код Archives - Република https://republika.mk/tema/kod/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Mar 2024 21:44:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png код Archives - Република https://republika.mk/tema/kod/ 32 32 КОД: Како крал на стриптиз барови станал дел од милионската шема на Дрин Meхмети https://republika.mk/vesti/makedonija/kod-kako-kral-na-striptiz-barovi-stanal-del-od-milionskata-shema-na-drin-mehmeti/ Tue, 12 Mar 2024 07:55:09 +0000 https://republika.mk/?p=753798

Емисијата КОД открива како американскиот ,,кралот” на стриптиз барови Ник Мехмети станал дел од милионската шема на Али Ахмети и внукот Дрин.

 

Ник Мехмети основал фирма во Скопје со основачки капитал од 3 милиони евра. Во Далас има стриптиз барови. Фирмата се наоѓа на истата адреса со фирмата „Тхор“ на Дрин Ахмети (внукот на Али Ахмети). Дрин и „Тхор“ се под две предистраги во обвинителството. „Тхор“ добил тендер за набавка на софтвер во Министерство за одбрана, открива КОД.

На крајот на јули лани, повеќе медиуми на албански јазик и од Македонија но и од соседството објавуваат интересна информација за голема инвестиција на американски Албанец во Скопје. За тоа дури кратка видео вест објавува и Јутјуб каналот ALBTV USA.

Зад името на Ник Мехмети се крие иселеник со корени од Македонија, од Ресен. Ник Назар Мехмеди кој повеќе децении живее во Тексас, во градот познат по највлијателниот спортски клуб во САД и по атентатот врз Џон Кенеди. Од Далас како претседател ја води организацијата Глобална бизнис мрежа на албанската дијаспора.

Но, дома во Тексас е познат и како сопственик на стриптиз барот Липстик, место околу кое се плетат контроверзи, сомнежи за кривични дела и законски препукувања за лиценцата на барот со полицијата.

Од друга страна, Ник Назар Мехмети го сметаат за албански патриот, филантроп и успешен бизнисмен, некој за кого американските медиуми пишуваа дека во 1999-та за време на НАТО интервенцијата во Косово и нападите врз Србија, постојано бил пред Белата Куќа каде дури и со песна му изразувал поддршка на тогашниот американски претседател Бил Клинтон за помошта која ја дава на Албанците во Косово.

Инвестиција во канцеларијата на Дрин Ахмети.

Извор: KOД

The post КОД: Како крал на стриптиз барови станал дел од милионската шема на Дрин Meхмети appeared first on Република.

]]>

Емисијата КОД открива како американскиот ,,кралот” на стриптиз барови Ник Мехмети станал дел од милионската шема на Али Ахмети и внукот Дрин.   Ник Мехмети основал фирма во Скопје со основачки капитал од 3 милиони евра. Во Далас има стриптиз барови. Фирмата се наоѓа на истата адреса со фирмата „Тхор“ на Дрин Ахмети (внукот на Али Ахмети). Дрин и „Тхор“ се под две предистраги во обвинителството. „Тхор“ добил тендер за набавка на софтвер во Министерство за одбрана, открива КОД. На крајот на јули лани, повеќе медиуми на албански јазик и од Македонија но и од соседството објавуваат интересна информација за голема инвестиција на американски Албанец во Скопје. За тоа дури кратка видео вест објавува и Јутјуб каналот ALBTV USA. Зад името на Ник Мехмети се крие иселеник со корени од Македонија, од Ресен. Ник Назар Мехмеди кој повеќе децении живее во Тексас, во градот познат по највлијателниот спортски клуб во САД и по атентатот врз Џон Кенеди. Од Далас како претседател ја води организацијата Глобална бизнис мрежа на албанската дијаспора. Но, дома во Тексас е познат и како сопственик на стриптиз барот Липстик, место околу кое се плетат контроверзи, сомнежи за кривични дела и законски препукувања за лиценцата на барот со полицијата. Од друга страна, Ник Назар Мехмети го сметаат за албански патриот, филантроп и успешен бизнисмен, некој за кого американските медиуми пишуваа дека во 1999-та за време на НАТО интервенцијата во Косово и нападите врз Србија, постојано бил пред Белата Куќа каде дури и со песна му изразувал поддршка на тогашниот американски претседател Бил Клинтон за помошта која ја дава на Албанците во Косово. Инвестиција во канцеларијата на Дрин Ахмети. Извор: KOД

The post КОД: Како крал на стриптиз барови станал дел од милионската шема на Дрин Meхмети appeared first on Република.

