КК Работнички Archives - Република https://republika.mk/tema/kk-rabotnichki/ За подобро да се разбереме Sun, 20 Oct 2024 06:19:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png КК Работнички Archives - Република https://republika.mk/tema/kk-rabotnichki/ 32 32 МЗТ Скопје Аеродром славеше во дербито против Работнички https://republika.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-aerodrom-slaveshe-vo-derbito-protiv-rabotnichki/ Sun, 20 Oct 2024 06:19:53 +0000 https://republika.mk/?p=828954

Мечот помеѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродром, помина во доминација на актуелниот шампион во Првата македонска „МТЕЛ“ кошаркарска лига (70:56).

Рамноправно се играше во првите неколку минути, поточно, до резултат 6:6, по што во рок од шест минути гостите од Аеродром направија огромна серија од 22:0 со која стигнаа до 26:6 за првата четвртина да биде затворена со сличен резултат (28:8).

На почетокот на вториот период, при резултат 30:13, дербито беше прекинато (уфрлени голем број на пиротехнички средства и други, тврди и меки предмети, на теренот), и по една пауза, повеќе од еден час, беше продолжено, но без присуство на двете навивачки групи.

Тоа донесе и, извесно, намалување на темпото наа играта, на двете страни, па оние гледачи што останаа во СРЦ „Кале“ видоа минути на изедначена игра до полувремето. Задоволни од високото водство„, сино-белите“ го затворија првото полувреме со тој „стандарден плус“ од 20 поени (48:28).

Домаќините сакаа, но евидентно и објективно, пред себе имаа поквалитетен и поброен ростер каков во овој момент има МЗТ во однос на оној со кој раководи Горан Самарџиев. Новата пауза, сега онаа редовната, не смени ништо. МЗТ Скопје успешно го одржуваше големиот „вишок“, стекнат таму некаде на крајот на првата четвртина. Копривица го заврши дербито со 15 поени, Д. Стојановски допиша 11, а Баковиќ уште 10 во победничката екипа. А во онаа поразената, до 12 поени дојде Ѓуроски, Полутак имаше 11, исто толку и Робев, додека младиот репрезентативец, Шошкиќ даде уште 10.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 3 КОЛО

САБОТА

Работнички – МЗТ Скопје Аеродром 56:70
Тиквеш Голден Игл – Гостивар 80:75
Вардар – Феникс 2010 72:77
ТФТ – Кожув 79:77
Чаир 2030 – Шкупи 98:80

20 ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА)

19.00: Пелистер – МКК Куманово

ТАБЕЛА:
Чаир 2030 6 бодови,
ТФТ 6,
МЗТ Скопје Аеродром 5,
Работнички 5,
Пелистер 4 (-1),
Гостивар 4,
Кожув 4,
Тиквеш Голден Игл 4,
Феникс 2010 4,
МКК Куманово 3 (-1),
Вардар 3,
Шкупи 3.

The post МЗТ Скопје Аеродром славеше во дербито против Работнички appeared first on Република.

