Од 18 до 23 ноември е недела на шпанскиот филм во Кинотека на Македонија и според најавата претставува патување низ различни епохи на шпанската кинематографија, претставувајќи класични и современи дела на некои од најпознатите режисери.
Оваа филмска недела, посветена на шпанскиот филм, ги обединува богатите теми и стилови од 1950-тите, преку револуционерната енергија на 1970-тите, до современите, постмодернистички визии од 2000-тите години. Посебно внимание ќе биде посветено на делата на легендарните Карлос Саура, Алехандро Аменабар и Алекс де ла Иглесија“, инфомираат од Кинотека.
Карлос Саура, еден од најзначајните автори на шпанската кинематографија, како што велат оттаму, ќе биде претставен со некои од своите најпознати дела од 70-тите години.
Саура ги користи филмот и танцот како медиуми за да ги изрази политичките и социјалните конфликти на своето време, истражувајќи ги шпанската историја и култура преку извонредни визуелни прикази и драматични елементи. Неговите дела се длабоко вкоренети во шпанската култура, но истовремено универзално разбирливи, бидејќи ги истражуваат вечните теми на слободата, љубовта и страдањето, велат тие.
Од 2000-тите, ќе бидат прикажани филмовите на Алехандро Аменабар и Алекс де ла Иглесија, едни од најталентираните современи шпански режисери, според Кинотека.
Филмот ‘Mar Adentro’ кој ќе биде прикажан на големото платно во Кинотека, ќе ја воодушеви публиката со својата длабочина, емоционалност и филозофски прашања. Аменабар мајсторски ги комбинира трилерот и драмата, а истражува теми како смртта, страдањето и човечката психа. Неговата визуелна иновативност и емотивна искреност ги прават овие филмови извонредно впечатливи“, наведуваат од Кинотека.
Оттаму додаваат и дека Алекс де ла Иглесија, познат по својот уникатен стил кој ги спојува црниот хумор и надреализмот, ќе биде претставен со својот незаборавен трилер „Ferpect Crime“.
Де ла Иглесија ја комбинира сатиричната критика на современото општество со напнати и апсурдни ситуации. Неговите филмови се полни со енергија и визуелни пресврти, предизвикувајќи ја публиката да размислува за границите на моралот, амбицијата и општествените норми“, сметаат тие.
Според нив, неделата на шпански филм 2024 во Кинотека на Македонија е ретка можност да се види разновидноста на шпанската кинематографија, од класични до современи дела. Ова патување низ времето и жанровите ќе им овозможи на гледачите не само да ги запознаат културните и историските контексти на Шпанија, туку и да ги искусат универзалните човечки приказни, обработени преку уникатниот визуелен јазик на големите режисери како Саура, Аменабар и Де ла Иглесија.
Селектор на програмата е Бојан Станишиќ, уредник на филмската програма при Кинотека. Неделата на Шпански филм е во организација на Амбасадата на Кралството Шпанија и Кинотека на Македонија.
The post Недела на шпанскиот филм во Кинотека на Македонија од 18 до 23 ноември appeared first on Република.
]]>Од 18 до 23 ноември е недела на шпанскиот филм во Кинотека на Македонија и според најавата претставува патување низ различни епохи на шпанската кинематографија, претставувајќи класични и современи дела на некои од најпознатите режисери.

]]>Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, при денешната работна посета на Кинотека потенцираше дека македонското аудиовизуелно наследство е многу значајно, но значајно е да се одржува и да има средства за тоа.
Изминатите седум години, токму оваа институција, која е најстара институција задолжена за чување на аудиовизуелното наследство, во споредба со периодот пред 2017 година, имаше намален буџет за речиси 50 – 60 проценти, што ја покажува и недоволната посветеност на претходното раководство за грижата кон филмското наследство“, рече министерот Љутков, најавувајќи зголемување на буџетот за оваа национална установа.
Министерот Љутков потсети дека Кинотеката на Македонија во 2009 година беше меѓу водечките европски филмски архиви обезбедувајќи климатизирани депоа по меѓународни стандарди за чување на македонското филмско наследство, а во 2011 година беше меѓу првите европски филмски архиви од регионот коишто започнаа со реализација на долгорочниот проект за дигитализација и дигитална реставрација на аудиовизуелното наследство.
На средбата со новиот в. д. директор на оваа установа, Бошко Грујоски, беше истакнато дека во изминатите три месеци е завршена реставрацијата на дигиталната копија од краткиот игран филм „Писмо“, во режија на Васил Христов, а заврши и скенирањето на филмската копија на филмот „Мис Стон“, во режија на Жика Митровиќ, по што следува дигитална реставрација на овој игран филм. Во 2025 година следува дигитална реставрација на наслови од „златното време“ на македонскиот анимиран филм, како и дигитална реставрација на играниот филм „Македонска крвава свадба“, во режија на Трајче Попов.
Во фоајето на Кинотеката, заедно со новинарските екипи, министерот Љутков ги разгледа и фотографиите кои даваат приказ како изгледал запуштено пред три месеци и како изгледа сега споменикот на културата „Хавзи-пашини конаци“ во с. Бардовци, кој во изминатите години, како што рече, очигледно целосно бил заборавен.
При посетата беше истакнато дека овие три месеци е расчистен просторот пред депоата во Хавзи-пашините конаци каде што се чува фондот од светската продукција на 35-милиметарски филмови, со што е зголемена безбедноста на објектот и пристапот до зградата во која се чува дел од националното филмско наследство е непречен. Направена е интервенција на водоводната мрежа во Хавзи-пашините конаци и се презедоа мерки за санација на проблемот за да се спречи поголема штета.
На средбата со раководството на Кинотеката стана збор и за јубилејот 50 години од започнувањето на нејзината значајна културна активност, кој ќе се прослави во 2026 година, кој за што в. д. директорот Грујоски информираше дека вработените во оваа институција работат и на монографија за Кинотеката по повод прославата на 50-годишнината, а во наредниот период ќе се договорат сите филмски програми, гостувања, изложби и настани за одбележување на годишнината, со цел да се обезбеди пригодна програма во текот на целата јубилејна година.
The post Кинотека во 2025 година дигитално ќе го реставрира „Македонска крвава свадба“ и наслови од „златното време“ на македонскиот анимиран филм appeared first on Република.

]]>Во четврток, на 14 ноември, Амбасадата на Република Кореја во соработка со Кинотека на Македонија го организира „Денот на Корејската култура во Скопје“.
Од 17:00 часот започнува ексклузивната проекција на играниот филм:
Помеѓу боговите: Двата Света. Откако неочекувано умира, пожарникарот Ја-хонг е одведен во задгробниот живот од три чувари на задгробниот свет. За да може да се реинкарнира, тој мора да помине седум судења во текот на 49 дена и да докаже дека бил невин во човечкиот живот. Неговите тројца задгробни чувари се покрај него за да го бранат при судењето. Помеѓу боговите: Двата Света е јужнокорејски фантастичен акционен филм од 2017 година, во режија на Ким Јонг-хва. Филмот е прв дел од трилогијата базиран на истоимениот веб-серијал на Џо Хо-мин, кој е инспириран од будистичките слики од корејската династија Чосеон и раните будистички текстови за Десетте кралеви на пеколот иако истовремено ја смета за главната осомничена. Во истрагата за убиство се испреплетуваат страст, лаги и неизвесности.Филмот за прв пат се прикажува во Скопје и влезот ќе биде . Филмот не се препорачува за деца под 15 години.
