книжевен разговор Archives - Република https://republika.mk/tema/knizeven-razgovor/ За подобро да се разбереме Wed, 05 Jun 2024 08:59:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png книжевен разговор Archives - Република https://republika.mk/tema/knizeven-razgovor/ 32 32 Книжевен разговор и промоција на книгата „Небото ми е дома“ од академик Катица Ќулавкова https://republika.mk/vesti/kultura/knizheven-razgovor-i-promotsija-na-knigata-neboto-mi-e-doma-od-akademik-katitsa-kulavkova/ Wed, 05 Jun 2024 08:59:52 +0000 https://republika.mk/?p=784869

Вечерва во Хотел „Сириус“ во Струмица ќе се одржи книжевен разговор и промоција на книгата „Небото ми е дома“ од академик професор Катица Ќулавкова во организација на Фондација „Елеуса“.

Промотори на книгата ќе бидат д-р Игор Радев, д-р Ана Витанова Рингачева и м-р Сузана Мицева, поезијата ќе ја интерпретира Катерина Панов Кожаров, а настанот музички ќе го збогатат ВИС „Стихири“.

Во најавата за промоцијата организаторите ја пренесуваат изјавата на Ќулавкова дека станува збор за збирка од четири циклуси, набожна поезија.

-Поезијата не може да биде „побожна“, но може да има „набожна“ димензија. Во набожната поезија универзалните мотиви се посматраат на непретенциозен и рафиниран личен начин. Таквата поезија искажува верски чувства не само експлицитно, со зборови, туку и преку интонацијата, ритамот. Таквата поезија користи митски слики, алузии, метафори, алегории, реминисценции, симболи. Таквата поезија не глуми, туку востановува извесни состојби на богољубие, ја дивинизира природата и го користи „сакралниот интертекст“ за поетски цели (одломки од светите писма), пишува авторката во предговорот.

Академик Ќулавкова додава дека книгата почнала спонтано, но последните неколку години на неа работела концептуално и со јасна свест. Професорката суптилно нагласува дека можеби мотивот во таквата концептуалност лежи во она што е спротивно на верата, која, како што појаснува проф.д-р Ќулавкова, не е неверата, туку изневерата и тоа на идеалите и неотуѓивите добра на индивидуата.

Катица Ќулавкова (1951) е писателка и универзитетски професор во пензија по теорија и херменевтика на книжевноста. Таа е редовен член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) од 2003 година, член на Европската академија на науките и уметностите (Салцбург) и потпретседател на Меѓународниот ПЕН (Лондон). Почесен член е на Францускиот и на Турскиот ПЕН центар. Има објавено околу сто книги, било како автор (поезија, кратки раскази, есеи, критики и научни студии), или како приредувач, главен редактор или коавтор, во оригинал на македонски јазик или во превод.

Добитник е на сите позначајни македонски книжевни награди, како и на државните награди за животно дело „11 Октомври“ и за наука „Гоце Делчев“. Добитник е и на награди на Друштвото на писателите на Романија и на Албанскиот ПЕН Центар. Во 2021 година француската Влада ѝ го додели високото признание „Офицер во областа на уметноста и книжевноста“.

The post Книжевен разговор и промоција на книгата „Небото ми е дома“ од академик Катица Ќулавкова appeared first on Република.

]]>

Вечерва во Хотел „Сириус“ во Струмица ќе се одржи книжевен разговор и промоција на книгата „Небото ми е дома“ од академик професор Катица Ќулавкова во организација на Фондација „Елеуса“. Промотори на книгата ќе бидат д-р Игор Радев, д-р Ана Витанова Рингачева и м-р Сузана Мицева, поезијата ќе ја интерпретира Катерина Панов Кожаров, а настанот музички ќе го збогатат ВИС „Стихири“.
Во најавата за промоцијата организаторите ја пренесуваат изјавата на Ќулавкова дека станува збор за збирка од четири циклуси, набожна поезија. -Поезијата не може да биде „побожна“, но може да има „набожна“ димензија. Во набожната поезија универзалните мотиви се посматраат на непретенциозен и рафиниран личен начин. Таквата поезија искажува верски чувства не само експлицитно, со зборови, туку и преку интонацијата, ритамот. Таквата поезија користи митски слики, алузии, метафори, алегории, реминисценции, симболи. Таквата поезија не глуми, туку востановува извесни состојби на богољубие, ја дивинизира природата и го користи „сакралниот интертекст“ за поетски цели (одломки од светите писма), пишува авторката во предговорот.
Академик Ќулавкова додава дека книгата почнала спонтано, но последните неколку години на неа работела концептуално и со јасна свест. Професорката суптилно нагласува дека можеби мотивот во таквата концептуалност лежи во она што е спротивно на верата, која, како што појаснува проф.д-р Ќулавкова, не е неверата, туку изневерата и тоа на идеалите и неотуѓивите добра на индивидуата. Катица Ќулавкова (1951) е писателка и универзитетски професор во пензија по теорија и херменевтика на книжевноста. Таа е редовен член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) од 2003 година, член на Европската академија на науките и уметностите (Салцбург) и потпретседател на Меѓународниот ПЕН (Лондон). Почесен член е на Францускиот и на Турскиот ПЕН центар. Има објавено околу сто книги, било како автор (поезија, кратки раскази, есеи, критики и научни студии), или како приредувач, главен редактор или коавтор, во оригинал на македонски јазик или во превод. Добитник е на сите позначајни македонски книжевни награди, како и на државните награди за животно дело „11 Октомври“ и за наука „Гоце Делчев“. Добитник е и на награди на Друштвото на писателите на Романија и на Албанскиот ПЕН Центар. Во 2021 година француската Влада ѝ го додели високото признание „Офицер во областа на уметноста и книжевноста“.