]]>
Дрин Ахмети не е најголемиот бизнисмен во семејството: Парите ги врти зетот на Али, Косовецот Куштрим Смајлај https://republika.mk/vesti/makedonija/drin-ahmeti-ne-e-najgolemiot-biznismen-vo-semejstvoto-parite-gi-vrti-zetot-na-ali-kosovetsot-kushtrim-smajlaj/ Tue, 04 Jul 2023 07:44:58 +0000 https://republika.mk/?p=657904

Косоварот Куштрим Смајлај кој е зет на Али Ахмети за ќерката Ускана е веројатно најмоќниот член на кичевскиот клан на лидерот на ДУИ.

Малку познатиот зет Смајлај како што објави емисијата КОД со Снежана Лупевска Созен е човек кој за разлика од внуците Дрин и Бесијан работи со реални пари и освен што е газда на градежна компанија има и заедничка фирма со бизнисмен од Кичево кој годишно како сосопственик заработува над 100 милиони евра.

Бизнисот на зетот на Ахмети, кој е од Ѓакова или Ѓаковица на Косово, има седиште во општина Карпош на адресата на Пуцко Петрол, каде газда е пратеникот на ДУИ и еден од најголемите бизнисмени со нафта и нафтени деривати Исмаил Јаоски.

Партнерот на зетот на Ахмети во една од неговите фирми е кичевецот
Ерџан Сулкоски кој е ко-сопственикот на фирмата РКМ на Ратко Капушевски преку која лани тие наплатиле фантастични над 100 милиони евра за мазут за државната компанија ТЕЦ Неготино.

Истражувањето на КОД

КОД открива дека фирмата Соравија, секоја година прави големи профити, иако при презентирањето на зделката со која внукот на Али Ахмети за нула евра доби 39 отсто од бизнис центарот Соравија, беше соопштено дека центарот има долг од 20 милиони евра.

Во КОД и за братското стебло од Зајас, следната генерација на фамилијата Ахмети кои се впуштаат во огромни бизнис потфати. Синови, братучеди, зетови и сватови, нашле место во шемата на лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Во КОД и интервју со Софка Пејовска Дојчиновска од антикорупциската комисија, која гледа и моќ, и нервоза, во обвинувањата на вицепремиерот Артан Груби, кон актуелниот состав на комисијата.

https://youtu.be/MQewO5Lnlw8

 

The post Дрин Ахмети не е најголемиот бизнисмен во семејството: Парите ги врти зетот на Али, Косовецот Куштрим Смајлај appeared first on Република.

]]>

Косоварот Куштрим Смајлај кој е зет на Али Ахмети за ќерката Ускана е веројатно најмоќниот член на кичевскиот клан на лидерот на ДУИ. Малку познатиот зет Смајлај како што објави емисијата КОД со Снежана Лупевска Созен е човек кој за разлика од внуците Дрин и Бесијан работи со реални пари и освен што е газда на градежна компанија има и заедничка фирма со бизнисмен од Кичево кој годишно како сосопственик заработува над 100 милиони евра. Бизнисот на зетот на Ахмети, кој е од Ѓакова или Ѓаковица на Косово, има седиште во општина Карпош на адресата на Пуцко Петрол, каде газда е пратеникот на ДУИ и еден од најголемите бизнисмени со нафта и нафтени деривати Исмаил Јаоски. Партнерот на зетот на Ахмети во една од неговите фирми е кичевецот Ерџан Сулкоски кој е ко-сопственикот на фирмата РКМ на Ратко Капушевски преку која лани тие наплатиле фантастични над 100 милиони евра за мазут за државната компанија ТЕЦ Неготино. Истражувањето на КОД КОД открива дека фирмата Соравија, секоја година прави големи профити, иако при презентирањето на зделката со која внукот на Али Ахмети за нула евра доби 39 отсто од бизнис центарот Соравија, беше соопштено дека центарот има долг од 20 милиони евра. Во КОД и за братското стебло од Зајас, следната генерација на фамилијата Ахмети кои се впуштаат во огромни бизнис потфати. Синови, братучеди, зетови и сватови, нашле место во шемата на лидерот на ДУИ Али Ахмети. Во КОД и интервју со Софка Пејовска Дојчиновска од антикорупциската комисија, која гледа и моќ, и нервоза, во обвинувањата на вицепремиерот Артан Груби, кон актуелниот состав на комисијата. https://youtu.be/MQewO5Lnlw8  

The post Дрин Ахмети не е најголемиот бизнисмен во семејството: Парите ги врти зетот на Али, Косовецот Куштрим Смајлај appeared first on Република.