Од 19:30 часот е играниот долгометражен филм Одлука за заминување (Heojil kyolshim / Decision to Leave, 2022) на корејскиот режисер Паак Чан-ук кој ја доби „Златната палма“ за режија на Канскиот фестивал во 2022 и беше јужнокорејски кандидат за „Оскар“ во 2023.
Паак Чан-ук (Park Chan-wook, 1963) е еден од најзначајните режисери на современата корејска кинематографија, а неговите филмови ЗАЕДНИЧКА ЗОНА НА БЕЗБЕДНОСТ (Joint Security Area, 2000), СОЧУВСТВО ЗА Г. ОДМАЗДА (Sympathy for Mr. Vengence, 2002), ОЛДБОЈ (Оldboy, 2003), ЖЕД (Thirst, 2009), СЛУГИНКА (Handmaiden, 2016) и други се меѓу најнаградуваните корејски филмови не само на домашните и азиските, туку и на филмските фестивали ширум светот. Одлука за заминување е криминална нео-ноар драма во која детективот кој ја истражува смртта на еден човек се вљубува во сопругата на починатиот, иако истовремено ја смета за главната осомничена. Во истрагата за убиство се испреплетуваат страст, лаги и неизвесности.
The post В четврток корејски филмови во Кинотека appeared first on Република.

]]>Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска ќе оствари работна посета на Кинотека на Македонија, која е единствена национална институција за заштита на аудиовизуелното културно наследство.
Како што соопштија од Министерството, посетата на Љутков е во рамките на агендата за посета на институциите од областа на културата.
The post Љутков во работна посета на Кинотека appeared first on Република.

]]>Во четврток на 7 ноември во Кинотека на Македонија ќе биде прикажан филмот ,,Исповед на опасниот ум” – режисерското деби на Џорџ Клуни.
Ова е режисерското деби на Џорџ Клуни, и тој успешно го поставува тонот на филмот со мешавина од стилски визуелни ефекти, хумор и суров реализам.
Клуни покажува вештина во градењето напнатост и хумор, со што го одржува вниманието на публиката до самиот крај. Филмот носи нестандарден, скоро постмодерен пристап кон биографскиот жанр, со игри на реалноста, хиперболизација и субјективни визии на Берис.
Овој филм ќе ги задоволи оние што бараат нешто повеќе од класична биографија, бидејќи нуди фасцинантен поглед во умот на еден човек кој, можеби, измислил свој живот.
The post „Исповед на опасниот ум” – режисерското деби на Џорџ Клуни во Кинотека appeared first on Република.

]]>Амбасадата на Грција започнува циклус на проекции на грчки филмови со наслов „Запознавање/Getting to know each other”.
Целта на проекциите е да се претстават современите грчки филмови толку сакани од публиката во Грција и ширум светот.
Циклусот на проекции „Запознавање“ започнува со филмски tour de force, со извонредна фотографија и актерски изведби, МАЛА АНГЛИЈА (2013) на Панделис Вулгарис, еден од најистакнатите грчки режисери, кој заедно со покојниот Теодорос Ангелопулос, беа главните претставници на движењето на Новото грчко кино, кое стана светски познато во 1970-тите години.
6 НОЕМВРИ (СРЕДА) 20:00 ч.
МАЛА АНГЛИЈА(Little England/ Mikra Anglia) Режисер: Пантелис Вулгарис.
(Pantelis Voulgaris)Филмот „Мала Англија“ е романтична драма, која се одвива во периодот помеѓу 30-тите и 50-тите години на островот Андрос, наречен Мала Англија поради неговото богатство.
Базиран е на најпродаваниот роман на истакната грчка писателка Јоана Каристиани, и имаше успех и кај публиката и кај критиката. Филмот има добиено шест награди од Грчката филмска академија и наградата за најдобар филм на 17-тото издание на Шангајскиот филмски фестивал.
„Мала Англија“ е епска приказна за изгубената љубов и убава приказна за љубовта меѓу две сестри, сместена на грчкиот остров Андрос.
Ова е приказната за семејството Салтаферос. Мина е мајка која ги контролира животите на своите ќерки Орса и Моска. Орса, постарата од двете, е вљубена во Спирос Малтамбес, но нејзината мајка ја присилува да се омажи за друг маж. Сопругот на Орса е полн со љубов, но таа не може да го заборави Спирос, кој се оженува со личноста што Орса најмногу ја сака на светот.
The post Циклус на проекции на грчки филмови „Запознавање” во Кинотека appeared first on Република.

]]>Кинотеката денеска ќе го одбележи 27 Октомври – Светскиот ден на аудиовизуелното наследство со презентација на проектот за дигитална реставрација на филмот ПИСМО на филмскиот и театарски режисер Васил Христов – Вуси. До крајот на октомври пак, во вечерните термини на филмската програма ќе бидат прикажувани наслови од македонската кинематографија кои годинава одбележуваат своевиден јубилеј.
-Среднометражниот игран филм ПИСМО е реализиран во 2000 година во холандска продукција. Благодарение на EYE-Filmmuseum, националниот филмски архив на Холандија, неодамна и Кинотеката на Македонија доби копија од филмот, бидејќи продуцентот, кој повеќе не е активен, целата своја филмска архива ја има депонирано во EYE. На презентацијата ќе говорат преставници од Управата за заштита на културно наследство, од Кинотеката на Македонија и од инволвираните стручни лица во процесот на дигитална реставрација, а ќе биде присутен и режисерот на филмот, најавуваат од Кинотеката.
Воедно, од денеска до четврток, односно од 28 до 31 октомври, на репертоарот на кинотечното кино ќе се прикажуваат домашни филмски наслови чие создавање и постоење треба да го потенцираме токму оваа 2024 година. Пред сè, тука се краткиот документарен ДАЕ (1979) на Столе Попов и играниот ПРЕД ДОЖДОТ (1994) на Милчо Манчевски, кои своевремено беа во трката за престижниот „Оскар“ како претставници на нашата кинематографија, а се закитија со подеднакво значајни награди и на други врвни светски фестивали – ДАЕ со „Гран при“ на МФФ во Оберхаузен, а ПРЕД ДОЖДОТ со „Златен лав“ на Венецискиот филмски фестивал. Потоа следи и партизанскиот трилер ПОД ИСТО НЕБО (1964) на режисерската двојка Љубиша Георгиевски и Миомир Мики Стаменковиќ, па комитската драма НЕЛИ ТИ РЕКОВ (1984) на Стево Црвенковски, како и документарниот првенец ОГАН, повторно на Столе Попов, од 1974 година. Сите овие филмови во 2024 година одбележуваат свој јубилеј – од премиера, од прикажување, од создавање…
27 Октомври – Светскиот ден на аудиовизуелно наследство е востановен од УНЕСКО, а го одбележуваат сите светски филмски архиви, кинотеки, музеи, библиотеки и организации кои работат на полето на заштитата на аудиовизуелната граѓа, предводени од Координативниот совет на здруженија на аудиовизуелни архиви (CCAAA –Coordinating Council of Audiovisual Archives Associations). Со проекции, изложби, промоции, тркалезни маси, презентации и други настани и програми сите овие организации, тела и институции се обидуваат да го свртат вниманието кон неопходноста од заштита и сочувување на филмското наследство како дел од колективната културна меморија, наведуваат од Кинотеката.
