Книга на месецот Archives - Република https://republika.mk/tema/kniga-na-mesetsot/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Mar 2024 16:18:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Книга на месецот Archives - Република https://republika.mk/tema/kniga-na-mesetsot/ 32 32 Разговор со Лилјана Пандева, чија збирка раскази „Луѓенца“ е книга на месецот во Библиотеката “Браќа Миладиновци“ https://republika.mk/vesti/kultura/razgovor-so-liljana-pandeva-chija-zbirka-raskazi-lugentsa-e-kniga-na-mesetsot-vo-bibliotekata-braka-miladinovtsi/ Mon, 04 Mar 2024 17:47:13 +0000 https://republika.mk/?p=751174

В понеделник (4 март) во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе се одржи разговор со авторката Лилјана Пандева,чија збирка раскази „Луѓенца“ е книга на месецот во Библиотеката. Настанот ќе се одржи во спомен-собата „Т’га за југ“ со почеток во 19 часот.

Разговорот со Пандева ќе го води книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти ќе чита актерот Андреј Серафимовски.

Збирката „Луѓенца“ (ПНВ Публикации, 2022) содржи седумнаесет мајсторски раскажани раскази за колку обични, толку и необични луѓе, што можеби секојдневно ги среќаваме на улица.

Станува збор за приказни што импонираат како со тематската актуелност, меѓусебната суптилнаповрзаност меѓу приказните,така и со раскошната палета на наративни стратегии - ќе запише за „Луѓенца“ Владимир Мартиновски.

Лилјана Пандева е родена во 1964 година во Ново Село, Струмица. Таа е дипломиран професор по македонска и јужнословенски книжевности и македонски јазик. Доктор е на филолошки науки.

Автор е на повеќе дела, меѓу кои: „Новогодишни едночинки“, драмолети за деца во стих, поетската збирка „Љубов од Адо Шиобратно“, на збирките раскази „Возовите на Луцерн“ „Канцелариски колумни“,„Класифицирано“, „Заорани“, „Луѓенца“, „Хранителки“,на романите „Од агендата на Калина Калин“, „Дневници на една љубов“, „Два Божика“ „Доилката“, добитник на наградата „Стале Попов“ на ДПМ, на поемата „Капетаните“ за која ја доби наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема, добитник е на Наградата 13 Ноември на Град Скопје за 2021 година, во областа култура за придонес во македонската современа книжевност и како лектор по македонски јазик, како и на повеќе награди за краток расказ. Автор е и на поголем број научни трудови од областа на македонистиката и книжевната критика. Нејзините дела се преведени на повеќе странски јазици.

Книгата на месецот, Разговорот со авторот и Клубот на читатели се дел од големата кампања на „Читаме современи македонски автори“ што Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ја спроведува втора година по ред, како силна поддршка за домашните автори, издавачи, но и македонскиот јазик.

The post Разговор со Лилјана Пандева, чија збирка раскази „Луѓенца“ е книга на месецот во Библиотеката “Браќа Миладиновци“ appeared first on Република.

]]>