Кино љубов Archives - Република https://republika.mk/tema/kino-lubov/ За подобро да се разбереме Fri, 13 Oct 2023 07:47:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кино љубов Archives - Република https://republika.mk/tema/kino-lubov/ 32 32 „Кино Љубов“ е вивисекција на нашиот живот како уметници, но и на нас како луѓе, вели режисерот Јани Бојаџи пред денешната премиера на филмот во Штип https://republika.mk/vesti/kultura/kino-lubov-e-vivisektsija-na-nashiot-zhivot-kako-umetnitsi-no-i-na-nas-kako-luge-veli-rezhiserot-jani-bojadhi-pred-deneshnata-premiera-na-filmot-vo-shtip/ Fri, 13 Oct 2023 07:47:47 +0000 https://republika.mk/?p=690728

Штипјани ќе имаат ретка можност да бидат домаќини на премиера на македонски игран филм. „Кино Љубов“, во режија на Јани Бојаџи, првпат ќе се прикаже во Македонија, денеска на 13 октомври во Киноверзум во Штип, со почеток во 21 часот.

„Кино Љубов“ е исклучително интересна приказна раскажана со голема умешност а низ малку кадри.

Бојаџи е и продуцент на филмот, заедно Дејан Милошевски.

„’Кино Љубов’ е вивисекција на нашиот живот денеска како уметници но и на нас како луѓе, чии семејства под притисок на лудилото наоколу се на работ на распаѓање. Овој филм е нашиот одговор на прашањето како да се сочуваме самите себе си и нашите семејства? Љубовта е состојката за спас која ние во овој филм, кој во суштина е насилен, во краен случај ја нудиме и во неа веруваме до крај“ објаснува режисерот и сценарист Бојаџи.

Филмот е првата македонска „инди“ - независна продукција и снимен е без финансиска подршка од Агенцијата за филм и Министерството за култура на Македонија. Сниман е за време на Корона епидемијата во Скопје, под специјални здравствени услови.

Овој проект за време на подготовките и снимањето, минуваше низ процес досега непознат за македонската кинематографија во однос на снимање и работа со актери. Приказната е раскажана во десет кадри, со што по својата форма ‘Кино Љубов’ е прв македонски филм направен во стилот познат како ‘уан тејк’“ изјави продуцентот Милошевски.

Филмот во продукција на Синемон Медиа Фактори и Револутион.

Во главните улоги настапуваат Дејан Лилиќ, Јелена Жуѓиќ, Роберт Ристов, Мирјана Ристов и Благоја Чоревски како специјална ѕвезда гостин.

Автор на музиката е најголемиот македонски филмски композирот Горан Трајковски, дизајнер на звук е истотаја реномираниот Игор Василев - Новоградска, продукциски дизајнер е Лазе Трипков, оператор на камера е Марко Најдановски а директор на фотографија Иван Зоровски.

„’Кино Љубов’ е проект направен од љубов. Сите кои се трудеа да го склопат се вљубеници во својата работа и тоа се на крајот и се гледа, публиката ќе го почуствува. Љубителите на филмот ќе ја препознаат енергијата која вткаена во него“ вели актерот Дејан Лилиќ.

Скопската премиера е закажана за 26 октомври во киното Синеплекс, а во меѓувреме филмот ќе го види и пубиката во Неготина, Велес, Свети Николе, Прилеп и други градови низ цела Македонија.

„Продукцијата се одлучи за Штип како културен и универзитетски центар во Македонија и град со богата кино традиција. Киноверзум со нас го споделува нашиот ентизијазам и градовите надвор од Скопје да се етаблираат како кино и филмски центри“ вели Јани Бојаџи.

„Кино Љубов“ ја раскажува приказната за актерот Коста кој четири години е без ангажман во неговиот театар. Згора на се, се случува епидемија на корона. Неиграњето го убива. Така доаѓа на дека тоа е моментот да го реализира својот животен сон да направи приватно кино во кое ќе се прикажуваат само љубовни филмови. И зема заем од неговиот шура Стево, инаку познат лихвар во градот. И покрај настојувањето на целото семејство да ја разбере ситуацијата дека Коста не може да го врати заемот, Стево е немилосрден, си ги сака парите назад. Така се растура семјеството потонато во меѓусебни долгови и недоразбирања кои завршуваат со бомба која под колата на Стево му ја подметнуваат сопругата и сестрата.

Светската премиера на „Кино Љубов“ беше во Декември 2022-та година на Фестивалот на авторскиот филм во Белград. Досега помина 13 фестивали на три континенти, а до крајот на годината го очекуваат и фестивали во Загреб, Рим и Измир, со тоа ќе се вброи меѓу македонските долгометражни филмови кои оствариле најголем број фестивалски учества надвор од Македонија.

The post „Кино Љубов“ е вивисекција на нашиот живот како уметници, но и на нас како луѓе, вели режисерот Јани Бојаџи пред денешната премиера на филмот во Штип appeared first on Република.

