кирил божиновски Archives - Република https://republika.mk/tema/kiril-bozinovski/ За подобро да се разбереме Tue, 07 Jun 2022 14:16:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кирил божиновски Archives - Република https://republika.mk/tema/kiril-bozinovski/ 32 32 Божиновски: Не постои ниту еден доказ дека јас сум договарал нешто околу изградбата https://republika.mk/vesti/makedonija/bozinovski-ne-postoi-nitu-eden-dokaz-deka-jas-sum-dogovaral-neshto-okolu-izgradbata/ Tue, 07 Jun 2022 14:30:18 +0000 https://republika.mk/?p=512268

Обвинетиот Кирил Божиновски во завршните зборови на случајот Талир 2 се осврна на фактот дека обвинението е поднесено надвор од законскиот рок како и тоа дека се користеа докази од нелегално набавените преслушувани разговори по 30.6 2017 година.

По овој рок овие разговори може да бидат само индиции но не и докази врз кој ќе се темели обвиненението, рече Божиновски.

Тој го објасни начинот на фунционирање на партијата според кој еднинствено одговорно лице е партијата и може да оспори одлука на париските тела додека Генералниот секретар нема такви овластувања.

Досега не беше презентиран нуту еден доказ дека јас сум договарал нешто околу градбата. Такво нешто не посочи ниту сопственикот на Бетон нуту пак од сведоците, објасни Божиновски.

Тој раскажа еден од разговорите со Миле Јанакиески во кој поранешниот министер го прашува дали има однапред преферирана компанија или веќе избрана на што Божиновски одговара дека нема такво нешто.

Затоа повторувам дека нема ниту еден изведен вербален доказ против мене вклучително и нелагалните преслушувани материјали, посочи Божиновски.

Божиновски објасни дека постапувал по партиски одлуки и оти имал овластување да ги потпишува договорите.

Немав никаква можност да не ја спроведам одлуката на највисоките партиски тела, објасни Божиновски.

Тој објасни дека партијата има неприкосновено право да располага со својот имот и нема ништо спорно што е склучен договор за соинвеститорство.

The post Божиновски: Не постои ниту еден доказ дека јас сум договарал нешто околу изградбата appeared first on Република.

]]>

Обвинетиот Кирил Божиновски во завршните зборови на случајот Талир 2 се осврна на фактот дека обвинението е поднесено надвор од законскиот рок како и тоа дека се користеа докази од нелегално набавените преслушувани разговори по 30.6 2017 година. По овој рок овие разговори може да бидат само индиции но не и докази врз кој ќе се темели обвиненението, рече Божиновски.
Тој го објасни начинот на фунционирање на партијата според кој еднинствено одговорно лице е партијата и може да оспори одлука на париските тела додека Генералниот секретар нема такви овластувања.
Досега не беше презентиран нуту еден доказ дека јас сум договарал нешто околу градбата. Такво нешто не посочи ниту сопственикот на Бетон нуту пак од сведоците, објасни Божиновски.
Тој раскажа еден од разговорите со Миле Јанакиески во кој поранешниот министер го прашува дали има однапред преферирана компанија или веќе избрана на што Божиновски одговара дека нема такво нешто.
Затоа повторувам дека нема ниту еден изведен вербален доказ против мене вклучително и нелагалните преслушувани материјали, посочи Божиновски.
Божиновски објасни дека постапувал по партиски одлуки и оти имал овластување да ги потпишува договорите.
Немав никаква можност да не ја спроведам одлуката на највисоките партиски тела, објасни Божиновски.
Тој објасни дека партијата има неприкосновено право да располага со својот имот и нема ништо спорно што е склучен договор за соинвеститорство.

The post Божиновски: Не постои ниту еден доказ дека јас сум договарал нешто околу изградбата appeared first on Република.

]]>
Постапувањето на Кирил Божиновски не било по негова желба туку според одлуки на телата на партијата https://republika.mk/vesti/crna-hronika/postapuvanjeto-na-kiril-bozinovski-ne-bilo-po-negova-zelba-tuku-spored-odluki-na-telata-na-partijata/ Tue, 07 Jun 2022 13:29:14 +0000 https://republika.mk/?p=512245

Адвокатот Еленко Миланов на денешните завршни зборови во случајот Талир 2 ја објасни работата на тогашниот генерален секретар Кирил Божиновски во врска со договорот за соинвеститорство меѓу ВМРО-ДПМНЕ и АД Бетон.

