клаудија тени Archives - Република https://republika.mk/tema/klaudija-teni/ За подобро да се разбереме Tue, 09 Jul 2024 18:14:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png клаудија тени Archives - Република https://republika.mk/tema/klaudija-teni/ 32 32 Средба на премиерот Мицкоски со конгресменката Клаудија Тени, копретседавач на македонската група за пријателство на Конгресот на САД https://republika.mk/vesti/makedonija/sredba-na-premierot-mitskoski-so-kongresmenkata-klaudija-teni-kopretsedavach-na-makedonskata-grupa-za-prijatelstvo-na-kongresot-na-sad/ Tue, 09 Jul 2024 18:14:05 +0000 https://republika.mk/?p=795072

Премиерот Христијан Мицкоски на неговиот фејсбук профил објави дека остварил средба со конгресменката Клаудија Тени, копретседавач на македонската група за пријателство на Конгресот на САД.

Разговаравме за интензивна соработка базирана на принципи за пријателство, меѓусебно почитување и заемна поддршка. Стратешките интереси се остваруваат преку интензивни контакти и политика на принципи. Се бориме за македонските позиции на секое поле, напиша Мицкоски на фејсбук.

Во рамки на посетата на Вашингтон САД, претседателот на Владата на Република Македонија, Мицкоски оствари повеќе средби и состаноци. Тој имал продуктивна и пријателска средба со конгресменот Брендaн Бојл, на која разговарале за приоритетите на НАТО алијансата и важноста да се зачува демократијата и мирот, а биле промовирани и економските можности и потенцијали кои ги нуди државата, како и одлучната битка против корупцијата и криминалот што е и клучна определба на новата влада.

Како што соопштија од владината прес-служба, премиерот Мицкоски имал и работна средба со претседателката на NDI, Тамара Кофман Витес, со која разговарале за демократските процеси во државата.

Еден од најакутните проблеми е корупцијата за што како нова Влада работиме интензивно за нејзино искоренување, што подразбира и одговорност за престапниците на законот. Очекувањата на граѓаните не смееме да ги изневериме, да работиме на воспоставување на механизми каде граѓанинот ќе биде заштитен исто како и неговите интереси. Завршува времето на лаги, неспособност и не работа. Почнува време на реформи, инвестиции, дигитална трансформација. Мораме да дадеме добар пример за сите во изнаоѓање на пат до подобар животен стандард и сигурна држава која припаѓа на сите граѓани, подвлекол на средбата Мицкоски.

Мицкоски остварил средба и со поранешниот амбасадор на САД во земјава Филип Рикер, на која разговарале за предизвиците со кои се соочува државата, како и поддршката која е потребна за остварување на стратешките интереси.

Мораме да ја менуваме реалноста и подобруваме животот на граѓаните, посочил Мицкоски.

The post Средба на премиерот Мицкоски со конгресменката Клаудија Тени, копретседавач на македонската група за пријателство на Конгресот на САД appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски на неговиот фејсбук профил објави дека остварил средба со конгресменката Клаудија Тени, копретседавач на македонската група за пријателство на Конгресот на САД.
Разговаравме за интензивна соработка базирана на принципи за пријателство, меѓусебно почитување и заемна поддршка. Стратешките интереси се остваруваат преку интензивни контакти и политика на принципи. Се бориме за македонските позиции на секое поле, напиша Мицкоски на фејсбук.
Во рамки на посетата на Вашингтон САД, претседателот на Владата на Република Македонија, Мицкоски оствари повеќе средби и состаноци. Тој имал продуктивна и пријателска средба со конгресменот Брендaн Бојл, на која разговарале за приоритетите на НАТО алијансата и важноста да се зачува демократијата и мирот, а биле промовирани и економските можности и потенцијали кои ги нуди државата, како и одлучната битка против корупцијата и криминалот што е и клучна определба на новата влада. Како што соопштија од владината прес-служба, премиерот Мицкоски имал и работна средба со претседателката на NDI, Тамара Кофман Витес, со која разговарале за демократските процеси во државата.
Еден од најакутните проблеми е корупцијата за што како нова Влада работиме интензивно за нејзино искоренување, што подразбира и одговорност за престапниците на законот. Очекувањата на граѓаните не смееме да ги изневериме, да работиме на воспоставување на механизми каде граѓанинот ќе биде заштитен исто како и неговите интереси. Завршува времето на лаги, неспособност и не работа. Почнува време на реформи, инвестиции, дигитална трансформација. Мораме да дадеме добар пример за сите во изнаоѓање на пат до подобар животен стандард и сигурна држава која припаѓа на сите граѓани, подвлекол на средбата Мицкоски.
Мицкоски остварил средба и со поранешниот амбасадор на САД во земјава Филип Рикер, на која разговарале за предизвиците со кои се соочува државата, како и поддршката која е потребна за остварување на стратешките интереси.
Мораме да ја менуваме реалноста и подобруваме животот на граѓаните, посочил Мицкоски.

