Киро Урдин Archives - Република https://republika.mk/tema/kiro-urdin/ За подобро да се разбереме Sun, 17 Nov 2024 14:50:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Киро Урдин Archives - Република https://republika.mk/tema/kiro-urdin/ 32 32 Фотографиите на Киро Урдин од Етиопија изложени во Бузау, Романија https://republika.mk/vesti/kultura/fotografiite-na-kiro-urdin-od-etiopija-izlozheni-vo-buzau-romanija/ Sun, 17 Nov 2024 14:50:02 +0000 https://republika.mk/?p=838860

Европската турнеја на изложбата на фотографии на нашиот еминентен мултимедијален уметник Киро Урдин, продолжува во Бузау, Романија. Таму, во новиот дел на Окружниот музеј, од 20 ноември романските љубители на уметноста ќе можат да уживаат во уметничките фотографии продуцирани од Урдин вдолж реката Омо, на југот на Етиопија, за време на неговите чести патувања.

Во најавата за „Луѓето од долината Омо”, како што е насловена изожбата, директорот на музејот, Думитру Костаке, ќе забележи: „Овој изложбен проект му припаѓа на извонредниот македонски артист Киро Урдин кој, си постави за цел да изненади со автентичноста на човечкото битие, недопрено од сите вознемирувачки елементи на развиеното општество, кои тежат овие зони на човечкиот хабитус да ги монополизира, во борбата за нови ресурси”.

Изложбата ќе трае до јануари, а истата е курирана од Теа Теохаревска, додека комесар е Јане Теохаревски.

 

The post Фотографиите на Киро Урдин од Етиопија изложени во Бузау, Романија appeared first on Република.

]]>

Европската турнеја на изложбата на фотографии на нашиот еминентен мултимедијален уметник Киро Урдин, продолжува во Бузау, Романија. Таму, во новиот дел на Окружниот музеј, од 20 ноември романските љубители на уметноста ќе можат да уживаат во уметничките фотографии продуцирани од Урдин вдолж реката Омо, на југот на Етиопија, за време на неговите чести патувања. Во најавата за „Луѓето од долината Омо”, како што е насловена изожбата, директорот на музејот, Думитру Костаке, ќе забележи: „Овој изложбен проект му припаѓа на извонредниот македонски артист Киро Урдин кој, си постави за цел да изненади со автентичноста на човечкото битие, недопрено од сите вознемирувачки елементи на развиеното општество, кои тежат овие зони на човечкиот хабитус да ги монополизира, во борбата за нови ресурси”. Изложбата ќе трае до јануари, а истата е курирана од Теа Теохаревска, додека комесар е Јане Теохаревски.  

The post Фотографиите на Киро Урдин од Етиопија изложени во Бузау, Романија appeared first on Република.

]]>
Изложба на фотографии на Киро Урдин „Луѓето од долината Омо Валеј“ во Букурешт https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-fotografii-na-kiro-urdin-lugeto-od-dolinata-omo-valej-vo-bukuresht/ Thu, 11 Jul 2024 09:56:51 +0000 https://republika.mk/?p=795736

По извонредниот успех постигнат минатата година во главниот град на Романија, со две изложби на слики во познатата галерија „Константин Бранкуши”, во рамките на зградата на Романскиот парламент и во галеријата на Националниот музеј на романската литература, како и учеството на 13. Интернационален фестивал на поезија – нашиот реномиран мултимедијален уметник со светско реноме Киро Урдин, повторно ќе се претставува пред романските љубители на уметноста.

Овојпат, на покана на Музејот на романскиот селанец во Букурешт (музеј кој во 2006 год. е прогласен за најдобар музеј во Европа), ќе се одржува светската премиера на изложбата фотографии насловена „Луѓето од Долината Омо Валеј”, кои Урдин ги направил за време на неговите бројни патувања во Африка, за време на снимањата на неколку негови документарни филмови.

