кире костов Archives - Република https://republika.mk/tema/kire-kostov/ За подобро да се разбереме Sun, 28 Jul 2024 11:35:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кире костов Archives - Република https://republika.mk/tema/kire-kostov/ 32 32 Настапот на „Охридско лето“  пијанистката Костова го посвети на нејзиниот татко, големиот македонски  композитор, Кире Костов https://republika.mk/vesti/kultura/nastapot-na-ohridsko-leto-pijanistkata-kostova-go-posveti-na-nejziniot-tatko-golemiot-makedonski-kompozitor-kire-kostov/ Sun, 28 Jul 2024 12:38:29 +0000 https://republika.mk/?p=801028

Црногорскиот симфониски оркестар вчеравечер гостуваше на 64. „Охридско лето“  музицирајќи во Предворјето на црквата „Света Софија“. Солист на вечерта беше реномираната македонска пијанистка Нина Костова која го изведе Моцартовиот Концерт за пијано и оркестар бр. 21 C-dur KV 467.

-Ова е прв мој настап со Црногорскиот симфониски оркестар. Навистина се прекрасни, дојдоа подготвени, и со една проба успеавме да направиме максимум. Диригентот е исто така прекрасен и отворен за соработка, а организацијата на „Охридско лето“, како и секогаш е на врвно ниво, вели Костова.

Вчерашниот настап на „Охридско лето“,  пијанистката Костова го посвети на нејзиниот татко, големиот македонски  композитор, Кире Костов, кој  почина  точно пред една година, на 27 јули.

Од сезоната 2023/2024 на чело на Црногорскиот симфониски оркестар е реномираниот француски диригент со црногорско потекло- Марк Корович. На репертоарот на овој оркестар се наоѓаат дела од сите стилови и музика од барокната ера,  па сѐ до современи дела. Оркестарот остварува концерти со епохални дела од светската музичка ризница кои претставуваат историски мигови во црногорскиот музички живот. Покрај тоа, редовно се застапени делата на црногорските композитори: Иван Бркановиќ, Илија Лакешиќ, Борислав Таминжиќ, Жарко Мирковиќ, Нина Перовиќ, Александар Перуновиќ, Сенад Гачевиќ кои се значајни во музичката историја и сегашност на Црна Гора.

The post Настапот на „Охридско лето“  пијанистката Костова го посвети на нејзиниот татко, големиот македонски  композитор, Кире Костов appeared first on Република.

]]>

Црногорскиот симфониски оркестар вчеравечер гостуваше на 64. „Охридско лето“  музицирајќи во Предворјето на црквата „Света Софија“. Солист на вечерта беше реномираната македонска пијанистка Нина Костова која го изведе Моцартовиот Концерт за пијано и оркестар бр. 21 C-dur KV 467. -Ова е прв мој настап со Црногорскиот симфониски оркестар. Навистина се прекрасни, дојдоа подготвени, и со една проба успеавме да направиме максимум. Диригентот е исто така прекрасен и отворен за соработка, а организацијата на „Охридско лето“, како и секогаш е на врвно ниво, вели Костова. Вчерашниот настап на „Охридско лето“,  пијанистката Костова го посвети на нејзиниот татко, големиот македонски  композитор, Кире Костов, кој  почина  точно пред една година, на 27 јули. Од сезоната 2023/2024 на чело на Црногорскиот симфониски оркестар е реномираниот француски диригент со црногорско потекло- Марк Корович. На репертоарот на овој оркестар се наоѓаат дела од сите стилови и музика од барокната ера,  па сѐ до современи дела. Оркестарот остварува концерти со епохални дела од светската музичка ризница кои претставуваат историски мигови во црногорскиот музички живот. Покрај тоа, редовно се застапени делата на црногорските композитори: Иван Бркановиќ, Илија Лакешиќ, Борислав Таминжиќ, Жарко Мирковиќ, Нина Перовиќ, Александар Перуновиќ, Сенад Гачевиќ кои се значајни во музичката историја и сегашност на Црна Гора.

The post Настапот на „Охридско лето“  пијанистката Костова го посвети на нејзиниот татко, големиот македонски  композитор, Кире Костов appeared first on Република.

]]>
Настап на Дуња Иванова и концерт посветен на Кире Костов во изведба на Биг бендот на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ https://republika.mk/scena/muzika/nastap-na-duna-ivanova-i-kontsert-posveten-na-kire-kostov-vo-izvedba-na-big-bendot-na-festivalot-kraj-vardarot-dhez-2/ Tue, 23 Apr 2024 08:26:02 +0000 https://republika.mk/?p=769553

Во рамки на втората фестивалска вечер на „Крај Вардарот Џез“, вечерва на 23 април во Македонската филхармонија со почеток во 20 часот на пијано ќе настапи Дуња Иванова.