The post Средба на премиерот Мицкоски со конгресменката Клаудија Тени, копретседавач на македонската група за пријателство на Конгресот на САД appeared first on Република.

]]>
Спасовски: Продолжува поддршката од конгресменката Тени за Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-od-vashington-prodolzhuva-poddrshkata-od-kongresmenkata-teni-za-severna-makedonija/ Wed, 10 Jan 2024 18:15:37 +0000 https://republika.mk/?p=731706

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска, за време на работниот престој во Вашингтон оствари средба со конгресменката Клаудија Тени, копретседавач со Конгресниот кокус за Македонија, за Американците со македонско потекло.

Како што информира МВР, Спасовски и Тени разговараа за значајната улога на Конгресниот кокус за земјава, за Американците со македонско потекло, генерално за македонско-американската заедница во САД. Притоа, Спасовски ја изрази благодарноста за поддршката и ангажманот во зајакнувањето на меѓусебните односи, промовирање на културната размена и застапување на интересите на македонската заедница во САД.

-Република Cеверна Македонија се стреми кон сигурна, стабилна и просперитетна иднина во големото европско семејство на ЕУ, а нашите напори се во голема мера фокусирани на продлабочување на демократските реформи, јакнење на владеењето на правото и продолжување на економскиот развој. Во сето ова, македонско-американската заедница и поддршката од САД играат витална улога. Нашата соработка како НАТО сојузници се темели на заедничките вредности на демократијата, човековите права и мирот. Сакаме да ја зајакнеме оваа соработка преку повеќе билатерални иницијативи, заеднички проекти и програми. Во таа насока, дијалогот со претставниците на САД е од суштинско значење, истакна министерот Спасовски, упатувајќи благодарност за личниот ангажман на конгресменката Тени.

Тој се заблагодари и за личните заложби на Тени за почнувањето на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, како и за заложбите за резолуцијата на Конгресот со која септември се прогласува за месец на промовирање и славење на македонскиот јазик, култура и историја на Американците со македонско потекло и нивниот вековен придонес за Америка.

-Македонско-американската заедница ги прифати слободите што ги нуди американското општество и е интегрирана во различни области како уметност, наука, бизнис, политика, медицина, спорт и други, благодарение на можностите за рамноправно учество и придонес во градењето на граѓанските и верските слободи и основните човекови права. Тие станаа активни членови на заедницата, давајќи го својот придонес кон нејзиниот развој. Денеска, со задоволство можам да кажам дека Република Cеверна Македонија го следи овој модел, стремејќи се кон усовршување на општество каде секој заслужува рамноправна шанса, рече Спасовски и изрази уверување дека Македонија останува посветена на унапредувањето на евроатлантските интеграции и на засилување на институциите.

Министерот Спасовски во оваа прилика побара и поддршка за усвојување на Нацрт-законот за демократија и просперитет на Западен Балкан. Притоа, подвлече дека за Македонија нема друга алтернатива освен ЕУ и продлабочувањето на Стратешкиот дијалог помеѓу Република Македонија и САД.

Конгресменката Тени изрази задоволство од можноста да се сретнат со министерот Спасовски и во оваа прилика ја истакна својата силна поддршка, посветеност и блискост кон македонско-американската заедница во САД, велејќи дека секогаш е во потрага по пријател плус Македонец овде во САД. Таа уште еднаш ја потврди својата поддршка за резолуцијата за месецот септември да биде месец на на промовирање и славење на македонскиот јазик, култура и историја на Американците со македонско потекло и нивниот вековен придонес за Америка.

