Клинички центар Мајка Тереза Archives - Република https://republika.mk/tema/klinichki-tsentar-majka-tereza/ За подобро да се разбереме Fri, 05 Jul 2024 18:27:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Клинички центар Мајка Тереза Archives - Република https://republika.mk/tema/klinichki-tsentar-majka-tereza/ 32 32 Таравари: Две нови катни гаражи и повеќе места за паркирање на Клиничкиот центар https://republika.mk/vesti/makedonija/taravari-dve-novi-katni-garazhi-i-poveke-mesta-za-parkirane-na-klinichkiot-tsentar/ Fri, 05 Jul 2024 18:27:58 +0000 https://republika.mk/?p=793907

Министерот за здравство Арбен Таравари вечерва изјави дека Владата донела одлука со јавно-приватно партнерство во кругот на Клиничкиот центар во Скопје да се изградат две монтажни катни гаражи за да се надмине проблемот со паркирањето. За ова, вели тој, е изработена физибилити студија и ќе се обезбедат тројно повеќе места за паркирање.

Монтажни катни гаражи и повеќе организирани паркинг места коишто ќе бидат со приватен партнер. Тие ќе ги наплаќаат билетите, нормално саатница како и секаде, а пациентите и докторите кои што работат таму ќе имаат паркинг места отколку што има сега, рече Таравари во Тема на денот на ТВ Сител.

Министерот, кој денеска беше во посета на Клиниката за онкологија, рече дека се разговарало барем дел од пациентите терапијата да ја примаат во „8 Септември“, во Тетово и во Битола.

Да видиме некако да не доаѓаат преголем број на пациенти во Скопје бидејќи и таму капацитетите на онкологија се ограничени. И добив информација која што е страшна. Ќе треба да седнам со министерката за финансии пред првиот ребаланс на Буџет. Ни недостасуваат огромен број на сестри, зборам за онкологија, техничари радиолози, физичари и доктори, да видиме во понеделник ќе седнам и со деканот на Медицински факултет да нправиме некаква стратегија за специјализации, рече Таравари.

Министерот најави дека ќе биде покрената иницијатива за одговорност за тоа зошто набавените акцелератори во „8 Септември“ во Скопје и во штипската болница не се користат.

Апсолутно, мораме да побараме, ако не побараме тогаш и ние сме криви. Да видиме да се покрене одредена иницијатива. Како ќе заврши јас тоа не знам и не би сакал да зборам, рече Таравари.

Министерот денеска бил и во посета на Институтот за патологија, каде, како што кажа, има само 11 патолози и затоа толку доцнат резултатите.

Низ цела држава има со 40 патолози, што е премала бројка, рече Таравари и додаде дека мора да се најде начин да се мотивираат штотуку дипломираните доктори да специјализираат на радиологија, на онкологија на пример.

Потврди дека се размислува за зголемување на платите на лекарите, но вели дека тоа не е само добра волја на министерот. Најави постепено зголемување на платите.

Министерот за здравство истакна дека следната недела измените на законот за здравство со кои се укинуваат економските директори ќе оди во Собрание, за две до три недели ќе се отпатува во Словенија за да се види искуството со спојување на нивниот Клинички центар, а исто така за две до три недели ќе биде објавена и новата позитивната листа на лекови, која ќе се обновува секоја година.