…`Tука се припадниците на `племињата` Мурси, Боди, Квего, Мугон, Ари, Бана, Хамар, Аробе, Каро, Сурма, Диме, Консо…опстојуваат, живеат. Да се видат и доживеат тие прекрасни припадници на овие етнички групи е вистински топол шок за секое срце. Кај некои од нив кожата им е изгравирана, кај други е насликана со бои, а богатата разновидност на пропратни украси помага да се збогати уште повеќе нивната убавина. Природно спонтани луѓе, како срцето да им минало во нивните насмевки…` – ќе напише Киро Урдин во еден негов текст насловен `Омо Валеј`.

Куратор на изложбата е Теа Теохаревска- Иванова, дипломиран филолог по романски јазик и книжевност, а комесар Јане Теохаревски, историчар на уметност. Изложбата ќе трае од 18 јули до 18 август и, е во организација на Амбасадата на Република Македонија во Романија.

The post Изложба на фотографии на Киро Урдин „Луѓето од долината Омо Валеј“ во Букурешт appeared first on Република.

]]>

По извонредниот успех постигнат минатата година во главниот град на Романија, со две изложби на слики во познатата галерија „Константин Бранкуши”, во рамките на зградата на Романскиот парламент и во галеријата на Националниот музеј на романската литература, како и учеството на 13. Интернационален фестивал на поезија – нашиот реномиран мултимедијален уметник со светско реноме Киро Урдин, повторно ќе се претставува пред романските љубители на уметноста. Овојпат, на покана на Музејот на романскиот селанец во Букурешт (музеј кој во 2006 год. е прогласен за најдобар музеј во Европа), ќе се одржува светската премиера на изложбата фотографии насловена „Луѓето од Долината Омо Валеј”, кои Урдин ги направил за време на неговите бројни патувања во Африка, за време на снимањата на неколку негови документарни филмови.
…`Tука се припадниците на `племињата` Мурси, Боди, Квего, Мугон, Ари, Бана, Хамар, Аробе, Каро, Сурма, Диме, Консо…опстојуваат, живеат. Да се видат и доживеат тие прекрасни припадници на овие етнички групи е вистински топол шок за секое срце. Кај некои од нив кожата им е изгравирана, кај други е насликана со бои, а богатата разновидност на пропратни украси помага да се збогати уште повеќе нивната убавина. Природно спонтани луѓе, како срцето да им минало во нивните насмевки…` – ќе напише Киро Урдин во еден негов текст насловен `Омо Валеј`.
Куратор на изложбата е Теа Теохаревска- Иванова, дипломиран филолог по романски јазик и книжевност, а комесар Јане Теохаревски, историчар на уметност. Изложбата ќе трае од 18 јули до 18 август и, е во организација на Амбасадата на Република Македонија во Романија.

The post Изложба на фотографии на Киро Урдин „Луѓето од долината Омо Валеј“ во Букурешт appeared first on Република.

]]>
Изложбата „Невидливи светови“ на Киро Урдин по Мајамии Букурешт, од синоќа поставена во Белгија https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhbata-nevidlivi-svetovi-na-kiro-urdin-po-majamii-bukuresht-od-sinoka-postavena-vo-belgija/ Fri, 22 Mar 2024 10:13:28 +0000 https://republika.mk/?p=757356

Нова изложба насловена „Невидливи светови“ на Киро Урдин е отворена синоќа во Хајде, во близината на Антверпен, која ја реализира интернационалниот галерист Клаус Пас.

По минатогодишната успешна презентација на неговите уметнички дела во светот – во Zvarte Panter (Антверпен), El Espacio (Мајами), African Heritage Cultura Arts Center ( Мајами), Art Galery Constantin Brancusi (Мајами), Palace of the Parlament ( Букурешт), Museum National of Literature ( Букурешт), MNB National Museum Brukenthal ( Сибиу -Романија), сега неговите креации ќе можат да ги видат љубителите на уметноста во Белгија.

