коалицирање Archives - Република https://republika.mk/tema/koaliciranje/ За подобро да се разбереме Sat, 24 Feb 2024 20:45:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png коалицирање Archives - Република https://republika.mk/tema/koaliciranje/ 32 32 Димитриевски: ЗНАМ нема да коалицира со тие кои досега и правеа штета на Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-znam-nema-da-koalitsira-so-tie-koi-dosega-i-pravea-shteta-na-makedonija/ Sat, 24 Feb 2024 20:45:07 +0000 https://republika.mk/?p=747965

Претседателот на движењето ЗНАМ - За наша Македонија и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, изјави дека државата не смее да биде заложник и дека нема да поддржат избор на претседател на државата во Собранието, затоа што тоа би ја намалило моќта на институцијата Претседател.

Вакви барања секогаш доаѓаат во предизборен период и наводно се политичка пропаганда во функција на изборите. Но, секогаш постои една голема доза на вистинитост и искрен пристап во заложбите од страна на тој етнички блок. Македонија не може да биде заложник на никого... Она што ме загрижува првенствено како граѓанин, но и како човек што носи одговорна функција и претендира за одговорна функција во општеството, заветот на г. Ахмети. Јас од овде, давам завет дека ЗНАМ никогаш нема да дозволи во Парламентот да помине такво решение, затоа што тоа ја усложнува државата, дополнително ја намалува моќта на институцијата Претседател, која всушност треба да биде заштитник на обичниот граѓанин. Претседателот ја црпи својата сила од самите граѓани и всушност тој ги претставува покрај државата и сите ингеренции кои му се согласно Уставот и законот доверени, и граѓаните и се грижи за граѓаните, изјави Димитриевски во гостувањето во Дневникот на Сител, во однос на барањето на ДУИ претседателот на државата да се бира во Собранието со двотретинско мнозинство.

За другиот услов на ДУИ дека нема да коалицираат со никого ако нема уставни измени, Димитриевски кажа дека ќе коалицираат со другите партии, но без условувања.

Ќе има коалиција од македонските политички партии и ќе бидат повикани оние политички партии од етничкиот блок на Албанците, да учествуваат, секако на рамноправна основа, но без условувања. Затоа што оваа држава има Устав, има закони и ние ќе се водиме по нив. Велат нема да биде одобрена таквата коалиција. Кој одобрува? одобрува бројката во Собранието. Нашата држава ја водиме ние, не ја водат тие кои доаѓаат од надвор и ни кажуваат како треба да ја водиме. Ние мора да преземеме одговорнсот да си ја водиме сами државата, да ја направиме одржлива, да се потпреме на сопствените сили, за да не бидеме уценувани ниту од внатре ниту од надвор, вели Димитриевски кој е кандидат за претседател на државата.

На прашањето со кого би коалицирале по парламентарните избори и дали СДСМ, чиј поранешен член е, се нивниот приороден коалиционен партнер, лидерот на ЗНАМ вели дека по убедување е левичар, а ќе коалицираат со оние политички субјекти со кои прво на маса ќе ги дефинираат државните национални интереси.

Ние нема да коалицираме со тие кои досега и правеа штета на Македонија, особено поединци кои заради лукративни интерси продадоа се. Такви има и во редовите на СДСМ и во редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Многу побитно е да се најде принципиелен партнер со кој ќе се гради иднината на оваа држава, вели Димитриевски.

Прашан дали изборот на Горан Минчев за генерален секретар на партијата и шеф на Изборниот штаб е сигнал дека е близок со поранешниот претседател на СДСМ Бранко Црвенковски, Димитриевски вели дека го почитува Црвенковски.

Не, јас мислам дека Црвековски се уште ми ја нема потпишано поддршката за кандидатурата. Имам многу пати кажано - го почитувам него и другите претседатели. Горан Минчев е мој стар соработник со кого многу пати сум имал и различни ставови, но тука имаме и многу нови имиња како што е потпретседателот на партијата Павле Арсовски пензиониран генерал мајор, Весна Бендевска поранешен пратеник, др. Јасмин Циривири..., вели Димитриевски упаувајќи апел до граѓаните да ја дадат поддршката за неговата кандидатура за претседател на државата. в

The post Димитриевски: ЗНАМ нема да коалицира со тие кои досега и правеа штета на Македонија appeared first on Република.

