Кинотек Archives - Република https://republika.mk/tema/kinotek/ За подобро да се разбереме Mon, 24 Jan 2022 14:53:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кинотек Archives - Република https://republika.mk/tema/kinotek/ 32 32 Кинотека го продолжи „Кино утро“ додека трае продолжениот зимски распуст https://republika.mk/vesti/kultura/kinoteka-go-prodolzi-kino-utro-dodeka-trae-prodolzeniot-zimski-raspust/ Sun, 23 Jan 2022 10:07:25 +0000 https://republika.mk/?p=448291

Со продолжувањето на зимскиот распуст, Кинотеката реши да ги почести најмладите посетители со уште филмска недела и својата програма КИНО УТРО ја надополни со нови филмски проекции кои ќе се одржат од 24 до 28 јануари, соопштија од Кинотека.

Овојпат на големото платно ќе можете да го погледнете филмот СТЕЛА, првиот македонски филм за деца, урнебесната комедија КАРИРАН НИНЏА, препознатливиот ПЕТКО ПЕТ ПЛУС и прекрасните анимирани филмови КАЛАМИТИ и ПАТУВАЊЕТО НА ПРИНЦОТ.

Уживајте во распустот додека трае!, велат оттаму.

 

 

24 јануари (понеделник) 12:00 ч.
25 јануари (вторник) 14:00 ч.
28 јануари (петок) 12:00 ч.
ТАЈНИОТ ИЗУМ
(The Secret Invention)
ТВ филм за деца
2021, 61 мин., ХД
Сценарио: Билјана Црвенковска
Режија: Дина Дума

Другарите од 5+ стокатницата се загрижени: нешто се случува со Комшо. Мошне е нерасположен, но не сака со никого да разговара за тоа. Тие се обидуваат да дознаат што се случува, а откако ќе откријат дека тој се сели во странство, измислуваат начини како да го задржат Комшо да не замине.

А во меѓувреме, Цвајштајн и Комшо подготвуваат проштално изненадување за другарите. Што е тоа? Тоа е еден фантастичен, неверојатен и секако – ТАЕН изум.

Но, дури и со тајните и неверојатни изуми на генијалецот Цвајштајн нешто може да тргне во погрешен правец, особено ако во целата работа замеша прсти – кој друг ако не бељаџијата Џими.

 

27 јануари (четврток) 14:00 ч.
ПАТЕШЕСТВИЕТО НА ПРИНЦОТ
(Le voyage du prince / The Prince’s voyage)
Анимиран филм, Луксембург / Франција
2017, 77 мин., колор, ДЦП
Режија: Жан-Франсоа Лагиони, Гзавие Пикар (Jean-François Laguionie, Xavier Picard)
Сценарио: Жан-Франсоа Лагиони, Аник Лереј (Jean-François Laguionie, Anik Leray)

Лорен, стариот принц на мајмуните, се буди на непознат брег во земјата Ниокус, на кој се насукал по бродската несреќа. Таму го пронаоѓа дванаесетгодишниот Том, чии што родители ќе му пружат засолниште. Родителите на Том се научници во егзил: биле протерани од нивната поранешна заедница бидејќи верувале дека постојат и други мајмунски цивилизации. Принцот најпрвин ќе биде подложен на научни испитувања, а потоа во придружба на Том ќе шета низ главниот град и блиската џунгла, каде што открива непознат и волшебен свет. Но, Принцот ќе ги запознае и ригидните правила кои важат во тој необичен свет за него…

ПАТЕШЕСТВИЕТО НА ПРИНЦОТ е ново долгометражно остварување на водечките француски аниматори Жан-Франсоа Лагиони и Гзавие Пикар, кои користат ликови од фантазијата за да раскажат приказна за предизвиците на светот во кој живееме. ПАТЕШЕСТВИЕТО НА ПРИНЦОТ беше конкурент за награда на Европскиот фестивал на фантастичниот филм во Стразбур, Франција (Strasbourg European Fantastic Film Festival), како и на други фестивали за анимирани филмови.

