клетки Archives - Република https://republika.mk/tema/kletki/ За подобро да се разбереме Thu, 11 Jul 2024 10:47:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png клетки Archives - Република https://republika.mk/tema/kletki/ 32 32 Истражувањата покажуваат дека ликопенот, присутен во доматите, може да го спречи развојот на клетките на ракот https://republika.mk/zivot/zdravje/istrazhuvanata-pokazhuvaat-deka-likopenot-prisuten-vo-domatite-mozhe-da-go-sprechi-razvojot-na-kletkite-na-rakot/ Thu, 11 Jul 2024 10:47:57 +0000 https://republika.mk/?p=795788

Доматите се омилен зеленчук на многу луѓе поради нивниот освежителен вкус. Може да се јадат свежи, варени, како состојка во салати, сосови, супи и во многу други јадења. Нивниот слатко-кисел вкус одлично ги дополнува различните кулинарски креации, што ги прави незаменлив дел од многу рецепти. Одгледувањето домати може да биде предизвик, но со малку труд, секој може да ужива во сопствениот домашен производ. Ним им требаат доволно сонце, плодна почва и редовно наводнување, како и поддршка во форма на стапчиња или решетки за да се развиваат стабилно и да даваат плод. Редовното плевење и заштитата од штетници и болести се неопходни за здрав раст на растенијата.

Иако бараат внимание и грижа, наградата дефинитивно вреди да се вложи труд. Нема ништо поубаво од вкусот на домашните домати, кои штотуку се собрани од вашата градина, многу позрели и поароматични од оние купени во продавница. Освен што се вкусни, доматите се и многу здрави, богати со витамини и антиоксиданти што придонесуваат за општото здравје.

Многу луѓе не јадат доволно често домати, а има многу причини зошто треба да ги вклучите во вашата секојдневна исхрана. Истражувањата покажуваат дека ликопенот, присутен во доматите, може да го спречи развојот на клетките на ракот, особено ракот на простата, желудникот и дебелото црево. Интересно е тоа што варените домати содржат поголемо количество ликопен од суровите домати.

Доматите се богати и со витамин Ц, кој влијае како природен антиоксидант. Освен тоа, содржат и витамин А, железо и калиум, кои се клучни за здравјето на нервите и за одржување на нормалната циркулација на крвта. Витаминот К, присутен во доматите, е важен за правилно згрутчување на крвта. Редовното консумирање домати исто така ќе ѝ помогне на вашата кожа да остане здрава и блескава. Доматите можат да ја намалат штетата предизвикана од пушењето бидејќи содржат кумарин и хлорогена киселина, супстанции што помагаат да се неутрализираат штетните ефекти. Доколку сакате да ослабете, доматите се одличен избор. Нискокалорична и богата со влакна, оваа намирница ќе ви помогне да се чувствувате сити подолго време.

The post Истражувањата покажуваат дека ликопенот, присутен во доматите, може да го спречи развојот на клетките на ракот appeared first on Република.

]]>

Доматите се омилен зеленчук на многу луѓе поради нивниот освежителен вкус. Може да се јадат свежи, варени, како состојка во салати, сосови, супи и во многу други јадења. Нивниот слатко-кисел вкус одлично ги дополнува различните кулинарски креации, што ги прави незаменлив дел од многу рецепти. Одгледувањето домати може да биде предизвик, но со малку труд, секој може да ужива во сопствениот домашен производ. Ним им требаат доволно сонце, плодна почва и редовно наводнување, како и поддршка во форма на стапчиња или решетки за да се развиваат стабилно и да даваат плод. Редовното плевење и заштитата од штетници и болести се неопходни за здрав раст на растенијата. Иако бараат внимание и грижа, наградата дефинитивно вреди да се вложи труд. Нема ништо поубаво од вкусот на домашните домати, кои штотуку се собрани од вашата градина, многу позрели и поароматични од оние купени во продавница. Освен што се вкусни, доматите се и многу здрави, богати со витамини и антиоксиданти што придонесуваат за општото здравје. Многу луѓе не јадат доволно често домати, а има многу причини зошто треба да ги вклучите во вашата секојдневна исхрана. Истражувањата покажуваат дека ликопенот, присутен во доматите, може да го спречи развојот на клетките на ракот, особено ракот на простата, желудникот и дебелото црево. Интересно е тоа што варените домати содржат поголемо количество ликопен од суровите домати. Доматите се богати и со витамин Ц, кој влијае како природен антиоксидант. Освен тоа, содржат и витамин А, железо и калиум, кои се клучни за здравјето на нервите и за одржување на нормалната циркулација на крвта. Витаминот К, присутен во доматите, е важен за правилно згрутчување на крвта. Редовното консумирање домати исто така ќе ѝ помогне на вашата кожа да остане здрава и блескава. Доматите можат да ја намалат штетата предизвикана од пушењето бидејќи содржат кумарин и хлорогена киселина, супстанции што помагаат да се неутрализираат штетните ефекти. Доколку сакате да ослабете, доматите се одличен избор. Нискокалорична и богата со влакна, оваа намирница ќе ви помогне да се чувствувате сити подолго време.