The post Спасовски: Продолжува поддршката од конгресменката Тени за Македонија appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска, за време на работниот престој во Вашингтон оствари средба со конгресменката Клаудија Тени, копретседавач со Конгресниот кокус за Македонија, за Американците со македонско потекло. Како што информира МВР, Спасовски и Тени разговараа за значајната улога на Конгресниот кокус за земјава, за Американците со македонско потекло, генерално за македонско-американската заедница во САД. Притоа, Спасовски ја изрази благодарноста за поддршката и ангажманот во зајакнувањето на меѓусебните односи, промовирање на културната размена и застапување на интересите на македонската заедница во САД.
-Република Cеверна Македонија се стреми кон сигурна, стабилна и просперитетна иднина во големото европско семејство на ЕУ, а нашите напори се во голема мера фокусирани на продлабочување на демократските реформи, јакнење на владеењето на правото и продолжување на економскиот развој. Во сето ова, македонско-американската заедница и поддршката од САД играат витална улога. Нашата соработка како НАТО сојузници се темели на заедничките вредности на демократијата, човековите права и мирот. Сакаме да ја зајакнеме оваа соработка преку повеќе билатерални иницијативи, заеднички проекти и програми. Во таа насока, дијалогот со претставниците на САД е од суштинско значење, истакна министерот Спасовски, упатувајќи благодарност за личниот ангажман на конгресменката Тени.
Тој се заблагодари и за личните заложби на Тени за почнувањето на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, како и за заложбите за резолуцијата на Конгресот со која септември се прогласува за месец на промовирање и славење на македонскиот јазик, култура и историја на Американците со македонско потекло и нивниот вековен придонес за Америка.
-Македонско-американската заедница ги прифати слободите што ги нуди американското општество и е интегрирана во различни области како уметност, наука, бизнис, политика, медицина, спорт и други, благодарение на можностите за рамноправно учество и придонес во градењето на граѓанските и верските слободи и основните човекови права. Тие станаа активни членови на заедницата, давајќи го својот придонес кон нејзиниот развој. Денеска, со задоволство можам да кажам дека Република Cеверна Македонија го следи овој модел, стремејќи се кон усовршување на општество каде секој заслужува рамноправна шанса, рече Спасовски и изрази уверување дека Македонија останува посветена на унапредувањето на евроатлантските интеграции и на засилување на институциите.
Министерот Спасовски во оваа прилика побара и поддршка за усвојување на Нацрт-законот за демократија и просперитет на Западен Балкан. Притоа, подвлече дека за Македонија нема друга алтернатива освен ЕУ и продлабочувањето на Стратешкиот дијалог помеѓу Република Македонија и САД. Конгресменката Тени изрази задоволство од можноста да се сретнат со министерот Спасовски и во оваа прилика ја истакна својата силна поддршка, посветеност и блискост кон македонско-американската заедница во САД, велејќи дека секогаш е во потрага по пријател плус Македонец овде во САД. Таа уште еднаш ја потврди својата поддршка за резолуцијата за месецот септември да биде месец на на промовирање и славење на македонскиот јазик, култура и историја на Американците со македонско потекло и нивниот вековен придонес за Америка.

The post Спасовски: Продолжува поддршката од конгресменката Тени за Македонија appeared first on Република.

]]>
Амриканска конгресменка најавува можни санкции на САД против Бугарија поради Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/amrikanska-kongresmenka-najavuva-mozni-sankcii-na-sad-protiv-bugarija-poradi-makedonija/ Fri, 29 Apr 2022 09:17:35 +0000 https://republika.mk/?p=495148

Американската конгресменката Клаудија Тени вели дека размислува да формира коалиција на Капитол Хил што би работела на можни санкции против Бугарија, бидејќи не го трга ветото за почеток на пристапни преговори на Македонија со Европската Унија.

Во интервју за „Гласот на Америка“, таа рече дека се покажало оти официјалното писмо што група конгресмени го испратија до бугарскиот амбасадор во Вашингтон, Тихомир Стојчев не функционирало, како и дека целта на ваквата коалиција со членови од Претставничкиот дом и Сенатот, би била да ја поттикнат Бугарија на дијалог.

– Ако би можеле да најдеме накаков вид санкции што би биле ефективни за да ги доведеме на маса, или нешто што би поттикнало решение на овој конфликт и безобразно однесување, кое би можело да доведе до агресија и до проблеми во иднина во овој регион, истакна Тени.

Таа изрази загриженост што овие разговори се во сенка на она што се случува во Украина и оти не се толку сериозни како што би можеле да бидат.

