кинеска фирма Archives - Република https://republika.mk/tema/kineska-firma/ За подобро да се разбереме Tue, 11 Oct 2022 18:27:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кинеска фирма Archives - Република https://republika.mk/tema/kineska-firma/ 32 32 Сто илјади Срби наседнале на пирамидална измама на кинеската компанија „Кенгуру трежр“ https://republika.mk/vesti/balkan/sto-iljadi-srbi-nasednale-na-piramidalna-izmama-na-kineskata-kompanija-kenguru-trezr/ Tue, 11 Oct 2022 18:27:23 +0000 https://republika.mk/?p=559797

Околу 100.000 граѓани на Србија се оштетени во пирамидалната измама на кинеската компанија „Кенгуру трежр“, пишува Нова.рс.  Според проценката на оштетените, секој од нив е со загуба од најмалку неколку десетици илјади и до неколку милиони динари. Некои, верувајќи во лесна заработка на Интернет, земале кредити.

Фирмата била регистрирана во април годинава за трговија на мало преку пошта или интернет, а како сопственик и исновач се јавува извесен Либо Лиу, државјанин на Кина.

Компанијата се рекламирала како платформа за правен бизнис на Интернет.

Членовите кои решиле да работат на оваа платформа морале да уплатат минимален депозит од 2.000 динари на сметката на компанијата, кој по уплатата би бил на сметката на платформата Кориника, а со тие пари се извршувале задачи, како на пример пишување рецензии за одредени производи на Амазон, Алибаба, АлиЕкспрес... кои се лошо оценети, за да им го подигнеме рејтингот на страницата. За возврат би добиле 0,1 отсто од сумата што ја плативме. Колку повеќе пари имавме на платформата, толку повеќе задачи добивавме“, објаснува Александар Ивановиќ, еден од жртвите.

Комуникацијата со надредените се одвивала преку Телеграм, а групата секојдневно растела.

По три месеци, членовите добиле известување на групата дека „сметката на компанијата достигнала 200 милиони динари, што е лимитот“, и дека постои ризик „трансакциите да одат од 10% на 20% данок“. Затоа, со нов почетен капитал од 100 динари, се отвора нова компанија „Sassilo group d.o.o.“.

Во оваа фирма одговорно лице е кинески државјанин, извесен Ликун Ли. Добиена е и нова жиро сметка на која членовите вложувале депозити.

Според членовите, платформата функционирала како што треба до крајот на август.

Тогаш добивме известување дека даночната инспекција извршила упад и дека треба да ги платат сите даноци за нашите плаќања. После тоа ни побараа да платиме 43% од вкупната сума што ја имавме на платформата за да можеме да си ги подигнеме парите, а данокот од 43% да ни биде вратен на сметката по седум дена. Одреден број луѓе поверувале и платиле уште 43%, по што не добиле ништо од парите, ниту одговор од поддршката за корисници, вели Ивановиќ, истакнувајќи дека тогаш сфатиле дека биле измамени и дека нема да си ги вратат парите.

Целиот текст ТУКА

The post Сто илјади Срби наседнале на пирамидална измама на кинеската компанија „Кенгуру трежр“ appeared first on Република.

]]>

Околу 100.000 граѓани на Србија се оштетени во пирамидалната измама на кинеската компанија „Кенгуру трежр“, пишува Нова.рс.  Според проценката на оштетените, секој од нив е со загуба од најмалку неколку десетици илјади и до неколку милиони динари. Некои, верувајќи во лесна заработка на Интернет, земале кредити. Фирмата била регистрирана во април годинава за трговија на мало преку пошта или интернет, а како сопственик и исновач се јавува извесен Либо Лиу, државјанин на Кина. Компанијата се рекламирала како платформа за правен бизнис на Интернет.
Членовите кои решиле да работат на оваа платформа морале да уплатат минимален депозит од 2.000 динари на сметката на компанијата, кој по уплатата би бил на сметката на платформата Кориника, а со тие пари се извршувале задачи, како на пример пишување рецензии за одредени производи на Амазон, Алибаба, АлиЕкспрес... кои се лошо оценети, за да им го подигнеме рејтингот на страницата. За возврат би добиле 0,1 отсто од сумата што ја плативме. Колку повеќе пари имавме на платформата, толку повеќе задачи добивавме“, објаснува Александар Ивановиќ, еден од жртвите.
Комуникацијата со надредените се одвивала преку Телеграм, а групата секојдневно растела. По три месеци, членовите добиле известување на групата дека „сметката на компанијата достигнала 200 милиони динари, што е лимитот“, и дека постои ризик „трансакциите да одат од 10% на 20% данок“. Затоа, со нов почетен капитал од 100 динари, се отвора нова компанија „Sassilo group d.o.o.“. Во оваа фирма одговорно лице е кинески државјанин, извесен Ликун Ли. Добиена е и нова жиро сметка на која членовите вложувале депозити. Според членовите, платформата функционирала како што треба до крајот на август.