]]>

Мечот помеѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродром, помина во доминација на актуелниот шампион во Првата македонска „МТЕЛ“ кошаркарска лига (70:56). Рамноправно се играше во првите неколку минути, поточно, до резултат 6:6, по што во рок од шест минути гостите од Аеродром направија огромна серија од 22:0 со која стигнаа до 26:6 за првата четвртина да биде затворена со сличен резултат (28:8). На почетокот на вториот период, при резултат 30:13, дербито беше прекинато (уфрлени голем број на пиротехнички средства и други, тврди и меки предмети, на теренот), и по една пауза, повеќе од еден час, беше продолжено, но без присуство на двете навивачки групи. Тоа донесе и, извесно, намалување на темпото наа играта, на двете страни, па оние гледачи што останаа во СРЦ „Кале“ видоа минути на изедначена игра до полувремето. Задоволни од високото водство„, сино-белите“ го затворија првото полувреме со тој „стандарден плус“ од 20 поени (48:28). Домаќините сакаа, но евидентно и објективно, пред себе имаа поквалитетен и поброен ростер каков во овој момент има МЗТ во однос на оној со кој раководи Горан Самарџиев. Новата пауза, сега онаа редовната, не смени ништо. МЗТ Скопје успешно го одржуваше големиот „вишок“, стекнат таму некаде на крајот на првата четвртина. Копривица го заврши дербито со 15 поени, Д. Стојановски допиша 11, а Баковиќ уште 10 во победничката екипа. А во онаа поразената, до 12 поени дојде Ѓуроски, Полутак имаше 11, исто толку и Робев, додека младиот репрезентативец, Шошкиќ даде уште 10. ПРВА ЛИГА-МАЖИ РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 3 КОЛО САБОТА Работнички – МЗТ Скопје Аеродром 56:70 Тиквеш Голден Игл – Гостивар 80:75 Вардар – Феникс 2010 72:77 ТФТ – Кожув 79:77 Чаир 2030 – Шкупи 98:80 20 ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА) 19.00: Пелистер – МКК Куманово ТАБЕЛА: Чаир 2030 6 бодови, ТФТ 6, МЗТ Скопје Аеродром 5, Работнички 5, Пелистер 4 (-1), Гостивар 4, Кожув 4, Тиквеш Голден Игл 4, Феникс 2010 4, МКК Куманово 3 (-1), Вардар 3, Шкупи 3.

The post МЗТ Скопје Аеродром славеше во дербито против Работнички appeared first on Република.

]]>
Горан Самарџиев останува тренер на КК Работнички https://republika.mk/sport/kosarka/goran-samardhiev-ostanuva-trener-na-kk-rabotnichki/ Wed, 26 Jun 2024 15:38:06 +0000 https://republika.mk/?p=791049

На состанокот на Управниот одбор на кошаркарскиот клуб Работнички е донесена одлука и во текот на следната натпреварувачка сезона тренер на екипата да биде Горан Самарџиев.

Самарџиев ја доби довербата на УО, откако дојде како замена за Димитар Мираковски лани во октомври со тимот запиша 15 победи во низа.

The post Горан Самарџиев останува тренер на КК Работнички appeared first on Република.

]]>

На состанокот на Управниот одбор на кошаркарскиот клуб Работнички е донесена одлука и во текот на следната натпреварувачка сезона тренер на екипата да биде Горан Самарџиев. Самарџиев ја доби довербата на УО, откако дојде како замена за Димитар Мираковски лани во октомври со тимот запиша 15 победи во низа.

The post Горан Самарџиев останува тренер на КК Работнички appeared first on Република.

]]>
„Брендот под кошевите“- нов документарец за КК Работнички https://republika.mk/sport/kosarka/brendot-pod-koshevite-nov-dokumentarets-za-kk-rabotnichki/ Thu, 13 Jun 2024 18:13:13 +0000 https://republika.mk/?p=787360

По успехот на  документарниот филм „Први до Четврто“ кој  ќе биде  претставник на интернационалниот филмски фестивал за спорт кој ќе се одржи во месец август во Златибор, Србија, се подготвува нов документарец.

Новиот филм е насловен „Брендот под кошевите“ за КК Работнички.

Нема подобра најава за снимањето на новиот проект КК Работнички - брендот под кошевите, преку фотографијата од човекот која кажува многу, фотографија која говори за минатото и одекнува како ехо кон сегашноста и иднината. Фотографија која буди спомени и нема да не остави рамнодушни. Ние, кои сме дел од кошарката го нарекуваме „жива легенда“ или „гркот господин кошарка“, Лазар Лазо Лечиќ - стои во најавата за документарецот.

Најавуваме уште една спортска сторија за Златната генерација која го создаде „Работнички“ брендот под кошевите , клуб кој со успех ја претставуваше македонската кошарка во СФРЈ и во Македонија - вели авторскиот тим, Саша Каталиниќ проект менаџер, Матеј Милев камера и монтажа и сценаристот Игор Ивановски.

The post „Брендот под кошевите“- нов документарец за КК Работнички appeared first on Република.

]]>

По успехот на  документарниот филм „Први до Четврто“ кој  ќе биде  претставник на интернационалниот филмски фестивал за спорт кој ќе се одржи во месец август во Златибор, Србија, се подготвува нов документарец.