Изложбата ќе биде отворена до 12 мај.

The post Изложбата „Невидливи светови“ на Киро Урдин по Мајамии Букурешт, од синоќа поставена во Белгија appeared first on Република.

]]>

Нова изложба насловена „Невидливи светови“ на Киро Урдин е отворена синоќа во Хајде, во близината на Антверпен, која ја реализира интернационалниот галерист Клаус Пас. По минатогодишната успешна презентација на неговите уметнички дела во светот – во Zvarte Panter (Антверпен), El Espacio (Мајами), African Heritage Cultura Arts Center ( Мајами), Art Galery Constantin Brancusi (Мајами), Palace of the Parlament ( Букурешт), Museum National of Literature ( Букурешт), MNB National Museum Brukenthal ( Сибиу -Романија), сега неговите креации ќе можат да ги видат љубителите на уметноста во Белгија. Изложбата ќе биде отворена до 12 мај.

The post Изложбата „Невидливи светови“ на Киро Урдин по Мајамии Букурешт, од синоќа поставена во Белгија appeared first on Република.

]]>
Нова изложба на Киро Урдин во Белгија https://republika.mk/vesti/kultura/nova-izlozhba-na-kiro-urdin-vo-belgija/ Fri, 22 Mar 2024 08:56:04 +0000 https://republika.mk/?p=757267

Нова изложба насловена „Невидливи светови“ на Киро Урдин е отворена синоќа во Хајде, во близината на Антверпен, која ја реализира интернационалниот галерист Клаус Пас.

По минатогодишната успешна презентација на неговите уметнички дела во светот - во Zvarte Panter (Антверпен), El Espacio (Мајами), African Heritage Cultura Arts Center ( Мајами), Art Galery Constantin Brancusi (Мајами), Palace of the Parlament ( Букурешт), Museum National of Literature ( Букурешт), MNB National Museum Brukenthal ( Сибиу -Романија), сега неговите креации ќе можат да ги видат љубителите на уметноста во Белгија.

Изложбата ќе биде отворена до 12 мај.

The post Нова изложба на Киро Урдин во Белгија appeared first on Република.

]]>

Нова изложба насловена „Невидливи светови“ на Киро Урдин е отворена синоќа во Хајде, во близината на Антверпен, која ја реализира интернационалниот галерист Клаус Пас. По минатогодишната успешна презентација на неговите уметнички дела во светот - во Zvarte Panter (Антверпен), El Espacio (Мајами), African Heritage Cultura Arts Center ( Мајами), Art Galery Constantin Brancusi (Мајами), Palace of the Parlament ( Букурешт), Museum National of Literature ( Букурешт), MNB National Museum Brukenthal ( Сибиу -Романија), сега неговите креации ќе можат да ги видат љубителите на уметноста во Белгија. Изложбата ќе биде отворена до 12 мај.

The post Нова изложба на Киро Урдин во Белгија appeared first on Република.

]]>
Киро Урдин на Интернационален поетски фестивал во Букурешт https://republika.mk/vesti/kultura/kiro-urdin-na-internatsionalen-poetski-festival-vo-bukuresht/ Mon, 11 Sep 2023 09:13:29 +0000 https://republika.mk/?p=680810

Нашиот еминентен мултимедиа уметник Киро Урдин ќе учествува на 13. Интернационален поетски фестивал што ќе се одржува од денеска до 17 септември во Букурешт.

Фестивалот оваа година покани 158 поети од 26 земји од четири континенти: Македонија, Австрија, Боливија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Канада, Хрватска, Куба,Данска, Естонија, Франција, Германија, Грција, Италија, Мароко, Црна Гора, Перу, Полска, Португали ја, Молдавија, Шпанија, Турција, Холандија, Уругвај и Романија.