]]>

Утре ќе имаме конститутивна седница на Републичкиот изборен штаб, најави Мицкоски https://republika.mk/vesti/makedonija/utre-ke-imame-konstitutivna-sednitsa-na-republichkiot-izboren-shtab-najavi-mitskoski/ Sun, 11 Feb 2024 13:43:13 +0000 https://republika.mk/?p=742851

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека во моментов постои оглас за избор на кандидат за претседател на државата на кој може да се пријави секој заинтересиран до 21 февруари и да биде дел од конвенцијата доколку ги исполнува условите. Тој најави дека утре ќе имаат конститутивна седница на Републичкиот изборен штаб, со што и официјално ќе ја почнат кампањата.

-Конвенцијата за избор на кандидат претседател е на 2 март. Во моментов имаме оглас. Сите оние кои ќе ги исполнат условите согласно огласот, до 21 февруари може да се пријават. Подготовките течат, изјави денеска Мицкоски по увидот на градежни активности на изградба на кејот на реката Серава во Скопје.

Тој за утре најави и официјално почнување на кампањата. Посочи дека очекува повеќе кандидати и од другите политички партии, вклучително и од албанските политички партии.

-Ние како политичка партија независно од огласот мериме имиња. Можам да кажам дека се не повеќе од три во моментот, но огласот е отворен и тоа е независен процес од анализата која што ја прави партијата. Секој оној кој ќе ги исполни условите ќе биде дел од конвенцијата за избор на претседател, односно претседателски кандидат кој што ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи, а со самото тоа и претседател на Македонија, додаде Мицкоски.

На новинарско прашање дали се водат разговори за предизборно коалицирање, тој рече дека течат разговори со многу политички партии, но најпрвин треба да ги завршат разговорите со политичките партии кои до сега беа во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Прашан за коментар во врска со случувањата во Алијанса за Албанците, Мицкоски одговори дека не сака да се мешаат во внатрепартиски случувања на други политички партии.

-Ние не се мешаме. Седиме на страна, затоа што непримерно е тоа што го прават СДСМ и ДУИ. Директно се вклучени во случувањата во Алијанса за Албанците. Навистина сум шокиран од таквото однесување, но тоа е нивна работа. Како што не сакаме никој да се меша во внатрешните работи на ВМРО-ДПМНЕ, така и ние не сакаме да се мешаме во внатрешните работи на политичките партии, рече Мицкоски.

The post Утре ќе имаме конститутивна седница на Републичкиот изборен штаб, најави Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека во моментов постои оглас за избор на кандидат за претседател на државата на кој може да се пријави секој заинтересиран до 21 февруари и да биде дел од конвенцијата доколку ги исполнува условите. Тој најави дека утре ќе имаат конститутивна седница на Републичкиот изборен штаб, со што и официјално ќе ја почнат кампањата. -Конвенцијата за избор на кандидат претседател е на 2 март. Во моментов имаме оглас. Сите оние кои ќе ги исполнат условите согласно огласот, до 21 февруари може да се пријават. Подготовките течат, изјави денеска Мицкоски по увидот на градежни активности на изградба на кејот на реката Серава во Скопје. Тој за утре најави и официјално почнување на кампањата. Посочи дека очекува повеќе кандидати и од другите политички партии, вклучително и од албанските политички партии. -Ние како политичка партија независно од огласот мериме имиња. Можам да кажам дека се не повеќе од три во моментот, но огласот е отворен и тоа е независен процес од анализата која што ја прави партијата. Секој оној кој ќе ги исполни условите ќе биде дел од конвенцијата за избор на претседател, односно претседателски кандидат кој што ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи, а со самото тоа и претседател на Македонија, додаде Мицкоски. На новинарско прашање дали се водат разговори за предизборно коалицирање, тој рече дека течат разговори со многу политички партии, но најпрвин треба да ги завршат разговорите со политичките партии кои до сега беа во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Прашан за коментар во врска со случувањата во Алијанса за Албанците, Мицкоски одговори дека не сака да се мешаат во внатрепартиски случувања на други политички партии. -Ние не се мешаме. Седиме на страна, затоа што непримерно е тоа што го прават СДСМ и ДУИ. Директно се вклучени во случувањата во Алијанса за Албанците. Навистина сум шокиран од таквото однесување, но тоа е нивна работа. Како што не сакаме никој да се меша во внатрешните работи на ВМРО-ДПМНЕ, така и ние не сакаме да се мешаме во внатрешните работи на политичките партии, рече Мицкоски.

