Клиника за детски болести Archives - Република https://republika.mk/tema/klinika-za-detski-bolesti/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Nov 2024 12:23:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Клиника за детски болести Archives - Република https://republika.mk/tema/klinika-za-detski-bolesti/ 32 32 ДСЗИ ја казни со 5.200 евра Клиниката за детски болести бидејќи на ноќно дежурство прегледуваат специјализнати во име на дежурни лекари специјалисти https://republika.mk/zivot/zdravje/dszi-ja-kazni-so-5-200-evra-klinikata-za-detski-bolesti-bidejki-na-nokno-dezhurstvo-pregleduvaat-spetsijaliznati-vo-ime-na-dezhurni-lekari-spetsijalisti/ Wed, 20 Nov 2024 12:22:23 +0000 https://republika.mk/?p=839915

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска извршил инспекциски надзор на Детската клиника во Скопје, а откако биле откриени недостатоци, најавен е прекршочен платен налог.

Како што попладнево информираат од ДСЗИ, на денешниот контролен инспекциски надзор во Универзитетската клиника за детски болести, по изминати рокови за постапување по наложени мерки со издадено решение, констатирано било дека не е постапено во целост по решението.

Од вкупно 14 доктори специјализанти кои исполнуваат услов за добивање на времена лиценца од Лекарска комора на Македонија и времени факсимили за работа, само за двајца има обезбедени времени лиценци за работа и не е поднесено барање до министер за здравство за обезбедување времени факсимили за работа на Клиниката. Во ноќна смена во дежурна амбуланта, на Клиниката работат доктори специјализанти без времени факсимили за работа и доктори кои не исполнуваат услов постар специјализант. На Клиниката, од вкупно вработени 45 доктори специјалисти, дежураат само по тројца докотори, притоа ниту еден од нив не дежура во амбуланта на Клиниката, а прегледите во дежурна амбуланта се вршат од страна на специјализанти, кои издаваат медицинска документација во име на дежурните доктори специјалисти, а некогаш и документација и без потпис и печат, се наведува во соопштението на ДСЗИ.

Од страна на установата, а во однос на издаденото решение, постапено било само во делот на внесување на личните податоци и медицинските податоци на пациентите - за извршените здравствени услуги, во интегрираниот здравствен информатички систем „Мој термин“.

Врз основа на наведеното, а согласно член 31 став 1 и 3 ќе биде издаден прекршочен платен налог со предлог за порамнување и тоа: на правното лице ЈЗУ УК за детски болести - Скопје со глоба во износ од 4.000 евра во денарска противвредност и на одговорното лице во правното лице со глоба во износ од 30 отсто од одмерената глоба за правното лице односно во износ од 1.200 евра во денарска противвредност, појаснуваат од Инспекторатот.

Доколку сторителот на прекршокот е согласен на постапката за порамнување и глобите ги плати во рок од осум дена од денот на добивање на платниот налог, како што додаваат, уплаќа половина од погоренаведените износи - 2.000 евра во денари противвредност за правното лице и 600 евра во денари противвредност за одговорното лице, а за уплатата треба да достави доказ до Инспекторот.

Доколку сторителот не е согласен да ја прифати постапката за порамнување или не ги плати изречените глоби, инспекторот е должен да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен суд, истакнуваат од ДСЗИ.

The post ДСЗИ ја казни со 5.200 евра Клиниката за детски болести бидејќи на ноќно дежурство прегледуваат специјализнати во име на дежурни лекари специјалисти appeared first on Република.

]]>

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска извршил инспекциски надзор на Детската клиника во Скопје, а откако биле откриени недостатоци, најавен е прекршочен платен налог. Како што попладнево информираат од ДСЗИ, на денешниот контролен инспекциски надзор во Универзитетската клиника за детски болести, по изминати рокови за постапување по наложени мерки со издадено решение, констатирано било дека не е постапено во целост по решението.
Од вкупно 14 доктори специјализанти кои исполнуваат услов за добивање на времена лиценца од Лекарска комора на Македонија и времени факсимили за работа, само за двајца има обезбедени времени лиценци за работа и не е поднесено барање до министер за здравство за обезбедување времени факсимили за работа на Клиниката. Во ноќна смена во дежурна амбуланта, на Клиниката работат доктори специјализанти без времени факсимили за работа и доктори кои не исполнуваат услов постар специјализант. На Клиниката, од вкупно вработени 45 доктори специјалисти, дежураат само по тројца докотори, притоа ниту еден од нив не дежура во амбуланта на Клиниката, а прегледите во дежурна амбуланта се вршат од страна на специјализанти, кои издаваат медицинска документација во име на дежурните доктори специјалисти, а некогаш и документација и без потпис и печат, се наведува во соопштението на ДСЗИ.
Од страна на установата, а во однос на издаденото решение, постапено било само во делот на внесување на личните податоци и медицинските податоци на пациентите - за извршените здравствени услуги, во интегрираниот здравствен информатички систем „Мој термин“.
Врз основа на наведеното, а согласно член 31 став 1 и 3 ќе биде издаден прекршочен платен налог со предлог за порамнување и тоа: на правното лице ЈЗУ УК за детски болести - Скопје со глоба во износ од 4.000 евра во денарска противвредност и на одговорното лице во правното лице со глоба во износ од 30 отсто од одмерената глоба за правното лице односно во износ од 1.200 евра во денарска противвредност, појаснуваат од Инспекторатот.
Доколку сторителот на прекршокот е согласен на постапката за порамнување и глобите ги плати во рок од осум дена од денот на добивање на платниот налог, како што додаваат, уплаќа половина од погоренаведените износи - 2.000 евра во денари противвредност за правното лице и 600 евра во денари противвредност за одговорното лице, а за уплатата треба да достави доказ до Инспекторот.
Доколку сторителот не е согласен да ја прифати постапката за порамнување или не ги плати изречените глоби, инспекторот е должен да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен суд, истакнуваат од ДСЗИ.

The post ДСЗИ ја казни со 5.200 евра Клиниката за детски болести бидејќи на ноќно дежурство прегледуваат специјализнати во име на дежурни лекари специјалисти appeared first on Република.

]]>
Министерството за здравство формирало Комисија за испитување на случајот со починатото петгодишно дете на Клиниката за детски болести https://republika.mk/zivot/zdravje/ministerstvoto-za-zdravstvo-formiralo-komisija-za-ispituvane-na-sluchajot-so-pochinatoto-petgodishno-dete-na-klinikata-za-detski-bolesti/ Thu, 14 Nov 2024 13:43:54 +0000 https://republika.mk/?p=837751

Министерството за здравство во вторникот формирало Комисија за случајот со починатото петгодишно дете, информираше денеска министерот Арбен Таравари.

Со директорот на Детска клиника утрово се слушнав повторно. Комисијата е формирана во вторникот од Министерството за здравство. Уште еднаш ќе повторам дека сите резултати што се направени, барем јас зборувам и како лекар и покачената концентрација на протеини во ликворот на за жал починатото дете и намалената концентрација на гликоза во ликворот и наодот од ЕКГ кај што доминираат бавни бранови, упатува на сериозен сомнеж за енцефалит. Меѓутоа, да оставиме Комисијата, не би сакал да давам изјави пред да има официјален извештај од компетентни педијатри кои веќе се назначени од Клиниката за педијатрија за да направат увид во целата документација за тоа како се третирало детето, истакна Таравари.

На прес-конференција министерот соопшти дека во тек е процедурата за вработување на првите 300 специјализанти кои беа ветени до крај на годината.

Јас се надевам дека до крајот на годината првите 300 ќе се вработат бидејќи има и одлука на Владата, така што воопшто да не се сомневате во тоа дека целата процедура тече и тоа го знаат специјализантите. Викнете неколку од нив и зборувајте ќе ви кажат дека сепак има некаква процедура, а 300 други ќе се вработат идната година и таков беше планот 300+300, меѓутоа и овие 600 нема да бидат доволни за тоа колку недостасува медицински кадар – лекари и средномедицински кадар во здравствениот систем, рече тој, како одговор на новинарско прашање.

Притоа додаде дека не можеле нешто што е проблематично повеќе од 5-10 години, да го средат за 4-5 месеци.

Меѓутоа вие гледате дека преземаме чекори во правец на стабилизирање на здравствениот систем, затоа се овие 600 специјализанти. Проблемот е 10 години, не е три или четири месеци и ние го решаваме сега. И средномедицински кадар ви кажав дека до крај на годината очекувам да донесеме одлука 1000 договорци, односно можеби и повеќе од тоа да добијат решенија и да овозможиме повторно уште 100 од средномедицинскиот кадар да бидат вработени со договор на дело во сите здравствени установи, а дека има дефицит, не мора да ме прашате – посетете која било болница ќе ви кажат дека секаде недостасува, нагласи тој.

За ДСЗИ рече дека си ја врши својата работа, секојдневно е на терен и таму кај што треба и таму кај што се даваат одредени директиви од Министерството за здравство. Така што, ниеден ден не им бил празен и без обврски.