Во времето кога тој беше Генерален секретар немал никаква законска ниту статутарна можност да оспори одлука на извршниот и централниот комитет на партијата и мора да постапува по нивните заклучоци.Неговото постапување не е негова желба туку по одлука на колективни тела - објасни Миланов.

The post Постапувањето на Кирил Божиновски не било по негова желба туку според одлуки на телата на партијата appeared first on Република.

Mиланов: „Талир 2“ е предмет поднесен од неовластен обвинител Катица Јанева https://republika.mk/vesti/crna-hronika/milanov-talir-2-e-predmet-podnesen-od-neovlasten-obvinitel-katica-janeva/ Tue, 07 Jun 2022 12:37:45 +0000 https://republika.mk/?p=512207

Адвокатот Еленко Миланов на денешните зборови на случајот „Талир 2“ истакна дека судот ќе има проблем при носењето на пресудата. Како причина го наведе датумот на поднесување на обвинението од 22 ноември 2018 година со потпис на Катица Јанева.

Со тоа, тврди адвокатот, обвинителниот акт е поднесен од неовластен тужител.

Тој потсети дека мандатот на СЈО за поднесување обвиненија и за прибавување докази е 18 месеци.

По 30.6.2018 година ова обвинителство нема надлежност за постапување. Со тоа ова обвинение од 22.11.2018 е од неовластен тужител и судот тоа мора да го почитува - нагласи Миланов.

Тој потсети дека нелегалните разговори исто така не смеат да бидат користени како доказ во овој случај, што не беше испочитувано од застапникот на Обвинението, кој користеше делови од овие докази.

Тој сакаше да нѐ убеди дека овој договор за соинвеститорство бил нарачан, претходно договорен и се знаел изведувачот. Овој доказ не смеете да го користите - потсети адвокатот.

Тој презентираше документи дека ВМРО-ДПМНЕ немало предвреме избран инвеститор туку дека тој се барал.

Нема доказ дека Кирил Божиновски постапува по барање на првообвиниетиот туку имало одлуки на сите партиски тела кои го задолжиле да го потпише договорот - рече Миланов.

The post Mиланов: „Талир 2“ е предмет поднесен од неовластен обвинител Катица Јанева appeared first on Република.

]]>

Адвокатот Еленко Миланов на денешните зборови на случајот „Талир 2“ истакна дека судот ќе има проблем при носењето на пресудата. Како причина го наведе датумот на поднесување на обвинението од 22 ноември 2018 година со потпис на Катица Јанева. Со тоа, тврди адвокатот, обвинителниот акт е поднесен од неовластен тужител. Тој потсети дека мандатот на СЈО за поднесување обвиненија и за прибавување докази е 18 месеци.
По 30.6.2018 година ова обвинителство нема надлежност за постапување. Со тоа ова обвинение од 22.11.2018 е од неовластен тужител и судот тоа мора да го почитува - нагласи Миланов.
Тој потсети дека нелегалните разговори исто така не смеат да бидат користени како доказ во овој случај, што не беше испочитувано од застапникот на Обвинението, кој користеше делови од овие докази.
Тој сакаше да нѐ убеди дека овој договор за соинвеститорство бил нарачан, претходно договорен и се знаел изведувачот. Овој доказ не смеете да го користите - потсети адвокатот.
Тој презентираше документи дека ВМРО-ДПМНЕ немало предвреме избран инвеститор туку дека тој се барал.
Нема доказ дека Кирил Божиновски постапува по барање на првообвиниетиот туку имало одлуки на сите партиски тела кои го задолжиле да го потпише договорот - рече Миланов.

The post Mиланов: „Талир 2“ е предмет поднесен од неовластен обвинител Катица Јанева appeared first on Република.

