Слатките по кои цел свет „полуде“ се дело на познатиот Мишел Ферер. Човекот кој ја создаде империјата на слатките почина пред девет години, а зад себе остави ги Нутела, бонбоните тик-так, и познатото јајце Киндер.
Почетокот на компанијата
Историјата и приказната за познатото семејство Фереро, кое изгради вистинско чудо и слатка империја, датира од 1946 година.
Историјата на „Групата Фереро“ е приказна за упорниот семеен дух и успех низ три генерации. Браќата Пјетро и Џовани Фереро работеа заедно во мала семејна слаткарница за да создадат производи што ќе го дефинираат името Фереро. Пјетро бил двигател на иновативноста и креативноста што подоцна ќе му ја пренесе на својот син, Микеле Ферер.
Пјетро бил познат по својата љубов кон експериментирањето, а неговите пријатели со љубов го нарекувале „научникот“. Тој секогаш се обидувал да најде нови вкусови и текстури за да ги изненади и воодушеви клиентите во италијанскиот град Алба, каде што сè започна.
Од локални почетоци до меѓународна слава
Семејството Фереро беше првиот италијански производител по Втората светска војна што отвори производствени капацитети и канцеларии во странство во овој сектор, претворајќи ја компанијата во вистински меѓународен играч.
Нивната меѓународна експанзија започна сериозно во 1956 година, кога беше отворена голема фабрика во Германија. Кратко време подоцна, втората меѓународна локација на Фереро беше отворена во Франција, и оттогаш нејзиниот раст е сè побрз. .
Креатори на светски познати слатки
Она по што се најпознати и што ги направи најпознати е чоколадниот намаз, Нутела, кој го има речиси во секој дом. Исто така, Нутела често се споменува како еден од највпечатливите симболи на глобализацијата.
Приказната за Нутела
Сè започна по Втората светска војна. Чоколадото во тоа време било многу скапо и никој не можеше да си го дозволи, барем не во Италија. Семејството Фереро имало своја чоколадна формула, која најмногу вклучувала лешници, бидејќи Алба била полна со лешници. Визијата на семејството беше:
„Како да направиме нов рецепт со помалку какао и висока хранлива вредност на лешниците“. Секако дека успеале во тоа, а познатиот рецепт се нарекува многу едноставно - 'Супер крема'.
Потоа, 20 години подоцна, се појавила идејата малку да се подобри овој рецепт, бидејќи се развиваа нови технологии и нови методи. Така Мишел Фереро ги интегрираше сите овие новитети со веќе постоечкиот рецепт и создаде вистинско чудо. Нутела е создадена во 1964 година.
Семејната компанија Фереро е многу таинствена, а причината е, наводно, претпазливоста од шпионажата од конкурентите. Никогаш нема одржано прес-конференција и не дозволува медиумите да ги посетат нејзините објекти. Производите на Ferrero се направени со машини дизајнирани од внатрешен инженерски оддел.
The post Компанијата која ја прави „Нутела“ никогаш не дозволува влез во нивните фабрики appeared first on Република.
]]>The post Компанијата која ја прави „Нутела“ никогаш не дозволува влез во нивните фабрики appeared first on Република.
]]>Атлантик Трејд Скопје ДОО Скопје соопшти дека како дистрибутер на асортиманот на компанијата „Фереро“ во земјава, на барање на производителот „Фереро“, го проширува повлекувањето од пазарот на целокупното производство на Киндер Шокобонс, Киндер Сурприсе Макси 100г и Киндер Мини Микс Пелуче.
Компанијата подвлекува дека на повлекување од пазарот подлежат само оние производи кои се произведени во Арлон во Белгија.
Како што е соопштено, во контекст на тековното испитување за салмонела во соработка со органите за безбедност на храната, „Фереро“ привремено ја затвора својата фабрика во Арлон во Белгија. Со стапување во сила веднаш, се прекинува целото производство на Киндер Шокобонс, Киндер Сурприсе Макси 100г и Киндер Мини Микс Пелуче, од Арлон.
Како одговорен дистрибутер ги преземаме сите неопходни чекори за одржување целосна доверба од купувачите и делуваме за брзо повлекување на наведените производи од пазарот. Ги замолуваме потрошувачите доколку веќе поседуваат некој од горенаведените производи, да не го конзумираат. Може да го вратат во продажното место од каде го купиле, како и да го контактираат тимот за грижа на потрошувачи на [email protected], се наведува во соопштението.
The post Од македонскиот пазар се повлекува целокупниот „Киндер“ асортиман произведен во фабриката во Арлон, Белгија appeared first on Република.
]]>The post Од македонскиот пазар се повлекува целокупниот „Киндер“ асортиман произведен во фабриката во Арлон, Белгија appeared first on Република.
]]>Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство спроведоа вонреден инспекциски надзор кај операторот со храна „Атлантик траде“ ДОО Скопје, увозник на производите од компанијата ,„ФЕРЕРО,“ . Контролата, како што наведуваат од агенцијата, била спроведена врз основа на добиено известување од компанијата „ФЕРЕРО“ д.о.о од Загреб, Република Хрватска, со кое информира дека од превентивни причини од пазарот во Македонија се повлекуваат неколку серии од „Киндер“ производите.
Согласно нивното известување, од пазарот, во земјава се повлекуваат сериите производи чиј рок на употреба истекува на 03.10.2022година, 23.08.2022 година,02.06.2022 година, 07.07.2022 година, 15.07.2022 година, 11.06.2022 година.11.06.2022 година и 30.06.2022 година.
Попладнево како што информираат од агенцијата добиле и нотификација од Системот за брзо предупредување за храна и за исхрана на животни (РАССФ) на Европската Унија, со која се алармира дека на пазарот во земјава е пласиран сомнителен чоколаден производ од овој производител.
„Врз основа на извршената инспекциска контрола, на компанијата увозник издадено и е решение со кое се забранува промет на призводи „Киндер“ со лот L006LtB-NR, L330RtB-MJ, L2923RtDKX, L328RtD-M,L336RZD-MU, L302RO3, L321RO3. На операторот му е издадена и наредба да изврши отповикување на наведените лотовиод производот и повлекување на количините кои се пласирани на пазарот. Потврда за итно, превентивно повлекување од пазарот на производи од овој бренд до АХВ прати и компанијата увозник која извести дека од пазарот се повлекува производoт 260320 Kinder Schokobons G125x16, серија L321R03, со рок на траење 30.06.2022 година, серија L302R03, со рок на траење 11.06.2022 година, од производителот Ferrero Ardennes S.A., rue Pietro Ferrero 5, 6700 Арлон, Белгија“, е потенцирано во официјалната информација.
Агенцијата за храна ги известува потрошувачите кои го имаат купено овој вид на производ, истиот да не го консумираат, да го вратат на местото од каде го купиле.
The post Ако сте ги купиле да не ги конзумирате: Се повлекуваат „Киндер“ производите appeared first on Република.
]]>The post Ако сте ги купиле да не ги конзумирате: Се повлекуваат „Киндер“ производите appeared first on Република.
]]>