Возрасна категорија: 12 години
Влезница: 100 денари

24 јануари (понеделник) 14:00 ч.
26 јануари (среда) 14:00 ч.
28 јануари (петок) 14:00 ч.
СТЕЛА
(Stela)
Игран филм, Македонија / Србија / Германија
2020, 90 мин., колор, ДЦП
Режија: Стојан Вујичиќ (Stojan Vujichikj)
Сценарио: Ева Камчевска (Eva Kamchevska)
Улоги: Симеон Мони Дамевски, Дејан Лилиќ, Петар Маниќ, Тони Михајловски, Христина Поповиќ (Simeon Moni Damevski, Dejan Lilikj, Petar Manikj, Toni Mihajlovski, Hristina Popović)

СТЕЛА е приказна за едно куче-шарпланинка, едно дете и еден дедо. Откако детето Николa (Петар Маниќ, за прв пат на филм) ќе се обиде да се самоубие поради малтретирањето од врсниците на училиште, изгледа дека никој не ќе може да допре до него. Престанува со секаква вербална комуникација. Шарпланинката Стела е единствената која не бара ништо од него, не поставува прашања, не бара одговори. Доволно е неговото постоење и среќна е од неговата близина. Детето ќе почне да се поистоветува со неа, па неговиот глас може да се слушне единствено кога лае. Дедото, кој избегал од луѓето за да живее сам на бачилото, неволно ќе го прифати Никола, но во текот на оваа авантура ќе станат семејство, бегајќи од своето вистинско семејство.
СТЕЛА е прв македонски долгометражен игран филм од детскиот жанр и неговото дејствие се одвива во Македонија (во Скопје, потоа продолжува и во живописниот Галичник), како и во Штутгарт (Германија). СТЕЛА годинава го отвори најголемиот регионален фестивал за детски филмови „КИДС ФЕСТ“

Возрасна категорија: за сите возрасти
Влезница: 100 денари

25 јануари (вторник) 12:00 ч.
27 јануари (четврток) 12:00 ч.
КАРИРАН НИНЏА
(Ternet ninja / Checkered Ninja )
Анимиран филм, Данска
2018, 81 мин., колор, ДЦП
Режија: Андерс Матесен и Торбјорн Кристоферсен (Thorbjørn Christoffersen, Anders Matthesen)

Приказната на анимирана детска авантура КАРИРАН НИНЏА говори за Алекс, ученик кој добива нинџа кукла од неговиот чичко Стјуарт по патувањето во Тајланд. Алекс наскоро сфаќа дека чудната шарена кукла, со копчиња неместо очи, всушност е жива и може да му помогне да се заштити од насилниците на училиште. Меѓутоа, кога Алекс одлучува да ѝ возврати услуга на нинџа куклата, тој открива дека е таа опседната со мисијата да ја одмазди.
КАРИРАН НИНЏА се базира на книгата од данскиот комичар Андерс Матесен, кој исто така го режираше филмот заедно со Торбјорн Кристоферсен. Филмот беше селектиран во детската програма на Берлинскиот филмски фестивал 2018, а годинава руши рекорди во кината низ Данска. Филмот е добитник на наградата „Роберт“ од Данската филмска академија за најдобар филм за деца и млади, како и наградата за најдобро адаптирано сценарио.
КАРИРАН НИНЏА е сихнронизиран на македонски јазик за најмладата публика.

Возрасна категорија: 9 години
Влезница: 100 денари

26 јануари (среда) 12:00 ч.
КАЛАМИТИ ЏЕЈН
(Calamity, une enfance de Martha Jane Cannary / Calamity, a Childhood of Martha Jane Cannary)
Анимиран филм, Франција
2020, 85 мин., колор, ДЦП
Режија: Реми Шаје (Rémi Chayé)
Сценарио: Реми Шаје, Фабрис де Костил (Rémi Chayé, Fabrice de Costil)

Анимираната комедија КАЛАМИТИ ЏЕЈН на Реми Шаје – чиј оригинален наслов гласи КАЛАМИТИ, ДЕТСТВОТО НА МАРТА ЏЕЈН КАНАРИ -беше претставена во официјалната селекција на Канскиот филмски фестивал во 2020 година. Дејствието се случува во 1863 година во САД. Во конвој упатен кон Запад со надеж за подобар живот, таткото на Марта Џејн се повредува. Таа треба да го предводи семејниот караван и да се грижи за коњите. Токму тогаш започнува една опасна авантура полна со средби низ кои ќе дојде до израз храброста на Каламити Џејн.