]]>
Не постои доказ дека Кирил Божиновски ја злоупотребил позицијата, тврди неговиот бранител https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ne-postoi-dokaz-deka-kiril-bozinovski-ja-zloupotrebil-pozicijata-tvrdi-negoviot-branitel/ Tue, 07 Jun 2022 11:19:12 +0000 https://republika.mk/?p=512157

Адвокатот на Кирил Божиновски Светлана Савиќ на денешните завршни зборови за случајот Талир 2 истакна дека при изградбата на партиското седиште биле запазени сите законски процедури.

Не постои доказ дека Кирил Божиновски ја злоупотребил положбата. АД Бетон го дал на разгледување договорот со ВМРО-ДПМНЕ а Божиновски како Генерален секретар само го потпишал откако бил одобрен од телата на партијата - објасни Савиќ.

Тој не е творец на договорите туку само ги потпишал, објасни бранителката.

Не постои ниту еден доказ за однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ против АД Бетон а тоа се виде и од прислушуваните разговори. Ниту има доказ и дека АД Бетон била приморана да склучи ваков договор - дополни Савиќ.

Сосема друга ситација ќе беше доколку АД Бетон поднесеше кривична пријава дека е оштетен со договорот. Исто така, твдри Савиќ, кај Божиновски не постои умисла за сторување на делото кое му се става на товар.

The post Не постои доказ дека Кирил Божиновски ја злоупотребил позицијата, тврди неговиот бранител appeared first on Република.

Поранешниот генсек на владата и на ВМРО-ДПМНЕ, Божиновски: На Груевски ниту сум му дал, ниту ми дал пари! За земјишта и станови никогаш не разговарал https://republika.mk/vesti/makedonija/poraneshniot-gensek-na-vladata-i-na-vmro-dpmne-bozinovski-na-gruevski-nitu-sum-mu-dal-nitu-mi-dal-pari-za-zemjishta-i-stanovi-nikogash-ne-razgovaral/ Mon, 24 Jan 2022 15:27:00 +0000 https://republika.mk/?p=448818

Поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, во својство на сведок во случајот „Плацеви на Водно“, денеска изјави дека до обвинетиот Никола Груевски, никогаш не доставил пари, ниту пак било такво нешто побарано од него. Божиновски одговарајќи на прашање на адвокатите посочи дека никогаш Груевски не му рекол дека купил некакво земјиште на Водно, ниту пак за станови. Со експремиерот се гледал повремено заради службените обврски но вакви разговори немал.

Од страна на бранителот на Груевски, поставен по службена должност, сведокот Божиновски беше прашан и за тоа дали има сеф во неговата канцеларија во Владата.

– Во Владата немаше сеф. Во канцеларијата во новата зграда на ВМРО-ДПМНЕ многу ретко сум влегол, може да се бројат на прсти. Состаноците во главно ги одржувавме во Владата. Не можам да се сетам дали имало сефови во старата зграда на ВМРО-ДПМНЕ. Во мојата канцеларија имаше две сефа, од кои едниот нефункционален, рече сведокот Божиновски.

Двата сефа биле наседени од претходното раководство на партијата, за вториот немал шифра но никогаш не го користел. Тој нагласи дека пари во готовина не чувале во партијата, ниту во сефови, ниту пак надвор од нив. Не потврди ни дека Груевски имал сеф во неговата канцеларија.

На прашањето поврзано околу изјавата на Владимир Чинговски дадена во судот минатиот месец, Кирил Божиновски појасни дека во времето кога во август 2011 година тој станал генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, истовремено Чинговски бил разрешен од член на ИК на партијата и немал никакви партиски задолжувања, па оттука тој никогаш не му носел никакви коверти или документи на Кирил Божиновски во својство на генрален секретар на партијата, ниту пак постоел таков разговор меѓу нив двајцата за каков говореше Чинговски неодамна. Со Чинговски имале комуникација во однос на работата и но никогаш од него не добил финансиски средства. Како генерален секретар на владата од Чинговски често добивал службени дописи и пратки адресирани до Владата, но секогаш тие ги примале и проследувале задолжените лица во кабинетот на генералниот секретар. Исклучок биле согласно закон класифицираните достави кои.Божиновски ги доставувал до соодветните служби до владата за прибирање класифицирани информации. Со ова и со одговорот на директното прашање на судијата, тој во целост ја негираше изјавата на Чинговски дека му доставувал писма и коверти од чија содржина Божиновски во два наврати искажал незадоволство од содржината.