Новиот филм е насловен „Брендот под кошевите“ за КК Работнички.
Нема подобра најава за снимањето на новиот проект КК Работнички - брендот под кошевите, преку фотографијата од човекот која кажува многу, фотографија која говори за минатото и одекнува како ехо кон сегашноста и иднината. Фотографија која буди спомени и нема да не остави рамнодушни. Ние, кои сме дел од кошарката го нарекуваме „жива легенда“ или „гркот господин кошарка“, Лазар Лазо Лечиќ - стои во најавата за документарецот.
Најавуваме уште една спортска сторија за Златната генерација која го создаде „Работнички“ брендот под кошевите , клуб кој со успех ја претставуваше македонската кошарка во СФРЈ и во Македонија - вели авторскиот тим, Саша Каталиниќ проект менаџер, Матеј Милев камера и монтажа и сценаристот Игор Ивановски.

The post „Брендот под кошевите“- нов документарец за КК Работнички appeared first on Република.

]]>
Работнички го победи МЗТ во некогаш големото градско дерби https://republika.mk/sport/kosarka/rabotnichki-go-pobedi-mzt-vo-nekogash-golemoto-gradsko-derbi/ Fri, 26 Jan 2024 08:12:23 +0000 https://republika.mk/?p=736979

Кошаркарите на Работнички триумфираа вечерва над МЗТ Скопје Аеродром со 95-91 во 164. пресметка меѓу вечните градски ривали и му го нанесоа вториот пораз во серија на актуелниот македонски шампион.

Вечното македонско дерби донесе квалитетна кошарка во салата „Независна Македонија“ и победа за гостинската екипа, со која најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Работнички ја прекина серијата порази во дуелите со градскиот ривал, и најави дека ќе биде сериозен конкурент во битката за шампионската титула.

По 15. одиграни кола во Првата лига, кошаркарите на МЗТ Скопје останаа на лидерската позиција со скор од 12. победи и три порази, а Работнички е второпласиран со 11. победи и четири порази.

Декоси беше најефикасен во редовите на Работнички, реализирајќи 23. поени.

Во вториот натпревар вечерва во рамки на 15 коло, кошаркарите на ТФТ Моцарт извојуваа гостинска победа над Навико Академија ФМП со 90-62

The post Работнички го победи МЗТ во некогаш големото градско дерби appeared first on Република.

]]>

Кошаркарите на Работнички триумфираа вечерва над МЗТ Скопје Аеродром со 95-91 во 164. пресметка меѓу вечните градски ривали и му го нанесоа вториот пораз во серија на актуелниот македонски шампион. Вечното македонско дерби донесе квалитетна кошарка во салата „Независна Македонија“ и победа за гостинската екипа, со која најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Работнички ја прекина серијата порази во дуелите со градскиот ривал, и најави дека ќе биде сериозен конкурент во битката за шампионската титула. По 15. одиграни кола во Првата лига, кошаркарите на МЗТ Скопје останаа на лидерската позиција со скор од 12. победи и три порази, а Работнички е второпласиран со 11. победи и четири порази. Декоси беше најефикасен во редовите на Работнички, реализирајќи 23. поени. Во вториот натпревар вечерва во рамки на 15 коло, кошаркарите на ТФТ Моцарт извојуваа гостинска победа над Навико Академија ФМП со 90-62

The post Работнички го победи МЗТ во некогаш големото градско дерби appeared first on Република.

]]>
Стигнаа казните за инцидентот на Декози со Стојановски https://republika.mk/sport/kosarka/stignaa-kaznite-za-intsidentot-na-dekozi-so-stojanovski/ Wed, 25 Oct 2023 19:40:14 +0000 https://republika.mk/?p=695028

Комесарот за натпреварување при Кошаркарската федерација на Македонија донесе одлука да го суспендира играчот на Работнички Квентон Декози поради удар на Дамјан Стојановски капитенот на МЗТ Скопје Аеродром.

Инцидентот се случи на дербито одиграно викендот во СРЦ „Кале“ во Скопје.

Декози ќе треба да плати и парична казна од 25.000 денари.