The post Таравари: Две нови катни гаражи и повеќе места за паркирање на Клиничкиот центар appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Арбен Таравари вечерва изјави дека Владата донела одлука со јавно-приватно партнерство во кругот на Клиничкиот центар во Скопје да се изградат две монтажни катни гаражи за да се надмине проблемот со паркирањето. За ова, вели тој, е изработена физибилити студија и ќе се обезбедат тројно повеќе места за паркирање.
Монтажни катни гаражи и повеќе организирани паркинг места коишто ќе бидат со приватен партнер. Тие ќе ги наплаќаат билетите, нормално саатница како и секаде, а пациентите и докторите кои што работат таму ќе имаат паркинг места отколку што има сега, рече Таравари во Тема на денот на ТВ Сител.
Министерот, кој денеска беше во посета на Клиниката за онкологија, рече дека се разговарало барем дел од пациентите терапијата да ја примаат во „8 Септември“, во Тетово и во Битола.
Да видиме некако да не доаѓаат преголем број на пациенти во Скопје бидејќи и таму капацитетите на онкологија се ограничени. И добив информација која што е страшна. Ќе треба да седнам со министерката за финансии пред првиот ребаланс на Буџет. Ни недостасуваат огромен број на сестри, зборам за онкологија, техничари радиолози, физичари и доктори, да видиме во понеделник ќе седнам и со деканот на Медицински факултет да нправиме некаква стратегија за специјализации, рече Таравари.
Министерот најави дека ќе биде покрената иницијатива за одговорност за тоа зошто набавените акцелератори во „8 Септември“ во Скопје и во штипската болница не се користат.
Апсолутно, мораме да побараме, ако не побараме тогаш и ние сме криви. Да видиме да се покрене одредена иницијатива. Како ќе заврши јас тоа не знам и не би сакал да зборам, рече Таравари.
Министерот денеска бил и во посета на Институтот за патологија, каде, како што кажа, има само 11 патолози и затоа толку доцнат резултатите.
Низ цела држава има со 40 патолози, што е премала бројка, рече Таравари и додаде дека мора да се најде начин да се мотивираат штотуку дипломираните доктори да специјализираат на радиологија, на онкологија на пример.
Потврди дека се размислува за зголемување на платите на лекарите, но вели дека тоа не е само добра волја на министерот. Најави постепено зголемување на платите. Министерот за здравство истакна дека следната недела измените на законот за здравство со кои се укинуваат економските директори ќе оди во Собрание, за две до три недели ќе се отпатува во Словенија за да се види искуството со спојување на нивниот Клинички центар, а исто така за две до три недели ќе биде објавена и новата позитивната листа на лекови, која ќе се обновува секоја година.

The post Таравари: Две нови катни гаражи и повеќе места за паркирање на Клиничкиот центар appeared first on Република.

]]>
Повеќе од една недела не работат хируршките сали на Клинички https://republika.mk/vesti/makedonija/poveke-od-edna-nedela-ne-rabotat-hirurshkite-sali-na-klinichki/ Mon, 27 May 2024 05:51:09 +0000 https://republika.mk/?p=781891

Јавен обвинител ќе ја испитува ситуацијата на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ која настана со затворањето на хируршките сали, кои повеќе од една недела не работат. Во меѓувреме, од Mинистерството за здравство за овој проблем се уште немаат став, додека за денеска закажаа прес-конференција на министерот Илир Демири, но без најава на која тема.

Од ОЈО Скопје вчера за МИА информираа дека Министерството за здравство пратило известување до Обвинителството за затворените хируршки сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, кое е примено и распоредено кај јавен обвинител. Ќе се преземат дејствија за да се провери дали во настанот воопшто има елементи на кривично дело.

Како што објавија дел од медиумите, веќе е сослушан претставник на Министерстовтото за здравство, а од денеска информации со Обвинителството ќе споделат и директорите на клиниките.

За состојбите на клинички центар викендов на прес-конференција реагираше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, кој рече дека цела недела, од минатата сабота трае проблемот со системот односно цевководот за кислород до операциски сали, како и дека во меѓувреме, со потпис со лична согласност, луѓе се оперираат на сопствен ризик.

https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-dali-prichina-za-haosot-na-hirurgija-e-sistemot-za-komprimiraniot-vozduh-ili-ima-bakterija-mrsa/

