Киро Стојанов Archives - Република https://republika.mk/tema/kiro-stojanov/ За подобро да се разбереме Sun, 24 Dec 2023 17:40:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Киро Стојанов Archives - Република https://republika.mk/tema/kiro-stojanov/ 32 32 Божиќна честитка до католичките верници од бискупот Киро Стојанов https://republika.mk/vesti/makedonija/bozhikna-chestitka-do-katolichkite-vernitsi-od-biskupot-kiro-stojanov/ Sun, 24 Dec 2023 17:40:09 +0000 https://republika.mk/?p=726218

Драги браќа и сестри!

„И Словото стана тело и се всели меѓу нас“ се зборови на свети Иван евангелист, што многу често ги изговараме во молитвата Ангел Господов. Станува збор за божественото Слово, Логосот, Синот Божји, кој е единосуштен со Отецот и кој е поврзан со Него во единството на Светиот Дух. Ова Слово, кое е од векови и според кое е создадено сè што живее и постои, се воплоти и се всели меѓу нас. Бог ја зеде човечката природа и стана еден од нас за да ни биде блиску и да не поврзе уште поблиску до себе, откако по наша вина се оддалечивме од Него. Бесмртниот Бог ја зеде човечката природа, зеде лик на слуга, за да нè направи негови синови и ќерки, кои бевме слуги на гревот и поради кои бевме предадени на смртта.

Бог доаѓа во светот како Дете. Дали ќе го примиме Божјиот Син? Дали ќе го примиме Детето Исус кое се наоѓа во јаслите и кое сака да нè обдари со својата љубов? Можеби ќе кажеме: Тоа секако го правиме, затоа што го празнуваме празникот Рождество Христово – Божиќ! Но, примањето на Исус бара повеќе: Треба вистински да веруваме во Спасителот на луѓето. Верата е непоколебливост на нештата на кои се надеваме, убедување во работи што не ги гледаме. Верата значи прифаќање на сведоштвото на Бога кој не сака и нема да нè изневери, бидејќи Бог е вистински и свет. Кој верува, тој се надева на Бога безусловно. Тој е подготвен да му го даде животот, да се потопи во него со сите нишки на неговото срце. Дали сме подготвени за таква вера во воплотениот Божји Син?

На сите ви посакувам среќен празник Рождество Христово – Божиќ и благословена Нова Година!

Христос се роди!

Со благослов Ваш епископ/бискуп Киро Стојанов

Католичка парохија „Св. Јован Крстител“-Струмица

The post Божиќна честитка до католичките верници од бискупот Киро Стојанов appeared first on Република.

]]>

Драги браќа и сестри! „И Словото стана тело и се всели меѓу нас“ се зборови на свети Иван евангелист, што многу често ги изговараме во молитвата Ангел Господов. Станува збор за божественото Слово, Логосот, Синот Божји, кој е единосуштен со Отецот и кој е поврзан со Него во единството на Светиот Дух. Ова Слово, кое е од векови и според кое е создадено сè што живее и постои, се воплоти и се всели меѓу нас. Бог ја зеде човечката природа и стана еден од нас за да ни биде блиску и да не поврзе уште поблиску до себе, откако по наша вина се оддалечивме од Него. Бесмртниот Бог ја зеде човечката природа, зеде лик на слуга, за да нè направи негови синови и ќерки, кои бевме слуги на гревот и поради кои бевме предадени на смртта. Бог доаѓа во светот како Дете. Дали ќе го примиме Божјиот Син? Дали ќе го примиме Детето Исус кое се наоѓа во јаслите и кое сака да нè обдари со својата љубов? Можеби ќе кажеме: Тоа секако го правиме, затоа што го празнуваме празникот Рождество Христово – Божиќ! Но, примањето на Исус бара повеќе: Треба вистински да веруваме во Спасителот на луѓето. Верата е непоколебливост на нештата на кои се надеваме, убедување во работи што не ги гледаме. Верата значи прифаќање на сведоштвото на Бога кој не сака и нема да нè изневери, бидејќи Бог е вистински и свет. Кој верува, тој се надева на Бога безусловно. Тој е подготвен да му го даде животот, да се потопи во него со сите нишки на неговото срце. Дали сме подготвени за таква вера во воплотениот Божји Син? На сите ви посакувам среќен празник Рождество Христово – Божиќ и благословена Нова Година! Христос се роди! Со благослов Ваш епископ/бискуп Киро Стојанов Католичка парохија „Св. Јован Крстител“-Струмица