Возрасна категорија: за сите возрасти
Влезница: 100 денари

 

 

The post Кинотека го продолжи „Кино утро“ додека трае продолжениот зимски распуст appeared first on Република.

]]>

Со продолжувањето на зимскиот распуст, Кинотеката реши да ги почести најмладите посетители со уште филмска недела и својата програма КИНО УТРО ја надополни со нови филмски проекции кои ќе се одржат од 24 до 28 јануари, соопштија од Кинотека.
Овојпат на големото платно ќе можете да го погледнете филмот СТЕЛА, првиот македонски филм за деца, урнебесната комедија КАРИРАН НИНЏА, препознатливиот ПЕТКО ПЕТ ПЛУС и прекрасните анимирани филмови КАЛАМИТИ и ПАТУВАЊЕТО НА ПРИНЦОТ. Уживајте во распустот додека трае!, велат оттаму.
    24 јануари (понеделник) 12:00 ч. 25 јануари (вторник) 14:00 ч. 28 јануари (петок) 12:00 ч. ТАЈНИОТ ИЗУМ (The Secret Invention) ТВ филм за деца 2021, 61 мин., ХД Сценарио: Билјана Црвенковска Режија: Дина Дума Другарите од 5+ стокатницата се загрижени: нешто се случува со Комшо. Мошне е нерасположен, но не сака со никого да разговара за тоа. Тие се обидуваат да дознаат што се случува, а откако ќе откријат дека тој се сели во странство, измислуваат начини како да го задржат Комшо да не замине. А во меѓувреме, Цвајштајн и Комшо подготвуваат проштално изненадување за другарите. Што е тоа? Тоа е еден фантастичен, неверојатен и секако – ТАЕН изум. Но, дури и со тајните и неверојатни изуми на генијалецот Цвајштајн нешто може да тргне во погрешен правец, особено ако во целата работа замеша прсти – кој друг ако не бељаџијата Џими.   27 јануари (четврток) 14:00 ч. ПАТЕШЕСТВИЕТО НА ПРИНЦОТ (Le voyage du prince / The Prince’s voyage) Анимиран филм, Луксембург / Франција 2017, 77 мин., колор, ДЦП Режија: Жан-Франсоа Лагиони, Гзавие Пикар (Jean-François Laguionie, Xavier Picard) Сценарио: Жан-Франсоа Лагиони, Аник Лереј (Jean-François Laguionie, Anik Leray) Лорен, стариот принц на мајмуните, се буди на непознат брег во земјата Ниокус, на кој се насукал по бродската несреќа. Таму го пронаоѓа дванаесетгодишниот Том, чии што родители ќе му пружат засолниште. Родителите на Том се научници во егзил: биле протерани од нивната поранешна заедница бидејќи верувале дека постојат и други мајмунски цивилизации. Принцот најпрвин ќе биде подложен на научни испитувања, а потоа во придружба на Том ќе шета низ главниот град и блиската џунгла, каде што открива непознат и волшебен свет. Но, Принцот ќе ги запознае и ригидните правила кои важат во тој необичен свет за него… ПАТЕШЕСТВИЕТО НА ПРИНЦОТ е ново долгометражно остварување на водечките француски аниматори Жан-Франсоа Лагиони и Гзавие Пикар, кои користат ликови од фантазијата за да раскажат приказна за предизвиците на светот во кој живееме. ПАТЕШЕСТВИЕТО НА ПРИНЦОТ беше конкурент за награда на Европскиот фестивал на фантастичниот филм во Стразбур, Франција (Strasbourg European Fantastic Film Festival), како и на други фестивали за анимирани филмови. Возрасна категорија: 12 години Влезница: 100 денари 24 јануари (понеделник) 14:00 ч. 26 јануари (среда) 14:00 ч. 28 јануари (петок) 14:00 ч. СТЕЛА (Stela) Игран филм, Македонија / Србија / Германија 2020, 90 мин., колор, ДЦП Режија: Стојан Вујичиќ (Stojan Vujichikj) Сценарио: Ева Камчевска (Eva Kamchevska) Улоги: Симеон Мони Дамевски, Дејан Лилиќ, Петар Маниќ, Тони Михајловски, Христина Поповиќ (Simeon Moni Damevski, Dejan