокино и меморијален центар АСНОМ и повеќе активности за најмладите. Надлежните ги повикаа граѓаните да ги посетат локалитетите.
Годинашново мото за Меѓународниот ден на музеите е „Музеите за едукација и истражување“ и не се однесува само за најмладата публика, туку за сите, вклучително и возрасните кои во секојдневната динамика се чини дека се помалку имаат време да го перципираат и истражат културното наследство околу себе. Затоа ги повикувам сите љубители на културата денеска да ги посетат Меморијалниот центар АСНОМ во село Пелинце и архео-астролошкиот локалитет Кокино, вели директорката на установата, Марија Миљуш Божурска.
НУ Музеј Куманово, претходните денови во знак на меѓународниот ден организираше неколку активности со акцент на едукација за најмладите. Вчера, беше организирана промоција на македонско-англиска едукативна читанка за деца насловена „Асномска музејска читанка“, која ја обработува темата за првото заседание на АСНОМ и процесите на формирање на модерната држава. Децата учествуваа на етнолошка работилница во лапидариумот на музејот, цртаа и од глина изработуваа етнолошки предмети мотивирани од она што може да се види на постојаната етнолошка поставка. Во просториите на постојаната музејска поставка беше одржана работилница под наслов „Археолог на еден ден“ која имаше за цел да ги едуцира најмалите што е археологија, какво е нејзиното значење и кои се убавините на оваа професија, а кој е финансиран и поддржан од Министерството за култура. 18 Мај е Меѓународен ден на музеите којшто се одбележува уште од далечната 1977 година. Вообичаено низ годините музеите ширум светот на овој ден организираат различни активности преку којшто го афирмираат овој ден и го слават културното наследство. Годинава мотото под кое се одбележува 18-ти мај е „Музеи за едукација и истражување“ и активностите се поддржани од Министерството за култура.

The post Бесплатен влез за Кокино и Меморијалниот центар АСНОМ по повод Меѓународниот ден на музеите appeared first on Република.

]]>
Јаневски: На Кокино се наплаќа под круша, на парагон-блокче https://republika.mk/vesti/makedonija/janevski-na-kokino-se-naplakja-pod-krusha-na-paragon-blokche/ Mon, 29 Aug 2022 09:07:07 +0000 https://republika.mk/?p=545178

Директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски вели дека постојано добива поплаки од граѓани за несоодветен третман на голем број наши атракции и локалитети. Една од нив е и опсерваторијата Кокино, каде што, како што нагласува, влезницата се наплаќа буквално под круша, на парагон, без да се издава фискална сметка.

Јаневски смета дека институциите под кои е Кокино треба да преземат мерки.

Во Кокино се наплаќа влез буквално под круша, на парагон-блок. Фискална белешка нема.Со влезот не добивате ништо, одите по каллив и прашлив пат, без туристички водич. Не добивате ниту некакви дополнителни инфорамции, истакнува Јаневски за МИА.

Според него, на ваков начин не треба да се тертираат нашите атракции.

Зборуваме за опсерваторија признаена од НАСА и една од ретките чуда во светот. Мислам дека институциите под кои е Кокино треба да преземат повеќе мерки, да ги следат позитивните практики од други вакви или слични локалитети во регионот. Треба да овозможиме достојно претставување на нашите атракции, потенцира Јаневски.

The post Јаневски: На Кокино се наплаќа под круша, на парагон-блокче appeared first on Република.

]]>

Директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски вели дека постојано добива поплаки од граѓани за несоодветен третман на голем број наши атракции и локалитети. Една од нив е и опсерваторијата Кокино, каде што, како што нагласува, влезницата се наплаќа буквално под круша, на парагон, без да се издава фискална сметка. Јаневски смета дека институциите под кои е Кокино треба да преземат мерки.