Клиника за Хематологија Archives - Република https://republika.mk/tema/klinika-za-hematologija/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Aug 2024 09:59:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Клиника за Хематологија Archives - Република https://republika.mk/tema/klinika-za-hematologija/ 32 32 Таравари во посета на Клиниките за урологија и хематологија https://republika.mk/zivot/zdravje/taravari-vo-poseta-na-klinikite-za-urologija-i-hematologija/ Fri, 23 Aug 2024 09:59:09 +0000 https://republika.mk/?p=809386

Клиниката за урологија, утрово, ја посети министерот за здравство, Арбен Таравари, каде заедно со новоименуваниот директор, Башким Шабани, разговараа за потребата од унапредување на условите за третман и хоспитализација на пациентите на оваа клиника. Тоа ќе биде еден од приоритетите на Министерството во наредниот период, соопштија од Министерството.

Министерот ја посети и Клиниката за хематологија, каде со директорката Соња Генадиева-Ставриќ направија обиколка на клиниката и дискутираа за идните планови за инфраструктурно зајакнување на оваа установа.

The post Таравари во посета на Клиниките за урологија и хематологија appeared first on Република.

]]>

Клиниката за урологија, утрово, ја посети министерот за здравство, Арбен Таравари, каде заедно со новоименуваниот директор, Башким Шабани, разговараа за потребата од унапредување на условите за третман и хоспитализација на пациентите на оваа клиника. Тоа ќе биде еден од приоритетите на Министерството во наредниот период, соопштија од Министерството. Министерот ја посети и Клиниката за хематологија, каде со директорката Соња Генадиева-Ставриќ направија обиколка на клиниката и дискутираа за идните планови за инфраструктурно зајакнување на оваа установа.

The post Таравари во посета на Клиниките за урологија и хематологија appeared first on Република.

]]>
На Клиниката за хематологија е отворен нов Центар за трансплантација на матични клетки во кој ќе се лекуваат и пациенти од регионот https://republika.mk/zivot/zdravje/na-klinikata-za-hematologija-e-otvoren-nov-tsentar-za-transplantatsija-na-matichni-kletki-vo-koj-ke-se-lekuvaat-i-patsienti-od-regionot/ Thu, 25 Jan 2024 13:23:22 +0000 https://republika.mk/?p=736761

На Универзитетската клиника за хематологија од денеска ќе биде пуштен во употреба новоизградениот Центар за трансплантација на хематопоетски матични клетки. Центарот има модерна медицинска опрема со која може да се третираат 120 нови пациенти годишно.

Сместен е на целосно нов кат на површина од 800 м2, и е донација од Амбасадата на САД, кои преку Европската команда на американската армија финансиски ја поддржаа изградбата со еден милион евра. Останатите средства се обезбедени од ФЗО со поддршка од Министерството за здравство и Владата.

Директорката на Клиниката за хематологија Ирина Пановска Ставридис информираше дека станува збор за регионален Центар за трансплантација на хематопоетски матични клетки кој освен осигурениците на Македонија, има капацитет да лекува и пациенти од Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија, земји каде што овие интервенции уште не се достапни.

[caption id="attachment_736764" align="alignnone" width="1600"] фото: Министерство за здравство[/caption]

Ова е една од најважните инвестиции во јавното здравство во последните години. Со отворање на овој Центар за трансплатација на хематопоетски матични клетки, на нашата Клиника се воведуваат највисоки светски стандарди за лекување на една од најтешките хематолошки заболувања. Трансплантација на хематопоетски матични клетки претставува најсложена биолошка интервенција, при која клетките на пациентот се заменуваат со матични клетки на здрав донор, со што може да се излекуваат најтешките малигни хематолошки заболувања, рече Пановска Ставридис за време на свеченото отворање на Центарот.

Како што посочи, за потребите на овој Центар се планираат и 30 нови вработувања на медицински кадар.

Таа информираше дека од 2018 година до денес извршени се вкупно 320 трансплантации. Од денес, посочи, оваа бројка очекуваат да се зголеми за двојно повеќе трансплантации во следните неколку години.

Министерот за здравство Фатмир Меџити во своето обраќање рече дека годишно ќе бидат лекувани најмалку 50 до 60 пациенти од земјава и 10 до 15 лица од соседните земји, кои до сега установата немала простор и капацитет да ги прифати.

