клиника Archives - Република https://republika.mk/tema/klinika/ За подобро да се разбереме Fri, 16 Aug 2024 11:14:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png клиника Archives - Република https://republika.mk/tema/klinika/ 32 32 Мицкоски: Како Влада остануваме фокусирани на подобрување на здравствениот систем и здравствената заштита и услуги на пациентите https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-kako-vlada-ostanuvame-fokusirani-na-podobruvane-na-zdravstveniot-sistem-i-zdravstvenata-zashtita-i-uslugi-na-patsientite/ Fri, 16 Aug 2024 11:11:51 +0000 https://republika.mk/?p=807185

На покана на министерот, на покана на директорот овде во Дигестивната клиника сведочиме на навистина едно импозантно дело коешто можеби за државното јавно здравство и не е вообичаено, но како што кажа и министерот многу конкурентно и условите се би рекол подобри доколку се споредат со некои од приватните клиники, истакна премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Клиниката за дигестивна хирургија.

Во периодот којшто следи ќе има уште многу вакви убави работи за македонското здравство.

Мандатот го започнавме со една посета на клиничката болница во Штип каде што кажавме дека продолжува проектот за завршување на клиничката болница во Штип и болницата во Кичево, едни два споменика условно кажано од едно време во минатото кој што оваа Влада има амбиција да го заврши и доколку тоа ќе биде успешно тогаш очекуваме таква една реплика да се направи на еден голем клинички центар коишто долго се ветува, но никако да се случи.

Така што како Влада остануваме фокусирани на ваков тип на проекти, полека но сигурно почнуваме да го планираме Буџетот за следната година, здравството и услугите коишто ги нуди јавното здравство, државно здравство се наш приоритет и така ќе продолжиме и во иднина да се однесуваме.

Времето на кланови, времето на семејни бизниси во здравството кои што го црпеа пациентот и македонското здравство завршува, набргу денеска ќе има одговорност за сето она што е направено во минатото и не им е тоа доволно ги гледаме како истите тие со баслосовни каматни стапки ги оптоваруваат клиниките и болниците и мислат дека на тој начин ќе профитираат на грбот на пациентите, тоа нема да се случи, јас ви ветувам.

Уште еднашка честитам и на министерот и на директорот, посакувам уште многу вакви проекти во иднина да ни се случуваат бидејќи нашите пациенти тоа го заслужуваат.

The post Мицкоски: Како Влада остануваме фокусирани на подобрување на здравствениот систем и здравствената заштита и услуги на пациентите appeared first on Република.

]]>

На покана на министерот, на покана на директорот овде во Дигестивната клиника сведочиме на навистина едно импозантно дело коешто можеби за државното јавно здравство и не е вообичаено, но како што кажа и министерот многу конкурентно и условите се би рекол подобри доколку се споредат со некои од приватните клиники, истакна премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Клиниката за дигестивна хирургија.
Во периодот којшто следи ќе има уште многу вакви убави работи за македонското здравство. Мандатот го започнавме со една посета на клиничката болница во Штип каде што кажавме дека продолжува проектот за завршување на клиничката болница во Штип и болницата во Кичево, едни два споменика условно кажано од едно време во минатото кој што оваа Влада има амбиција да го заврши и доколку тоа ќе биде успешно тогаш очекуваме таква една реплика да се направи на еден голем клинички центар коишто долго се ветува, но никако да се случи. Така што како Влада остануваме фокусирани на ваков тип на проекти, полека но сигурно почнуваме да го планираме Буџетот за следната година, здравството и услугите коишто ги нуди јавното здравство, државно здравство се наш приоритет и така ќе продолжиме и во иднина да се однесуваме. Времето на кланови, времето на семејни бизниси во здравството кои што го црпеа пациентот и македонското здравство завршува, набргу денеска ќе има одговорност за сето она што е направено во минатото и не им е тоа доволно ги гледаме како истите тие со баслосовни каматни стапки ги оптоваруваат клиниките и болниците и мислат дека на тој начин ќе профитираат на грбот на пациентите, тоа нема да се случи, јас ви ветувам. Уште еднашка честитам и на министерот и на директорот, посакувам уште многу вакви проекти во иднина да ни се случуваат бидејќи нашите пациенти тоа го заслужуваат.

The post Мицкоски: Како Влада остануваме фокусирани на подобрување на здравствениот систем и здравствената заштита и услуги на пациентите appeared first on Република.

]]>
32-годишна жена почина на Клинички по операција за вадење камен од бубрегот https://republika.mk/vesti/makedonija/32-godishna-zhena-pochina-na-klinichki-po-operatsija-za-vadene-kamen-od-bubregot/ Tue, 02 Jul 2024 13:12:57 +0000 https://republika.mk/?p=792803

Tриесет и двегодишна жена од Тетово починала еден ден по операција за отстранување на камен од бубрег.

Документите за нејзината медицинска историја, до кои дошле од „Слободен печат“, покажуваат дека на 19 јуни младата пациентка од Тетово, влегла во операциона сала на Клиниката за Урологија во Клинички центар во Скопје за елективна операција за отстранување камен во бубрегот, а наредниот ден починала на КАРИЛ.

Нејзиниот сопруг за „Слободен печат“ вели дека ја бара вистината и ќе поведе судска постапка со вештачења од странство.

Прво ни рекоа да го извади го каменот од бубрегот, за да ѝ биде функционален бубрегот. После операцијата рекоа дека го извадиле бубрегот за да ѝ го спасат животот.

Жена ми почина на 19 јуни и имаше три операции, беше враќана во сала три пати. Ја барам вистината, мојот петгодишен син секој ден ме прашува кога ќе си дојде мајка му од болница“, вели за „Слободен печат“ сопругот на починатата пациентка.

Тој денеска добил две отпусни писма, едното од Клиниката за урологија, а второто од КАРИЛ.

Повеќе на „Слободен печат“.

The post 32-годишна жена почина на Клинички по операција за вадење камен од бубрегот appeared first on Република.

]]>

Tриесет и двегодишна жена од Тетово починала еден ден по операција за отстранување на камен од бубрег. Документите за нејзината медицинска историја, до кои дошле од „Слободен печат“, покажуваат дека на 19 јуни младата пациентка од Тетово, влегла во операциона сала на Клиниката за Урологија во Клинички центар во Скопје за елективна операција за отстранување камен во бубрегот, а наредниот ден починала на КАРИЛ. Нејзиниот сопруг за „Слободен печат“ вели дека ја бара вистината и ќе поведе судска постапка со вештачења од странство.
Прво ни рекоа да го извади го каменот од бубрегот, за да ѝ биде функционален бубрегот. После операцијата рекоа дека го извадиле бубрегот за да ѝ го спасат животот. Жена ми почина на 19 јуни и имаше три операции, беше враќана во сала три пати. Ја барам вистината, мојот петгодишен син секој ден ме прашува кога ќе си дојде мајка му од болница“, вели за „Слободен печат“ сопругот на починатата пациентка.
Тој денеска добил две отпусни писма, едното од Клиниката за урологија, а второто од КАРИЛ. Повеќе на „Слободен печат“.

