коалициски партнери Archives - Република https://republika.mk/tema/koalicioni-partneri/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Jul 2022 12:46:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png коалициски партнери Archives - Република https://republika.mk/tema/koalicioni-partneri/ 32 32 Допрва ќе граделе заеднички став: Koвачевски потврди дека нема договор меѓу коалициските партнери https://republika.mk/vesti/makedonija/doprva-kje-gradele-zaednichki-stav-kovachevski-potvrdi-deka-nema-dogovor-megju-koaliciskite-partneri/ Fri, 01 Jul 2022 12:46:42 +0000 https://republika.mk/?p=522159

Во однос на првиот француски предлог кој беше одбиен, Ковачевски рече дека и самиот тој имал забелешки.

– Еден мораше да отиде во Брисел и на маса со другите лидери јасно да го каже ставот од името на коалицијата и од името на граѓаните. Јас тоа го сторив. И тогаш не постоеја разлики помеѓу коалиционите партнери. Коалицијата денеска беше информирана во однос на предлогот и сите водевме државничка дискусија. На следен состанок ќе изградиме заеднички став, меѓутоа можам да ви кажам дека духот на разговорот беше на високо ниво – посочи Ковачевски.

The post Допрва ќе граделе заеднички став: Koвачевски потврди дека нема договор меѓу коалициските партнери appeared first on Република.

]]>

Ковачевски денеска на средба со владината коалиција https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-deneska-na-sredba-so-vladinata-koalicija/ Sun, 19 Jun 2022 08:32:00 +0000 https://republika.mk/?p=517117

Денеска (19 јуни 2022 година) претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски ќе има средба со лидерите од владината коалиција.

Средбата ќе се одржи во 13:00 часот во свечена сала, во Владата на Република Македонија.

Медиумите ќе имаат можност за видео инсерти од почетокот на средбата и потребно е да пристигнат во 12:40 часот на влезот пред медија центарот во Владата, од каде што ќе бидат спроведени до свечена сала.

По завршувањето на средбата, премиерот Димитар Ковачевски ќе има прес-конференција за медиуми на која што ќе присуствуваат и лидерите од владината коалиција, која ќе се одржи во холот на Владата.

The post Ковачевски денеска на средба со владината коалиција appeared first on Република.

]]>

Денеска (19 јуни 2022 година) претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски ќе има средба со лидерите од владината коалиција. Средбата ќе се одржи во 13:00 часот во свечена сала, во Владата на Република Македонија. Медиумите ќе имаат можност за видео инсерти од почетокот на средбата и потребно е да пристигнат во 12:40 часот на влезот пред медија центарот во Владата, од каде што ќе бидат спроведени до свечена сала. По завршувањето на средбата, премиерот Димитар Ковачевски ќе има прес-конференција за медиуми на која што ќе присуствуваат и лидерите од владината коалиција, која ќе се одржи во холот на Владата.

The post Ковачевски денеска на средба со владината коалиција appeared first on Република.

]]>
Коалициските партнери од власта в недела на средба – ќе се реафирмира ставот за редовни парламентарни избори во 2024 година https://republika.mk/vesti/makedonija/koaliciskite-partneri-od-vlasta-v-nedela-na-sredba-kje-se-reafirmira-stavot-za-redovni-parlamentarni-izbori-vo-2024-godina/ Fri, 17 Jun 2022 10:38:22 +0000 https://republika.mk/?p=516290

Освен реафирмација на ставот за одржување редовни парламентарни избори во 2024 година, премиерот Димитар Ковачевски додаде оти на коалицискиот состанок в недела коалициските партнери од власта ќе се осврнат и на важноста на водењето севкупни политики во државата во насока на задржување на стандардот на населението и унапредување на системот на Македонија и усогласување со системот на ЕУ
Коалициските партнери кои се дел од владејачкото мнозинство и од Владата в недела на средба ќе го реафирмираат ставот за одржување редовни парламентарни избори во 2024 година, заедно со претседателските, информира денеска премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања при учеството на „Преспа форумот за дијалог“ во Охрид.