[caption id="attachment_736765" align="alignnone" width="1600"] фото: Министерство за здравство[/caption]

Со оваа значајна инвестиција го означуваме почетокот на работа на ова ново Одделение, со што за пациентите обезбедуваме услови за лекување како што нудат најсовремените центри од ваков вид во светот. Новиот капацитет заедно со поставените најсовремени методи за лекување и медицинска грижа, овозможува Клиниката да служи не само на јавното здравство, туку истовремено го етаблира на врвот на најзначајните центри за лекување на хематолошки болести во регионот, додаде Меџити.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска посочи дека денешниот настан покажува дека сојузништвото и стратешкото партнерство со САД ги надминува сите граници и ја покажа својата хуманитарна димензија.

https://republika.mk/zivot/zdravje/vo-makedonija-samo-pet-iljadi-gragani-se-registirale-za-donirane-na-koskena-srtsevina-nadlezhnite-apeliraat-da-se-zgolemi-brojot/

The post На Клиниката за хематологија е отворен нов Центар за трансплантација на матични клетки во кој ќе се лекуваат и пациенти од регионот appeared first on Република.

]]>

На Универзитетската клиника за хематологија од денеска ќе биде пуштен во употреба новоизградениот Центар за трансплантација на хематопоетски матични клетки. Центарот има модерна медицинска опрема со која може да се третираат 120 нови пациенти годишно. Сместен е на целосно нов кат на површина од 800 м2, и е донација од Амбасадата на САД, кои преку Европската команда на американската армија финансиски ја поддржаа изградбата со еден милион евра. Останатите средства се обезбедени од ФЗО со поддршка од Министерството за здравство и Владата. Директорката на Клиниката за хематологија Ирина Пановска Ставридис информираше дека станува збор за регионален Центар за трансплантација на хематопоетски матични клетки кој освен осигурениците на Македонија, има капацитет да лекува и пациенти од Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија, земји каде што овие интервенции уште не се достапни. [caption id="attachment_736764" align="alignnone" width="1600"] фото: Министерство за здравство[/caption]
Ова е една од најважните инвестиции во јавното здравство во последните години. Со отворање на овој Центар за трансплатација на хематопоетски матични клетки, на нашата Клиника се воведуваат највисоки светски стандарди за лекување на една од најтешките хематолошки заболувања. Трансплантација на хематопоетски матични клетки претставува најсложена биолошка интервенција, при која клетките на пациентот се заменуваат со матични клетки на здрав донор, со што може да се излекуваат најтешките малигни хематолошки заболувања, рече Пановска Ставридис за време на свеченото отворање на Центарот.
Како што посочи, за потребите на овој Центар се планираат и 30 нови вработувања на медицински кадар. Таа информираше дека од 2018 година до денес извршени се вкупно 320 трансплантации. Од денес, посочи, оваа бројка очекуваат да се зголеми за двојно повеќе трансплантации во следните неколку години. Министерот за здравство Фатмир Меџити во своето обраќање рече дека годишно ќе бидат лекувани најмалку 50 до 60 пациенти од земјава и 10 до 15 лица од соседните земји, кои до сега установата немала простор и капацитет да ги прифати. [caption id="attachment_736765" align="alignnone" width="1600"] фото: Министерство за здравство[/caption]
Со оваа значајна инвестиција го означуваме почетокот на работа на ова ново Одделение, со што за пациентите обезбедуваме услови за лекување како што нудат најсовремените центри од ваков вид во светот. Новиот капацитет заедно со поставените најсовремени методи за лекување и медицинска грижа, овозможува Клиниката да служи не само на јавното здравство, туку истовремено го етаблира на врвот на најзначајните центри за лекување на хематолошки болести во регионот, додаде Меџити.
Министерката за одбрана Славјанка Петровска посочи дека денешниот настан покажува дека сојузништвото и стратешкото партнерство со САД ги надминува сите граници и ја покажа својата хуманитарна димензија. https://republika.mk/zivot/zdravje/vo-makedonija-samo-pet-iljadi-gragani-se-registirale-za-donirane-na-koskena-srtsevina-nadlezhnite-apeliraat-da-se-zgolemi-brojot/

The post На Клиниката за хематологија е отворен нов Центар за трансплантација на матични клетки во кој ќе се лекуваат и пациенти од регионот appeared first on Република.