Клубот домаќин на дербито Работнички следните два меча на домашен терен ќе ги игра без публика, а ќе плати и парична казна од 69.000 денари поради инцидентите предизвикани од неговите навивачи.

МЗТ Скопје еден меч на свој терен ќе биде без публика, а поради фрлени пиротехнички средства од нивните навивачи и ќе треба да плати казна во висина од 28.000 денари.

The post Стигнаа казните за инцидентот на Декози со Стојановски appeared first on Република.

]]>

Комесарот за натпреварување при Кошаркарската федерација на Македонија донесе одлука да го суспендира играчот на Работнички Квентон Декози поради удар на Дамјан Стојановски капитенот на МЗТ Скопје Аеродром. Инцидентот се случи на дербито одиграно викендот во СРЦ „Кале“ во Скопје. Декози ќе треба да плати и парична казна од 25.000 денари. Клубот домаќин на дербито Работнички следните два меча на домашен терен ќе ги игра без публика, а ќе плати и парична казна од 69.000 денари поради инцидентите предизвикани од неговите навивачи. МЗТ Скопје еден меч на свој терен ќе биде без публика, а поради фрлени пиротехнички средства од нивните навивачи и ќе треба да плати казна во висина од 28.000 денари.

The post Стигнаа казните за инцидентот на Декози со Стојановски appeared first on Република.

]]>
Oпштина Центар нема да гради нова сала на КК Работнички https://republika.mk/sport/kosarka/opshtina-tsentar-nema-da-gradi-nova-sala-na-kk-rabotnichki/ Wed, 27 Sep 2023 09:18:57 +0000 https://republika.mk/?p=685561

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, најави реконструкција на салата „Градски парк“ која е препознатлив дом на најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Работнички.

 

Герасимовски не се откажува од идејата за изградба на нова сала, но првична цел на сопственикот на клуб е оспособување за натпревари на постоечката сала.

 

- Пред две години Работнички го затекнавме, не во клекната, туку во лежечка состојба. Ветив дека клубот ќе го стабилизираме. Имаме нов Управен одбор, стабилни спонзори. Кога станав градоначалник Работнички беше на 10. место, минатата сезона бевме помеѓу најдобрите пет. Даваме се од себе клубот да го вратиме на врвот. Размислуваме за салата Гардски парк. Бараме начин да ја вратиме во функција. Ќе направам максимум во овој мандат да се реконструира. Многу мои претходници ветуваа вакво нешто. За нова засега немаме можност, бидејќи треба да се менува ДУП и тоа е малку долг процес. Во моментов реконструкцијата е најдобра можност. Мораме раб да го вратиме во својот дом, истакна Герасимовски на денешната прес-конференција.

 

Градоначалникот е задоволен што Работнички по подолго време се враќа на евро-сцената.

 

- Ме радува тоа што нашиот најтрофеен клуб и бренд на Центар повторно ќе заигра на ФИБА Евро купот. Верувам дека на цела спортска јавност и недостасуваа меѓународни натпревари на нашиот тим. Се надевам дека Работнички ќе го вратиме на победничките патеки и во неговиот препознатлив сјај. Општина Центар и понатаму ќе продолжи да дава поддршка за да ги оствариме нашите цели, додаде Герасимовски.

 

Квалификациите за ФИБА Евро купот ќе се играа во СРЦ „Кале“ во Скопје од 2 – 5 октомвври. Противници на Работнички ќе бидат Рапид Букурешт (Романија), Сахах (Азербејџан) и Донар Гронинген (Холандија).