Предвидено е да се одржат 50 настани од различни културни сегменти и формати (средби со поети, преведувачи и издавачи, поетски читања, тркалезни маси, трибини, театарски и филмски претстави, изложби,) на вкупно 14 познати културни простори во Букурешт.

Урдин ќе се претстави задутре, со поетско читање на една од најзначајните негови творби, поемата „Стаорци”. Истиот ден во градината на седиштето на Националниот музеј на романската литература ќе има проекција на три документарни филмови, „Роман во стихови (Кон поезијата на Киро Урдин) ” (сценарио Јане Теохаревски), „Табула Раса” (последниот негов документарец) и „Taнцот Планетариум”. Утре, пак, ќе биде отворањето на изложбите на слики од Урдин (верзија на последниот негов циклус „Табула Раса „ претставен минатиот месец во Романскиот парламент), како и на изложбата со микс од неговите книги со афоризми.

Последното претставување на Урдин ќе биде во аулата на Централната универзитетска библиотека во Букурешт, каде гледачите ќе имаат прилика да ги видат неговите документарци, наградените „Планетариум” и „ Догона ”, како и „Живот и смрт”, сите со негов режисерски потпис.

 

The post Киро Урдин на Интернационален поетски фестивал во Букурешт appeared first on Република.

]]>

Нашиот еминентен мултимедиа уметник Киро Урдин ќе учествува на 13. Интернационален поетски фестивал што ќе се одржува од денеска до 17 септември во Букурешт. Фестивалот оваа година покани 158 поети од 26 земји од четири континенти: Македонија, Австрија, Боливија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Канада, Хрватска, Куба,Данска, Естонија, Франција, Германија, Грција, Италија, Мароко, Црна Гора, Перу, Полска, Португали ја, Молдавија, Шпанија, Турција, Холандија, Уругвај и Романија. Предвидено е да се одржат 50 настани од различни културни сегменти и формати (средби со поети, преведувачи и издавачи, поетски читања, тркалезни маси, трибини, театарски и филмски претстави, изложби,) на вкупно 14 познати културни простори во Букурешт. Урдин ќе се претстави задутре, со поетско читање на една од најзначајните негови творби, поемата „Стаорци”. Истиот ден во градината на седиштето на Националниот музеј на романската литература ќе има проекција на три документарни филмови, „Роман во стихови (Кон поезијата на Киро Урдин) ” (сценарио Јане Теохаревски), „Табула Раса” (последниот негов документарец) и „Taнцот Планетариум”. Утре, пак, ќе биде отворањето на изложбите на слики од Урдин (верзија на последниот негов циклус „Табула Раса „ претставен минатиот месец во Романскиот парламент), како и на изложбата со микс од неговите книги со афоризми. Последното претставување на Урдин ќе биде во аулата на Централната универзитетска библиотека во Букурешт, каде гледачите ќе имаат прилика да ги видат неговите документарци, наградените „Планетариум” и „ Догона ”, како и „Живот и смрт”, сите со негов режисерски потпис.  

The post Киро Урдин на Интернационален поетски фестивал во Букурешт appeared first on Република.

]]>
Дела на Киро Урдин изложени во Брисел https://republika.mk/vesti/kultura/dela-na-kiro-urdin-izlozheni-vo-brisel/ Thu, 31 Aug 2023 07:54:46 +0000 https://republika.mk/?p=677471

Делата на македонскиот мултимедијален уметник Киро Урдин од денеска ќе бидат изложени во галеријата „Marc Minjaw” во Брисел. Тамошните љубители на уметноста ќе можат да ги видат најновите негови платна до 24 септември.

Ова доаѓа по неговото претставување во галеријата „Константин Бранкуши” во Букурешт, што се одржа од втори до 31 август.

Делата на уметникот ќе бидат изложени и на Интернационален фестивал на поезија во Букурешт (FIPB 2023) oд 11 до 17 септември и на Интернационалниот фестивал за модерна уметност во Сибиу, исто така во Романија, од 16 до 30 септември.