Дали Кома центарот и КАРИЛ функционираат и дали пациенти се приклучени на истиот систем за воздух, заради кој пак систем се затворени салите за операции на трауматологија? Ако системот за компримираниот воздух се користи за пациентите во Кома центарот и КАРИЛ, зошто не би бил добар за операциските сали, и обратно, ако салите се затворени заради системот за воздух, зошто работи кај пациенти во Кома центарот и КАРИЛ? Дали причината за затворање на салите навистина е системот за воздух и климатизацијата, за што цела недела нема зафат за надминување на проблемот или се работи за сосема нешто друго? Дали тоа друго можеби е појава на бактеријата МРСА? Дали има вонредна контрола за хигиена на одделот траума? Дали брисевите од салите се негативни? Дали има интрахоспитални инфекции кај секој втор пациент на оваа клиника? Зошто истовремено со ЈО, Министерството за здравство не почне со решавање на проблемот? СДС и ДУИ се толку преокупирани со себе и одењето во опозиција, до толку што најфреквентната клиника ја претворија во руина, рече Стоилковски.

Во исто време, поради ситуацијата со хируршките сали на Клинички центар, во ГОБ „8 Септември“ и Градската општа болница - Хирургија „Св Наум Охридски“, ги прифаќаат итните пациенти не само од Скопје, туку и од другите градови, со што ги одложуваат веќе закажаните операции.

The post Повеќе од една недела не работат хируршките сали на Клинички appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител ќе ја испитува ситуацијата на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ која настана со затворањето на хируршките сали, кои повеќе од една недела не работат. Во меѓувреме, од Mинистерството за здравство за овој проблем се уште немаат став, додека за денеска закажаа прес-конференција на министерот Илир Демири, но без најава на која тема. Од ОЈО Скопје вчера за МИА информираа дека Министерството за здравство пратило известување до Обвинителството за затворените хируршки сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, кое е примено и распоредено кај јавен обвинител. Ќе се преземат дејствија за да се провери дали во настанот воопшто има елементи на кривично дело. Како што објавија дел од медиумите, веќе е сослушан претставник на Министерстовтото за здравство, а од денеска информации со Обвинителството ќе споделат и директорите на клиниките. За состојбите на клинички центар викендов на прес-конференција реагираше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, кој рече дека цела недела, од минатата сабота трае проблемот со системот односно цевководот за кислород до операциски сали, како и дека во меѓувреме, со потпис со лична согласност, луѓе се оперираат на сопствен ризик. https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-dali-prichina-za-haosot-na-hirurgija-e-sistemot-za-komprimiraniot-vozduh-ili-ima-bakterija-mrsa/  
Дали Кома центарот и КАРИЛ функционираат и дали пациенти се приклучени на истиот систем за воздух, заради кој пак систем се затворени салите за операции на трауматологија? Ако системот за компримираниот воздух се користи за пациентите во Кома центарот и КАРИЛ, зошто не би бил добар за операциските сали, и обратно, ако салите се затворени заради системот за воздух, зошто работи кај пациенти во Кома центарот и КАРИЛ? Дали причината за затворање на салите навистина е системот за воздух и климатизацијата, за што цела недела нема зафат за надминување на проблемот или се работи за сосема нешто друго? Дали тоа друго можеби е појава на бактеријата МРСА? Дали има вонредна контрола за хигиена на одделот траума? Дали брисевите од салите се негативни? Дали има интрахоспитални инфекции кај секој втор пациент на оваа клиника? Зошто истовремено со ЈО, Министерството за здравство не почне со решавање на проблемот? СДС и ДУИ се толку преокупирани со себе и одењето во опозиција, до толку што најфреквентната клиника ја претворија во руина, рече Стоилковски.
Во исто време, поради ситуацијата со хируршките сали на Клинички центар, во ГОБ „8 Септември“ и Градската општа болница - Хирургија „Св Наум Охридски“, ги прифаќаат итните пациенти не само од Скопје, туку и од другите градови, со што ги одложуваат веќе закажаните операции.

The post Повеќе од една недела не работат хируршките сали на Клинички appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ ќе го доизради Клиничкиот центар во Штип и нов објкет во Клиничкиот центар во Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-ke-go-doizradi-klinichkiot-tsentar-vo-shtip-i-nov-objket-vo-klinichkiot-tsentar-vo-skopje/ Thu, 28 Mar 2024 08:14:31 +0000 https://republika.mk/?p=759594

Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе изгради нов објект за Клиничкиот центар во Скопје и ќе ја доизгради Клиничката болница во Штип.Главен фокус на идната влада во здравството ќе биде укинување на дуализмот. Ќе се спроведе спојување на клиниките во еден интегриран Универзитетски Клинички центар „Мајка Тереза“, ветува партијата.