Нејзиниот концертен настап „Мирисот на липите“ ќе биде проследен со текст и нарација на Тина Иванова. Музичко-поетски проект, кој раскажува приказна за познатите урбани и скриени места на Општина Центар. Липите на улицата „Орце Николов“, панкот од гаражите на „Плочник“, дружбите во дворот на „Песталоци“, графитите на Кеј, паркот на Горан Стефановски, кафеаната „Наџак“…

Ќе бидат изведени композицијата „Свита за Скопје“ од македонската композиторка Ана Пандевска, и песната „Ние сме од Скопје“ на Мирко Попов, чиј аранжман за пијано го направи Пандевска. Получасовно патување низ симболите на Скопје, погледнати низ интимна, лична перспектива на авторите. Во музиката, како и во нарацијата, провејува нишка на носталгија, а во исто време и крик за подобро утре на градот во кој пораснавме и без чиј воздух не можеме да живееме. „Мирисот на липите“ симболично ќе прикаже, преку звук и говор, еден живот на жител од Центар. Поетскиот наратив е оригинално креиран за овој уметнички перформанс, кој промовира иновативен пристап со содржина која пак, претставува ,,жива“ материја, блиска до човечкото срце.

Минатиот месец за „ПМГ Џез“, како 44 издание, излезе албум во живо, концерт на пијано на Дуња Иванова, кој беше реализиран во рамки на музичката програмата „Крај Вардарот Сесии во Аудиокултура“, која изведе композиции од Ана Пандевска.

Веднаш потоа во 21 часот на истата сцена ќе започне долгоочекуваниот концерт на Биг Бендот со музика од Кире Костов. Концерт посветен на еден од стожерите на современата џез композиција Кире Костов, преку интерпретација на негови избрани дела во современ аранжман од страна на Биг Бендот под диригентската палка на Љупчо Мирковски. Костов е едно од најзначајните имиња во современата џез музика, чија работа опфаќа бројни ангажмани и дела, меѓу кои: солист и диригент на Танцовиот оркестар на РТВ Скопје, наградуван трубач во Југославија, претставник во Биг бендот на Европската радиодифузија, автор на околу педесетина композиции во оркестарска изведба од областа на џезот и 300 песни во популарната музика и реализатор на сите изданија на Скопскиот фестивал од 1991. Подеднакво значајна ќе биде и изведбата на селектираните дела од Костов на еден од нашите најзначајни оркестарски формации, чија историја датира од далечната 1961 година (Биг Бендот на МРТ), кој во 2013 година се возобновува и продолжува да работи во музичка формација водена од Љупчо Мирковски како диригент.

Фестивалот ќе биде заокружен на 27 април во едукативно културниот центар Лабораториум со концертен настап на „Macedonian Free Society“ и со еден од највозбудливите музички проекти „Поетроника“.

Фестивалот е поддржан од Министерство за култура на Р.Македонија и се реализира во соработка со Македонска филхармонија и Лабораториум. Концертот „Мирисот на липите“ се реализира со поддршка на општина Центар. Онлајн продажба на билети е достапна преку bileti.mk. Блок билети за 23 и 27 април се по цена од 600 денари и поединечен билет 400 денари.

 

The post Настап на Дуња Иванова и концерт посветен на Кире Костов во изведба на Биг бендот на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ appeared first on Република.

]]>

Во рамки на втората фестивалска вечер на „Крај Вардарот Џез“, вечерва на 23 април во Македонската филхармонија со почеток во 20 часот на пијано ќе настапи Дуња Иванова. Нејзиниот концертен настап „Мирисот на липите“ ќе биде проследен со текст и нарација на Тина Иванова. Музичко-поетски проект, кој раскажува приказна за познатите урбани и скриени места на Општина Центар. Липите на улицата „Орце Николов“, панкот од гаражите на „Плочник“, дружбите во дворот на „Песталоци“, графитите на Кеј, паркот на Горан Стефановски, кафеаната „Наџак“… Ќе бидат изведени композицијата „Свита за Скопје“ од македонската композиторка Ана Пандевска, и песната „Ние сме од Скопје“ на Мирко Попов, чиј аранжман за пијано го направи Пандевска. Получасовно патување низ симболите на Скопје, погледнати низ интимна, лична перспектива на авторите. Во музиката, како и во нарацијата, провејува нишка на носталгија, а во исто време и крик за подобро утре на градот во кој пораснавме и без чиј воздух не можеме да живееме. „Мирисот на липите“ симболично ќе прикаже, преку звук и говор, еден живот на жител од Центар. Поетскиот наратив е оригинално креиран за овој уметнички перформанс, кој промовира иновативен пристап со содржина која пак, претставува ,,жива“ материја, блиска до човечкото срце. Минатиот месец за „ПМГ Џез“, како 44 издание, излезе албум во живо, концерт на пијано на Дуња Иванова, кој беше реализиран во рамки на музичката програмата „Крај Вардарот Сесии во Аудиокултура“, која изведе композиции од Ана Пандевска. Веднаш потоа во 21 часот на истата сцена ќе започне долгоочекуваниот концерт на Биг Бендот со музика од Кире Костов. Концерт посветен на еден од стожерите на современата џез композиција Кире Костов, преку интерпретација на негови избрани дела во современ аранжман од страна на Биг Бендот под диригентската палка на Љупчо Мирковски. Костов е едно од најзначајните имиња во современата џез музика, чија работа опфаќа бројни ангажмани и дела, меѓу кои: солист и диригент на Танцовиот оркестар на РТВ Скопје, наградуван трубач во Југославија, претставник во Биг бендот на Европската радиодифузија, автор на околу педесетина композиции во оркестарска изведба од областа на џезот и 300 песни во популарната музика и реализатор на сите изданија на Скопскиот фестивал од 1991. Подеднакво значајна ќе биде и изведбата на селектираните дела од Костов на еден од нашите најзначајни оркестарски формации, чија историја датира од далечната 1961 година (Биг Бендот на МРТ), кој во 2013 година се возобновува и продолжува да работи во музичка формација водена од Љупчо Мирковски како диригент. Фестивалот ќе биде заокружен на 27 април во едукативно културниот центар Лабораториум со концертен настап на „Macedonian Free Society“ и со еден од највозбудливите музички проекти „Поетроника“. Фестивалот е поддржан од Министерство за култура на Р.Македонија и се реализира во соработка со Македонска филхармонија и Лабораториум. Концертот „Мирисот на липите“ се реализира со поддршка на општина Центар. Онлајн продажба на билети е достапна преку bileti.mk. Блок билети за 23 и 27 април се по цена од 600 денари и поединечен билет 400 денари.  