The post Светскиот ден на аудиовизуелното наследство во Кинотеката ќе биде одбележан со четиридневна програма appeared first on Република.
]]>-Среднометражниот игран филм ПИСМО е реализиран во 2000 година во холандска продукција. Благодарение на EYE-Filmmuseum, националниот филмски архив на Холандија, неодамна и Кинотеката на Македонија доби копија од филмот, бидејќи продуцентот, кој повеќе не е активен, целата своја филмска архива ја има депонирано во EYE. На презентацијата ќе говорат преставници од Управата за заштита на културно наследство, од Кинотеката на Македонија и од инволвираните стручни лица во процесот на дигитална реставрација, а ќе биде присутен и режисерот на филмот, најавуваат од Кинотеката.Воедно, од денеска до четврток, односно од 28 до 31 октомври, на репертоарот на кинотечното кино ќе се прикажуваат домашни филмски наслови чие создавање и постоење треба да го потенцираме токму оваа 2024 година. Пред сè, тука се краткиот документарен ДАЕ (1979) на Столе Попов и играниот ПРЕД ДОЖДОТ (1994) на Милчо Манчевски, кои своевремено беа во трката за престижниот „Оскар“ како претставници на нашата кинематографија, а се закитија со подеднакво значајни награди и на други врвни светски фестивали – ДАЕ со „Гран при“ на МФФ во Оберхаузен, а ПРЕД ДОЖДОТ со „Златен лав“ на Венецискиот филмски фестивал. Потоа следи и партизанскиот трилер ПОД ИСТО НЕБО (1964) на режисерската двојка Љубиша Георгиевски и Миомир Мики Стаменковиќ, па комитската драма НЕЛИ ТИ РЕКОВ (1984) на Стево Црвенковски, како и документарниот првенец ОГАН, повторно на Столе Попов, од 1974 година. Сите овие филмови во 2024 година одбележуваат свој јубилеј – од премиера, од прикажување, од создавање…
27 Октомври – Светскиот ден на аудиовизуелно наследство е востановен од УНЕСКО, а го одбележуваат сите светски филмски архиви, кинотеки, музеи, библиотеки и организации кои работат на полето на заштитата на аудиовизуелната граѓа, предводени од Координативниот совет на здруженија на аудиовизуелни архиви (CCAAA –Coordinating Council of Audiovisual Archives Associations). Со проекции, изложби, промоции, тркалезни маси, презентации и други настани и програми сите овие организации, тела и институции се обидуваат да го свртат вниманието кон неопходноста од заштита и сочувување на филмското наследство како дел од колективната културна меморија, наведуваат од Кинотеката.
The post Светскиот ден на аудиовизуелното наследство во Кинотеката ќе биде одбележан со четиридневна програма appeared first on Република.
]]>Ноемвриската програма на Кинотека на Македонија 2024 година е вистински културен мозаик, збогатен со уникатни филмски искуства и интригантни дискусии.
Покрај циклусите на јапонски и шпански филмови, проекциите на „Убиј ги прво децата“ на Димитар Оровчанец, и класичниот италијански филм „Крадци на велосипеди“ на Виторио Де Сика, програмата ја збогатува и тематската вечер под наслов „Надреализмот не е мртов“, посветена на надреалистичкото филмско наследство.
Циклусот на јапонски филмови ја истражува уникатната визуелна и наративна филозофија на јапонскиот филм, каде што темите на чест, љубов, и традиција се интерпретираат на стилски и внатрешно богати начини. Покрај познатите и очекувани самурајски приказни, публиката ќе има шанса да доживее и поинтимни, драмски ориентирани филмови, каде човечките врски се во фокусот. Шпанскиот циклус оваа година е исполнет со интензивни и полни со страсти филмски дела кои се движат од класиката до модерниот авторски филм. Селекцијата вклучува дела од режисери како Алехандро Аменабар и Карлос Саура, кои ја претставуваат енергијата на шпанската кинематографија преку уникатни естетски пристапи и социјални прашања.
Гледачите ќе можат да навлезат во темите на идентитет, љубов, и традиција кои ја карактеризираат шпанската кинематографија, со посебен фокус на психолошките и емоционалните длабочини на ликoвите. Покрај интернационалните циклуси, Кинотеката оваа есен ќе ја прикаже и македонската продукција „Убиј ги прво децата“, на Димитар Оровчанец.
Овој филм, го носи македонското кино на едно сосема ново ниво на експресивност. Сцените исполнети со суровост, црн хумор и социјални коментари даваат остра критика на современите општествени случувања и го отвораат прашањето за моралноста и насилството како средство за преживување. „Крадци на велосипеди“, антологискиот италијански филм на Виторио Де Сика, претставува врв на неореалистичкиот стил со својата моќна приказна за сиромаштијата и семејната борба во повоена Италија. Ова класично дело е едноставно, емотивно и длабоко човеково искуство кое ја истражува социјалната неправда и човечката борба за опстанок. Со овој филм Кинотеката одбележува 50 години од смрта на Виторио Де Сика.
Посебната вечер посветена на надреализмот ќе вклучува проекции на антологиски надреалистички филмови и панел-дискусија на оваа тема. Оваа програма има за цел да го врати вниманието кон магијата и визијата на надреализмот, истражувајќи го преку класични дела како оние на Луис Буњуел и Салвадор Дали, кои ги поместуваат границите на реалноста и ги истражуваат подсвесните аспекти на човековото искуство. Публиката ќе може не само да ги погледне овие необични филмови, туку и да учествува во дискусија со што ќе се разгледа и дообјасни значењето и влијанието на надреализмот во современата култура. Програмата на Кинотека на Македонија овој ноември ќе биде празник за сите љубители на филмот, нудејќи уникатно искуство преку кое публиката ќе може да истражи различни култури и естетики и да се сретне со нови македонски автори кои носат свежина и критички пристап во домашната кинематографија.
Селектор на програмата: Бојан Станишиќ, Уредник на филмската програма при Кинотека.
The post „Убиј ги прво децата“ на Оровчанец и надреалистичен филм во ноемвриската програма на Кинотека appeared first on Република.
]]>The post „Убиј ги прво децата“ на Оровчанец и надреалистичен филм во ноемвриската програма на Кинотека appeared first on Република.