]]>

Штипјани ќе имаат ретка можност да бидат домаќини на премиера на македонски игран филм. „Кино Љубов“, во режија на Јани Бојаџи, првпат ќе се прикаже во Македонија, денеска на 13 октомври во Киноверзум во Штип, со почеток во 21 часот. „Кино Љубов“ е исклучително интересна приказна раскажана со голема умешност а низ малку кадри. Бојаџи е и продуцент на филмот, заедно Дејан Милошевски.
„’Кино Љубов’ е вивисекција на нашиот живот денеска како уметници но и на нас како луѓе, чии семејства под притисок на лудилото наоколу се на работ на распаѓање. Овој филм е нашиот одговор на прашањето како да се сочуваме самите себе си и нашите семејства? Љубовта е состојката за спас која ние во овој филм, кој во суштина е насилен, во краен случај ја нудиме и во неа веруваме до крај“ објаснува режисерот и сценарист Бојаџи.
Филмот е првата македонска „инди“ - независна продукција и снимен е без финансиска подршка од Агенцијата за филм и Министерството за култура на Македонија. Сниман е за време на Корона епидемијата во Скопје, под специјални здравствени услови.
Овој проект за време на подготовките и снимањето, минуваше низ процес досега непознат за македонската кинематографија во однос на снимање и работа со актери. Приказната е раскажана во десет кадри, со што по својата форма ‘Кино Љубов’ е прв македонски филм направен во стилот познат како ‘уан тејк’“ изјави продуцентот Милошевски.
Филмот во продукција на Синемон Медиа Фактори и Револутион. Во главните улоги настапуваат Дејан Лилиќ, Јелена Жуѓиќ, Роберт Ристов, Мирјана Ристов и Благоја Чоревски како специјална ѕвезда гостин. Автор на музиката е најголемиот македонски филмски композирот Горан Трајковски, дизајнер на звук е истотаја реномираниот Игор Василев - Новоградска, продукциски дизајнер е Лазе Трипков, оператор на камера е Марко Најдановски а директор на фотографија Иван Зоровски.
„’Кино Љубов’ е проект направен од љубов. Сите кои се трудеа да го склопат се вљубеници во својата работа и тоа се на крајот и се гледа, публиката ќе го почуствува. Љубителите на филмот ќе ја препознаат енергијата која вткаена во него“ вели актерот Дејан Лилиќ.
Скопската премиера е закажана за 26 октомври во киното Синеплекс, а во меѓувреме филмот ќе го види и пубиката во Неготина, Велес, Свети Николе, Прилеп и други градови низ цела Македонија. „Продукцијата се одлучи за Штип како културен и универзитетски центар во Македонија и град со богата кино традиција. Киноверзум со нас го споделува нашиот ентизијазам и градовите надвор од Скопје да се етаблираат како кино и филмски центри“ вели Јани Бојаџи. „Кино Љубов“ ја раскажува приказната за актерот Коста кој четири години е без ангажман во неговиот театар. Згора на се, се случува епидемија на корона. Неиграњето го убива. Така доаѓа на дека тоа е моментот да го реализира својот животен сон да направи приватно кино во кое ќе се прикажуваат само љубовни филмови. И зема заем од неговиот шура Стево, инаку познат лихвар во градот. И покрај настојувањето на целото семејство да ја разбере ситуацијата дека Коста не може да го врати заемот, Стево е немилосрден, си ги сака парите назад. Така се растура семјеството потонато во меѓусебни долгови и недоразбирања кои завршуваат со бомба која под колата на Стево му ја подметнуваат сопругата и сестрата. Светската премиера на „Кино Љубов“ беше во Декември 2022-та година на Фестивалот на авторскиот филм во Белград. Досега помина 13 фестивали на три континенти, а до крајот на годината го очекуваат и фестивали во Загреб, Рим и Измир, со тоа ќе се вброи меѓу македонските долгометражни филмови кои оствариле најголем број фестивалски учества надвор од Македонија.  

The post „Кино Љубов“ е вивисекција на нашиот живот како уметници, но и на нас како луѓе, вели режисерот Јани Бојаџи пред денешната премиера на филмот во Штип appeared first on Република.

]]>
Утре во Штип премиера на филмот „Кино љубов“ на Јани Бојаџи https://republika.mk/vesti/kultura/utre-vo-shtip-premiera-na-filmot-kino-lubov-na-jani-bojadhi/ Thu, 12 Oct 2023 08:09:30 +0000 https://republika.mk/?p=690380

Штипјани ќе имаат ретка можност да бидат домаќини на премиера на македонски игран филм. „Кино Љубов“, во режија на Јани Бојаџи, првпат ќе се прикаже во Македонија, утре на 13 октомври во Киноверзум во Штип, со почеток во 21 часот. „Кино Љубов“ претходно беше прикажан на Фестивали и имаа проекции во повеќе држави.

Бојаџи е режисер, сценарист и копродуцент на филмот, во кој во главните улоги се Дејан Лилиќ, Јелена Жуѓиќ, Роберт Ристов, Мирјана Ристов и Благоја Чоревски. Музиката ја напиша Горан Трајковски, дизајнер на звук е Игор Василев, продукциски дизајнер е Лазе Трипков, а директор на фотографијата е Иван Зороски.

Првпат се случува македонска премиера на игран филм да се одржи надвор од Скопје. Продукцијата се одлучи за Штип како културен и универзитетски центар во Македонија и град со богата кинотрадиција“, велат од „Синемон медија фектори“.

The post Утре во Штип премиера на филмот „Кино љубов“ на Јани Бојаџи appeared first on Република.

]]>

Штипјани ќе имаат ретка можност да бидат домаќини на премиера на македонски игран филм. „Кино Љубов“, во режија на Јани Бојаџи, првпат ќе се прикаже во Македонија, утре на 13 октомври во Киноверзум во Штип, со почеток во 21 часот. „Кино Љубов“ претходно беше прикажан на Фестивали и имаа проекции во повеќе држави. Бојаџи е режисер, сценарист и копродуцент на филмот, во кој во главните улоги се Дејан Лилиќ, Јелена Жуѓиќ, Роберт Ристов, Мирјана Ристов и Благоја Чоревски. Музиката ја напиша Горан Трајковски, дизајнер на звук е Игор Василев, продукциски дизајнер е Лазе Трипков, а директор на фотографијата е Иван Зороски.