КИЦ-Скопје Archives - Република https://republika.mk/tema/kits-skopje/ За подобро да се разбереме Mon, 15 Jul 2024 08:25:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png КИЦ-Скопје Archives - Република https://republika.mk/tema/kits-skopje/ 32 32 Прво издание на патувачкиот фестивал „Културен амалгам“: Изложба на фотографии од Никола Јовановиќ и проекција на филмови од Саша Станишиќ во Скопје, Кратово, Крушево и Битола https://republika.mk/vesti/kultura/prvo-izdanie-na-patuvachkiot-festival-kulturen-amalgam-izlozhba-na-fotografii-od-nikola-jovanovik-i-proektsija-na-filmovi-od-sasha-stanishik-vo-skopje-kratovo-krushevo-i-bitola/ Mon, 15 Jul 2024 08:24:32 +0000 https://republika.mk/?p=796890

Културно информативниoт центар – Скопје влегува во нова приказна. Овој пат во соработка со сродните културни центри од внатрешнста на Македонија. Се работи за патувачкиот интердисциплинарен и мултимедијален фестивал КУЛТУРЕН АМАЛГАМ!

Во својата основа овој фестивал има за задача да отвори врати кон вистинска и коренита децентрализација на културата во Македонија преку поставување темели на соработка и градење на културна свест во различни средини низ различни градови. Соработката на Културно информативнит центар – Скопје со останатите центри, преку меѓуинституционалниот и мултимедијален фестивал треба да постави темел за понатамошно аплицирање на истиот и низ останатите градови низ Македонија, а по примерот на Скопје, Кратово, Крушево и Битола, кои се предвидени за ова прво издание на фестивалот.

КАЛЕНДАР:

Културно информативен центар – Скопје, Скопје
23 јули 2024

Дом на културата „Лазар Софијанов“, Кратово
27 јули 2024

Дом за култура „Наум Наумовски Борче“, Крушево
6 август 2024

Центар за култура – Битола, Битола
август 2024 (TBC)

ПРОГРАМА:

„24“ Изложба на фотографии од Никола Јовановиќ

Проекции на филмови од Саша Станишиќ:
- „Митот за Сара“
- „Мангава диско панк“
- „Долу од рајот“

(Локалната програма ќе биде збогатена до дополнителни содржини)

Никола Јовановиќ е млад фотограф роден во Скопје (2002), кој активно се бави фотографија веќе неколку години. Кон крајот на 2020-та година почнува активно да се бави со портретна и музичка фотографија. Црно-белата фотографија е негов заштитен знак, негува ретро стил налик на оној од крајот на 20-от век.

Саша Станишиќ е претставник на новата генерација на режисери од Македонија чиј фокус на интерес е сместен на локалните реалистични дискурси кои можат да се протегнат или аплицират по својата универзалност и на други делови од планетата, неговите партикуларни теми често во себе кријат општа човечка детерминанта. Во филмовите на Станишиќ свој одраз има и неговото претходно образование од книжевната компаративистка, која го збогатува неговиот наративен и интертекстуален пристап.

The post Прво издание на патувачкиот фестивал „Културен амалгам“: Изложба на фотографии од Никола Јовановиќ и проекција на филмови од Саша Станишиќ во Скопје, Кратово, Крушево и Битола appeared first on Република.

]]>

Културно информативниoт центар – Скопје влегува во нова приказна. Овој пат во соработка со сродните културни центри од внатрешнста на Македонија. Се работи за патувачкиот интердисциплинарен и мултимедијален фестивал КУЛТУРЕН АМАЛГАМ!
Во својата основа овој фестивал има за задача да отвори врати кон вистинска и коренита децентрализација на културата во Македонија преку поставување темели на соработка и градење на културна свест во различни средини низ различни градови. Соработката на Културно информативнит центар – Скопје со останатите центри, преку меѓуинституционалниот и мултимедијален фестивал треба да постави темел за понатамошно аплицирање на истиот и низ останатите градови низ Македонија, а по примерот на Скопје, Кратово, Крушево и Битола, кои се предвидени за ова прво издание на фестивалот.
КАЛЕНДАР: Културно информативен центар – Скопје, Скопје 23 јули 2024 Дом на културата „Лазар Софијанов“, Кратово 27 јули 2024 Дом за култура „Наум Наумовски Борче“, Крушево 6 август 2024 Центар за култура – Битола, Битола август 2024 (TBC) ПРОГРАМА: „24“ Изложба на фотографии од Никола Јовановиќ Проекции на филмови од Саша Станишиќ: - „Митот за Сара“ - „Мангава диско панк“ - „Долу од рајот“ (Локалната програма ќе биде збогатена до дополнителни содржини) Никола Јовановиќ е млад фотограф роден во Скопје (2002), кој активно се бави фотографија веќе неколку години. Кон крајот на 2020-та година почнува активно да се бави со портретна и музичка фотографија. Црно-белата фотографија е негов заштитен знак, негува ретро стил налик на оној од крајот на 20-от век. Саша Станишиќ е претставник на новата генерација на режисери од Македонија чиј фокус на интерес е сместен на локалните реалистични дискурси кои можат да се протегнат или аплицират по својата универзалност и на други делови од планетата, неговите партикуларни теми често во себе кријат општа човечка детерминанта. Во филмовите на Станишиќ свој одраз има и неговото претходно образование од книжевната компаративистка, која го збогатува неговиот наративен и интертекстуален пристап.  