кинематографија Archives - Република https://republika.mk/tema/kinematografija/ За подобро да се разбереме Fri, 27 Oct 2023 08:17:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кинематографија Archives - Република https://republika.mk/tema/kinematografija/ 32 32 Костадиновска-Стојчевска: Имаме начини да се поврземе со лондонскиот фестивал за жените во кинематографијата https://republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-imame-nachini-da-se-povrzeme-so-londonskiot-festival-za-zhenite-vo-kinematografijata/ Fri, 27 Oct 2023 08:17:34 +0000 https://republika.mk/?p=695425

Во рамките на посетата на Лондон, по повод 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи со Обединетото Кралство, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска се сретна со директорката на Филмскиот фестивал за жени над 50 години (познат како WOFFF), Нула О’Саливен.

Средбата отвори прашања што ги засегаат жените во светот на филмската индустрија и беше посочена улогата што ја има овој фестивал – преку афирмацијата на повозрасните жени во филмот, да се спротивствува на поделбите и сексизмот со кои се соочуваат многу жени авторки.

Министерката Костадиновска-Стојчевска изрази задоволство што лондонскиот фестивал ќе го прикаже во ноември и македонскиот филм „Медена земја“, со што се потенцира и моќната порака на авторите кои со ова остварување имаат посебно влијание во глобални рамки.

Радува фактот што во македонската кинематографија многу жени започнаа сериозно да се занимаваат со оваа уметност, а дел од нив се: Марија Апчевска, Тамара Котевска, Елеонора Венинова, Дина Дума. Тие се еден вистински нов, женски бран во македонската кинематографија и тие полека, но сигурно ги освојуваат европскиот и светскиот културен простор како дел од селекцијата на многу престижни филмски фестивали, рече Костадиновска-Стојчевска на средбата.

Министерката Костадиновска-Стојчевска и директорката О’Саливен разговараа и за успешната соработка во рамките на новиот филм на Тамара Котевска, „Патешествието“, кој е направен во британска продукција и македонска малцинска копродукција и кој светската премиера ќе ја има во Њујорк, на најстариот и најголем фестивал посветен на документарни филмови во ноември, DOC NYC.

Средбата беше повод да се поразговара и за идните можности за иницирање соработка на Филмскиот фестивал за жени над 50 години (WOFFF) со македонските филмски фестивали, особено со најстариот „Браќа Манаки“ во Битола. Костадиновска-Стојчевска и О’ Саливен разговараа и за можноста млади автори од Македонија да учествуваат на овој меѓународен фестивал со филмови во чиј фокус се жините над 50-годишна возраст.

The post Костадиновска-Стојчевска: Имаме начини да се поврземе со лондонскиот фестивал за жените во кинематографијата appeared first on Република.

]]>

Во рамките на посетата на Лондон, по повод 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи со Обединетото Кралство, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска се сретна со директорката на Филмскиот фестивал за жени над 50 години (познат како WOFFF), Нула О’Саливен. Средбата отвори прашања што ги засегаат жените во светот на филмската индустрија и беше посочена улогата што ја има овој фестивал – преку афирмацијата на повозрасните жени во филмот, да се спротивствува на поделбите и сексизмот со кои се соочуваат многу жени авторки. Министерката Костадиновска-Стојчевска изрази задоволство што лондонскиот фестивал ќе го прикаже во ноември и македонскиот филм „Медена земја“, со што се потенцира и моќната порака на авторите кои со ова остварување имаат посебно влијание во глобални рамки.
Радува фактот што во македонската кинематографија многу жени започнаа сериозно да се занимаваат со оваа уметност, а дел од нив се: Марија Апчевска, Тамара Котевска, Елеонора Венинова, Дина Дума. Тие се еден вистински нов, женски бран во македонската кинематографија и тие полека, но сигурно ги освојуваат европскиот и светскиот културен простор како дел од селекцијата на многу престижни филмски фестивали, рече Костадиновска-Стојчевска на средбата.
Министерката Костадиновска-Стојчевска и директорката О’Саливен разговараа и за успешната соработка во рамките на новиот филм на Тамара Котевска, „Патешествието“, кој е направен во британска продукција и македонска малцинска копродукција и кој светската премиера ќе ја има во Њујорк, на најстариот и најголем фестивал посветен на документарни филмови во ноември, DOC NYC. Средбата беше повод да се поразговара и за идните можности за иницирање соработка на Филмскиот фестивал за жени над 50 години (WOFFF) со македонските филмски фестивали, особено со најстариот „Браќа Манаки“ во Битола. Костадиновска-Стојчевска и О’ Саливен разговараа и за можноста млади автори од Македонија да учествуваат на овој меѓународен фестивал со филмови во чиј фокус се жините над 50-годишна возраст.

The post Костадиновска-Стојчевска: Имаме начини да се поврземе со лондонскиот фестивал за жените во кинематографијата appeared first on Република.

]]>