Интегриран Клинички центар во Скопје ќе значи подобри услуги за пациентите и намалување на трошоците при јавните набавки, кои ќе бидат вршени централизирано.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го заокружи целиот процес со Клиничкиот центар во Скопје со изградба на нов објект.

Истовремено владата ќе биде силно фокусирана и на довршување со градбата на Клиничката болница во Штип.

По изградбата на Клиничката болница истата ќе биде опремена со најсовремена опрема и истата ќе се доекипира со соодветен медицински кадар.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе го има здравјето на граѓаните на прво место, затоа континуирано ќе вложуваме во здравството. Време е да ја вратиме државата на народот.

The post ВМРО-ДПМНЕ ќе го доизради Клиничкиот центар во Штип и нов објкет во Клиничкиот центар во Скопје appeared first on Република.

]]>

Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе изгради нов објект за Клиничкиот центар во Скопје и ќе ја доизгради Клиничката болница во Штип.Главен фокус на идната влада во здравството ќе биде укинување на дуализмот. Ќе се спроведе спојување на клиниките во еден интегриран Универзитетски Клинички центар „Мајка Тереза“, ветува партијата. Интегриран Клинички центар во Скопје ќе значи подобри услуги за пациентите и намалување на трошоците при јавните набавки, кои ќе бидат вршени централизирано. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го заокружи целиот процес со Клиничкиот центар во Скопје со изградба на нов објект. Истовремено владата ќе биде силно фокусирана и на довршување со градбата на Клиничката болница во Штип.
По изградбата на Клиничката болница истата ќе биде опремена со најсовремена опрема и истата ќе се доекипира со соодветен медицински кадар.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе го има здравјето на граѓаните на прво место, затоа континуирано ќе вложуваме во здравството. Време е да ја вратиме државата на народот.

The post ВМРО-ДПМНЕ ќе го доизради Клиничкиот центар во Штип и нов објкет во Клиничкиот центар во Скопје appeared first on Република.

]]>
Хирурзи од Клинички: Што се случува на хируршките клиники со основните лекови, антибиотиците и опојните дроги? https://republika.mk/vesti/makedonija/hirurzi-od-klinichki-shto-se-sluchuva-na-hirurshkite-kliniki-so-osnovnite-lekovi-antibiotitsite-i-opojnite-drogi/ Fri, 09 Feb 2024 07:42:07 +0000 https://republika.mk/?p=742025

Група хирурзи од хируршките клиники во комлексот „Мајка Тереза“ се обратија со допис до нашата редакција со кој алармираат дека на хируршките клиники недостасуваат основни лекови и ова претставува сериозен проблем во секојдевната работа. Исто така, согласно информациите со кои хирурзите располагаат, на хируршките клиники во последниве три до четири години нема евиденција и следливост на антибиотиците и опојните дроги, како и основните средства.

Во нивниот допис јавно прашуваат што се случува на хирургија со основните средства, антибиотиците и опојните дроги?

Дали некој води евиденција за нив или и тука како на онкологија нема евиденција кој и како ги користи?

Дали на хируршките клиники се води инспекција за интрахоспиталните инфекции, дали се пријавуваат и дали воопшто и кои мерки се преземени за справување со состојбата?

Дали се точни наводите дека опојни дроги што се наменети и треба да се користат за наши пациенти по непознати канали завршуваат на црниот пазар или во Косово?

Колку контроли се извршени од Министерството за здравство, МАЛМЕД, Фондот за здравствено осигурување и Државниот санитарен и здравствен инспекторат за нивно користење?

Овие прашања ги упатуваат јавно хирурзите до надлежните институции.