На средбата, како што вели Ковачевски, секој ќе го каже своето мислење, а меѓу другото, целта е да се направи рекапитулација на сè тоа што беше направено во однос на справување со кризата во изминатите месеци од формирањето на новата влада.

Меѓу другото, ќе информираме за мерките што ќе бидат преземени, а се вцртани во ребалансот, ќе направиме и осврт и на кризата како од аспект на енергетската криза, кризата со растечките цени на светските берзи во однос на храната, на енергенсите суровините предизвикани од нападот на Русија врз Украина“, појасни Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања при учеството на „Преспа форумот за дијалог“.

Со таа позитивна средба, според Ковачевски, граѓаните ќе се уверат дека има владејачко мнозинство и влада која се грижи за животниот стандард на граѓаните и обезбедување на сè она што треба една влада да го обезбеди во услови на најголема криза. Тоа, вели, е различно од тоа што го прави опозицијата, бидејќи, како што рече, таму единствено гледаме деструкција и блокирање.

И уште пострашно, во опозицијата има политички партии кои се отворено против нашето членство во ЕУ и НАТО и кои отворено одат по состаноци во Москва во време кога цела Европа заедно со САД се бори за зачувување на демократијата во сите држави кои се дел од ЕУ, кандидати за ЕУ и оние кои сакаат да станат членки на ЕУ“, рече Ковачевски.

Премиерот додаде оти на коалицискиот состанок в недела, ќе се осврнат и на важноста на водењето севкупни политики во државата во насока на задржување на стандардот на населението и унапредување на системот на Македонија и усогласување со системот на ЕУ.

Во насока на понатамошните разговори со Бугарија, оваа коалиција, како што додаде премиерот, е европска и сите политички партии кои членуваат во неа имаат јасна цел и визија за Република Македонија која живее европски вредности, која е интегрирана во НАТО, која треба да се интегрира во ЕУ, која ги има решено сите внатрешни прашања, која ги има решено прашањата во однос на сите свои соседи.

Во моментов, заклучи тој, имаме најдобри односи со сите соседи и едно отворено прашање со Бугарија.

The post Коалициските партнери од власта в недела на средба – ќе се реафирмира ставот за редовни парламентарни избори во 2024 година appeared first on Република.

]]>

Освен реафирмација на ставот за одржување редовни парламентарни избори во 2024 година, премиерот Димитар Ковачевски додаде оти на коалицискиот состанок в недела коалициските партнери од власта ќе се осврнат и на важноста на водењето севкупни политики во државата во насока на задржување на стандардот на населението и унапредување на системот на Македонија и усогласување со системот на ЕУ Коалициските партнери кои се дел од владејачкото мнозинство и од Владата в недела на средба ќе го реафирмираат ставот за одржување редовни парламентарни избори во 2024 година, заедно со претседателските, информира денеска премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања при учеството на „Преспа форумот за дијалог“ во Охрид. На средбата, како што вели Ковачевски, секој ќе го каже своето мислење, а меѓу другото, целта е да се направи рекапитулација на сè тоа што беше направено во однос на справување со кризата во изминатите месеци од формирањето на новата влада.
Меѓу другото, ќе информираме за мерките што ќе бидат преземени, а се вцртани во ребалансот, ќе направиме и осврт и на кризата како од аспект на енергетската криза, кризата со растечките цени на светските берзи во однос на храната, на енергенсите суровините предизвикани од нападот на Русија врз Украина“, појасни Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања при учеството на „Преспа форумот за дијалог“.
Со таа позитивна средба, според Ковачевски, граѓаните ќе се уверат дека има владејачко мнозинство и влада која се грижи за животниот стандард на граѓаните и обезбедување на сè она што треба една влада да го обезбеди во услови на најголема криза. Тоа, вели, е различно од тоа што го прави опозицијата, бидејќи, како што рече, таму единствено гледаме деструкција и блокирање.
И уште пострашно, во опозицијата има политички партии кои се отворено против нашето членство во ЕУ и НАТО и кои отворено одат по состаноци во Москва во време кога цела Европа заедно со САД се бори за зачувување на демократијата во сите држави кои се дел од ЕУ, кандидати за ЕУ и оние кои сакаат да станат членки на ЕУ“, рече Ковачевски.
Премиерот додаде оти на коалицискиот состанок в недела, ќе се осврнат и на важноста на водењето севкупни политики во државата во насока на задржување на стандардот на населението и унапредување на системот на Македонија и усогласување со системот на ЕУ. Во насока на понатамошните разговори со Бугарија, оваа коалиција, како што додаде премиерот, е европска и сите политички партии кои членуваат во неа имаат јасна цел и визија за Република Македонија која живее европски вредности, која е интегрирана во НАТО, која треба да се интегрира во ЕУ, која ги има решено сите внатрешни прашања, која ги има решено прашањата во однос на сите свои соседи. Во моментов, заклучи тој, имаме најдобри односи со сите соседи и едно отворено прашање со Бугарија.  