]]>
Млада докторка донирала матични клетки за да спаси живот на пациент со акутна леукемија на Клиниката за хематологија https://republika.mk/zivot/zdravje/mlada-doktorka-donirala-matichni-kletki-za-da-spasi-zhivot-na-patsient-so-akutna-leukemija-na-klinikata-za-hematologija/ Tue, 17 Oct 2023 12:40:26 +0000 https://republika.mk/?p=692152

Денеска на Универзитетската Клиника за хематологија во Скопје, се реализира несекојдневен чин на храбост и човекољубие, кога млад семеен лекар донираше хематопоетски матични клетки со кој ќе спаси животот на пациент кој се соочува со тешка малигна хематолошка болест, а трансплантацијата на матичните клетки е единствената терапевтска опција, соопштија од Министерството за здравство.

Министерот за здравство  Фатмир Меџити денеска ја посетил донаторката на матични клетки млада девојка, воедно и докторка, на која и се заблагодари на извонредна храброст и несебична посветеност да спаси туѓ живот.

Нејзиниот чин на хуманост и солидарност е надеж, потсетувајќи нè на моќта на заедницата и љубезноста во моментите кога тоа е најпотребно. Им честитам и на колегите од Клиниката за хематологија кои ја практикуваат оваа современа метода во медицината со која еден човек има шанса за нов почеток, изјави министерот Меџити.

Директорката на клиниката за хематологија изјави дека станува збор за редокот пример, донорот на матични клетки и пациетон кој треба да ги прими, не се во роднинска врска, ниту се познаваат, а нивните клетки се совпаѓаат.

Денешниот чин на докторката е уште еден чекор до задоволството да се биде лекар и да се спасуваат животите на луѓето. Младата докторка која е донор на матичните клетки, во Македонскиот регистар на доброволни дарители на коскена срцевина при Институтот за имунологија и хумана генетикиа, се пријавила уште кога била студент по медицина, а минатиот месец беше идентификувана како евентуален донор. Не се двоумеше ниту миг, веднаш се согласи да му даде шана за живот на пациент кој не го познава, а боледува од акутна леукемија, изјави д-р Ирина Пановска Ставридис.

The post Млада докторка донирала матични клетки за да спаси живот на пациент со акутна леукемија на Клиниката за хематологија appeared first on Република.

]]>

Денеска на Универзитетската Клиника за хематологија во Скопје, се реализира несекојдневен чин на храбост и човекољубие, кога млад семеен лекар донираше хематопоетски матични клетки со кој ќе спаси животот на пациент кој се соочува со тешка малигна хематолошка болест, а трансплантацијата на матичните клетки е единствената терапевтска опција, соопштија од Министерството за здравство. Министерот за здравство  Фатмир Меџити денеска ја посетил донаторката на матични клетки млада девојка, воедно и докторка, на која и се заблагодари на извонредна храброст и несебична посветеност да спаси туѓ живот.
Нејзиниот чин на хуманост и солидарност е надеж, потсетувајќи нè на моќта на заедницата и љубезноста во моментите кога тоа е најпотребно. Им честитам и на колегите од Клиниката за хематологија кои ја практикуваат оваа современа метода во медицината со која еден човек има шанса за нов почеток, изјави министерот Меџити.
Директорката на клиниката за хематологија изјави дека станува збор за редокот пример, донорот на матични клетки и пациетон кој треба да ги прими, не се во роднинска врска, ниту се познаваат, а нивните клетки се совпаѓаат.
Денешниот чин на докторката е уште еден чекор до задоволството да се биде лекар и да се спасуваат животите на луѓето. Младата докторка која е донор на матичните клетки, во Македонскиот регистар на доброволни дарители на коскена срцевина при Институтот за имунологија и хумана генетикиа, се пријавила уште кога била студент по медицина, а минатиот месец беше идентификувана како евентуален донор. Не се двоумеше ниту миг, веднаш се согласи да му даде шана за живот на пациент кој не го познава, а боледува од акутна леукемија, изјави д-р Ирина Пановска Ставридис.

The post Млада докторка донирала матични клетки за да спаси живот на пациент со акутна леукемија на Клиниката за хематологија appeared first on Република.

