Клиника за пулмологија и алергологија Archives - Република https://republika.mk/tema/klinika-za-pulmologija-i-alergologija/ За подобро да се разбереме Mon, 08 Jul 2024 14:57:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Клиника за пулмологија и алергологија Archives - Република https://republika.mk/tema/klinika-za-pulmologija-i-alergologija/ 32 32 Д-р Оливер Зафировски од болницата „Козле“ е нов медицински директор на Клиниката за пулмологија и алергологија https://republika.mk/zivot/zdravje/d-r-oliver-zafirovski-od-bolnitsata-kozle-e-nov-meditsinski-direktor-na-klinikata-za-pulmologija-i-alergologija/ Mon, 08 Jul 2024 14:46:13 +0000 https://republika.mk/?p=794637

Доктор Оливер Зафировски од Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ е назначен за нов медицински директор на Универзитетската клника за пулмологија и алергологија Скопје, објавено е на неговата официјална страница на Фејсбук. Тој доаѓа на местото на проф. д-р Дејан Докиќ, пулмолог и алерголог кој беше назначен за директор на Пулмологија во 2017 година.

Д-р Зафировски во последните 30 години работеше во детската болница „Козле“ каде што во еден период беше и директор на Болницата.

Најпрво би сакал да им се заблагодарам на моите колеги од Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ - Скопје каде што работев повеќе од 30 години и заедно ја изградивме во врвна медицинска институција. Како директор на новото работно место, ќе се залагам за поквалитетни здравствени услуги и третмант на пациентите на високо стручно ниво. Верувам дека конечно ќе ја вратиме довербата во нашиот здравствен систем каде што граѓаните ќе се се лекуваат по светски стандарди, објави д-р Зафировски.

The post Д-р Оливер Зафировски од болницата „Козле“ е нов медицински директор на Клиниката за пулмологија и алергологија appeared first on Република.

]]>

Доктор Оливер Зафировски од Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ е назначен за нов медицински директор на Универзитетската клника за пулмологија и алергологија Скопје, објавено е на неговата официјална страница на Фејсбук. Тој доаѓа на местото на проф. д-р Дејан Докиќ, пулмолог и алерголог кој беше назначен за директор на Пулмологија во 2017 година. Д-р Зафировски во последните 30 години работеше во детската болница „Козле“ каде што во еден период беше и директор на Болницата.
Најпрво би сакал да им се заблагодарам на моите колеги од Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ - Скопје каде што работев повеќе од 30 години и заедно ја изградивме во врвна медицинска институција. Како директор на новото работно место, ќе се залагам за поквалитетни здравствени услуги и третмант на пациентите на високо стручно ниво. Верувам дека конечно ќе ја вратиме довербата во нашиот здравствен систем каде што граѓаните ќе се се лекуваат по светски стандарди, објави д-р Зафировски.

The post Д-р Оливер Зафировски од болницата „Козле“ е нов медицински директор на Клиниката за пулмологија и алергологија appeared first on Република.

]]>
Клиниката за пулмологија и алергологија доби нов ЕБУС апарат кој овозможува да се дијагностицираат метастатски лимфни јазли https://republika.mk/zivot/zdravje/klinikata-za-pulmologija-i-alergologija-dobi-nov-ebus-aparat-koj-ovozmozhuva-da-se-dijagnostitsiraat-metastatski-limfni-jazli/ Mon, 22 Jan 2024 10:57:14 +0000 https://republika.mk/?p=735408

Отворен е нов дијагностички центар на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија. Со него, како што беше кажано на денешното отворање, пациентите значително побрзо ќе бидат дијагностицирани, а со тоа и побрзо третирани.

Министерот за здравство Фатмир Меџити информираше дека дијагностичкиот центар е опремен со нова медицинска опрема во вредност од 16 милиони денари, средства обезбедени од Министерството за здравство.

Опремата се состои од столб со бронхоскоп со соодветен монитор, процесор и извор на светло, како и ЕБУС - ендобронхијален ултразвук со бронхоскоп. Посебно е значајно што со отворањето на овој центар двојно ќе се зголеми бројот на бронхоскопии и ЕХО прегледи кои ќе се вршат тука на оваа клиника, изјави Меџити.

Тој рече оти значајно е што е обезбеден ЕБУС апаратот кој овозможува да се дијагностицираат метастатски лимфни јазли. Апаратот за оваа намена со кој располагала Клиниката бил веќе стар и дотраен.

Новиот дијагностички центар е опремен и со дигитален РТГ апарат и апарат за компјутерска томографија. За адаптација на овој простор се извршени реконструктивни зафати во вредност од 10 милиони денари, кажа министерот.

На отварањето на центарот присуствуваа и медицинскиот и организацискиот директор на клиниката, Дејан Докиќ и Суат Шаќиров.

The post Клиниката за пулмологија и алергологија доби нов ЕБУС апарат кој овозможува да се дијагностицираат метастатски лимфни јазли appeared first on Република.

]]>

Отворен е нов дијагностички центар на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија. Со него, како што беше кажано на денешното отворање, пациентите значително побрзо ќе бидат дијагностицирани, а со тоа и побрзо третирани. Министерот за здравство Фатмир Меџити информираше дека дијагностичкиот центар е опремен со нова медицинска опрема во вредност од 16 милиони денари, средства обезбедени од Министерството за здравство.