The post Дела на Киро Урдин изложени во Брисел appeared first on Република.

]]>

Делата на македонскиот мултимедијален уметник Киро Урдин од денеска ќе бидат изложени во галеријата „Marc Minjaw” во Брисел. Тамошните љубители на уметноста ќе можат да ги видат најновите негови платна до 24 септември. Ова доаѓа по неговото претставување во галеријата „Константин Бранкуши” во Букурешт, што се одржа од втори до 31 август. Делата на уметникот ќе бидат изложени и на Интернационален фестивал на поезија во Букурешт (FIPB 2023) oд 11 до 17 септември и на Интернационалниот фестивал за модерна уметност во Сибиу, исто така во Романија, од 16 до 30 септември.

The post Дела на Киро Урдин изложени во Брисел appeared first on Република.

]]>
Изложба на Киро Урдин во Букурешт по повод 2 Август https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-kiro-urdin-vo-bukuresht-po-povod-2-avgust/ Wed, 02 Aug 2023 20:58:35 +0000 https://republika.mk/?p=668079

По повод 2 Август, Денот на независноста во еминентната галерија „Константин Бранкуши“, сместена во рамките на Центарот за конференции во импозантната зграда на Романскиот парламент во Букурешт, вечерва ќе биде отворена изложбата „Табула Раса” на македонскиот мултимедијален уметник Киро Урдин.

На два монитора во галеријата со површина од околу 600 квадратни метри посетителите ќе можат да ги проследат документарните филмови на Урдин, „Планетариум” и „Табула Раса”.

Куратор на изложбата е историчарката на уметност Марика Теохаревска, а комесар на проектот е историчарот на уметност Јане Теохаревски.

Изложбата, која ќе  трае до 31 август, финансиски е поддржана од нашето Министерство за култура, медиумски спонзор е каналот „ТВ Културал“  на Романската национална телевизија, а помагатели се македонската амбасада во Букурешт, „Пивара“ Скопје, винаријата „Попова Кула“ и „Меана“ од Букурешт.

Урдин неодамна имаше успешен настап во галеријата „Амадлози“ на Африканскиот центар за културно наследство во Мајами во Флорида, со изложбата „Предци“.

The post Изложба на Киро Урдин во Букурешт по повод 2 Август appeared first on Република.

]]>

По повод 2 Август, Денот на независноста во еминентната галерија „Константин Бранкуши“, сместена во рамките на Центарот за конференции во импозантната зграда на Романскиот парламент во Букурешт, вечерва ќе биде отворена изложбата „Табула Раса” на македонскиот мултимедијален уметник Киро Урдин. На два монитора во галеријата со површина од околу 600 квадратни метри посетителите ќе можат да ги проследат документарните филмови на Урдин, „Планетариум” и „Табула Раса”. Куратор на изложбата е историчарката на уметност Марика Теохаревска, а комесар на проектот е историчарот на уметност Јане Теохаревски. Изложбата, која ќе  трае до 31 август, финансиски е поддржана од нашето Министерство за култура, медиумски спонзор е каналот „ТВ Културал“  на Романската национална телевизија, а помагатели се македонската амбасада во Букурешт, „Пивара“ Скопје, винаријата „Попова Кула“ и „Меана“ од Букурешт. Урдин неодамна имаше успешен настап во галеријата „Амадлози“ на Африканскиот центар за културно наследство во Мајами во Флорида, со изложбата „Предци“.

The post Изложба на Киро Урдин во Букурешт по повод 2 Август appeared first on Република.

]]>
Проекција на „Пред и после“ во Кинотека, филм на Киро Урдин https://republika.mk/vesti/kultura/proekcija-na-pred-i-posle-vo-kinoteka-film-na-kiro-urdin/ Wed, 14 Dec 2022 16:02:51 +0000 https://republika.mk/?p=585676

Во Кинотека на Македонија, на 15 декември, во 20 часот, ќе се одржи проекција на филмот „Пред и после“ (Before and After) во режија и по сценарио на уметникот Киро Урдин.