]]>
Дали има потреба од ревизија и на Клиниките за трансфузиологија и хематологија, прашуваат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-ima-potreba-od-revizija-i-na-klinikite-za-transfuziologija-i-hematologija-prashuvaat-od-komisijata-za-zdravstvo-na-vmro-dpmne/ Mon, 16 Oct 2023 08:33:50 +0000 https://republika.mk/?p=691587

Во врска со Ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија за Клиниката за радиотерапија и онкологија за 2021 година ставот на Централната комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ е дека:

➡️Не смее да се создава намерно и со умисла зависност од конкретен производител преку набавки на затворен систем при што опремата и потрошниот материјал се компатибилни
➡️Не смеело постапката за јавна набавка на биолошка терапија на УК Онкологија да ја спроведува Министерството за здравство, без барање од Клиниката за онкологија. Покрај тоа Клиниката за онкологија обезбедила согласност од МЗ, но не и согласност од Фондот за здравствено осигурување што не е во согласност со член 9 од Законот за здравствено осигурување
➡️Не смее набавките на "реверс" да бидат проформа постапката за јавна набавка и истата не може и не смее да биде наменета за однапред познат понудувач. Во тој случај дополнително понудувачот го наплатува претходно незаконски создаденото побарување по цена што нему му одговара, спротивно на начелото на конкуренција
➡️Не смее да има постапки за набавка без претходно обезбеден план од каде ќе бидат средствата. Имено, спроведена постапка за јавна набавка без претходно обезбедени средства претставува свесно создавање фиинансиска нестабилност, неликвидност и непотребна евентуална судска разрешница обременета со камати и судски трошоци што дополнително придонесува за неефикасно, неефективно и неекономично работење и резултира со неквалитет и дисконтинуитет во лекувањето
➡️Не смее опремата која е набавена да не биде во функција, бидејќи неставањето во функција на веќе набавената опрема повеќе од 7 години не претставува само непотребен трошок преку неоправдани трошоци за чување и намалени трошоци за лекување, туку и загуба на човечки животи
Оттука се наметнуваат следните прашања:
• Дали наодите на ДЗР претставуваат документ по "допрен глас", "готов предмет" или "чиста ситуација"?
• Дали за ваквите постапувања или непостапувања е потребно повеќе од политичка одговорност?
• Дали има одговорност за непостапувањето по наодите за злоупотреби од страна на ДЗР?
• Дали има потреба од ревизија и на Клиниките за трансфузиологија и хематологија, за кои исто слушаме за низа неправилности од медиумите?

The post Дали има потреба од ревизија и на Клиниките за трансфузиологија и хематологија, прашуваат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Во врска со Ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија за Клиниката за радиотерапија и онкологија за 2021 година ставот на Централната комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ е дека: ➡️Не смее да се создава намерно и со умисла зависност од конкретен производител преку набавки на затворен систем при што опремата и потрошниот материјал се компатибилни ➡️Не смеело постапката за јавна набавка на биолошка терапија на УК Онкологија да ја спроведува Министерството за здравство, без барање од Клиниката за онкологија. Покрај тоа Клиниката за онкологија обезбедила согласност од МЗ, но не и согласност од Фондот за здравствено осигурување што не е во согласност со член 9 од Законот за здравствено осигурување ➡️Не смее набавките на "реверс" да бидат проформа постапката за јавна набавка и истата не може и не смее да биде наменета за однапред познат понудувач. Во тој случај дополнително понудувачот го наплатува претходно незаконски создаденото побарување по цена што нему му одговара, спротивно на начелото на конкуренција ➡️Не смее да има постапки за набавка без претходно обезбеден план од каде ќе бидат средствата. Имено, спроведена постапка за јавна набавка без претходно обезбедени средства претставува свесно создавање фиинансиска нестабилност, неликвидност и непотребна евентуална судска разрешница обременета со камати и судски трошоци што дополнително придонесува за неефикасно, неефективно и неекономично работење и резултира со неквалитет и дисконтинуитет во лекувањето ➡️Не смее опремата која е набавена да не биде во функција, бидејќи неставањето во функција на веќе набавената опрема повеќе од 7 години не претставува само непотребен трошок преку неоправдани трошоци за чување и намалени трошоци за лекување, туку и загуба на човечки животи Оттука се наметнуваат следните прашања: • Дали наодите на ДЗР претставуваат документ по "допрен глас", "готов предмет" или "чиста ситуација"? • Дали за ваквите постапувања или непостапувања е потребно повеќе од политичка одговорност? • Дали има одговорност за непостапувањето по наодите за злоупотреби од страна на ДЗР? • Дали има потреба од ревизија и на Клиниките за трансфузиологија и хематологија, за кои исто слушаме за низа неправилности од медиумите?

