кинопремиера Archives - Република https://republika.mk/tema/kinopremiera/ За подобро да се разбереме Thu, 19 Sep 2024 08:25:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кинопремиера Archives - Република https://republika.mk/tema/kinopremiera/ 32 32 „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски со македонска кинопремиера https://republika.mk/scena/film/biznisot-na-zadovolstvoto-na-gotse-tsvetanovski-so-makedonska-kinopremiera/ Thu, 19 Sep 2024 08:25:17 +0000 https://republika.mk/?p=817677

По фестивалската турнеја на „Бизнисот на задоволството“, политичкиот трилер на Гоце Цветановски, доаѓа во Скопје. Македонската кинопремиера ќе се одржи на 19 септември, во 19, 30 часот, од кога ќе се најде на репертоарот на „Синеплекс“.

Дебитантскиот игран филм на Гоце Цветановски, во јули, влезе во официјалната селекција на 17-тото издание на фестивалот Сине дел Мар во Пунта дел Есте, Уругвај.

После Аргентина, Панама, Перу, Венецуела и Боливија, ова беше шеста номинација на „Бизнисот на задоволството“ во Латинска Америка. Инаку филмот се закити со награди за најдобар филм во Панама и Перу.

Во „Бизнисот на задоволството“ кој ја обработува темата на трговија со жени, во главните улоги играат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ и Исмаил Касуми, а финансиран е од Агенцијата за филм.

The post „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски со македонска кинопремиера appeared first on Република.

]]>

По фестивалската турнеја на „Бизнисот на задоволството“, политичкиот трилер на Гоце Цветановски, доаѓа во Скопје. Македонската кинопремиера ќе се одржи на 19 септември, во 19, 30 часот, од кога ќе се најде на репертоарот на „Синеплекс“. Дебитантскиот игран филм на Гоце Цветановски, во јули, влезе во официјалната селекција на 17-тото издание на фестивалот Сине дел Мар во Пунта дел Есте, Уругвај. После Аргентина, Панама, Перу, Венецуела и Боливија, ова беше шеста номинација на „Бизнисот на задоволството“ во Латинска Америка. Инаку филмот се закити со награди за најдобар филм во Панама и Перу. Во „Бизнисот на задоволството“ кој ја обработува темата на трговија со жени, во главните улоги играат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ и Исмаил Касуми, а финансиран е од Агенцијата за филм.

The post „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски со македонска кинопремиера appeared first on Република.

]]>
Уметноста, а во овој случај филмот, поставува прашања, а ние треба да донесеме решенија за поубав живот https://republika.mk/vesti/kultura/umetnosta-a-vo-ovoj-sluchaj-filmot-postavuva-prashana-a-nie-treba-da-doneseme-reshenija-za-poubav-zhivot/ Mon, 09 Oct 2023 08:33:09 +0000 https://republika.mk/?p=689426

Приказната за осамено момче од шумата, кое наидува на низа предизвици и авантури, барајќи ја својата самовила, имаше премиерно киноприкажување на 5 октомври во Синеплекс, а по премиерната проекција на филмот „М“ на Вардан Тозија публиката ќе може да го погледне во кино „Милениум“ како и во кино салите во Битола, Охрид, Велес, Штип, Струмица...

Актерот Сашко Коцев толкува една од главните улоги во филмот и со него разговаравме за соработката со Тозија, како се подготвувале сцените во кои се снима со децата, пораката што ја носи филмот...

Во пресрет на кинопремиерата на филмот „М“ на режисерот Вардан Тозија кажете ни што Ви остави најголем впечаток кога за прв пат го видовте сценариото?

Секако тоа е самата идеја за сценариото и контекстот во кој се ставени сите метафори за денешното живеење. А потоа и ликот кој ми беше понуден.

Kако го градевте ликот? Што беше тоа што ве инспирираше?

Па мојот пристап кон сите ликови е ист, а тоа е моето лично животно искуство, но ставено во даденото сценарио. Но, овде само може да признаам дека најмногу до сега сум се потпрел на режисерот и неговото видување, зашто сепак ова не е приказна или ситуација од вистинскиот живот.