„Пред и после“ е документарец во траење од 46 минути. Приказната се случува во околината на реката Мара (Кенија и Танзанија), каде, во непосредна близина се раѓаат едно мало гну и едно мало бaфало, кои, на крајот на животот, умираат едно покрај друго.

Наратор во документарецот е Роберт Миано од САД, музиката е на Венко и Васко Серафимови, камерата на Бранд Феро, Слаѓан Милошевски и Ан Вутерс од Белгија, а монтажата и звукот на Владимир Петровски – Картер.

 

The post Проекција на „Пред и после“ во Кинотека, филм на Киро Урдин appeared first on Република.

]]>

Во Кинотека на Македонија, на 15 декември, во 20 часот, ќе се одржи проекција на филмот „Пред и после“ (Before and After) во режија и по сценарио на уметникот Киро Урдин. „Пред и после“ е документарец во траење од 46 минути. Приказната се случува во околината на реката Мара (Кенија и Танзанија), каде, во непосредна близина се раѓаат едно мало гну и едно мало бaфало, кои, на крајот на животот, умираат едно покрај друго. Наратор во документарецот е Роберт Миано од САД, музиката е на Венко и Васко Серафимови, камерата на Бранд Феро, Слаѓан Милошевски и Ан Вутерс од Белгија, а монтажата и звукот на Владимир Петровски – Картер.  

The post Проекција на „Пред и после“ во Кинотека, филм на Киро Урдин appeared first on Република.

]]>
Киро Урдин одликуван со „Витез во редот на уметноста и книжевноста“ од Француската Република https://republika.mk/vesti/kultura/kiro-urdin-odlikuvan-so-vitez-vo-redot-na-umetnosta-i-knizevnosta-od-francuskata-republika/ Thu, 21 Apr 2022 07:28:38 +0000 https://republika.mk/?p=491549

Познатиот македонски уметник со светско реноме Киро Урдин е одликуван со орден „Витез во редот на уметноста и книжевноста“ на Француската Република, за придонес во развојот на пријателството и културните врски меѓу Франција и Македонија.

На свеченоста во француската резиденција, синоќа  во Скопје во присуство на негови блиски, пријатели и почитувачи орденот на Урдин му го врачи амбасадорот на Република Франција Сирил Бомгартнер кој се осврна на неговиот плодотворен и уникатен творечки пат. Од почетоците кога како несуден адвокат со завршен правен факултет на Универзитетот во Белград заминува за Париз во 70-те години, градот на светлината и колевката на уметноста, преку работата во најразлични простори на сите пет континенти се до денешни дни, стекнувајќи меѓународен углед, амбасадорот Бомгартнер посебно се задржа на „планетаризмот“, движење основано од Урдин.

The post Киро Урдин одликуван со „Витез во редот на уметноста и книжевноста“ од Француската Република appeared first on Република.

]]>

Познатиот македонски уметник со светско реноме Киро Урдин е одликуван со орден „Витез во редот на уметноста и книжевноста“ на Француската Република, за придонес во развојот на пријателството и културните врски меѓу Франција и Македонија.
На свеченоста во француската резиденција, синоќа  во Скопје во присуство на негови блиски, пријатели и почитувачи орденот на Урдин му го врачи амбасадорот на Република Франција Сирил Бомгартнер кој се осврна на неговиот плодотворен и уникатен творечки пат. Од почетоците кога како несуден адвокат со завршен правен факултет на Универзитетот во Белград заминува за Париз во 70-те години, градот на светлината и колевката на уметноста, преку работата во најразлични простори на сите пет континенти се до денешни дни, стекнувајќи меѓународен углед, амбасадорот Бомгартнер посебно се задржа на „планетаризмот“, движење основано од Урдин.

The post Киро Урдин одликуван со „Витез во редот на уметноста и книжевноста“ од Француската Република appeared first on Република.