The post Дали има потреба од ревизија и на Клиниките за трансфузиологија и хематологија, прашуваат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
На Клиниката за хематологија годишно ќе се примаат 70 нови пациенти со малигни болести за кои досега немаше место https://republika.mk/vesti/makedonija/na-klinikata-za-hematologija-godishno-kje-se-primaat-70-novi-pacienti-so-maligni-bolesti-za-koi-dosega-nemashe-mesto/ Wed, 09 Nov 2022 09:38:09 +0000 https://republika.mk/?p=571781

Делегација од Европската команда на армијата на САД, денеска ја посети ЈЗУ Клиниката за хематологија, каде интензивно се гради вториот кат, со средства од програмата за помош на Европската команда на американска војска, обезбедени преку амбасадата на САД во Македонија од еден милион долари. Оваа сума е наменета за проширување на капацитетите за хоспитализација, односно надградба на уште еден спрат.

Новиот капацитет, заедно со воспоставените најсовремени методи за лекување и медицинска грижа, нудат можност клиниката да му служи не само на македонскиот јавен здравствен систем, туку истовремено го етаблира на врвот на најзначајните центри за лекување на хематолошки болести во поширокиот регион.

Оваа инвестиција е огромно олеснување за секојдневното просторно функционирање на Клиниката и на пациентите, ако се земе предвид фактот дека искористеноста на стационарот во последните неколку години е повеќе од сто отсто и секојдневно се бара кревет повеќе. Благодарение на донацијата од САД, на Хематологија годишно ќе се примаат 70 нови пациенти со малигни болести за кои досега немаше место.

Финансиската помош е признание на САД за потенцијалот што го носи менаџерскиот и лекарскиот тим на ЈЗУ Клиника за hематологија Скопје.

Директорката на Клиниката д-р Ирина Пановска Ставридис вели дека согласно динамичкиот план за реализација, новиот спрат да биде ставен во употреба за во јуни идната година.

На новиот оддел, годишно ќе бидат лекувани најмалку 50 до 60 пациенти од нашата земја и 10 до 15 од соседните земји, кои досега не можевме да ги прифатиме заради немање просторни услови. Тоа се пациенти со малигни хематолошки болести, една од најранливите групи на пациенти. Клиниката за хематологија сега е на мапата на светските и европските медицински центри за лекување на најтешките болести на крвта. Со оваа донација, хематологија доби додадена вредност од техничка гледна точка, простор и опрема со која дополнително ќе се подобри медицинската услуга за пациентите. Со почеток со работа на новото одделение, на пациентите ќе им биде ставено на располагање се што поседуваат и нудат најсовремените центри од ваков вид, вели директорката проф.д-р Пановска-Ставридис.

The post На Клиниката за хематологија годишно ќе се примаат 70 нови пациенти со малигни болести за кои досега немаше место appeared first on Република.

]]>

Делегација од Европската команда на армијата на САД, денеска ја посети ЈЗУ Клиниката за хематологија, каде интензивно се гради вториот кат, со средства од програмата за помош на Европската команда на американска војска, обезбедени преку амбасадата на САД во Македонија од еден милион долари. Оваа сума е наменета за проширување на капацитетите за хоспитализација, односно надградба на уште еден спрат. Новиот капацитет, заедно со воспоставените најсовремени методи за лекување и медицинска грижа, нудат можност клиниката да му служи не само на македонскиот јавен здравствен систем, туку истовремено го етаблира на врвот на најзначајните центри за лекување на хематолошки болести во поширокиот регион. Оваа инвестиција е огромно олеснување за секојдневното просторно функционирање на Клиниката и на пациентите, ако се земе предвид фактот дека искористеноста на стационарот во последните неколку години е повеќе од сто отсто и секојдневно се бара кревет повеќе. Благодарение на донацијата од САД, на Хематологија годишно ќе се примаат 70 нови пациенти со малигни болести за кои досега немаше место. Финансиската помош е признание на САД за потенцијалот што го носи менаџерскиот и лекарскиот тим на ЈЗУ Клиника за hематологија Скопје. Директорката на Клиниката д-р Ирина Пановска Ставридис вели дека согласно динамичкиот план за реализација, новиот спрат да биде ставен во употреба за во јуни идната година.
На новиот оддел, годишно ќе бидат лекувани најмалку 50 до 60 пациенти од нашата земја и 10 до 15 од соседните земји, кои досега не можевме да ги прифатиме заради немање просторни услови. Тоа се пациенти со малигни хематолошки болести, една од најранливите групи на пациенти. Клиниката за хематологија сега е на мапата на светските и европските медицински центри за лекување на најтешките болести на крвта. Со оваа донација, хематологија доби додадена вредност од техничка гледна точка, простор и опрема со која дополнително ќе се подобри медицинската услуга за пациентите. Со почеток со работа на новото одделение, на пациентите ќе им биде ставено на располагање се што поседуваат и нудат најсовремените центри од ваков вид, вели директорката проф.д-р Пановска-Ставридис.
 