The post Божиќна честитка до католичките верници од бискупот Киро Стојанов appeared first on Република.

]]>
Велигденска порака на бискупот Киро Стојанов https://republika.mk/vesti/makedonija/veligdenska-poraka-na-biskupot-kiro-stojanov/ Tue, 12 Apr 2022 10:49:25 +0000 https://republika.mk/?p=487299

Бискупот скопски и струмичко-скопски епарх, Киро Стојанов по повод Христовото Воскресение-Велигден упати порака до верниците од католичка вероисповед.

Драги браќа и сестри! Минатата година на празникот Свети Јосиф, 19 март 2021 година, со одлука на папата Фрањо започна годината посветена на семејството „Amoris letitia“ која ќе трае до 26 јуни годинава. Поминаа шест години откако папата го објави постсинодалното писмо со исто име (Amoris letitia) упатено до епископите, презвитерите, ѓаконите, христијанските сопружници и сите верни за љубовта во семејството. Ова писмо произлезе по двете Епископски синоди посветени на семејните прашања, едната вонредна одржана во 2014 година на тема: „Пасторалните предизвици на семејството во контекст на евангелизацијата“ и редовна Епископска синода одржана во 2015 година на тема: „Повикот и посланието на семејството во Црквата и во современиот свет“.

Тажната увертира на почетокот на годината на семејството беше пандемиската година во која покрај здравствениот систем, најголеми жртви беа семејствата. А тажната увертира на нашиот велигденски пост оваа година се извештаите што ги добиваме за војната во Украина, за страдањата на луѓето во оваа земја, за бегалците, за многу ужалени мајки и татковци кои тагуваат за своите убиени деца, за жените и мажите кои тагуваат по нивните сопружници, за децата кои остануваат сираци. Повторно, семејствата се оние кои поднесуваат најголеми жртви, и оние кои остануваат во своите домови во постојана опасност и изложени на агресија од воздух или од земја, и оние кои мора да се разделат за еден дел од семејството да продолжи да живее во егзил далеку од опасноста. Оние кои остануваат во земјата мора постојано да живеат во страв со чувство на можна смрт или дека повеќе нема да ги сретнаат своите најблиски кои се испратени на патување за прибежиште. Голем број луѓе не сакаат да отидат од своите домови предавајќи се на Божјата волја и Неговата промисла.

Страдање од големи размери. Сметките повторно ги плаќаат малите луѓе, како и војниците од двете страни, кои се исто така нечии деца испратени на фронтот, и цивилното население во Украина, кое постојано страда од агресија. И нема крај. Се чини дека нема ниту волја да се запре агресијата. Мноштво пропагандни слогани и невистини преку медиумите влегуваат во нашите домови и ни го загадуваат просторот за живеење со намера да ни го претстават нивниот интерес и начин на гледање на работите како исправен? Сето ова се случува во Европа, на нашата врата; тоа се случува со народите блиски до нас, по потекло и култура, по вера во Бога, во Пресвета Троица и во Пресвета Богородица.

Во овој великопосен период, сочувствуваме со сите оние кои жалат и ги оплакуваат своите жртви заради пролевањето крв и солзи што течат низ една европска земја. Го молиме Бога веднаш да испрати мир и утеха на сите луѓе погодени од војната.