]]>Филмот ќе се прикажува на 35мм, и од критиката е опишан како најдобриот филм за Хичкок што Хичкок никогаш не го снимил. ШАРАДА (1963) на американскиот режисер Стенли Донен е прекрасна мистерија која блеска со хумор, неизвесност и стил од последните денови на гламурот на стариот Холивуд. Снимен е на локација во Париз и содржи анимирани наслови од Морис Биндер. Саундтракот на Хенри Манчини ја содржи популарната песна „Charade“. Со иконите Одри Хепберн и Кери Грант во главните улоги, оваа приказна од Париз е духовита и стилска како и нејзините двајца главни актери.
4 ОКТОМВРИ (ПЕТОК) 20:00 часот
120 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА КЕРИ ГРАНТ
ШАРАДА
(Charade)
Игран филм, САД
1963, 113 мин., колор, 35mm
Режија: Стенли Донен (Stanley Donen)
Сценарио: Питер Стон, Марк Бем, Жан Сентеној (Peter Stone, Marc Behm, Jeanne Saintenoy)
Улоги: Кери Грант, Одри Хепберн, Валтер Матау (Cary Grant, Audrey Hepburn, Walter Matthau)
Откако Реџина Ламперт (Одри Хепберн) ќе се вљуби во шармантиот Питер Џошуа (Кери Грант) на одмор на скијање на француските Алпи, по враќањето во Париз открива дека нејзиниот сопруг е убиен. Наскоро, таа и Питер почнуваат да ги бркаат тројцата пријатели на нејзиниот покоен сопруг од Втората светска војна, Текс, Скоби и Гидеон, кои се во потрага по 250.000 долари што заедно ги украле со нејзиниот покоен маж.
Филмот ќе се прикажува на 35мм во чест на 120 години на раѓањето на големиот американски актер Кери Грант. Најдобриот филм за Хичкок што Хичкок никогаш не го снимил, ШАРАДА на Стенли Донен е прекрасна мистерија која блеска со хумор, неизвесност и стил од последните денови на гламурот на стариот Холивуд. Снимен е на локации во Париз и содржи анимирани наслови од Морис Биндер. Саундтракот на Хенри Манчини ја содржи популарната песна „Charade“. Со иконите Одри Хепберн и Кери Грант во главните улоги, оваа приказна од Париз е духовита и стилска како и нејзините двајца главни актери.
Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари
https://www.youtube.com/watch?v=C6T2Q4XO7uA&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fkinoteka.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE
The post 120 години од раѓањето на Кери Грант: Проекција на „Шарада“ вечерва во Кинотека appeared first on Република.
]]>The post 120 години од раѓањето на Кери Грант: Проекција на „Шарада“ вечерва во Кинотека appeared first on Република.
]]>Македонска кинотека секогаш е актуелна. Одбележува, слави, потсетува навреме за сето она што треба да остане во колективната меморија како достигнување на филмската уметност. Не е важно дали станува збор за филм како целина, за режисер, за сценарист, за артисти, за сниматели односно за секој што учествувал во креирањето на творбата, популарно наречена сликите што се движат. Така ќе биде и овој октомври. Кинотека ќе прикаже филмови со Ален Делон, кој пред извесно време почина, но и на пред 100 години па и повеќе, родените Марчело Мастројани и Кери Грант. Тројцата останаа запаметени не само по артистичкото умеење туку и по својата убавина, харизма како своевидни Аполони. Ќе се одбележат филмските достигнувања на нашата неодамна почината Снежана Стамеска. Ќе биде прикажан ЖЕД (1971), филмското дело на Димитрие Османли, по сценарио на Живко Чинго, во кој една од главните улоги ги имаше токму Снежана односно Снешка како што ја нарекуваа нејзините пријатели и почитувачи. Почитувачите, пак, на легендарниот Кери Грант, кој оваа година би полнел 120 години, ќе можат да го видат филмот ШАРАДА.
Филмот ќе се прикажува на 35мм, и од критиката е опишан како најдобриот филм за Хичкок што Хичкок никогаш не го снимил. ШАРАДА (1963) на американскиот режисер Стенли Донен е прекрасна мистерија која блеска со хумор, неизвесност и стил од последните денови на гламурот на стариот Холивуд. Снимен е на локација во Париз и содржи анимирани наслови од Морис Биндер. Саундтракот на Хенри Манчини ја содржи популарната песна „Charade“. Со иконите Одри Хепберн и Кери Грант во главните улоги, оваа приказна од Париз е духовита и стилска како и нејзините двајца главни актери.
Париз е незаобиколен кога се спомнува неодамна починатиот филмски убавец Ален Делон. Неговиот контроверзен приватен живот останува во сенката на неговите ролји во филмовите на Висконти, Џосеф Лоузи и многу други режисери, своевидните филмски диригенти. Од неговиот многуброен актерски опус, неколку филмови ќе може да види и публиката во Кинотеката на Македонија.
Поврзан со Париз е и Италијанецот, врвниот глумец и убавец Марчело Мастројани, кој оваа година би наполнил точно еден век. Во филмот што ќе биде проектиран наречен ПОСЕБЕН ДЕН (1977), Мастројани за партнерка ја има светската дива, речиси сега веќе деведесетгодишната Италијанката Софија Лорен, која за филмот ЧОЧАРА (1960) го доби светски престижниот „Оскар“ за најдобра актерка.
Оскаровец е и неодминливиот и почитуван, со италијанско потекло Френсис Форд Копола, секако најпознат по трилогијата КУМ. Но тие филмови ќе изостанат овој пат, а предност ќе добие премиерната проекција на најновото остварување во негова режија и продукција, футуристичкот еп МЕГАЛОПОЛИС, кој на годинашниот филмски фестивал во Кан доби неколкуминутни овации.
Овој месец нема да изостане и циклусот на филмови на една кинематографија која заслужува да биде проследена и респектирана. Овој пат тоа е кинематографијата на Романија. Кино-љубителите ќе можат да проследат неколку филмови кои се во фокусот на интересот на светски реномираните фестивали.
Кинотека во октомври предвидува уште два циклуса. Едниот е низата филмови наречена ЕХО-ФЕСТИВАЛ НА ПЛАНИНСКИ ФИЛМОВИ. Крајот на месец октомври е резервиран за неколку јубилејни проекции и одбележување на Светскиот ден на аудиовизуелно наследство. По тој повод ќе се потсетиме на наколку домашни докуменарни и долгометражно-играни остварувања кои оваа 2024 година бележат јубилеи од своите премиери.
Пред се, тука е ПРЕД ДОЖДОТ (1994) на Милчо Манчевски, кој оваа есен „наполни“ 30 години – токму толку време е поминато откога Манчевски ја подигна раката во вис, во знак на триумф, благодароност и поздрав истовремено, покажувајќи го венецискот „Златен лав“ кој го освои за својот долгометражен игран првенец, за по неколку дена премиерно да биде прикажан на ИФФК „Браќа Манаки“. Пред половина век Столе Попов го сними ОГАН (1974), а пред 45 и ДАЕ (1979) кој беше југословенски кандидат за „Оскар“ во категоријата на кратки документарни филмови. Тука ќе се потсетиме и на првенецот на Љубиша Георгиевски и Миомир Мики Стаменковиќ – ПОД ИСТО НЕБО (1964) како и на „комитската“ драма НЕЛИ ТИ РЕКОВ (1984) на Стево Црвенковски. Бидејќи сите тие кинематски остварувања се наше аудиовизуелно наследство, наше национално филмско богатство.