The post На Клиниката за хематологија годишно ќе се примаат 70 нови пациенти со малигни болести за кои досега немаше место appeared first on Република.

]]>
Клиниката за хематологија ќе прерасне во регионален центар за лекување на најтешките болести на крвта https://republika.mk/vesti/makedonija/klinikata-za-hematologija-kje-prerasne-vo-regionalen-centar-za-lekuvanje-na-najteshkite-bolesti-na-krvta/ Wed, 09 Nov 2022 09:37:25 +0000 https://republika.mk/?p=571785

Делегација од Европската команда на армијата на САД денеска ја посети ЈЗУ Клиника за хематологија.

На таа локација интензивно се гради вториот кат, со средства во висина од милион долари, обезбедени преку Амбасадата на САД во Македонија. Со тие финансии ќе се прошируваат капацитетите за хоспитализација, односно ќе се изврши надградба на уште еден спрат.

Новиот капацитет, заедно со воспоставените најсовремени методи за лекување и медицинска грижа, нудат можност клиниката да му служи не само на македонскиот јавен здравствен систем, туку истовремено го етаблира на врвот на најзначајните центри за лекување на хематолошки болести во поширокиот регион - информираат од Клиниката.

Со оглед на тоа дека секојдневно се бара кревет повеќе, од Клиниката велат дека оваа инветиција ќе биде големо олеснување.

Благодарение на донацијата од САД, на Хематологија годишно ќе се примаат 70 нови пациенти со малигни болести за кои досега немаше место. Финансиската помош е признание на САД за потенцијалот што го носи менаџерскиот и лекарскиот тим на ЈЗУ Клиника за Хематологија Скопје - истакнаа од Клиниката.

Очекувањата се дека новиот кат ќе биде ставен во употреба во јуни следната година, информира директорката на Клиниката за хематологија Ирина Пановска-Ставридис.

На новиот оддел, годишно ќе бидат лекувани најмалку 50 до 60 пациенти од нашата земја и 10 до 15 од соседните земји, кои досега не можевме да ги прифатиме заради немање просторни услови. Тоа се пациенти со малигни хематолошки болести, една од најранливите групи на пациенти. Клиниката за хематологија сега е на мапата на светските и европските медицински центри за лекување на најтешките болести на крвта. Со оваа донација, Хематологија доби додадена вредност од техничка гледна точка, простор и опрема со која дополнително ќе се подобри медицинската услуга за пациентите - вели Пановска-Ставридис.

Според неа, со почеток со работа на новото одделение, на пациентите ќе им биде ставено на располагање се што поседуваат и нудат најсовремените центри од ваков вид.

The post Клиниката за хематологија ќе прерасне во регионален центар за лекување на најтешките болести на крвта appeared first on Република.