The post 32-годишна жена почина на Клинички по операција за вадење камен од бубрегот appeared first on Република.

]]>
Шабани: Има привремено, неопходно е трајно решение на проблемот со оперативниот блок на хирургија https://republika.mk/vesti/makedonija/shabani-ima-privremeno-neophodno-e-trajno-reshenie-na-problemot-so-operativniot-blok-na-hirurgija/ Wed, 05 Jun 2024 12:14:52 +0000 https://republika.mk/?p=784967

На Клиниката за урологија ќе работи една сала во две смени, од денеска и официјално имаме известување од директорот дека ќе се почнува со елективна програма, најдено е некое привремено решение, затоа што еве веќе три недели има технички проблем. Привремено решение со поставени компресори однадвор, но и мобилни компресори во сала. Сѐ уште нема трајно решение за оперативните сали. Каков ќе биде целиот систем на гасовод и на компресорските станици, уште не се знае. Не работиме со полн капацитет. Најавено е дека од понеделник ќе бидеме спремни да работат две сали со елективна програма.

Ова попладнево го истакна Башким Шабани, вработен на Клиниката за урологија во Скопје, хирург уролог, во изјава за медиумите.

Тој појасни дека според нивните информации, сите хируршки клиники претходно имале околу сто операции дневно. Проблемот со оперативниот блок на хирургија трае околу еден месец. Се работи за околу две илјади операции, а поради одморите, рече тој, листата на чекање ќе се пролонгира за уште два - три месеци.

Здравствениот систем во Македонија е централизиран. Најголемите хируршки интервенции се прават во Клиничкиот центар. За жал, ова многу ќе влијае во здравствената состојба на пациентите. Има пациенти со карцином на простата, на пример, таму има простор за чекање. Меѓутоа, има тумори на мочен меур, на бубрег, што навистина не можат да чекаат многу, бидејќи, додека се чека, може да се појават и метастази - појасни докторот.

Тој нагласи дека трајното решение е во смена на компресорската станица со цевководите, целиот компресорски систем. Станицата била стара 30 години, а според тоа што го слушнале и германските експерти кои биле на увид на целиот систем на гасовод, компресорска станица, кажале дека станицата е стара со цевководите и рокот на траење на таквите станици е толкав.

Се доцни со изградба на нов клинички центар, подвлече докторот, кој на клиниката работел околу дваесет години.

Тежок удар е да не работи оперативниот блок толку време, Клиничкиот центар е столбот на здравството - рече тој, истакнувајќи дека многу порано требало да се размислува од надлежни фактори, за да не дојде до ова, што се случува изминативе денови.

The post Шабани: Има привремено, неопходно е трајно решение на проблемот со оперативниот блок на хирургија appeared first on Република.

]]>

На Клиниката за урологија ќе работи една сала во две смени, од денеска и официјално имаме известување од директорот дека ќе се почнува со елективна програма, најдено е некое привремено решение, затоа што еве веќе три недели има технички проблем. Привремено решение со поставени компресори однадвор, но и мобилни компресори во сала. Сѐ уште нема трајно решение за оперативните сали. Каков ќе биде целиот систем на гасовод и на компресорските станици, уште не се знае. Не работиме со полн капацитет. Најавено е дека од понеделник ќе бидеме спремни да работат две сали со елективна програма. Ова попладнево го истакна Башким Шабани, вработен на Клиниката за урологија во Скопје, хирург уролог, во изјава за медиумите. Тој појасни дека според нивните информации, сите хируршки клиники претходно имале околу сто операции дневно. Проблемот со оперативниот блок на хирургија трае околу еден месец. Се работи за околу две илјади операции, а поради одморите, рече тој, листата на чекање ќе се пролонгира за уште два - три месеци.
Здравствениот систем во Македонија е централизиран. Најголемите хируршки интервенции се прават во Клиничкиот центар. За жал, ова многу ќе влијае во здравствената состојба на пациентите. Има пациенти со карцином на простата, на пример, таму има простор за чекање. Меѓутоа, има тумори на мочен меур, на бубрег, што навистина не можат да чекаат многу, бидејќи, додека се чека, може да се појават и метастази - појасни докторот.
Тој нагласи дека трајното решение е во смена на компресорската станица со цевководите, целиот компресорски систем. Станицата била стара 30 години, а според тоа што го слушнале и германските експерти кои биле на увид на целиот систем на гасовод, компресорска станица, кажале дека станицата е стара со цевководите и рокот на траење на таквите станици е толкав. Се доцни со изградба на нов клинички центар, подвлече докторот, кој на клиниката работел околу дваесет години.
Тежок удар е да не работи оперативниот блок толку време, Клиничкиот центар е столбот на здравството - рече тој, истакнувајќи дека многу порано требало да се размислува од надлежни фактори, за да не дојде до ова, што се случува изминативе денови.

The post Шабани: Има привремено, неопходно е трајно решение на проблемот со оперативниот блок на хирургија appeared first on Република.

]]>
Британец починал на Клиника, бил донесен во тешка состојба https://republika.mk/vesti/crna-hronika/britanets-pochinal-na-klinika-bil-donesen-vo-teshka-sostojba/ Thu, 04 Apr 2024 16:17:28 +0000 https://republika.mk/?p=762206

Вчера вечер, во 19.12 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека на една од клиниките починал 63-годишниот А.Г.Г. од Велика Британија, кој престојувал во хотел во Скопје, извести МВР.

Според пријавеното, на 01.04.2024 во 23.28 часот тој бил донесен во клиникита во тешка здравствена состојба, а на 03.04.2024 починал, соопшти МВР.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

The post Британец починал на Клиника, бил донесен во тешка состојба appeared first on Република.

]]>

Вчера вечер, во 19.12 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека на една од клиниките починал 63-годишниот А.Г.Г. од Велика Британија, кој престојувал во хотел во Скопје, извести МВР. Според пријавеното, на 01.04.2024 во 23.28 часот тој бил донесен во клиникита во тешка здравствена состојба, а на 03.04.2024 починал, соопшти МВР. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.  

The post Британец починал на Клиника, бил донесен во тешка состојба appeared first on Република.

]]>
Разочарани сме од третманот на Министерството за здравство, бараме плата на ниво на доктор по општа медицина на Клиника, велат приватните специјализанти https://republika.mk/zivot/zdravje/razocharani-sme-od-tretmanot-na-ministerstvoto-za-zdravstvo-barame-plata-na-nivo-na-doktor-po-opshta-meditsina-na-klinika-velat-privatnite-spetsijalizanti/ Tue, 27 Feb 2024 10:35:08 +0000 https://republika.mk/?p=748835

Разочарани сме од третманот на Министерството за здравство, бараме плата на ниво на доктор по општа медицина на Клиника, велат приватните специјализанти. Од Здружението на лекари специјализанти (ЗЛС) го поздравуваат најавеното линеарно покачување за 5 отсто за сите здравствени работници и соработници за март 2024 година и веруваат дека ваквиот тренд мора да продолжи.