Тие посочуваат дека не се согласуваат со начинот на менаџирање во овој сегмент и сметаат дека непрофесионално и со пропусти истото се спроведува.

За крај хирурзите во својот допис додаваат дека има огромен недостиг на медицински сестри и овој недостиг значително влијае на работата, а од друга страна секојдневно има вработување на несуштински кадар - административен, наместо да се зајакнуваат клиниките со медицински кадар.

Па, се поставува прашањето што навистина се случува на Хирургија и дали на повидок и тука имаме „нова Онкологија“?

The post Хирурзи од Клинички: Што се случува на хируршките клиники со основните лекови, антибиотиците и опојните дроги? appeared first on Република.

]]>

Група хирурзи од хируршките клиники во комлексот „Мајка Тереза“ се обратија со допис до нашата редакција со кој алармираат дека на хируршките клиники недостасуваат основни лекови и ова претставува сериозен проблем во секојдевната работа. Исто така, согласно информациите со кои хирурзите располагаат, на хируршките клиники во последниве три до четири години нема евиденција и следливост на антибиотиците и опојните дроги, како и основните средства. Во нивниот допис јавно прашуваат што се случува на хирургија со основните средства, антибиотиците и опојните дроги?
Дали некој води евиденција за нив или и тука како на онкологија нема евиденција кој и како ги користи? Дали на хируршките клиники се води инспекција за интрахоспиталните инфекции, дали се пријавуваат и дали воопшто и кои мерки се преземени за справување со состојбата? Дали се точни наводите дека опојни дроги што се наменети и треба да се користат за наши пациенти по непознати канали завршуваат на црниот пазар или во Косово? Колку контроли се извршени од Министерството за здравство, МАЛМЕД, Фондот за здравствено осигурување и Државниот санитарен и здравствен инспекторат за нивно користење?
Овие прашања ги упатуваат јавно хирурзите до надлежните институции. Тие посочуваат дека не се согласуваат со начинот на менаџирање во овој сегмент и сметаат дека непрофесионално и со пропусти истото се спроведува. За крај хирурзите во својот допис додаваат дека има огромен недостиг на медицински сестри и овој недостиг значително влијае на работата, а од друга страна секојдневно има вработување на несуштински кадар - административен, наместо да се зајакнуваат клиниките со медицински кадар. Па, се поставува прашањето што навистина се случува на Хирургија и дали на повидок и тука имаме „нова Онкологија“?

The post Хирурзи од Клинички: Што се случува на хируршките клиники со основните лекови, антибиотиците и опојните дроги? appeared first on Република.

]]>
Комисија за здравство на ВМРО ДПМНЕ: Дали знае Меџити колку специјалисти на Клинички центар „Мајка Тереза“ имаат нерешен статус заради неажурност на менаџерите? https://republika.mk/vesti/makedonija/komisija-za-zdravstvo-na-vmro-dpmne-dali-znae-medhiti-kolku-spetsijalisti-na-klinichki-tsentar-majka-tereza-imaat-nereshen-status-zaradi-neazhurnost-na-menadherite/ Thu, 14 Dec 2023 13:21:02 +0000 https://republika.mk/?p=722938

„До Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ пристигнаа информации дека и во комплексот клиники Мајка Терза има готови специјалисти кои не можат да добијат статус – специјалист заради неажурност на менаџерите на јавните здравствени установи и Министерството за здравство.

Клиниката за детски болести е една од нив, каде иако има недостаток на повеќе специјалисти кои не можат да го добијат статусот како специјалисти, сепак заради неспособност и негрижа од надлежните статусот не им е решен, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

Оттаму тие прашуваат:

Има ли Меџити информација за колку специјалисти со нерешен статус станува збор?

Во кои установи и од кои области?

Зошто иако има недостиг од специјалисти никој не се заложува да се реши ова прашање?

Дали и за овој проблем Меџити повторно ќе се жали од Министерството за финансии само со префрлување на одговорност, додека за него не е проблем да тера огласи за административен кадар во Министерството со кое раководи?