Семејното заедништво е гаранција за здравите корени на секој народ. Тоа не може со ништо да се плати или да се произведе со ниту една државна финансиска мерка. Нема сомнеж дека во ваква ситуација, каква што е во Украина, без семејно единство, страдањата на луѓето би биле пострашни и поголеми.

Семејното заедништво е гаранција на здрави корени и за нашиот народ овде во нашата татковина. Како што го насочуваме погледот кон нашите семејства во ситуацијата во која живееме, се молиме на Бога да нѐ заштити од злото и распаѓањето на семејствата, за да имаме преку здраво семејство и здраво општество и политика и Црква. Иако како мала земја живееме, така да се каже, на работ на светските настани, сепак ги чувствуваме последиците од проблемите во светот, како на политичко и економско поле, доживувајќи сериозни проблеми на сиромаштија, невработеност и намалување на населението, така и на подрачјето на верата која нè држи и одржува. Многу од нашите сонародници ги напуштаат своите домови и бараат економска и политичка безбедност во побогатите земји на Запад, каде што исто така се изложени на негативни ефекти од недостатокот на поврзаност со Бога и заборавање на духовните вредности кои отсекогаш нѐ носеле низ нашата долга и тешка историја. Семејството е во неволја кога заборава на духовните вредности, кога не гледа кон Бога и Божјите закони, кога заборава на Бога и верата ја остава како израз на некаква практика за посебни празнични пригоди, како и Светите Тајните што се примаат во парохијата. Однадвор се чини дека сè е во ред, ги извршуваме нашите должности кон Црквата, нашата парохија, дури и се молиме и постиме со посебно внимание кога во животот ќе ни зашкрипи. А каде е нашето срце, каде е вистинското преобраќање? Не можеме да ги затвориме очите пред сите можни брачни измами и неверства, двојни стандарди и обожавање на некои други симболи наместо Бог кој се грижи за нас како негови деца.

Кога светиот папа Иван Павле II е избран за папа, тој на 22 октомври 1978 година за време на светата Литургија на плоштадот Свети Петар во својата проповед нѐ повика нас христијаните со зборовите: „Не плашете се. Отворете ја широко вратата на Христос!“ И денес, во оваа животна ситуација, пријатно ни е да го слушнеме овој смирувачки глас: „Не плашете се!“ Зашто тоа е и гласот на нашиот Господ Исус Христос: „Не плашете се!“ Исус по неговото воскресение им се јави на своите ученици за да ги зајакне во верата, да ги подготви за тешките денови што доаѓаат, за да бидат храбри сведоци на неговото воскресение и гласници на Радосната вест, за да не се плашат. Ни треба оваа сила на верата, смирението и послушноста кон Божјите заповеди и кон Мајката Црква. Таа е чувар на вистината и носител на спасението. Потребна ни е и силата на Евхаристијата со која се храниме со Словото и Телото Христово. Но и кога сме слаби и неверни, Бог е силен и секогаш останува верен на своите ветувања. Постојано да го насочуваме погледот кон него и само Нему да му го даваме срцето и нашата љубов. Можеме слободно на Бога да му ја довериме нашата иднина. По сето она што Исус го доживеа во деновите на неговото страдање и смрт на крстот, кога неговите ученици бегаа разочарани од своите очекувања и надежи, по воскресението им пријде на тие двајца ученици на патот кон Емаус и им рече: „Не требаше ли така да пострада Христос и да влезе во Својата слава?“ (Лк 24,26). Овие зборови ни ги упатува и нам: Само храбро! Зарем не требаше сето тоа да се случи за ние, очистени низ многу неволји, да дојдеме до пазувите на Отецот Небесен. Да не се плашиме да го ставиме нашиот живот во служба на мирот и правдата, да не се плашиме од Крстот Христов кој е дрво на животот и извор на секоја радост и мир, зашто Господ е со нас.