The post Кинотека во октомври ќе одбележува важни јубилеи од македонската кинематографија appeared first on Република.
]]>The post Кинотека во октомври ќе одбележува важни јубилеи од македонската кинематографија appeared first on Република.
]]>Денес со почеток во 12 часот, Кинотеката на Македонија ќе биде домаќин на конференција на темата „Примена и креирање видеосодржини за наставни цели“.
Конференцијата е дел од проектот „И… акција!“ во рамките на програмата на „Еразмус+“, поддржан од Европската Унија.
На самата конференција Кинотеката на Македонија, која е една од петте партнери во овој проект, ќе учествува со свои излагачи: Игор Старделов, советник филмолог и раководител на филмскиот архив во Кинотеката на Македонија, кој ќе има своја презентација на темата „Да се заштити и да се прикаже: прилози за развојот на филмската архивистика“, Александар Трајковски, виш филмолог во одделението за собирање, заштита, обработка и чување аудиовизуелни дела и придружна филмска документација, кој ќе ја презентира темата „Технички елементи на продукција на едукативно видео“, и Дамјана Патчева, виш филмолог во одделението за истражувачка, издавачка, јавна, меѓународна дејност, библиотечна дејност и филмска програма, која ќе ја презентира темата „Етапи на развој на проектот ’И… акција!’“.
Како дел од оваа конференција со свои презентации ќе учествуваат и Розалина Попова Коскарова (Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“, УКИМ), на темата „Потреба од креирање видеосодржини за едукативни цели“, Марија Џиџева (филмска режисерка, обучувачка во рамките на проектот „И… акција“). на темата „Стисни копче и – акција!“, и Селсебил Караагач (професор во ПСУ „Јахја Кемал“, учесник на обука во рамките на проектот „И… акција“) на темата „Дигитализација на наставата, искуства, предности и позитивни страни“.
На конференцијата ќе се презентираат и резултатите од проектот „И… акција!“, како и развиените ресурси.
The post Конференција посветена на филмот ќе се одржи во Кинотека appeared first on Република.
]]>The post Конференција посветена на филмот ќе се одржи во Кинотека appeared first on Република.
]]>Од денеска во Кинотеката ќе почне нов циклус филмски училници наменет за основци што сакаат да научат што е филм, како се прави филм и самите да направат филм. Филмските училници ќе се одржуваат во десет работни саботи до почетокот на декември, во видеотеката и киносалата на Кинотеката.
Координатор на целата програма е режисерот Саша Станишиќ, искусен едукатор и филмски професионалец, а на тематски посветените часови гости предавачи ќе бидат и монтажери, кинематографери, сценаристи, продуценти и филмски професионалци кои ќе ги воведат учениците во тајните на создавањето игран филм.
Овие едукативни сесии, под наслов FILMAY 2024, Кинотеката ги реализира во рамки на поширокиот меѓународен проект FilmED (film education), финансиран од Европската Унија преку програмата МЕДИА.
Како што соопшти Кинотеката, целта на FilmED е да го промовира европскиот филм и европското филмско наследство за новата и млада публика, да создаде можности за интеракција и разбирање на филмската уметност.
Во изминатите години Кинотеката има организирано филмски работилници и логистичка поддршка на едукативни работилници за филм (организирани од надворешни соработници), но и учествувала во меѓунарони проекти од Eразмус+ програмата кои подразбирале изработка на едукативни модули. Тие се достапни онлајн за обука на оние коишто сакаат да архивираат филмови и да го вклучат филмот во образовниот процес.
-Овој пат, во рамки на FilmED, искуството од филмската училница ќе го преточи во серија снимени туторијали кои преку веб-страницата на Кинотеката ќе бидат достапни за сите наставници кои сакаат да стекнат повеќе знаење за филмот и, преку актуелните образовните програми, истото да го вклучат и пренесат на учениците со кои работат, соопшти Кинотеката.
Заинтересираните за учество во филмската училница може да се пријават и информираат на тел. +389 78 398 085 или на електронската адреса: [email protected]
The post Кинотеката почнува нов циклус филмски училници appeared first on Република.
]]>The post Кинотеката почнува нов циклус филмски училници appeared first on Република.
]]>Британскиот филмски продуцент и писател Мајк Дауни, вечерва во 20 часот во Кинотеката ќе го претстави својот роман „Истарско злато“, во издание на „Прозарт медиа“ од Скопје. Гостувањето е во рамките на 12. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“, чија официјална програма заврши синоќа со врачувањето на наградата „Прозарт“ на српскиот писател Владимир Пиштало.
Разговорот со Дауни ќе го води Александар Прокопиев, уметнички директор на фестивалот. Дауни е продуцент на копродукцискиот филм „Караула“ во кој учествува и нашата земја. „Караула“ (2006) е првиот филм по распадот на Југославија во чија продукција учествувале екипи од Србија, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина и од нашата земја. Филмот е снимен според романот на Анте Томиќ, „Ништо не смее да нè изненади“ („Ništa nas ne smije iznenaditi“), алузија на паролата за концептот на постојана будност на Народната одбрана на Југославија од можна агресија однадвор.
Мајк Дауни е автор, филмски автор и активист. Како писател на белетристика, Мајк пишува на многу теми. Неговата огромна архива од објавени текстови во публикации како Вог, Варајети, Скрин, Стилс, Синеаст... Исто така тој е соосновач на „Мувинг пикчрс групација“ за издаваштво во деведесеттите. Како филмски автор има работено со сценаристи како Елрој, Гинтер Грас, Колм Тоибин, Ли Хол, Давид Гросман и заменик-основачот Шејн Смит, како и со еклектичен спектар на режисери како Агњешка Холанд, Фолкер Шлендорф, Питер Гринавеј, Оливер Хиршбигел и Мохсен Макмалбаф. Како претседавач на Европската филмска академија, тој е соосновач на Меѓународната коалиција за филмски работници во ризик и една деценија беше повереник на Алијансата „Бела лента“. Бил и визитинг-професор по филм на Универзитетот во Охајо „Томас Јуинг“.
Во 2021 година тој стана почесен претседател на филмската награда LUX, која ја доделува Европскиот парламент, а истата година беше награден со О.Б.Е. на кралската роденденска почесна листа за неговите услуги за британската кинематографија. Во 2022 година, Универзитетот во Ворвик му додели на Мајк диплома за доктор по литература, honoris causa (D.Lit) за неговиот придонес во светската кинематографија.
„Истарското злато “ го одбележува неговото деби како романсиер.
The post Промоција на „Истарско злато“ на Мајк Дауни и проекција на „Караула“ на „ПРО-ЗА Балкан“ appeared first on Република.