Од ЗЛД велат дека група од над 300 лекари - приватни специјализанти секојдневно работат со нивните колеги за само 26 000 денари, сума која е многу близу до минималната плата.

Ниедно покачување до сега не ја опфати оваа група на лекари кои сè уште немаат ниту пензиско осигурување и сите најави за трансформација на нивниот работен однос пропаднаа, со што оваа група на лекари беше повторно изиграна од Министерството за здравство. Бараме итно покачување на надоместокот на приватните специјализанти согласно просечната плата во Македонија во износ на 39.998 денари и трајно решавање на статусот на вработување на овие лекари согласно многубројните ветувања до сега, се вели во реакцијата на ЗЛС.

Приватните специјализанти во реакцијата до ЗЛС бараат да им бидат поддржани барањата и истите да ги проследат до министерот за здравство и одговорните институции.

Како приватни специјализанти кои редовно ги обавуваме своите обврски на клиниките од Клиничкиот Центар, сме видно разочарани од третманот на Министерството за здравство. Приватните специјализанти се столбот на здравствениот систем, придонесувајќи значително за грижата за пациентите и медицинските услуги. Месечниот надоместок кој го добиваме како специјализанти од 26000 денари, кој има за цел да ја признае нашата стручност и посветеност, не може да ги покрие дури ни основните животни трошоци, бидејќи не задоволува ни половина од потрошувачката кошничка во државава. Тоа значи дека нашиот живот е сведен на минимум, притоа сме оставени и без соодветно здравствено осигурување, велат приватните специјализанти.

Тие додаваат дека во изминатиов период неколку пати се зголемија платите на здравствениот персонал, повторно е најавено зголемување на платите од месец март, а тие се постојано исклучени од покачувањата на платите на здравствениот персонал.

И ние приватните специјализанти сме составен дел од здравствениот систем, но со третманот кој го добиваме се чувствуваме исклучени од истиот. Во моментов во Клинички Центар Мајка Тереза има повеќе од 270 приватни специјализанти кои редовно држат смени, амбуланти, дежурства и макотрпно ги извршуваат своите обврски како специјализанти. Ја изразуваме нашата загриженост и бараме итно покачување на платите и решавање на нашиот статус. Во моментов се водиме како невработени лица, со договор на дело, без ни еден ден стаж во тек на 6 години специјализација. Бараме плата која ќе биде на ниво на доктор по општа медицина во ЈЗУ Клинички Центар. Бараме од Вас веднаш да пристапите кон решавање на нашиот статус и покачување на платите или во спротивно ќе бидеме приморани сите приватни специјализанти да престанеме со извршување на било какви обврски на соодветните Клиники, велат специјализантите.

The post Разочарани сме од третманот на Министерството за здравство, бараме плата на ниво на доктор по општа медицина на Клиника, велат приватните специјализанти appeared first on Република.

]]>

Разочарани сме од третманот на Министерството за здравство, бараме плата на ниво на доктор по општа медицина на Клиника, велат приватните специјализанти. Од Здружението на лекари специјализанти (ЗЛС) го поздравуваат најавеното линеарно покачување за 5 отсто за сите здравствени работници и соработници за март 2024 година и веруваат дека ваквиот тренд мора да продолжи. Од ЗЛД велат дека група од над 300 лекари - приватни специјализанти секојдневно работат со нивните колеги за само 26 000 денари, сума која е многу близу до минималната плата.
Ниедно покачување до сега не ја опфати оваа група на лекари кои сè уште немаат ниту пензиско осигурување и сите најави за трансформација на нивниот работен однос пропаднаа, со што оваа група на лекари беше повторно изиграна од Министерството за здравство. Бараме итно покачување на надоместокот на приватните специјализанти согласно просечната плата во Македонија во износ на 39.998 денари и трајно решавање на статусот на вработување на овие лекари согласно многубројните ветувања до сега, се вели во реакцијата на ЗЛС.
Приватните специјализанти во реакцијата до ЗЛС бараат да им бидат поддржани барањата и истите да ги проследат до министерот за здравство и одговорните институции.
Како приватни специјализанти кои редовно ги обавуваме своите обврски на клиниките од Клиничкиот Центар, сме видно разочарани од третманот на Министерството за здравство. Приватните специјализанти се столбот на здравствениот систем, придонесувајќи значително за грижата за пациентите и медицинските услуги. Месечниот надоместок кој го добиваме како специјализанти од 26000 денари, кој има за цел да ја признае нашата стручност и посветеност, не може да ги покрие дури ни основните животни трошоци, бидејќи не задоволува ни половина од потрошувачката кошничка во државава. Тоа значи дека нашиот живот е сведен на минимум, притоа сме оставени и без соодветно здравствено осигурување, велат приватните специјализанти.
Тие додаваат дека во изминатиов период неколку пати се зголемија платите на здравствениот персонал, повторно е најавено зголемување на платите од месец март, а тие се постојано исклучени од покачувањата на платите на здравствениот персонал.
И ние приватните специјализанти сме составен дел од здравствениот систем, но со третманот кој го добиваме се чувствуваме исклучени од истиот. Во моментов во Клинички Центар Мајка Тереза има повеќе од 270 приватни специјализанти кои редовно држат смени, амбуланти, дежурства и макотрпно ги извршуваат своите обврски како специјализанти. Ја изразуваме нашата загриженост и бараме итно покачување на платите и решавање на нашиот статус. Во моментов се водиме како невработени лица, со договор на дело, без ни еден ден стаж во тек на 6 години специјализација. Бараме плата која ќе биде на ниво на доктор по општа медицина во ЈЗУ Клинички Центар. Бараме од Вас веднаш да пристапите кон решавање на нашиот статус и покачување на платите или во спротивно ќе бидеме приморани сите приватни специјализанти да престанеме со извршување на било какви обврски на соодветните Клиники, велат специјализантите.

The post Разочарани сме од третманот на Министерството за здравство, бараме плата на ниво на доктор по општа медицина на Клиника, велат приватните специјализанти appeared first on Република.

]]>
Скопјанец удри во билборд на „Теодосиј Гологанов“, со сопатничката пренесени на Клиника https://republika.mk/vesti/skopjanets-udri-vo-bilbord-na-teodosij-gologanov-so-sopatnichkata-preneseni-na-klinika/ Sun, 11 Feb 2024 15:35:06 +0000 https://republika.mk/?p=742885

Триесет и петгодишен ноќеска со своето возило удрил во билборд во центарот на Скопје по што се здобил со тешки повреди, додека пак сопатничката била полесно повредена.

„Денеска (11.02.2024) во 00.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, патничко моторно возило „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(35) од Скопје, удрило во билборд. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека сопатничката М.К.(27) од Скопје со телесни повреди, констатирани во Грaдската општа болница „Св.Наум Охридски“ “, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

The post Скопјанец удри во билборд на „Теодосиј Гологанов“, со сопатничката пренесени на Клиника appeared first on Република.