The post Министерството за здравство формирало Комисија за испитување на случајот со починатото петгодишно дете на Клиниката за детски болести appeared first on Република.

Министерството за здравство треба да го поправи потпорниот ѕид кај Клиниката за детски болести https://republika.mk/zivot/zdravje/ministerstvoto-za-zdravstvo-treba-da-go-popravi-potporniot-zid-kaj-klinikata-za-detski-bolesti/ Thu, 31 Oct 2024 12:15:58 +0000 https://republika.mk/?p=832771

Министерството за здравство, согласно решението и заклучокот од градежниот инспектор на Општина Центар треба да започне со изградба на ограден/потпорен ѕид како привремено решение зад Клиниката за детски болести, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Денеска во ЦУК се одржала координативна средба на тема „Загрозување по животот и здравјето на луѓето и по материјалните добра од подземните води, одрон и рушење на потпорниот/оградниот ѕид на улица Бeлградска кај Детска клиника“.

Дел од потпорниот ѕид се урна на 10 јуни, а институциите Министерство за здравство, Град Скопје и Општина Центар си ги префрлуваа надлежностите кој е одговорен.

На денешната седница бил донесен заклучок дека Град Скопје треба да изработи динамика и да започне активности за изработка на нов сообраќаен проект во координација со СВР Скопје со којшто би се редуцирало движењето на тешки товарни возила

На средбата присуствуваа претставници од;Министерство за здравство, Град Скопје, Општина Центар, Инспекциски совет, Министерство за внатрешни работи и вработените од ЦУК, конкретно - државниот советник Драги Тарчуговски и колеги од Секторот за операции и координација на ЦУК, коишто непосредно се ангажирани за конкретната проблематика за координација за решавање на опасноста.

Град Скопје ќе пристапи кон пресадување на дрвјата на трасата на улица „Белградска“ истовремено при активностите за изградбата на потпорниот/ограден ѕид од страна на Министерството за здравство

ЦУК да побара извештај од Министерството за животна средина и просторно планирање – водостопански инспектор за намената и состојбата на руиниран канал, каналски систем, на улицата, се вели во соопштението испратено до медиумите.

 За трајно, долгорочно, решавање на проблемот, Град Скопје е потребно, во координација со останатите надлежни институции, да изготви нова хидролошка студија и студија за заштита на подземните води на падините на Водно, врз основа на којашто би се преземале трајни мерки за изградба на нова улица со потребната каналска мрежа и нејзино асфалтирање, се додава во соопштението.

The post Министерството за здравство треба да го поправи потпорниот ѕид кај Клиниката за детски болести appeared first on Република.

Лекарската комора ќе го разгледува извештајот за починатото 14-месечно девојче https://republika.mk/zivot/zdravje/lekarskata-komora-ke-go-razgleduva-izveshtajot-za-pochinatoto-14-mesechno-devojche/ Tue, 15 Oct 2024 11:46:32 +0000 https://republika.mk/?p=827131

Од Лекарската комора попладнево соопштија дека со загриженост го следат случајот со починатото 14-месечно бебе во Клиниката за детски болести.

Во однос на активностите што ќе ги преземеме, засега може да кажеме дека откако ќе го добиеме извештајот од Министерството за здравство, ќе биде разгледан во Комората, а што ќе се преземе понатаму, зависи од неговата содржина, потенцираа од Лекарската комора.

На вчерашната прес-конференција, министерот за здравство Арбен Таравари информираше дека при извршениот стручен надзор во Клиниката за детски болести и во Клиниката за респираторни болести кај децата - „Козле“, биле констатирани одредени недостатоци и тоа системски, технички од аспект на опрема и стручни.

https://republika.mk/zivot/zdravje/taravari-lekarite-od-klinikata-za-detski-bolesti-i-od-kozle-napravile-previd-koga-ne-go-hospitalizirale-14-mesechnoto-zhensko-bebe-koe-pochina/

Зборувајќи за овие две клиники во Скопје, тој соопшти дека во делот на системски недостатоци, констатирано е непостоење на препораки или алгоритми за тријажа на пациентите при прием и понатамошен третман.

Исто така, констатирана е потреба од континуирана обука на докторите на Клиниката за детски болести за срцево-респираторна поддршка. Во однос на техничките недостатоци, во „Козле“ е констатирана потреба од соодветна апаратура за пружање респираторна поддршка - инвазивна и неинвазивна,појасни Таравари.

Министерот додаде дека, исто така, констатирана е потреба од обезбедување видео-ларингоскоп за Детската клиника, како и унапредување во делот на организирање на транспортот на пациентите од една до друга установа.

Од аспект на стручни забелешки, Комисијата за стручен надзор нотираше превид во проценката за потребата од хоспитализација при вториот преглед на бебето на Клиниката извршен на 03.10, додека во „Козле“ е констатирана неадекватна и ненавремена проценка за тежината на респираторните потешкотии и третманот, истакна министерот.

The post Лекарската комора ќе го разгледува извештајот за починатото 14-месечно девојче appeared first on Република.

]]>

Од Лекарската комора попладнево соопштија дека со загриженост го следат случајот со починатото 14-месечно бебе во Клиниката за детски болести.
Во однос на активностите што ќе ги преземеме, засега може да кажеме дека откако ќе го добиеме извештајот од Министерството за здравство, ќе биде разгледан во Комората, а што ќе се преземе понатаму, зависи од неговата содржина, потенцираа од Лекарската комора.
На вчерашната прес-конференција, министерот за здравство Арбен Таравари информираше дека при извршениот стручен надзор во Клиниката за детски болести и во Клиниката за респираторни болести кај децата - „Козле“, биле констатирани одредени недостатоци и тоа системски, технички од аспект на опрема и стручни. https://republika.mk/zivot/zdravje/taravari-lekarite-od-klinikata-za-detski-bolesti-i-od-kozle-napravile-previd-koga-ne-go-hospitalizirale-14-mesechnoto-zhensko-bebe-koe-pochina/ Зборувајќи за овие две клиники во Скопје, тој соопшти дека во делот на системски недостатоци, констатирано е непостоење на препораки или алгоритми за тријажа на пациентите при прием и понатамошен третман.
Исто така, констатирана е потреба од континуирана обука на докторите на Клиниката за детски болести за срцево-респираторна поддршка. Во однос на техничките недостатоци, во „Козле“ е констатирана потреба од соодветна апаратура за пружање респираторна поддршка - инвазивна и неинвазивна,појасни Таравари.
Министерот додаде дека, исто така, констатирана е потреба од обезбедување видео-ларингоскоп за Детската клиника, како и унапредување во делот на организирање на транспортот на пациентите од една до друга установа.
Од аспект на стручни забелешки, Комисијата за стручен надзор нотираше превид во проценката за потребата од хоспитализација при вториот преглед на бебето на Клиниката извршен на 03.10, додека во „Козле“ е констатирана неадекватна и ненавремена проценка за тежината на респираторните потешкотии и третманот, истакна министерот.

The post Лекарската комора ќе го разгледува извештајот за починатото 14-месечно девојче appeared first on Република.

]]>
Таравари: Лекарите од Клиниката за детски болести и од „Козле“ направиле превид кога не го хоспитализирале 14-месечното женско бебе кое почина https://republika.mk/zivot/zdravje/taravari-lekarite-od-klinikata-za-detski-bolesti-i-od-kozle-napravile-previd-koga-ne-go-hospitalizirale-14-mesechnoto-zhensko-bebe-koe-pochina/ Mon, 14 Oct 2024 14:26:57 +0000 https://republika.mk/?p=826697

При направениот стручен надзор во Клиниката за детски болести и во Клиниката за респираторни болести кај децата - „Козле“, се констатирани одредени недостатоци и тоа системски, технички од аспект на опрема и стручни. Ова го подвлече денеска министерот за здравство Арбен Таравари. На прес-конференција, тој информираше за извршените стручни надзори, иницирани од Министерството, во врска со двата случаи што завршија со смртен исход - за починатата родилка во ОБ - Куманово и за 14-месечното бебе во Клиниката за детски болести.

Таравари информираше дека извештатите се подготвени од професионални компетентни специјалисти од соодветните области, со цел детално да се анализира севкупниот тек на лекувањето и третманот на пациентите во двата случаја.

Тој појасни дека при посетата на установите, комисиите вршат увид во целокупната медицинска документација, а истовремено се извршени разговори со сите членови на здравствените тимови, кои биле вклучени во лекувањето.

Зборувајќи за овие две клиники во Скопје, тој соопшти дека во делот на системски недостатоци, констатирано е непостоење на препораки или алгоритми за тријажа на пациентите при прием и понатамошен третман.

Исто така, констатирана е потреба од континуирана обука на докторите на Клиниката за детски болести за срцево-респираторна поддршка. Во однос на техничките недостатоци, во „Козле“ е констатирана потреба од соодветна апаратура за пружање респираторна поддршка - инвазивна и неинвазивна, појасни Таравари.