]]>The post Промоција на „Истарско злато“ на Мајк Дауни и проекција на „Караула“ на „ПРО-ЗА Балкан“ appeared first on Република.
]]>Кинотека во соработка партнерите кои се дел од проектот „... и Акција! “ во рамките на „Еразмус +“ програмата изработија веб-платформа насловена Andactionproject.eu која е достапна е за сите граѓани. Оваа платформа нуди обука за креирање видеосодржини за наставни цели. Секој граѓанин кој е заинтересиран за оваа обука може да се регистрира на платформата и да ја заврши обуката. Платформата е на македонски јазик и е достапна на следниов линк: https://andactionproject.eu/mk/
Како завршна фаза и продукт од овој проект, веб-платформата за проектот „ ...и Акција!“ веќе може да се користи на англиски и македонски јазик, а за многу кратко време ќе биде целосно подготвена на сите шест јазични верзии – македонски, англиски, шпански, словенски, српски и бугарски јазик.
На платформата е достапна и методологијата на овој проект, а во неа се содржи целосното истражување кое се направи во рамките на проектот, а чија цел беше да се истражи потребата од креирање видеосодржини за едукативни цели. Методологијата на македонски јазик може да се преземе на следниот линк : https://andactionproject.eu/mk/metodologija-mk/
Кинотека подржана од Европска Унија, во рамките на ЕРАСМУС + програмата, е носител на овој проект наречен ...и Акција! Партнери во проектот се: EDC EKSEDRA, Здружение за образование во областа на природните науки, уметностите и архитектурата (Словенија), Ириг Мој Град (Србија), Asociación Extremundo (Шпанија) и Zdruzenie tradicii obrazovanie historija I kultura (Бугарија).
The post Бесплатна онлајн обука на Кинотека за креирање видеосодржини за едукативни цели appeared first on Република.
]]>The post Бесплатна онлајн обука на Кинотека за креирање видеосодржини за едукативни цели appeared first on Република.
]]>„Андалузиски пес“ во режија на Луис Буњуел, едно од највлијателните дела во историјата на кинематографијата на 10 септември ќе го отвори четвртото издание на Фестивалот на нем и класичен филм во Кинотека на Македонија.
Проекцијата на филмот има музичка придружба во изведба на пијанистот Милош Станојевиќ, еминентен српски пијанист и добитник на повеќе награди на државни натпревари во Србија.
Една од најиконичните сцени во историјата на киното – кога млад човек сече око со брич, паралелно со слика на облак што „сече“ Месечина, со која почнува филмот, е пример за иновативност и креативност, бидејќи „Андалузиски пес“ не е само филм, туку искуство кое продолжува да инспирира и кое и денес останува актуелно и провокативно.
Провокација, креативност и иновативност не им недостига ниту на останатите автори чии дела од француската, германската, литванската и шпанската кинематографија ќе може да се проследат на Фестивалот до 16 септември.
Реализацијата на Фестивалот на нема и класичен филм е поддржана од Амбасадата на Шпанија во Македонија, од српскиот културен центар во Скопје - „Спона“, Гете-институт Скопје, ФАМЕ’С Институт.
The post Култниот „Андалузиски пес“ на Буњуел го отвора 4. издание на Фестивалот на нем и класичен филм во Кинотека appeared first on Република.
]]>The post Култниот „Андалузиски пес“ на Буњуел го отвора 4. издание на Фестивалот на нем и класичен филм во Кинотека appeared first on Република.
]]>На 23 jули во Софија, Бугарија се одржа меѓународна конференција за проектот „Мобилна евтина дигитализација на домашни филмски формати-МобиРеел“. На Конференцијата „Мобилна евтина дигитализација на винтиџ филмови“ беа претставени најсовремените иницијативи во областа на евтина дигитализација на винтиџ филмови, вредноста во таканаречените домашни филмски формати како 8мм, супер 8мм, VHS итн, соопштија од Кинотека.
Како дел од Кинотеката на Македонија, која е еден од петте партнери во овој проект, на конференцијата учествуваа: филмологот Миранда Ала Речи со презентација на тема: „Важноста на филмската каталогизација“ и вишиот филмолог Дамјана Патчева со презентација на тема: „Транзицијата на филмот низ историјата “.
Со свои презентации на оваа конфереција учестуваа и говореа експерти и стручни лица од филмските архиви, организации и центри кои се занимаваат со заштита на филмското наследство. Говорници на конференцијата беа и е Хајди Фиал од Филмскиот Архив во Австрија (Filmarchiv Austria), Ражван Унгуреану од Националниот Филмски Архив на Романија (Arhiva Nationala de Filme), Паул Марие од Германската кинотека (Stiftung Deutsche Kinemathek), Мерлин Вајер од Интернет Архив ( иnternet Archive), Леонардо Чиарглионе од МПАИ, Италија (Moving Picture, Audio and Data Coding by Artificial Intelligence (MPAI) и други.
На конференцијата беа презентирани и резултатите од проектот МобиРеел и развиените ресурси. Сите резултати од проектот може да се видат на платформата www.mobireel.eu, каде што истотака е достапна и европски сертифицираната обука за дигитизализација, додека пак на Youtube каналот каде што може да се видат видеата снимени со цел презентирање на резултатите од проектот.
Проектот е дел од програмата ЕРАСМУС плус, поддржан од Европската Унија.
The post Претставници на Кинотека учествуваа на Меѓународна конференција во Софија за дигитализација на домашни филмски формати appeared first on Република.
]]>The post Претставници на Кинотека учествуваа на Меѓународна конференција во Софија за дигитализација на домашни филмски формати appeared first on Република.
]]>На овогодинешното издание на Фестивалот кое започнува денес, 08.08 (четврток) во Кинотека на Македонија и ќе трае до 11 август, ќе бидат прикажани повеќе од 100 анимирани филмови во неколку категории. Освен проекциите на филмови и работилниците за производство на краток анимиран филм и флип бук, за време на четирите фестивалски денови ќе бидат промовирани и четири книги, две од нив проследени со изложби.
Филмовите се поделени во четири натпреварувачки селекции: главна, студентска, селекција на анимиран докуметарец и на анимирани музички видеа. Филмовите кои не влегоа во натпреварувачките селекции, а се подеднакво квалитетни и одговараат на критериумите на фестивалот, ќе бидат прикажани во европската панорама. Во главната селекција ќе бидат прикажани наградените филмови од светските филмски фестивали од изминатата година.
Флипбук Филм Фестивал е создаден од четири автори на анимиран филм: Жарко Иванов, Крсте Господиновски, Владимир Лукаш и Иван Ивановски, со идеја на домашната публика да ѝ го претстават најдоброто од европскиот авторски анимиран филм, нешто што не може да биде видено на интернет, телевизија или на редовен кино репертоар.
Целата програма тука
The post „Флипбук Филм Фестивал“ почнува денеска во Кинотека: Проекции на повеќе од 100 анимирани филмови во неколку категории appeared first on Република.