]]>
Заканувачите со бомби нема да се гонат за тероризам? https://republika.mk/vesti/makedonija/zakanuvachite-so-bombi-nema-da-se-gonat-za-terorizam/ Sun, 05 Mar 2023 17:34:52 +0000 https://republika.mk/?p=616140

Истрагите кои Обвинителството ги oтворило против три лица, кои во морето на закани за бомби и самите решиле испратат заканувачки мејл или повик, не се водат под кривичното дело „тероризам“.

Според истражувањето на КОД, обвинителството сите три случаи уште ги нема завршено, а истрагите наместо за тероризам ги води за друго кривично дело.

Еден случај е отфрлен поради недостаток на докази иако МВР во пријавата наведе дека осомничениот сам го признал делото.

https://youtube.com/watch?v=ABuT0c5j2aI&feature=shares

The post Заканувачите со бомби нема да се гонат за тероризам? appeared first on Република.

]]>

Истрагите кои Обвинителството ги oтворило против три лица, кои во морето на закани за бомби и самите решиле испратат заканувачки мејл или повик, не се водат под кривичното дело „тероризам“. Според истражувањето на КОД, обвинителството сите три случаи уште ги нема завршено, а истрагите наместо за тероризам ги води за друго кривично дело. Еден случај е отфрлен поради недостаток на докази иако МВР во пријавата наведе дека осомничениот сам го признал делото. https://youtube.com/watch?v=ABuT0c5j2aI&feature=shares

The post Заканувачите со бомби нема да се гонат за тероризам? appeared first on Република.

]]>
Зад изгор скапиот бугарски гас се крие поврзаноста на Ковачевски и Ахмети со уште еден руски тајкун – Александар Лебедев https://republika.mk/vesti/ekonomija/zad-izgor-skapiot-bugarski-gas-se-krie-povrzanosta-na-kovachevski-i-ahmeti-so-ushte-eden-ruski-tajkun-aleksandar-lebedev/ Sun, 05 Feb 2023 21:48:22 +0000 https://republika.mk/?p=605139

Емисијата КОД на Снежана Лупевска открива дека владата на Ковачевски и Ахмети купува поскап руски гас од фирма чиј сопственик е под санкции на две земји на НАТО.

По скандалот со рускиот шпион Онишченко, изборот на хрватската фирма за надзор на автопатот кој треба да го гради американската фирма Бехтел која е на руски олигарси блиски на Путин и руската врска со фабриката за вода во селото Гари, КОД открива четврта врска на владини актери со бизниси на руски тајкуни.

https://republika.mk/vesti/svet/kanada-mu-vovede-sankcii-na-ruskiot-milijarder-lebedev-sopstvenikot-na-londonski-indipendent/

Александар Лебедев екс оперативец на КГБ и лице под санкции на Канада и САД е сопственик на Балкан ЈУТИЛИТИС – фирма регистрирана во Софија од која владата на Ковачевски и Ахмети купуваат поскап гас, а информациите ги кријат како државна тајна.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/balkan-jutilitis-koja-esm-ja-izbra-za-snabduvane-so-gas-povrzana-so-ruskiot-oligarh-lebedev/

КОД вечерва објавува информации за бугарската компанија „Балкан Јутилитис“ чии банкарски гаранции дадени при набавка на гас, државната компанија ЕСМ ги прогласи за доверлива информација.

КОД истражува какви гаранции всушност се барале од фирмата од Софија поврзана со контроверзниот руски билионер Лебедев и какви политички конекции има ова мала бугарска фирма.

Сторијата на Код на Телма е во вториот дел од емисијата https://fb.watch/ivJbchOM7k/

 

The post Зад изгор скапиот бугарски гас се крие поврзаноста на Ковачевски и Ахмети со уште еден руски тајкун – Александар Лебедев appeared first on Република.

