кластер Archives - Република https://republika.mk/tema/klaster/ За подобро да се разбереме Sat, 12 Oct 2024 09:54:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кластер Archives - Република https://republika.mk/tema/klaster/ 32 32 Во вторник се отвора првиот кластер со што почнуваат преговорите за членство на Албанија во ЕУ https://republika.mk/vesti/balkan/vo-vtornik-se-otvora-prviot-klaster-so-shto-pochnuvaat-pregovorite-za-chlenstvo-na-albanija-vo-eu/ Sat, 12 Oct 2024 09:59:57 +0000 https://republika.mk/?p=825832

Комитетот на постојани претставници на владите на земјите членки на ЕУ (Корепер) го усвои Заедничкиот став на Унијата за отворање на првиот кластер во преговорите за членство на Албанија, со што се овозможува одржување на Меѓувладина конференција ЕУ-Албанија во вторник (15 октомври) во Луксембург, соопшти унгарското претседателство со Европската Унија.

Албанија ќе биде првата меѓу земјите кандидати за членство што ќе ги отвори пристапните преговори според ревидираната методологија за проширување, што ќе биде клучен момент за оваа земја од Западниот Балкан, се наведува во соопштението.

Првиот сет на поглавја, Кластерот „Основни вредности“, ги опфаќа фундаменталните реформи, што ќе го трасираат патот за почеток на преговори по другите кластери.

Напредокот по овие реформи ќе го одреди и целокупното темпо на преговорите, потенцира унгарското претседателство.

Во соопштението се додава и дека во пресрет на одлуката на Корепер, вчера во Будимпешта се одржала средба на премиерите на Унгарија и Албанија, Виктор Орбан и Еди Рама, на која тие разговарале за пристапните преговори и се согласиле да продолжат со зајакнување на билатералната соработка.

Корепер минатиот месец реши Албанија да почне преговори за членство со ЕУ по кластери, со што практично земјата е одвоена на својот европски пат од Македонија. Досега двете држави се движеа заедно во пакет кон полноправно членство во Унијата.

The post Во вторник се отвора првиот кластер со што почнуваат преговорите за членство на Албанија во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Комитетот на постојани претставници на владите на земјите членки на ЕУ (Корепер) го усвои Заедничкиот став на Унијата за отворање на првиот кластер во преговорите за членство на Албанија, со што се овозможува одржување на Меѓувладина конференција ЕУ-Албанија во вторник (15 октомври) во Луксембург, соопшти унгарското претседателство со Европската Унија.
Албанија ќе биде првата меѓу земјите кандидати за членство што ќе ги отвори пристапните преговори според ревидираната методологија за проширување, што ќе биде клучен момент за оваа земја од Западниот Балкан, се наведува во соопштението.
Првиот сет на поглавја, Кластерот „Основни вредности“, ги опфаќа фундаменталните реформи, што ќе го трасираат патот за почеток на преговори по другите кластери.
Напредокот по овие реформи ќе го одреди и целокупното темпо на преговорите, потенцира унгарското претседателство.
Во соопштението се додава и дека во пресрет на одлуката на Корепер, вчера во Будимпешта се одржала средба на премиерите на Унгарија и Албанија, Виктор Орбан и Еди Рама, на која тие разговарале за пристапните преговори и се согласиле да продолжат со зајакнување на билатералната соработка. Корепер минатиот месец реши Албанија да почне преговори за членство со ЕУ по кластери, со што практично земјата е одвоена на својот европски пат од Македонија. Досега двете држави се движеа заедно во пакет кон полноправно членство во Унијата.

The post Во вторник се отвора првиот кластер со што почнуваат преговорите за членство на Албанија во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Маричиќ во Брисел, продолжува скринингот за третиот Кластер https://republika.mk/vesti/makedonija/marichik-vo-brisel-prodolzhuva-skriningot-za-tretiot-klaster/ Tue, 30 May 2023 08:35:44 +0000 https://republika.mk/?p=646026

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ е во дводневна посета на Брисел, каде продолжува билатералниот скрининг од Кластерот 3, „Конкурентност и инклузивен раст“.

Денеска на билатералната скрининг агенда е Поглавјето 26, „Образование и култура“ и Поглавјето 20, на кое збор ќе земат и министерката за култура, Костадиновса Стојчевска и министерот за образование, Јетон Шаќири, а утре Поглавјето 20, „Претпријатија и индустриска политика“.

Во рамки на посетата покрај учеството на скрининг состаноците, вицепремиерот Маричиќ ќе оствари неколку средби во Европскиот Парламент со европратениците од група на прогресивна алијанса на социјалисти и демократи Тонино Пицула, Матјаж Немец, Андреас Шидер, европратеничка од група на Зелените, Тинеке Стрике и со европратникот од група Обновена Европа, Клемен Грошељ.

The post Маричиќ во Брисел, продолжува скринингот за третиот Кластер appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ е во дводневна посета на Брисел, каде продолжува билатералниот скрининг од Кластерот 3, „Конкурентност и инклузивен раст“. Денеска на билатералната скрининг агенда е Поглавјето 26, „Образование и култура“ и Поглавјето 20, на кое збор ќе земат и министерката за култура, Костадиновса Стојчевска и министерот за образование, Јетон Шаќири, а утре Поглавјето 20, „Претпријатија и индустриска политика“. Во рамки на посетата покрај учеството на скрининг состаноците, вицепремиерот Маричиќ ќе оствари неколку средби во Европскиот Парламент со европратениците од група на прогресивна алијанса на социјалисти и демократи Тонино Пицула, Матјаж Немец, Андреас Шидер, европратеничка од група на Зелените, Тинеке Стрике и со европратникот од група Обновена Европа, Клемен Грошељ.