The post Oпштина Центар нема да гради нова сала на КК Работнички appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, најави реконструкција на салата „Градски парк“ која е препознатлив дом на најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Работнички.   Герасимовски не се откажува од идејата за изградба на нова сала, но првична цел на сопственикот на клуб е оспособување за натпревари на постоечката сала.  
- Пред две години Работнички го затекнавме, не во клекната, туку во лежечка состојба. Ветив дека клубот ќе го стабилизираме. Имаме нов Управен одбор, стабилни спонзори. Кога станав градоначалник Работнички беше на 10. место, минатата сезона бевме помеѓу најдобрите пет. Даваме се од себе клубот да го вратиме на врвот. Размислуваме за салата Гардски парк. Бараме начин да ја вратиме во функција. Ќе направам максимум во овој мандат да се реконструира. Многу мои претходници ветуваа вакво нешто. За нова засега немаме можност, бидејќи треба да се менува ДУП и тоа е малку долг процес. Во моментов реконструкцијата е најдобра можност. Мораме раб да го вратиме во својот дом, истакна Герасимовски на денешната прес-конференција.
  Градоначалникот е задоволен што Работнички по подолго време се враќа на евро-сцената.  
- Ме радува тоа што нашиот најтрофеен клуб и бренд на Центар повторно ќе заигра на ФИБА Евро купот. Верувам дека на цела спортска јавност и недостасуваа меѓународни натпревари на нашиот тим. Се надевам дека Работнички ќе го вратиме на победничките патеки и во неговиот препознатлив сјај. Општина Центар и понатаму ќе продолжи да дава поддршка за да ги оствариме нашите цели, додаде Герасимовски.
  Квалификациите за ФИБА Евро купот ќе се играа во СРЦ „Кале“ во Скопје од 2 – 5 октомвври. Противници на Работнички ќе бидат Рапид Букурешт (Романија), Сахах (Азербејџан) и Донар Гронинген (Холандија).

The post Oпштина Центар нема да гради нова сала на КК Работнички appeared first on Република.

]]>
Се огласи КК Работнички за тепањето во Чаир: На ваквите луѓе не смее да им се дозволи да бидат присутни на спортски натпревари https://republika.mk/sport/kosarka/se-oglasi-kk-rabotnichki-za-tepanjeto-vo-chair-na-vakvite-lugje-postapki-i-idei-ne-smee-da-im-se-dozvoli-da-bidat-prisutni-na-sportski-natprevari/ Tue, 13 Dec 2022 07:29:54 +0000 https://republika.mk/?p=584990

Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб, Работнички АД Скопје бара да се казни предизвикувачот на инцидентот на првенствениот натпревар со КК Чаир 2030. Во неделата, средбата од 9-то коло од домашното првенство во салата „Шабан Трстена“ во Чаир беше прекината поради напад на еден кошаркари на Работнички од страна на еден од симпатизерите на домашната екипа.

Во соопштението на Работнички стои:

КК Работнички најостро ги осудува сите видови насилство на терените, без разлика од каде доаѓа истото, без разлика дали е тоа предизвикано од нашиот табор, наши навивачи или наши симпатизери, или од противничките и без разлика дали тоа е изолирано или организирано однесување! На ваквите луѓе, постапки и идеи, не смее да им се дозволи да бидат присутни на спортски натпревари! Сите ние треба да сносиме последици за се што правиме во животот, особено за она што го правиме на јавните настани пред очите на целата македонска, во случајов спортска, јавност!

Спортските екипи треба да бидат пример за здрави општествени навики и на спортските терени треба да ги славиме различностите, кои треба да не обединуваат. Не смееме да дозволиме салите и стадионите да ни се претворат во арени за изразување на секакви други чувства, освен искрените кои произлегуваат од спортот. Спортот треба да не направи подобри и поквалитетни луѓе, индивидуи и заедници кои ќе создадат исти такви генерации, кои ќе не наследат и ќе се надоградуваат на она што ние ќе им го оставиме.

Апсолутно се согласуваме со соопштението на нашите спортски пријатели од КК Чаир 2030, во кое се осудува инцидентот предизвикан од страна на, како што се вели, изолиран поединец. Се надеваме дека сите надлежни институци во најкраток можен рок ќе ги преземат сите потребни чекори и мерки, по што ќе донесат соодветни решенија, со цел ова, како што се вели, индивидуално однесување да биде најбрзо и најостро санкционирано!

Со тоа ќе им се даде поука на сите оние, кои во иднина ќе помислат да прават вакви или слични неспортски испади, дека никој не е над законот и над спортот! Време е да им се каже стоп на насилниците во кошарката, која како интелигентен спорт важи за здружување на интелектуалци, а не мегдан за силеџии!