]]>

Емисијата КОД на Снежана Лупевска открива дека владата на Ковачевски и Ахмети купува поскап руски гас од фирма чиј сопственик е под санкции на две земји на НАТО. По скандалот со рускиот шпион Онишченко, изборот на хрватската фирма за надзор на автопатот кој треба да го гради американската фирма Бехтел која е на руски олигарси блиски на Путин и руската врска со фабриката за вода во селото Гари, КОД открива четврта врска на владини актери со бизниси на руски тајкуни. https://republika.mk/vesti/svet/kanada-mu-vovede-sankcii-na-ruskiot-milijarder-lebedev-sopstvenikot-na-londonski-indipendent/ Александар Лебедев екс оперативец на КГБ и лице под санкции на Канада и САД е сопственик на Балкан ЈУТИЛИТИС – фирма регистрирана во Софија од која владата на Ковачевски и Ахмети купуваат поскап гас, а информациите ги кријат како државна тајна. https://republika.mk/vesti/ekonomija/balkan-jutilitis-koja-esm-ja-izbra-za-snabduvane-so-gas-povrzana-so-ruskiot-oligarh-lebedev/ КОД вечерва објавува информации за бугарската компанија „Балкан Јутилитис“ чии банкарски гаранции дадени при набавка на гас, државната компанија ЕСМ ги прогласи за доверлива информација. КОД истражува какви гаранции всушност се барале од фирмата од Софија поврзана со контроверзниот руски билионер Лебедев и какви политички конекции има ова мала бугарска фирма. Сторијата на Код на Телма е во вториот дел од емисијата https://fb.watch/ivJbchOM7k/  

The post Зад изгор скапиот бугарски гас се крие поврзаноста на Ковачевски и Ахмети со уште еден руски тајкун – Александар Лебедев appeared first on Република.

]]>
Началник на Спасовски бил на „Блаце“ кога е пуштен да избега Сокол Бибај, албански државјанин со лажен пасош со украден идентитет https://republika.mk/vesti/makedonija/nachalnik-na-spasovski-bil-na-blace-koga-e-pushten-da-izbega-sokol-bibaj-albanski-drzavjanin-so-lazen-pasosh-so-ukraden-identitet/ Sun, 25 Dec 2022 18:36:37 +0000 https://republika.mk/?p=589794

Код во вечерашното издание открива дека двајца гранични полицајци на преминот Блаце го задржале но го пуштиле да избега Сокол Бибај, албански државјанин, по кој е распишана потерница поради поседување на лажен македонски пасош со украден идентитет. Бибај имал пасош со име Андон Папи којшто е откриен во рамките на истрагата „Двојник“ за 215 лажни македонски пасоши, од кои голем дел завршиле кај белосветски криминалци.

На преминот Блаце во време на чудното бегство на Бибај имало и висок полициски функционер, открива КОД за истрагата којашто уште е отворена и бара и други виновници.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/roko-od-pasoshko-posreduval-so-mvr-na-spasovski-i-za-30-000-evra-nabavuval-makedonski-pasoshi/

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како специјализирано одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Ќ.А. и Ј.А., двајцата полициски службеници во Полициската станица за граничен премин Долно Блаце при Регионалниот центар за гранични работи Север, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/policajci-od-blace-pomognale-da-pobegnat-dvajca-albanski-kriminalci/

The post Началник на Спасовски бил на „Блаце“ кога е пуштен да избега Сокол Бибај, албански државјанин со лажен пасош со украден идентитет appeared first on Република.

]]>

Код во вечерашното издание открива дека двајца гранични полицајци на преминот Блаце го задржале но го пуштиле да избега Сокол Бибај, албански државјанин, по кој е распишана потерница поради поседување на лажен македонски пасош со украден идентитет. Бибај имал пасош со име Андон Папи којшто е откриен во рамките на истрагата „Двојник“ за 215 лажни македонски пасоши, од кои голем дел завршиле кај белосветски криминалци. На преминот Блаце во време на чудното бегство на Бибај имало и висок полициски функционер, открива КОД за истрагата којашто уште е отворена и бара и други виновници. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/roko-od-pasoshko-posreduval-so-mvr-na-spasovski-i-za-30-000-evra-nabavuval-makedonski-pasoshi/ Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како специјализирано одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Ќ.А. и Ј.А., двајцата полициски службеници во Полициската станица за граничен премин Долно Блаце при Регионалниот центар за гранични работи Север, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/policajci-od-blace-pomognale-da-pobegnat-dvajca-albanski-kriminalci/

The post Началник на Спасовски бил на „Блаце“ кога е пуштен да избега Сокол Бибај, албански државјанин со лажен пасош со украден идентитет appeared first on Република.