]]>

Триесет и петгодишен ноќеска со своето возило удрил во билборд во центарот на Скопје по што се здобил со тешки повреди, додека пак сопатничката била полесно повредена. „Денеска (11.02.2024) во 00.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, патничко моторно возило „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(35) од Скопје, удрило во билборд. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека сопатничката М.К.(27) од Скопје со телесни повреди, констатирани во Грaдската општа болница „Св.Наум Охридски“ “, информираат од МВР. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.  

The post Скопјанец удри во билборд на „Теодосиј Гологанов“, со сопатничката пренесени на Клиника appeared first on Република.

]]>
19-годишно момче од Турција починало на скопска Клиника https://republika.mk/vesti/crna-hronika/19-godishno-momche-od-turtsija-pochinalo-na-skopska-klinika/ Fri, 02 Feb 2024 14:54:45 +0000 https://republika.mk/?p=739807

Вчера попладне до полицијата пристигната пријава за смртен случај на скопските клиники.

На 01.02.2024 во 14.30 часот, во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“, е пријавено дека околу 12.40 часот починал О.Ј.(19) од Република Турција, со престој во Скопје, кој околу 10.15 часот бил примен кај нив во тешка здравствена состојба. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција, соопшти полицијата во дневниот билтен.

The post 19-годишно момче од Турција починало на скопска Клиника appeared first on Република.

Вработен на клиника бил агресивен кон колега https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vraboten-na-klinika-bil-agresiven-kon-kolega/ Thu, 30 Nov 2023 17:18:28 +0000 https://republika.mk/?p=718107

На 29.11.2023 во 14:00 часот во СВР Скопје, Ј.Н.(55) од Скопје пријавил дека на 28.11.2023 околу 10:40 часот на работното место во една од клиниките при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, К.И., вработен во истата клиника, се однесувал агресивно кон него и се обидел физички да го нападне.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Вработен на клиника бил агресивен кон колега appeared first on Република.

]]>

На 29.11.2023 во 14:00 часот во СВР Скопје, Ј.Н.(55) од Скопје пријавил дека на 28.11.2023 околу 10:40 часот на работното место во една од клиниките при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, К.И., вработен во истата клиника, се однесувал агресивно кон него и се обидел физички да го нападне. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

The post Вработен на клиника бил агресивен кон колега appeared first on Република.

]]>
Имаме индиции дека тоа што се случува на Онкологија е случај и на други клиники, вели Мицкоски https://republika.mk/vesti/makedonija/imame-inditsii-deka-toa-shto-se-sluchuva-na-onkologija-e-sluchaj-i-na-drugi-kliniki-veli-mitskoski/ Sat, 04 Nov 2023 13:16:29 +0000 https://republika.mk/?p=698155

Претседателот Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Прилеп се осврна на случајот Онкологија или скандал Диво месо укажувајќи дека институциите како Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) и Министерството за здравство, не само што не постапуваат по наодите на Државна ревизија, туку неправилностите само се продлабочуваат.

„Имаме индиции дека тоа што се случува на Клиниката за онкологија, се случува и на други клиники“, кажа Мицкоски за време на посетата на Прилеп која е во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените!“.

Претседателот Мицкоски информираше дека се истражуваат наоди и за УКРО и за други клиники.

„Истражуваме и скоро и за тоа ќе излеземе во јавноста. На канцер мафијата мора да и се стави крај“, заклучи Мицкоски.

The post Имаме индиции дека тоа што се случува на Онкологија е случај и на други клиники, вели Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Претседателот Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Прилеп се осврна на случајот Онкологија или скандал Диво месо укажувајќи дека институциите како Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) и Министерството за здравство, не само што не постапуваат по наодите на Државна ревизија, туку неправилностите само се продлабочуваат. „Имаме индиции дека тоа што се случува на Клиниката за онкологија, се случува и на други клиники“, кажа Мицкоски за време на посетата на Прилеп која е во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените!“. Претседателот Мицкоски информираше дека се истражуваат наоди и за УКРО и за други клиники. „Истражуваме и скоро и за тоа ќе излеземе во јавноста. На канцер мафијата мора да и се стави крај“, заклучи Мицкоски.

The post Имаме индиции дека тоа што се случува на Онкологија е случај и на други клиники, вели Мицкоски appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Клиниката каде директорува ќерката Пановска доделила нов тендер од 3 милиони евра на веледрогеријата на таткото Пановски https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-klinikata-kade-direktoruva-kerkata-panovska-dodelila-nov-tender-od-3-milioni-evra-na-veledrogerijata-na-tatkoto-panovski/ Tue, 26 Sep 2023 08:16:47 +0000 https://republika.mk/?p=685157

Здравствениот систем во Македонија наместо да служи да ги лекува граѓаните, првенствено се користи за матни зделки и бизниси со кои поединци се богатат. Па така Клиниката за хематологија каде директорува Пановска како по правило ја продолжува праксата да доделува тендери на веледрогеријата на Пановски. Или со други зборови Клиниката кај што е директор ќерката доделува милионски тендери на веледрогеријата во сопственост на таткото, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа година исплатата изнесува 3 милиони евра. Таткото Пановски бил единствен понудувач, а одлуката за избор на најповолен понудувач е донесена од страна на ќерката Пановска. Како ли не и било срам на ќерката да доделува тендери на фирмата на својот татко, и тоа редовно неколку години наназад?

Ова е спротивно на сите законски и морални принципи и ним око не им трепнува. Ова е дел од еден систем кој го подрива здравството и овозможува некој да се богати на сметка на граѓаните а пред се на пациентите. Ова мора да престане, додаваат од партијата.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Клиниката каде директорува ќерката Пановска доделила нов тендер од 3 милиони евра на веледрогеријата на таткото Пановски appeared first on Република.

]]>

Здравствениот систем во Македонија наместо да служи да ги лекува граѓаните, првенствено се користи за матни зделки и бизниси со кои поединци се богатат. Па така Клиниката за хематологија каде директорува Пановска како по правило ја продолжува праксата да доделува тендери на веледрогеријата на Пановски. Или со други зборови Клиниката кај што е директор ќерката доделува милионски тендери на веледрогеријата во сопственост на таткото, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Оваа година исплатата изнесува 3 милиони евра. Таткото Пановски бил единствен понудувач, а одлуката за избор на најповолен понудувач е донесена од страна на ќерката Пановска. Како ли не и било срам на ќерката да доделува тендери на фирмата на својот татко, и тоа редовно неколку години наназад? Ова е спротивно на сите законски и морални принципи и ним око не им трепнува. Ова е дел од еден систем кој го подрива здравството и овозможува некој да се богати на сметка на граѓаните а пред се на пациентите. Ова мора да престане, додаваат од партијата.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Клиниката каде директорува ќерката Пановска доделила нов тендер од 3 милиони евра на веледрогеријата на таткото Пановски appeared first on Република.

