Клиника за токликологија Archives - Република https://republika.mk/tema/klinika-za-toklikologija/ За подобро да се разбереме Tue, 21 May 2024 13:14:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Клиника за токликологија Archives - Република https://republika.mk/tema/klinika-za-toklikologija/ 32 32 Иљази: Беќаровски е доктор од времето на „Друже Тито“, неговото време помина https://republika.mk/vesti/makedonija/ilazi-bekarovski-e-doktor-od-vremeto-na-druzhe-tito-negovoto-vreme-pomina/ Tue, 21 May 2024 13:14:18 +0000 https://republika.mk/?p=780542

За организациската директорка на Клиниката за Токсикологија, Бесија Иљази д-р Нико Беќаровски, клинички токсиколог, е доктор од времето на „Друже Тито“ и неговото време, според неа е поминато.

Иљази, за која вработените во Клиниката велат дека не можат да се разберат, бидејќи не зборува македонски јазик, идонесе наредба со која им забранува на докторите, сестрите и болничарите на клиниката да даваат изјави на медиумите без нејзина согласност.

Според член 30 од Статутот на Клиниката, Бесија Иљази рече дека оваа наредба е направена за да се заштити имиџот на целата Клиника и да не се дозволи одредени интересни групи да го клеветат чесното работење на белиот мантил.

Од страната на некои лекари, кои не се повеќе од пет шест, кои испорачуваат невистини во медиумите, а кои во јавноста се добро познати по скандали, инсценации и дезинформации и се нарекуваат доктори на „Фејсбук“ затоа што цел ден го поминуваат своето работно време на социјалните мрежи и не прават ништо. Времето на Нико Беќаровски, докторот од времето на „Друже ТИТО“ помина и тој не може да се помири со оваа реалност. Затоа постојано шири дезинформации кои создаваат забуна во јавноста. Новиот поредок и Наредба што ги воспоставив го попречуваат него и неговиот клан, кои се навикнати да работат според нивните навики“, вели Иљази.

Таа додаде дека разрешениот директор доктор Данил Петровски еден ден пред таа да стане организациска директорка, си ја вработил снаата.

-Како можеше да си ја вработи снаата на 13 февруари 2024 година, ден пред моето доаѓање на функцијата, а немаше можност да го вработи биологот и 18 лица кои со години се вработени овде? Ги прекрши сите законски норми, ги држеше да работат без договори и без плати, ги тераше на дежурства и така продолжи до моето доаѓање. Сега кога го решивме нивниот проблем, тоа стана „голем проблем“, додаде Иљази.

https://republika.mk/zivot/zdravje/organizatsiskata-direktorka-na-klinikata-za-toksikologija-koja-ne-komunitsira-na-makedonski-jazik-na-vrabotenite-im-zabrani-da-davaat-izjavi-na-novinarite/

Оваа доаѓа ден по одлуката на Бесија Иљази да им ги додели решенијата за работа на 18 работници кои имаа истечени договори на дело на Токсикологија и една недела откако министерот за здравство го разреши медицинскиот директор Данил Петровски кој користи годишен одмор.

 

The post Иљази: Беќаровски е доктор од времето на „Друже Тито“, неговото време помина appeared first on Република.

]]>

За организациската директорка на Клиниката за Токсикологија, Бесија Иљази д-р Нико Беќаровски, клинички токсиколог, е доктор од времето на „Друже Тито“ и неговото време, според неа е поминато. Иљази, за која вработените во Клиниката велат дека не можат да се разберат, бидејќи не зборува македонски јазик, идонесе наредба со која им забранува на докторите, сестрите и болничарите на клиниката да даваат изјави на медиумите без нејзина согласност. Според член 30 од Статутот на Клиниката, Бесија Иљази рече дека оваа наредба е направена за да се заштити имиџот на целата Клиника и да не се дозволи одредени интересни групи да го клеветат чесното работење на белиот мантил.
Од страната на некои лекари, кои не се повеќе од пет шест, кои испорачуваат невистини во медиумите, а кои во јавноста се добро познати по скандали, инсценации и дезинформации и се нарекуваат доктори на „Фејсбук“ затоа што цел ден го поминуваат своето работно време на социјалните мрежи и не прават ништо. Времето на Нико Беќаровски, докторот од времето на „Друже ТИТО“ помина и тој не може да се помири со оваа реалност. Затоа постојано шири дезинформации кои создаваат забуна во јавноста. Новиот поредок и Наредба што ги воспоставив го попречуваат него и неговиот клан, кои се навикнати да работат според нивните навики“, вели Иљази.
Таа додаде дека разрешениот директор доктор Данил Петровски еден ден пред таа да стане организациска директорка, си ја вработил снаата.
-Како можеше да си ја вработи снаата на 13 февруари 2024 година, ден пред моето доаѓање на функцијата, а немаше можност да го вработи биологот и 18 лица кои со години се вработени овде? Ги прекрши сите законски норми, ги држеше да работат без договори и без плати, ги тераше на дежурства и така продолжи до моето доаѓање. Сега кога го решивме нивниот проблем, тоа стана „голем проблем“, додаде Иљази.
https://republika.mk/zivot/zdravje/organizatsiskata-direktorka-na-klinikata-za-toksikologija-koja-ne-komunitsira-na-makedonski-jazik-na-vrabotenite-im-zabrani-da-davaat-izjavi-na-novinarite/ Оваа доаѓа ден по одлуката на Бесија Иљази да им ги додели решенијата за работа на 18 работници кои имаа истечени договори на дело на Токсикологија и една недела откако министерот за здравство го разреши медицинскиот директор Данил Петровски кој користи годишен одмор.  

The post Иљази: Беќаровски е доктор од времето на „Друже Тито“, неговото време помина appeared first on Република.

]]>