]]>
Полињата со марихуана во Струмица, криминал тежок милиони: Вмешани и политичари и МВР и сè живо и диво https://republika.mk/vesti/crna-hronika/polinjata-so-marihuana-vo-strumica-kriminal-tezok-milioni-vmeshani-i-politichari-i-mvr-i-se-zivo-i-divo/ Wed, 23 Feb 2022 08:35:29 +0000 https://republika.mk/?p=462304

Десетина дена откако беа откриени стотици килограми непријавена марихуана произведена во легална фарма за медицински канабис, се уште нема никаков податок за истрагата. КОД во своето истражување открива дека досега пoлицијата открила речиси 4 тона марихуана од овие легални канабис фабрики, а има истраги што се прекинати или судења што се одлагаат.

Иако Македонија е сончева земја, сепак причината зошто станува Елдорадо канабис дестинација не е сонцето и плодната почва- туку законите. Во 2016-та Македонија легализира производство на канабис за медицински потреби додека во цела Европска Унија –таков закон имаше само во Холандија. Но времињата се сменија, одгледување на канабис се легализираше во уште десетина земји во Европа. Ама во Македонија имаше проблем, не се носат подзаконски акти за дорегулација на производството. И во таа правна дупка,се наоѓа место за злоупотреба со шверц.

Подзаконските акти треба да ги напише Министерството за здравство, а министерот формира комисија од 5 члена која се грижи за издавање на дозволи и контрола на фирмите кои се занимаваат со медицински канабис. Законот е донесен пред точно 6 години, а иако подзаконските акти требало да се подготват за 30 дена, се уште ги нема. Отогаш се сменија 4-ца министри. Првиот подзаконски акт односно упатство за уништување на отпад од канабис е изготвен во ноември лани. И самиот тој документ има спорни работи, не е потпишан од никој и е противен на законот за управување со отпад кој е во ресорот животна средина. Дури овозможува голема дупка- односно смислува оригинален начин како фирмите кои одгледуваат канабис да се решат од отпадот со мал и низок процент на ТХЦ.

Повеќе ТУКА

The post Полињата со марихуана во Струмица, криминал тежок милиони: Вмешани и политичари и МВР и сè живо и диво appeared first on Република.

]]>

Десетина дена откако беа откриени стотици килограми непријавена марихуана произведена во легална фарма за медицински канабис, се уште нема никаков податок за истрагата. КОД во своето истражување открива дека досега пoлицијата открила речиси 4 тона марихуана од овие легални канабис фабрики, а има истраги што се прекинати или судења што се одлагаат. Иако Македонија е сончева земја, сепак причината зошто станува Елдорадо канабис дестинација не е сонцето и плодната почва- туку законите. Во 2016-та Македонија легализира производство на канабис за медицински потреби додека во цела Европска Унија –таков закон имаше само во Холандија. Но времињата се сменија, одгледување на канабис се легализираше во уште десетина земји во Европа. Ама во Македонија имаше проблем, не се носат подзаконски акти за дорегулација на производството. И во таа правна дупка,се наоѓа место за злоупотреба со шверц. Подзаконските акти треба да ги напише Министерството за здравство, а министерот формира комисија од 5 члена која се грижи за издавање на дозволи и контрола на фирмите кои се занимаваат со медицински канабис. Законот е донесен пред точно 6 години, а иако подзаконските акти требало да се подготват за 30 дена, се уште ги нема. Отогаш се сменија 4-ца министри. Првиот подзаконски акт односно упатство за уништување на отпад од канабис е изготвен во ноември лани. И самиот тој документ има спорни работи, не е потпишан од никој и е противен на законот за управување со отпад кој е во ресорот животна средина. Дури овозможува голема дупка- односно смислува оригинален начин како фирмите кои одгледуваат канабис да се решат од отпадот со мал и низок процент на ТХЦ. Повеќе ТУКА

The post Полињата со марихуана во Струмица, криминал тежок милиони: Вмешани и политичари и МВР и сè живо и диво appeared first on Република.

]]>