]]>
Силно обезбедување на Клиниката за неврологија и психијатрија во Белград каде што е сместен 13-годишниот Коста К. https://republika.mk/vesti/balkan/silno-obezbeduvane-na-klinikata-za-nevrologija-i-psihijatrija-vo-belgrad-kade-shto-e-smesten-13-godishniot-kosta-k/ Sun, 07 May 2023 14:38:18 +0000 https://republika.mk/?p=637996

Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади добива сериозни закани бидејќи во оваа установа е сместен Коста К. (13), кој во средата со пиштолот на татко си уби осум деца од основното училиште „Владислав Рибникар“, како и училишниот чувар, а рани шест ученици и наставничката по историја.

Како што јавува српскиот печат, поради честите закани што ги добива оваа институција, зголемено е обезбедувањето пред клиниката.

Со оглед на тоа што Коста К. нема наполнето 14 години, тој не одговара кривично и сега е во специјалното детско одделение.

Од она што досега е познато, утврдено е дека момчето планирало масовно убиство веќе еден месец, а со прегледувањето на неговиот телефон потврдено е дека свесно го извршил масовното убиство бидејќи непосредно пред кривичното дело на интернет го пребарувал Кривичниот законик на Србија со цел да истражи дали децата можат кривично да одговараат.

The post Силно обезбедување на Клиниката за неврологија и психијатрија во Белград каде што е сместен 13-годишниот Коста К. appeared first on Република.

]]>

Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади добива сериозни закани бидејќи во оваа установа е сместен Коста К. (13), кој во средата со пиштолот на татко си уби осум деца од основното училиште „Владислав Рибникар“, како и училишниот чувар, а рани шест ученици и наставничката по историја. Како што јавува српскиот печат, поради честите закани што ги добива оваа институција, зголемено е обезбедувањето пред клиниката. Со оглед на тоа што Коста К. нема наполнето 14 години, тој не одговара кривично и сега е во специјалното детско одделение. Од она што досега е познато, утврдено е дека момчето планирало масовно убиство веќе еден месец, а со прегледувањето на неговиот телефон потврдено е дека свесно го извршил масовното убиство бидејќи непосредно пред кривичното дело на интернет го пребарувал Кривичниот законик на Србија со цел да истражи дали децата можат кривично да одговараат.  

The post Силно обезбедување на Клиниката за неврологија и психијатрија во Белград каде што е сместен 13-годишниот Коста К. appeared first on Република.

]]>
Оперирани деца во кревет на хирургија се превезуваат во лифт заедно со граѓани дојдени на преглед или посета https://republika.mk/vesti/makedonija/operirani-detsa-vo-krevet-na-hirurgija-se-prevezuvaat-vo-lift-zaedno-so-gragani-dojdeni-na-pregled-ili-poseta/ Fri, 28 Apr 2023 12:54:35 +0000 https://republika.mk/?p=635042

Оперирани деца и возрасни со кревети се пренесуваат од оддел на оддел со лифтови, заедно со граѓани што доаѓаат во посета и медицински персонал, поради проблеми со специјализираните лифтови за пациенти, објави „Канал 5“.

Во хирургија при државна болница пациенти реагираат дека на оперираните и најмала бактерија може да им го доведе животот во опасност.

Од службата за заеднички работи кои се одговорни за функционалноста и одржувањето на лифтовите за „Канал 5“ потврдуваат дека проблем има, иако тврдат дека се прави редовен сервис.

Има дефект на еден од двата лифта во стариот дел и еден од четири лифта во новиот дел. По повик од клиниките дека има застој, веднаш е повикана фирмата која ги сервисира лифтовите. Очекуваме брзо отстранување на дефектите“, велат од службата.

The post Оперирани деца во кревет на хирургија се превезуваат во лифт заедно со граѓани дојдени на преглед или посета appeared first on Република.

]]>

Оперирани деца и возрасни со кревети се пренесуваат од оддел на оддел со лифтови, заедно со граѓани што доаѓаат во посета и медицински персонал, поради проблеми со специјализираните лифтови за пациенти, објави „Канал 5“. Во хирургија при државна болница пациенти реагираат дека на оперираните и најмала бактерија може да им го доведе животот во опасност. Од службата за заеднички работи кои се одговорни за функционалноста и одржувањето на лифтовите за „Канал 5“ потврдуваат дека проблем има, иако тврдат дека се прави редовен сервис.
Има дефект на еден од двата лифта во стариот дел и еден од четири лифта во новиот дел. По повик од клиниките дека има застој, веднаш е повикана фирмата која ги сервисира лифтовите. Очекуваме брзо отстранување на дефектите“, велат од службата.

The post Оперирани деца во кревет на хирургија се превезуваат во лифт заедно со граѓани дојдени на преглед или посета appeared first on Република.

]]>
Хакери бараат 4,5 милиони долари од клиника во Барселона за да не објават податоци за нивни пациенти https://republika.mk/vesti/svet/hakeri-baraat-4-5-milioni-dolari-od-klinika-vo-barselona-za-da-ne-objavat-podatotsi-za-nivni-patsienti/ Fri, 10 Mar 2023 18:01:37 +0000 https://republika.mk/?p=618270

Сајбер-криминалната група „Ransom House“ минатата недела хакирала клиника во Барселона и сега бара 4,5 милиони долари за да не се објавуваат украдени податоци за пациентите.

Владините претставници соопштија дека немаат намера да се согласат со барањата на хакерите, што ја натера каталонската полиција - Мосос да предупреди дека постои голема веројатност податоците за пациентите да бидат објавени, пишува шпанска „Лавангардија“.

Од Мосос наведуваат дека ќе се обидат да спречат ширење информации на „темната мрежа“ (dark web), но признаваат дека ќе биде тешко.

Поради заканата, клиниката откажала повеќе од 4.000 тестирања на амбулантските пациенти, повеќе од 300 операции и повеќе од 11.000 амбулантски посети, додека околните болници го презеле лекувањето со радиотерапија на пациентите со карцином во прв стадиум.

Во клиниката и натаму се се прави рачно поради нападот и оттаму се надеваат дека до понеделник или вторник ќе се воспостави нормално функционирање.

Во меѓувреме, повеќе од 200 компјутери за вонредни ситуации се инсталирани за да се обезбеди пристап до клиничката документација на пациентите, а 15 отсто од дигиталните системи се обновени.

Во Каталонија минатата година се случиле 600 софтверски напади, главно мали сајбер-измами, што претставува само еден процент од сајбер криминалот.

Според полицискиот вештак, истрагата за овој вид криминал ја отежнува и фактот дека се случува од странство, а шансите да се фатат криминалците се мали.

Ако мораме да одиме на другата страна на светот да ги бараме овие господа, ќе го направиме тоа. Комплицирана работа е што тие поминуваат од земја во земја кога ќе ги лоцираме“, изјави шефот на каталонската полиција.

The post Хакери бараат 4,5 милиони долари од клиника во Барселона за да не објават податоци за нивни пациенти appeared first on Република.