The post Утре ќе имаме конститутивна седница на Републичкиот изборен штаб, најави Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Николоски: Се уште не сме разговарале за коалицирање пред претстојните избори https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-se-ushte-ne-sme-razgovarale-za-koalitsirane-pred-pretstojnite-izbori/ Sun, 11 Feb 2024 13:04:21 +0000 https://republika.mk/?p=742830

Очекувам изборна кампања во која ќе зборуваме за она што се случуваше, но и за иднината. Дали кампањата ќе биде фер, не зависи само од нас, изјави потпретседателот на  ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски при денешниот престој во Прилеп кога присуствуваше на отчетото што го дава градоначалникот од оваа партија.

-Намлаку зависи од нас дали изборната кампања ќе биде фер зашто сме опозиција, но убеден сум дека ќе имаме огромна поддршка од народот, рече Николоски.

За случувањата во Алијанса за Албанците, Николоски рече дека има голема разединетост во власта, и како што истакна, според него, време е ДУИ да оди во опозиција.

-Власта со години се обидуваше да направи раздор во ВМРО-ДПМНЕ, тоа не успеа. Но, наместо еден обединет фронт каков што беше најавуван, европски или не знам каков, сега ќе имаме, очигледно, најразединет возможен фронт на власта. Време е ДУИ да оди во опозиција и се создава силен отпор кон ДУИ во политичките партии на Албанците во Македонија, изјави Николоски.

На новинарско прашање дали ВМРО-ДПМНЕ разговарала за идно коалицирање со албанските партии, Николоски изјави дека размислувале, но се уште не разговарале.

За пратенички листи и изборни единици, Николоски рече дека за листите ќе се знае кон крајот на март и почетокот на април, а за носителите веројатно нешто порано

The post Николоски: Се уште не сме разговарале за коалицирање пред претстојните избори appeared first on Република.

]]>

Очекувам изборна кампања во која ќе зборуваме за она што се случуваше, но и за иднината. Дали кампањата ќе биде фер, не зависи само од нас, изјави потпретседателот на  ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски при денешниот престој во Прилеп кога присуствуваше на отчетото што го дава градоначалникот од оваа партија. -Намлаку зависи од нас дали изборната кампања ќе биде фер зашто сме опозиција, но убеден сум дека ќе имаме огромна поддршка од народот, рече Николоски. За случувањата во Алијанса за Албанците, Николоски рече дека има голема разединетост во власта, и како што истакна, според него, време е ДУИ да оди во опозиција. -Власта со години се обидуваше да направи раздор во ВМРО-ДПМНЕ, тоа не успеа. Но, наместо еден обединет фронт каков што беше најавуван, европски или не знам каков, сега ќе имаме, очигледно, најразединет возможен фронт на власта. Време е ДУИ да оди во опозиција и се создава силен отпор кон ДУИ во политичките партии на Албанците во Македонија, изјави Николоски. На новинарско прашање дали ВМРО-ДПМНЕ разговарала за идно коалицирање со албанските партии, Николоски изјави дека размислувале, но се уште не разговарале. За пратенички листи и изборни единици, Николоски рече дека за листите ќе се знае кон крајот на март и почетокот на април, а за носителите веројатно нешто порано

The post Николоски: Се уште не сме разговарале за коалицирање пред претстојните избори appeared first on Република.

]]>