Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент од Скопје објави конкурс за наградата „Македонска книжевна авангарда“ за најдобра книга објавена во 2021 година.
Како што соопшти организаторот на конкурсот, наградата се доделува за иновативна, експериментална и креативна книга. Конкурсот ќе трае до 31 јануари, а добитникот на наградата ќе биде познат до крајот на идниот месец.
Наградата е во вид на плакета, а досега ја добиле авторите: Елена Пренџова, Марина Мијаковска, Дејан Трајкоски, Стефан Марковски, Ана Бунтескa, Бистра Илин Шеќеровски, Даниела Андоновска-Трајковска, Митко Гогов и Габриела Стојаноска-Станоеска.
Заинтересираните за учество на конкурсот треба да пратат или достават по еден примерок од своите книги на адреса: „Македонија презент“, ул.„Костурски херои“ бр.35, 1000 Скопје или по е-пошта: [email protected].
The post Објавен конкурс за наградата „Македонска книжевна авангарда“ appeared first on Република.
]]>The post Објавен конкурс за наградата „Македонска книжевна авангарда“ appeared first on Република.
]]>