]]>

Делегација од Европската команда на армијата на САД денеска ја посети ЈЗУ Клиника за хематологија. На таа локација интензивно се гради вториот кат, со средства во висина од милион долари, обезбедени преку Амбасадата на САД во Македонија. Со тие финансии ќе се прошируваат капацитетите за хоспитализација, односно ќе се изврши надградба на уште еден спрат.
Новиот капацитет, заедно со воспоставените најсовремени методи за лекување и медицинска грижа, нудат можност клиниката да му служи не само на македонскиот јавен здравствен систем, туку истовремено го етаблира на врвот на најзначајните центри за лекување на хематолошки болести во поширокиот регион - информираат од Клиниката.
Со оглед на тоа дека секојдневно се бара кревет повеќе, од Клиниката велат дека оваа инветиција ќе биде големо олеснување.
Благодарение на донацијата од САД, на Хематологија годишно ќе се примаат 70 нови пациенти со малигни болести за кои досега немаше место. Финансиската помош е признание на САД за потенцијалот што го носи менаџерскиот и лекарскиот тим на ЈЗУ Клиника за Хематологија Скопје - истакнаа од Клиниката.
Очекувањата се дека новиот кат ќе биде ставен во употреба во јуни следната година, информира директорката на Клиниката за хематологија Ирина Пановска-Ставридис.
На новиот оддел, годишно ќе бидат лекувани најмалку 50 до 60 пациенти од нашата земја и 10 до 15 од соседните земји, кои досега не можевме да ги прифатиме заради немање просторни услови. Тоа се пациенти со малигни хематолошки болести, една од најранливите групи на пациенти. Клиниката за хематологија сега е на мапата на светските и европските медицински центри за лекување на најтешките болести на крвта. Со оваа донација, Хематологија доби додадена вредност од техничка гледна точка, простор и опрема со која дополнително ќе се подобри медицинската услуга за пациентите - вели Пановска-Ставридис.
Според неа, со почеток со работа на новото одделение, на пациентите ќе им биде ставено на располагање се што поседуваат и нудат најсовремените центри од ваков вид.

The post Клиниката за хематологија ќе прерасне во регионален центар за лекување на најтешките болести на крвта appeared first on Република.

]]>
На Клиниката за хематологија извршена прва трансплантација на крвотворни матични клетки од несроден донор https://republika.mk/vesti/na-klinikata-za-hematologija-izvrshena-prva-transplantacija-na-krvotvorni-matichni-kletki-od-nesroden-donor/ Thu, 16 Jun 2022 11:58:01 +0000 https://republika.mk/?p=515960

На ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија беше извршена трансплантација на крвотворни матични клетки на пациентка со акутна миелобластна леукемија од несроден донор од Македонскиот дарителски регистер за коскена срцевина. Со оваа трансплантација оваа млада жена има можност да продолжи со животот.

Благодарение на кампањата за зголемување на бројот на несродни донори на матични клетки „Биди срцевина, биди херој“, по неколкумесечно побарување, обезбедивме соодветен несроден донор, генски идентичен, кој се пријавил во регистарот. Пациентката, немаше друг фамилијарен донор. Хуманоста и високата свест за донација се основен мотив за спасување на млад човечки живот кој боледува од тешко малигно хематолошко заболување. Тимовите за трансплантација и Дарителскиот регистер прв пат учествуваа во зафат кога се трансплантираа матични клетки од македонски несроден донор кои веруваме дека ги зголемуваат шансите да се спаси животот на пациентката на Клиниката за хематологија – велат од Клиниката.

Македонскиот дарителски регистер за коскена срцевина (МКДРКС) е основан во рамките на Институтот за имунобиологија и хумана генетика, на Медицинскиот факултет во Скопје во 2010 година и од 2013 година е рамноправен член на Светската асоцијација на донори на коскена срцевина (WMDA).

Во него членуваат засега само 5.000 доброволни дарители. Секој од нив, утре на некој од нас може да ни го спаси животот. Затоа, уште еднаш апелираме до сите здрави лица на возраст од 18 до 55 години да станат дел од дарителскиот регистер и да помогнат во третманот на пациентите на кои им е потребно лекување со трансплантација на крвотворни матични клетки од несроден донор, велат од Клиниката.

ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија од 15 септември 2.000 година е активно вклучена, во трансплантација на матични клетки, а реализирани се вкупно 655 интервенции. Од 2018 година Клиниката воведе две нови услуги во македонското јавно здравство, трансплантација на крвотворни матични клетки од несроден донор, како и полуидентични трансплантации, кои претходно се реализираа исклучиво во странство.

Во изминатите четири години се реализирани вкупно 216 трансплантации – додаваат од Клиниката.

Многу е важно да се истакне дека со воведувањето на овие методи, за првпат во нашата држава, експертските тимови од Клиниката за хематологија и Дарителскиот регистер, поради професионалниот рејтинг и кредибилитетот, од земјите на Европската Унија добија орган-матични хематопетски клетки за трансплантирање.

The post На Клиниката за хематологија извршена прва трансплантација на крвотворни матични клетки од несроден донор appeared first on Република.