Министерот додаде дека, исто така, констатирана е потреба од обезбедување видео-ларингоскоп за Детската клиника, како и унапредување во делот на организирање на транспортот на пациентите од една до друга установа.

Од аспект на стручни забелешки, Комисијата за стручен надзор нотираше превид во проценката за потребата од хоспитализација при вториот преглед на бебето на Клиниката извршен на 03.10, додека во Козле е констатирана неадекватна и ненавремена проценка за тежината на респираторните потешкотии и третманот, истакна министерот.

Во врска со другиот случај, тој информираше дека бил извршен стручен надзор во ОБ - Куманово, каде се констатирани одредени административно-технички недостатоци.

Но ,заклучок од Комисијата е дека - недостатоците не може да бидат директна или индиректна причина за акутното влошување на општата здравствена состојба на пациентката, исходот по новороденчето и смртниот исход на родилката. Исто така, Комисијата не констатираше пропусти во ниту еден аспект на пренаталниот менаџмент на пациентката од одговорните доктори во приватната здравствена установа по гинекологија и акушерство, каде била следена бременоста, соопшти министерот.

Тој нагласи дека комисијата не констатирала никакви суштински пропусти и во амбулантското следење на пациентката, во рамки на пренаталните прегледи во ОБ - Куманово.

Не се утврдени суштински пропусти ниту кај гинеколошкиот тим во текот на перипарталниот третман на пациентката, односно констатирано е дека тимот постапувал согласно постојните упатства и перинатолошки стандарди, подвлече Таравари на прес-конференцијата.

The post Таравари: Лекарите од Клиниката за детски болести и од „Козле“ направиле превид кога не го хоспитализирале 14-месечното женско бебе кое почина appeared first on Република.

]]>

При направениот стручен надзор во Клиниката за детски болести и во Клиниката за респираторни болести кај децата - „Козле“, се констатирани одредени недостатоци и тоа системски, технички од аспект на опрема и стручни. Ова го подвлече денеска министерот за здравство Арбен Таравари. На прес-конференција, тој информираше за извршените стручни надзори, иницирани од Министерството, во врска со двата случаи што завршија со смртен исход - за починатата родилка во ОБ - Куманово и за 14-месечното бебе во Клиниката за детски болести. Таравари информираше дека извештатите се подготвени од професионални компетентни специјалисти од соодветните области, со цел детално да се анализира севкупниот тек на лекувањето и третманот на пациентите во двата случаја. Тој појасни дека при посетата на установите, комисиите вршат увид во целокупната медицинска документација, а истовремено се извршени разговори со сите членови на здравствените тимови, кои биле вклучени во лекувањето. Зборувајќи за овие две клиники во Скопје, тој соопшти дека во делот на системски недостатоци, констатирано е непостоење на препораки или алгоритми за тријажа на пациентите при прием и понатамошен третман.
Исто така, констатирана е потреба од континуирана обука на докторите на Клиниката за детски болести за срцево-респираторна поддршка. Во однос на техничките недостатоци, во „Козле“ е констатирана потреба од соодветна апаратура за пружање респираторна поддршка - инвазивна и неинвазивна, појасни Таравари.
Министерот додаде дека, исто така, констатирана е потреба од обезбедување видео-ларингоскоп за Детската клиника, како и унапредување во делот на организирање на транспортот на пациентите од една до друга установа.
Од аспект на стручни забелешки, Комисијата за стручен надзор нотираше превид во проценката за потребата од хоспитализација при вториот преглед на бебето на Клиниката извршен на 03.10, додека во Козле е констатирана неадекватна и ненавремена проценка за тежината на респираторните потешкотии и третманот, истакна министерот.
Во врска со другиот случај, тој информираше дека бил извршен стручен надзор во ОБ - Куманово, каде се констатирани одредени административно-технички недостатоци.
Но ,заклучок од Комисијата е дека - недостатоците не може да бидат директна или индиректна причина за акутното влошување на општата здравствена состојба на пациентката, исходот по новороденчето и смртниот исход на родилката. Исто така, Комисијата не констатираше пропусти во ниту еден аспект на пренаталниот менаџмент на пациентката од одговорните доктори во приватната здравствена установа по гинекологија и акушерство, каде била следена бременоста, соопшти министерот.
Тој нагласи дека комисијата не констатирала никакви суштински пропусти и во амбулантското следење на пациентката, во рамки на пренаталните прегледи во ОБ - Куманово.
Не се утврдени суштински пропусти ниту кај гинеколошкиот тим во текот на перипарталниот третман на пациентката, односно констатирано е дека тимот постапувал согласно постојните упатства и перинатолошки стандарди, подвлече Таравари на прес-конференцијата.

The post Таравари: Лекарите од Клиниката за детски болести и од „Козле“ направиле превид кога не го хоспитализирале 14-месечното женско бебе кое почина appeared first on Република.

]]>
На Детска и на Инфективна клиника нема згрижено деца од „Ѓорѓија Пулевски“ поради труење со храна https://republika.mk/zivot/zdravje/na-detska-i-na-infektivna-klinika-nema-zgrizheno-detsa-od-gorgija-pulevski-poradi-truene-so-hrana/ Fri, 27 Sep 2024 12:47:39 +0000 https://republika.mk/?p=820281

На Детската клиника и на Инфективната клиника нема згрижено деца од основното општинско училиште „Ѓорѓија Пулевски“ кои имаат симптоми на труење со храна. Информацијата за МИА ја потврдија од двете јавни установи.

Деца кои учат во ова училиште во скопската општина Аеродром, се пожалиле на стомачни тегоби со дијареа и повраќање.

Директорот на училиштето Александар Филипчев попладнево изјави дека од 360 ученици кои добиваат храна во целодневна настава, околу 140 се со исти или слични симптоми.

Во раните утрински часови одреден број од наставниците пријавија зголемен број отсутни ученици со исти симптоми. Како училиште веднаш ја затворивме кујната, го спречивме топлиот оброк, дел од учениците од целодневна настава беа испратени дома бидејќи не може да останат долго време без топол оброк, појасни Филипчев во изјава за медиуми.

Случајот, како што изјави, е пријавен до сите надлежни институции и извршен е вонреден инспекциски надзор.

Ќе постапиме согласно законската регулатива, подвлече тој.

Од Институтот за јавно здравје засега нема информација.

The post На Детска и на Инфективна клиника нема згрижено деца од „Ѓорѓија Пулевски“ поради труење со храна appeared first on Република.

]]>

На Детската клиника и на Инфективната клиника нема згрижено деца од основното општинско училиште „Ѓорѓија Пулевски“ кои имаат симптоми на труење со храна. Информацијата за МИА ја потврдија од двете јавни установи. Деца кои учат во ова училиште во скопската општина Аеродром, се пожалиле на стомачни тегоби со дијареа и повраќање. Директорот на училиштето Александар Филипчев попладнево изјави дека од 360 ученици кои добиваат храна во целодневна настава, околу 140 се со исти или слични симптоми.
Во раните утрински часови одреден број од наставниците пријавија зголемен број отсутни ученици со исти симптоми. Како училиште веднаш ја затворивме кујната, го спречивме топлиот оброк, дел од учениците од целодневна настава беа испратени дома бидејќи не може да останат долго време без топол оброк, појасни Филипчев во изјава за медиуми.
Случајот, како што изјави, е пријавен до сите надлежни институции и извршен е вонреден инспекциски надзор.
Ќе постапиме согласно законската регулатива, подвлече тој.
Од Институтот за јавно здравје засега нема информација.  

The post На Детска и на Инфективна клиника нема згрижено деца од „Ѓорѓија Пулевски“ поради труење со храна appeared first on Република.

]]>
Клиниката за детски болести ќе добие нов мобилен рентген апарат, како поддршка од Јапонската амбасада https://republika.mk/zivot/zdravje/klinikata-za-detski-bolesti-ke-dobie-nov-mobilen-rentgen-aparat-kako-poddrshka-od-japonskata-ambasada/ Fri, 20 Sep 2024 09:22:51 +0000 https://republika.mk/?p=818103

Универзитетската клиника за детски болести во Скопје ќе добие нов мобилен рентген апарат, во рамките на GGP програмата на Амбасадата на Јапонија во земјава, која е наменета за мали грантови за основни човекови потреби и човекова безбедност. Договорот за грант денеска потпишаа министерот министерот за здравство Арбен Таравари, амбасадорот на Јапонија во земјава, Оцука Казуја и директорот на УК за детски болести, Реџеп Мемеди.

Како што посочи денеска Таравари во своето обраќање пред потпишување на договорот, со овој нов мобилен рентген апарат, ќе се унапреди пристапот на најмладите пациенти до потребните дијагностички процедури.

Тој изрази благодарност до Амбасадата на Јапонија во нашата држава за соработката и континуираната поддршка која е во насока на зајакнување на капацитетите во нашиот здравствен систем.

The post Клиниката за детски болести ќе добие нов мобилен рентген апарат, како поддршка од Јапонската амбасада appeared first on Република.