The post Маричиќ во Брисел, продолжува скринингот за третиот Кластер appeared first on Република.

]]>
Започнува скринингот за Кластер 3 „Конкурентност и инклузивен раст“ https://republika.mk/vesti/makedonija/zapochnuva-skriningot-za-klaster-3-konkurentnost-i-inkluziven-rast/ Mon, 17 Oct 2022 06:43:32 +0000 https://republika.mk/?p=561857

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, од денеска престојува во Брисел, по повод започнувањето на објаснувачките скрининг состаноци за Кластерот 3, „Конкурентност и инклузивен раст“.

Објаснувачкиот скрининг за овој Кластер започнува со денешниот објаснувачки состанок за Поглавјето 10, „Дигитална трансформација и медиуми“, на кој македонскиот преговарачки тим ќе ја слуша експертизата, препораките и советите од Европската комисија во оваа област, кои понатаму ќе бидат водич во подготовките за билатералниот скрининг во ова поглавје, информираат од Секретаријатот за евтопски прашања.

Досега успешно се завршени објаснувачките скрининг состаноци за Кластерот 1, „Темели“ и Кластерот 2 „Внатрешен пазар“, што е и констатација на Комисијата во годишниот Извештај за Македонија за 2022 година, дека процесот на скрининг се одвива непречено, а земјата покажува високо ниво на посветеност.

До крајот на оваа недела ќе се одржат и скрининг состаноците за Поглавјата 16,17,19,20,25,26 и 29, односно поглавјата „Оданочување“, „Економска и монетарна политика“, „Социјална политика и вработување“, „Претпријатија и индустриска политика“, „Наука и истражување“, „Образование и култура“ и „Царинска Унија“.

По одржувањето на првата Меѓувладина конференција со ЕУ, во јуни годинава, со која официјално Македонија ги отвори преговорите, започна скрининг процесот, кој се состои од две фази. Првата е објаснувачкиот скрининг – кога Европската комисија ќе го презентира најрелевантното законодавство на ЕУ за сите поглавја сега групирани во кластери, односно во случајот на нашата земја ќе се направи само ажурирање на релевантните акти (имајќи предвид дека ние веќе поминавме низ овој процес во 2018-2019 година). Втората фаза од скринингот, односно билатералниот скрининг, кој започнува на 11-ти ноември за Кластер 1, „Фундаментални вредности“, претставува процес во кој ние го презентираме степенот на усогласеност на националното законодавство и планови за понатамошно усогласување, градење на институционални и административни капацитети, како и потребни човечки, финансиски и ИТ ресурси за спроведување на европските стандарди.

The post Започнува скринингот за Кластер 3 „Конкурентност и инклузивен раст“ appeared first on Република.

]]>

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, од денеска престојува во Брисел, по повод започнувањето на објаснувачките скрининг состаноци за Кластерот 3, „Конкурентност и инклузивен раст“. Објаснувачкиот скрининг за овој Кластер започнува со денешниот објаснувачки состанок за Поглавјето 10, „Дигитална трансформација и медиуми“, на кој македонскиот преговарачки тим ќе ја слуша експертизата, препораките и советите од Европската комисија во оваа област, кои понатаму ќе бидат водич во подготовките за билатералниот скрининг во ова поглавје, информираат од Секретаријатот за евтопски прашања. Досега успешно се завршени објаснувачките скрининг состаноци за Кластерот 1, „Темели“ и Кластерот 2 „Внатрешен пазар“, што е и констатација на Комисијата во годишниот Извештај за Македонија за 2022 година, дека процесот на скрининг се одвива непречено, а земјата покажува високо ниво на посветеност. До крајот на оваа недела ќе се одржат и скрининг состаноците за Поглавјата 16,17,19,20,25,26 и 29, односно поглавјата „Оданочување“, „Економска и монетарна политика“, „Социјална политика и вработување“, „Претпријатија и индустриска политика“, „Наука и истражување“, „Образование и култура“ и „Царинска Унија“. По одржувањето на првата Меѓувладина конференција со ЕУ, во јуни годинава, со која официјално Македонија ги отвори преговорите, започна скрининг процесот, кој се состои од две фази. Првата е објаснувачкиот скрининг – кога Европската комисија ќе го презентира најрелевантното законодавство на ЕУ за сите поглавја сега групирани во кластери, односно во случајот на нашата земја ќе се направи само ажурирање на релевантните акти (имајќи предвид дека ние веќе поминавме низ овој процес во 2018-2019 година). Втората фаза од скринингот, односно билатералниот скрининг, кој започнува на 11-ти ноември за Кластер 1, „Фундаментални вредности“, претставува процес во кој ние го презентираме степенот на усогласеност на националното законодавство и планови за понатамошно усогласување, градење на институционални и административни капацитети, како и потребни човечки, финансиски и ИТ ресурси за спроведување на европските стандарди.

The post Започнува скринингот за Кластер 3 „Конкурентност и инклузивен раст“ appeared first on Република.

]]>