]]>

Сајбер-криминалната група „Ransom House“ минатата недела хакирала клиника во Барселона и сега бара 4,5 милиони долари за да не се објавуваат украдени податоци за пациентите. Владините претставници соопштија дека немаат намера да се согласат со барањата на хакерите, што ја натера каталонската полиција - Мосос да предупреди дека постои голема веројатност податоците за пациентите да бидат објавени, пишува шпанска „Лавангардија“. Од Мосос наведуваат дека ќе се обидат да спречат ширење информации на „темната мрежа“ (dark web), но признаваат дека ќе биде тешко. Поради заканата, клиниката откажала повеќе од 4.000 тестирања на амбулантските пациенти, повеќе од 300 операции и повеќе од 11.000 амбулантски посети, додека околните болници го презеле лекувањето со радиотерапија на пациентите со карцином во прв стадиум. Во клиниката и натаму се се прави рачно поради нападот и оттаму се надеваат дека до понеделник или вторник ќе се воспостави нормално функционирање. Во меѓувреме, повеќе од 200 компјутери за вонредни ситуации се инсталирани за да се обезбеди пристап до клиничката документација на пациентите, а 15 отсто од дигиталните системи се обновени. Во Каталонија минатата година се случиле 600 софтверски напади, главно мали сајбер-измами, што претставува само еден процент од сајбер криминалот. Според полицискиот вештак, истрагата за овој вид криминал ја отежнува и фактот дека се случува од странство, а шансите да се фатат криминалците се мали.
Ако мораме да одиме на другата страна на светот да ги бараме овие господа, ќе го направиме тоа. Комплицирана работа е што тие поминуваат од земја во земја кога ќе ги лоцираме“, изјави шефот на каталонската полиција.

The post Хакери бараат 4,5 милиони долари од клиника во Барселона за да не објават податоци за нивни пациенти appeared first on Република.

]]>
Во Кривичниот суд почнува судењето на кардиохирургот Жан Митрев и неговата болница https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-krivichniot-sud-pochnuva-sudeneto-na-kardiohirurgot-zhan-mitrev-i-negovata-bolnitsa/ Tue, 28 Feb 2023 08:22:51 +0000 https://republika.mk/?p=614018

Во Кривичниот основен суд во Скопје денеска треба да почне судењето на кардиохирургот Жан Митрев и неговата приватна болница.

Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвинителен акт против доктор Жан Митрев, како физичко лице и Обвинителен предлог против неговата болница, како правно лице, за продолжено кривично дело „измама“ од член 247 од Кривичниот законик.

Советот за оценка на обвинителниот акт на 13 февруари го одобри во целост обвинението и за денеска го закжа првото рочиште.

Како што информираа од ОЈО Скопје за овој предмет, не станува збор за „измама на пациенти“, односно совесноста и несовесноста на лекувањето не е предмет на ова кривично дело, туку за класична измама, односно прикривање на клучни факти во однос на хемофилтрацијата, метод за кој пациентите не биле јасно информирани за сите негови позитивни и негативни ефекти, со што тие биле доведени во заблуда, а со цел противправно прибавување на имотна корист.
Во текот на постапката, како што информирааат од ОЈО Скопје, јавниот обвинител обезбедил докази за поткрепа на основаните сомненија дека обвинетиот, во периодот од јуни 2020 година до јуни 2022 година, со намера за правното лице – приватна здравствена установа да прибави значителна противправна имотна корист, со прикривање факти ги довел во заблуда оштетените пациенти лекувани во болницата од Ковид – 19, кај кои е извршена хемофилтрација и членови на нивните семејства, со што ги навел секој од нив да стори штета на својот имот во различни износи, а во вкупен износ од 97.461.600 денари или 1,57 милиони евра.

Обвинетиот на пациентите и во јавноста прикажувал дека методот хемофилтрација е одобрен да се применува и е ефикасен за лекување од Ковид-19, притоа користејќи ги приликите на здравствената криза предизвикана од пандемијата.

Тој се повикувал на документ издаден од Американската управа за храна и лекови во април 2020 година, со кој на компанијата „Бакстер“ и било издадено овластување за вонредна употреба на Оксирис сетот (Oxiris Set Device), како медицинско средство со кое се спроведува постапката за хемофилтрација кај пациенти со потврден коронавирус, на возраст од 18 години или повеќе кои се на интезивна нега со потврдена или итна респираторна слабост и потреба за прочистување на крвта. Меѓутоа, можноста за употреба на методот кај пациенти заболени од Ковид-19 тој не смеел да ја промовира, истовремено прикривајќи го фактот дека методот не е одобрен во третманот на оваа болест, ниту од издавачот, ниту во нашата земја, како и дека овластувањето за медицинското средство е издадено само во вонредна постапка поради пандемијата, со дефинирани критериуми и опсег на примена. Исто така, покрај потенцијалниот бенефит, третманот имал и сериозни потенцијални ризици за кои пациентот морал да биде запознаен, па средството не смеело да се прикажува како безбедно или ефикасно во третманот или превенцијата од Ковид-19.

На овој начин обвинетиот кај секој од оштетените создал лажна претстава и заблуда, па најголем дел од нив при приемот на конкретен пациент во болницата, однапред уплаќале средства за по два циклуси на хемофилтрација како дел од болнички пакети, без да им биде објаснет овoj метод и потенцијалните ризици од него и без да се прибави соодветна согласност за примената на таква процедура кај пациентите, што е спротивно на условите утврдени во овластувањето и на здравствените прописи и стандарди, се наведува во соопштението од ОЈО Скопје.

Жан Митрев уверува дека е невин и тврди дека не бил измамен ниту еден пациент.

Предметот е оформен по допрен глас, откако ИРЛ минатата година го објави документарец „Нечиста крв“, во кој обелодени дека приватната болница „Жан Митрев“ им наплаќала на пациенти високи суми на пари за хемофилитрација при лечење од Ковид -19, по по што беше отворен и предметот во ОЈО Скопје.

The post Во Кривичниот суд почнува судењето на кардиохирургот Жан Митрев и неговата болница appeared first on Република.