]]>

Универзитетската клиника за детски болести во Скопје ќе добие нов мобилен рентген апарат, во рамките на GGP програмата на Амбасадата на Јапонија во земјава, која е наменета за мали грантови за основни човекови потреби и човекова безбедност. Договорот за грант денеска потпишаа министерот министерот за здравство Арбен Таравари, амбасадорот на Јапонија во земјава, Оцука Казуја и директорот на УК за детски болести, Реџеп Мемеди. Како што посочи денеска Таравари во своето обраќање пред потпишување на договорот, со овој нов мобилен рентген апарат, ќе се унапреди пристапот на најмладите пациенти до потребните дијагностички процедури. Тој изрази благодарност до Амбасадата на Јапонија во нашата држава за соработката и континуираната поддршка која е во насока на зајакнување на капацитетите во нашиот здравствен систем.

The post Клиниката за детски болести ќе добие нов мобилен рентген апарат, како поддршка од Јапонската амбасада appeared first on Република.

]]>
Тужба против бившиот економски директор на Детска клиника Аљајдин Мемеди https://republika.mk/vesti/makedonija/tuzhba-protiv-bivshiot-ekonomski-direktor-na-detska-klinika-alajdin-memedi/ Tue, 30 Jul 2024 10:24:40 +0000 https://republika.mk/?p=801618

Универзитетската клиника за детски болести, му поднела тужба на поранешниот економски директор Аљајдин Мемеди со барање да врати 147,534 денари во касата на јавната здравствена установа затоа што овие пари му биле преплатени, потврдија од Клиниката за „Слободен печат“.

Болницата ги бара овие пари на суд, бидејќи Државниот завод за ревизија утврдил дека овие средства од 2.300 евра наводно му биле исплатени на поранешниот економски директор со погрешно пресметан коефициент, а бидејќи не ги вратил веднаш, му се таложеле и камати.

Постапката пред Основен граѓански суд Скопје е оформена и рочиштето по овој предмет е закажано за ноември 2024 година, велат од Клиниката.

Мемеди беше разрешен на 2 ноември 2022 година од страна на тогашниот министер за здравство Беким Сали.

The post Тужба против бившиот економски директор на Детска клиника Аљајдин Мемеди appeared first on Република.

]]>

Универзитетската клиника за детски болести, му поднела тужба на поранешниот економски директор Аљајдин Мемеди со барање да врати 147,534 денари во касата на јавната здравствена установа затоа што овие пари му биле преплатени, потврдија од Клиниката за „Слободен печат“. Болницата ги бара овие пари на суд, бидејќи Државниот завод за ревизија утврдил дека овие средства од 2.300 евра наводно му биле исплатени на поранешниот економски директор со погрешно пресметан коефициент, а бидејќи не ги вратил веднаш, му се таложеле и камати.
Постапката пред Основен граѓански суд Скопје е оформена и рочиштето по овој предмет е закажано за ноември 2024 година, велат од Клиниката.
Мемеди беше разрешен на 2 ноември 2022 година од страна на тогашниот министер за здравство Беким Сали.

The post Тужба против бившиот економски директор на Детска клиника Аљајдин Мемеди appeared first on Република.

]]>
Комплетно реновирана Невролошката амбуланта https://republika.mk/zivot/zdravje/kompletno-renovirana-nevroloshkata-ambulanta/ Fri, 26 Jul 2024 08:22:42 +0000 https://republika.mk/?p=800388

На Клиниката за детски болести комплетно e реновирана невролошката амбуланта што функционира како консултативна и дијагностичка супспецијалистичка амбуланта која е единствена од таков тип во државното здраство.

Доцент доктор Данило Нонкуловски, кој е дел од тимот кој работи во оваа амбуланта вели дека таа е составена од две невролошки и една невроразвојна амбуланта, Ехосонографски кабинет и два кабинета за реализација на стандардно ЕЕГ, ЕЕГ со хипервентилација и ЕЕГ во сон.

Во невролошката амбуланта работат 4 лекари специјалисти и сестри-техничари обучени за спроведување на ЕЕГ.

Во тек на една година се реализирааат околу 8000 прегледи на пациенти на возраст од 0-14 години, со различна невролошка и невроразвојна патологија. Исто така се реализираат околу 3000 ЕЕГ годишно. Нашиот персонал редовно учествува на интернационалните и домашните семинари и обуки кои се спроведуваат од страна на Европското Здружение за Детска Неврологија и постојано ги следи најновите трендовите на современата дијагностика и третман на невролошките заболувања, посочи д-р Нонкуловски.

The post Комплетно реновирана Невролошката амбуланта appeared first on Република.

]]>

На Клиниката за детски болести комплетно e реновирана невролошката амбуланта што функционира како консултативна и дијагностичка супспецијалистичка амбуланта која е единствена од таков тип во државното здраство. Доцент доктор Данило Нонкуловски, кој е дел од тимот кој работи во оваа амбуланта вели дека таа е составена од две невролошки и една невроразвојна амбуланта, Ехосонографски кабинет и два кабинета за реализација на стандардно ЕЕГ, ЕЕГ со хипервентилација и ЕЕГ во сон. Во невролошката амбуланта работат 4 лекари специјалисти и сестри-техничари обучени за спроведување на ЕЕГ.
Во тек на една година се реализирааат околу 8000 прегледи на пациенти на возраст од 0-14 години, со различна невролошка и невроразвојна патологија. Исто така се реализираат околу 3000 ЕЕГ годишно. Нашиот персонал редовно учествува на интернационалните и домашните семинари и обуки кои се спроведуваат од страна на Европското Здружение за Детска Неврологија и постојано ги следи најновите трендовите на современата дијагностика и третман на невролошките заболувања, посочи д-р Нонкуловски.

The post Комплетно реновирана Невролошката амбуланта appeared first on Република.

]]>
Стручна комисија јавно да се произнесе со факти и одговорноста да ја насочат кон конкретниот виновник, бараат од Здружението на медицински сестри за случајот со бебето на Детска клиника https://republika.mk/zivot/zdravje/struchna-komisija-javno-da-se-proiznese-so-fakti-i-odgovornosta-da-ja-nasochat-kon-konkretniot-vinovnik-baraat-od-zdruzhenieto-na-meditsinski-sestri-za-sluchajot-so-bebeto-na-detska-klinika/ Mon, 15 Jul 2024 09:17:17 +0000 https://republika.mk/?p=796923

Унијата на здруженија, предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри - „За нас“, околу актуелните случувања на Детската клиника, а „во врска со тврдењата за нестручно однесување на медицинска сестра со новороденче“, денеска ги повика релевантните институции да приложат докази за разрешување на случајот.

- Во нашата земја во моментов работат околу 9.200 медицински сестри. Оваа хумана фела одговорно и пожртвувано работи во јавниот здравствен систем и не заслужува да се фрла дамка на сестринската професија поради недокажани инциденти. Затоа од име на Унијата на медицински сестри, упатувам реакција и ја повикувам стручната комисија, јавно да се произнесе со факти и одговорноста да ја насочат кон конкретниот виновник, наведува во писмена изјава претседателката Гордана Бешлиовска.

Директорот на Клиниката за детски болести во Скопје, Реџеп Мемеди во изјава за МИА во саботата најави дека во тек е формирање комисијата, што ќе го истражува случајот со тримесечното бебе.

Разговарано е со медицинската сестра, таа вели дека немало намерна повреда, ниту пак имало навреда од нејзина страна кон блиските на детето. Таа ќе даде и писмена изјава во врска со случајот, најави Мемеди.

Како што појасни директорот, според медицинската сестра, повредата на десната рака на бебето е ненамерна и настанала при земање крв за анализи.

Се очекува комисијата денеска да има состанок и како што е најавено, да ги разгледа сите аспекти и да биде донесена одлука согласно законските и етичките норми.

Директорот на Детската клиника, Мемеди заедно со министерот за здравство Арбен Таравари го посетија семејството на бебето. Министерот на социјалните мрежи напиша дека доколку се потврдат наводите на блиските на бебето, медицинската сестра ќе биде соодветно санкционирана.

Според изјавите на блиски на бебето, што беа презентирани во јавноста, по вербален конфликт, поради тоа што мајката не знаела да зборува добро македонски, следувало намерна повреда на детето од медицинската сестра, при интервенција земање крв. бд/нд/

The post Стручна комисија јавно да се произнесе со факти и одговорноста да ја насочат кон конкретниот виновник, бараат од Здружението на медицински сестри за случајот со бебето на Детска клиника appeared first on Република.