Го охрабруваме Меџити да се фати за работа и прво да се ангажира за решавање на статусот на готовите специјалисти, во исто време додека се фали за отворање нови специјалности во Тетово, иако не направил ништо за решавање на статусот на веќе постојните

Токму, негрижата за кадарот е нотирана и во Извештајот за здравство на Европската комисија, а на овој начин се демотивира кадарот.

Загрижува фактот дека ниту недостигот од повеќе специјалности на Детската клиника не е причина за надлежните да се заложат и да се фатат за работа и да ја валоризираат работата на специјалистичкиот кадар“, стои во постот на Фејсбук.

The post Комисија за здравство на ВМРО ДПМНЕ: Дали знае Меџити колку специјалисти на Клинички центар „Мајка Тереза“ имаат нерешен статус заради неажурност на менаџерите? appeared first on Република.

]]>

„До Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ пристигнаа информации дека и во комплексот клиники Мајка Терза има готови специјалисти кои не можат да добијат статус – специјалист заради неажурност на менаџерите на јавните здравствени установи и Министерството за здравство. Клиниката за детски болести е една од нив, каде иако има недостаток на повеќе специјалисти кои не можат да го добијат статусот како специјалисти, сепак заради неспособност и негрижа од надлежните статусот не им е решен, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ. Оттаму тие прашуваат: Има ли Меџити информација за колку специјалисти со нерешен статус станува збор? Во кои установи и од кои области? Зошто иако има недостиг од специјалисти никој не се заложува да се реши ова прашање? Дали и за овој проблем Меџити повторно ќе се жали од Министерството за финансии само со префрлување на одговорност, додека за него не е проблем да тера огласи за административен кадар во Министерството со кое раководи?
Го охрабруваме Меџити да се фати за работа и прво да се ангажира за решавање на статусот на готовите специјалисти, во исто време додека се фали за отворање нови специјалности во Тетово, иако не направил ништо за решавање на статусот на веќе постојните Токму, негрижата за кадарот е нотирана и во Извештајот за здравство на Европската комисија, а на овој начин се демотивира кадарот. Загрижува фактот дека ниту недостигот од повеќе специјалности на Детската клиника не е причина за надлежните да се заложат и да се фатат за работа и да ја валоризираат работата на специјалистичкиот кадар“, стои во постот на Фејсбук.

The post Комисија за здравство на ВМРО ДПМНЕ: Дали знае Меџити колку специјалисти на Клинички центар „Мајка Тереза“ имаат нерешен статус заради неажурност на менаџерите? appeared first on Република.

]]>
Раскинувањето на договорот за Клиничкиот центар во Скопје ќе чини над 18 милиони евра https://republika.mk/vesti/makedonija/raskinuvaneto-na-dogovorot-za-klinichkiot-tsentar-vo-skopje-ke-chini-nad-18-milioni-evra/ Sun, 09 Jul 2023 11:48:09 +0000 https://republika.mk/?p=659383

Одеднаш нема никакво зборување за проблемите на здравството, особено инфраструктурните проблеми на здравството, особено за клиничкиот центар. Доколку пред четири, пет години бевме во континуитет бомбардирани дека ќе се направи ултра модерен, софистициран проект кој што повеќе личеше на мегаломански, иако на хартија го немаше како проект, туку имаше само некакви „Power point“ презентации. Одеднаш сега, денеска сме сведоци на една тишина и нешто што ја нарушува транспарентноста со која што толку се фалеа, заради тоа што кога доаѓаа на власт имаа полни усти транспарентност, а денска сме сведоци на една состојба во која што постои арбитражен процес, арбитражна постапка за клинички центар за која што никој ништо кажува.

Односно, нетранспарентно се дознаваат информации кои што успева јавноста да ги дознае преку медиумите, рече членот на Извршниот комитет, доктор Игор Николов на денешната трибина насловена „Здравство“ во рамки на акцијата „Пораки од реалниот живот – Ова е Македонија за сите“  која се одржа во просториите на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој истакна дека информации кои ги имаат велат дека е испратено писмо од министерството за здравство до владата, ама владата сеуште не го добила писмото, па владата кога го добила писмото заседавала па не се кажува што одлучила.