]]>

Во Кривичниот основен суд во Скопје денеска треба да почне судењето на кардиохирургот Жан Митрев и неговата приватна болница. Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвинителен акт против доктор Жан Митрев, како физичко лице и Обвинителен предлог против неговата болница, како правно лице, за продолжено кривично дело „измама“ од член 247 од Кривичниот законик. Советот за оценка на обвинителниот акт на 13 февруари го одобри во целост обвинението и за денеска го закжа првото рочиште. Како што информираа од ОЈО Скопје за овој предмет, не станува збор за „измама на пациенти“, односно совесноста и несовесноста на лекувањето не е предмет на ова кривично дело, туку за класична измама, односно прикривање на клучни факти во однос на хемофилтрацијата, метод за кој пациентите не биле јасно информирани за сите негови позитивни и негативни ефекти, со што тие биле доведени во заблуда, а со цел противправно прибавување на имотна корист. Во текот на постапката, како што информирааат од ОЈО Скопје, јавниот обвинител обезбедил докази за поткрепа на основаните сомненија дека обвинетиот, во периодот од јуни 2020 година до јуни 2022 година, со намера за правното лице – приватна здравствена установа да прибави значителна противправна имотна корист, со прикривање факти ги довел во заблуда оштетените пациенти лекувани во болницата од Ковид – 19, кај кои е извршена хемофилтрација и членови на нивните семејства, со што ги навел секој од нив да стори штета на својот имот во различни износи, а во вкупен износ од 97.461.600 денари или 1,57 милиони евра. Обвинетиот на пациентите и во јавноста прикажувал дека методот хемофилтрација е одобрен да се применува и е ефикасен за лекување од Ковид-19, притоа користејќи ги приликите на здравствената криза предизвикана од пандемијата. Тој се повикувал на документ издаден од Американската управа за храна и лекови во април 2020 година, со кој на компанијата „Бакстер“ и било издадено овластување за вонредна употреба на Оксирис сетот (Oxiris Set Device), како медицинско средство со кое се спроведува постапката за хемофилтрација кај пациенти со потврден коронавирус, на возраст од 18 години или повеќе кои се на интезивна нега со потврдена или итна респираторна слабост и потреба за прочистување на крвта. Меѓутоа, можноста за употреба на методот кај пациенти заболени од Ковид-19 тој не смеел да ја промовира, истовремено прикривајќи го фактот дека методот не е одобрен во третманот на оваа болест, ниту од издавачот, ниту во нашата земја, како и дека овластувањето за медицинското средство е издадено само во вонредна постапка поради пандемијата, со дефинирани критериуми и опсег на примена. Исто така, покрај потенцијалниот бенефит, третманот имал и сериозни потенцијални ризици за кои пациентот морал да биде запознаен, па средството не смеело да се прикажува како безбедно или ефикасно во третманот или превенцијата од Ковид-19. На овој начин обвинетиот кај секој од оштетените создал лажна претстава и заблуда, па најголем дел од нив при приемот на конкретен пациент во болницата, однапред уплаќале средства за по два циклуси на хемофилтрација како дел од болнички пакети, без да им биде објаснет овoj метод и потенцијалните ризици од него и без да се прибави соодветна согласност за примената на таква процедура кај пациентите, што е спротивно на условите утврдени во овластувањето и на здравствените прописи и стандарди, се наведува во соопштението од ОЈО Скопје. Жан Митрев уверува дека е невин и тврди дека не бил измамен ниту еден пациент. Предметот е оформен по допрен глас, откако ИРЛ минатата година го објави документарец „Нечиста крв“, во кој обелодени дека приватната болница „Жан Митрев“ им наплаќала на пациенти високи суми на пари за хемофилитрација при лечење од Ковид -19, по по што беше отворен и предметот во ОЈО Скопје.

The post Во Кривичниот суд почнува судењето на кардиохирургот Жан Митрев и неговата болница appeared first on Република.

]]>
Хирурзите од Клиниката за кардиологија во Ниш извеле 22 операции за три дена за да се намали листата за чекање https://republika.mk/zivot/zdravje/hirurzite-od-klinikata-za-kardiologija-vo-nish-izvele-22-operatsii-za-tri-dena-za-da-se-namali-listata-za-chekane/ Fri, 24 Feb 2023 17:40:36 +0000 https://republika.mk/?p=612875

Хирурзите од нишката Клиника за кардиохирургија извеле 22 операции за три дена и кажаа дека продолжуваат со зафатите и преку викенд без да бараат финансиски надомест за тоа. Тие додаваат дека работат со забрзано темпо за да се намали листата на чекање за операција, бидејќи на некои пациенти им е потребна итна интервенција.

И овој викенд, петти по ред, го поминавме работно, оперирајќи ги пациентите од листата на чекање. Првпат го правевме тоа во две операциони сали, па од петокот до неделата извршивме дури 22 операции. Сите оперирани пациенти се добро и без компликации, изјави директорот на клиниката Драган Милиќ.

Тој додаде дека од почетокот на годината направиле 101 операција, додека во истиот период лани нивниот број бил 36.

The post Хирурзите од Клиниката за кардиологија во Ниш извеле 22 операции за три дена за да се намали листата за чекање appeared first on Република.

Во Клиниката „Жан Митрев” од ковид починале 442 пациенти, процентот на преживеани е поголем од националниот просек https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-klinika-zan-mitrev-od-kovid-pochinale-442-pacienti-procentot-na-preziveani-e-pogolem-od-nacionalniot-prosek/ Fri, 12 Aug 2022 14:26:47 +0000 https://republika.mk/?p=539689

Стапката на успех во третманот на пациентите со Ковид-19 во Жан Митрев клиника изнесува 74,6%. Според деталните болнички извештаи во Жан Митрев клиника биле хоспитализирани вкупно 1.738 третирани пациенти, од кои 1.296 преживеале, соопшти денеска Клиниката.

Според нивната статистика од ковид починале 442 пациенти, а во приватната болница, напоменуваат, биле згрижени и пациенти дојдени од други здравствени установи.

Оваа стапка на успех во лекувањето е повисока од националниот македонски просек според последните податоци на Институтот за јавно здравје. Според овие извештаи „процентот на успех” кај хоспитализирани пациенти исклучиво третирани и лекувани во Жан Митрев клиниката е сличен на просекот направен во 200 германски болници, каде просечното преживување изнесува 78%. Стапката на преживување според исти студии направени во повеќе земји се движи од 30 до 80 проценти, така во Велика Британија е меѓу 50-89% во зависност од бранот, во Шпанија изнесува 64,4%, во Америка е 80,3%, а во Бразил се движи меѓу 61,6-75,4%, соопштија од Клиниката Жан Митрев.

Според нив хемофилтрацијата претставува само еден дел од спектарот методи и пристапи коишто се користат за лекувањето на пациентите.

Третманот на пациентите во Жан Митрев клиника се дефинира според тежината на болеста на прием, клиничката слика општата состојба на пациентот, дали се присутни коморбидитети, колку е критична состојбата и други клинички варијабли. Хемофилтрацијата како метод во третман на Ковид-19 има ургентно одобрување од Американската агенција за лекови (FDA) со јасно дефиниран индикационен опсег. Тоа ја прави примената на хемофилтрацијата во овој случај легитимна. Ова одобрување е еквивалентно на тоа за вакцините. При ургентно одобрување од ова највисоко авторитетно регулаторно тело, третманот не може да се смета за небезбеден, неиспитан и нетестиран, додаваат од Клиниката.

Примената на хемофилтрацијата во пандемија според упатство за работа во рамките на одобреното индикационо подрачје, во дози и начин кој е пропишан за негово користење нема статус на клиничко испитување и не е предмет на регулативата за добивање одобрение за клиничко испитување, а со тоа и потпишана информирана согласност од страна на пациентот, нагласуваат од Клиниката Жан Митрев, без да го прецизираат бројот на пациенти кои оздравеле од ковид по хемофилтрација.

Попладнево во Основното јавно обвинителство Скопје на распит е повикан доктор Жан Митрев за определени околности во врска со предмет оформен по допрен глас во ОЈО Скопје.