]]>

Унијата на здруженија, предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри - „За нас“, околу актуелните случувања на Детската клиника, а „во врска со тврдењата за нестручно однесување на медицинска сестра со новороденче“, денеска ги повика релевантните институции да приложат докази за разрешување на случајот. - Во нашата земја во моментов работат околу 9.200 медицински сестри. Оваа хумана фела одговорно и пожртвувано работи во јавниот здравствен систем и не заслужува да се фрла дамка на сестринската професија поради недокажани инциденти. Затоа од име на Унијата на медицински сестри, упатувам реакција и ја повикувам стручната комисија, јавно да се произнесе со факти и одговорноста да ја насочат кон конкретниот виновник, наведува во писмена изјава претседателката Гордана Бешлиовска. Директорот на Клиниката за детски болести во Скопје, Реџеп Мемеди во изјава за МИА во саботата најави дека во тек е формирање комисијата, што ќе го истражува случајот со тримесечното бебе.
Разговарано е со медицинската сестра, таа вели дека немало намерна повреда, ниту пак имало навреда од нејзина страна кон блиските на детето. Таа ќе даде и писмена изјава во врска со случајот, најави Мемеди.
Како што појасни директорот, според медицинската сестра, повредата на десната рака на бебето е ненамерна и настанала при земање крв за анализи. Се очекува комисијата денеска да има состанок и како што е најавено, да ги разгледа сите аспекти и да биде донесена одлука согласно законските и етичките норми. Директорот на Детската клиника, Мемеди заедно со министерот за здравство Арбен Таравари го посетија семејството на бебето. Министерот на социјалните мрежи напиша дека доколку се потврдат наводите на блиските на бебето, медицинската сестра ќе биде соодветно санкционирана. Според изјавите на блиски на бебето, што беа презентирани во јавноста, по вербален конфликт, поради тоа што мајката не знаела да зборува добро македонски, следувало намерна повреда на детето од медицинската сестра, при интервенција земање крв. бд/нд/  

The post Стручна комисија јавно да се произнесе со факти и одговорноста да ја насочат кон конкретниот виновник, бараат од Здружението на медицински сестри за случајот со бебето на Детска клиника appeared first on Република.

]]>
Мемеди: Комисијата за случајот со тримесечното бебе ќе се состане в понеделник https://republika.mk/vesti/makedonija/memedi-komisijata-za-sluchajot-so-trimesechnoto-bebe-ke-se-sostane-v-ponedelnik/ Sat, 13 Jul 2024 16:30:16 +0000 https://republika.mk/?p=796460

Директорот на Клиниката за детски болести Реџеп Мемеди во изјава за МИА вели дека во тек е формирањето на комисијата која ќе го истражува случајот со тримесечното бебе за кое неговото семејство тврди дека е повредено на Детската клиника.

– Разговарано е со медицинската сестра, таа вели дека немало намерна повреда, ниту пак имало навреда од нејзина страна кон блиските на детето.

Таа ќе даде и писмена изјава во врска со случајот, вели Мемеди за МИА.

Како што посочува, според медицинската сестра, повредата на десната рака на бебето е ненамерна и настанала при земање крв за анализи.

Најавува дека комисијата ќе се состане во понеделник и ќе ги разгледа сите аспекти и дека ќе биде донесена одлука согласно законските и етичките норми.

Мемеди синоќа заедно со министерот за здравство Арбен Таравари го посетија семејството на тримесечното бебе.

Според изјавите на блиски на бебето, што беа презентирани во јавноста, по вербален конфликт, поради тоа што мајката не знаела да зборува добро македонски, следувало намерна повреда на детето од медицинската сестра, при интервенција земање крв.

Министерот за здравство Арбен Таравари на социјалните мрежи напиша дека доколку се потврдат наводите на блиските на бебето, медицинската сестра ќе биде соодветно санкционирана.

The post Мемеди: Комисијата за случајот со тримесечното бебе ќе се состане в понеделник appeared first on Република.

]]>

Директорот на Клиниката за детски болести Реџеп Мемеди во изјава за МИА вели дека во тек е формирањето на комисијата која ќе го истражува случајот со тримесечното бебе за кое неговото семејство тврди дека е повредено на Детската клиника.
– Разговарано е со медицинската сестра, таа вели дека немало намерна повреда, ниту пак имало навреда од нејзина страна кон блиските на детето.
Таа ќе даде и писмена изјава во врска со случајот, вели Мемеди за МИА. Како што посочува, според медицинската сестра, повредата на десната рака на бебето е ненамерна и настанала при земање крв за анализи. Најавува дека комисијата ќе се состане во понеделник и ќе ги разгледа сите аспекти и дека ќе биде донесена одлука согласно законските и етичките норми. Мемеди синоќа заедно со министерот за здравство Арбен Таравари го посетија семејството на тримесечното бебе. Според изјавите на блиски на бебето, што беа презентирани во јавноста, по вербален конфликт, поради тоа што мајката не знаела да зборува добро македонски, следувало намерна повреда на детето од медицинската сестра, при интервенција земање крв. Министерот за здравство Арбен Таравари на социјалните мрежи напиша дека доколку се потврдат наводите на блиските на бебето, медицинската сестра ќе биде соодветно санкционирана.

The post Мемеди: Комисијата за случајот со тримесечното бебе ќе се состане в понеделник appeared first on Република.

]]>
Случајот со бебето на Клиниката за детски болести ќе го разгледува комисија https://republika.mk/zivot/zdravje/sluchajot-so-bebeto-na-klinikata-za-detski-bolesti-ke-go-razgleduva-komisija/ Sat, 13 Jul 2024 12:33:13 +0000 https://republika.mk/?p=796398

Директорот на Клиниката за детски болести, д-р Реџеп Мемеди информира дека согласно законот се превземени сите мерки во врска со тврдењата на родителите на четиримесечното доенче за искажување навреди кон нив и нанесување телесна повреда на доенчето од страна на една медицинска сестра во клиниката.

„Mинистерот за здравство Д-р Арбен Таравари заедно со директорот на Клиниката за детски болести Д-р Реџеп Мемеди синоќа беа во посета во домот на пациентот, каде од блиску видоа и се запознаа со случајот. Родителите, и покрај тоа што се многу задоволни од стручниот третман и грижа на бебето од страна на здравствениот персонал на одделот каде престојувало доенчето- после што бебето има видно подобрена здравствена состојба, сепак тврдат дека сенка фрлило нестручното однесување на една медицинска сестра.

Веднаш е започната процедура за формирање комисија која ќе биде задолжена да го разгледа случајот до крај и да донесе заклучоци согласно законските прописи и етичките норми.

Универзитетската клиника за детски болести, преку обезбедување соодветна професионална медицинска нега,останува посветена да се грижи за здравјето на сите деца- нашите најмили и нема да дозволи да, било чие индивидуално непрофесинално и неетичко однесување кон пациентите, фрли сенка врз угледот на нашата институција“, соопштија од Детска клиника.

The post Случајот со бебето на Клиниката за детски болести ќе го разгледува комисија appeared first on Република.

Клиниката за детски болести обезбедила терапија за само 15 пациенти со цистична фиброза, а регистирани се 140, се вели во извештајот на Државниот завод за ревизија https://republika.mk/zivot/zdravje/klinikata-za-detski-bolesti-obezbedila-terapija-za-samo-15-patsienti-so-tsistichna-fibroza-a-registirani-se-140-se-veli-vo-izveshtajot-na-drzhavniot-zavod-za-revizija/ Tue, 13 Feb 2024 09:15:25 +0000 https://republika.mk/?p=743506

Клиниката за детски болести обезбедила околу 2,9 милиони евра (180.350.000 милиони денари), износ кој е доволен за набавка на терапија за само 15 пациенти со цистична фиброза додека, согласно приложената документација, во земјава се регистрирани меѓу 130 и 140 пациенти, се вели во извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) на финансиското работење на установата за 2022 година.

Со извршената ревизија се констатирани состојби и неусогласености од различна природа кои влијаат на изразување на мислење со резерва во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2022 година“, стои во извештајот на ревизорите.

Без да се навлегува во медицинската исправност на одлуките на докторите и неоспорувајќи ја потребата од вклучување на пациентите на соодветна терапија, состојбата со ограничен буџет и ограничен број на пациенти на кои се дава терапија, доведува до постоење на ризик од субјективизам при изборот за лекување на пациенти, пишува во извештјот на ДЗР.

Ревизорите утврдиле дека Клиниката за детски болести, која воедно е центар за лекување на пациенти со цистична фиброза, дел од нив се лекувале со лекови кои не се на позитивната листа за кои се обезбедува условен надоместок преку Фондот за здравство или се набавуваат преку програмата за лекување на ретки болести од министерството за здравство.

Подобрување на третманот и начинот на лекување на пациентите со цистична фиброза започна во 2008 година, кога на позитивната листа се воведени три инхалациони лекови кои до пациентите се доставуваат преку инсулинските аптеки. Но, во периодот кој следува на пазарот се достапни нови генерации на лекови за третман на цистична фиброза кои до денот на ревизијата не се воведени во позитивната листа“, констатираат ревизорите.

Како дел од здравствените услуги кои ги нуди Клиниката е и обезбедување хормон за раст, за што во текот на 2022 година реализирани се расходи во износ од 67 милиони денари. Со извршен увид во техничките спецификации утврдено е дека предметот на набавката е поделен во пет делови за набавка на хормон за раст со исто генеричко име и ист АТЦ код, односно во секој дел се набавува истиот лек, а разликата меѓу деловите се однесува само на количината на активна супстанца – лек во количина на раствор, односно различна фармацевтска дозажна форма на лекот во која се врши комерцијалната продажба.