КК Работнички, како најтрофеен кошаркарски клуб во нашата земја и натаму останува дел од спортската структура во Македонија, која ќе се занимава првенствено и единствено со промоција и со унапредување на македонската кошарка и на позитивните вредности во животот.

Прекинот се случи во втората четвртина по што Работнички службено го доби натпреварот, а Чаир остана без бодот кој се дава на поразената екипа

The post Се огласи КК Работнички за тепањето во Чаир: На ваквите луѓе не смее да им се дозволи да бидат присутни на спортски натпревари appeared first on Република.

]]>

Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб, Работнички АД Скопје бара да се казни предизвикувачот на инцидентот на првенствениот натпревар со КК Чаир 2030. Во неделата, средбата од 9-то коло од домашното првенство во салата „Шабан Трстена“ во Чаир беше прекината поради напад на еден кошаркари на Работнички од страна на еден од симпатизерите на домашната екипа. Во соопштението на Работнички стои: КК Работнички најостро ги осудува сите видови насилство на терените, без разлика од каде доаѓа истото, без разлика дали е тоа предизвикано од нашиот табор, наши навивачи или наши симпатизери, или од противничките и без разлика дали тоа е изолирано или организирано однесување! На ваквите луѓе, постапки и идеи, не смее да им се дозволи да бидат присутни на спортски натпревари! Сите ние треба да сносиме последици за се што правиме во животот, особено за она што го правиме на јавните настани пред очите на целата македонска, во случајов спортска, јавност! Спортските екипи треба да бидат пример за здрави општествени навики и на спортските терени треба да ги славиме различностите, кои треба да не обединуваат. Не смееме да дозволиме салите и стадионите да ни се претворат во арени за изразување на секакви други чувства, освен искрените кои произлегуваат од спортот. Спортот треба да не направи подобри и поквалитетни луѓе, индивидуи и заедници кои ќе создадат исти такви генерации, кои ќе не наследат и ќе се надоградуваат на она што ние ќе им го оставиме. Апсолутно се согласуваме со соопштението на нашите спортски пријатели од КК Чаир 2030, во кое се осудува инцидентот предизвикан од страна на, како што се вели, изолиран поединец. Се надеваме дека сите надлежни институци во најкраток можен рок ќе ги преземат сите потребни чекори и мерки, по што ќе донесат соодветни решенија, со цел ова, како што се вели, индивидуално однесување да биде најбрзо и најостро санкционирано! Со тоа ќе им се даде поука на сите оние, кои во иднина ќе помислат да прават вакви или слични неспортски испади, дека никој не е над законот и над спортот! Време е да им се каже стоп на насилниците во кошарката, која како интелигентен спорт важи за здружување на интелектуалци, а не мегдан за силеџии! КК Работнички, како најтрофеен кошаркарски клуб во нашата земја и натаму останува дел од спортската структура во Македонија, која ќе се занимава првенствено и единствено со промоција и со унапредување на македонската кошарка и на позитивните вредности во животот. Прекинот се случи во втората четвртина по што Работнички службено го доби натпреварот, а Чаир остана без бодот кој се дава на поразената екипа

The post Се огласи КК Работнички за тепањето во Чаир: На ваквите луѓе не смее да им се дозволи да бидат присутни на спортски натпревари appeared first on Република.

]]>
Навивач на Чаир со боксови нападна кошаркар на Работнички https://republika.mk/sport/kosarka/navivach-na-chair-so-boksovi-napadna-kosharkar-na-rabotnichki/ Mon, 12 Dec 2022 07:53:59 +0000 https://republika.mk/?p=584479

Голем инцидент се случи вчеравечер на натпреварот од македонското кошаркарско првенство во салата „Шабан Трстена“ во Чаир меѓу истоимената домашна екипа и Работнички. Во 14-та минута, при водство на Работнички со 44:23, навивач на Чаир влета на теренот и со тупаници го нападна плејмејкерот на Работнички, Ерик Нотиџ.


Играчите на двете страни беа присебни и спречија ескалација на ситуацијата, но ова е втор голем инцидент во Чаир за кратко време. Претходно на фудбалскиот натпревар меѓу Шкупи и Шкендија, навивачи влегоа на теренот и ги нападнаа гостинските фудбалери.