]]>The post „Флипбук Филм Фестивал“ почнува денеска во Кинотека: Проекции на повеќе од 100 анимирани филмови во неколку категории appeared first on Република.
]]>Фестивалот на медитеранскиот и балканскиот филм „Преку езерото“, во соработка со Кинотеката на Македонија, го претстави новоизведениот монументален мурал пред Кинотеката на Македонија на актерот Мето Јовановски, уметничко дело на авторите Евгенија Трајковска и Драган Илиќ, а ја промовира и единствената награда „Мето Јовановски“ за извонредно актерско достигнување во уметноста на филмот.
Советот на фестивалот „Преку езерото“ и Кинотеката на Македонија ги презентираа поривите и мотивите за овие две посебни меморијални дела направени во чест на едно од најголемите актерски имиња во Македонија и Балканот, Мето Јовановски.
Македонскиот театарски, филмски и телевизиски глумец Мето Јовановски почина на 16 ноември, на 77-годишна возраст. Речиси нема македонски актер што толку извонредно глумел и во театарот и во филмот. Тоа беше нешто што го издвојуваше Мето Јовановски – тој многу добро знаеше да оцени како да се глуми на театарската сцена, а како на филмските сетови.
Роден е во пехчевското село Панчарево, во 1946 година. Студираше Театарска академија во Софија и по враќањето во Југославија првиот ангажман му беше во Народниот театар во Штип. Кога неговиот талент и знаење станаа претесни се префрли во Драмскиот театар во Скопје. Глумеше на многу сцени во Македонија и во некогашна Југославија. Во драмите на Горан Стефановски – „Диво месо“ и „Лет во место“ – беше равенката што ја носеше претставата. Од другите театарски претстави треба да ги споменеме „Мачка на вжештениот лимен покрив“, „Јане Задрогаз“, „Галеб“, Смртта на Дантон“…, а од филмовите „Пред дождот“, „Засега без добар наслов“, „Нечиста крв“, „На пат за Катанга“, „Трето полувреме“…
Двапати е добитник на државната награда „11 октомври“ и на голем број други државни признанија. Добитник е и на државната награда за животно дело „Војдан Чернодрински“. Пет пати бил прогласен за глумец на годината според списанието „Екран“, седум пати бил наградуван на театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, четири пати бил лауреат на наградата „Милтон Манаки“.
The post Евгенија Трајковска и Драган Илиќ се автори на муралот на актерот Мето Јовановски appeared first on Република.
]]>The post Евгенија Трајковска и Драган Илиќ се автори на муралот на актерот Мето Јовановски appeared first on Република.
]]>На 30 јули (ВТОРНИК) во 20:30 часот и на 31 јули (СРЕДА) 20:30 часот ќе се одржат проекции на македонскиот филм „Медена ноќ“ на режисерот Иво Трајков.
Во јулската програма Кинотеката во фокус го стави македонскиот филм и прикажа остварувања од нашата национална кинематографија, со постар, но и со понов датум на реализација.
Токму оваа месечна понуда на КИНОТЕКА покажува дека нашата кинематографија и тоа како има значајни дела, наслови кои предизвикуваат своевиден земјотрес, на емоции, на впечатоци. Пред сè, тие претставуваат извор на инспирација за помладите, а благопријатен флешбек за постарите кино-проследувачи, велат оттаму.
МЕДЕНА НОЌ
(Honey Night)
Игран филм, Македонија
2015, 89 мин., колор, ДЦП
Режија: Иво Трајков
Сценарио: Иво Трајков
Улоги: Никола Ристановски, Верица Недеска
https://www.youtube.com/watch?v=S5Rwjs9wmjY&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fkinoteka.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE
Скопје, рани 1990-ти години, прослава на Национален празник на од неодамна формираната независна држава Република Македонија, истовремено и 10-годишнина од бракот помеѓу Никола, заменик-министер, и неговата сопруга Ана. Приказната започнува со нивното враќање дома од приемот кај Премиерот. Во текот на линеарното дејствие кое се одвива во една ноќ во која кулминира мрачната криза на главните протагонисти, проследуваме флеш-бек секвенци од приемот кои ја следат втората наративна линија на оваа приказна каде се отсликува професионалниот живот и искушенијата на Никола, инволвиран во еден политички скандал во неговото министерство поради кој се уапсени министерот и неколку негови соработници.
Тие се свесни дека нивниот дом е прислушуван и точно знаат во кои простории се инсталирани уреди за прислушување. Ана, разочарана дека Никола заборавил на нивната годишнина, започнува расправија. Никола, пак, обземен од стравот поради апсењата и дека и него го очекува истата судбина, упорно се обидува да го пронајде извештајот за приватизација на едно државно претпријатие, кој самиот го изготвил, а е причина за скандалот. Негова главна цел и преокупација е да го уништи извештајот и сите останати докази кои ги чува во својот дом, а кои го поврзуваат со случајот. На врвот на нивната расправија, тајната полиција се појавува во нивниот дом… По нивното заминување, Ана и Никола откриваат дека насекаде во куќата се инсталирани уреди за прислушување, дури и на места каде што сметале дека ги нема. Во новонастанатата ситуација, Ана заборава на својот гнев и е обземена од страв за судбината на својот сопруг. Тие повеќе не се расправаат. По долгата исцрпувачка ноќ, Никола решава да се помири со својата судбина и да го чека утрото. Но…
Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари
The post Со проекција на „Медена ноќ“ на Иво Трајков завршува јулската филмска програма во Кинотека appeared first on Република.
]]>Токму оваа месечна понуда на КИНОТЕКА покажува дека нашата кинематографија и тоа како има значајни дела, наслови кои предизвикуваат своевиден земјотрес, на емоции, на впечатоци. Пред сè, тие претставуваат извор на инспирација за помладите, а благопријатен флешбек за постарите кино-проследувачи, велат оттаму.МЕДЕНА НОЌ (Honey Night) Игран филм, Македонија 2015, 89 мин., колор, ДЦП Режија: Иво Трајков Сценарио: Иво Трајков Улоги: Никола Ристановски, Верица Недеска https://www.youtube.com/watch?v=S5Rwjs9wmjY&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fkinoteka.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE Скопје, рани 1990-ти години, прослава на Национален празник на од неодамна формираната независна држава Република Македонија, истовремено и 10-годишнина од бракот помеѓу Никола, заменик-министер, и неговата сопруга Ана. Приказната започнува со нивното враќање дома од приемот кај Премиерот. Во текот на линеарното дејствие кое се одвива во една ноќ во која кулминира мрачната криза на главните протагонисти, проследуваме флеш-бек секвенци од приемот кои ја следат втората наративна линија на оваа приказна каде се отсликува професионалниот живот и искушенијата на Никола, инволвиран во еден политички скандал во неговото министерство поради кој се уапсени министерот и неколку негови соработници. Тие се свесни дека нивниот дом е прислушуван и точно знаат во кои простории се инсталирани уреди за прислушување. Ана, разочарана дека Никола заборавил на нивната годишнина, започнува расправија. Никола, пак, обземен од стравот поради апсењата и дека и него го очекува истата судбина, упорно се обидува да го пронајде извештајот за приватизација на едно државно претпријатие, кој самиот го изготвил, а е причина за скандалот. Негова главна цел и преокупација е да го уништи извештајот и сите останати докази кои ги чува во својот дом, а кои го поврзуваат со случајот. На врвот на нивната расправија, тајната полиција се појавува во нивниот дом… По нивното заминување, Ана и Никола откриваат дека насекаде во куќата се инсталирани уреди за прислушување, дури и на места каде што сметале дека ги нема. Во новонастанатата ситуација, Ана заборава на својот гнев и е обземена од страв за судбината на својот сопруг. Тие повеќе не се расправаат. По долгата исцрпувачка ноќ, Никола решава да се помири со својата судбина и да го чека утрото. Но… Возрасна категорија: 16 години Влезница: 150 денари
The post Со проекција на „Медена ноќ“ на Иво Трајков завршува јулската филмска програма во Кинотека appeared first on Република.