За секој дел поднесена е една понуда, која е избрана за најповолна, поради што набавен е хормон за раст со исто генеричко име, но од 4 различни производители/ трговски марки чии единечни вредности се разликуваат, од кои едни се поскапи бидејќи се оригинатори, а поевтините лекови се био-слични, чија цена во однос на оригинаторите е пониска за 58%.

Согласно даденото образложение од страна на одговорните лица на Клиниката и медицинскиот персонал дека хормонската терапија има ист медицински ефект без разлика на производителот на хормон кој се аплицира, и не е медицински препорачливо да се менува производителот на лекот во текот на лекувањето, ревизијата е на мислење дека е потребно Клиниката во соработка со Министерството да го евалуира начинот на кој се приклучуваат пациентите на терапија и на кој се изготвуваат техничките спецификации, со цел да се обезбеди постигнување на пониски цени во постапката за јавна набавка.

Со извршената ревизија исто така е утврдена и несоодветна примена и недоследно почитување на Законот за јавните набавки во дел од постапките што влијае на конкуренцијата и економично, ефикасно и ефективно користење на јавните средства, се вели во извештајот.

The post Клиниката за детски болести обезбедила терапија за само 15 пациенти со цистична фиброза, а регистирани се 140, се вели во извештајот на Државниот завод за ревизија appeared first on Република.

]]>

Клиниката за детски болести обезбедила околу 2,9 милиони евра (180.350.000 милиони денари), износ кој е доволен за набавка на терапија за само 15 пациенти со цистична фиброза додека, согласно приложената документација, во земјава се регистрирани меѓу 130 и 140 пациенти, се вели во извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) на финансиското работење на установата за 2022 година.
Со извршената ревизија се констатирани состојби и неусогласености од различна природа кои влијаат на изразување на мислење со резерва во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2022 година“, стои во извештајот на ревизорите.
Без да се навлегува во медицинската исправност на одлуките на докторите и неоспорувајќи ја потребата од вклучување на пациентите на соодветна терапија, состојбата со ограничен буџет и ограничен број на пациенти на кои се дава терапија, доведува до постоење на ризик од субјективизам при изборот за лекување на пациенти, пишува во извештјот на ДЗР. Ревизорите утврдиле дека Клиниката за детски болести, која воедно е центар за лекување на пациенти со цистична фиброза, дел од нив се лекувале со лекови кои не се на позитивната листа за кои се обезбедува условен надоместок преку Фондот за здравство или се набавуваат преку програмата за лекување на ретки болести од министерството за здравство.
Подобрување на третманот и начинот на лекување на пациентите со цистична фиброза започна во 2008 година, кога на позитивната листа се воведени три инхалациони лекови кои до пациентите се доставуваат преку инсулинските аптеки. Но, во периодот кој следува на пазарот се достапни нови генерации на лекови за третман на цистична фиброза кои до денот на ревизијата не се воведени во позитивната листа“, констатираат ревизорите.
Како дел од здравствените услуги кои ги нуди Клиниката е и обезбедување хормон за раст, за што во текот на 2022 година реализирани се расходи во износ од 67 милиони денари. Со извршен увид во техничките спецификации утврдено е дека предметот на набавката е поделен во пет делови за набавка на хормон за раст со исто генеричко име и ист АТЦ код, односно во секој дел се набавува истиот лек, а разликата меѓу деловите се однесува само на количината на активна супстанца – лек во количина на раствор, односно различна фармацевтска дозажна форма на лекот во која се врши комерцијалната продажба. За секој дел поднесена е една понуда, која е избрана за најповолна, поради што набавен е хормон за раст со исто генеричко име, но од 4 различни производители/ трговски марки чии единечни вредности се разликуваат, од кои едни се поскапи бидејќи се оригинатори, а поевтините лекови се био-слични, чија цена во однос на оригинаторите е пониска за 58%. Согласно даденото образложение од страна на одговорните лица на Клиниката и медицинскиот персонал дека хормонската терапија има ист медицински ефект без разлика на производителот на хормон кој се аплицира, и не е медицински препорачливо да се менува производителот на лекот во текот на лекувањето, ревизијата е на мислење дека е потребно Клиниката во соработка со Министерството да го евалуира начинот на кој се приклучуваат пациентите на терапија и на кој се изготвуваат техничките спецификации, со цел да се обезбеди постигнување на пониски цени во постапката за јавна набавка.
Со извршената ревизија исто така е утврдена и несоодветна примена и недоследно почитување на Законот за јавните набавки во дел од постапките што влијае на конкуренцијата и економично, ефикасно и ефективно користење на јавните средства, се вели во извештајот.
 
The post Клиниката за детски болести обезбедила терапија за само 15 пациенти со цистична фиброза, а регистирани се 140, се вели во извештајот на Државниот завод за ревизија appeared first on Република.

]]>
Фекалии во амбулантата за деца со хемато-онколошки заболувања на Клиниката за детски болести https://republika.mk/vesti/makedonija/fekalii-vo-ambulantata-za-detsa-so-hemato-onkoloshki-zaboluvana-na-klinikata-za-detski-bolesti/ Fri, 15 Sep 2023 14:13:44 +0000 https://republika.mk/?p=682215

Фекалии во дел долг од 70 до 80 метри течат во амбулантата за деца со хемато-онколошки заболувања на Клиниката за детски болести, алармираат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека од фекалиите поплавени се цели кутии лекови, како и амбулантите за прегледување на пациенти.

Дали некој намерно сака да нема услови за соодветно лечење на пациентите во јавното здравство, едвај се наоѓа кадар за истите, а надлежните веќе неколку месеци не го санираат проблемот? Каде е ДСЗИ - Државниот Здравствен и Санитарен Инспекторат дали има направено увид и дали воопшто биле на увид, прашуваат од Комисијата.

The post Фекалии во амбулантата за деца со хемато-онколошки заболувања на Клиниката за детски болести appeared first on Република.

ВМРО-ДПМНЕ: Надвор од функција единствениот ургентен центар за деца на Клиниката за детски болести https://republika.mk/zivot/zdravje/vmro-dpmne-nadvor-od-funktsija-edinstveniot-urgenten-tsentar-za-detsa-na-klinikata-za-detski-bolesti/ Tue, 03 Jan 2023 12:40:12 +0000 https://republika.mk/?p=593183

Единствениот ургентен центар за деца на Клиниката за детски болести повеќе не е во фунција, а тука се третираа најтешките педијатриски случаи од целата држава, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека тука се хоспитализираа најмлади пациенти за кои е потребна изолација и хоспитализација – деца со тешки инфекции, ургентни состојби во педијатријата, меѓу кои и стрептококен токсичен шок синдром, високо вирулентен сој на стрептокок кој во повеќе земји е со доста летални исходи.

За оваа алармантна состојба, здравствени работници реагираат до Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Апелираме до здравствените власти за итно преиспитување на одлуката со која е укинат единствениот Детски ургентен центар, отворен токму за оваа фунција со најсовремена опрема, со помош на Турската меѓународна агенција за соработка и развој-ТИКА, а донацијата беше исклучиво за оваа намена – Ургентен детски центар единствен во државата во јавното здравство и ова повеќе не фунционира. Огромен проблем на Детската клиника е и континуираниот одлив на кадар, со акцент на медицински сестри со што се доведува во прашање фунционирањето на оваа здравствена установа каде се третираат најтешките случаи од целата држава, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Надвор од функција единствениот ургентен центар за деца на Клиниката за детски болести appeared first on Република.

]]>

Единствениот ургентен центар за деца на Клиниката за детски болести повеќе не е во фунција, а тука се третираа најтешките педијатриски случаи од целата држава, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата посочуваат дека тука се хоспитализираа најмлади пациенти за кои е потребна изолација и хоспитализација – деца со тешки инфекции, ургентни состојби во педијатријата, меѓу кои и стрептококен токсичен шок синдром, високо вирулентен сој на стрептокок кој во повеќе земји е со доста летални исходи. За оваа алармантна состојба, здравствени работници реагираат до Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
Апелираме до здравствените власти за итно преиспитување на одлуката со која е укинат единствениот Детски ургентен центар, отворен токму за оваа фунција со најсовремена опрема, со помош на Турската меѓународна агенција за соработка и развој-ТИКА, а донацијата беше исклучиво за оваа намена – Ургентен детски центар единствен во државата во јавното здравство и ова повеќе не фунционира. Огромен проблем на Детската клиника е и континуираниот одлив на кадар, со акцент на медицински сестри со што се доведува во прашање фунционирањето на оваа здравствена установа каде се третираат најтешките случаи од целата држава, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Надвор од функција единствениот ургентен центар за деца на Клиниката за детски болести appeared first on Република.