The post Книжевен разговор и промоција на книгата „Небото ми е дома“ од академик Катица Ќулавкова appeared first on Република.

]]>
Книжевен разговор со Јулијана Величковска, авторка на „Годишни времиња“ во „Браќа Миладиновци“ https://republika.mk/vesti/kultura/knizheven-razgovor-so-julijana-velichkovska-avtorka-na-godishni-vremina-vo-braka-miladinovtsi/ Sun, 05 Mar 2023 13:24:30 +0000 https://republika.mk/?p=616041

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје во вторник (7 март) организира книжевен разговор со Јулијана Величковска, авторка на „Годишни времиња“ која е книга на месецот во библиотеката.

Книжевната средба ќе започне во 19:00 часот во Спомен собата „Т’га за југ“, а разговорот ќе го води книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерката Ива Милчова.

„’Годишни времиња’ е кусо, но интензивно патување низ времето низ седумдесетина приказни од секојдневието, низ само навидум едноставни и банални нешта. Раскажувањето е едноставно, разбирливо, на одредени места прозата поминува во поезија, па и во музика. Јазикот е едноставен, секојдневен што го прави ‘Годишни времиња’ разбирлив за сите генерации“, пишуваат од библиотеката.

Се работи за првиот роман на Величковска, кој е објавен во 2014 година, а досега доживеал четири изданија. Во 2017 година, книгата е издадена и на бугарски јазик во превод на Поли Муканова.

„Годишни времиња“, информираат од библиотеката, ќе биде тема и на Клубот на читатели на 25 март.

Јулијана Величковска дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Основач е на издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје, коосновач и директор е на „Скопскиот поетски фестивал“ и програмски директор на „Поетска ноќ во Велестово“, Охрид. Член е на Друштвото на писателите на Македонија. Таа е автор на неколку стихозбирки и книга за деца.

Разговорот со Величковска е дел од кампањата на библиотеката #ЧитамеСовремениМакедонскиАвтори што има за цел  да ги доближи делата од современите домашни автори до што повеќе читатели.

The post Книжевен разговор со Јулијана Величковска, авторка на „Годишни времиња“ во „Браќа Миладиновци“ appeared first on Република.

]]>

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје во вторник (7 март) организира книжевен разговор со Јулијана Величковска, авторка на „Годишни времиња“ која е книга на месецот во библиотеката. Книжевната средба ќе започне во 19:00 часот во Спомен собата „Т’га за југ“, а разговорот ќе го води книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерката Ива Милчова. „’Годишни времиња’ е кусо, но интензивно патување низ времето низ седумдесетина приказни од секојдневието, низ само навидум едноставни и банални нешта. Раскажувањето е едноставно, разбирливо, на одредени места прозата поминува во поезија, па и во музика. Јазикот е едноставен, секојдневен што го прави ‘Годишни времиња’ разбирлив за сите генерации“, пишуваат од библиотеката. Се работи за првиот роман на Величковска, кој е објавен во 2014 година, а досега доживеал четири изданија. Во 2017 година, книгата е издадена и на бугарски јазик во превод на Поли Муканова. „Годишни времиња“, информираат од библиотеката, ќе биде тема и на Клубот на читатели на 25 март. Јулијана Величковска дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Основач е на издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје, коосновач и директор е на „Скопскиот поетски фестивал“ и програмски директор на „Поетска ноќ во Велестово“, Охрид. Член е на Друштвото на писателите на Македонија. Таа е автор на неколку стихозбирки и книга за деца. Разговорот со Величковска е дел од кампањата на библиотеката #ЧитамеСовремениМакедонскиАвтори што има за цел  да ги доближи делата од современите домашни автори до што повеќе читатели.

The post Книжевен разговор со Јулијана Величковска, авторка на „Годишни времиња“ во „Браќа Миладиновци“ appeared first on Република.

]]>