– Бугарското прашање сè уште виси. И очигледно треба да ги притискаме да се вклучат во дијалог, во разговор и да ги минимизираме нивните обиди за дестабилизација на ситуацијата за која треба да најдеме решение. Ова има негативно влијание врз остатокот на Западен Балкан, вели Тени.

На прашањето да ја искоментира посетата на бугарската делегација предводена од Кирил Петков на отворањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, таа рече оти е разочарана што гледа како  Бугарија продолжува да постапува и време е за поагресивна акција на САД во однос на дипломатски притисок врз нив и да ги доведеме на маса.

– За жал, мислам дека нема да го добиеме тоа од администрацијата на Бајден. Тие не изгледаат толку заинтересирани за овој регион во светот, кој мислам дека е еден од најкритично важните региони во светот. Отсекогаш бил порта меѓу Истокот и Западот. И секогаш е многу, многу важно ние како земја да ги поддржуваме сојузниците на НАТО во овој регион. Како што знаете, не се сите сојузници на НАТО, и не се сите во ЕУ. Значи, имаме многу историја и години на борба во овој регион, оцени Тени.

На прашањето на „Гласот на Америка“ дали се променил пристапот на САД кон Западен Балкан по руската инвазија на Украина и дали гледа потреба од итна интеграција на регионот во ЕУ поради безбедносни ризици, таа истакна дека многу од земјите се потпираат на поддршката на САД како клучен сојузник.

– Мислам дека многу од овие земји се ранливи. И тие се ослонуваат на поддршката од САД како клучен сојузник. Она што го покажува украинската стратегија и украинската ситуација со Русија е колку е важно САД да продолжат да имаат уште посилен ангажман во земјите од Западен Балкан, затоа што не сакаме да видиме какво било слично ужасно сценарио на Западен Балкан како што гледаме во Украина, кажа конгресменката Тени

The post Амриканска конгресменка најавува можни санкции на САД против Бугарија поради Македонија appeared first on Република.

]]>

Американската конгресменката Клаудија Тени вели дека размислува да формира коалиција на Капитол Хил што би работела на можни санкции против Бугарија, бидејќи не го трга ветото за почеток на пристапни преговори на Македонија со Европската Унија. Во интервју за „Гласот на Америка“, таа рече дека се покажало оти официјалното писмо што група конгресмени го испратија до бугарскиот амбасадор во Вашингтон, Тихомир Стојчев не функционирало, како и дека целта на ваквата коалиција со членови од Претставничкиот дом и Сенатот, би била да ја поттикнат Бугарија на дијалог.
– Ако би можеле да најдеме накаков вид санкции што би биле ефективни за да ги доведеме на маса, или нешто што би поттикнало решение на овој конфликт и безобразно однесување, кое би можело да доведе до агресија и до проблеми во иднина во овој регион, истакна Тени.
Таа изрази загриженост што овие разговори се во сенка на она што се случува во Украина и оти не се толку сериозни како што би можеле да бидат.
– Бугарското прашање сè уште виси. И очигледно треба да ги притискаме да се вклучат во дијалог, во разговор и да ги минимизираме нивните обиди за дестабилизација на ситуацијата за која треба да најдеме решение. Ова има негативно влијание врз остатокот на Западен Балкан, вели Тени.
На прашањето да ја искоментира посетата на бугарската делегација предводена од Кирил Петков на отворањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, таа рече оти е разочарана што гледа како  Бугарија продолжува да постапува и време е за поагресивна акција на САД во однос на дипломатски притисок врз нив и да ги доведеме на маса. – За жал, мислам дека нема да го добиеме тоа од администрацијата на Бајден. Тие не изгледаат толку заинтересирани за овој регион во светот, кој мислам дека е еден од најкритично важните региони во светот. Отсекогаш бил порта меѓу Истокот и Западот. И секогаш е многу, многу важно ние како земја да ги поддржуваме сојузниците на НАТО во овој регион. Како што знаете, не се сите сојузници на НАТО, и не се сите во ЕУ. Значи, имаме многу историја и години на борба во овој регион, оцени Тени. На прашањето на „Гласот на Америка“ дали се променил пристапот на САД кон Западен Балкан по руската инвазија на Украина и дали гледа потреба од итна интеграција на регионот во ЕУ поради безбедносни ризици, таа истакна дека многу од земјите се потпираат на поддршката на САД како клучен сојузник.