Обвинителството на 18 јули годинава, по допрен глас оформи предмет, по докуметарецот на ИРЛ насловен „Нечиста крв“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/zan-mitrev-povikan-na-raspit-vo-obvinitelstvo/

The post Во Клиниката „Жан Митрев” од ковид починале 442 пациенти, процентот на преживеани е поголем од националниот просек appeared first on Република.

]]>

Стапката на успех во третманот на пациентите со Ковид-19 во Жан Митрев клиника изнесува 74,6%. Според деталните болнички извештаи во Жан Митрев клиника биле хоспитализирани вкупно 1.738 третирани пациенти, од кои 1.296 преживеале, соопшти денеска Клиниката. Според нивната статистика од ковид починале 442 пациенти, а во приватната болница, напоменуваат, биле згрижени и пациенти дојдени од други здравствени установи.
Оваа стапка на успех во лекувањето е повисока од националниот македонски просек според последните податоци на Институтот за јавно здравје. Според овие извештаи „процентот на успех” кај хоспитализирани пациенти исклучиво третирани и лекувани во Жан Митрев клиниката е сличен на просекот направен во 200 германски болници, каде просечното преживување изнесува 78%. Стапката на преживување според исти студии направени во повеќе земји се движи од 30 до 80 проценти, така во Велика Британија е меѓу 50-89% во зависност од бранот, во Шпанија изнесува 64,4%, во Америка е 80,3%, а во Бразил се движи меѓу 61,6-75,4%, соопштија од Клиниката Жан Митрев.
Според нив хемофилтрацијата претставува само еден дел од спектарот методи и пристапи коишто се користат за лекувањето на пациентите.
Третманот на пациентите во Жан Митрев клиника се дефинира според тежината на болеста на прием, клиничката слика општата состојба на пациентот, дали се присутни коморбидитети, колку е критична состојбата и други клинички варијабли. Хемофилтрацијата како метод во третман на Ковид-19 има ургентно одобрување од Американската агенција за лекови (FDA) со јасно дефиниран индикационен опсег. Тоа ја прави примената на хемофилтрацијата во овој случај легитимна. Ова одобрување е еквивалентно на тоа за вакцините. При ургентно одобрување од ова највисоко авторитетно регулаторно тело, третманот не може да се смета за небезбеден, неиспитан и нетестиран, додаваат од Клиниката.
Примената на хемофилтрацијата во пандемија според упатство за работа во рамките на одобреното индикационо подрачје, во дози и начин кој е пропишан за негово користење нема статус на клиничко испитување и не е предмет на регулативата за добивање одобрение за клиничко испитување, а со тоа и потпишана информирана согласност од страна на пациентот, нагласуваат од Клиниката Жан Митрев, без да го прецизираат бројот на пациенти кои оздравеле од ковид по хемофилтрација. Попладнево во Основното јавно обвинителство Скопје на распит е повикан доктор Жан Митрев за определени околности во врска со предмет оформен по допрен глас во ОЈО Скопје. Обвинителството на 18 јули годинава, по допрен глас оформи предмет, по докуметарецот на ИРЛ насловен „Нечиста крв“. https://republika.mk/vesti/makedonija/zan-mitrev-povikan-na-raspit-vo-obvinitelstvo/

The post Во Клиниката „Жан Митрев” од ковид починале 442 пациенти, процентот на преживеани е поголем од националниот просек appeared first on Република.

]]>
Драма на клиника: Се степале две пациентки https://republika.mk/vesti/crna-hronika/drama-na-klinika-se-stepale-dve-pacientki/ Tue, 05 Jul 2022 15:34:34 +0000 https://republika.mk/?p=524347

На 04.07.2022 во 10:20 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, поради меѓусебно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.А.(43) и Е.Љ.(29).

Двете се скопјанки кои биле пациентки во клиниката.

По документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.

The post Драма на клиника: Се степале две пациентки appeared first on Република.

]]>

На 04.07.2022 во 10:20 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, поради меѓусебно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.А.(43) и Е.Љ.(29). Двете се скопјанки кои биле пациентки во клиниката. По документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.

The post Драма на клиника: Се степале две пациентки appeared first on Република.

]]>
Ранет скопјанец пренесен на Клиника https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ranet-skopjanec-prenesen-na-klinika/ Thu, 19 May 2022 15:34:06 +0000 https://republika.mk/?p=504477

На 18.05.2022 околу 19.30 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека со повреди кај нив бил донесен Л.М.(50) од Скопје.

Полициски службеници излегле на местото и во разговор со нив, Л.М. пријавил дека околу 19.00 часот на улица „28“ во Сингелиќ бил нападнат од три лица, по што Б.Ј., кој го познавал, од огнено оружје испукал неколку куршуми кон него и му нанел прострелна рана на ногата.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Ранет скопјанец пренесен на Клиника appeared first on Република.

]]>

На 18.05.2022 околу 19.30 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека со повреди кај нив бил донесен Л.М.(50) од Скопје. Полициски службеници излегле на местото и во разговор со нив, Л.М. пријавил дека околу 19.00 часот на улица „28“ во Сингелиќ бил нападнат од три лица, по што Б.Ј., кој го познавал, од огнено оружје испукал неколку куршуми кон него и му нанел прострелна рана на ногата. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Ранет скопјанец пренесен на Клиника appeared first on Република.

]]>
Нападнат вработен на скопска клиника https://republika.mk/vesti/crna-hronika/napadnat-vraboten-na-skopska-klinika/ Fri, 06 May 2022 20:46:39 +0000 https://republika.mk/?p=498807

На 05.05.2022 во 16:20 часот во СВР Скопје, М.И.(39) од Скопје пријавил дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека бил на работното место, бил физички нападнат од И.Р.(54) од Скопје.

По целосно комплетирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

The post Нападнат вработен на скопска клиника appeared first on Република.

]]>

На 05.05.2022 во 16:20 часот во СВР Скопје, М.И.(39) од Скопје пријавил дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека бил на работното место, бил физички нападнат од И.Р.(54) од Скопје. По целосно комплетирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

The post Нападнат вработен на скопска клиника appeared first on Република.

]]>
Сали: Непречено функционираат агрегаторите на сите Клиники, негата кон пациентите не e попречена во ниту еден момент https://republika.mk/zivot/zdravje/sali-neprecheno-funkcioniraat-agregatorite-na-site-kliniki-negata-kon-pacientite-ne-e-poprechena-vo-nitu-eden-moment/ Sun, 13 Feb 2022 19:14:28 +0000 https://republika.mk/?p=458064

Министерот за здравство, Беким Сали на социјалните мрежи објави дека попадот на електричната енергија на клиниката во Скопје се преземени сите мерки.

Ја информираме јавноста дека по прекинот на електричната енергија во текот на попладневните часови во Скопје, на Клиничкиот центар во Скопје се преземени сите неопходни мерки за да се избегнат какви било последици во однос на нормалното функционирање. Непречено функционираат и агрегаторите во сите клиники, а здравствената нега кон пациентите не е попречена во ниту еден момент.

The post Сали: Непречено функционираат агрегаторите на сите Клиники, негата кон пациентите не e попречена во ниту еден момент appeared first on Република.