The post Навивач на Чаир со боксови нападна кошаркар на Работнички appeared first on Република.

]]>

Голем инцидент се случи вчеравечер на натпреварот од македонското кошаркарско првенство во салата „Шабан Трстена“ во Чаир меѓу истоимената домашна екипа и Работнички. Во 14-та минута, при водство на Работнички со 44:23, навивач на Чаир влета на теренот и со тупаници го нападна плејмејкерот на Работнички, Ерик Нотиџ. Играчите на двете страни беа присебни и спречија ескалација на ситуацијата, но ова е втор голем инцидент во Чаир за кратко време. Претходно на фудбалскиот натпревар меѓу Шкупи и Шкендија, навивачи влегоа на теренот и ги нападнаа гостинските фудбалери.

The post Навивач на Чаир со боксови нападна кошаркар на Работнички appeared first on Република.

]]>
Герасимовски: КК Работнички повторно ќе биде шампион https://republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-kk-rabotnichki-povtorno-kje-bide-shampion/ Sat, 08 Oct 2022 17:32:11 +0000 https://republika.mk/?p=558860

Градоначалникот на Центар Горан Герасимовски денеска присуствуваше и се обрати на свечено потпишување на договор за спонзорство помеѓу Мтел, членка на групацијата Телеком Србија и КК Работнички Скопје, најтрофејниот клуб во македонската кошаркарска историја.

Пресреќен сум што од денес зад нашиот најтрофеен кошаркарски клуб застанува телекомуникацискиот гигант МТЕЛ.

Моја заложба како градоначалник, но и како центарец, е повторно да го вратиме клубот на старите победнички патеки. Со обезбедувањето на ова четиригодишно спонзорство од МТЕЛ, убеден сум дека започнува нова ера на нови победи и радости за сите ние кои го носиме клубот во срцето. ✊

🤝Сакам да изразам голема благодарност до премиерот Ковачевски кој се заложи лично за оваа поддршка да стане реалност. Му се заблагодарувам на менаџментот на компанијата, Марко Лопичиќ, генерален директор на МТЕЛ и Владимир Лучиќ, генерален директор на Телеком Србија. Тие кои го вреднуваат македонскиот спорт, но и го препознаа нашиот клуб како партнер. За крај, секако голема благодарност и до новото раководство на Работнички под водство на Горан Веселиновски кое неуморно работи за унапредување на состојбите во клубот.

🏆КК Работнички повторно ќе биде шампион!, напиша Герасимовски на Фејсбук по свеченоста.

The post Герасимовски: КК Работнички повторно ќе биде шампион appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Центар Горан Герасимовски денеска присуствуваше и се обрати на свечено потпишување на договор за спонзорство помеѓу Мтел, членка на групацијата Телеком Србија и КК Работнички Скопје, најтрофејниот клуб во македонската кошаркарска историја. Пресреќен сум што од денес зад нашиот најтрофеен кошаркарски клуб застанува телекомуникацискиот гигант МТЕЛ. Моја заложба како градоначалник, но и како центарец, е повторно да го вратиме клубот на старите победнички патеки. Со обезбедувањето на ова четиригодишно спонзорство од МТЕЛ, убеден сум дека започнува нова ера на нови победи и радости за сите ние кои го носиме клубот во срцето. ✊ 🤝Сакам да изразам голема благодарност до премиерот Ковачевски кој се заложи лично за оваа поддршка да стане реалност. Му се заблагодарувам на менаџментот на компанијата, Марко Лопичиќ, генерален директор на МТЕЛ и Владимир Лучиќ, генерален директор на Телеком Србија. Тие кои го вреднуваат македонскиот спорт, но и го препознаа нашиот клуб како партнер. За крај, секако голема благодарност и до новото раководство на Работнички под водство на Горан Веселиновски кое неуморно работи за унапредување на состојбите во клубот. 🏆КК Работнички повторно ќе биде шампион!, напиша Герасимовски на Фејсбук по свеченоста.