]]>Денес во 20.30 во Кинотека ќе биде прикажан филмот „Скопје Ремикс“ .
„Скопје ремикс“ е музичко-филмски омнибус од 9 кратки филмови во режија на Борјан Зафировски, Даријан Пејовски, Огнен Димитровски, Срѓан Јаниќијевиќ, Ѓорче Ставрески, Саша Станишиќ, Вардан Тозија, Синиша Евтимов, Јане Алтипармаков и Бојан Трифуновски.
Идејата на овој проект е да се покаже една урбана страна на Скопје, во која ќе се промовираат македонските уметници, покрај младите режисери тука огромна улога играат и македонските музичари а исто така и наши скулптори и мултимедијални уметници, кои имаа можност да бидат дел од овој филм и да учествуваат во него презентирајќи ги своите дела на еден индиректен начин.
Ова се темите во 9-те кратки филмови:
Скопски љубовџии - Филмот произлезе од две интересни барања кои требаше да ги исполниме работејќи на омнибусот. Првото барање беше дека, нормално како филм за Скопје, треба на некаков начин да го наслика нашиот град. Јас се одлучив за бетонот на градски ѕид и добро познатите подземни гаражи. Кога ќе размислам за мојата одлука, мислам дека на некој начин е поврзана со моите тинејџерски години, кога практично израснав на клупите во околина на градски ѕид. Второто барање беше филмовите на некој начин да зборуваат за љубов. Се обидов да размислувам надвор од сопствениот круг и се одлучив за една нетипична комедија, што е многу чудно за мене. Но, ми годеше искуството и мислам дека излезе еден интересен и непретенциозен филм. Беше едно незаборавно, скопско, љубовно патување." - Ѓорче Ставрески
Брус Ли ис а Пуси - Приказна за три брата. Симпатични, дисфункционални скопски полу-идиоти, погледнати низ призмата на едниот од тројцата. Како филм во филм или како што вика едниот од браќата, „да не се сведе се на банална, дијалошка дијареа со примеси на магичен реализам". „Брус ли ис а пуси“ е филм за потребата од суперхерои, па макар и метафорични, кои ќе засадат здраво семе во се позагадената медиокритетска „почва" на главниот град.
Поган Паган - Овој анимиран филм раскажува за деца сирачиња кои животот во Скопје го доживуваат како видео-игра. Приказна која е своевиден современ скопски Оливер Твист.
Среќни краеви - Љубовна приказна помеѓу девојка и член на музички бенд. Радиостаници, книжарници, гитари, недоразбирање. Украдена книга со заменети страници која го менува крајот.
Опера - Станува збор за комична љубовна приказна, раскажана во стилот на германскиот експресионизам и американскиот филм ноар. Филмот претставува мал „скопски“ омаж на старите филмски класици кои толку многу ги сакам. - Даријан Пејовски
Свиркачот - Скопје 2063 година, сто години по катастрофалниот земјотрес што го разурна Скопје. Во оваа постапокалиптична, орвеловска иднина, механизмите на контролата и моќта ги потиснуваат и репресираат сите кои размислуваат поинаку. Идентитетот на главниот лик во овој филм е непознат, секогаш притаен меѓу сенките и бетонските ѕидови.
Фото Финиш - Во Скопје има конфликт. Од една страна има луѓе кои ја чувствуваат урбаната вибрација на градот, и самите придонесуваат таа вибрација да се зголеми, за градот да ни биде поубав, во секој смисол. Тие го прифаќаат целокупното наследство што го нуди градот, физичко и духовно, и се обидуваат да ја движат работата во вистински правец, и на двете нивоа.
Од спротивната страна дејствува какофонија од плитки интереси, безобзирни пробисвети, подмолни безименковци под рака со надмени компании, најчесто поддржани и од институции кои веќе го изгубиле компасот и образот. Тие ни го нагрдуваат градот, и физички и духовно. Во Фото Финиш, врз основа на вистинит настан, конструирана е приказна која на метафоричен начин го отсликува токму тој конфликт.
Мангава Диско Панк - Приказна за фронтменот на првиот и единствен скопски ромски панк рок бенд. Тој е нетипичен маргиналец кој е ставен во дилема дали да се откаже од својот музички сон. Иронично, една негова откачена ноќна мора ќе му го даде вистинскиот одговор. Филмот е надреална романтична комедија која се поигрува и изместува многу стеротипи за нашиот град.
Боите на љубовта - дејата за овој мјузикл е инспирирана од мојот живот во Скопје. Во последно време сè поочигледна станува поделеноста на луѓето по бои. Секојдневно сме бомбардирани од секакви кампањи кои велат дека токму нивната боја е вистинската, од политичките кампањи до масовнота контаминација од страна на мобилните компании кои би го брендирале градот во една боја доколку тоа им е дозволено. Главниот лик во филмот верува дека одговорот лежи во соларната светлина бидејќи само таа е спектар од сите бои. За него љубовта е во прифаќањето на сите бои. – Борјан Зафировски
Во целина, ова е филм кој успева да го прикаже духот и енергијата на Скопје на начин кој е истовремено забавен и длабок. Со својата мултиперспективна структура и разновидни приказни, филмот нуди богат и комплексен поглед на животот во македонската престолнина. Ова дело на групата автори е значаен придонес во современата македонска кинематографија и заслужува да биде гледано и ценето од пошироката публика” велат од Кинотека.
The post Музичко-филмскиот омнибус „Скопје Ремикс“ денеска во Кинотека appeared first on Република.
]]>Во целина, ова е филм кој успева да го прикаже духот и енергијата на Скопје на начин кој е истовремено забавен и длабок. Со својата мултиперспективна структура и разновидни приказни, филмот нуди богат и комплексен поглед на животот во македонската престолнина. Ова дело на групата автори е значаен придонес во современата македонска кинематографија и заслужува да биде гледано и ценето од пошироката публика” велат од Кинотека.
The post Музичко-филмскиот омнибус „Скопје Ремикс“ денеска во Кинотека appeared first on Република.
]]>