The post Настап на Дуња Иванова и концерт посветен на Кире Костов во изведба на Биг бендот на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ appeared first on Република.

]]>
Почина маестро Кире Костов https://republika.mk/scena/muzika/pochina-maestro-kire-kostov/ Thu, 27 Jul 2023 15:14:12 +0000 https://republika.mk/?p=665954

Почина македонскиот композитор, инструменталист и диригент, маестро Кире Костов.

Тажната вест на социјалните мрежи ја споделиja неговите семејни пријатели, Мирјана и Драган Даниловски.

Костов е роден 1949 година во Битола. Средно музичко училиште завршил во Битола. Уште во тој период активно учествувал во културно-забавното живеење на Битола. Натамошното школување го продолжил на Музичката академија во Белград, а потоа и на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Во периодот од 1970 до 1988 година бил прв трубач и солист на Танцовиот оркестар на тогашната Радиотелевизија Скопје, а од 1988 година до денес (2010) и негов диригент. Како единствен претставник на тогашна Југославија, учествувал во Бигбендот на Европската радиодифузија, кој бил составен од по еден инструменталист од секоја земја од Европа.

Автор е на околу педесетина композиции во оркестарска изведба од областа на џезот. Од областа на популарната музика има околу триста наслови како композитор - „Летај галебе“, „Кога те нема“, „Твоите очи сине“, „Синот божји“, „Тајно моја“, „Илузија“ и многу други, и уште толку како аранжер на други автори. Бил еден од основачите на фестивалот за деца и млади „Си - до“ кој се одржуваше во Битола од 1991 до 2000 година. Бил уметнички директор на Интерфест Битола за популарна музика. Добитник е на бројни награди и признанија. Моментално е диригент на Бигбендот на МРТ, а на Факултетот за музичка уметност предава на отсекот за камерна музика - оркестар.

The post Почина маестро Кире Костов appeared first on Република.

]]>

Почина македонскиот композитор, инструменталист и диригент, маестро Кире Костов. Тажната вест на социјалните мрежи ја споделиja неговите семејни пријатели, Мирјана и Драган Даниловски. Костов е роден 1949 година во Битола. Средно музичко училиште завршил во Битола. Уште во тој период активно учествувал во културно-забавното живеење на Битола. Натамошното школување го продолжил на Музичката академија во Белград, а потоа и на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Во периодот од 1970 до 1988 година бил прв трубач и солист на Танцовиот оркестар на тогашната Радиотелевизија Скопје, а од 1988 година до денес (2010) и негов диригент. Како единствен претставник на тогашна Југославија, учествувал во Бигбендот на Европската радиодифузија, кој бил составен од по еден инструменталист од секоја земја од Европа. Автор е на околу педесетина композиции во оркестарска изведба од областа на џезот. Од областа на популарната музика има околу триста наслови како композитор - „Летај галебе“, „Кога те нема“, „Твоите очи сине“, „Синот божји“, „Тајно моја“, „Илузија“ и многу други, и уште толку како аранжер на други автори. Бил еден од основачите на фестивалот за деца и млади „Си - до“ кој се одржуваше во Битола од 1991 до 2000 година. Бил уметнички директор на Интерфест Битола за популарна музика. Добитник е на бројни награди и признанија. Моментално е диригент на Бигбендот на МРТ, а на Факултетот за музичка уметност предава на отсекот за камерна музика - оркестар.

The post Почина маестро Кире Костов appeared first on Република.

]]>