The post Герасимовски: КК Работнички повторно ќе биде шампион appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Ги охрабрувам македонските компании да ги поддржуваат спортските клубови https://republika.mk/sport/kosarka/kovachevski-gi-ohrabruvam-makedonskite-kompanii-da-gi-poddrzuvaat-sportskite-klubovi/ Sat, 08 Oct 2022 17:20:49 +0000 https://republika.mk/?p=558856

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски присуствуваше и се обрати на свечено потпишување на договор за спонзорство помеѓу Мтел, членка на групацијата Телеком Србија и КК Работнички Скопје, најтрофејниот клуб во македонската кошаркарска историја.

Договорот за спонзорство, кој ќе обезбеди поддршка за клубот во следните четири години, го потпишаа извршниот директор на Мтел, г-дин Марко Лопичиќ и извршниот директор на КК Работнички Скопје во присуство на премиерот Димитар Ковачевски, генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски во своето обраќање по повод потпишување на договорот истакна дека во ова време кога како општество во фокусот ни е одржување на животниот стандард, секако од не помала важност е да продолжиме да инвестираме и во активностите кои на сите нам и во најтешките времиња може да ни донесат моменти на радости и гордост како граѓани, како љубители на спортот, но и како држава.

„Денес целата спортска јавност треба да ја поздрави деловната одлука на Мтел да стане генерален спонзор на еден од најтрофејните македонски спортски клубови. Во услови на европска енергетска криза, со најтешки економски последици после Втората светска војна, демонстрирање на вака висок степен на општествена одговорност е чин кој несомнено треба да се поздрави“, истакна премиерот Ковачевски.

Исто така напомена дека како Влада и понатаму ќе се залагаат за активно создавање на услови за компаниите како би можеле да продолжат со донации и спонзорства за спортот.

„Ја користам приликата да ги охрабрам македонските компании во рамките на своите корпоративни можности да го поддржуваат македонскиот спорт, особено младинските категории. Младите се иднината на секоја држава и затоа наш фокус е поддршката на проекти кои инвестираат во нивниот правилен развој, едукација и воспитување. Веруваме дека ова ново партнерство на КК Работнички и Мтел е еден вистински чекор во таа насока”, рече премиерот Ковачевски.

The post Ковачевски: Ги охрабрувам македонските компании да ги поддржуваат спортските клубови appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски присуствуваше и се обрати на свечено потпишување на договор за спонзорство помеѓу Мтел, членка на групацијата Телеком Србија и КК Работнички Скопје, најтрофејниот клуб во македонската кошаркарска историја. Договорот за спонзорство, кој ќе обезбеди поддршка за клубот во следните четири години, го потпишаа извршниот директор на Мтел, г-дин Марко Лопичиќ и извршниот директор на КК Работнички Скопје во присуство на премиерот Димитар Ковачевски, генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски во своето обраќање по повод потпишување на договорот истакна дека во ова време кога како општество во фокусот ни е одржување на животниот стандард, секако од не помала важност е да продолжиме да инвестираме и во активностите кои на сите нам и во најтешките времиња може да ни донесат моменти на радости и гордост како граѓани, како љубители на спортот, но и како држава.
„Денес целата спортска јавност треба да ја поздрави деловната одлука на Мтел да стане генерален спонзор на еден од најтрофејните македонски спортски клубови. Во услови на европска енергетска криза, со најтешки економски последици после Втората светска војна, демонстрирање на вака висок степен на општествена одговорност е чин кој несомнено треба да се поздрави“, истакна премиерот Ковачевски.
Исто така напомена дека како Влада и понатаму ќе се залагаат за активно создавање на услови за компаниите како би можеле да продолжат со донации и спонзорства за спортот.
„Ја користам приликата да ги охрабрам македонските компании во рамките на своите корпоративни можности да го поддржуваат македонскиот спорт, особено младинските категории. Младите се иднината на секоја држава и затоа наш фокус е поддршката на проекти кои инвестираат во нивниот правилен развој, едукација и воспитување. Веруваме дека ова ново партнерство на КК Работнички и Мтел е еден вистински чекор во таа насока”, рече премиерот Ковачевски.

The post Ковачевски: Ги охрабрувам македонските компании да ги поддржуваат спортските клубови appeared first on Република.

]]>