Посочи дека според информациите кои ги имаат до сега, во однос на Клиничкиот центар Мајката Тереза, новината е дека арбитражниот процес е сериозно напреднат и, најверојатно, се побаруваат околу 18 милиони евра за негова неизградба и за раскинувањето на договорот за градба, дополнително добија информација дека владата веќе избрала странска адвокатска канцеларија за да ја застапува државата.

„По нашите информации кои што ги имаме до сега, новината е дека арбитражниот процес е сериозно напреднат, се побаруваат најверојатно околу 18 милиони евра за неизградба, односно за раскинување на договор за градење на Клинички центар Мајка Тереза во кампусот клиники и сега е почната некаква арбитражна постапка за која што, исто така на нетранспарентен начин дознавме и добивме информација, дека е избрана е странска адвокатска канцеларија, која што ќе ја застапува Македонија во овој процес“, рече доктор Николов.

Тој посочи дека изминатите седум години е направена стратешка грешка во здравството со неизградбата на постоечкиот план и потпишан договор за градба за клиничкиот центар во кампусот клиники Мајка Тереза во Скопје, на сметка на тоа се отиде на медиумската кампања за изградба на клинички центар на нова локација за која немаше ниту проект, ниту истражување на локацијата, што доведе Македонија сеуште да нема современ центар за терциерно здравство за третман на пациентите.

„Можеме едно да кажеме дека се случи една голема стратешка грешка, последниве седум години, а тоа е стратешката грешка да не се продолжи градбата на Клиничкиот центар Мајка Тереза, туку се навлезе во еден некаков притисок на градење на клинички центар во локација која што не беше испитана геомеханички, ниту дали има археолошки наоѓалишта, ниту имаше проект и на големи труби и фамфари се велеше дека оваа локација е перфектна и дека тоа ќе биде добро за целиот здравствен систем и на крај завршивме да немаме никаков проект од тоа“, истакна Николов.

Николов, меѓу другото, посочи дека откако се потпиша договорот за коридорите се добива впечаток дека повеќе има грижа за нешто друго, отколку грижа за нешто друго, а тоа друго, најверојатно станува збор за грижа за провизии повеќе, отколку за здравјето на македонските граѓани.

The post Раскинувањето на договорот за Клиничкиот центар во Скопје ќе чини над 18 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Одеднаш нема никакво зборување за проблемите на здравството, особено инфраструктурните проблеми на здравството, особено за клиничкиот центар. Доколку пред четири, пет години бевме во континуитет бомбардирани дека ќе се направи ултра модерен, софистициран проект кој што повеќе личеше на мегаломански, иако на хартија го немаше како проект, туку имаше само некакви „Power point“ презентации. Одеднаш сега, денеска сме сведоци на една тишина и нешто што ја нарушува транспарентноста со која што толку се фалеа, заради тоа што кога доаѓаа на власт имаа полни усти транспарентност, а денска сме сведоци на една состојба во која што постои арбитражен процес, арбитражна постапка за клинички центар за која што никој ништо кажува. Односно, нетранспарентно се дознаваат информации кои што успева јавноста да ги дознае преку медиумите, рече членот на Извршниот комитет, доктор Игор Николов на денешната трибина насловена „Здравство“ во рамки на акцијата „Пораки од реалниот живот – Ова е Македонија за сите“  која се одржа во просториите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој истакна дека информации кои ги имаат велат дека е испратено писмо од министерството за здравство до владата, ама владата сеуште не го добила писмото, па владата кога го добила писмото заседавала па не се кажува што одлучила. Посочи дека според информациите кои ги имаат до сега, во однос на Клиничкиот центар Мајката Тереза, новината е дека арбитражниот процес е сериозно напреднат и, најверојатно, се побаруваат околу 18 милиони евра за негова неизградба и за раскинувањето на договорот за градба, дополнително добија информација дека владата веќе избрала странска адвокатска канцеларија за да ја застапува државата.