The post Истражувањата покажуваат дека ликопенот, присутен во доматите, може да го спречи развојот на клетките на ракот appeared first on Република.

]]>
Кинески научници развиле батерија што помага при уништување на туморите https://republika.mk/zivot/zdravje/kineski-nauchnitsi-razvile-baterija-shto-pomaga-pri-unishtuvane-na-tumorite/ Sat, 08 Apr 2023 18:22:48 +0000 https://republika.mk/?p=628787

Кинески научници развиле имплантирана и самонаполнета батерија која помага да се уништат клетките на туморот со регулирање на микросредината која го поддржува растот на туморот.

Студијата, објавена во списанието „Science Advances“, објаснува како батеријата, во комбинација со пролекот тирапазамин, може да го намали обемот на туморот во просек за 90 отсто во рок од две недели, елиминирајќи ги туморите кај четири од пет лабораториски глувци.

Тирапазамин е експериментален биоредуктивен лек против рак кој се активира на токсичен радикал само при многу ниски нивоа на кислород (хипоксија), а пролекот е биолошки неактивна супстанција додека не стигне до телото, каде што се трансформира во биолошки активен лек преку метаболизмот.

Тим истражувачи од Универзитетот Фудан дизајнирале имплантиран уред кој се состои од биокомпатибилен полиимид на база на карбонил и метал цинк. Таквата батерија успева да формира циклус на празнење и само-полнење и овозможува кислородот да се троши рамномерно во туморите на глувците.

На овој начин, и содржината на кислород и нивото на ПеХа (pH) се регулирани во туморот. Студијата покажала дека батеријата го оптимизирала ефектот на тирапазамин кога посредувал во уништувањето на туморите кај глувците. Имено, овој пролек ја користи состојбата на туморот осиромашен со кислород за селективно да ги уништи хипоксичните клетки, односно оние со недостаток на кислород.

Истражувањето, исто така покажа дека батеријата може да се користи како ефикасен регулатор на микросредината на туморот за антитуморна терапија, veli Џанг Фан, професор на Универзитетот Фудан и еден од авторите на студијата.

Научниците истакнуваат дека во текот на истражувањето не се забележани абнормални промени во телесната тежина, ниту во кожата или главните органи на глувците, што укажува на безбедноста на батеријата во лабораториските истражувања „in-vivo“.

Оваа работа е комбинирана студија која користи технологија за батерии и биотерапија. Не само што е нов метод за лекување на туморот, туку исто така поставува преседан за батериите во биомедицински апликации“, вели Ксија Јонгјао, професор на Фудан и еден од авторите на студијата.

The post Кинески научници развиле батерија што помага при уништување на туморите appeared first on Република.

]]>

Кинески научници развиле имплантирана и самонаполнета батерија која помага да се уништат клетките на туморот со регулирање на микросредината која го поддржува растот на туморот. Студијата, објавена во списанието „Science Advances“, објаснува како батеријата, во комбинација со пролекот тирапазамин, може да го намали обемот на туморот во просек за 90 отсто во рок од две недели, елиминирајќи ги туморите кај четири од пет лабораториски глувци. Тирапазамин е експериментален биоредуктивен лек против рак кој се активира на токсичен радикал само при многу ниски нивоа на кислород (хипоксија), а пролекот е биолошки неактивна супстанција додека не стигне до телото, каде што се трансформира во биолошки активен лек преку метаболизмот. Тим истражувачи од Универзитетот Фудан дизајнирале имплантиран уред кој се состои од биокомпатибилен полиимид на база на карбонил и метал цинк. Таквата батерија успева да формира циклус на празнење и само-полнење и овозможува кислородот да се троши рамномерно во туморите на глувците. На овој начин, и содржината на кислород и нивото на ПеХа (pH) се регулирани во туморот. Студијата покажала дека батеријата го оптимизирала ефектот на тирапазамин кога посредувал во уништувањето на туморите кај глувците. Имено, овој пролек ја користи состојбата на туморот осиромашен со кислород за селективно да ги уништи хипоксичните клетки, односно оние со недостаток на кислород.
Истражувањето, исто така покажа дека батеријата може да се користи како ефикасен регулатор на микросредината на туморот за антитуморна терапија, veli Џанг Фан, професор на Универзитетот Фудан и еден од авторите на студијата.
Научниците истакнуваат дека во текот на истражувањето не се забележани абнормални промени во телесната тежина, ниту во кожата или главните органи на глувците, што укажува на безбедноста на батеријата во лабораториските истражувања „in-vivo“.
Оваа работа е комбинирана студија која користи технологија за батерии и биотерапија. Не само што е нов метод за лекување на туморот, туку исто така поставува преседан за батериите во биомедицински апликации“, вели Ксија Јонгјао, професор на Фудан и еден од авторите на студијата.

The post Кинески научници развиле батерија што помага при уништување на туморите appeared first on Република.

]]>