The post Коалициските партнери од власта в недела на средба – ќе се реафирмира ставот за редовни парламентарни избори во 2024 година appeared first on Република.

]]>
Сите коалициски партнери на ВМРО-ДПМНЕ ќе дадат поддршка на протестот во сабота https://republika.mk/vesti/makedonija/site-koaliciski-partneri-na-vmro-dpmne-kje-dadat-poddrshka-na-protestot-vo-sabota/ Wed, 15 Jun 2022 07:03:20 +0000 https://republika.mk/?p=515317

Под мотото „Премногу е“, партијата ВМРО-ДПМНЕ во сабота организира голем протест пред Владата со почеток во 20 часот.

-ВМРО-ДПМНЕ ве повикува на голем општонароден протест за промени. Заедно да го искажеме незадоволството од неспособноста на власта, незадоволството од широкораспространета корупција спонзорирана од власта, незадоволството од тоа како живеееме наспроти аздисаноста на власта, незадоволството од се’ помалите плати наспроти се’ поголемите цени, незадоволството од неостварениот сон за приклучување кон Европската Унија, незадоволството од недостапната правда, здравствената заштита и општата сигурност, се вели во повикот на партијата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера информираше дека одржал состанок со претседателите на партиите дел од Коалицијата за Обнова на Македонија.

[caption id="attachment_513471" align="alignnone" width="640"] (фото: Призма)[/caption]

– На состанокот претседателите на сите партии беа едногласни дека со секој поминат ден со СДСМ и ДУИ на чело на владата народот живее се полошо, криминалот е секојдневие, а сиромаштијата се повеќе ни се заканува. Премногу е од оваа власта, е генералниот заклучок од средбата, констатација која што велат не е само нивен став, туку и на стотици илјади граѓани низ државата, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека претседателите на политичките партии дел од Коалицијата за Обнова на Македонија дадоа поддршка за протестот во сабота на 18-ти јуни, и сите политички партии учествуваат во негова подготовка и се поголема масовност на истиот.

The post Сите коалициски партнери на ВМРО-ДПМНЕ ќе дадат поддршка на протестот во сабота appeared first on Република.

]]>

Под мотото „Премногу е“, партијата ВМРО-ДПМНЕ во сабота организира голем протест пред Владата со почеток во 20 часот.
-ВМРО-ДПМНЕ ве повикува на голем општонароден протест за промени. Заедно да го искажеме незадоволството од неспособноста на власта, незадоволството од широкораспространета корупција спонзорирана од власта, незадоволството од тоа како живеееме наспроти аздисаноста на власта, незадоволството од се’ помалите плати наспроти се’ поголемите цени, незадоволството од неостварениот сон за приклучување кон Европската Унија, незадоволството од недостапната правда, здравствената заштита и општата сигурност, се вели во повикот на партијата.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера информираше дека одржал состанок со претседателите на партиите дел од Коалицијата за Обнова на Македонија. [caption id="attachment_513471" align="alignnone" width="640"] (фото: Призма)[/caption]