На сите вас, браќа и сестри, преку застапништво на нашата Светица, Света Мајка Тереза, сите светии и маченици кои со својот живот беа сведоци на Христовото воскресение овде на оваа наша татковина Македонија и Црква во неа, упатувам Божји благослов. На сите Ви посакувам среќен празник Воскресение Христово – Христос Воскресе, Амин, Алилуја!, стои во велигденската порака на бискупот скопски и струмичко-скопски епарх, Киро Стојанов. 

 

The post Велигденска порака на бискупот Киро Стојанов appeared first on Република.

]]>

Бискупот скопски и струмичко-скопски епарх, Киро Стојанов по повод Христовото Воскресение-Велигден упати порака до верниците од католичка вероисповед. Драги браќа и сестри! Минатата година на празникот Свети Јосиф, 19 март 2021 година, со одлука на папата Фрањо започна годината посветена на семејството „Amoris letitia“ која ќе трае до 26 јуни годинава. Поминаа шест години откако папата го објави постсинодалното писмо со исто име (Amoris letitia) упатено до епископите, презвитерите, ѓаконите, христијанските сопружници и сите верни за љубовта во семејството. Ова писмо произлезе по двете Епископски синоди посветени на семејните прашања, едната вонредна одржана во 2014 година на тема: „Пасторалните предизвици на семејството во контекст на евангелизацијата“ и редовна Епископска синода одржана во 2015 година на тема: „Повикот и посланието на семејството во Црквата и во современиот свет“. Тажната увертира на почетокот на годината на семејството беше пандемиската година во која покрај здравствениот систем, најголеми жртви беа семејствата. А тажната увертира на нашиот велигденски пост оваа година се извештаите што ги добиваме за војната во Украина, за страдањата на луѓето во оваа земја, за бегалците, за многу ужалени мајки и татковци кои тагуваат за своите убиени деца, за жените и мажите кои тагуваат по нивните сопружници, за децата кои остануваат сираци. Повторно, семејствата се оние кои поднесуваат најголеми жртви, и оние кои остануваат во своите домови во постојана опасност и изложени на агресија од воздух или од земја, и оние кои мора да се разделат за еден дел од семејството да продолжи да живее во егзил далеку од опасноста. Оние кои остануваат во земјата мора постојано да живеат во страв со чувство на можна смрт или дека повеќе нема да ги сретнаат своите најблиски кои се испратени на патување за прибежиште. Голем број луѓе не сакаат да отидат од своите домови предавајќи се на Божјата волја и Неговата промисла. Страдање од големи размери. Сметките повторно ги плаќаат малите луѓе, како и војниците од двете страни, кои се исто така нечии деца испратени на фронтот, и цивилното население во Украина, кое постојано страда од агресија. И нема крај. Се чини дека нема ниту волја да се запре агресијата. Мноштво пропагандни слогани и невистини преку медиумите влегуваат во нашите домови и ни го загадуваат просторот за живеење со намера да ни го претстават нивниот интерес и начин на гледање на работите како исправен? Сето ова се случува во Европа, на нашата врата; тоа се случува со народите блиски до нас, по потекло и култура, по вера во Бога, во Пресвета Троица и во Пресвета Богородица. Во овој великопосен период, сочувствуваме со сите оние кои жалат и ги оплакуваат своите жртви заради пролевањето крв и солзи што течат низ една европска земја. Го молиме Бога веднаш да испрати мир и утеха на сите луѓе погодени од војната. Семејното заедништво е гаранција за здравите корени на секој народ. Тоа не може со ништо да се плати или да се произведе со ниту една државна финансиска мерка. Нема сомнеж дека во ваква ситуација, каква што е во Украина, без семејно единство, страдањата на луѓето би биле пострашни и поголеми. Семејното заедништво е гаранција на здрави корени и за нашиот народ овде во нашата татковина. Како што го насочуваме погледот кон