]]>
Софијанова преку Детската клиника: Директорката никогаш не била исплатена со надоместоци во износите презентирани во јавноста https://republika.mk/vesti/makedonija/sofijanova-preku-detskata-klinika-direktorkata-nikogash-ne-bila-isplatena-so-nadomestoci-vo-iznosite-prezentirani-vo-javnosta/ Fri, 14 Oct 2022 09:17:18 +0000 https://republika.mk/?p=560970

Директорката на Детската клиника Аспазија Софијанова испрати уште едно соопштение во врска со вчерашниот настан, кога новинарот на ТВ Клан Фуркан Салиу побара од неа да потврди дека земала надоместоци за дежурства повисоки од основната плата, а притоа не присуствувала на дежурствата.

https://republika.mk/vesti/makedonija/sofijanova-jas-rabotam-i-koga-ne-sum-fizichki-prisutna-dostapna-sum-24-7/

Во ова соопштение, испратено од Детската клиника, а потпишано до директоката, таа објаснува дека надоместоците за дежурства се целосно регулирани платите и приходите на сите вработени во Клиниката за детски болести се нормативно регулирани.

Клиниката за детски болести сака да ја информира јавноста дека месечната исплата на надоместоци на вработените се извршува со примена на Законот за здравствена заштита, каде што истите се утврдени во:

1. Член 216 – Дежурство

2. Член 217 – Посебен случај на дежурство

3. Член 218 – Готовност

4. Член 219 – Плата и дел од плата за работна успешност, и

5. Член 220 – Додаток за работа во дежурство и готовност

Во овие членови е јасно наведено во кои околности и услови се исплаќаат надоместоците, за дежурствата кои се целосно утврдени, за состојба на готовност кога здравствениот работник треба да биде 24/7 достапен на телефон или со други сретства за комуникација, како и за сите останати надоместоци.

Сакаме да укажеме дека пресметката за надоместоците на директорката Аспазија Софијанова никогаш не била исплатена со надоместоци во износите кои беа на одредни документи презентирани во јавноста.

Клиниката за детски болести како институција секогаш била отворена за транспаретна соработка со медиумите дури и во ситуации кога нашето време било потребно на друго место имајќи ја во предив нашата приоритетна работа грижата за здравјето на пациентите.

На крајот изразуваме жалење за начинот на комуникација во текот на вчерашниот ден, стои во соопштението.

The post Софијанова преку Детската клиника: Директорката никогаш не била исплатена со надоместоци во износите презентирани во јавноста appeared first on Република.

]]>

Директорката на Детската клиника Аспазија Софијанова испрати уште едно соопштение во врска со вчерашниот настан, кога новинарот на ТВ Клан Фуркан Салиу побара од неа да потврди дека земала надоместоци за дежурства повисоки од основната плата, а притоа не присуствувала на дежурствата. https://republika.mk/vesti/makedonija/sofijanova-jas-rabotam-i-koga-ne-sum-fizichki-prisutna-dostapna-sum-24-7/ Во ова соопштение, испратено од Детската клиника, а потпишано до директоката, таа објаснува дека надоместоците за дежурства се целосно регулирани платите и приходите на сите вработени во Клиниката за детски болести се нормативно регулирани.
Клиниката за детски болести сака да ја информира јавноста дека месечната исплата на надоместоци на вработените се извршува со примена на Законот за здравствена заштита, каде што истите се утврдени во: 1. Член 216 – Дежурство 2. Член 217 – Посебен случај на дежурство 3. Член 218 – Готовност 4. Член 219 – Плата и дел од плата за работна успешност, и 5. Член 220 – Додаток за работа во дежурство и готовност Во овие членови е јасно наведено во кои околности и услови се исплаќаат надоместоците, за дежурствата кои се целосно утврдени, за состојба на готовност кога здравствениот работник треба да биде 24/7 достапен на телефон или со други сретства за комуникација, како и за сите останати надоместоци. Сакаме да укажеме дека пресметката за надоместоците на директорката Аспазија Софијанова никогаш не била исплатена со надоместоци во износите кои беа на одредни документи презентирани во јавноста. Клиниката за детски болести како институција секогаш била отворена за транспаретна соработка со медиумите дури и во ситуации кога нашето време било потребно на друго место имајќи ја во предив нашата приоритетна работа грижата за здравјето на пациентите. На крајот изразуваме жалење за начинот на комуникација во текот на вчерашниот ден, стои во соопштението.

The post Софијанова преку Детската клиника: Директорката никогаш не била исплатена со надоместоци во износите презентирани во јавноста appeared first on Република.

]]>
Клиника за детски болести: Постапено е според протоколите за дијагностика и лекување, детето е родено со Даунов синдром https://republika.mk/zivot/zdravje/klinika-za-detski-bolesti-postapeno-e-spored-protokolite-za-dijagnostika-i-lekuvanje-deteto-e-rodeno-so-daunov-sindrom/ Wed, 24 Aug 2022 07:12:04 +0000 https://republika.mk/?p=543469

ЈЗУ Универзитетската Клиника за детски болести Скопје во демант испратен до медиумите тврди дека е добро запознаена со случајот на малата Николија и ја уверува јавноста дека е постапено согласно протоколите за дијагностика и лекување.

Сакаме да потенцираме дека една од најважните информации за здравствената состојба на детето е дека е родено со Даунов синдром, а тоа значи дека е дете во здравствен ризик, велат од Клиниката.

Мајката на Николија на социјалните мрежи објави потресно писмо во кое ја објаснува својата голгота по медицинските ходници во македонското здравство.

Деновиве на социјалните медиуми и во јавноста родители пласираа информација за трагичната загуба на своето бебе и притоа ја прозиваа ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести Скопје и од тие причини сметаме дека јавноста треба да ја знае и нашата страна.

Прво многу ни е жал што бебто ја изгуби битката и изразуваме длабоко жалење за оваа трагедија.

Во име на вистината и во има на сите професионалци педијатри кои работат на Клиниката и исклучиво во интерес на вистината, ја споделуваме историјата на лекување.

Имено, женското новороденче родено на 27.12.2021 год. чија мајка ПВ го изнесе случајот во јавноста е хоспитализирано на одделот за Неонатологија при ЈЗУУ Клиника за детски болести Скопје на ден 11.01.2022 година, број на историја 118/2022, на постнатална возраст од 14 дена со цел да му се направат доиследувања поради фенотипски карактеристики за Даунов синдром и систолен шум.

Во тек на еднонеделната хоспитализација кај детето е направен ехокардиографски преглед со наод во прилог на голем вентикуларен септален дефект со значаен хемодинамски одраз и препорачана е терапија за срцева слабост и белодробна хипертонија, која уредно се спроведува во тек на престојот.

Земен е кариотип кој ја потврди дијагнозата на трисомија 21 (Даунов синдром). Реализиран е и ултрасонографски скрининг по системи на кој не се откриени останати малформации. Новороденчето во тек на престојот беше со задоволителен внес на адаптирана млечна формула, нормални столици по конзистенција и број и пораст во телесна тежина (160 гр). Испишано е со препорака за спроведување на терапијата препорачана од педијатар кардиолог, даден е совет за исхрана, следење на телесната тежина во матичниот центар и задолжителна контрола во амбуланта за неонатологија и кардиологија, по 2 недели на која детето не е донесено. Понатаму, детето не е донесено на преглед во неонатолошка и кардиолошка амбуланта и амбуланта за ендокринологија и генетика, ниту во останатите субспецијалистички амбуланти при ЈЗУ Универзитетската Клиника за детски болести Скопје, и ако тоа било неопходно да се направи со оглед на комплексната состојба – хромозомопатија и вродена срцева мана.

На возраст од 3 месеци (04.04.2022) детето е прегледано во општата амбуланта на ЈЗУУ Клиника за детски болести Скопје каде се назначени иследувања (биохемиски анализи, хлориди во пот, копрокултура, ехо на абдомен) и препорачана е контрола со добиените резултати во субспецијалистичка амбуланта на која детето не е донесено.

Детето е повтоно донесено на дежурство на (12.04.2022 ) констатирано е пад на CRP, поради анамнестички податоци за одрдени испитување кои не се правени на Клиниката и анамнеза од мајка која дала информација за нишки на крв во фецесот, упатена е да се јави на субспецијалистички амбуланти Доенче и метаболизам. Поради комплексноста на самата ситуација и нередовното лекување на клиниката, побарана е комплетаната документација и утврдено е дека нема евиденција за никакви прегледи ниту испитувања на Клиника за детски болести Скопје, за што целиот стручен колкегиум тоа го побара од статистиката за евиденција.

Како педијатри за нас највисок приоритет е здравјето на децата. Нашиот професионален живот е посветен на лекување на деца. Тоа се наши деца, наша иднина и наш мотив за работа и за живот.
Уште еднаш , искрено жалиме за загубата на бебето, се вели во  демантот на ЈЗУУ Клиника за детски болести Скопје.

https://republika.mk/zivot/zdravje/nikolija-e-ushte-edna-zrtva-na-truliot-zdravstven-sistem-na-denot-na-smrtta-mi-pisha-direktorikata-na-detska-klinika/

The post Клиника за детски болести: Постапено е според протоколите за дијагностика и лекување, детето е родено со Даунов синдром appeared first on Република.