На прашање на адвокат Кирил Божиновски потврди дека во тој период додека бил генерален секретар, ревизорските извештаи на партијата не утврдиле неправилности во финасиското работење.

Пред Кирил Божиновски, на денешното рочиште за „Плацови на Водно“, како сведок на одбраната се појави и градежен инженер – вештак, која кажа дека пренамената на спорните парцели од земјоделско во градежно земјиште, заедно со други, се случила по автоматизам кога бил прифатен и изгласан Деталниот урбанистички план (ДУП) од Општина Центар.

Следното рочиште за овој предмет е закажено за 28 јануари. Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.ч

The post Поранешниот генсек на владата и на ВМРО-ДПМНЕ, Божиновски: На Груевски ниту сум му дал, ниту ми дал пари! За земјишта и станови никогаш не разговарал appeared first on Република.

]]>

Поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, во својство на сведок во случајот „Плацеви на Водно“, денеска изјави дека до обвинетиот Никола Груевски, никогаш не доставил пари, ниту пак било такво нешто побарано од него. Божиновски одговарајќи на прашање на адвокатите посочи дека никогаш Груевски не му рекол дека купил некакво земјиште на Водно, ниту пак за станови. Со експремиерот се гледал повремено заради службените обврски но вакви разговори немал. Од страна на бранителот на Груевски, поставен по службена должност, сведокот Божиновски беше прашан и за тоа дали има сеф во неговата канцеларија во Владата.
– Во Владата немаше сеф. Во канцеларијата во новата зграда на ВМРО-ДПМНЕ многу ретко сум влегол, може да се бројат на прсти. Состаноците во главно ги одржувавме во Владата. Не можам да се сетам дали имало сефови во старата зграда на ВМРО-ДПМНЕ. Во мојата канцеларија имаше две сефа, од кои едниот нефункционален, рече сведокот Божиновски.
Двата сефа биле наседени од претходното раководство на партијата, за вториот немал шифра но никогаш не го користел. Тој нагласи дека пари во готовина не чувале во партијата, ниту во сефови, ниту пак надвор од нив. Не потврди ни дека Груевски имал сеф во неговата канцеларија. На прашањето поврзано околу изјавата на Владимир Чинговски дадена во судот минатиот месец, Кирил Божиновски појасни дека во времето кога во август 2011 година тој станал генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, истовремено Чинговски бил разрешен од член на ИК на партијата и немал никакви партиски задолжувања, па оттука тој никогаш не му носел никакви коверти или документи на Кирил Божиновски во својство на генрален секретар на партијата, ниту пак постоел таков разговор меѓу нив двајцата за каков говореше Чинговски неодамна. Со Чинговски имале комуникација во однос на работата и но никогаш од него не добил финансиски средства. Како генерален секретар на владата од Чинговски често добивал службени дописи и пратки адресирани до Владата, но секогаш тие ги примале и проследувале задолжените лица во кабинетот на генералниот секретар. Исклучок биле согласно закон класифицираните достави кои.Божиновски ги доставувал до соодветните служби до владата за прибирање класифицирани информации. Со ова и со одговорот на директното прашање на судијата, тој во целост ја негираше изјавата на Чинговски дека му доставувал писма и коверти од чија содржина Божиновски во два наврати искажал незадоволство од содржината. На прашање на адвокат Кирил Божиновски потврди дека во тој период додека бил генерален секретар, ревизорските извештаи на партијата не утврдиле неправилности во финасиското работење. Пред Кирил Божиновски, на денешното рочиште за „Плацови на Водно“, како сведок на одбраната се појави и градежен инженер – вештак, која кажа дека пренамената на спорните парцели од земјоделско во градежно земјиште, заедно со други, се случила по автоматизам кога бил прифатен и изгласан Деталниот урбанистички план (ДУП) од Општина Центар. Следното рочиште за овој предмет е закажено за 28 јануари. Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.ч

The post Поранешниот генсек на владата и на ВМРО-ДПМНЕ, Божиновски: На Груевски ниту сум му дал, ниту ми дал пари! За земјишта и станови никогаш не разговарал appeared first on Република.

]]>