нашите семејства во ситуацијата во која живееме, се молиме на Бога да нѐ заштити од злото и распаѓањето на семејствата, за да имаме преку здраво семејство и здраво општество и политика и Црква. Иако како мала земја живееме, така да се каже, на работ на светските настани, сепак ги чувствуваме последиците од проблемите во светот, како на политичко и економско поле, доживувајќи сериозни проблеми на сиромаштија, невработеност и намалување на населението, така и на подрачјето на верата која нè држи и одржува. Многу од нашите сонародници ги напуштаат своите домови и бараат економска и политичка безбедност во побогатите земји на Запад, каде што исто така се изложени на негативни ефекти од недостатокот на поврзаност со Бога и заборавање на духовните вредности кои отсекогаш нѐ носеле низ нашата долга и тешка историја. Семејството е во неволја кога заборава на духовните вредности, кога не гледа кон Бога и Божјите закони, кога заборава на Бога и верата ја остава како израз на некаква практика за посебни празнични пригоди, како и Светите Тајните што се примаат во парохијата. Однадвор се чини дека сè е во ред, ги извршуваме нашите должности кон Црквата, нашата парохија, дури и се молиме и постиме со посебно внимание кога во животот ќе ни зашкрипи. А каде е нашето срце, каде е вистинското преобраќање? Не можеме да ги затвориме очите пред сите можни брачни измами и неверства, двојни стандарди и обожавање на некои други симболи наместо Бог кој се грижи за нас како негови деца. Кога светиот папа Иван Павле II е избран за папа, тој на 22 октомври 1978 година за време на светата Литургија на плоштадот Свети Петар во својата проповед нѐ повика нас христијаните со зборовите: „Не плашете се. Отворете ја широко вратата на Христос!“ И денес, во оваа животна ситуација, пријатно ни е да го слушнеме овој смирувачки глас: „Не плашете се!“ Зашто тоа е и гласот на нашиот Господ Исус Христос: „Не плашете се!“ Исус по неговото воскресение им се јави на своите ученици за да ги зајакне во верата, да ги подготви за тешките денови што доаѓаат, за да бидат храбри сведоци на неговото воскресение и гласници на Радосната вест, за да не се плашат. Ни треба оваа сила на верата, смирението и послушноста кон Божјите заповеди и кон Мајката Црква. Таа е чувар на вистината и носител на спасението. Потребна ни е и силата на Евхаристијата со која се храниме со Словото и Телото Христово. Но и кога сме слаби и неверни, Бог е силен и секогаш останува верен на своите ветувања. Постојано да го насочуваме погледот кон него и само Нему да му го даваме срцето и нашата љубов. Можеме слободно на Бога да му ја довериме нашата иднина. По сето она што Исус го доживеа во деновите на неговото страдање и смрт на крстот, кога неговите ученици бегаа разочарани од своите очекувања и надежи, по воскресението им пријде на тие двајца ученици на патот кон Емаус и им рече: „Не требаше ли така да пострада Христос и да влезе во Својата слава?“ (Лк 24,26). Овие зборови ни ги упатува и нам: Само храбро! Зарем не требаше сето тоа да се случи за ние, очистени низ многу неволји, да дојдеме до пазувите на Отецот Небесен. Да не се плашиме да го ставиме нашиот живот во служба на мирот и правдата, да не се плашиме од Крстот Христов кој е дрво на животот и извор на секоја радост и мир, зашто Господ е со нас. На сите вас, браќа и сестри, преку застапништво на нашата Светица, Света Мајка Тереза, сите светии и маченици кои со својот живот беа сведоци на Христовото воскресение овде на оваа наша татковина Македонија и Црква во неа, упатувам Божји благослов. На сите Ви посакувам среќен празник Воскресение Христово – Христос Воскресе, Амин, Алилуја!, стои во велигденската порака на бискупот скопски и струмичко-скопски епарх, Киро Стојанов.   

The post Велигденска порака на бискупот Киро Стојанов appeared first on Република.

]]>