]]>

ЈЗУ Универзитетската Клиника за детски болести Скопје во демант испратен до медиумите тврди дека е добро запознаена со случајот на малата Николија и ја уверува јавноста дека е постапено согласно протоколите за дијагностика и лекување.
Сакаме да потенцираме дека една од најважните информации за здравствената состојба на детето е дека е родено со Даунов синдром, а тоа значи дека е дете во здравствен ризик, велат од Клиниката.
Мајката на Николија на социјалните мрежи објави потресно писмо во кое ја објаснува својата голгота по медицинските ходници во македонското здравство.
Деновиве на социјалните медиуми и во јавноста родители пласираа информација за трагичната загуба на своето бебе и притоа ја прозиваа ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести Скопје и од тие причини сметаме дека јавноста треба да ја знае и нашата страна. Прво многу ни е жал што бебто ја изгуби битката и изразуваме длабоко жалење за оваа трагедија. Во име на вистината и во има на сите професионалци педијатри кои работат на Клиниката и исклучиво во интерес на вистината, ја споделуваме историјата на лекување. Имено, женското новороденче родено на 27.12.2021 год. чија мајка ПВ го изнесе случајот во јавноста е хоспитализирано на одделот за Неонатологија при ЈЗУУ Клиника за детски болести Скопје на ден 11.01.2022 година, број на историја 118/2022, на постнатална возраст од 14 дена со цел да му се направат доиследувања поради фенотипски карактеристики за Даунов синдром и систолен шум. Во тек на еднонеделната хоспитализација кај детето е направен ехокардиографски преглед со наод во прилог на голем вентикуларен септален дефект со значаен хемодинамски одраз и препорачана е терапија за срцева слабост и белодробна хипертонија, која уредно се спроведува во тек на престојот. Земен е кариотип кој ја потврди дијагнозата на трисомија 21 (Даунов синдром). Реализиран е и ултрасонографски скрининг по системи на кој не се откриени останати малформации. Новороденчето во тек на престојот беше со задоволителен внес на адаптирана млечна формула, нормални столици по конзистенција и број и пораст во телесна тежина (160 гр). Испишано е со препорака за спроведување на терапијата препорачана од педијатар кардиолог, даден е совет за исхрана, следење на телесната тежина во матичниот центар и задолжителна контрола во амбуланта за неонатологија и кардиологија, по 2 недели на која детето не е донесено. Понатаму, детето не е донесено на преглед во неонатолошка и кардиолошка амбуланта и амбуланта за ендокринологија и генетика, ниту во останатите субспецијалистички амбуланти при ЈЗУ Универзитетската Клиника за детски болести Скопје, и ако тоа било неопходно да се направи со оглед на комплексната состојба – хромозомопатија и вродена срцева мана. На возраст од 3 месеци (04.04.2022) детето е прегледано во општата амбуланта на ЈЗУУ Клиника за детски болести Скопје каде се назначени иследувања (биохемиски анализи, хлориди во пот, копрокултура, ехо на абдомен) и препорачана е контрола со добиените резултати во субспецијалистичка амбуланта на која детето не е донесено. Детето е повтоно донесено на дежурство на (12.04.2022 ) констатирано е пад на CRP, поради анамнестички податоци за одрдени испитување кои не се правени на Клиниката и анамнеза од мајка која дала информација за нишки на крв во фецесот, упатена е да се јави на субспецијалистички амбуланти Доенче и метаболизам. Поради комплексноста на самата ситуација и нередовното лекување на клиниката, побарана е комплетаната документација и утврдено е дека нема евиденција за никакви прегледи ниту испитувања на Клиника за детски болести Скопје, за што целиот стручен колкегиум тоа го побара од статистиката за евиденција. Како педијатри за нас највисок приоритет е здравјето на децата. Нашиот професионален живот е посветен на лекување на деца. Тоа се наши деца, наша иднина и наш мотив за работа и за живот. Уште еднаш , искрено жалиме за загубата на бебето, се вели во  демантот на ЈЗУУ Клиника за детски болести Скопје.
https://republika.mk/zivot/zdravje/nikolija-e-ushte-edna-zrtva-na-truliot-zdravstven-sistem-na-denot-na-smrtta-mi-pisha-direktorikata-na-detska-klinika/  

The post Клиника за детски болести: Постапено е според протоколите за дијагностика и лекување, детето е родено со Даунов синдром appeared first on Република.

]]>
„Штом си среќен, плесни ти со рачиња“ им пееја деца и родители на децата болни од рак што се лекуваат на Детската клиника во Скопје https://republika.mk/zivot/zdravje/shtom-si-srekjen-plesni-ti-so-rachinja-im-peeja-deca-i-roditeli-na-decata-bolni-od-rak-shto-se-lekuvaat-na-detskata-klinika-vo-skopje/ Wed, 16 Feb 2022 09:55:37 +0000 https://republika.mk/?p=459200

Стотина деца придружувани од своите родители, роднини, пријатели, како и од Волонтерски центар Скопје синоќа се обидоа да им го развеселат, барем за момент, денот на децата болни од канцер кои се лекуваат на Клиниката за детски болести во Скопје.

Тие на паркингот зад Клиниката ја испеаја „Штом си среќен, плесни ти со рачиња“. Настанот, традиционално го организира САНО, невладина органзација која им помага на децата со малигни заболувања и нивните родители.

Тие на овој начин го одбележуваат 15 февруари, Меѓународниот ден на децата болни од рак, како глобална кампања за подигнување на свеста за ракот кај децата и за изразување на поддршка за децата и адолесцентите со рак, преживеаните и нивните семејства.

The post „Штом си среќен, плесни ти со рачиња“ им пееја деца и родители на децата болни од рак што се лекуваат на Детската клиника во Скопје appeared first on Република.

]]>

Стотина деца придружувани од своите родители, роднини, пријатели, како и од Волонтерски центар Скопје синоќа се обидоа да им го развеселат, барем за момент, денот на децата болни од канцер кои се лекуваат на Клиниката за детски болести во Скопје. Тие на паркингот зад Клиниката ја испеаја „Штом си среќен, плесни ти со рачиња“. Настанот, традиционално го организира САНО, невладина органзација која им помага на децата со малигни заболувања и нивните родители. Тие на овој начин го одбележуваат 15 февруари, Меѓународниот ден на децата болни од рак, како глобална кампања за подигнување на свеста за ракот кај децата и за изразување на поддршка за децата и адолесцентите со рак, преживеаните и нивните семејства.

The post „Штом си среќен, плесни ти со рачиња“ им пееја деца и родители на децата болни од рак што се лекуваат на Детската клиника во Скопје appeared first on Република.

]]>
На Клиниката за детски болести успешно е излекувано девојче кое девет месеци се лекувало од акутна леукемија https://republika.mk/zivot/zdravje/na-klinikata-za-detski-bolesti-uspeshno-e-izlekuvano-devojche-koe-devet-meseci-se-lekuvalo-od-akutna-leukemija/ Mon, 31 Jan 2022 12:16:22 +0000 https://republika.mk/?p=451952

На Клиниката за детски болести во Скопје успешно е излекувано девојче кое девет месеци се лекувало од акутна леукемија.

Ни беше драго што лекувањето за девојчето заврши без никакви последици и што таа можеше да го чукне ѕвончето. Тоа значи дека среќата кај децата мораме да ја поддржуваме и почитуваме, а оттука почнува и среќата на возрасните, рече денеска директорката на Клиника д-р Софијанова.

На Клиниката за детски болести наскоро се планира да се отвори и нов оддел за онкологија, најави министерот за здравство Беким Сали кој беше во оваа клиника.

Онколошкиот центар на клиниката за педијатрија е еден од поуспешните во регионот, рече Сали.

Наредните месеци новиот регионален онколошки центар ќе биде ставен во употреба со капацитет од 25 до 30 деца.

Моментално на клиниката има околу 20 деца со леукемија.

The post На Клиниката за детски болести успешно е излекувано девојче кое девет месеци се лекувало од акутна леукемија appeared first on Република.

]]>

На Клиниката за детски болести во Скопје успешно е излекувано девојче кое девет месеци се лекувало од акутна леукемија.
Ни беше драго што лекувањето за девојчето заврши без никакви последици и што таа можеше да го чукне ѕвончето. Тоа значи дека среќата кај децата мораме да ја поддржуваме и почитуваме, а оттука почнува и среќата на возрасните, рече денеска директорката на Клиника д-р Софијанова.
На Клиниката за детски болести наскоро се планира да се отвори и нов оддел за онкологија, најави министерот за здравство Беким Сали кој беше во оваа клиника.
Онколошкиот центар на клиниката за педијатрија е еден од поуспешните во регионот, рече Сали.
Наредните месеци новиот регионален онколошки центар ќе биде ставен во употреба со капацитет од 25 до 30 деца. Моментално на клиниката има околу 20 деца со леукемија.  

The post На Клиниката за детски болести успешно е излекувано девојче кое девет месеци се лекувало од акутна леукемија appeared first on Република.

]]>