кинескиот амбасадо Џанг Ѕуо Archives - Република https://republika.mk/tema/kineskiot-ambasado-dhang-zuo/ За подобро да се разбереме Wed, 26 Jun 2024 11:18:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кинескиот амбасадо Џанг Ѕуо Archives - Република https://republika.mk/tema/kineskiot-ambasado-dhang-zuo/ 32 32 Сиљановска Давкова го прими кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо https://republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-go-primi-kineskiot-ambasador-dhang-zuo/ Wed, 26 Jun 2024 11:18:37 +0000 https://republika.mk/?p=790969

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо, соопшти нејзиниот кабинет.

На средбата е констатирано дека билатералните односи меѓу двете држави се основани врз пријателство и соработка во сите области од взаемен интерес, при што претседателката Сиљановска Давкова изрази подготвеност за натамошно проширување на билатералната соработка и продлабочување на македонско-кинеското пријателство во текот на нејзиниот мандат. Таа го реафирмираше македонскиот став за почитување на политиката „Една Кина“.

Соговорниците изразија очекување дека и понатаму ќе продолжат да се развиваат и унапредуваат меѓусебните односи во сите сфери од взаемен интерес, особено во делот на трговската размена и капиталните инфраструктурни проекти и ги нагласија можностите за проширување на економската соработка и туризмот. Во тој контекст, претседателката посочи дека е неопходно македонските стопанственици да бидат подобро запознаени со регулативата, прописите и функционирањето на кинескиот пазар, како би можело да се зголеми извозот во Кина.

Претседателката Сиљановска Давкова и кинескиот амбасадор Ѕуо разговараа и за улогата и влијанието на Народна Република Кина во светот, како и во нашиот регион, особено во контекст на економијата, а разменија мислења и информации и за ставовите на кинеската надворешна политика, се вели во соопштиението од кабинетот на Сиљановска Давкова.

 

The post Сиљановска Давкова го прими кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо, соопшти нејзиниот кабинет. На средбата е констатирано дека билатералните односи меѓу двете држави се основани врз пријателство и соработка во сите области од взаемен интерес, при што претседателката Сиљановска Давкова изрази подготвеност за натамошно проширување на билатералната соработка и продлабочување на македонско-кинеското пријателство во текот на нејзиниот мандат. Таа го реафирмираше македонскиот став за почитување на политиката „Една Кина“. Соговорниците изразија очекување дека и понатаму ќе продолжат да се развиваат и унапредуваат меѓусебните односи во сите сфери од взаемен интерес, особено во делот на трговската размена и капиталните инфраструктурни проекти и ги нагласија можностите за проширување на економската соработка и туризмот. Во тој контекст, претседателката посочи дека е неопходно македонските стопанственици да бидат подобро запознаени со регулативата, прописите и функционирањето на кинескиот пазар, како би можело да се зголеми извозот во Кина. Претседателката Сиљановска Давкова и кинескиот амбасадор Ѕуо разговараа и за улогата и влијанието на Народна Република Кина во светот, како и во нашиот регион, особено во контекст на економијата, а разменија мислења и информации и за ставовите на кинеската надворешна политика, се вели во соопштиението од кабинетот на Сиљановска Давкова.  

The post Сиљановска Давкова го прими кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо appeared first on Република.

]]>