Кобра Archives - Република https://republika.mk/tema/kobra/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Aug 2023 06:41:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кобра Archives - Република https://republika.mk/tema/kobra/ 32 32 Документарецот за Дарко Панчев доби наградата за најдобар филм на Филмскиот фестивал „Златибор 2023“ https://republika.mk/sport/fudbal/dokumentaretsot-za-darko-panchev-dobi-nagradata-za-najdobar-film-na-filmskiot-festival-zlatibor-2023/ Wed, 30 Aug 2023 07:06:05 +0000 https://republika.mk/?p=676992

Документарниот филм за македонската фудбалска легенда, Дарко Панчев - „Патот на Кобрата до ѕвездите“, е прогласен за најдобар филм за личност во спортот на 12. меѓународен фестивал за спортски филмови во Златибор.

Панчев доби ѝ признание за животно дело за исклучителен придонес во спортот, а наградите во негово име ги подигнаа сопругата Маја и ќерките Надица и Марија.

Прекарот „Кобра“ за Дарко Панчев се однесува исклучително за фудбалот, бидејќи во играта се истакнуваше со недостижно брзи потези кои продуцираа неповториливи голови. Во неговиот реален живот, надвор од фудбалската магија, тој е стандард, мерило за наклонетост и пријателство, прво во семејството и секаде каде што животот го носи, како плима на добрина. Затоа го препорачуваме овој филм како лек против актуелната стварност, која е во сериозен недостаток на основни човекови вредности“, истакнаа членовите на жирито на фестивалот.

На фестивалот награден беше и филмот „Среќна 13-ка“, во продукција на МРТ, кој беше посветен на ликот на Благоја Георгиевски - Буштур. Режисерот Тони Ристовски го прими признанието за најдобра режија.

На фестивалот во Златибор учествуваа преку 40 филма, од 20 земји.

The post Документарецот за Дарко Панчев доби наградата за најдобар филм на Филмскиот фестивал „Златибор 2023“ appeared first on Република.

]]>

Документарниот филм за македонската фудбалска легенда, Дарко Панчев - „Патот на Кобрата до ѕвездите“, е прогласен за најдобар филм за личност во спортот на 12. меѓународен фестивал за спортски филмови во Златибор. Панчев доби ѝ признание за животно дело за исклучителен придонес во спортот, а наградите во негово име ги подигнаа сопругата Маја и ќерките Надица и Марија.
Прекарот „Кобра“ за Дарко Панчев се однесува исклучително за фудбалот, бидејќи во играта се истакнуваше со недостижно брзи потези кои продуцираа неповториливи голови. Во неговиот реален живот, надвор од фудбалската магија, тој е стандард, мерило за наклонетост и пријателство, прво во семејството и секаде каде што животот го носи, како плима на добрина. Затоа го препорачуваме овој филм како лек против актуелната стварност, која е во сериозен недостаток на основни човекови вредности“, истакнаа членовите на жирито на фестивалот.
На фестивалот награден беше и филмот „Среќна 13-ка“, во продукција на МРТ, кој беше посветен на ликот на Благоја Георгиевски - Буштур. Режисерот Тони Ристовски го прими признанието за најдобра режија. На фестивалот во Златибор учествуваа преку 40 филма, од 20 земји.

The post Документарецот за Дарко Панчев доби наградата за најдобар филм на Филмскиот фестивал „Златибор 2023“ appeared first on Република.

]]>
Поради бегство на кобра затворен дел од зоолошката градина во Стокхолм https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/poradi-begstvo-na-kobra-zatvoren-del-od-zooloshkata-gradina-vo-stokholm/ Tue, 25 Oct 2022 10:20:04 +0000 https://republika.mk/?p=565364

Вработените во зоолошката градина Скансен во Стокхолм сè уште трагаат по кралската кобра која избегала од нејзиниот терариум во текот на викендот, поради што зоолошката градина е делумно затворена.

Отровното животно, кое го нарекле Мистер Хисинг, пристигнало во зоолошката градина пред неколку дена и веќе успеало да исчезне меѓу терариумските светилки, поради што по познатиот магионичар му го дале прекарот Худини.