Lilikj, Petar Manikj, Toni Mihajlovski, Hristina Popović) СТЕЛА е приказна за едно куче-шарпланинка, едно дете и еден дедо. Откако детето Николa (Петар Маниќ, за прв пат на филм) ќе се обиде да се самоубие поради малтретирањето од врсниците на училиште, изгледа дека никој не ќе може да допре до него. Престанува со секаква вербална комуникација. Шарпланинката Стела е единствената која не бара ништо од него, не поставува прашања, не бара одговори. Доволно е неговото постоење и среќна е од неговата близина. Детето ќе почне да се поистоветува со неа, па неговиот глас може да се слушне единствено кога лае. Дедото, кој избегал од луѓето за да живее сам на бачилото, неволно ќе го прифати Никола, но во текот на оваа авантура ќе станат семејство, бегајќи од своето вистинско семејство. СТЕЛА е прв македонски долгометражен игран филм од детскиот жанр и неговото дејствие се одвива во Македонија (во Скопје, потоа продолжува и во живописниот Галичник), како и во Штутгарт (Германија). СТЕЛА годинава го отвори најголемиот регионален фестивал за детски филмови „КИДС ФЕСТ“ Возрасна категорија: за сите возрасти Влезница: 100 денари 25 јануари (вторник) 12:00 ч. 27 јануари (четврток) 12:00 ч. КАРИРАН НИНЏА (Ternet ninja / Checkered Ninja ) Анимиран филм, Данска 2018, 81 мин., колор, ДЦП Режија: Андерс Матесен и Торбјорн Кристоферсен (Thorbjørn Christoffersen, Anders Matthesen) Приказната на анимирана детска авантура КАРИРАН НИНЏА говори за Алекс, ученик кој добива нинџа кукла од неговиот чичко Стјуарт по патувањето во Тајланд. Алекс наскоро сфаќа дека чудната шарена кукла, со копчиња неместо очи, всушност е жива и може да му помогне да се заштити од насилниците на училиште. Меѓутоа, кога Алекс одлучува да ѝ возврати услуга на нинџа куклата, тој открива дека е таа опседната со мисијата да ја одмазди. КАРИРАН НИНЏА се базира на книгата од данскиот комичар Андерс Матесен, кој исто така го режираше филмот заедно со Торбјорн Кристоферсен. Филмот беше селектиран во детската програма на Берлинскиот филмски фестивал 2018, а годинава руши рекорди во кината низ Данска. Филмот е добитник на наградата „Роберт“ од Данската филмска академија за најдобар филм за деца и млади, како и наградата за најдобро адаптирано сценарио. КАРИРАН НИНЏА е сихнронизиран на македонски јазик за најмладата публика. Возрасна категорија: 9 години Влезница: 100 денари 26 јануари (среда) 12:00 ч. КАЛАМИТИ ЏЕЈН (Calamity, une enfance de Martha Jane Cannary / Calamity, a Childhood of Martha Jane Cannary) Анимиран филм, Франција 2020, 85 мин., колор, ДЦП Режија: Реми Шаје (Rémi Chayé) Сценарио: Реми Шаје, Фабрис де Костил (Rémi Chayé, Fabrice de Costil) Анимираната комедија КАЛАМИТИ ЏЕЈН на Реми Шаје – чиј оригинален наслов гласи КАЛАМИТИ, ДЕТСТВОТО НА МАРТА ЏЕЈН КАНАРИ -беше претставена во официјалната селекција на Канскиот филмски фестивал во 2020 година. Дејствието се случува во 1863 година во САД. Во конвој упатен кон Запад со надеж за подобар живот, таткото на Марта Џејн се повредува. Таа треба да го предводи семејниот караван и да се грижи за коњите. Токму тогаш започнува една опасна авантура полна со средби низ кои ќе дојде до израз храброста на Каламити Џејн. Возрасна категорија: за сите возрасти Влезница: 100 денари    

The post Кинотека го продолжи „Кино утро“ додека трае продолжениот зимски распуст appeared first on Република.

]]>