]]>
Изложба на Киро Урдин во Белгија https://republika.mk/vesti/kultura/izlozba-na-kiro-urdin-vo-belgija/ Sat, 29 Jan 2022 14:21:14 +0000 https://republika.mk/?p=451216

Во галеријата „Црниот пантер“ во белгискиот град Антверпен викендов ќе биде отворена изложба на македонскиот уметник Киро Урдин, на која че бидат претставени околу 150 дела од кои 118 мали формати во маслена техника, 12 дела во акварелна техника и 20 други слики во среден формат.

Централно место ќе има сликата „Табула Раза“, која е со димензии 10 метри должина и 3 метри ширина изработена во маслена техника.

Вкупно 118 мали формати на слики, се дел од 500-тина слики изработен во период од 14-месечна изолација на Киро Урдин за време на пандемијата од коронавирусот и се посветени на луѓето од целиот свет, кои што го преживеале коронавирусот. Идејата е да се оддаде почит кон човечката сила да се справи со пандемијата, во која голем број на луѓе го загубија животот, како епопеја на надежта.

По 25 години од изработката на сликата и филмот „Планетариум“, имав желба да изработам уште едно дело во голем формат и така се одлучив тоа да биде токму за време на изложбата во една од најстарите галерии, „Црниот Пантер“ во Антверпен . Еден дел од изложбениот простор се случува во катедралата која ми претставуваше предизвик, така се одлучив да изработам големо платно кое го нареков „Табула Раза“. Самата слика ја замислив како духовна метафора врз која на белата површина се втиснати знаци и форми кои што можат да се трансформираат парчиња од животот расфрлени во просторот, а сиот тој конгломерат залепен виртуелно на астероид,кој се движи во космосот, носејќи порака од планетата Земја - изјави уметникот Урдин.

Во рамките на изложбата ќе биде претставен и документарен филм и книга со наслов „Табула Раза“.

Изложбата на Урдин ќе биде отворена до 10 април 2022 година.

The post Изложба на Киро Урдин во Белгија appeared first on Република.

]]>

Во галеријата „Црниот пантер“ во белгискиот град Антверпен викендов ќе биде отворена изложба на македонскиот уметник Киро Урдин, на која че бидат претставени околу 150 дела од кои 118 мали формати во маслена техника, 12 дела во акварелна техника и 20 други слики во среден формат. Централно место ќе има сликата „Табула Раза“, која е со димензии 10 метри должина и 3 метри ширина изработена во маслена техника. Вкупно 118 мали формати на слики, се дел од 500-тина слики изработен во период од 14-месечна изолација на Киро Урдин за време на пандемијата од коронавирусот и се посветени на луѓето од целиот свет, кои што го преживеале коронавирусот. Идејата е да се оддаде почит кон човечката сила да се справи со пандемијата, во која голем број на луѓе го загубија животот, како епопеја на надежта.
По 25 години од изработката на сликата и филмот „Планетариум“, имав желба да изработам уште едно дело во голем формат и така се одлучив тоа да биде токму за време на изложбата во една од најстарите галерии, „Црниот Пантер“ во Антверпен . Еден дел од изложбениот простор се случува во катедралата која ми претставуваше предизвик, така се одлучив да изработам големо платно кое го нареков „Табула Раза“. Самата слика ја замислив како духовна метафора врз која на белата површина се втиснати знаци и форми кои што можат да се трансформираат парчиња од животот расфрлени во просторот, а сиот тој конгломерат залепен виртуелно на астероид,кој се движи во космосот, носејќи порака од планетата Земја - изјави уметникот Урдин.
Во рамките на изложбата ќе биде претставен и документарен филм и книга со наслов „Табула Раза“. Изложбата на Урдин ќе биде отворена до 10 април 2022 година.

The post Изложба на Киро Урдин во Белгија appeared first on Република.

]]>