На видеото снимено од еден од посетителите се гледа како Худини полека се лизга од гранка на дрво во неговиот терариум кон светилката на таванот. Тој дел од зоолошката градина бил евакуиран и затворен додека бегалецот не биде фатен.

Вработените во зоолошката градина веруваат дека змијата сега е некаде на таванот на одделот за рептили, а тие го затвориле заградениот простор и поставиле специјални камери за следење на непристапните агли. Чуварите на зоолошката градина поставија лепливи стапици и посипуваа брашно за да го намамат избеганиот Худини.

Нема да излезе надвор бидејќи надвор е толку студено што ќе заспие“, изјави директорот на зоолошката градина Скансен, Јонас Валстром, за АФП.

Тој смета дека Худини имал предност пред претходните станари. Имено, персоналот неодамна ги замени светилките на таванот на терариумот со штедливи светилки. „Старите светилки беа премногу жешки, што ги оддалечи змиите“, објасни Валстром. „Сега не е толку жешко, па Худини ја заглави главата меѓу сијалицата и штекерот на светилката и успеа да се провлече и да се оддалечи кон таванот“.

Худини штотуку пристигна, веќе побегна

Еден од вработените на шега изјавил дека Худини е „вистински гад“ бидејќи змиите живеат во ист терариум веќе 15 години, а тој неодамна пристигнал и веќе избегал.

Кралските кобри се мирољубиви змии по природа и веројатно нема да нападнат. Тие потекнуваат од Јужна и Југоисточна Азија и се најдолгите отровни змии во светот.

Нивниот главен плен се другите змии, но каснувањето може да биде фатално за луѓето доколку не се лекува навреме.

The post Поради бегство на кобра затворен дел од зоолошката градина во Стокхолм appeared first on Република.

]]>

Вработените во зоолошката градина Скансен во Стокхолм сè уште трагаат по кралската кобра која избегала од нејзиниот терариум во текот на викендот, поради што зоолошката градина е делумно затворена. Отровното животно, кое го нарекле Мистер Хисинг, пристигнало во зоолошката градина пред неколку дена и веќе успеало да исчезне меѓу терариумските светилки, поради што по познатиот магионичар му го дале прекарот Худини. На видеото снимено од еден од посетителите се гледа како Худини полека се лизга од гранка на дрво во неговиот терариум кон светилката на таванот. Тој дел од зоолошката градина бил евакуиран и затворен додека бегалецот не биде фатен. Вработените во зоолошката градина веруваат дека змијата сега е некаде на таванот на одделот за рептили, а тие го затвориле заградениот простор и поставиле специјални камери за следење на непристапните агли. Чуварите на зоолошката градина поставија лепливи стапици и посипуваа брашно за да го намамат избеганиот Худини.
Нема да излезе надвор бидејќи надвор е толку студено што ќе заспие“, изјави директорот на зоолошката градина Скансен, Јонас Валстром, за АФП.
Тој смета дека Худини имал предност пред претходните станари. Имено, персоналот неодамна ги замени светилките на таванот на терариумот со штедливи светилки. „Старите светилки беа премногу жешки, што ги оддалечи змиите“, објасни Валстром. „Сега не е толку жешко, па Худини ја заглави главата меѓу сијалицата и штекерот на светилката и успеа да се провлече и да се оддалечи кон таванот“. Худини штотуку пристигна, веќе побегна Еден од вработените на шега изјавил дека Худини е „вистински гад“ бидејќи змиите живеат во ист терариум веќе 15 години, а тој неодамна пристигнал и веќе избегал. Кралските кобри се мирољубиви змии по природа и веројатно нема да нападнат. Тие потекнуваат од Јужна и Југоисточна Азија и се најдолгите отровни змии во светот. Нивниот главен плен се другите змии, но каснувањето може да биде фатално за луѓето доколку не се лекува навреме.

The post Поради бегство на кобра затворен дел од зоолошката градина во Стокхолм appeared first on Република.

]]>