Станува збор за дистописка приказна... Како ја доживеавте Вие?

Воопшто не ја доживеав како дистопија, или некаков хорор или останатите жанрови во кои го сместуваат филмот. Јас го доживеа како метафора за вистинско отсликување на денешницата, изгубена човечност и љубов, изгубена искреност, како секој кој не сака да се приклучи на мнозинството станува отфрлен, за лажните водачи и за последната човекова надеж, или прашањето дали воопшто има надеж.

Филмот е сниман пред четири години... Кога ќе се навратите од оваа перспектива по што ќе го паметите ова снимање? Вашата улога е татко на Марко. Како течеше снимањето со децата? Имавте ли потешкотии? Какви се искуствата?

Снимањето со деца носи потешкотии во смисла дека тоа не се возрасни луѓе,туку мали чисти души кои различно реагираат на нашите веќе воспоставени односи, однесувања, реакции и методи на работа. Мораш ти да имаш разбирање за нив, затоа што тие никако не би можеле да имаат за нас. Тоа значи да се навратиш на своето детство , да се присетиш што би можело да те навреди, повреди или исплаши. Но, секако од друга страна беше и забавно и креативно исполнето.

Надежта го одржа човештвото, но нè одведе предалеку. Ја уништивме планетата. Па се навртевме едни против други. Вистинското прашање е, кој го носи вирусот?

И јас често си го поставуввам прашањето. Мислам злото во човекот кое секогаш негде тлее сокриено, во секого, но ја чека човековата слабост, плодна почва кај него за да излезе и го обземе целосно. Има само еден лик во филмот за кого се кажува дека тој ``вирус`` не може да го зарази затоа што таквиот лик не знае за никакво зло воопшто, не носи во себе такво нешто.

Филмот носи бројни пораки. Ќе извлечеме ли некакви поуки како понатаму?

Секако дека уметноста треба да не замисли, да постави прашања, да не поучи, или да пробуди нешто ново. Ова секако е филм кој ќе не замисли, неговата идеја е на многу нивоа и сценариото ќе отвори многу прашања. Сега останува на публиката и на нас, колку од тие прашања ќе можеме да си ги одговориме и дали воопшто ќе сакаме да се запрашаме.

Вие сте актер со големо искуство. Сте снимале со повеќе режисери, но токму за снимањето на овој филм на прес-конференцијата рековте дека сте биле среќни за улогата поради здравата режисерска рака и дека сметате оти овој филм ќе го крене нивото во македонската кинематографија. Што е според Вас најважно во односот режисер-актер?

Најважна е довербата. Она што јас ќе сакам да го одиграм со свое видување, режисерот да не го плаши дека е погрешно, а исто така онаму кај што те носи режисерот со своите индикации, да не те плаши да отидеш како актер, да видиш нешто ново во ликот и да извадиш нешто ново од себе.

Сметате ли дека филмот како медиум, со своите пораки може да донесе промени во општеството?

Уметноста, а во овој случај филмот, поставува прашања, ама не и решенија.Така да ние сме тие кои треба да донесеме решенија за поубав живот. Филмот само на тоа може да укаже како некој кој го гледа сето ова од страна со своите интелегентни ставови.

The post Уметноста, а во овој случај филмот, поставува прашања, а ние треба да донесеме решенија за поубав живот appeared first on Република.

]]>

Приказната за осамено момче од шумата, кое наидува на низа предизвици и авантури, барајќи ја својата самовила, имаше премиерно киноприкажување на 5 октомври во Синеплекс, а по премиерната проекција на филмот „М“ на Вардан Тозија публиката ќе може да го погледне во кино „Милениум“ како и во кино салите во Битола, Охрид, Велес, Штип, Струмица... Актерот Сашко Коцев толкува една од главните улоги во филмот и со него разговаравме за соработката со Тозија, како се подготвувале сцените во кои се снима со децата, пораката што ја носи филмот... Во пресрет на кинопремиерата на филмот „М“ на режисерот Вардан Тозија кажете ни што Ви остави најголем впечаток кога за прв пат го видовте сценариото?